build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 16-Feb-2010 at 13:37
Yarre добредошол! Cheers

Сличен ваков проблем го имавме скоро поставено погоре во нишкава. Во овој пост има линк до правилникот за нормативи за проектирање http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=208&PID=55070#55070.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 16-Feb-2010 at 14:09
Не сакам да бидам песимист, ама шансите да се исправи нешто, или да се добие компензација се минорни. Подобри шанси имаш ако се буниш кај самиот инвеститор и се обидеш да издејствуваш некој компромис, па макар и не ти бил по мерак сосема, отколку по нашиве институции да истуркаш правда.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 09-Mar-2010 at 13:03
Тротоарите се за автомобилите или за пешаците?
Дали тротоарите се место каде што треба да се движат пешаците или се паркиралиште за автомобили?
%20
Стандардно, паркирани автомобили на секој тротоар, но вчера, тие им создаваа дополнителна главоболка на пешаците. Поради топењето на снегот и водата по улиците и тротоарите пешаците едвај наоѓаа место за движење. Оние кои успеаја да најдат слободен простор за движење, страдаа од водата „наталожена“ во вировите покрај улиците.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3910104965&id=14&prilog=0&setIzdanie=21929
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 09-Mar-2010 at 13:04

Тротоарите станаа паркинзи

"Тротоарите се претесни. Едвај се разминуваме, а камоли да одат повеќе луѓе во група. Зградата во која живеам има 20 стана, а паркинг за само четири возила, па принуден сум да паркирам на тротоарот подолу. Страв ми е децата да ги пратам сами до продавница, зашто треба да одат по улица", се пожали жител на улицата Огњан Прица

Тротоарите покрај двете најголеми улици во населбата Кисела Вода се претворени во паркинзи. Наместо по нив да минуваат пешаци, жителите си ги паркираат автомобилите, а досега ниту пајак подигнал некое возило ниту, пак, полицијата казнила некого на овој потег.
Проблемот стана поизразен во последниве две - три години, откако и на двете улици никнаа нови згради кои буквално се изградени или се градат на самиот коловоз, и ниту една од нив нема предвидено паркинг-места или подземна гаража.
"Тротоарите се претесни. Едвај се разминуваме, а камоли да одат повеќе луѓе во група. Зградата во која живеам има 20 стана, а паркинг за само четири возила, па принуден сум да паркирам на тротоарот подолу. Знам дека е тоа не е во ред, но каде да ги оставаме колите? Страв ми е децата да ги пратам сами до продавница, зашто наместо на тротоар, треба да одат по улица", се пожали жител на улицата Огњан Прица.
Од Кисела Вода не го коментираа проблемот туку само нè известија дека во изминатиот период на улицата Огњан Прица се направени три нови паркинзи со вкупна површина од околу 1.600 квадратни метри и сите се поплочени со бекатон плочки.
"Согласно програмата за Комунални дејности за 2010 година, Општина Кисела Вода постави павер елементи и на други два паркинга. Станува збор за паркингот на ул. Михаил Чаков, со површина од 310 квадратни метри, како и паркинг на улицата Ѓорѓи Сугаре, со површина од 570 квадратни метри", информира Маријан Спасески, портпарол на Општината.
До крајот на годинава планирана е и изградба на нови паркинзи уште на улицитете Ѓорѓи Сугаре, Петар Дељан, Ѓорѓи Димитров, Иван Козаров, Божидар Аџија, Пушкинова, Никола Добровиќ, како и на сервисните улици. За реализирање на проектот предвидени се шест и пол милиони денари и динамиката ќе зависи од приливот на средства во Општината, завршува Спасески.

http://vest.com.mk/?ItemID=27F51DC18FD5F449BB5B23675C541308
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 12-Mar-2010 at 15:28
До кога со ова лошо управување со Скопје? Паралелни управи, никаква хиерархија, јавни претпријатиа со дуплирани ингеренции, со мешовити дејности. Очајно ни е потребен нов модел за управување со градот.
Сами свои газди на своето?!


