build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркирање (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 29-Jun-2013 at 17:34
Originally posted by alexsend

Originally posted by Bulldozer



Чим е на Градски Паркинг најверојатно ќе се спои со тој помалиот паркинг до него (иако има некоја тротоар препрека)



И јас така мислам, не вреди да поставуваат нова куќарка за толку мал паркинг. Ќе се добие една целина.

Инаку кога сме веќе кај местово каде за доброто на народот (како што рекоа) ги скастрија сите дрва, денес забележав дека садеа неколку зимзелени дрва



Веќе работат на спојувањето на двата паркинг простори.

Иако не очекувам, но се надевам дека можат и да го средат малку стариот паркинг, барем да го обележат како што треба, не верувам дека би го ваделе бекатонот за да го асфалтираат . . .



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 05-Jul-2013 at 11:25
Новиот паркинг кај Цветен пазар


DSC00970 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1730
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 11-Jul-2013 at 18:11
Убаво би било некој да се заинтересира да се цивилизира ОВОЈ ПАРКИНГ.
Со оглед на тоа што:
најнапред секој ден е преполн, незнам колку сте дошле но хаос е,
втора работа е тоа што ајде што е земјен туку целиот долен дел е 250 дена во годината буквално поплавен. Поплавениот дел убаво се гледа на снимките на GoogleEarth.

Не се работи за мало паркиралиште за да остане вака неуредено.

Инаку паркингот е бесплатен.

Поубаво нека го опраи Центар и нека наплаќа.

Edited by alexsend - 11-Jul-2013 at 18:13
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 17-Jul-2013 at 18:58
Денес видов дека се копаше за ново паркиралиште кај автобуската постојка спроти т.н. „објект Ленинова“. Фотографијата не е моја.



plusinfo.mk




Edited by Џоле - 17-Jul-2013 at 19:06
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 17-Jul-2013 at 19:35
Без нова налепница – нема бесплатно паркирање во Центар
17/07/2013 // Пред 1 час // МОИ ПАРИ // Коментирај


Ако сакаат бесплатно паркирање, жителите на населбата Капиштец и корисниците на услугите ЈП Паркинзи на општина Центар, кои што имаат истечени договори, најдоцна до сабота ќе треба да ги обноват.

Сите корисници притоа ќе треба да пополнат апликација за нова налепница, информираат од пртпријатието.

Во однос на документите, од Паркинзи посочуваат дека граѓаните треба да достават лична карта на увид и сообраќајна дозвола. Еднократниот надомест за обновување на истечен договор изнесува 100 денари и трае една година.

Притоа паркирањето за нив е бесплатно во зона 1 и зона 2, додека поволностите не важат во 0 зона, на резидентните улици и паркиралишта, на јавните паркиралишта од затворен тип и во катната гаража „ Судска палата“.

http://faktor.mk/archives/59167?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=bez-nova-nalepnica-nema-besplatno-parkiranje-vo-centar
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1730
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 23-Jul-2013 at 09:41
Интервју со Мите Јовановски: Нема навика за катните гаражи, зонското е нелојална конкуренција!


Eден ден катните гаражи ќе бидат рентабилни, иако сега граѓаните немаат навика да се паркираат во нив, вели во интервју за Лидер Мите Јовановски, сопственик на катни гаражи и неколку бензински пумпи. Освен за катните гаражи во интервјуто на Лидер, Мите Макоил зборува и за зонското паркирање, за продажбата на објектите во негова сопственост, како и за бизнисот со бензинските пумпи,.

Лидер: Влеговте во бизнисот со катните гаражи. До каде е нивната изградбата?

Јовановски: Една катна гаража имам изградено кај “Судска палата“ , работи, но не е рентабилна. Сепак, почнав ова да го работам и тврдам дека еден ден катните гаражи ќе бидат рентабилни и затоа влегов во овој бизнис.
Имам уште три локациии купено за катни гаражи. Двете почнав да ги градам. Со третата локација имам проблем со министерство за транспорт и таа е статус кво, а се откажав и од катната гаража позади Собрание.
За катната гаража што почнав да ја градам кај Телеком. Купив проект и го најдов најдобриот производител на катни гаражи . Фабриката се занимава со катни гаражи од 1963 година. Доста време изгубив да го најдам најсоодветниот производител. Успеав и сега треба да го прилагодам проектот внатрешно, со тоа што од компанијата што ќе ја купам опремата ми овозможија со иста квадратура да имам 100 паркинг места повеќе, значи 430 паркинг места, а тоа многу значи за градот.
Градам катна гаража и кај Веро, ама за месец – два ќе ја стопирам оти ќе се насочам на градбата на гатната гаража кај Пошта. Сега ми е поважно да ја изградам таа катна гаража. Кај Веро знаете дека таму има и Веро катна гаража и додека не се изградат објектите околу гаражата таа ќе биде мртва како што сега е кај Судска палата. Кај Судска палата треба да се пробие улица. Откако ќе се пробие таа улица мислам ќе бидам рентабилен оти сега одам во загуба. Второ, не можам да се сложам со некои одлуки на градот , со кои ми бараат да платам комунални такси за секое паркирано возило.

