build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 28-Mar-2018 at 10:51
sum bil vo mnogu gradovi na mnogu kontinenti, ama realno, vakov centar na grad nemam videno. ova e neviden haos, na kej se vozi, i kaj gtc i kaj posta, i pod MNT, divi parkinzi na sekoj cekor, jadran skver e raspadnat i poln so koli, plostad filip IIri se raspagja, okolu portata e div parking i poluraspadnato, ednostavno mi se POVRAKA od nasiot glaven grad. ne ostana edno mesto kaj sto mozes da prosetas na raat, osven ulica makedonija i plostadot, i toa e prasanje do koga...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11392
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 10-Apr-2018 at 13:48
ПАЈАКОТ КРЕВА КОЛИ ПАРКИРАНИ ПОД МОСТОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ



Пајак службите на Град Скопје и Општина Центар денеска ги креваа колите паркирани под мостот Гоце Делчев.

Просторот под мостот со години е претворен во паркинг простор особено по отворањето на зградите на кејот на Македонскиот народен театар, Музејот на ВМРО и на ЈП „Водовод и канализација“. За да не плаќаат паркинг граѓаните и вработени во институциите возилата ги паркираат на пешачките патеките под мостот.

„Граѓаните реагираа на непрописно паркирани возила под мостот Гоце Делчев. Хаосот денеска се расчистуваше со пајак возила на ЈП’Градски паркинг‘ и ЈП’Паркиралишта на Општина Центар‘. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места“, велат од Општина Центар.

Во декември лани од оваа локација во Вардар падна колата на актерката Весна Петрушевска, која неколку часа екипите од Бригадата за противпожарна заштита ја вадеа од Вардар.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pajakot-kreva-koli-parkirani-pod-mostot-gotse-delchev/
За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 11-Apr-2018 at 09:51
ne e resenie da se krevaat sekoj den koli parkirani pokraj vardar i od dvete strani. treba da im se onevozmozi fizicki na kolite vooopsto da imaat pristap do kejot
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4401
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 11-Apr-2018 at 11:07
Не ми е јасно како досега немале мотивација да ги креваат колите. Мислам реално само така ќе има профит од катните гаражи.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1554
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 11-Apr-2018 at 15:06
Јас не знам зошто воопшто трудот да се креваат коли!
Нека направат фотографии и кратка видео снимка и казна на домашна адреса и СМС известување.
Наместо 100 казни денес ќе може да напишат 1.000 без притоа да бидат во директен судир со сопствениците.

И кога ќе проработат камерите на семафори за казнување на оние кои поминуваат на чисто црвено?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1988
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 11-Apr-2018 at 21:14
Previous
 
Уште веруваш во митот на 1000, 10.000, 100.000 казни ?
 
Тие казни никогаш нема да видат е_ан динар.
 
Решението е безбеден паркинг Алексо, БЕЗБЕДЕН ПАРКИНГ, а не пари за крената рампа, па мисли му ја како ќе го најдеш автомобилот на враќање.


Edited by Dexter26 - 11-Apr-2018 at 21:15
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 773
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 13-Apr-2018 at 06:26
Сугерираш дека ќе има многу поголема искористеност на катните гаражи и обележаните паркинг места ако на пример, да речеме се изземат од одговорност сите велосипедисти кои ненамерно ќе ги оштетат возилата кои се паркирани на велосипедски патеки?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1988
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 13-Apr-2018 at 09:21
Previous
 
Го измисли ова, признај.
 
Велосипедистите возат по улица или по булевар кога велосипедските патеки се окупирани од страна на паркирани моторни возила.
 
Инаку, под претпоставка дека велосипедист ќе направи такво ненамерно оштетување, како ќе бара сопственикот на возилото обештетување ако велосипедистот воопшто не ни забележал за штетата што ја предизвикал и си продолжи со возењето ?
 
Теоријата не ти држи вода, особено со оглед на фактот дека моторни возила нема што да бараат врз велосипедска или пешачка патека, ама ај оди кажи им го тоа на властите кои се презафатени со отстранување на споменици и најавување на "дрва на човековите права", а никако да им текне да постават столбови на влезовите на почетните и крајните точки на велосипедските и пешачките патеки.
 
Но затоа ене ја тазе веста од вчерашниот ден, за 100 денари паркирање за прв час и 50 денари паркирање за секој нареден час, ќе може да се паркира и на средно Водно. Природата и потребата на скопјани од чист и свеж воздух ќе мораат да трпат бидејќи мора да се собере по некој денар повеќе од рекетирањето на возачите на моторните возила.
 
