build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање и паркинзи (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4041424344 47>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #821 Posted: 28-Dec-2021 at 20:55
Ццц... Мора секое убаво нешто да се расипе.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 566
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #822 Posted: 28-Dec-2021 at 21:33
А баш се израдував кога видов дека улицата кај влезот на чаршијата и карпошово плоштадот е затворена и нема коли, а беше хаос.
Мора тие коли некаде да се префрлат и еве ги во паркто, а катната е на два чекори...Таму треба и паркингот позади црквата да се затвори.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #823 Posted: 28-Dec-2021 at 21:55
Tipicna makedonska rabota. Podednakvo otsustvo za red i samodisciplina i kaj graganstvoto i kaj vlastite. Vakviot pristap e glavniot izvor na site problemi.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #824 Posted: 07-Jan-2022 at 16:15
Тетово: 400 паркинг места, а 40 000 возила

Како и секоја година, така и оваа година, сообраќајниот метеж во градот Тетово се уште е присутен. Блокирани патишта, особено главната улица на влезот и излезот од градот. Решение нема. Новата администрација на општина Тетово вети дека брзо ќе го реши овој проблем, но сега велат дека се раток период на чело на општина Тетово за да можат да го решат овој проблем“.

Жителите се жалат дека во текот на денот се потребни речиси половина час да се стигне од едниот до другиот дел на градот во центарот. Бараат надлежните да преземат мерки.

“Ниту можеш да возиш, ниту патник можеш да земеш. Ништо. Подобро воопшто да не излегуваме. Нервозата е голема, но пак исто е. како што реков, подобро да не се излегува. Се преземаат некои мерки, но привремени месец-два и стагнираат и пак продолжува истото. Тетово е Тетово не се менува“.

„Ова многу им пречи на возачите. Сообраќајните знаци не се почитуваат. Ова многу ме нервира затоа што јас сум положил во поранешна Југославија. Ова е поради непочитување на сообраќајните знаци и второ, инфраструктурата, урбанистичкиот план кој е штетен за целото население“.

За да се избегне сообраќајниот хаос, за паркирање отворени се два училишни дворови во градот. Запрашан за решението на овој проблем, градоначалникот Билал Касами истакна дека следната недела ќе го обелодени планот за долгорочно решение.

“Идентификувавме две парцели на кои може да се градат катни гаражи кај Пазарот, а со урбанистичкиот план ќе се предвидат уште две парцели за катни гаражи кај судот и на Попова Шапка. Со ова се предвидува бројот на паркинг места да достигне над 1500“, изјави Билал Касами Градоначалник на општина Тетово.

Тетово во моментов има околу 400 паркинг места, а 40.000 регистрирани автомобили. Овој број се зголемува кога во сезона доаѓаат иселениците . Поради ова со години се создава сообраќаен хаос, а решение немало

https://alsat.mk/mk/tetovo-400-parking-mesta-a-40-000-vozila/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #825 Posted: 11-Jan-2022 at 18:26
„Пајаците“ на ПОЦ креваат возила и на улиците што се граница меѓу две општини

Граѓани реагираат дека ПОЦ им подигнува возила и таму каде што нема надлежност, како на пример на улиците што се граница меѓу Центар и друга општина, какви што се Рузвелтова и Јужен булевар.

„Пајаците“ на јавните претпријатија „Паркинзи на Општина Центар“ и на „Градски паркинг“ секојдневно подигаат десетици неправилно паркирани возила на јавните површини низ Скопје. Автомобили оставени на зелени површини, на тротоари, на паркинзи наменети само за жителите, на одредена улица или пред објекти каде што не е дозволено паркирање само за „минутка да се тркне“ до маркет или до банка – се ситуациите што покажуваат дека на некои граѓани сериозно им недостасува сообраќајна „култура“, па и кога станува збор за правилно паркирање.

Отстранувањето и преместувањето на возилата секогаш се врши по налог на полицијата, а околу надлежностите, како што е познато, ПОЦ е активен на територијата на Општина Центар, додека надлежностите на „Градски паркинг“ се протегаат на територијата на целиот град.

Граѓани реагираат дека ПОЦ им подигнува возила и таму каде што нема надлежност, како на пример на улиците што се граница меѓу Центар и друга општина, какви што се Рузвелтова и Јужен булевар.

