build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање и паркинзи (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334 47>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #621 Posted: 17-Sep-2019 at 11:47
Асфалтирање на паркинг кај Палома Бјанка(Од фб)



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #622 Posted: 26-Sep-2019 at 06:42
Originally posted by stef4o

Пред Сити Мол поставени заштитни бариери,тука обично застануваа таксисти...    (од фб)








Сега почнале да паркираат и застануваат поред конусите(од фб)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #623 Posted: 24-Oct-2019 at 16:29
Секојдневно се соочувам со оваа појава било како велосипедист или пешак но мислам дека џабе трупаат столпчиња на секој чекор,мора да се изнајде некое друго решение бидејќи вака речиси и ништо не се постигнува.Може да се оди на варијанта повисоки рабници со искучок на некои места каде треба да поминат велосипедисти.

------------------------------------------------------------------------------
Скопје станува општ паркинг, велосипедистите возат велеслалом





Групата скопски ентузијасти-велосипедисти сметаат дека толерирањето ќе го претвори Скопје во општ паркинг. Затоа бараат од Градот Скопје и од МВР да бидат бескомпромисни во казнувањето и во ослободување на велопатеките, бидејќи, според нив, движењето со велосипед, пеш, со бебешка количка, со помагала за движење е многу тешко. Апелираат луѓето конечно да почнат да паркираат во гаражите, дворовите, а инвеститорите да обезбедуваат паркинг



Скопје има сериозно голем проблем со паркирањето на јавни површини, па затоа политиките на казнување мора да се спроведуваат уште поажурно и помасовно. Сè додека се толерира паркирање насекаде, проблемите само ќе се акумулираат и Скопје место на град ќе личи на општ паркинг. Ова е ставот на групата скопски велосипедисти „На точак“ кои од Град Скопје и од МВР бараат да бидат бескомпромисни во ослободување на велосипедските патеки.

– Луѓето конечно треба да почнат да паркираат во гаражите, дворовите, а инвеститорите да обезбедуваат паркинг. При регистрација на возила да се покажува дека се поседува гаража или се има резервирано паркинг место. Бараме луѓето да се вреднуваат пред автомобилите, бидејќи движењето низ градот со велосипед, пеш, со бебешка количка или со помагала за движење е многу тешко, како да возиш велеслалом – реагираат од „На точак“.
Оттаму потсетуваат дека возилата се приватни предмети на ограничен број луѓе и кога се оставаат во јавен простор кој им припаѓа на сите, треба да се почитуваат одредени правила на однесување (паркирање) и наплаќање.

– Резервирањето на тој простор и неговото одржување нè чини буџетски средства, оттука зачудуваат реакциите на дел од граѓаните дека со наплаќањето се полнел буџетот. А што треба, да се празни и да се стимулира возење кола со јавни средства? Трошоците за паркирање треба да ги сносат оние што паркираат. Особено, кога тоа е направено нелегално со окупирање на постоечки пешачки и велосипедски патеки, велосипедски премини, зеленило, со што се загрозува безбедноста, се уништуваат површините. А се зголемува и нехигиената во градот, бидејќи со тркалата од возилата се разнесува кал и прашина од зелените површини наоколу – сметаат од „На точак“ .
Додаваат дека дури и кај легалните паркинзи, тој простор предвиден за паркирање можел да биде нешто друго (пешачка патека, велосипедска патека, лента за јавен превоз, зеленило, игралишта, места за седење) од поголем бенефит за заедницата и животната средина.

– Бидејќи не е, треба да се наплаќа и Градот и општините да имаат средства да го одржуваат тој простор, но и просторите од бенефит на заедницата. Ова се основни работи. Паркирањето е привилегија, не право. Од друга страна, здравата животна средина и безбедноста на животот во сообраќајот се навистина човекови права и мора да се заштитат – децидени се од „На точак“.

Од Градот велат дека во континуитет работат на ослободување на јавните површини, како и на пешачките и велосипедските патеки од паркираните возила.
– Заедно со јавното претпријатие „Улици и патишта“ во континуитет, таму каде дозволуваат условите, поставуваме заштитни столпчиња, со цел спречување на паркирање на возила на тие локации. Досега столпчиња се поставени на многу локации, каде имаме ослободени јавни површини за пешаците и велосипедистите – велат од градот и додаваат дека во координација со „Градски паркинг“ во континуитет работат на ослободување на јавните површини, во нивна надлежност.