Лидер: Дали граѓаните имаат навика да користат катни гаражи?

Јовановски: Граѓаните немаат се уште навика да се паркираат во катни гаражи, додека во Европа мора да си паркиран на одредено место. Катните гаражи се направени, за по улици и по тротоари да нема автомобили. Сами гледате дали градот дали општината , кај ќе најдат слободен простор само шпартаат и наплатуваат, а ништо не се вложува со тоа што ќе стават две линии .

Зонското паркирање е нелојална конкуренција

На пример околу катна гаража не треба да има зонски паркирања, најмалку на километар, затоа што секогаш катните гаражи ќе бидеат празни. Нека има зонско, ама каде што ќе нема катна гаража. Самите гледате дека во градот има десетина катни гаражи, кои се во изградба, кои се изградени.

Лидер: Колку ќе изнесува цената за паркинг простор во новите катни гаражи?

Јовановски: Цената на паркинг простор, не можам да кажам колку ќе изнесува, ќе имам иста цена како и цената на парирање која ќе ја понуди и градот Скопје, кој исто така гради катна гаража до мојата, а може и поевтин ќе бидам од нив. Кај Судска палата цената на паркинг простор е 30 денари, а за секој нареден час е 20 денари.

Лидер: Имаше инфорамација дека продавате неколку хотели, за да ја финансирате изградбата на катните гаражи?
Јовановски : Ние продаваме повеќе објекти, не се само хотелите. Имавме многу мртов капитал и одлучивме тие објекти што не носат пари да ги продадеме. Продаваме објект во центарот на Велес, како и во центарот на Гевлелија, автокамп, како и хотел во Стар Дојран.

Лидер: Сопственик сте на неколку бензиски пумпи. Во услови кога цената на горивото расте, каква е потрошувачката?
Јовановски : Економска моќ на народот е многу мала, се чуствува намалување на продажбата. Од 2009 па наваму секоја година е полоша и полоша. Јас гледам граѓаните колку и како точат. На пумпа точат гориво за 200 или 300 денари, ретко да видам некој да точи по 1500 денари , има и такви, но тие се ретки. Сега остануваат се помалку пари за гориво. Во летен период паѓа потрошувачката на гориво, оти сите се на одмори, поголема е потрошувачката од септември.
Во овој бизнис има конкуренција. Колачот е тој, сите го јадеме, кој повеќе кој помалку. Јас имам пет бензински пумпи, во моментов градам две ( една во Тетово, а една во Крива Паланка) и три локации имам купено да градам. Мојот план е да достигнам до 10 бензински пумпи. Преговарам со една странска компанија, да направам десет бензински пумпи, да направам склад за да може да влезе во Македонија, преку мене да влезат на пазарот.




http://lider.mk/2013/07/21/%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B2%D1%98%D1%83-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%98%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82/
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 25-Jul-2013 at 12:04
нов паркинг на Митрополит Теодосиј Гологанов (АМСМ)















сликите се преземени од ФБ страницата на Град Скопје
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1730
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 23-Sep-2013 at 18:17
Во Капиштец пред некој година направија колосални утки кога е во прашање обележување на паркинг местата. Цртаа како им текне без било каков план и покрај отпорот на нас жителите кои бевме на лице место. И наместо нешто да решат направија поголем проблем со кој сеуште се соочуваме.

Еве еден друг пример како е обележано на паркингот карши тутунски комбинат,

Како планираат да се паркира тука според линиите?

Ако некој од Општина Центар го следи форумов нека земат да ги прецртаат паркинзите низ Капиштец онака како што треба и ќе се добијат многу повеќе места од што имаме во моментов без притоа да се оштетуваат возилата.
А доколку ги мрзи да цртаат нека ми пишат.

Edited by alexsend - 23-Sep-2013 at 18:18
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 28-Sep-2013 at 16:42
Ова е повеќе за во нишката Хумор, ама сепак...

За сè има вторпат
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 28-Sep-2013 at 18:03
Иако логично е за следните часови да биде поскапо... Сепак сопственик претпоставувам сакал да информира дека и за следните часови е по иста цена, за да не се разбере погрешно... а во исто време маркетингот за првиот час да помине...