„Пајаците“ на јавните претпријатија „Паркинзи на Општина Центар“ и на „Градски паркинг“ секојдневно подигаат десетици неправилно паркирани возила на јавните површини низ Скопје. Автомобили оставени на зелени површини, на тротоари, на паркинзи наменети само за жителите, на одредена улица или пред објекти каде што не е дозволено паркирање само за „минутка да се тркне“ до маркет или до банка – се ситуациите што покажуваат дека на некои граѓани сериозно им недостасува сообраќајна „култура“, па и кога станува збор за правилно паркирање.

Отстранувањето и преместувањето на возилата секогаш се врши по налог на полицијата, а околу надлежностите, како што е познато, ПОЦ е активен на територијата на Општина Центар, додека надлежностите на „Градски паркинг“ се протегаат на територијата на целиот град.


Граѓани реагираат дека сепак Пајак-службата на ПОЦ им подигнува возила и таму каде што нема надлежност, како на пример на улиците што се граница меѓу Центар и друга општина.

Неодамна возилото ми го крена „пајак“ на ПОЦ, а бев паркиран на Јужен булевар од страната на Општина Кисела Вода. Ги затекнав додека го креваа возилото и морав да платам веднаш казна за да не ми го однесат во депо, притоа им укажав дека немаат надлежност да ми го подигнат возилото на страната каде што паркирањето е дозволено и не се наплатува. Но, џабе – револтирано ни ја раскажа својата случка Александар од Ѓорче Петров.

На прашањето дали „пајакот“ има надлежност да подигнува возила на цела улица на улиците како што е Рузвелтова, која е граница меѓу Карпош и Центар, или на Јужен булевар, од ПОЦ велат да, во ретки или во итни случаи.

– Возилата што се отстрануваат од улиците што граничат со соседните општини се третираат исклучиво по налог на овластено службено лице при Министерството за внатрешни работи – Сообраќајна полиција за јавни сообраќајни површини – велат од јавното претпријатие.

Оттаму прецизираат дека во случај на крајна итност, како што е пожар за да се обезбеди приод на пожарникарски возила или доколку треба да се ослободи простор за делегација, тогаш по налог на полиција ПОЦ може да интервенира и на локации што не се во негова надлежност. Полицијата почесто ги повикува, како што велат токму на „граничните улици“, а исклучително ретко на други улици каде надлежноста е на „Градски паркинг“, којшто располага и со повеќе возила „пајак“.

Отстранувањето или преместувањето на непрописно паркираните возила на територија на Општина Центар го врши Пајак-службата, по издаден налог од овластено службено лице при Министерството за внатрешни работи – Сообраќајна полиција за јавни сообраќајни површини; и по исклучок, може да се изврши по барање на корисник на паркиралиштето доколку барателот за преместување или отстранување на возилото е корисник на резидентниот паркинг-простор под надлежност на претпријатието и возилото коешто треба да биде отстрането или преместено не е евидентирано под режимот на возила на резидентниот паркинг, односно нема валидна паркинг карта – го објаснуваат од ПОЦ секојдневното функционирање на Пајак-службата.

https://www.slobodenpecat.mk/pajacite-na-poc-krevaat-vozila-i-na-ulicite-shto-se-granica-megju-dve-opshtini/

Edited by stef4o - 11-Jan-2022 at 18:26
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #826 Posted: 15-Jan-2022 at 16:24
ТЕТОВО ЌЕ ГО ПОСКАПИ ПАРКИРАЊЕТО И ЌЕ ДОБИЕ НОВИ 2.850 ПАРКИНГ МЕСТА, НА ПОПОВА ШАПКА ЌЕ СЕ ГРАДИ КАТНА ГАРАЖА

Цените за паркирање во Тетово од 28 јануари ќе бидат повисоки за 10 денари. Оваа одлука беше донесена на последната седница на Советот на Општина Тетово. Покачувањето е со цел да му се помогне на „Градски паркинг“ да излезе од финансиската криза и поради тоа што цените не се променети од 2015, кога е основано јавното претпријатие.

„Цените на зонското паркирање се покачени за 10 денари, па така во А зоната ќе изнесува 40 денари за еден час, а во Б зоната 30 денари. Покачени се и годишните карти, при што на затворените паркинзи место 1.500 денари, отсега ќе се наплатува 3.000 денари, а на зонските паркинзи цената е зголемена од 3.000 на 4.500 денари и ова важи само за жителите од зградите во зоната на паркингот. Со овие нови цени се надеваме дека претпријатието ќе може да се рестартира и да има месечен прилив на средства колку да може да ги подмири основните трошоци на работењето, додека настанатите загуби од изминатиов период ќе се сервисираат преку изградба на нови паркинг места во текот на оваа година. Долгот на претпријатието изнесува 236.000 евра“, вели Игор Додевски, новиот директор на ЈП „Градски паркинг“ во Тетово.

