build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркирање (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 293031
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1917
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #601 Posted: 30-Aug-2018 at 13:09
Конечно и овој простор да се уреди...

Што ќе никне на дивиот паркинг позади Македонска филхармонија

Изградба на нов парк на просторот зад објектот на Македонска филхармонија, кој со години беше неуреден најави денеска градоначалникот Петре Шилегов во одговор на советничко прашање на седница на Советот на Град Скопје. Тој одговори на прашањето на советник во Советот на Градот дали ни се заканува нова узурпација на овој простор од типот на Скопје 2014.

„Овој простор со години се користи како нелегален див паркинг. Бидејќи станува збор за неасфалтирана површина, на ова место паркираните возила разнесуваат прашина која дополнително го загадува воздухот и кал во дождливите денови која по напуштањето на паркингот се разнесува по улиците. Притоа подземниот паркинг под МОБ и Филхармонијата иако има огромен капацитет стои неискористен.“

Тој, додаде дека на ова место ќе биде изграден парк со површина од 14.000 м2 што го прави овој парк поголем и од Паркот на жената борец. Од овие 14.000 м2 за зеленило се предвидени околу 8.000 м2 во рамките на кои покрај постојните 23 дрвја ќе бидат засадени уште 60-тина нови садници. Остатокот од површината ќе биде зафатен со пешачки и велосипедски патеки, клупи, корпи за отпадоци, чешми, канделабри за осветлување и друго.
Овој простор е единствениот слободен простор во рамките на ДУП-от Мал ринг што остана незафатен од мегаломанските градби на проектот Скопје 2014. Ова го правиме и ќе продолжиме да го правиме затоа што на Скопје му недостигаат паркови и зелени површини, а не згради и споменици кои во изминатиот период беа градени и повеќе отколку што е потребно“ - нагласи Шилегов во одговорот на советничкото прашање.

https://faktor.mk/shto-kje-nikne-na-diviot-parking-pozadi-makedonska-filharmonija
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1890
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #602 Posted: 31-Aug-2018 at 11:24
fala bogu vise aman
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1917
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #603 Posted: 31-Aug-2018 at 11:32

Се надевам дека во скоро време ќе се најде некое слично решение и за оној во близина на Корчагин и ПС Кисела Вода.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 916
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #604 Posted: 11-Nov-2018 at 14:28
Originally posted by Cloverstack

Хаварисаните возила - улични трофеи


со кој Закон и колку флексибилно е уредено паркирањето во македонските градови, и зошто ако не прирачник преку општината за секое ново регистрирано возило во општината таков еден не даваат при регистрација на нов автомобил ...

еве интересен абер од сАд колку и таму немаат абер граѓаните кои им се правата, иако легислативно се им ет испеглано здраво! извадоците се според мене оние поинтересните но прелистајтежи ги сите коментари на линкот ко поучни од различен аспект во однос тамошната добра пракса врз основа на федерална и локална легислатива ...
A car in our neighborhood has not moved from its street parking space in over 3 years and parking is at a premium. It is properly registered and parked legally. Should we ask the car owner to move his car or just let it be?

1.

Sorry, I'm having a little trouble with that.

Are you claiming that an automobile has been sitting in the same location for three years when it:
- Would be extremely dirty, regardless if it rains or not.
- Would have flattened tires.
- Would have its registration expire and be vulnerable to being impounded.
- Would interfere with municipal street cleaning.
- Would interfere with municipal road repairs.
If parking is indeed at a premium and you live in a fairly decent neighborhood, how is that even possible?
Call the police non-emergency number and report a potentially abandoned vehicle. Unless you live in a failing city like East St. Louis, Camden, NJ, or Detroit, the police will ticket it and then tow it within one week. If they don't, then call your city council member and have him or her look into it.

2.

If the vehicle is NOT in a blighted condition and is legally parked, there isn’t anything to be done, unless your State / Municipality has legislated parking time restrictions for public streets; in California, the parking time restriction is 72 hours, unless otherwise controlled by more restrictive parking signage or by metered parking.
If it’s on a street designated as being “Private”, the HOA controlling that street could enforce its own parking rules, in accordance with your State’s Vehicle Code provisions, but if the Private street is not controlled by an HOA and merely serves as a private access easement for common use by adjacent properties, then there is likely nothing that can be done.
However, if the vehicle is in a blighted condition, whether on a public street / public right-of-way or on a private property / private street, there is likely a blight nuisance statute / ordinance that can afford you the legal remedy to remove the offending vehicle … contact the non-emergency number of your local law enforcement agency and ask to be directed to the appropriate unit that handles blighted, potentially abandoned vehicles.

3.

Obviously, if the vehicle registration/insurance are being maintained, and if the car is not derelict (flat tires, etc.) you may have no recourse, because the vehicle is not abandoned or “junk”, and by your own admission, it’s legally parked.