ЈП "Паркинзи на Општина Центар" на последната седница на Советот на Општината посака во иднина, доколку се создадат финансии и услови за тоа, да го преземе зонското паркирање на територијата на Општината Центар воведено од ЈП "Градски паркинг" пред повеќе од половина година. Ваквата намера на општинското претпријатие е иницирана од револтот поради запоседнувањето од страна на ЈП "Градски паркинг" на пет општински паркинзи и три зонски паркиралишта на улиците "Орце Николов", "Ѓуро Ѓаковиќ" и "Ленинова". Според општинското претпријатие "Градски паркинг" ќарува од зонското паркирање на нивните улици.
Од претпријатието сметаат дека на тој начин ќе биде поправена штетата што и ја нанело градското претпријатие за паркирање на Општината.

За плановите на општинското претпријатие за паркирање биле информирани и градоначалникот Владимир Тодоровиќ, раководството на ЈП "Градски паркинг" и скопскиот градоначалник, кои неодамна одржале заедничка средба и постигнале начелен договор за примопредавање на ингеренциите на паркинзите.

Директорот на ЈП Паркинзи на "Општина Центар", Тоше Делјановски, истакна дека претпријатието допрва ќе ги направи комплетните анализи за имплементацијата на зонското паркирање. Тој вели дека моментално единствено е утврдено дека за воведување на системот ќе им бидат потребни околу 70.000 евра.

Инаку уште минатата година ЈП "Градски паркинг" покажа добра волја за остварување на идејата на општинското претпријатие, иако оттаму се сомневаат дека ЈП Паркинзи на Општина Центар" е финансиски моќно да го издржи проектот за кој се потребни поголеми средства од оние кои монентално може да ги собере општинското.

http://vecer.com.mk/?ItemID=16A100572705E6428D1AC34382F2344A


Edited by lslcrew - 12-Mar-2010 at 15:35
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 12-Mar-2010 at 15:46
Во план се подземни и монтажни паркиралишта

Поставување на две монтажни паркиралишта, изградба на нова катна гаража и оспособување на подземните гаражи за паркирање, се проекти што ќе се реализираат на подрачјето на Аеродром во текот на годинава, се со цел да се ублажи недостигот од паркиралишта во Општината. За таа намена од општински буџет се обезбедени 700.000 евра, а финансиска поддршка ќе даде и Град Скопје.
Со најавените монтажни паркиралишта ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, а, според најавите, едното од нив ќе се наоѓа во близина на дискотеката „Колосеум“ кај Железничка станица, а за паркирање ќе се плаќа симболична цена.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1966&ArticleID=136135
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 15-Mar-2010 at 22:00
Особено е информативен последниот параграф

Паркиралиштата во Скопје работат на диво

Ниту една фирма, освен „Градски паркинг“, не му плаќа на Градот комунална такса

Сања Наумовска

Ниту едно од паркиралиштата во Скопје, кои не ги стопанисува „Градски паркинг“, немаат дозвола за работа. По донесувањето на одлуката за јавните паркиралишта од интерес за Град Скопје во 2008 година, фирмите-стопанисувачи со паркинзи се' уште собираат документација за да си го легализираат бизнисот.

Засега, информираат во Градот, само неколку, меѓу кои Клинички центар, Јавното претпријатие на Општина Центар, „Сити плаза“ и уште неколку ја имаат комплетирано документацијата и по добивањето на сообраќајната согласност од Министерството за внатрешни работи, ќе ги добијат дозволите. За сите други сопственици на паркинзи има рок од околу 3 месеци за да ја заокружат постапката и да ги легализираат паркиралиштата. Во спротивно, најавуваат во Градот, инспекцијата ќе излезе на терен, а може да се спроведе и непопуларната мерка на дислоцирање на рампите и забрана за работа.

Како што информираше градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на последната седница на Советот, фирмите што се занимаваат со оваа дејност во иднина ќе мора да му плаќаат на Градот комунална такса, давачка, која засега ја плаќа само градското Јавно претпријатие „Градски паркинг“.

„Придобивка од издавањето дозволи за работа на сите паркиралишта, исто така, ќе биде и добивањето конечен податок, колку паркинг-места, всушност, има во центарот на Скопје и пошироко“, велат во Градот.

