build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 24-Jul-2014 at 15:42
На Пластичарска се паркира каде што ќе се стигне

Од секторот за сообраќај при Министерството за внатрешни работи велат дека континуирано се преземаат мерки за санкционирање на граѓаните што прават прекршоци по разни основи.



Нервозни возачи, чкрипење на гумите, растрчани пешаци, паркирани возила на коловозот... Тоа е секојдневната слика на Пластичарската улица, или булеварот Никола Карев. Паркираните возила од двете страни на улицата го кочат сообраќајот, пешаците претрчуваат низ целата сообраќајница, а возачите, нервозни од тој хаос, неретко започнуваат и вербална пресметка со несовесните...

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=723141533313&id=14&setIzdanie=23233

Edited by jyvation - 08-Oct-2014 at 14:48
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 18-Aug-2014 at 22:42
малку основата е политиканство,но ипак да ја забележиме информацијава


http://vecer.mk/skopska/zhernovski-otplakja-kredit-za-garazha-a-od-nea-ima-samo-dupka
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 18-Aug-2014 at 23:10
Originally posted by gjoko

малку основата е политиканство,но ипак да ја забележиме информацијава


http://vecer.mk/skopska/zhernovski-otplakja-kredit-za-garazha-a-od-nea-ima-samo-dupka


Јас мислев ова си го постирал.
Според мене многу поинтересно. И милион гаражи да се изградат џабе е кога нема кој да паркира во нив.

http://vecer.mk/skopska/vozilata-na-trotoar-pod-senka-peshacite-na-ulica-na-40-stepeni
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 02-Sep-2014 at 14:58
Првиот ден од платен паркинг во Штип помина со заработка од 18.000 денари
Вторник, 02 Септември 2014 12:26

Првиот ден од воведувањето на платениот паркинг во Штип поминал без проблеми. И вработените на ЈП „Стипион 2011" со рачните фискални апарати и луѓето од општината имале успешна соработка со граѓаните кои паркираат во централното градско подрачје. На некои им ја објаснувале новата процедура, на други им дообјаснувале, а трети веќе знаеле и купувале тикети во продажниот пункт кај општината, пренесува порталот „1.мк". Ефектот од воведувањето на платениот паркинг се околу 18.000 денари.
500stip01

Оваа сума не е за потценување, изјави Тони Јовев, директор на ЈП „Стипион 2011“.

- Мислам дека целата операција помина во најголем ред. Граѓаните покажаа кооперативност, и воедно ја разбираат процедурата за воведениот платен паркинг. Од овие 18.000 денари, 10.000 се од мобилните наплаќачи со фискални апарати а 8000 денари се остварени од продажниот пункт низ центарот на Штип.

Според Јовев, интересот за платен паркинг е голем, и во поглед на склучување на месечни или годишни договори.

- Имаме склучено околу 70-80 договори од кои најголем дел со граѓани кои имаат место на живеење на една од улиците во центарот на градот, „Васил Главинов", „Маршал Тито" и „Ванчо Прке". Со нив се склучени договори до нова година, значи за следните 4 месеци. Имаме интерес и кај правните лица, но и кај физички лица кои работата во правни лица со седиште на овие улици.

5000jovev

Јовев очекува и зголемување на наплатата, бидејќи ова е само почеток. Но, секако како што кажа, најголем ефект е растоварувањето на градскиот сообраќај, пред се во центарот на Штип.

