build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 293031
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1277
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #601 Posted: 30-Aug-2018 at 13:09
Конечно и овој простор да се уреди...

Што ќе никне на дивиот паркинг позади Македонска филхармонија

Изградба на нов парк на просторот зад објектот на Македонска филхармонија, кој со години беше неуреден најави денеска градоначалникот Петре Шилегов во одговор на советничко прашање на седница на Советот на Град Скопје. Тој одговори на прашањето на советник во Советот на Градот дали ни се заканува нова узурпација на овој простор од типот на Скопје 2014.

„Овој простор со години се користи како нелегален див паркинг. Бидејќи станува збор за неасфалтирана површина, на ова место паркираните возила разнесуваат прашина која дополнително го загадува воздухот и кал во дождливите денови која по напуштањето на паркингот се разнесува по улиците. Притоа подземниот паркинг под МОБ и Филхармонијата иако има огромен капацитет стои неискористен.“

Тој, додаде дека на ова место ќе биде изграден парк со површина од 14.000 м2 што го прави овој парк поголем и од Паркот на жената борец. Од овие 14.000 м2 за зеленило се предвидени околу 8.000 м2 во рамките на кои покрај постојните 23 дрвја ќе бидат засадени уште 60-тина нови садници. Остатокот од површината ќе биде зафатен со пешачки и велосипедски патеки, клупи, корпи за отпадоци, чешми, канделабри за осветлување и друго.
Овој простор е единствениот слободен простор во рамките на ДУП-от Мал ринг што остана незафатен од мегаломанските градби на проектот Скопје 2014. Ова го правиме и ќе продолжиме да го правиме затоа што на Скопје му недостигаат паркови и зелени површини, а не згради и споменици кои во изминатиот период беа градени и повеќе отколку што е потребно“ - нагласи Шилегов во одговорот на советничкото прашање.

https://faktor.mk/shto-kje-nikne-na-diviot-parking-pozadi-makedonska-filharmonija
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1872
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #602 Posted: 31-Aug-2018 at 11:24
fala bogu vise aman
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1277
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #603 Posted: 31-Aug-2018 at 11:32

Се надевам дека во скоро време ќе се најде некое слично решение и за оној во близина на Корчагин и ПС Кисела Вода.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 293031

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 7.000 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.