build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркирање (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
oTeget View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote oTeget Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 08-Dec-2011 at 13:24
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12021
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 08-Dec-2011 at 14:05






Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 12-Dec-2011 at 18:21

„Паркинзи“ бара од Тодоровиќ 300.000 евра

Jавнотo претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар е 287.409 евра во загуба и бара финансиска инјекција од матичната општина за да продолжи да опстанува, беше кажано на последната седница на Советот, на која се разгледуваше финансискиот извештај за првите три квартала на оваа фирма. Доколку градоначалникот Владимир Тодоровиќ, а и Советот, решат оваа фирма да продолжи да работи, тогаш ќе мора да им подарат субвенции од 300.000 евра.

Но, и тоа нема да им биде доволно за опстанок, појасни в.д. директорката Надица Николовска. Проблемот ќе биде решен само ако центарци им најдат нови површини за паркирање со кои би стопанисувале во иднина за да остваруваат поголем профит.

Загубата, се пожалија надлежните, е поради недоволниот број паркинзи, а и поради тоа што некои не работат со полн капацитет. Во моментот ова претпријатие стопанисува со паркиралиштата: „Трготекстил“, „Зелен пазар“, „Автомакедонија“ и „Дом на градежните работници“.

- Дел од паркинзите не работат од технички причини, а дел поради градежни работи од Градот и „Топлификација“. Паркиралиштето „Дом на градежните работници“ поради градежни работи беше надвор од употреба во август и во септември, а со тоа и на корисниците на картички од овој паркинг им е одложено плаќањето за два месеца- стои во извештајот.

На нивното барање за субвенции, бурно реагираа како советниците од опозицијата, така и од владејачката партија го обвинија раководството дека загубата е последица од лошо менаџирање со претпријатието.

Барањето за субвенции, исто така, наиде на критика, затоа што в.д. директорката на „Паркинзи“ не приложила програма за работа за наредната година, од која ќе се види каде ќе се трошат тие средства.

Заклучокот од седницата беше советниците да одлучат по предлог-мерките за спас на претпријатието, но откако тие прво ќе се разгледаат од комисиите.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E7E6AE884BC3054994F35A0B7354272F

Нека пропадне! Логично е да се претопи во градски паркинг и да има едно претпријатие за паркирање. Заради принципиелност, ќе се појави претпријатие паркинзи на Општона Чаир или паркинзи на Општина Карпош, па тогаш ќе се натегаме дека било политички мотивирано. Мора да се стави до знаење дека за тоа што градот има јавни претпријатија мора да се користат и никакви паралелни институции и некои фирмички концесионери за еднократна употреба колку да се извлечат парите по разни основи.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 12-Dec-2011 at 22:56
монтажното паркиралиште во Капиштец е готово. Долниот дел е отворен и беше веќе преполн со паркирани автомобили. Горниот дел сеуште не е пуштен, најверојатно треба уште некои детали да се средат. Ако проаѓам натака ќе сликнам
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 14-Dec-2011 at 00:46

Поскап пајак, а поевтини блокатори

На иницијатива на „Градски паркинг“, доколку зелено светло даде Советот на Град Скопје, ќе се зголеми цената на пајак-службата, а ќе се намали на блокаторите на тркалата на возила, кои се непрописно паркирани. Kако што објасни директорот на претпријатието, Борче Јакимовски, цената не е ревидирана четири години. Онаа за затекнато возило на самото место од пајак-служба предлог е да се зголеми од 1.200 на 1.500 денари, додека на подигнато и транспортирано возило од 2.000 на 2.500 денари. Цената на поставен блокатор ќе се намали од 1.300 на 1.100 денари, информираше тој.

Објасни дека иницијативата е поведена по претходна економска анализа за зголемени трошоци поради повисоката цена на нафта и нафтените деривати, но и поради трошоците за одржување на возилата на „Градски паркинг“ за подигање на автомобилите. На сметка на поскапувањето што се бара за пајакот, исто како блокаторите, се предлага да поевтинат и неколку други услуги како што се месечни или годишни билети за паркирање.