Во однос на пешачките патеки и велосипедските патеки, како и сообраќајниците, градските власти велат дека се во надлежност на сообраќајната полиција.

– Во периодот од 1 септември до 17 октомври со специјалните возила „пајак“ се подигнати 1.875 возила од јавните површини. Станува збор за возила отстранети од зонските паркиралишта, како и по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице – потенцираат градските власти.

В недела велосипедски карван „Скопје на точак“

Сите заинтересирани од денеска ќе можат да се пријават за учество на велосипедскиот карван „Скопје на точак“, што ќе се одржи на трети ноември под покровителство на Град Скопје и во организација на Сојузот на спортови на Скопје.

Бесплатната регистрација и дополнителните информации може да се најдат на: www.skopjenatocak.mk. Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Се вози со диктирана брзина од 20 км/ч, предводен од полицијата и организаторот.

Караванот ќе почне од кај фонтаната „Лотос“, на булеварот „Илинден“ и завршува повторно кај фонтаната „Лотос“.

Освен тоа, организирана е и лотарија во периодот од 12.35 до 13 часот, во рамките на која ќе се доделат повеќе подароци: велосипеди, велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови. Минатата година, на првото издание од овој настан 1.300 лица се пријавија и излегоа на улиците со порака дека користењето на велосипед е добро за здравјето и за заштитата на околината.

(А.П.)

https://www.vecer.press/скопје-станува-општ-паркинг-велосипе/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #624 Posted: 08-Nov-2019 at 14:09
На центарот на Скопје му фалат најмалку 4.000 паркинг места, велат од ПОЦ

Во центарот на Скопје има значително поголема побарувачка на места за паркирање во споредба со капацитетот на постојните паркиралишта. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), само во делот на паркинг зоните со кои стопанисува, во моментов забележува недостиг на 4.030 паркинг места.

Од ова јавно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека располагаат со 5.173 обележани паркинг места на сите отворени и затворени паркиралишта со кои тие управуваат. Наспроти ова, бројот на активни кориснички договори за повластени паркинг карти за жители на општина Центар за прво возило во моментов изнесува 9.203.

Од „ПОЦ“ потенцираат дека надминувањето на проблемот со паркирањето во центарот на Скопје не може да се темели на драстично зголемување на изведбата на нови паркинзи, бидејќи аерозагадувањето и загадувањето на животната средина уште повеќе би се зголемило во иднина.

– Решението на проблемот го гледаме во подобрување на јавниот превоз и инфраструктурата на алтернативниот превоз (велосипеди, електрични тротинети) во градот Скопје – велат за „Мета.мк“ од „ПОЦ“.

Според нив, зголемувањето на бројот на паркинг места треба да се насочи исклучиво за задоволување на потребите на жителите од оваа општина. Во 2020 година, ова јавно претпријатие ќе изгради отворен монтажен паркинг со капацитет од 287 паркинг места во Дебар Маало позади општинските бараки. Со реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ ќе се добијат дополнителни 80 обележани паркинг места во Дебар Маало.

Од „ПОЦ“ информираат дека на територијата на општина Центар има околу 220 хаварисани возила кои ги зафаќаат постојните паркинг места. И за нивното дислоцирање се бара решение, со што би се ослободиле дополнителни паркинзи за возилата.

– ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ веќе е во процедура за добивање простор за депо наменето за хаварисани возила. Откако ќе заврши процедурата, ЈП „ПОЦ“ ќе почне со оплеменување и уредување на просторот и ќе стартува со ослободување на паркиралиштата од возила кои не се во возна состојба – посочуваат од „ПОЦ“.

Според податоците на Државниот завод за статистика, граѓаните на општина Центар во изминативе пет години набавиле над 1.500 дополнителни автомобили. На крајот на 2018 година на име на жителите од оваа скопска општина биле регистрирани 23.415 автомобили. Наспроти ваквиот податок, во Скопје на крајот од минатата година биле регистрирани вкупно 149.484 патнички автомобили.

https://meta.mk/na-czentarot-na-skopјe-mu-falat-naјmalku-4-000-parking-mesta-velat-od-pocz/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #625 Posted: 08-Nov-2019 at 16:51
А неколку катни гаражи не работат, на пример, таа кај НУБ се продава/издава, и не е во функција веќе подолго време додека истовремено плоштадот пред црквата Пресвета Богородица е претворен во бесплатен паркинг, а е на само 20 метри од гаражата.
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #626 Posted: 09-Nov-2019 at 12:22
Може да размислат за катни гаражи од 5-6 ката (без деловен простор) на место на монтажната позади Буњаковец и планираната монтражна во Дебар маало, како и подземни на повеќе локации (пример под „паркот“ кај Олимписки). А нема што ПОЦ да се занимава со јавен и алтернативен превоз, нивна работа е да обезбедат повеќе паркинг места.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #627 Posted: 18-Nov-2019 at 14:14
На Скопје му фалат 8.000 паркинг места, а „Градски паркинг“ нема пари за нови гаражи