Излез од тешката состојба која настанала поради недомаќинското работење на претпријатието во претходните години градоначалникот Билал Касами гледа во изградба на нови паркинзи. Неговиот амбициозен план предвидува 2.850 нови паркинг места, па со постоечките 640, до крајот на годината Тетово би требало да има околу 3.500 паркинг места. Овој план ќе се реализира по етапи.

„Во првата фаза јануари-март ќе имаме дополнителни 195 паркинг места на зонските паркинзи и 230 во затворените паркинзи. За нив е потребно да се добие сообраќаен проект и согласност од СВР Тетово. Во втората фаза април-јули предвидуваме 415 нови паркинг места во затворените паркинзи. За оваа фаза ќе треба да се извршат геодетски мерења, да се подготват инфраструктурни и сообраќајни проекти и да се добијат соодветни дозволи и согласност од СВР Тетово. Во третата фаза, во периодот јули-септември, ќе се обезбедат дополнителни паркинг места на двата најголеми булевара во градот, 180 на Илинденска и 150 на Благоја Тоска. Четвртата фаза, која ќе биде до крајот на годината, ќе донесе уште 130 места во затворените паркинзи“, најавува Касами.

Како петта фаза тој најави изградба на катни гаражи кај пазарот и судот со вкупно 630 места, како и катна гаража на Попова Шапка со капацитет за 924 возила.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tetovo-ke-go-poskapi-parkiraneto-i-ke-dobie-novi-2-850-parking-mesta-na-popova-shapka-ke-se-gradi-katna-garazha/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #827 Posted: 15-Jan-2022 at 17:41
„Градски паркинг“ ќе го средува хаосот на паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Тројца вработени во „Градски Паркинг“ заедно со вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје од понеделник ќе прават ред и ќе го организираат паркирањето во кругот околу болниците. Истовремено, јавното претпријатие се обврза да постави и дополнителни патокази за известувања со цел подобра организација на паркинг просторот, а во иднина во соработка со Градот Скопје ќе се работи и на зголемување на бројот на местата за паркирање.

Како паркинг локација каде секогаш има гужви и поголем број на возила отколку паркинг места, Клиничкиот центар денеска го посети директорот на „Градски паркинг“, Бојан Христовски. Тој апелираше паркинг просторот да се користи само ако е неопходно при користење на услугите во болниците од Клиничкиот центар, а за плаќање да се користат паркоматите, за да се избегне гужвата пред пунктовите за наплата. На паркингот има два пункта за наплата и два паркомати со упатство за користење на три јазици.

Овој паркинг има 832 паркинг места и дополнително пет за лица со попреченост и четири места за мајки со дете. За вработените се издадени околу 2.200 паркинг дозволи.

https://meta.mk/gradski-parking-kje-go-sreduva-haosot-na-parkingot-vo-klinichkiot-centar-majka-tereza
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #828 Posted: 16-Jan-2022 at 18:06
Кај QBE паркингот го реасфалтираа, ама заборавија да обележат паркинг-места...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #829 Posted: 17-Jan-2022 at 16:30
Пред МТСП,во делот околу поранешно БЕКО(од фб)







Скоро цел строг центар е претворен во див паркинг на секој слободен плочник каде нема високи рабници и столбчиња.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #830 Posted: 19-Jan-2022 at 13:02
СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ВМРО ОД 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА СТАНА ПАРКИНГ И НИКОЈ НЕ КАЗНУВА, А Е ПРЕД КАНЦЕЛАРИИТЕ НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“



Коли секој ден слободно се паркираат на Плоштадот ВМРО во строгиот центар на Скопје. Откако летово поради градежни работи на градилиштето на ТЦЦ „Плаза“ (поранешно „Беко“) работници ги тргнаа столпчињата за да можат да пристапат камионите, возилата влегуваат по пешачката патека и ја окупираат. Дел стојат паркирани и пред белата палата на партијата ВМРО-ДПМНЕ, но никој не ги казнува.

На Плоштадот ВМРО се наоѓаат простории на ЈП „Градски паркинг“, а само неколку метри подолу и канцелариите на директорот на претпријатието и службите.

Вработените во околните дуќани и банки велат дека коли по цел ден минуваат низ плочникот и никој не одговара на нивните барања да се прати пајак служба или инспектори и комунални редари за да ги казнат.

Од Општина Центар велат дека Плоштадот ВМРО е под надлежност на Град Скопје и тие треба да постават столпчиња и да го решат проблемот со паркирани коли.

