build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 791
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 09-Sep-2011 at 13:36
Ново паркиралиште кај Зоолошката градина
09 септември 2011   14:16 GMT Извор: Макфакс

Ново Паркиралиште за 93 возила, од десната страна на булеварот Илинден, пред објектот на Зоолошката градина денеска официјално беше пуштено во употреба. Новиот паркинг-простор е широк 18 метри, а долг 152 метри.
„Градот Скопје за овој проект од Буџетот одвои околу 10 милиони денари. Меѓу тротоарот на булеварот Илинден и паркиралиштето е оформен зелен појас со ширина од 10 метри. Просторот околу паркингот ќе биде дополнително облагороден со два дрвореда од јапонски цреши коишто формираат крошни од 4 до 5 метри“рече денеска градоначалникот Трајановски. На паркингот се поставени, седум двокраки конзоли за осветлување од страната на булеварот Илинден и четири нови еднокраки столба за осветлување од страната на објектот на Зоолошката градина. Како дел од проектот за уредување на просторот околу проширениот булевар Илинден екипи на Градот Скопје урнаа два објектa за индивидуално домување по трасата на булеварот. Објектите се наоѓаа меѓу зградата на Зоолошката градина и последната барака на Град Скопје. Во согласност со спроведеното вештачење објектите беа експроприрани, а Градот Скопје за четирите семејства обезбеди станови. Вредноста на обесштетувањето изнесува околу 100 000 евра./крај/со/фф


http://makfax.com.mk/2/267607/novo_parkiralishte_kaj_zooloshkata_gradina


Edited by mirakuliks - 09-Sep-2011 at 13:37
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 12-Oct-2011 at 16:15


РЕКОНСТРУИРАН ПАРКИНГОТ НА УЛИЦА ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ ВО НАСЕЛБА АЕРОДРОМ

По налог на Град Скопје изминатава недела екипи на ЈП „Улици и патишта“ извршија реконструкција на паркингот на улицата Васко Карангелевски, што се наоѓа во близина на касарната Гоце Делчев во населба Аеродром.

Во тек на реконструкцијата  на паркингот, екипите извршија рачен  и машински ископ на земјата каде што поставија цевки за одвод на атмосферската вода и четири сливници. Откако  ги завршија  овие подготовки на теренот, ги прередуваа рабниците, нанесоа нова асфалтна маса во два слоја од типовите БНС-22 и АБ -11, извршија тампонирање во дебелина од 38см и поставија бекатон плочи на површина од 11м2.

На паркингот со површина од 2. 415 м2, со обележана хоризонтална сигнализација,  ќе може да се паркираат вкупно 230  возила.

Градот Скопје за реализација за овој проект од Буџетот издвои околу 5 милиони денари.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4554&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 15-Oct-2011 at 09:54
По населбите во Скопје присутна е честа појава на паркирање на средина на самите улички што водат до паркинзите пред зградите. Ова е очигледно сообраќаен прекршок, кој сообраќајната полиција го толерира (демек, во недостаток на паркинг простор мора така...). Но, ваквото блокирање на уличките резултира со блокирање во ситуации кога е потребно пристап на возило на пожарникари, амбулантно возило и така натаму... Се сеќавате на пожарот во Ново Лисиче кога гореа повеќе згради, а пожарникарите мака мачеа да пристапат до зградите поради непрописно паркираните возила.

Кој е најдобар начин да се реши овој проблем? Постојат ли гумени препреки кои се поставуваат на средина на улицата и го блокираат тој дел за паркирање? Кој издава дозвола за поставување на вакви препреки во Скопје? Според мене, кога свеста на скопјани не се менува, а сообраќајна полиција не реагира - блокирање на тој дел од улицата е најлогично решение.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1887
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 15-Oct-2011 at 10:15
najdobar i najprofitabilen nacin e pajak ne mi e jasno zosto ne reagiraat.
vo debar maalo na primer ima zonsko parkiranje na trotoar. ako nekoj se parkira na obelezanite mesta, a ne plati vednas mu go blokiraat trkaloto. no ako se parkira bilo kade osven na obelezanoto mesto, nikomu nisto...
kakov primer im dava ova na vozacite? site go znaat ova i se parkiraat segde kade sto moze da se pristapi so kola osven kade sto treba...
posledicite od ova se: trotoar koj e sipresecen so vozila i stoi prazen zatoasto nikoj ne go koristi, raskrsnici so zebri koi se nepristapni, ulica koja e ispresecena so koli sto go pravi dvizenjeto so velosiped opasno po zivot, a na kolite isprekinato... uste potragicno e frustraciite kaj onie sto platile koga gledaat deka nekoj im "se smee" od strana i nekazneto proaga...