Unlike downtown street parking, where long-term parking is restricted, residential parking “in front of one’s house” is far more relaxed.
Before you start a war with your neighbor (and you will if you pursue this), I suggest you ask yourself why the neighbor’s car is less worthy of parking on the street than yours. That’s what this comes down to.

If you’re in a suburban cul-de-sac, your “neighborhood” is pretty small. If you’re in a city neighborhood, which may be described as an area of 5 or 6 square blocks, you may have little say in the matter.
But, if the vehicle belongs to someone outside the neighborhood…that may be another matter. The vehicle might be a hub for illegal activity or worse. But you’d better know what you’re talking about before you open this can of worms. One option you might explore is to have the police investigate the tag and see if the vehicle belongs in the neighborhood…then act on what you learn. The police won’t betray the owner’s name and address, but they might learn that the vehicle is registered to someone miles away. If so, they may monitor the owners’ activities and learn something.

On the other hand, you may discover that the vehicle is registered to an elderly person with advancing dementia, and that the children are maintaining the car to keep grandpa satisfied in his final years.

... CHECK THIS OUT ...

4.

We had a situation like this. An old van parked in a premium spot next to a coffee shop (small out door fast food outlet is a close description for coffee shop in Singapore ) for over a year. It had not moved and it was extremely dusty.
But it was legal. The parking and taxes were paid for. But I guess someone complained and it was moved eventually.

Reason for complaint? The coffee shop owner was using the old van to store his items. As storage space was at a premium, it was cheaper for him to get an old van and pay the normal parking rates than to actually pay for more storage space. Rent in Singapore is very expensive but season parking in public housing area is not too bad.
We never knew if it was a complaint or it was just that the van had to be moved and eventually scrapped. We just guessed it was a complaint cos we thought it was a very creative idea to save money and someone got jealous…

...

https://www.quora.com/A-car-in-our-neighborhood-has-not-moved-from-its-street-parking-space-in-over-3-years-and-parking-is-at-a-premium-It-is-properly-registered-and-parked-legally-Should-we-ask-the-car-owner-to-move-his-car-or-just-let
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1917
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #605 Posted: 23-Nov-2018 at 13:36
Во Гази Баба(од фб)



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1917
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #606 Posted: 12-Feb-2019 at 19:40
Еве како се паркира во Мичурин,поред бул.Трета Македонска Бригада(од фб)
Патем не е само тука има мал милион вакви локации низ градов,во строг центар паркираат во кал до колена(дивиот паркинг кај Корчагин,околу недоградениот Турски театар...)



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #607 Posted: 21-May-2019 at 17:37
А јас се чудам зошто толку паркирани коли и никој не ги санкционира МПЦ Комерц (има фотографии на линкот долу)

НА ПЛОЧНИКОТ НА ПЛОШТАДОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ЦРКВАТА НАПЛАЌА 1.000 ДЕНАРИ ДОНАЦИЈА ЗА МЕСЕЧНО ПАРКИРАЊЕ

Плоштадот Пресвета Богородица кој е пешачка зона пред истоимената црква во Скопје е претворен во паркинг, на кој за паркирање наплатува црквата, но полицијата не казнува за погрешно паркирање.

Целиот плочник пред црквата, просторот меѓу спомениците и фонтаните, како и делот пред новата барокна зграда каде се сместени владини институции и факултетот за филмска уметност е блокиран со коли. Но, на овој плоштад возилата никој не ги казнува, ниту ги подигнува пајак службата бидејќи сопствениците плаќаат на цркавата месечен билет за паркирање.

Редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК отиде пред црквата Пресвета Богородица и прашавме колку чини паркирањето и како може да добиеме паркинг место. Свештените лице во црквата ни рекоа да отидеме во куќарката која што е на влезот на плоштадот и човекот кој што го регулира паркирањето ќе ни објасни сѐ.

„Извинете ама немаме ништо слободно, пополнети се сите места пред црквата. И сега имаме поголем број од возила од што треба да има и од септември кога ќе почне факултетот со работа малку ќе го намалиме бројот. Паркирањето овде чини 1.000 денари месечно. Граѓаните кои доаѓаат во црквата за кратко да запалат свеќа или за крштевки и свадби не плаќаат“, ни рече вработениот кој го регулира и наплатува паркирање пред црквата.

Граѓаните кои досега го користеле овој паркинг велат дека парите ги уплаќаат како донација и слободно влегуваат и се паркираат на плоштадот.