Со платениот паркинг, дел од возилата нема да се паркираат во центарот на градот, што значи дека намалувањето на возилата ќе овозможи подобар сообраќај и безбедност како и диференцирање на оние правни и физички лица кои имаат суштинска потреба за паркинг.
http://www.kurir.mk/republika/opstini/170387-Prviot-den-od-platen-parking-vo-Stip-pomina-so-zarabotka-od-18000-denari?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+kurir%2Frepublika+%28%D0%9A%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%80+-+%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%29

Браво ако е така , само да озтане така. Треба да се научиме уредно да плаќаме паркинзи. Во Струмица откога се отвори плоштадот под него има паркинг кој според мене е феноменален и многу практичен плус нечини многу. Не ги знам цените во детали ама знам дека ние секогаш плаќавме од 30 до 50 денари и тоа колата ти е на сенка, веднаш си во центар, не бараш паркинг, не те псујат пешаците и плус мене лично ми прави убаво чуство кога знам дека почитувам одредени правила. Е сега проблемот е што тој паркинг скоро никогаш не е полн а паркирањето повторно е прашање на инпровизација.
Поентата е ќе помине многу години за да се научиме дека возењето автомобил е луксуз и паркирањето е само дел од трошоците кои треба да бидет земени во предвит кога ќе решите од дома да излезете со автомобил.

Edited by kultuzin - 02-Sep-2014 at 14:58
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1729
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 02-Sep-2014 at 17:26
Ви текнува на паркингот кој го изградија до фенси катната гаража лак стариот цветен пазат?
Уште нема рампа и дневно сигурно прави штета на катната од можеби 500 евра. Повеќе од месец е така
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 02-Sep-2014 at 17:41
Originally posted by alexsend

Ви текнува на паркингот кој го изградија до фенси катната гаража лак стариот цветен пазат?
Уште нема рампа и дневно сигурно прави штета на катната од можеби 500 евра. Повеќе од месец е така
уште од прв ден сите знаевме дека намената на паркингов до катнава не е за да се зголеми паркинг просторот во Ценар, туку нешто сосем друго...

утре сигурно ќе се најде некој паметњакович да коментира за тоа каков пропаднат проект е гаражава и дека за се се виновни нејзините проектанти... ама видиш, бизнис и мерења стапови да ти биле виновни наместо тоа...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 17-Oct-2014 at 12:52
ПАРКИРАЊЕ ПО ПРИМЕРОТ НА ДРУГИТЕ ОПШТИНИ

И KАВАДАРЦИ ПЛАНИРА ЗОНСКО



Јавната расправа ќе биде затворена до крајот на годинава, потоа ќе следува оглас за избор на јавен приватен партнер, а почетокот на практичната примена на проектот за зонско паркирање кавадарчани треба да го очекуваат идната година. Деновиве во Kавадарци се одржа јавна расправа за зонското паркирање, со кое треба да се реши проблемот со недостиг од паркинг-простор. Изработена е физибилити-студија од Центарот за економска анализа за економската оправданост за влегување во јавно-приватно партнерство на општината со концесионер, кој најмалку 10 години ќе го менаџира паркирањето во градот.

- Локалната самоуправа може да влезе во ваков проект. Со тоа градот ќе ги избегне проблемите што се таложат со години - рече Марјан Николов, претседател на Центарот.

Градоначалникот на Kавадарци, Александар Панов вели дека оваа иницијатива е дамнешна замисла на оваа локална самоуправа и сега има можност да се реализира.

- Целта е да се создаде ред во сообраќајот, сите да имаат еднаков пристап до паркиралиштата. Да се стави крај на узурпирањето јавен простор на неодговорните кои го злоупотребуваа досега. Со цените што сега се предлагаат, а Советот на Општината ќе ги донесе, се смета дека по примерот на Битола, Прилеп, Штип, граѓаните паркирањето ќе го користат според вистинските потреби - смета Панов.

Паркирањето е поделено во три зони. Најскапо е во првата централна зона, а во втората и третата зона се предлага првите 15 минути, за завршување неопходни работи, паркирањето да биде бесплатно, а потоа секој нареден час да се наплаќа по 10 или 20 денари плус, согласно со предложениот ценовник.

Со студијата ќе бидат уредени и сите останати мерки поврзани со зонското паркирање, како што е издавање годишна карта за паркирање на станарите кои живеат во згради и куќи во центарот на градот, по симболична цена од 300 денари, автобускиот и такси-превозот, истоварот на стоки за деловните субјекти и други работи поврзани со одвивањето на сообраќајот и јавниот живот во градот.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=9B5C60F8CBD8B1479A95B88847712581

Edited by jyvation - 17-Oct-2014 at 12:53
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 06-Nov-2014 at 02:59
Ќе има ли монтажни гаражи во Карпош?