На Скопје во моментов му недостигаат околу 8.000 паркинг места за да го реши проблемот со паркирањето на возилата, но ЈП „Градски паркинг“ нема доволно финансии за да инвестира во изградба на монтажни или катни гаражи со кои би се надминал ваквиот недостиг.

– ЈП „Градски паркинг“ – Скопје со моменталниот ценовник на услуги не обезбедува доволно финансиски средства за да инвестира во капитални објекти – информираат за „Мета.мк“ од ова јавно претпријатие.

Од претпријатието велат дека цените на услугите на претпријатието не се променети 10 години, додека една третина од нивниот вкупен промет отпаѓа на плаќањето комунална такса и ДДВ. Од ова претпријатие сметаат дека во иднина ќе мора да се зголемат цените на услугите за паркирање, што би довело до дестимулирање на возачите да користат автомобили во моменти кога не им се најпотребни.

Според Годишниот извештај за работењето на ЈП „Градски паркинг“ во 2018 година, бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станарите бил поголем од вкупната бројка на паркинг места со која управувало ова претпријатие. Трендот на пораст на ваквите дозволи растел од месец во месец, за во декември 2018 да ја достигне бројката од 8.852 бесплатни дозволи. Од друга страна, лани претпријатието имало ставено на располагање 8.324 паркинг места низ градот.

Од ЈП „Градски паркинг“ велат дека годинава во Општина Аеродром отвориле нови зони за паркирање со приближно 1.000 паркинг места, а претпријатието работело и на реализација на нови проекти во Општина Карпош, каде што со зонското паркирање би се вовеле околу 1.000 паркинг места со кои тие би управувале. Во делот на Општина Центар, ова претпријатие во блиска иднина до Советот на град Скопје ќе достави предлог за покачување на цените на нивните услуги за 50 отсто во одредени зони.

Покрај зголемувањето на цената на услугите на ЈП „Градски паркинг“, втора мерка што би можела да ги дестимулира возачите од користење автомобили е користењето алтернативни превозни средства. Сепак, бројките за користење на јавниот превоз покажуваат поинакви трендови. Во првите девет месеци од годинава со јавен превоз биле превезени 530.000 патници помалку од лани, додека намалувањето на интересот за користење јавен превоз во Скопје трае веќе шест години наназад.

https://meta.mk/na-skopјe-mu-falat-8-000-parking-mesta-a-gradski-parking-nema-pari-za-novi-garazhi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #628 Posted: 18-Nov-2019 at 14:19

Мислам дека низ градов треба повеќе да се практикуваат монтажни паркинзи наместо катни гаражи бидејќи во принцип повеќето од катните гаражи станаа деловни објекти а некои и се продаваат(мислам на онаа кај НУБ која ме чуди зошто е нерентабилна а е во Центар).Патем бројот на паркинг места кои недостасуваат е можеби и поголем бидејќи незнам дали ги имаат земено в предвид дивите паркинзи од кои како најголем би го издвоил оној кај гимназија Корчагин и уште којзнае колку такви има низ градов.
Деновиве повторно се актуализираше темата околу градба на катна гаража кај Автомакедонија но незнам дали ќе се реализира...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #629 Posted: 03-Jan-2020 at 15:54
Од среда паркирањето во Центар поскапо за 20 дена

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ)” денеска соопшти дека од 8 јануари, среда, паркирањето за еден час ќе чини 20 денари повеќе отколку досега. Цените, пак, на месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ЈП ПОЦ остануваат исти.

„Во Општина Центар живеат повеќе од 45.000 жители кои секојдневно се соочуваат со сериозен проблем со паркирањето и поминуваат по неколку часа во нивните автомобили барајќи слободно паркинг место. Одлуката за усвојување на новиот Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието, донесена од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на Општина Центар, едногласно беше изгласана од советниците на сите политички партии на последната седница на Советот на Општина Центар“, се вели во соопштението.