ne mi e jasno dali nadleznite se retardirani maloumni sushtestva ili pa nekoj ima podobro objasnuvanje?

zosto kako i vo sekoj normalen grad ne se napravat site pomali ulicki ednonasocni, so paralelno ili koso parkiranje na ulicata, so dostojni trotoari da moze da setaat i grupa na luge, i invalidi, i zeni so kolicki i so cisti ubavi raskrsnici...?

zosto ne se izramnat trotoarite na edno nivo, bidejki sega sekoj vlez vo zgrada si e na razlicno nivo i lugeto si dozvoluvaat na samite trotoari da si pravat skalicki, podesti, zardinjeri i sto sve li ne bez oko da im trepne?




Edited by xnx - 15-Oct-2011 at 10:26
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1887
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 17-Oct-2011 at 15:12
ete ko da predvidov
Со еднонасочен сообраќај против хаосот во Дебар маало

Општината бара од МВР согласност за пренасочување од дво­на­соч­ни во еднонасочни улици и усогласување на сообраќајните со без­бед­нос­ни­те стандарди, по што ќе бара одобрување од Град Скопје за воведување на новиот режим

Оп­шти­на Центар поведе иницијатива за воведување еднонасочен со­об­ра­ќај во Дебар маало. Еднонасочниот сообраќај, сметаат од Општината, ќе стави крај на сообраќајниот хаос и колоните нервозни возачи кои се­кој­днев­но ги има низ улиците на Дебар маало.
"Ба­ра­ње­то за еднонасочен во Дебар маало го поднесовме во МВР. По усог­ла­су­ва­ње­то на сообраќајните со безбедносните стандарди и до­би­ва­ње­то позитивно мислење од МВР за иницијативата, таа треба да се дос­та­ви до Град Скопје за издавање согласност за измена на со­об­ра­ќај­ни­от режим. Разгледувањето во МВР, имаме информација, е во за­врш­на фаза и очекуваме многу скоро да го добиеме мислењето, за да можеме потоа да побараме одобрување и од Град Скопје", објаснува Јовица Ац­ков­ски, портпарол на Општина Центар.
Од Министерството за внатрешни работи објаснија дека го разгледуваат ба­ра­ње­то.
"Пред десетина дена доставено е барање до нашето министерство за про­ме­на на сообраќајниот режим во Општина Центар, односно на некои улици во на­сел­ба­та Дебар маало. Со него се бара согласност за пренасочување од дво­на­соч­ни во еднонасочни улици и усогласување на сообраќајните со без­бед­нос­ни­те стандарди. Нашите служби се на терен, работат на ана­ли­за­та и наскоро ќе има одговор за иницијативата", вели портпаролот на СВР Скоп­је Лиза Бендевска.
(Љ.С.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=6232EBE541B4BE4CAE18665610029084
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3637
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 18-Oct-2011 at 11:43

Почна да се монтира паркингот во Капиштец


На конструкцијата ќе може да се постават околу 250 возила, од кои 110 на приземјето и 135 на првиот кат. Паркирањето ќе биде во блокови, во секој блок ќе има место за две возила

 
 
%20  
Челичната конструкција за монтажното паркиралиште по должината на улицата Народен фронт во населбата Капиштец почна да се поставува. Таа ќе биде поставена на вкупно 192 метри, а работите ги изведува фирмата „Масон инженеринг“. Почетокот ќе биде кај детското игралиште што го изгради Виолета Аларова, поранешната градоначалничка на општината Центар, а крајот кај карате-клубот „Работнички“. На конструкцијата ќе може да се постават околу 250 возила, од кои 110 на приземјето и 135 на првиот кат. Паркирањето ќе биде во блокови, во секој блок ќе има место за две возила.

- Монтажната конструкција ја правиме во соработка со италијанската фирма „Карпентерие Мусини“, која досега правела вакви конструкции и во соседните држави. Ќе бидат поставени и олуци за водата што ќе се собира на катот, а целата конструкција ќе биде заштитена од пожари и громови - објаснуваат од „Масон инженеринг“.

Шефот на градилиштето вели дека планираат овој дел од паркиралиштето да го завршат за три месеци, а потоа било планирано да се направат уште три вакви конструкции кон новата локација на цветниот пазар.
Жителите на Капиштец се задоволни што конечно почна поставувањето на металната конструкција, која ќе ја растовари улицата Народен фронт, каде што досега се паркираа возилата. Но велат дека од општината треба да направат паркирањето за жителите да биде бесплатно.