Од Град Скопје не добивме одговор на нашето прашање иако прашањата до кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска ги испративме пред два дена.

Плоштадот ВМРО беше изграден во 2016 и чинеше околу 1,5 милиони евра, пари кои беа обезбедени од буџетот на Град Скопје. Фонтаната е изведена по идејно решение на Елена Дуковска. На врвот стои лав, а на столбот релјефи од историјата на ВМРО.

Просторот околу Плоштадот ВМРО со години е запуштен, валкан и несреден. Барокните канделабри кои ексградоначалникот Коце Трајановски ги постави на Плоштадот ВМРО по неговата изградба, четири години стојат расфлени низ плочникот, уништени и затрупани со ѓубре. Откако инвеститорот на хотелот ТЦЦ „Плаза“ почна со изградба на новиот објект, канделабрите беа извадени и оставени да стојат на плоштадот. Освен што се оштетени и искршени, служат и како канти за отпадоци, а на нив висат закачени кеси со ѓубре и пластични шишиња. Исто така, го блокираат и движењето низ плоштадот, а оштетен е и плочникот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopskiot-ploshtad-vmro-od-1-5-milioni-evra-stana-parking-i-nikoj-ne-kaznuva-a-e-pred-kantselariite-na-gradski-parking/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #831 Posted: 19-Jan-2022 at 13:06
Во Аеродром ќе се решава проблемот со паркирањето, кај Мајчин дом ќе има нови 56 паркинг места

о обид да се изнајде соодветно решение за овој долгогодишен проблем, а на иницијатива на станарите од зградата кај Мајчин дом, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, одржа средба со граѓаните од овој дел на Општината.

Паркирањето во Општина Аеродром и немањето доволно слободни паркинг места за локалното население е проблем кој се провлекува со години наназад во оваа скопска општина. Во обид да се изнајде соодветно решение за овој долгогодишен проблем, а на иницијатива на станарите од зградата кај Мајчин дом, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, одржа средба со граѓаните од овој дел на Општината.

Тие ги соопштија нивните тековни проблеми од кои најголем проблем им е паркинг просторот. Во текот на 2022 година ќе ја почнеме и завршиме постапката за асфалтирање и обележуваме на просторот зад Мајчин Дом и на тој начин ќе обезбедиме нови 56 паркинг места. Дополнително, во соработка со Градски паркинг ќе изнајдеме решенија за проблемите со паркингот и на други локации ширум нашата општина. Ќе направиме сè што е во наша моќ и за зградите кои не се опфатени со зонското паркирање да смеат да паркираат на обележаните места – истакна градоначалникот Муцунски.
Тој меѓу другото најавува и дека токму ваквите средби со локалното население ќе станат редовна пракса.

Се запознав со проблемите и барањата кои ги имаат овие луѓе и можам да ветам дека ќе направам сѐ што е во моја моќ за истите да се решат. Како нова локална власт ќе ги сослушаме сите граѓани и ќе најдеме заедничко решение за нивните проблеми – заклучи градоначалникот на Општина Аеродром.
Во својата предизборна програма, Муцунски вети дека до крајот на својот мандат, како локална самоуправа ќе обезбедат 3 000 нови паркинг места.

https://www.slobodenpecat.mk/vo-aerodrom-kje-se-reshava-problemot-so-parkiranjeto-kaj-majchin-dom-kje-ima-novi-56-parking-mesta/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #832 Posted: 19-Jan-2022 at 21:12
уште колку години по ред правење на нови паркинг места ќе се смета за решавање на проблемот?
идиотски е тоа што овие места кај мајчин дом се прават кај што не треба, за станартите на бјект што не треба да е таму, и има паркинг простор но никој не го купува... не е проблем, слободно работете против интересот на цел град за да се задоволат луѓе од 50 стана
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #833 Posted: 20-Jan-2022 at 18:36
За викенди и државни празници бесплатен паркинг кај „Дом на печат”

За време на викендите, сабота и недела, и на државни празници, на јавното паркиралиште „Дом на печат” рампите ќе бидат кренати и паркингот ќе биде бесплатен, информираат од Град Скопје.

Како што велат оттаму, одлуката се должи на повторното ставање во употреба на жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и можноста бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП на линиите со број 25 (Транспортен центар – Средно Водно), број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б („Дом на печат” – Средно Водно)

Дополнуваат дека на јавното паркиралиште зона А0, на Средно Водно, за време на викендите (сабота и недела) и државните празници, ќе биде зголемен бројот на контролорите за паркирањето и на инкасантите за наплата.

Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на обележаните паркиралишта во градот и да го чуваат зеленилото и јавните површини од оштетување.

https://www.slobodenpecat.mk/za-vikendi-i-drzhavni-praznici-besplaten-parking-kaj-dom-na-pechat/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #834 Posted: 28-Jan-2022 at 18:07
Аеродром презема сопственост на некогашното зеленило зад Мајчин Дом за да гради паркинг



Општина Аеродром ќе прави паркинг-простор за 56 возила зад Мајчин дом. Се работи за локација меѓу домот и веќе постоечкиот зонски паркинг, позади контроверзната зграда на „ЗСФ-КОМ“, каде вирееше зеленило пред налетот на урбанизација и нови возила во овој дел oд скопската општина.

Веста за нов асфалт и обележување на делот зад Мајчин Дом на Фејсбук ја најави новиот градоначалник Тимчо Муцунски, откако локални жители на средба со него побарале да им се реши проблемот со паркирање.

Од Аеродром за Радио МОФ велат дека просторот неколку години претставува запуштено и неуредено место, на кое некои граѓани се паркирале на диво.

„Во моментов сме во фаза на пренос на земјиштето во сопственост на Општина Аеродром. На тоа место ќе биде изработено сообраќајно решение, според кое ќе се предвидат 56 нови паркинг-места и со тоа ќе се реши проблемот на станарите од зградата и околните места. Исто така, е разговарано со станарите за во комуникација со ЈП ‘Градски паркинг’ и таа зграда да се вклучи во системот за зонско паркирање што уште повеќе ќе придонесе кон ублажување на недостатокот на паркинг-места. За сите други активности со процесот на трансфер на сопственоста на земјиштето и негово уредување јавноста ќе биде навреме известена“, посочуваат општинарите.

Според Катастарот се работи за парцелата 192/4. Во имотниот лист моментално стои дека е во државна сопственост на површина од 1.495 метри квадратни. Во ДУП-от И10 парцелата уште претходно е впишана како „паркинг 14“.



Проблемот со паркирањето кај Мајчин дом не е случаен“

Откако општината даде државни зелени површини да се претворат во градежно земјиште, а сега практично едната од нив повторно ја враќа во сопственост да прави паркинг, постои скепса и за новото решение на Муцунски.

„Сите градоначалници забораваат една работа, дека проблемот не се решава отпосле, туку однапред. Односно се работи на соодветен урбанизам за да не создадат проблеми. А, секое решавање отпосле, тоа е изнудено решавање на сметка на јавна површина, дали е тоа тротоар, зеленило, игралиште за деца… затоа што не можат да измислат друг простор“, забележува архитектката Сања Раѓеновиќ Јовановиќ.

Според неа, кога се буни стручната јавност – не е случајно. Проблемот со паркирањето кај Мајчин дом, исто не е случаен. Тој дошол уште пред да се изгради зградата.

„Кај нас стихијно се одвиваат работите, односно само е важно да се изградат згради без разлика дали исполнуваат и други урбанистички параметри. Зградата е на несоодветно место со несоодветна висина и квадратура. Според закон треба да ги исполнува условите и само на тој начин да добие Одобрение за градење. Тоа значи, организирано паркирање во рамки на сопствената парцела, како за тие 248 стана од зградата (правилникот вика 1,5 паркинг места), така и за локалите, трговските единици од приземјето (1 паркинг место на 70 квадрати вкупно изградена површина), за кои треба да се обезбеди паркирање. Тоа, очигледно, не е направено“, посочува таа.

Проблемот би станувал се’ поголем со тоа што во непосредна близина е спортската сала, за која вели дека има несоодветен број паркинг места согласно намената. Исто така, го споменува конкурсот за Градска болница на местото на Мајчин дом, кој спектакуларно бил прикажан како решение за да се тргне гужвата од центарот на Скопје.

„Се’ е тоа во ред, но не на сметка на гужва на друго место. Во овие услови како функционира тој простор таму, а функционира лошо, во ситуација кога градската болница не е изградена, кога во спортската сала за жал немаме случувања, во овој момент најголем проблем прави зградата. Затоа, урбанизмот постои, урбанизмот е тој што ги предвидува проблемите и ги решава за да не настанат. Бидејќи кај нас урбанистичко планирање не постои, туку само исцртување површини за згради и додавање квадратури и спратови, ова ни се случува секојдневно и секаде“, забележува Раѓеновиќ Јовановиќ.

„Само кај нас паркирањето се третира како право“

Андреа Јанков, магистер инженер архитект, е на ставот дека само кај нас паркирањето се третира како право, иако реално е само потреба за времено одлагање на патничкото возило.