ПОЦ апелира до сите граѓани кои не се жители на Општина Центар да ги остават своите автомобили и да го користат повеќе градскиот и алтернативниот превоз (велосипеди, електрични тротинети итн.

https://meta.mk/od-sreda-parkiraњeto-vo-czentar-poskapo-za-20-denari/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #630 Posted: 05-Jan-2020 at 13:31
Проблемот со паркирањето во Скопје е равенка со многу непознати (инфографик + видео)



Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот од 2018 година на територијата на Град Скопје биле регистрирани 149.484 патнички автомобили. Оваа бројка значи дека на скопските улици се движат 18.844 повеќе автомобили во споредба со декември 2014 година, кога биле регистрирани 130.640 автомобили.

Во идентичниот период, бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз е намален за дури 8 милиони. Според документите за годишното работење на ЈСП – Скопје, во 2014 година биле регистрирани 52,9 милиони патници во јавниот превоз, додека четири години подоцна со градските автобуси биле превезени 44,7 милиони патници. Во вакви услови, клучното прашање што се поставува е каде ќе се паркираат сите 150.000 автомобили во главниот град.




Недостиг на паркинг места

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов минатата пролет изјави дека на градот му недостигаат околу 8.000 паркинг места за решавање на овој проблем. Од ЈП „Градски паркинг“ за „Мета.мк“ ја потврдуваат ваквата бројка, но потенцираат дека самите немаат доволно финансиски средства за да инвестираат во нови објекти за паркирање.

– ЈП „Градски паркинг“ – Скопје со моменталниот ценовник на услуги не обезбедува доволно финансиски средства за да инвестира во капитални објекти – посочуваат од ова јавно претпријатие.

Според Годишниот извештај за работењето на ЈП „Градски паркинг“ за 2018 година, бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станарите бил поголем од вкупната бројка на паркинг места со која располага ова јавно претпријатие. На крајот од 2018 година, тие издале 8.852 бесплатни дозволи, додека имале ставено на располагање 8.324 паркинг места. ЈП „Градски паркинг“ во моментов стопанисува со 9.245 паркинг места, но и издава повеќе бесплатни дозволи за паркирање поради годинешното вклучување на делови од општина Аеродром во зонското паркирање.

Со идентичен проблем се соочуваат и од ЈП „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ), кои располагаат со 5.173 обележани паркинг места во централното градско подрачје. Имено, бројот на активни кориснички договори за повластени паркинг карти за жителите на општина Центар за прво возило е 9.203, односно тие констатираат недостиг на 4.030 паркинг места.

Од „ПОЦ“ за „Мета.мк“ велат дека во 2020 година ќе изградат монтажен паркинг со 287 паркинг места позади општинските бараки во Дебар Маало, а со реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ ќе се добијат дополнителни 80 места за паркирање. Сепак, од претпријатие тврдат дека надминувањето на проблемот со паркирањето не може да се темели на изведба на нови објекти за паркирање, туку на подобрување на јавниот превоз во градот и на користење на велосипеди и електрични тротинети од граѓаните.

Неприфатливо е граѓаните да плаќаат за паркинг пред својот дом

Со ваквите констатации се согласува и професорката по урбанизам Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет при УКИМ. Таа потенцира дека граѓаните треба да ги менуваат навиките за движење низ Скопје, но пред тоа, институциите мора да подготват долгорочна стратегија по ова прашање. Градските власти треба да ги испитаат навиките на граѓаните и нивните секојдневни потреби за движење низ градот, а паралелно со тоа да набават нови превозни средства за јавен транспорт. За секои пет години работење на градската администрација треба да се постават приоритети што ќе се реализираат.

Професорката Пенчиќ нагласува дека постои регулатива со јасни прописи за обезбедување на минимален број на паркинг места за одредени намени, при што во самите ДУП – ови треба да се дефинира каде и како ќе се обезбедат паркинзите.

– Често се случува урбанистичките планови да планираат развој без да се испита реалната можност за обезбедување паркинзи, па проблемот се префрла кај оние кои треба да издаваат одобренија за градба. А токму таму е и најголемиот притисок за неисполнување на дадениот услов за обезбедување паркирање и често се лажираат проектите – посочува Пенчиќ.

Покрај надградбите на објектите без обезбедување на дополнителни паркинг места, професорката од Архитектонскиот факултет го нагласува проблемот со продавањето паркинг места во новоизградените згради, кои им се нудат на станарите по високи цени независно од домот што го купуваат.