Цената на паркирање на јавните паркинзи во Аеродром е 25 денари за секој час... и де факто гаражава е поконкурентна од нив... Се надевам дека ќе биде исто така и попопуларна и дека изборот ќе паѓа на неа...

Греота е ваква гаража да не биде искористена/искористлива во полн капацитет... а јавните паркинзи околу да бидат како алтернатива доколку нема празно место во гаражата...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 28-Sep-2013 at 19:42
20 денари час, најлесно и наједноставно за да го напишат. Без претпоставики за што сакал сопстеникот да не информира ....
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 10-Dec-2013 at 09:26
Кај Етно селото ќе се гради паркинг на 2.400 м2

Водно ќе добие нов паркинг на површина од 2.400 метри квадратни. Во тек се градежните работи со кои ќе се добијат нови 120 паркинг места во близина на Свети Пантелејмон и комплексот Етно село.

Санација е направена и на веќе постоечкиот паркинг на истото место кој собира околу 70 возила. Градежните работи ги изведува јавното претпријатие Улици и патишта. Новите паркинг-места ќе го направат Водно поактрактивна и привлечна дестинација за рекреација, смета градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

„Сметаме дека ќе се зголеми бројот на луѓето и туристите кои доаѓаат овде во етно селото, а исто така и во Панталејмон, а има и многу граѓани на Скопје кои доаѓаат да се рекреираат на Водно, кое е под надлежност на Град Скопје. Со овој паркинг ќе им се овозможи полесно и во подобри услови да доаѓаат и да се рекреираат на Водно“, рече Коце Трајановски-градоначалник на град Скопје.

http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/6238-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BD%D0%B0-2.400-%D0%BC2.html
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 14-Dec-2013 at 16:29
РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ ДО СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (преземено од Фејсбук страницата на Град Скопје)

Реконструкцијата на постоечкиот паркинг простор е готов, додека изградбата на новиот е во завршна фаза каде денеска се вршеше асфалтирање.







За сè има вторпат
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 16-Dec-2013 at 19:43
сега уште патот преку Нерези да го средат и етно селото да се отвори
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 30-Jan-2014 at 03:11
Лично мислам дека на овој пост местото му е во темата Зонско паркирање во Скопје, бидејќи станува збор за општина Центар, но ќе оставам на администраторите/модераторите да одлучат дали на овој пост местото му е во оваа тема или во некоја друга тема на форумов.
 
Ме интересира дали некој воопшто ќе превземе одговорност за ваквите идиотизми и дали некој воопшто ќе исплати отштета за истите вакви идиотизми.
 
На Интернет страницата кон која води наредниот линк е објавен и видео клип поврзан со статијата од Телма подолу.
 
http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/likot-shto-ni-ja-skina-optikata-na-rabota
 

Ликот што ни ја скина оптиката на работа

 
29 Јануари 2014 - 16:29
 
Рузвелтова со Орце Николов.

 
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=65&item=34463
 

ПАЈАКОТ НОСИ, РАЗНЕСУВА И РАЗНЕБИТУВА...

 
29.01.2014
 
Пајакот дојде, однесе неколку автомобили, се врати, искрши гранки од дрво, испокина и кабли, што оптика, што за телефонија ли, зеде уште еден автомобил и тргна да си оди, влечејќи кабли, гранки... си мислеше, како ништо да не било... освен што пајакот беше „уловен“ од нашата камера и од уште по некој фото апарат, момилен телефон...
 

 

 

 
[ Павле Беловски ]

Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 30-Jan-2014 at 15:01
Скопје е на добар пат да го реши проблемот со недостигот на паркинг места, ама некултурата и сељачизмот на возачите тешко дека ќе се реши.
Мерцедес вози а не сака да плати паркинг.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 30-Jan-2014 at 22:57
каква супстанца треба да дејствува врз тебе за да искршиш гранки, свиткаш бандера и искинеш цела мрежа на кабли, со што ставаш и други луѓе во опасност?... за ваква работа треба да се одговара и после 10 метра возење да те сопре полиција
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 401
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 30-Jan-2014 at 23:54


Како што кажа еден од пајак службата....„Пред законот се сите еднакви!!...а кога искачаат од под железничка пајаците и 10 пати на ден вртат на дупла пуна тогаш не се сите еднакви пред законот...
Phantasie ist wichtiger als Wissen, denn Wissen ist begrenzt.

Albert Einstein
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 05-Feb-2014 at 13:40
До Министерство за зeмјоделство, шумарство и водостопанство...





фотографии: on.net.mk

Edited by Џоле - 05-Feb-2014 at 13:58
За сè има вторпат
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 05-Feb-2014 at 16:46
ПАЈАК му е мајката ПАЈАК како деновиве што хараат по центар по 5,6 и све собираат. Стока некултурна од народ!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.437 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.