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shilegov-se-premisli-na-vodno-ke-mozhe-koli/
 

ШИЛЕГОВ СЕ ПРЕМИСЛИ, НА ВОДНО ЌЕ МОЖЕ СО КОЛИ

 
12 април 2018
 
 
Шилегов вели дека оваа одлука ја донеле бидејќи имало барања од граѓани да се дозволи движење на возила до Водно, како и на кафанџиите на кои им бил намален прометот. - Патот по Средно Водно пред да биде воведена забраната беше секој викенд блокиран од возила (Фото: Фејсбук)

 
Од наредниот викенд до Средно Водно ќе може да се оди со автомобили, а паркингот ќе се наплатува. Градоначалникот Петре Шилегов денеска кажа дека иако смета дека не е добро да се оди на Водно со возила, сепак ќе ја укине забраната, но паркирањето ќе биде скапо односно 100 денари за првиот час и 50 денари секој нареден час. Ќе останат бесплатните автобуски линии кои возат до Водно откако лани во ноември беше воведена забраната како и бесплатното паркирање во катните гаражи од каде тргнуваат автобусите.
 
Шилегов вели дека оваа одлука ја донеле бидејќи имало барања од граѓани да се дозволи движење на возила до Водно, како и на кафанџиите на кои им бил намален прометот.
 
„Мислам дека не е добро да се оди со возила на Водно. Но одлуката која ја донесовме во ноември беше од времен карактер со цел да се среди хаосот со паркирани возила. Исто така имаше и реакции од граѓаните дека сакаат со коли да одат на Водно, како и од четирите угостителски објекти таму кои велат дека немаат работа поради забраната и мораат да ги затворат објектите доколку не се промени одлуката. Реагираа и жителите на Нерези, кои се жалеа дека паркингот кај црквата свети Пантелејмон и улицата се преплавени со коли. Воведуваме високи цени за паркирање со цел да го дестимулираме движењето на возила, а ги оставаме бесплатните автобуски линии“, рече Шилегов.
 
Градоначалникот Шилегов објасни дека паркингот е дигитализиран и дека на почетокот на патот кој води до Средно Водно ќе се постави табла која ќе покажува дали и колку празни паркинг места има паркингот. Тој вели дека пајакот ќе ги крева колите кои непрописно ќе се паркираат по улиците а страничните делови на патот ќе бидат заградени за да не може да се паркираат возила.
 
„Нема идеално решение. Средствата кои ќе ги остваруваме како приход од паркирањето ќе бидат наменети за одржување на парк шумата Водно“, додаде Шилегов.
 
Градот во моментов е во преговори со Македонската православна црква која е сопственик на земјиштето во Нерези кое сега се користи како паркинг да се воведе и таму наплата.
 
Градоначалникот Петре Шилегов лани во ноември ја воведе мерката за забрана за движење на возила на Водно со цел да се заштити парк шумата Водно, како и една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето.
 
„Го ослободуваме Водно од возила со цел да ги заштитиме природните убавини и просторот за рекрерација. Оваа мерка е дел од заложбите на Град Скопје за поздрава животна средина, почист простор за спорт и рекреација имајќи го во предвид здравјето на граѓаните“, рече Шилегов лани во ноември кога на прес-конференција ја најави забраната за движење на возила на Водно.
 
А. АНТЕВСКА

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11392
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 13-Apr-2018 at 15:01


Веќе се подготвуваат да се „омрсат“ - нема паркирање отстрана.

извор: твитер

За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 13-Apr-2018 at 15:58
pa ne ni treba da ima parkiranje od strana. jas dur i bi napravil onakov montazen parking so sto kapacitetot bi se dupliral. a bidejki terenot e vo pad, moze od gorniot parking da se vlaga na gorniot kat od dolniot
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1988
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 13-Apr-2018 at 17:44
Previous
 
Направи си во твојот двор и повели наплаќај за паркирањето.
 
Зошто да се дозволува паркирање среде национална парк-шума ?
 
И зошто да се наплаќа, ако повторно бебзедноста на возилата е сведена на 0 (НУЛА) ?
 
Вообичаено го осудувам сечењето дрва и уништувањето на зелените појаси - како низ Скопјево, така и на Водно, но за оваа дрвенава ограда која ја поставуваат им ја посакувам сета среќа на светов на дрвокрадците.


Edited by Dexter26 - 13-Apr-2018 at 17:48
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1554
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 14-Apr-2018 at 14:43
Ејј ова е лошо ѕа навечер...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 21-Apr-2018 at 13:48
Близу Влада на РМ-превземено од фб





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11392
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 21-Apr-2018 at 18:54


На првата фотографија е паркинг што се наплаќа, а не е ни асфалтиран.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.