– Како и да се претпоставува, сепак тие (н.з. паркинзите) веќе се влезени во цената на чинење на становите со одредување на цената на секој метар квадратен поединечно. Сигурно оној што гради не ги изградил со сопствени пари и на своја сметка – вели таа.

Покрај проблемот со недостиг на паркинг места на јавните паркиралишта и малверзациите што се прават со задолжителните паркинзи при изградба на нови објекти, голем проблем во Скопје е и непостоењето на иновативни решенија што би можеле барем да го ублажат недостигот на слободни места за паркирање.

Проектот „Паркирај и вози“ (Park & Ride) веќе деветта година чека да биде реализиран од страна на Град Скопје. Оваа идеја била вклучена во Планот за одржлив транспорт на градот уште во 2011 година, но досега не е изграден ниту еден паркинг на периферијата на Скопје што би можел да ги прими возилата на посетителите на главниот град. Овие паркиралишта на влезните точки на градот се замислени да постанат транспортни терминали, од каде што ќе поаѓаат автобуски линии и ќе има велосипеди за изнајмување до различни дестинации во Скопје. Секој граѓанин што ќе паркира на ваков паркинг ќе има и обезбеден јавен превоз до градот.

Од Секторот за сообраќај при Град Скопје за „Мета.мк“ тврдат во моментов немаат информации и насоки за реализација на проектот „Паркирај и вози“.

– Локациите за реализација на овој проект треба да се предвидат во деталните урбанистички планови што ги донесуваат општините во Градот Скопје – напоменуваат градските власти.

За повеќе информации во врска со инвестирањето во нови објекти за паркирање, од Градот Скопје не препратија за одговори до ЈП „Градски паркинг“, од каде пак веќе добивме податок дека немаат доволно финансиски средства за инвестирање во нови монтажни паркинзи.

Градските власти велат дека досега не е направена детална анализа за тоа колку навистина паркинг места недостасуваат во Скопје. Растечкиот број на автомобили, велат од Град Скопје, би можел да доведе до зголемување на проблемот со паркирањето, но тие не располагаат со конкретни бројки по ова прашање.

Мерки за решавање на проблемот

И додека властите имаат многу непознати равенки во решавањето на проблемот со паркирањето во Скопје, граѓаните преку сопствени иницијативи реагираат за надминување на проблемот со недостиг на паркинг места. Давор Давидовиќ ја има изработено мобилната апликација „Паркирај“, која има за цел да го автоматизира и дигитализира плаќањето зонски паркинг во Скопје и на возачите да им овозможи едноставно да најдат слободно паркинг место.

„Паркирај“ во наредниот период ќе објави статистика за фреквентноста на зоните за паркирање во Скопје. Давидовиќ потенцира дека најголем недостиг на зонски паркиралишта во моментов има во Карпош. Тој дополнува дека паркинг хаосот во градот е создаден поради конфузната распределба на паркинг зоните и недостатокот на пространи паркиралишта.

Најголем проблем, вели тој, е фактот што не е искористен потенцијалот на многуте податоци што се генерираат на дневна основа од зонското паркирање, кои би можеле да доведат до донесување на поинформирани одлуки за паркинг прописите во Скопје од страна на властите.

Подоброто ползување на податоците што се генерираат од секојдневното плаќање на паркингот е само една од мерките што може да се искористи. Самите јавни претпријатија нудат идеи со кои може да се реши проблемот со паркирањето во Скопје. Од ЈП „Градски паркинг“ велат дека градските власти ќе мора во иднина да преземат мерки за зголемување на цените за паркирање, што би ги демотивирало граѓаните да користат автомобил.

– ЈП „Градски паркинг“ – Скопје во скора иднина ќе достави предлог до Советот на Град Скопје за покачување на цените на услугите за 50 отсто, во одредени зони – информираат од ова претпријатие.

ЈП „ПОЦ“ веќе е во процедура за добивање на простор за формирање депо наменето за хаварисани возила. Според нивните проценки, само во општина Центар има околу 220 хаварисани возила кои ги окупираат местата за паркирање на возилата. На паркингот кај „Дом на градежници“ е зголемена цената на паркирањето на 250 денари за еден час за нерезиденти, со цел да се реши проблемот со недостигот на доволно места за жителите од околните згради. Не е исклучено слична мерка во иднина да стапи на сила и на други локации.