- Убаво е што прават паркинг што ќе ја растовари улицата. Досега тука не можеа да се разминат пешак и возило, а за две возила немаше шанса. Но мислам дека не би требало да им наплатуваат на жителите за паркинг-место. Нека се земаат пари само од оние што не живеат во оваа населба - вели Трајче Јордановски, жител на Капиштец.

Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на Центар, го најавуваше монтажното паркиралиште уште пред неколку години. Причината поради која тој досега не се изгради се неколку пропаднати тендери поради неповолни понуди на фирмите што учествувале на тендерот

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101811945586&id=14&prilog=0&setIzdanie=22408
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 18-Oct-2011 at 14:53
Е ме претркале овие Јас денес поминував од таму, направив фотки и викам чудо не било објавено по медиуми. Значи ако стварно е денес почнато секоја чест за сработеното(сликав накај 15:00). Еве како изгледа на терен








Edited by Djole88 - 18-Oct-2011 at 14:56
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 27-Oct-2011 at 01:21
Два општински пајаци во лов на возилата во Центар


Во лов на непрописно паркираните возила во Центар од почетокот на ноември ќе тргнат и двата општински пајаци, кои се сопственост на ЈП Паркинзи на Општина Центарр. Двата општински пајаци од словенечко потекло деновиве проаѓаат низ процес на регистрација, а ќе ги подигаат непрописно паркираните возила од општинските улици во Центар, односно оние по кои не минува градски автобус. Паричните казни ќе бидат слични на тие на ЈП Градски паркингг. За кренато возило од трева сопственикот на возилото ќе плати 3.500 денари, колку што чини и казната за паркиран автомобил на тротоар. Поевтино ќе помине сосптвеникот кој ќе плати на самото место, односно казната тогаш ќе чини 1.200 денари. Според утврдениот ценовник на ЈП, одобрен од Советот на Општината, највисока ќе биде казната за недозволено паркирање на место за инвалиди и ќе изнесува 6.000 денари.
- Новина кај нас е што ќе санкционираме и за недозволено паркирање на место за инвалиди. Во принцип, ќе работиме по иста шема како и градската пајак-служба, со комунални општински инспектори, односно радари и во соработка со полицијата, најавува Маргарита Бакев, раководителка на пајак-службата на ЈП Паркинзи на Општина Центарр, при тоа додавајќи дека депото наменето за кренатите возила ќе се наоѓа на дел од паркингот спроти хотелот Холидејн инн, што наскоро ќе биде приспособен за оваа намена.

Засега пајак-службата ќе ја сочинуваат две возила. Тие се обезбедени по пат на јавно-приватно партнерство преку фирмата Венексс. Бројот на возила на пајак-службата би се зголемил доколку во наредните 60 дена се утврди дека Општина Центар има потреба од уште едно возило.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E5DF0FB9E261934E86D20474F049830C

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 27-Oct-2011 at 01:57
Во принцип, ќе работиме по иста шема како и градската пајак-служба, со комунални општински инспектори, односно радари и во соработка со полицијата, најавува Маргарита Бакев, раководителка на пајак-службата на ЈП Паркинзи на Општина Центар
Па да, многу јасно, како поинаку би работеле? Но која е тогаш поентата на издвојувањето на вашето „претпријатие“?



Целата поента е дуплирање на капацитети, дополнителна администрација и непродуктивни вработувања, заплеткување на работите и преклопување на надлежности... Таму каде што ќе се намирисаат пари, ќе се најдат начини како да се исцицаат, без разлика на се друго.

Што е следно, паркинг претпријатија на месни заедници?   Crazy
Ако им се види лукративно, се е можно...



Edited by Cloverstack - 27-Oct-2011 at 01:59
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 27-Oct-2011 at 18:06
Originally posted by lslcrew

<span id="ArticleTitle" ="WB_VECER_Naslov">Два општински пајаци во лов на возилата во Центар</span>