„Па така, во зависност од кога датираат деталните урбанистички планови, односно по кој правилник се изработувани (правилниците и законот за градење се менуваа повеќепати во последниве 10 години), се зема 1 паркинг место на стан во централно градско подрачје, 1 место на стан за станови до 50м2, 1,2 од 50-90м2 и 1,5 за станови над 90м2 (по стари правилници, но важечки ДУП-ови) или на 80м2 станбен простор по 1 паркинг место колку што изнесува по важечки правилник. Истите, во општите и посебните услови дадени според урбанистичкиот план, може да се решаваат во рамки на локацијата, или делумно или целосно да е назначено дека се обезбедуваат на јавен паркинг во непосредна близина. Оние кои се наоѓаат во рамки на објектот, односно најчесто во подземните нивоа или приземјето, се впишуваат во имот лист како паркинг места или гаражи и инвеститорот може да ги продава. Оние кои се решени во партерот на локацијата се заедничка сопственост на зградата. Паркинг местата кои се дедицирани како општински паркинг места служат практично само за да се исполнат условите за објектот, и никој не гарантира сопственост, односно таму станарите паркираат врз основа на месечен закуп“, објаснува тој.

Во случајот со парцелата со зградата на „ЗСФ-КОМ“ на ДУП И10, зад објектот има „паркинг 14“, за кој вели дека најверојатно е измислен за да ги задоволи потребите на возила кои несоодветствуваaт во рамки на локацијата.

„Но, без увид во општите и посебни услови, односно текстуалнито дел од ДУП-от, кој патем општините не го објавуваат, туку само графичките прилози, не можам со сигурност да тврдам дали е таков случај“, посочува Јанков.

Во секој случај, нагласува тој, рамислувањето во правец на нужност на обезбедување простор за паркирање е едноставно погрешен.

„Паркирањето не е од бога дадено право. Едноставно, ако нема паркинг место во склоп на објектот, ниту во негова близина, станарот треба да се помири со фактот дека нема каде да го одлага автомобилот, и треба да се запраша дали треба да го поседува. Односно да се одлучи дали сака да живее во зграда, па и населба каде нема можност за паркирање, и да користи алтернативен транспорт, во вид на велосипед или јавен транспорт, или да одбере да живее на друго место каде има можност за паркирање?“, вели Јанков.

Развојот на градовите и населбите треба да се гледа токму во тој правец, да се планираат населби во пешачки зони, смета Јанков, каде единствен пристап за возила би бил за амбуланто, проотивпожарно или полициско возило. Самите станари да избираат дали сакаат да живеат во анторпоцентрични или автоцентрични населби.

„Дополнително, сметам дека не треба да има можност да се регистрира возило без да се прикаже каде истото се паркира, односно дека сопственикот има личен или закупен паркинг простор на годишно ниво, со доказ во вид на имотел лист или договор за закуп. Со тоа ќе се регулира метежот на улиците, ќе се намали бројот на автомобили и ќе се стимулира јавниот транспорт. Нормално, како дополнителна мерка е потребно истиот тој јавен транспорт да се подобри. Конкретно во Скопје автобуските линии на ЈСП се речиси непроменети од 1983 година, а конфигурацијата на градот, густината на населениоето, па и демографијата е речиси целосно сменета. Јавниот транспорт во целост не одговара со реалните потреби“, констатира Јанков.

https://www.radiomof.mk/aerodrom-prezema-sopstvenost-na-nekogashnoto-zelenilo-zad-majchin-dom-za-da-gradi-parking/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #835 Posted: 29-Jan-2022 at 10:27
ЈП „Градски паркинг“ ќе ги намали цените за паркирање во Скопје – од 1 март

Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје вчера донел одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 1 март годинава.

Со оваа одлука, цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 на 75 денари, во зона А од 50 на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час.