Катните гаражи од „Скопје 2014“ – пропадната инвестиција

Според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“, претходната владејачка гарнитура за изградба на само шест катни гаражи во главниот град потрошила фантастични 56.898.845 евра, односно во просек по 9 милиони евра за изведба на еден ваков објект за паркирање. Експертите посочуваат дека со овие пари би можело целосно да се реши проблемот со паркирањето во Скопје, ако се инвестирало во монтажни паркинзи низ градот. Овие објекти за паркирање чинат неколкукратно помалку, можат да се изведат на локации на кои во моментов постои хроничен недостиг на паркинг места и во иднина едноставно да се размонтираат.

Професорката Пенчиќ потенцира дека во моментов не може да се дојде до релевантен податок за вкупната бројка на паркинг места што постојат во Скопје. Сепак, таа вели дека клучниот начин за решавање на овој проблем се деталните урбанистички планови и нивната построга изработка во иднина.

– Единствена мерка која може да се пропише со новите ДУП – ови, а дополнително да не се зголемува, барем плански, проблемот со паркирање, е да се пропише задолжително задоволување на потребите од паркирање за новите градби во рамки на нивната парцела – нагласува професорката Пенчиќ.

Актуелните податоци за нашата земја покажуваат дека степенот на моторизација на македонските граѓани во моментов е далеку под просекот на ЕУ. Ако во 2017 година, во земјите – членки на ЕУ имало по 500 патнички автомобили на секои 1.000 жители, во Македонија оваа бројка изнесувала 195 автомобили на секои 1.000 жители. Бројките низ годините и искуствата од соседните земји покажуваат дека бројката на автомобили во Скопје ќе продолжи да расте и во наредниот период.

Следствено на ова, несериозниот пристап на властите, на инвеститорите и на граѓаните кон проблемот со паркирањето може единствено да го направи уште понеиздржливо живеењето во Скопје во текот на наредните години.

https://meta.mk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #631 Posted: 14-Jan-2020 at 07:56
Со милионите за катните гаражи од „Скопје 2014“ во целост ќе се решеше паркирањето

Погрешните политики за решавање на проблемот со паркирањето во минатото го направија уште поакутен недостигот на паркинг места во Скопје денес. Споредбените податоци што ги анализираше „Мета.мк“ покажуваат дека парите вложени во катните гаражи од „Скопје 2014“ ќе беа доволни за решавање на проблемот со недостигот на околу 8.000 паркинг места во главниот град, а ќе останеа и доволно средства за забрзан развој на јавниот превоз и за воспоставување на јавен велосипедски систем во Скопје.



Според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“, на „Призма“ изградбата на шест катни гаражи од проектот „Скопје 2014“ чинела вкупно 56,9 милиони евра, средства што се инвестирани од Градот Скопје, Општина Центар и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во периодот на владеењето на поранешната власт. Со овие средства, во главниот град се обезбедени 2.517 нови паркинг места, како и дополнителен деловен и комерцијален простор за изнајмување од страна на инвеститорите.

Ваквите бројки ги споредивме со цената на изградбата на последниот отворен монтажен паркинг во земјава, којшто лани беше подигнат во центарот на Куманово. За пуштањето во употреба на овој инфраструктурен објект биле потрошени 272.000 евра, при што со него биле обезбедени 80 паркинг места.

Ако се спореди цената на овој паркинг во Куманово со потрошените средства за катни гаражи во „Скопје 2014“, излегува дека во главниот град ќе можеле да се изградат дури 209 монтажни гаражи за паркирање, и тоа на локации каде што е неопходен дополнителен број на места за паркирање за граѓаните.

Наместо 2.517 паркинг места обезбедени со „Скопје 2014“, монтажните гаражни објекти за идентичната цена ќе обезбедеа 16.720 нови паркинг места во Скопје, што ќе овозможеше целосно решавање на актуелниот проблем со недостигот на паркинг места, но и ќе обезбедеше доволно инвестиции за решавање на овој проблем за многу години нанапред.

Сепак треба да се спомене дека монтажните гаражи се вбројуваат во групата на привремени паркиралишта, кои самите општини ќе можеа да ги демонтираат доколку во иднина се надмине недостигот на паркинг места на одредена локација. Демонтираните елементи од ваквите објекти можат повторно да се монтираат на некое друго место, каде што би се појавил проблемот со паркирање. Ова не е случај со катните гаражи од „Скопје 2014“, кои би морале да се срушат доколку не се потребни повеќе, а градежниот шут би можел да заврши единствено во депонија.

