build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 05-Dec-2012 at 13:36
Продадено е земјиштето за подземната гаража што треба да се гради спроти „Кингбургер“. Купувачот сеуште не е познат, да се надеваме дека од Министерството за транспорт и врски ќе го објават сопственикот, иако нивните соопштенија најчесто излегуваат по потпишувањето на договорот.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1887
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 05-Dec-2012 at 14:37
samo mi e strav da ne "magicno" od podzemna stane nadzemna i od garaza stane deloven
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 05-Dec-2012 at 17:09
гаража ќе има сигурно,само прашање е за колку коли,вероватно само за тие што ќе пазарат во продавниците што ќе никнат внатре
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 20-Dec-2012 at 15:28

Паркирањето во Клинички под капа на Градот

„Градски паркинг“ в петок ќе го преземе стопанисувањето од фирмата „Венекс“, која во изминатите шест години управуваше со паркингот

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА



Паркингот на Клинички центар од утре ќе биде под градска надлежност. Со владина одлука, неодамна е раскинат договорот со фирмата „Венекс“, која во изминатите шест години управуваше со паркингот. Така, претпријатието „Градски паркинг“, конечно, ќе го добие паркингот, кој според надлежните таму во изминатите шест години бил неосновано под приватна контрола.

Од претпријатието уверуваат дека наскоро паркирањето во Клинички ќе биде поорганизирано, дури можеби и поевтино од досега, се' со цел на посетителите да им се овозможи непречено и безбедно паркирање. 

Надлежните веќе вршат анализа на терен за да утврдат дали паркирањето ќе биде како досега само како затворен тип паркиралиште или ќе се воведе и зонско паркирање. Се разгледува и можноста во рамки на клиниките да се зголеми и капацитетот за паркирање со монтажен паркинг. 

„Периодов се прават потребните испитувања на теренот. Се разгледуваат сите опции за начинот на паркирање за тоа да се изведе максимално во интерес на пациентите. Приоритет ќе ни биде решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето при самиот влез на клиниките, а за кој тие што стопанисуваа со паркингот очигледно немаа слух. Одговорно тврдам дека во изминатите години паркингот функционираше полошо отколку кога паркирањето никој не го регулираше. Ние сме убедени дека за кратко време ќе овозможиме брз проток на возилата на Итна помош, на пациентите што имаат потреба од брзи интервенции и на сите посетители на Клиничкиот центар“, вели Панче Стојановски, заменик-директор во „Градски паркинг“.

Тој појаснува дека наскоро ќе биде утврдена и ценовната политика, а сега во прво време таа ќе биде преземена од досегашниот стопанисувач со паркингот. Стојановски не ја исклучува можноста да се воведат два начина на наплата, зонско и затворен вид паркирање, како и опцијата првите 15 минути да бидат бесплатни за граѓаните да можат само да ги остават пациентите и да заминат.

Надлежните најавуваат дека плановите ќе се реализираат етапно, а процениле дека за нивна реализација ќе им бидат потребни околу 500.000 евра. „На овој паркинг во изминатите години ништо не е инвестирано. Освен неколку квадрати бехатон-плочки и неопходните рампи, на паркиралиштата нема други инвестиции“, вели Стојановски и дополнува дека е договорено парите од профитот да ги делат со Градот и со Министерството за здравство.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2D15AE502CCD3A47AA13F465DEAA0DA9
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 07-Feb-2013 at 01:36

Isto gledam okolu grcka ambasada isto gi pustile parking reketarine iako nema nisto obelezano za naplata na stoenje na ulica vnimatelno

Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 07-Feb-2013 at 13:59
Па како да не ги пуштат бе абе овој народ нема култура кај нас соораќајна, треба да свати дека паркирањето е луксуз и чини пари, не се нивни тротоарите и зеленилата покрај толку катни гаражи редно време е да се проработи на свеста ќе си паркираш ако треба 500 метри од местото кај што вршиш работа.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1887
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 07-Feb-2013 at 14:36
tocno, vo site mesta vo evropa e nezamislivo da se ponashash ko kauboec vo strog centar na gradot i da uzurpiras trotoari i trevnici i toa za bez pari, dodeka zaradi tebe luge nemaat kade da se dzivat i treba da goltaat prasini. na tolku katni garazi veke brojot ne mozam da im go fatam treba da ima nekakov rezultat
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 18-Feb-2013 at 12:20
@supervisor nema da se sluci dislokacija na parkiranite vozila, na isto mesto ke se parkiraat na ulica ili trotoar, samo ke se nacrtaat linii i ke se plaka $$$$. Ako vaka nenacrtano e problem da se parkiraat i gi sobira pajakot, sto ke se smeni koga ke se plaka nema da bide problem ??
Zosto togas bi se plakalo? Se vrsi nekoja usluga ili samo celta e da se zemat pari, ako e taka togas nema tuka nisto loso. i Reketarite istoto go pravat , ne pravat nisto loso samo te zasituvaat nekoj drug da ne te opLJacka.
Koja e togas razlikata?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4434
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 16-Apr-2013 at 13:27


Така де, изгради паркинг пред зграда со подземен паркинг кој се користи за зимница! Because fuck parks and fuck logic, long live the zimnica and rasolnica!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1709
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 19-Jun-2013 at 20:53
Денес конечно го асфалтираа новиот проширен паркинг кај АМСМ.