„Со усвојување на оваа одлука на УО на ЈП „Градски паркинг“, се потврдува и реализира ветувањето за поевтин паркинг за скопјани“, порача градската управа.

https://meta.mk/jp-gradski-parking-kje-gi-namali-cenite-za-parkiranje-vo-skopje-od-1-mart/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2084
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #836 Posted: 29-Jan-2022 at 17:20
Од комплетно затворање на мал ринг за сообраќај, до намалување на цена за паркинг... Чист популизам. Тие 5-10 ден на никој ништо не му менуваат... Смешки.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #837 Posted: 29-Jan-2022 at 18:14
Паркинг-место ќе се наоѓа почесто



ОПШТИНА АЕРОДРОМ ВЛЕГУВА ВО КОСТЕЦ СО РЕШАВАЊЕТО НА ПАРКИНГ-ПРЕДИЗВИЦИТЕ

Паркирањето е сериозен проблем во сите метрополи во светот, па така и за скопјани голем предизвик е паркирањето на нивните возила. Мал е бројот на населбите каде што има слободни паркинг-места, а во урбаните населби недостига паркинг-простор. Чаир, Центар, Карпош се само мал дел од општините во чии граници има населени места каде што се бара паркинг плус. Голем и сериозен е проблемот за семејствата со повеќе автомобили, особено во поголемите и пофреквентни населени места како што е општината Аеродром. Како засебна, но и како општина доста атрактивна за сите жители на Скопје, паркинг-просторот е горлив проблем и за нејзините жители. Токму затоа надлежните одлучија да преземат мерки со кои ќе се стави ред во паркирањето во границите на Аеродром.

АНКЕТИ ЗА ЖИТЕЛИТЕ

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, заедно со надлежните од „Градски паркинг“, Бојан Христовски, неодамна разговараше за можностите да се воведе зонско паркирање во општината.
– Во наредниот период како Општина Аеродром планираме да преземеме конкретни чекори и спроведување анкета преку урбаните заедници, односно куќните совети/управителите на станбените објекти што не се опфатени со зонското паркирање. Доколку граѓаните се изјаснат дека сакаат зонско паркирање, тогаш ќе воведеме на повеќе места, како Стар Аеродром и Ново Лисиче – информира Муцунски на својот фејсбук-профил.
Како што истакна тој, со цел да се обезбедат поголем број места за паркирање, во општината ќе се имплементира и косо паркирање.
Од Општината информираат дека најголем проблем со паркинг имаат жителите на Ново Лисиче, делови од Стар Аеродром, Мичурин и Острово.
– Во наредниот период ќе се направат дополнителни анализи околу тоа дали и како ќе се имплементира зонското паркирање, колку би чинело, колку возила ќе може едно семејство да паркира, кои делови ќе бидат опфатени и други важни сегменти од овој дел.
Токму поради последното прашање, екипи на Општината ќе излезат на терен и ќе ги анкетираат граѓаните. Резултатите ќе бидат јавно достапни и, според истите тие, ќе се водиме во носењето на нашите одлуки околу планот за воведување зонско паркирање – информираа општинските власти.

ПОЗДРАВ ЗА ЗОНСКО

Жителите на општината велат дека мора да се стави крај на хаосот. Велат дека нивната општина е доста атрактивна за сите жители на Скопје, па токму оттука и потекнува проблемот со паркирањето.
– Кејот на Вардар, многубројните паркови за деца, детски игралишта, трговски центри ја прават нашата општина една од најатрактивните општини за рекреација и прошетки. Токму во тоа е и нашиот проблем. Ние како жители на општината не можеме да паркираме, како последица на многубројните возила, чии сопственици се дојдени тука за рекреација и прошетка. Јас лично доаѓам од работа околу 18-19 часот и не можам да најдам паркинг-простор пред мојата зграда. Живеам во зграда зад „Три бисери“, во непосредна близина на кејот на Вардар и тука секогаш е преполно со возила. Некој шета на кејот, некој е во еден од локалните ресторани и кафулиња…, мора да се стави крај на хаосот – вели Слаѓана Драганова.
Според локалните жители, најдобро е да се воведе зонско паркирање, меѓутоа да се земат предвид резидентите и нивните потреби.
– Не би сакала паркирањето да биде регулирано со доплаќање за нас резидентите или гости ако треба да ми дојдат да морам да ги најавувам или, пак, да барам дозвола за два часа. Мојот паркинг-простор што ќе го добијам, сакам да ми биде на располагање цело време, бидејќи сум жител на Аеродром откога знам за себе. Дедо ми живееше тука, моите родители и јас и токму затоа сметам дека мора да се стави ред во хаосот со обѕир кон нас резидентите – вели Никола Стојановски.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/parking-mesto-kje-se-naogja-pochesto/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #838 Posted: 08-Feb-2022 at 08:31
Паркирање за сообраќајно блокирање?!