Според информациите презентирани пред градските советници, паркингот на „Рамстор“ нема сообраќајна дозвола од МВР поради метежот што се создава при влез на рампата на улица „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Паркингот на ГТЦ има некомплетна документација, бидејќи гаражата се води како подрумски простор, а институциите што гравитираат околу МНТ бараат паркингот под театарот да го користат за свои потреби во работно време, а попладне влезот да биде слободен. Дозвола за работа нема ниту паркингот спроти „Холидеј ин“ на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, чие одобрение за градба гласи на ГТЦ. За паркингот на „Техноматал“, фирмата и Градот Скопје правото на владение се' уште го докажуваат во судска постапка, а трговскиот центар „Беверли хилс“ не доставил никакви документи за сопственост на паркингот со кој стопанисува. За паркиралиштата, пак, кај стоковната куќа „Илинден“ и на оние зад поликлиниката „Бит-пазар“ и спроти неа е непозната фирмата што ги стопанисува, а земјиштето е во државна сопственост.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7D0ACD2C3549714DBECC66214507047B
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 17-Mar-2010 at 16:00
Козара - јавен бесплатен паркинг



 
Сите што одат на лекар во некоја од клиниките или пак работат таму, за да не плаќаат на официјалниот паркинг во болниците, своите возила ги оставаат долж улицата Козара  
 
%20  
Проблемот со паркирање што веќе со години и години наназад ги мачи скопјани, сé повеќе се влошува. Иако, изминативе неколку години по брза постапка се отвораат нови паркиралишта, се планира поставување неколку монтажни катни паркинзи во најзагрозените подрачја во градот, сепак, скопјани не можат да излезат накрај со овој проблем. И не е јасно дали бројот на паркинг-места е толку мал или, пак, скопјани имаат проблем да плаќаат за паркирање. На узурпација на паркинг-местата најчесто се жалат оние кои живеат во близина на некоја институција или во центарот на градот. Оставањето на возилата на тротоарите им пречи и на пешаците, кои поради ова мора да се движат по улица.

Станарите на улиците Козара, Савска, Кумровец и на сите помали во близина на клиниките, велат дека пред нивните згради и куќи речиси никогаш нема место ни за паркирање, ни за минување. Тие раскажуваат дека и вработените во клиниките и пациентите ги „окупираат“ улиците и тоа на потегот од Водњанска до Заводот за рехабилитација. А проблемот е најизразен на улица Козара. Веројатно автомобилите се оставаат тука затоа што паркирањето во болницата се наплаќа 40 денари од час. Станарите од Козара, велат дека секојдневно се расправаат со минувачи кои ги оставаат тука своите возила.

- Кој сака да оди на лекар се паркира на нашата улица, кој оди на работа, повторно кај нас. На улицата нема место да се разминат двајца пешаци, а камоли две возила. Ова е претерано, каде е Пајак-службата да помине оттука и да ги собере возилата кои се паркираат пред нашите домови. Некогаш колата ни е паркирана во гаража и не може да излеземе, затоа што некој се паркирал точно пред нашата врата - се жалат жителите на Козара.

Одговорните од „Венекс“, фирмата која стопанисува со паркиралиштето во кругот на клиниките вчера не ни одговорија на прашањето колку паркинг-места има на тој простор и колку е цената од час. Но според вработените во болниците има околу стотина места, но тие додаваат дека многу ретко кој се паркира таму, иако за нив има посебни картички со попуст.

- Најголемиот проблем е во менталитетот на нашиот народ, јас лично не доаѓам со возило на работа, но знам колеги кои не сакаат да плаќаат за тој паркинг. Во градов има доволно паркинг-места, но никој не сака да плати, а кога подобро ќе се размисли народот нема пари за живот, па тоа што не сака да плати за паркирање е разбирливо - вели вработен во Клиничкиот центар.

Од друга страна, пак и онаму каде што се плаќа месечно за паркирање, место за автомобилот на станарите нема.