Изминатиот период се тестираше расположението на жителите на Тафталиџе за поставување монтажна гаража како онаа во Капиштец спроти трговскиот центар „Беверли хилс“.


Од општината велат дека не се работи за ѕидани катни гаражи туку за отворени платформи за паркирање

Преку анкетни ливчиња се испитува јавноста

Откако паркирањето стана доста сериозен проблем, на прометните места низ градот можат да се слушнат караници меѓу соседите, кои за едно паркинг-место се доведуваат во ситуација повеќе воопшто да не комуницираат. Ова особено важи за населбите каде што има поголема циркулација на граѓани, јавни институции, банки или, пак, плоштади и паркови. Честопати жителите на населбите остануваат без паркинг-простор пред своите куќи затоа што некој друг паркирал на местото за да заврши работа во блиската банка, некоја државна институција или, пак, да прошета во околниот парк или плоштад. Паркингот ги раскара дури и општините и градот и градските и општинските претпријатија одговорни за паркинг, докажувајќи си меѓу себе кој паркинг под чија надлежност е. Ова особено ваши за општината Центар и градот, кои и имаат официјално паркинг-јавни претпријатија. Тоа, пак, ги преполни тротоарите и сите слободни места во општините со паркирани автомобили. Од тие причини, изминатиот период се тестираше расположението на жителите на Тафталиџе за поставување катна или евентуално монтажна гаража како онаа во Капиштец, спроти трговскиот центар „Беверли хилс“. Гаражата би се изградила зад „Веро“ или кај Педагошкиот факултет, каде што и има најголема потреба од паркинг-простор поради факултетот, големите маркети и Агенцијата за катастар.

Реален проблем

Од анкетните ливчиња што пристигнаа на адресите на граѓаните на Карпош требаше да се добие одговор на прашањето дали граѓаните сакаат катни или монтажни гаражи кај „Веро“ и Педагошка во Тафталиџе.
- Пред повеќе од десетина дена добивме анкетни ливчиња со кои општинските власти сакаа да го испитаат нашето расположение за катни гаражи. Проблем со паркингот секаде има, но мислам дека катната гаража нема да помогне, туку уште повеќе ќе го зголеми проблемот, затоа што тогаш уште повеќе ќе доаѓаат да се паркираат возачи од околината. Јас живеам зад „Веро“ во Тафталиџе и со сигурност можам да кажам дека проблемот не е до жителите, туку до сите оние што за да завршат набрзина некоја работа, ги оставаат возилата каде што ќе стигнат. Поради нив не можеме ние, жителите, да паркираме околу нашите домови - револтирано вели Анче Смилева, жителка на Тафталиџе.
И жителите што живеат во околината на Педагошкиот факултет велат дека поради непрописно паркираните, тие постојано немаат каде да ги остават своите возила.

- Во нашата околина сите згради си имаат свои паркинзи, но голем проблем е факултетот, каде што и студентите си доаѓаат со возила. Немаат простор таму, па возилата ги оставаат на нашите места. Дополнителен метеж прават фирмите што ги има насекаде, па ние што живееме тука треба да ги трпиме последиците од нивото непрописно паркирање - вели Симе Блажев, жител на Карпош.

Монтажни паркинзи

Од општината Карпош велат дека анкетарите не се испратени од страна на општината и дека е можно граѓаните сами да организираат вакви анкети, но нагласуваат дека доколку се увиди потреба за поставување монтажна или катна гаража, таа ќе се постави.

- Доколку има потреба да се постави катна монтажна гаража, тоа и ќе се направи, се разбира доколку жителите го побараат тоа. Тоа може да се случи доколку нема доволно место за паркирање, затоа што во текот на работната недела се случува да се паркираат возила на лица што ги завршуваат своите работни обврски, па за самите жители можеби нема да се најде празен паркинг-простор. Тоа значи дека доколку жителите побараат катна гаража, која ќе има само еден кат, ќе се постави - велат од Карпош.