Бројките за изградените инфраструктурни објекти покажуваат дека изградбата на едно паркинг место во катна гаража од „Скопје 2014“ ги чинело буџетите на институциите во просек од 11.443 до фантастични 28.659 евра. Колку за споредба, во новоотворената монтажна гаража во Куманово изведбата на едно паркинг место чинело 3.400 евра.

Промашените решенија за проблемот со паркирање во главниот град можат да се увидат и ако се спореди капацитетот на некои од изградените инфраструктурни објекти во изминативе години. Па така, монтажната гаража во населбата Капиштец може да прими 193 автомобили, што е за над 20 возила повеќе во споредба со капацитетот за паркирање на катната гаража „Смилевски конгрес“ кај Музејот на холокаустот.

Градот Скопје во моментов има хронична мака со решавањето на недостигот на места за паркирање. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на автомобили континуирано расте, за на крајот на 2018 година да ја достигне рекордната бројка од речиси 150.000 регистрирани автомобили во Скопје. Притоа, изградбата на нови паркиралишта не го следи наголемувачкиот тренд на регистрирани нови возила на скопските улици.

https://meta.mk/so-milionite-za-katnite-garazhi-od-skopјe-2014-vo-czelost-ќe-se-resheshe-parkiraњeto-infografik/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2083
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #632 Posted: 14-Jan-2020 at 17:08
Само споредете ја цената на приватната катна гаража кај Бисер и тие од СК2015... 1:10 за ист број места...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #633 Posted: 14-Jan-2020 at 18:08
Да ама толку беше застанаа почнаа со зонско паркирање инаку многу подобро ќе беше низ Аеродром да има барем уште две такви гаражи или барем монтажни паркинзи особено за Стар Аеродром и Мичурин каде допрва ќе згуснува и ќе се бара место повеќе за паркинг поради непланското градење премасивни згради со недоволен паркинг простор.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #634 Posted: 06-Feb-2020 at 13:16
Ова е хаотичната ул.Симеон Кавракиров по спроведувањето на денешната голема акција на пајак службата во која беа отстранети над 30-тина возила....Е сега акцијата е можеби донекаде во ред но прашањето кое се наметнува е каде да се паркираат колите,ова поготово важи за сите оние згради градени пред 50-тина години кои немаат обезбеден паркинг...инаку да супер е вака улицата ко булевар изгледа,не памтам да сум ја видел ваква.

Фотки од утринава во прилог







Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #635 Posted: 06-Feb-2020 at 19:31
Се користат подземните гаражи на жолтите згради?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #636 Posted: 06-Feb-2020 at 21:44
Originally posted by Staro Skopje

Се користат подземните гаражи на жолтите згради?


Odgovorot bi bil delumno,pogolem del se pretvoreni vo magacini,teretani i toa e isto taka golem problem bidejki da se koristat maksimalno togaš nema da se sozdava haosot na ulicata no golem problem se i zgradite od sprotiva koi nemaat parking osven nekoi divo napraveni garaži i parkiranje vo kal i zemja megju zgradite.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #637 Posted: 06-May-2020 at 13:32
окалната самоуправа ќе го реконструира паркинг просторот во Карпош 3, (позади „Базаро“), со поставување на бекатон плочки, на вкупна површина од 900 м2. За таа намена, вчера започнаа подготвителните работи кои опфаќаат израмнување на теренот и тампонирање на подлогата.

Станува збор за површина која повеќе години беше запуштена, каде при неповолни временски услови се создаваше кал, а во летниот период и прашина. Притоа, ваквата состојба на овој потег придонесуваше кон поголемо загадување на околината.





https://www.facebook.com/OpstinaKarpos
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #638 Posted: 12-May-2020 at 12:30
Нов паркинг се гради во непосредна близина на новиот парк во Мичурин. Местото кое до пред некое време беше напуштена локација и депонија под Железничката станица, прерасна во прекрасен парк.







https://www.facebook.com/marinzlatko/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #639 Posted: 20-Jun-2020 at 13:49
Што беше тоа паркинг?

Темата за паркингот во Скопје е нус производ на македонскиот урбанизам и македонската легислатива. Последните 30 години, проблемот се зголемува бескрајно без сериозен пристап и стратегија. Впрочем Скопје и „нашата земја“, како во последно време многумина милуваат да кажат, немаат баш јасна визија за својот развој или бар мислат дека имаат.

Паркинг просторот како недостаток започна со градежниот бум во Буњаковец, потоа Дебар Маало и останатите населби кога пораснаа висините на објектите во урбанистичките планови, тогаш од куќи добивме згради насекаде.