Во текот на вчерашниот ден, с` уште се дискутираше за оваа точка, која се најде на дневен ред на Советот на Скопје.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E0713A5C0547974BA91187A221543BD8
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1890
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 14-Dec-2011 at 10:30
fino sto poskapea, megutoa treba i da definiraat koi mesta se dozvoleni za parkiranje. nekade se tolerira parkiranje na trotoar, nekade pokraj ulica, i toa sve se nepisani pravila koi zavisat od raspolozenieto na nadleznite... ako veke se odi po ovaa logika treba 80% od vozilata vo gradot da gi krenat....
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1730
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 15-Dec-2011 at 00:04
Паркинг на УКИМ (кампусот карши МРТВ)

До предлани 20 денари
До пред некој ден 30 денари
Моментално 50 денари....
:S

Чисто информативно...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 16-Dec-2011 at 19:36
Општина Центар исчисти 14 подземни гаражи


Општина Центар, во текот на 2011 година изврши комплетно чистење, варосување и постави ново сензорско осветлување во коридорите на 14 подземни гаражи кои се наоѓаат во Градски ѕид, во централното градско подрачје.

Општината инвестираше и во поставување нови влезно-излезни метални роло врати, управувани со далечински управувач и изврши санирање и бојадисување на оштетените заштитни метални огради кај влезните рампи во гаражите.

Со извршената санација, осветлување и расчистување на просторот во гаражите и околу нив, подобрени се условите за паркирање и подигната е свеста на граѓаните.

Овој проект Општина Центар го финансираше со средства од нејзиниот буџет.
http://www.tocka.com.mk/index12.php?ID=56841
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 16-Dec-2011 at 23:00
Супер работи им завршиле, сега магациниве за патлиџани и железни врати им ставиле. Тек сега нека ги натераат да ги паркираат доле колите кога ионака им обезбедуваат субвенционирано паркирање за паркинзи од кои сите имаме потреба и тоа за 200 денара месечно.

Решение е само како што предлагав, одвојување на гаражите како посебни комерцијални субјекти кои ќе ги работат како подземни паркинзи без подвоени гаражи. Ќе се зголеми и капацитетот, а и наменското употребување.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 17-Dec-2011 at 12:42
Мислам дека откупување на гаражите од страна на некое од ЈП за паркинзи и нивно пренаменување во подземни паркинзи е најдобро решение. Ем ЈП ќе си се полни со пари, ем зголемување на капацитетите за паркирање. А и најважно од се, нема да се користат веќе за магацини и проби на бендови

П.С: Дали овие гаражи биле давани бесплатно на станарите или тие имаат плаќано за нив? Ако плаќале дали биле задолжителни(вклучени во цена на стан) или било изборно , кој сака си купувал?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 19-Dec-2011 at 16:11
Привршува изградбата на монтажниот паркинг во Капиштец

За разлика од дуќанџиите и гостите во локалите, станарите ќе даваат симболични пари за паркирање

При крај е изградбата на првата фаза од двокатниот монтажен паркинг што ќе се протега над постојниот по должина на улицата Народен фронт во населбата Капиштец. Општина Центар во моментов ја завршува првата третина од предвидената платформа, која на вкупна должина од 540 метри треба да собира 500 локални моторни возила.

Конструкцијата ќе содржи елементи кои овозможуваат лесно и брзо монтирање и демонтирање на целокупниот објект. На тој начин треба да се реши долгогодишниот проблем на станарите од околните згради, кои поради големиот проток на возила, сообраќајниот хаос и концентрацијата на многубројни локали, се потат секогаш кога ќе помислат на слободно место за паркирање.