Локација
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 21-Jun-2013 at 18:46
Не е баш споен со стариот паркинг со кој управува Градски паркинг т.е има некоја ниска препрека (тротоар најверојатно што останал од претходно) Новиов паркинг да не е на Општина Центар ?
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1709
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 21-Jun-2013 at 20:38
Да, но и тој лево од него е на општина Центар. Паркингот на град скопје е кај цветниот пазар/карши нова македонија.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 22-Jun-2013 at 01:29

Евентуално паркингов карши АМСМ, после изборите да преминал под капа на Општина Центар, инаку сигурен сум дека е на Градски паркинг. Еве и на сајтот на на Градски паркинг стои дека е нивни (обележан на мапа)

http://www.gradskiparking.com.mk/?ItemID=B69140BA25AE2F4EBDC5F81BE2189B3D

Паркинзи на Општина Центар го имаат зонското на Народен фронт и монтажниот паркинг карши Беверли


Edited by Bulldozer - 22-Jun-2013 at 01:33
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1709
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 22-Jun-2013 at 10:31
Точно обележан е паркингот карши АМСМ тој е на градот да, но ова новиот дел е одвоен од обележаниот на мапата.

Еве види тука, лево од стрелката е на град Скопје, првиот ред до Народен Фронт е на ПОЦ, а новиот дел е кај зелената стрелка но е одвоен од останатите малку знае да биде комплицирано
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11907
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 25-Jun-2013 at 07:01
Нов паркинг кај Цветен пазар за 25 денари од час



Во близина на Цветен пазар во Капиштец за десетина дена ќе биде отворен уште еден градски паркинг. Ќе се наплаќа по 25 денари од час, а паркирањето ќе се регулира со рампа. Станува збор за дел од просторот кој првично беше планиран за паркинг со сервис за миење автомобили, прв од таков тип на „Градски паркинг“, но во последен момент дел од него беше искористен за парк.

Од Јавното претпријатие велат дека останува уште да се постават рампи и паркингот да почне да функционира.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=39CB30A058DEED40BC50534B27C82D4E
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1709
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 25-Jun-2013 at 14:52
Значи сепак испадна дека е на Град Скопје иако Тодоровиќ беше прозиван неколку пати кога започна изградбата (затоа што првин ги исекоа сите дрва, а потоа под притисок дел истиот човек пренамени во паркче иако беа веќе поставени и таму рабници).

А цената од 25 денари е вистинска конкуренција на ПОЦ, се гледа дека се води голема битка меѓу овие две претпријатија.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 25-Jun-2013 at 16:05
А јас не знам зошто воопшто ни требаат дрвја. Можат слободно да асфалтираат до Веро-Тафталиџе, има да направат стотици паркинг места, тоа има да биде вистински простор за живеење на околните жители. Само напред!
Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 25-Jun-2013 at 22:45
Чим е на Градски Паркинг најверојатно ќе се спои со тој помалиот паркинг до него (иако има некоја тротоар препрека)

Originally posted by alexsend

А цената од 25 денари е вистинска конкуренција на ПОЦ, се гледа дека се води голема битка меѓу овие две претпријатија.


Со новава цена отиде и последниот најевтин паркинг во Центар. Претходно цената му беше 40 денари дневно а месечна карта беше 500 ден



Edited by Bulldozer - 25-Jun-2013 at 22:51
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 26-Jun-2013 at 16:55
Originally posted by Bulldozer



Чим е на Градски Паркинг најверојатно ќе се спои со тој помалиот паркинг до него (иако има некоја тротоар препрека)
Originally posted by alexsend

А цената од 25 денари е вистинска конкуренција на ПОЦ, се гледа дека се води голема битка меѓу овие две претпријатија.

Со новава цена отиде и последниот најевтин паркинг во Центар. Претходно цената му беше 40 денари дневно а месечна карта беше 500 ден





Ретко кој плаќаше, така да излегува дека беше дури и бесплатен

Бидејќи живеам таму, а воедно и паркирам на паркингот на "Градски паркинг", а по потреба и ретко на ПОЦ, можам да кажам дека позитивната страна на новиот паркинг,односно зголемување на паркингот е следново.

1.Поставувањето на рампи и (се надевам) нивното функционирање 24 часа во текот на денот ќе го спречи паркирањето на сите гагачи во попладневните часови (сегашниот паркинг работи до 13, 14 или 15 часот зависи дали е расположен господинот од ГП)и ќе биде релативно достапен и со слободни паркинг места.

2. Како многу побитно од претходното, со рампите нема да се паркираат толку возила, затоа што ќе биде поскапо нели, затоа што верувајте, секој ден, буквално секој ден на мојот автомобил има некоја нова гребаница. Мала, ситна, поголема ... не е важно, битно има

Мислам дека ќе се паркираат повеќе луѓе кои живеат во околината, а не вработени во околните фирми со пикапи и останати службени возила.





Edited by Teglarot - 26-Jun-2013 at 16:56
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1709
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 26-Jun-2013 at 19:34
Originally posted by Bulldozer



Чим е на Градски Паркинг најверојатно ќе се спои со тој помалиот паркинг до него (иако има некоја тротоар препрека)



И јас така мислам, не вреди да поставуваат нова куќарка за толку мал паркинг. Ќе се добие една целина.

Инаку кога сме веќе кај местово каде за доброто на народот (како што рекоа) ги скастрија сите дрва, денес забележав дека садеа неколку зимзелени дрва
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.