Ќе нема ѕидани катни гаражи во Карпош

За најавата за поставување катни гаражи на две локации во општината Карпош, зад „Веро“ и кај Педагошкиот факултет, од општината велат дека во никој случај нема да се поставуваат ѕидани гаражи, туку монтажни, како оние кај трговскиот центар „Беверли хилс“ и во општината Аеродром.
- Што се однесува до катните гаражи, треба да се појасни дека не се работи за ѕидани катни гаражи туку за отворени платформи за паркирање што се на две нивоа, како на пример оној монтажен паркинг спроти трговскиот центар „Беверли хилс“. Тие се ставени во планот како можност поради поголема потреба од паркинг-места во тие зони, односно кај Педагошка и кај супермаркетот „Веро“ - истакнуваат од општината.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1151494396&id=14&prilog=0&setIzdanie=23314
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2419
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 06-Nov-2014 at 09:02
ЖИТЕЛИТЕ ОД KАРПОШ 1 И 2 РЕАГИРААТ НА ИЗМЕНИТЕ НА ДУП

НЕ ГИ ДАВАМЕ ГАРАЖИТЕ, НОВИ ПАРКИНЗИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=449B910F4ADF474F829717EEA42B8E87

Не гледам зошто не би можеле да се согласат на платформа над нивните гаражи т.е. ШПАЈЗОВИ. „Имало паркинг доволно“. Да, има, секој метар тротоар е исполнет со коли.



Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 06-Nov-2014 at 22:39
Previous
затоа што на јавен отворен паркинг/катна гаража, зимница и просечни куќни алати и материјали, нема да може да чуваат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 08-Nov-2014 at 14:59
Дали е ова прва некој вид "Park and ride"(P+R) опција во Скопје?



Edited by jyvation - 08-Nov-2014 at 21:47
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1729
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 08-Nov-2014 at 21:28
1. Што им значи "ПРВА ЈАВНА КАТНА ГАРАЖА"
2.дали со овие цени казната гаража е самоодржувачка?
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 08-Nov-2014 at 22:37
Прва катна гаража што е изградена и припаѓа на општина Центар. Дивите паркинзи во околината многу и го уништуваат бизнисот на катнава гаража. Реално би била доста профитабилна да паркираа сите во гаражата, ама поради тоа што има неколку паркинзи во близина, мора да ги намалат цените.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 09-Nov-2014 at 11:13


ФОТО: Автомобилот „крш" - скопска паркинг пресметка

И ова го видовме во Скопје. Еден скопјанец кој непрописно се паркирал, сиго дочекал својот автомобил целиот изгребан и оштетен.



http://www.press24.mk/node/127593
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1729
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 09-Nov-2014 at 12:07
Не е точно дека е прва катна гаража. Прва катна е таа кај Бисер која работи веќе може 5 години
Или таа е приватна инвестиција

Edited by alexsend - 09-Nov-2014 at 12:08
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1866
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 09-Nov-2014 at 12:41
Таа е приватна инвестиција на некоја од градежните компании (ако не се лажам АДГ Илинден).
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11997
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 12-Nov-2014 at 12:43
Ај, со среќа нека ни е новото паркиралиште под Археолошки музеј. Мислам дека се вика „Паркиралиште Споменикот на Карпош“, или така нешто.

За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 12-Nov-2014 at 12:46
Зонско крај "Карпош"..
Не шала на страна ова е веќе дно дна.
Од кога се изградија објективе од СК 2014 кејот е практично претворен во паркинг.
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 12-Nov-2014 at 13:35
А кој ќе ги казни ?

Повеќе од половина од овие без'рбетници се дел од недопирливата администрација.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 12-Nov-2014 at 20:15
а за што служат гаражите за кои направија „грандиозни“ влезови под камени мост?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.