За разлика од првиот монтажен паркинг во Ново Лисиче каде што паркирањето е бесплатно, овде влезот за автомобилите на жителите на Капиштец ќе има симболична цена. Од Општина Центар велат дека на средбите на градоначалникот Владимир Тодоровиќ со граѓаните се дискутирало и за тоа како да се растовари улицата од паркираните возила од локалите и фирмите и примарно, обезбедување паркинг-место за луѓето што живеат во непосредната близина.

„Основната цел ни е со монтажниот паркинг да се реши големиот проблем со паркирање во густо населениот Капиштец, а локалните жители да имаат гарантирано место за паркирање. За нив паркингот треба да има симболична цена на годишно ниво, а за преостанатите ќе се наплатува повеќе и на час“, вели Јовица Ацковски, портпаролот на Центар и додава дека се прават анализи да се направат монтажни паркинзи и на други локации.

Инаку, првиот дел од монтажната платформа се протега од почетокот на постојниот паркинг на Народен фронт за кафеаните до терените на спортското игралиште и ќе има капацитет од 135 возила. Со негово комплетирање планирано е околниот простор да се зазелени, хортикултурно да се уреди и да се постави урбана опрема. Монтирањето го изведува фирмата „Мејсон инженеринг“, а Општина Центар првата фаза ја чини околу 37.000 евра. (Б.Ш.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B967D243431C3A4F92A0806940B63BE7
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 19-Dec-2011 at 23:55
 
Originally posted by lslcrew

Супер работи им завршиле, сега магациниве за патлиџани и железни врати им ставиле. Тек сега нека ги натераат да ги паркираат доле колите кога ионака им обезбедуваат субвенционирано паркирање за паркинзи од кои сите имаме потреба и тоа за 200 денара месечно.

Решение е само како што предлагав, одвојување на гаражите како посебни комерцијални субјекти кои ќе ги работат како подземни паркинзи без подвоени гаражи. Ќе се зголеми и капацитетот, а и наменското употребување.

 

Тема на цитираниот прилог се гаражите од Градски Ѕид па ќе зборувам само за нив.

Секоја засебна гаража како дел од поширок подземен комплекс е во приватна сопственост, со имотен лист. Гаражите се купувани независно од становите над нив и не секој еден стан има припаѓачка гаража (како што на други места е случај со подрумите) бидејќи бројот на гаражи е далеку помал од бројот на станови во околината, можеби соодносот е 2:1. Овој факт треба да се знае пред да се обвинат станарите дека не ги користат гаражите туку паркираат на надземен „субвенциониран паркинг“ (кој патем речено треба да е бесплатен). Исто така постојат и сопственици на гаражи кои воопшто не живеат во близина, што дополнително говори за и онака малиот број на локално расположиви гаражи. 

Претставата дека со спојување на засебните гаражи би се добило на простор, освен што е невозможна од горенаведените причини, е и погрешна бидејќи секоја гаража е широка колку просечно надземно паркинг место и е одвоена од соседната со плетена жица, а не ѕид.

Што се однесува до пренамената на гаражите во магацини за зеленчук, тоа е случај само кај Зелено Пазарче и Тинекс - Работнички Дом  и санитарните инспекции треба да си ја вршат работата (за втората не сум сосем сигурен, но сум гледал вработени во Тинекс (!) како изнесуваат роба од таму).  

Единствено решение за одржуваање и унапредување на новопостигнатите состојби со гаражите гледам во регистрирање на заедница на сопственици на гаражи за секој подземен комплекс посебно, по примерот на куќните совети, при што би се собирале пари за сите тековни потреби, кои не се многу. Во недостиг на таков контролен механизам многу од корисниците не ги подмируваат своите обврски со што гаражите пропаѓаат и стануваат непријатни за користење па корисниците се одлучуваат за паркирање на блиските надземни паркинзи, што инаку не би се случувало.