Плоштадот Пресвета Богородица почна да се гради во 2013 година во рамките на проектот „Скопје 2014“. На него се изградени три фонтани со мермерни релјефи на кои стојат скулптури на свети Никола и свети Петар и Павле. Изградбата на Плоштадот ја финансираа Град Скопје и Општина Центар и чини околу 5,3 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-plochnikot-na-ploshtadot-presveta-bogoroditsa-tsrkvata-naplaka-1-000-denari-za-mesechno-parkirane/?fbclid=IwAR1XbICeKrO7e9NRWawsq2PwnSLY9RPxe--goVjJ7lo79v1Mv6wjbAts6dI
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1917
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #608 Posted: 21-May-2019 at 17:40
Срамота од се си прават бизнис и паркинг наплатуваат и згради ќе градат.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 356
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #609 Posted: 21-May-2019 at 18:41
Колку треба за паркингов?
- Колку што ќе дадеш чедо... 1.000 денари.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 140
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #610 Posted: 21-May-2019 at 22:45
Јас навистина не разбирам што е толку тешко на места каде веќе се паркираат возила, и имаат потенцијал да станат паркинзи, места претежно со кал до гуша (а не плоштади), да станат паркинзи. Разбирам дека има правни работи, ама од финансиски аспект се смешни цени за една општина (да не збориме за о. Аеродром).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1917
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #611 Posted: 22-May-2019 at 07:41
И ова да не е под МПЦ

---------------------------------------------------------------------

Слободно паркирање на плоштад, кеј и улица ,,Македонија“, Град Скопје повикува да не се плаќа за паркинг и да паркира кој каде сака


Ако го прочитате само насловот, како што многумина често прават, ќе погрешите и може да добиете казна или пајак да ви го однесе возилото, но само затоа што досега сте ги почитувале законите и прописите, уредно сте паркирале и плаќале и сте помислиле дека ова е вистина.

Не е точно ништо од ова што стои во насловот. Ова е само наш обид да го привлечеме вниманието на градските власти и да го регулираат она за што се платени и за што постојат. И секако , да ги направат условите за живот во Скопје еднакви за сите и да нема привилегирани , кои заради својата дрскост , користејќи ја неспособноста и мрзливоста на градските надлежни институции, се однесуваат како овие возачи:

Оваа фотографија е преземена од колегата Горан Михајловски, кој на својот ФБ профил напиша:



,,СООБРАЌАЕН ВОДИЧ ЗА ИДИОТИ И УПАТСТВО ЗА НЕНАДЛЕЖНИ:

Во свет ако влезеш со кола во пешачка зона ќе те уапсат, оти ќе мислат дека си терорист. Или ќе те пратат на психијатриско вештачење. А во Скопје, – влегуваш кај Плеј кафе на пешачката улица Македонија, возиш педестина метри па вртиш лево кај Пеко, пазиш да не го чукнеш бикот без опаш, или некоја клупа и канделабра, возиш уште дваесет-триесет местри, пазиш да не влезеш со кола во кафана и оп – се паркираш точно пред катната гаража, оти е глупо да плаќаш паркинг за у кафана. Можеш да си завршиш и работа во Министерство за финансии, може да тркнеш и до палатата на ВМРО, а може и во општинската организација на СДСМ да одиш на консултација за добро владеење. Па и во полиција можеш да пријавиш погрешно паркирање, тука е на 100 метри“-пишува Михајловски.

Или овој пример на планетарна дрскост, што преку фотографија ја прикажува граѓанин на истиот ФБ профил:



Охриѓанец паркиран пред влез на зграда кај ,,Краш“ зад Собрание во Скопје


Ова се само мал дел од примерите кои граѓани секојдневно ги постираат на социјалните мрежи. Но, не само таму. Често и интернет медиуми се занимаваат со овој проблем на дрскост од една страна , и непостапување на надлежните од друга страна.

Нашиот портал Ако.мк, често пишува за девијациите во градот, за неажурноста на надлежните, кршење на законите, нечистотијата, ѓубрето и слично.

Во неколку наврати јавно ги прашавме и Град Скопје и градоначаланикот Петре Шилегов, зошто кејот ,,13 Ноември“ пропаѓа, зошто ја ставија рампата кога е оставен простор од левата страна да помине автомобил и тоа се користи максимално? Зошто мора да има сервисна улица до згарадата на Телеком и зошто вработените не паркираат во подземната гаража на ГТЦ за одреден надомест,или на друго место пропишано со закон, како и сите други што работат наоколу….и зошто, зошто….?




Уште еднаш ги прашуваме Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов: Зошто не реагирате? Зошто дозволувате нееднаков третман на граѓаните? Зошто не ги спроведувате законите? Зошто не ги слушате барањата на лојалните граѓани и на јавноста? До кога вака?

Бидејќи, не може државата за едни да е мајка, за други маќеа. Произведувате анархија…..освестете се. И фатете се за работа за која сте изгласани, но платени од сите граѓани, и тие што ве гласале и оние што не ве гласале. Немате изговор!

Напомена: Насловот на текстот не ја одразува вистината за паркирањето во центарот на Скопје. Не преземаме никаква одговорност доколку ни поверувате и не го прочитате целиот текст. Насловот е само обид да го привлечеме вниманието на надлежните.

Емилија Лазаревска(за ако.мк)

https://ako.mk/слободно-паркирање-на-плоштад-кеј-и-ул/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 293031

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.267 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.