Во
лов на непрописно паркираните возила во Центар од почетокот на ноември
ќе тргнат и двата општински пајаци, кои се сопственост на ЈП Паркинзи на
Општина Центарр. Двата општински пајаци од словенечко потекло деновиве
проаѓаат низ процес на регистрација, а ќе ги подигаат непрописно
паркираните возила од општинските улици во Центар, односно оние по кои
не минува градски автобус. Паричните казни ќе бидат слични на тие на ЈП
Градски паркингг. За кренато возило од трева сопственикот на возилото ќе
плати 3.500 денари, колку што чини и казната за паркиран автомобил на
тротоар. Поевтино ќе помине сосптвеникот кој ќе плати на самото место,
односно казната тогаш ќе чини 1.200 денари. Според утврдениот ценовник
на ЈП, одобрен од Советот на Општината, највисока ќе биде казната за
недозволено паркирање на место за инвалиди и ќе изнесува 6.000 денари.-
Новина кај нас е што ќе санкционираме и за недозволено паркирање на
место за инвалиди. Во принцип, ќе работиме по иста шема како и градската
пајак-служба, со комунални општински инспектори, односно радари и во
соработка со полицијата, најавува Маргарита Бакев, раководителка на
пајак-службата на ЈП Паркинзи на Општина Центарр, при тоа додавајќи дека
депото наменето за кренатите возила ќе се наоѓа на дел од паркингот
спроти хотелот Холидејн инн, што наскоро ќе биде приспособен за оваа
намена.


Засега пајак-службата ќе ја сочинуваат две возила. Тие се обезбедени
по пат на јавно-приватно партнерство преку фирмата Венексс. Бројот на
возила на пајак-службата би се зголемил доколку во наредните 60 дена се
утврди дека Општина Центар има потреба од уште едно возило.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E5DF0FB9E261934E86D20474F049830C






Не возат овие возила сеуште, паркирани се 2-3 недели, кај пасошко во Центар.
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 27-Oct-2011 at 20:23
Најубаво се паркира на раскрсница:





Кафенце, ручек, може и по едно пивце, што да не...



Оваа раскрсница е секогаш проблематична, не може две возила да се разминат и обично во шпиц сабајлечки во 8:30 и после работа во 16:30 е страшна гужва. Гостите во Ред кафе си паркираат редовно тука. Неколку пати е реагирано до МВР, ама без ефект - џандариве јадат гага тука, и не прават ништо за да го решат проблемот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 27-Oct-2011 at 21:23


Просто шокантно!

„Чувари“ на редот   Ohno

Во нормална држава ова ќе беше скандал, кај нас за жал никому ништо. Во секој случај секоја чест за сликиве.
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 28-Oct-2011 at 00:46
Обавезно пушти ги сликиве во Вест, сигурно ќе ги објават!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3637
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 08-Nov-2011 at 12:48
Нов паркинг под Транспортен центар
08 ноември 2011   12:45 GMT

Ново паркиралиште со капацитет од седумдесетина возила е отворено денеска под Транспортниот центар.


Изградбата на новиот паркинг е со средства во висина од 11 милиони денари издвоени од буџетот на Град Скопје.


Градоначалникот Трајановски изјави дека паркиралиштето кое се протега на површина од 8.000 квадратни метри, располага со десетина паркинг места за автобуси, исто толку места за минибуси и комбиња, и околу 40 паркинг места за лесни возила. Влезот на возилата ќе биде регулиран со рампа.


Директорот на ЈП „Градски паркинг", Борче Јакимовски, посочи дека со изградбата на паркиралиштето, кое ќе се наплатува по 25 денари од час, се надева ќе се реши проблемот со паркирање во овој дел од општината. /крај/со/ст

 

http://www.makfax.com.mk/#270987%2Fnov_parking_pod_transporten_centar
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 08-Nov-2011 at 21:18
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 08-Nov-2011 at 21:49
Ме радува што убаво се искористи овој простор, само ме нервира тој глупакот кога се градеше мостот што не ја даде куќата па требаше ради него да испадне се така криво.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 09-Nov-2011 at 09:29
Паркингот е одличен бидејки се разубави ова место кое долги години преставуваше лоша слика за Скопје,само требаше со обична поликолор боја да се офарбаа столбовите и останатите шкртаници.Со надеж дека градските власти ке се сетат на оваа мала инвестиција.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 21-Nov-2011 at 19:44


Као и увек, прљавите работи се туткаат под "тепих".



Првиов паркинг од кога го направија, нема комуналец поминато да го исчисти. Права депонија е.



 

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 25-Nov-2011 at 17:16

Најверојатно се проширува паркингот кај последна 23-ка.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 01-Dec-2011 at 02:02
Еве како функционира јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“. Настрана скандалот со директоркава, за мене најшокантен податок е дека ова претпријатие кое воопшто не треба да постои, дотуркало до бројка од над 80 вработени! Машала, машала!

За жал дневниот весник „Фокус“ нема интернет издание, па морав вака:


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.168 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.