 



Edited by kenzo_fan - 19-Dec-2011 at 23:59
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 20-Dec-2011 at 00:08
Originally posted by Djole88

Мислам дека откупување на гаражите од страна на некое од ЈП за паркинзи и нивно пренаменување во подземни паркинзи е најдобро решение. Ем ЈП ќе си се полни со пари, ем зголемување на капацитетите за паркирање. А и најважно од се, нема да се користат веќе за магацини и проби на бендови

П.С: Дали овие гаражи биле давани бесплатно на станарите или тие имаат плаќано за нив? Ако плаќале дали биле задолжителни(вклучени во цена на стан) или било изборно , кој сака си купувал?

Прочитај го постот горе. Откуп на тие гаражи е возможен колку и откуп на зградата во која живееш, на пример. 

Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 20-Dec-2011 at 10:48
Сакаш да кажеш дека ако сите станари се согласат и тоа ЈП им понуди добри услови да им ги откупи, ќе има законски механизам што ќе го спречи тоа? Викам под неверојатна претпоставка на некој да му текне и да спрегне сили тоа да го направи
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 20-Dec-2011 at 14:10
Во еден подземен комплекс има минимум 90 индивидуални гаражи, секоја во приватна сопственост. Ни во чудо не може да се случи да сите сопственици се решат да ги продадат во исто време за да би се остварил некаков проект. А и зошто би ги продавале, која е потребата од тоа, за каква цел?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 23-Dec-2011 at 13:39

Ќе се спојат градското и општинското претпријатие за паркирање

ЈП „Градски паркинг“ да го земе под свое ЈП „Паркинзи на општина Центар“. Вака одлучи мнозинството советници од Центар, според кои ова е најдобрата варијанта за спас на општинското претпријатие, бидејќи не може веќе да опстојува поради финансиски проблеми. Општинското претпријатие речиси откако е отворено работи со загуби, а годинава ја завршува во минус со околу 17 милиони денари.

Одлуката на Советот практично значи Општината да преговара со Градот, како основач на „Градски паркинг“ за утврдување на начинот на кој ќе се спојат двете јавни претпријатија, за обврските што ќе треба да се преземат и за начинот на функционирање откако ќе станат едно ЈП.

Градоначалникот Коце Трајановски ја поддржува идејата за понатамошната иднина на двете претпријатија и смета дека на тој начин по скопските улици ќе има една политика со паркирањето.

„Граѓаните нема да имаат потреба да внимаваат на која улица ќе се паркираат, дали важат истите услуги и цени. Сигурно дека ќе има некои проблеми додека не се направи спојувањето, но имаме добра соработка со Општина Центар“, рече вчера Трајановски и истакна дека е рано да се зборува дали „Градски паркинг“ ќе го земе општинското претпријатие заедно со долговите и со другите неисполнети обврски. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A574B36C3D087646AFD84DF9A16C801C
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1890
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 23-Dec-2011 at 13:44

ponekogas se prasuvam dali sme maloumen narod ili samo taka mi se cini


Edited by xnx - 26-Dec-2011 at 12:12
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 23-Dec-2011 at 14:42
Па да земи полицијата да лепи казни,ќе видите како ќе се научи народот на ред во паркирањето.Еве овде во Охрид кај старата автобуска отворија еднонасочна улица.Арно ама,стока народ како што си сме,сите возачи за да скратат ја користеа како двонасочна.Пред некое време поставија еден цајкан таму и казнуваше се што се движи во спротивен правец.Цела недела имаше цајкан на таа уличка.Еве сега е дојдено до некој ред.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 28-Dec-2011 at 21:04
Профитабилен бизнис е паркирањето во Скопје



Со околу 15 отсто повисок приход на годишно ниво се очекува „Градски паркинг“ да ја завршат годината, со што се потврдува дека бизнисот со паркинзите е меѓу најпрофитабилните.

Вкупните приходи на Јавното претпријатие по сите основи во 2010 година им беа речиси 106 милиони денари, а годинава се очекува да достигнат до 120 милиони денари.

Според проекциите на ова претпријатие, вкупните приходи во 2012 година се очекува да бидат околу 140 милиони денари.

