build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 03-Jan-2012 at 14:49

Аеродромци ослободени од плаќањето за зонско паркирање пред своите згради 

Текст: Макфакс

Македонија | 03 јануари 2012



Жителите на Општина Аеродром од локациите каде што се наплаќа зонско паркирање, од 1-ви јануари оваа година се ослободени од плаќање надомест.

Како што информираат локалните власти, тоа значи дека граѓаните бесплатно ќе паркираат на зонските паркиралишта пред своите згради.

Исто така, граѓаните кои досега плаќале за паркирање повеќе немаат обврска да поднесуваат барања за паркирање во пунктовите на ЈП „Градски паркинг“, бидејќи веќе се влезени во системот. Граѓаните кои досега не биле регистрирани и не плаќале за зонско паркирање, потребно е да достават барање во пунктовите за да се евидентираат.

Ослободувањето од плаќање надомест за зонско паркирање важи само на паркинзите каде што живеат граѓаните, поточно доколку сакаат да паркираат на друг паркинг во општината, тогаш треба да платат 25 денари за еден час.

 
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 03-Jan-2012 at 15:10

Одлична вест. Може некој да објасни:

1. на основа на што се укинува плаќањето и ќе ги врати ли Градски Паркинг досега наплатените пари?

2. зошто само во Аеродром да биде паркингот бесплатен (за станарите)?



Edited by kenzo_fan - 03-Jan-2012 at 15:32
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 03-Jan-2012 at 15:29

И за едното и за другото прашање да одговорам:

Се работи за еден вид субвенција која ја плаќа општината од 50 000 евра (ако не се лажам) на ЈП Градски Паркинг. За возврат ЈП Градски Паркинг не наплаќа паркинг на оние станари кои паркираат на тоа паркиралиште на кое се регистрирале како станари. Тоа значи дека тие граѓани веќе нема да плаќаат 200 денари месечно за паркинг. 

Оваа новина стапи во функција на 1 Јануари, и не важи за претходниот период, т.е. нема да има враќање на средствата. И најверојатно ќе важи додека Аеродром го субвенционира ЈП Градски Паркинг. Не се знае дали овие веќе ‘‘подарени‘‘ 50 000 евра важат засекогаш или пак на годишно ниво. Како и да е, оваа година Аеродромци не плаќаат паркинг за местото каде живеат. За наредните ќе видиме.

А истото важи и во случај на зголемување на бројот на паркинзи под зонско паркирање. Дали во тој случај субвенцијата ќе се покачи или ќе остане иста, не е сигурно, но најверојатно ќе треба да се доплати за дополнителните паркинзи под зонско паркирање.

Но ова не значи дека во Аеродром не се плаќа и понатаму паркинг. Сите кои се ‘‘странци‘‘ за одредено паркиралиште си плаќаат по 25 денари од час (Д зона).

Односно дека ЈП Градски Паркинг воопшто не е во загуба, и понатаму директно ќе собира пари од паркинг, само што наплатата на станарите ја плаќа општината. Што и можеби и подобро, затоа што така парите ги добиваат сигурно и без каснења, неплаќања и слично..

Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 03-Jan-2012 at 15:53
Originally posted by FoSsiL

  Што и можеби и подобро, затоа што така парите ги добиваат сигурно и без каснења, неплаќања и слично..

Тие пари не треба ни да ги добиваат, нивен проблем ако од слободните не-станарски места не прават доволно профит. Станарите купувајќи стан добиле и паркинг место на користење за кое не треба да плаќаат. Тоа е како да ми наплаќаат качување по скали во зградата во која живеам. Да не зборуваме за релативната нула трошоци кои ги имаат ГП за таканаречено одржување на паркинзите.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 03-Jan-2012 at 15:54

Да, но ете го постои. 

И прилично не се во загуба, туку може да се каже дека во тој дел на Аеродром сеуште има некој дефицит на паркинг-места.

Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 04-Jan-2012 at 05:47
 Ме интересира дали некој знае дали  ние жителите од Ново Лисиче или другите населби кој спаѓаат под Општина Аеродром треба да плаќаме зонско паркирање кога се паркираме НА СИТЕ ПАРКИНЗИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ каде важи зонското паркирање или сме ослободени од истотот ?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 04-Jan-2012 at 14:12
Сите граѓани без разлика од каде, плаќаат паркинг на паркинзи на кое е поставено зонско паркирање и обележано. Единствено тие граѓани кои живеат пред паркингот се ослободени од плаќање. Но ова важи единствено за паркинзите со зонско паркирање. За другите, другите и така се бесплатни.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1709
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 26-Jan-2012 at 15:32
Што се случува со монтажниот паркинг во Капиштец? Оној кај "Беверли"?
Никаде не видов дека имало свечено отворање или сл., но од пред недела дена има по некое возило на горниот кат.
Дали тие неколку возила (десетин) се качуваат на свеоја рака или паркингот е отворен а не се користи како што треба?

Инаку кога ќе се отвори(во случај да не е) треба да се оградат околните тротоари и конечно да може да ги користиме за пешачење.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1709
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 01-Feb-2012 at 10:35
Конечно

Нов монтажен двокатен паркинг во Капиштец
Среда, 01 Февруари 2012 08:34
Сподели

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ денеска ќе присуствува на официјалното пуштање во употреба на новиот монтажен двокатен паркинг во населбата Капиштец.

Како што соопшти општина Центар, новиот паркинг е лоциран на улицата „Народен Фронт“, спроти трговскиот центар „Беверли“.
http://kurir.mk/republika/skopje/59201-Nov-montazen-dvokaten-parking-vo-Kapistec
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 04-Feb-2012 at 01:34




Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 04-Feb-2012 at 17:49
Е кога ќе се направи паркингот на цел потег, следен чекор забрана за паркирање на улица. Стварно од паркирани коли неможе да се пројде, секогаш е закрчено
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 04-Feb-2012 at 19:58
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 14-Mar-2012 at 13:38

Моментално се работи на проширување на паркингот во населбата Јане Сандански во северо-источниот кварт, на булевар АВНОЈ.

Се работи за овој потег:

 

 

 

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3810
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 18-Mar-2012 at 13:58
Во советот на Општина Кичево се дискутира во седницата за многу работи меѓу тие се дискутираше и за монтажни гаражи! Го поздравувам многу овај чекор пошто во Кичево нема доволно паркинг места особено во лето. (Ѓоко ако имаш повеќе информации ( локација, цена итн.) кажи )

Edited by my Macedonia - 18-Mar-2012 at 14:03
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 18-Mar-2012 at 17:25
ќе прашам некои од советниците што се дискутирало,знам дека пролетва ќе се реконструираат Маршал Тито и тоа одкорен, и проширување на Булевар Ослободување како и пуштање на нови магистрали на водоводот(на пример по Борис Кидрич каде нема магистрала)

офтопик:пристигнаа нови ква камиона за збирање на ѓубре,мислам се Мерцедеси,кога ќе ги начекам на погодно место за сликање ќе ги прика=ам
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 19-Mar-2012 at 00:07

Еве ја културата на универзитетските професори...



Edited by Cloverstack - 21-Mar-2012 at 01:44
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 20-Mar-2012 at 14:27

Потегот на проширување на паркингот во Аеродром се прошири

Еве фотки 







Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 20-Mar-2012 at 14:31
Инаку чудно е што на механизацијата има налепници од ЈП "Улици и патишта", но и од Бауер. Најпрвин мислев дека изведувач на работите е ЈП "Улици и патишта", но сега ме збуни ова со Бауер. Но сепак мислам дека ЈП "Улици и патишта" е изведувач, а присуството на Бауер неможам да го објаснам...
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 20-Mar-2012 at 14:40

А да бутнаа и неколку дрва (помалите), некои ги оставија (поголемите). Знам дека пречеа, но можеа да ги дислоцираат повнатре во тревната површина. Секое бутнато дрво е загуба...

Тие што ги оставија најверојатно ќе ги опкружат со рабници, нешто налик жардињери... знаете, ги има по Скопје...

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 20-Mar-2012 at 16:14
Изгледа овие отишле подлабоко отколку што требало со копање, па оштетиле два електрични кабли, па сега еве има две екипи од ЕВН, им ја поправаат грешката... Сликав некои слики, ама не и од тоа... бидејќи ми беше незгодно да им се ставам на ЕВНовци...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.