Следејќи ги важечките правилници за урбанистичко планирање, паркинг просторот се предвидува уште во проектирањето на станбените објекти. Но, сите кои се во струката знаат дека често проектите се прават онака како би ги задоволиле правилниците се до добивање на дозволата, а потоа при изведбата магично исчезнува целото подземно ниво, или второто предвидено ниво. Според дадените равенки, вие проектирате паркинг места за да ги задоволите стандардите, но дали тоа докрај се спроведува постојат примери кои го докажуваат процесот на манипулација.

Проблемот настанува потоа. Никој од општините, ниту градот врши контрола на тоа што е изведено, што значи многу работи од проектот кој добил дозвола за градба можат да не постојат во реалноста што е своевидна измама. Вие можете да купите стан, но никако не сте обврзани да купите паркинг место. Истовремено инвеститорите ги креваат цените на паркинг местото, па истото може да достигне цена и до 5000 евра во просечен станбен објект. Работите во некои сегменти се променети, но далеку од решени.

Решението треба брзо да се донесе преку промена на законите и брзо стапување во сила – секој станбен објект мора да е врзан со паркинг место, притоа тоа да е неделиво во катастар. Без паркинг место – нема имотен лист за стан. Постапката звучи ригорозно, особено за луѓето кои немаат автобомили, или не сакаат да имаат, но доминатниот дел од луѓето поседуваат автомобили дури и повеќе од еден. Истовремено цената за паркинг местото која треба да е вклучена во вкупната цена на станот може да се дефинира и стандардизира како не би имало злоупотреба.

Во општество каде менталитетот лесно се приспособува на хаосот, т.е најчесто своите постапки ги оправдува преку примерот на останатите кои се огрешиле пред системот, влегувајќи во општата маса која го создава проблемот, мора да се донесат регулативи и истите бескомпромисно да се спроведуваат. Во овој контекст имаме дузина примери, каде сопственици на гаражи воопшто не паркираат во нив, а истите ги пренаменуваат, изнајмуваат и продаваат, додека своето возило го паркираат на јавните паркинзи, на тротоар или во тревник.

Во времето на минатите власти, идејата за метропола која треба да го реши паркинг просторот во центарот на градот, продуцира огромен број на катни гаражи окупирајќи вредни парцели, каде требаше да се предвидат јавни функции за градот. Па така имаме катна гаража меѓу ПТТ комплексот, уште една веднаш залепена до кулата, катна гаража до Скопската тврдина, проширување на подземната гаража под МОБ и уништување на најатрактивниот партер во градот, едноставно гаражи насекаде.

Тоа значи трошење на највредниот простор во државата со цел секој да е по можност возилото да го остави пред работното место, наместо да креираме простор за објекти од културата, образованието и слични дејности. Во малиот ринг, не требаше да се дозволи трошење на земјиштето во ваква цел, туку стимулација на квалитетен јавен превоз, додека гаражирањето да излезе вон рингот.

Приложениот пример кој може сликовито да ве внесе во проблемот е позициониран во општина Кисела Вода, на просторот меѓу населбите 11 Октомври-згради и 11 Октомври – бараки, каде во идниов период следува реализација на урбанистичкиот план со повеќе нови станбени објекти.

Притоа урбанистичкиот план предвидува целосно окупирање на површините вон просторот за градба за паркинг ( околу објектите, долж улиците итн.) со што добиваме повторно улица без дрворед. Колку вреди алчноста кон комуналии, кога не одвојуваме 3 метри од двете страни на една улица, вкупно 6 м, за да дефинираме дрвореди кои се белег на Скопје, природна климатизација за летните денови, прочистувачи на воздухот ….. ?

Овој проблем постои и таму каде е направена штетата, останува во вечноста, но се што правиме од тука натаму може да се превенира и навреме да се интервенира. Прашањето е што ќе се случи со оваа нова населба, со овој урбанистички план, дококлу една зграда веќе продуцирала зафаќање на половина од јавните паркинг површини долж улицата, на која треба да се придружат уште нови 7 објекти ?!









https://marh.mk/shto-beshe-toa-parking/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #640 Posted: 29-Jun-2020 at 16:26
Согласно Одлуката на Советот на Општина Центар на ул. “8-ма Ударна Бригада” не е предвидено паркирање. Во соработка со МВР сите возила кои ќе бидат затекнати на оваа улица ќе бидат отстранети со специјалното возило “Пајак”.



https://www.facebook.com/sasha.bogdanovik
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334 47>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.238 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.