НЕПРОПИСНОТО ПАРКИРАЊЕ БОЛНА ТОЧКА ЗА СКОПЈЕ

Паркирањето со години е еден од најгорливите проблеми за Скопје. Посебно горлив проблем настанува поради несоодветната возачка култура кај возачите што паркираат на места каде што најмногу им одговара, и тоа токму таму каде што не смеат. Несовесните возачи блокираат тротоари, пешачки и велосипедски патеки, пешачки премини, но и узурпираат зелени површини. Токму од тие причини редовно се санкционираат возачите што непрописно паркирале, меѓутоа, за жал, се чини дека санкциите не ги освестуваат возачите, па упорно непрописното паркирање е голем предизвик за локалните општински власти.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ НАД 300 ВОЗАЧИ ПОРАДИ НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ

За период од една недела, јавното претпријатие „Градски паркинг“ и „Паркинзи на Општина Центар“, поради непрописно паркирање, санкционирале повеќе од 300 возачи.
Санкционираните паркирале на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, како и спротивно на сообраќајните знаци.
Исто така, голем е бројот на граѓаните што ги пријавуваат непрописно паркираните, па така, секојпат кога ќе забележат несоодветно паркирано возило, го пријавуваат до „Градски паркинг“.
Само за една недела, „Градски паркинг“ санкционирал 145 возачи поради непрописно паркирање.
– Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелира до граѓаните да ги чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС или со греб-картичка – информираат од претпријатието.
И во Општина Центар еден од најголемите проблеми е непрописното паркирање. Надлежното претпријатие за една недела санкционирало дури 246 возачи поради непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 114 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичкото средство „блокатор“ се санкционирани 132 возачи на возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците – информираат од Општина Центар.

НА ЧАИРЧАНИ ИМ НЕДОСТИГА ПАРКИНГ-ПРОСТОР

Паркирањето е можеби најголем проблем за чаирчани, каде што буквално нема доволно паркинг-простор. Тамошните жители велат дека паркирањето им претставува доста голем предизвик и покрај тоа што постојано се прават нови паркиралишта.
– Имаме недостиг од паркинг-простор. Тука кај нас се блокираат улици и тротоари затоа што едноставно возачите немаат каде да ги остават своите возила. Ова е долгогодишен проблем за нас и покрај тоа што Општината редовно ни прави нови паркиралишта, проблемот е доста сериозен – вели Кадир Мехмеди.
Дека се изнаоѓаат решенија за паркирањето, доказ е тоа што, неодамна, на улицата 28 Ноември, Општината направи нов паркинг-простор за тамошните жители, со цел растоварување на паркирањето.
Како што истакнаа од Општината, во изминатите неколку години се создадени речиси две илјади паркинг-места за жителите на општината.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/parkiranje-za-soobrakjajno-blokiranje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19651
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #839 Posted: 08-Feb-2022 at 08:46
[Фото] На Водно и викендов хаос со паркирањето, градските власти молчат





И викендов хаос на Средно Водно со преголемиот број на возила што непрописно се паркираат. Најголем дел од граѓаните одат на Водно со автомобили, коишто надвор од секакви правила ги паркираат на патните правци меѓу Долно и Средно Водно и меѓу Средно Водно и Нерези. Поради ова, автобусите 25, 25А и 25Б вчера едвај се разминуваа од паркираните возила, а полицијата повторно мораше да спречува движење со возила кон Средно Водно кај хотелот „Панорамика“.

Идентична беше и сликата на патот меѓу Средно Водно и Нерези, каде што тесниот коловоз и паркираните возила на патот се опасност за движење на граѓаните кои го користат викендот за рекреирање на Водно. Рекреативците немаат простор каде да се движат поради непрописно паркираните возила.

Инаку, како и минатите викенди, бесплатните автобуси на ЈСП-Скопје возеа полупразни кон Средно Водно, иако на големиот паркинг спроти Дом на печат имаше голем број на слободни паркинг места. Сообраќајниот хаос на Средно Водно изминативе викенди делумно го предизвикува и жичарата, односно големиот интерес на граѓаните да се возат со неа доведува до дополнителни возила што се упатуваат кон локацијата.

Мета.мк во два наврати минатата недела испрати прашања до Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“ за тоа кога ќе проработи пајак службата и казнувањето на Средно Водно и кои други мерки планираат да ги преземат градските власти во иднина за да се спречи сообраќајниот хаос. Сепак, до денеска не добивме одговори на поставените прашања од наша страна.

https://meta.mk/foto-na-vodno-i-vikendov-haos-so-parkiranjeto-gradskite-vlasti-molchat/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #840 Posted: 08-Feb-2022 at 13:12
Не може ли да стават уште едно монтажно ниво на паркингот на Средно Водно? Со уште еден спрат мислам дека би бил сосема доволен паркинг-просторот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4041424344 47>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.160 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.