Во ЈП „Градски паркинг“ ја оценуваат 2011 година како успешна и многу позитивна поради растот на приходите од 15 отсто на годишно ниво и поради посветеноста за решавање на системски проблеми и пропусти во нивната дејност.

Во 2011 година „Градски паркинг“ дополни близу 2.300 паркинг места како зонско паркирање и околу 800 паркинг места се од затворените паркиралишта или се работи за повеќе од 3.000 нови паркинг-места. За следната година, „Градски паркинг“ предвидува уште 2.000 нови паркинг места.

Отворање станица за технички преглед и депо пајак, автоматски перални за возила, набавка на две пајак возила и уште две во 2013 година, набавка 7-8 нови возила кои ќе се користат зиме за зонско паркирање, како и набавка на 10 скутери се дел од капиталните проекти што треба да се реализираат во 2012 година.

Централното градско подрачје, дел од општина Чаир, Карпош и Аеродром се дел од плановите на ова јавно претпријатие за следната година.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3D404E499A0E6E41BD45EB3533686C95

Вестите од кои се дознава дека некое јавно претпријатие почнува да функционира без долгови најдобро звучат. Но, во статијата не е споменат еден многу важен момент. Имено, за да ги покрие загубите од работењето, ЈП Градски Паркинг добиваше субвенции и за 2010 и за 2011. Во 2010 претпријатието доби 5 милиони а во 2011 7 милиони денари од градот. Кога се имплементираше зонското паркирање во 2009, субвенциите изнесуваа 40 милиони денари.

Бидејќи годишните извештаи на ЈП Градски Паркинг не се достапни на интернет, не можеме да со сигурност да знаеме дека претпријатието оваа година ќе ја заврши со нето добивка откако на бруто добивката ќе се одбијат трошоците и субвенциите. Дополнително, припојувањето на ЈП Паркинзи Центар ќе значи дека градот (сам или комбинирано со евентуалната добивка на ЈП Градски Паркинг) ќе треба да ја субвеницонира загубата од ова претпријатие која изнесува околу 17 милиони денари за 2011. Според тоа, вистинска финансиска независнот ЈП Градски Паркинг би можел да постигне најрано следната година.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 02-Jan-2012 at 16:34
„Тинекс“ и „Калдрма“ си купија деловен простор во катната гаража кај „Беко“


На првото јавно наддавање за продажба на деловен простор во катната гаража на улицата Даме Груев, објект што го гради градската власт на поранешниот паркинг на Лотарија на Македонија, се продадоа два блока од 470 квадратни метри и од 90 квадратни метри. Купувач на поголемиот блок е компанијата „Тинекс“, а на помалиот фирмата „Калдрма“. Согласно условите на јавниот повик, првото наддавање мораше да почне со минимум 50 евра, па така, двата објекта се продадени по цена од 2.050 евра по метар квадратен, без ДДВ, со оглед на тоа што почетната цена на јавното наддавање беше утврдена на 2.000 евра. Според веќе најавениот план на Градот, парите од продажбата на деловниот простор во двете градски катни гаражи ќе се користат наменски, за доизградба на објектите, за кои се потреби околу 20 милиони евра. Дел од парите за изградбата ќе се обезбедат и преку кредити, а дел ќе се финансира од годинешниот буџет. Двете катни гаражи што почнаа да се градат пред изборите беа ставени под хипотека, како залог за подигнување кредит во висина од 8,5 милиони евра, пари кои градската власт ги вложи во нивната изгрдаба. Во катната гаража на улицата Даме Груев, за деловен простор се предвидени околу 2.456 квадратни метри, а кај катната гаража кај поренешен Цветен пазатр, ќе има околу 1.230 квадратни метри. На продажба ќе бидат постори за ресторани, кафулиња и други деловни простории. Парите за откупениот деловен простор купувачите ќе може да ги уплаќаат на 12 рати. ГМВ/БИ
http://www.plusinfo.mk/vest/28448/Tineks-i-Kaldrma-si-kupija-deloven-prostor-vo-katnata-garazha-kaj-Beko
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.