На паркиралиштето на ЈП „Паркинзи на општината Центар“ зад Францускиот културен центар, станарите во кулите и во блокот од Градскиот ѕид редовно плаќаат за паркингот. Но одговорните од претпријатието и покрај тоа што имаат полугодишна или годишна претплата, не им гарантираат слободно место во секое време од денот. Па, се случува со платен паркинг да ги оставаат автомобилите на соседните паркиралишта. Сашка Мирчевска, која живее во кулите до паркингот, ни објасни дека редовно плаќа такса за две возила, но понекогаш и се случува да нема место за нив.

- Неколку пати ми се има случено да излезам со едната кола и потоа половина час да барам каде да се паркирам. Мислам дека директорот на претпријатието треба да преземе нешто, барем за тие што редовно плаќаат да се обезбедат слободни места во секое време на денот - се пожали Мирчевска.

Тодор Делјановски, директорот на претпријатието, пак, вели дека за 200 денари колку што чини месечната членарина за станарите од овие згради, не може секогаш да има слободно место. Тој додава дека најчесто се води сметка паркингот да биде испразнет до 16.30 часот кога повеќето се враќаат од работа.

- Станарите кои редовно и на месечно ниво плаќаат паркирање секогаш имаат приоритет, но може да се случи да нема место, а ние немаме начин како да им чуваме простор дури да се вратат од работа. Се води сметка попладне паркингот да го расчисти за да има место за нив - објасни Делјановски.
 
   
Автор: А.М.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=317101018238&id=14&prilog=0&setIzdanie=21936

Edited by Cloverstack - 17-Mar-2010 at 16:00
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 20-Mar-2010 at 00:01
НА ПАРКИНГОТ ПРЕД СОБРАНИЕТО
 
Владино возило на место за инвалиди
 

 

 

 

 

 

 

На обележаниот простор за инвалиди, на кој е забрането паркирањето на други во­зи­ла, вчера пред Собранието беше паркиран "фолксваген" со владина ле­ги­ти­ма­ци­ја.
Ле­ги­ти­ма­ци­ја­та беше оставена напред (на фотографијата десно), на маската на возилото, и на неа освен др­жав­ни­от грб, називот Влада на Република Македонија и два печата, не пишуваше на ко­ја владина институција и припаѓа.
Ди­рек­то­рот на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски веднаш про­ве­ри и ни одговори дека такво возило и регистрација со "СН" воопшто нема во Служ­ба­та.
Сопс­тве­нос­та на автомобилот со службена легитимација вчера остана мистерија. Пор­тпа­рол­ка­та на ГУВР Скопје Лиза Бендевска рече дека сопственоста е доверлив по­да­ток. Таа не одговори ни дали дозволата можеби е украдена, а автомобилот е во сопс­тве­ност на граѓанин.
"Ка­ко и да е, можете да поднесете пријава за неправилно паркирање, и МВР ќе пос­та­пи по неа. Кога ќе го објавите непрописно паркираното возило со регистрацијата, ќе сме­та­ме дека возачот е фатен на дело со сторениот прекршок и казната нема да му из­бе­га", рече Бендевска. (Г. Т.)

Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 20-Mar-2010 at 07:09

Паркинзи профитираат на диво

Без дозволи се паркинзите кај „Холидеј ин“, ГТЦ, Олимпискиот базен, МНТ, „Де кока“, „Мавровка“, кај стоковната куќа „Илинден“, Поликлиника „Бит-пазар“, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Националниот албански театар, кај Работнички универзитет и ССМ

Околу дваесет паркинзи на територијата на Скопје работат на диво и не смеат да имаат рампи, бидејќи немаат дозволи за вршење на дејноста паркирање, издадена од надлежен орган. Ова е дел од информацијата, усвоена на последната седница на Советот на Град Скопје. Тие што немаат дозволи за работа не се ни должни да уплаќаат пари по основа на комунална такса на Градот.

Ваквата состојба трае скоро две години, а градската власт конечно реши да стави ред и да почне да собира по основа на комунална такса. Затоа на субјектите им дала рок од три месеци да соберат документација, во спротивно инспекциите ќе почнат да изрекуваат казни.

Прозваните веќе прибираат или ја комплетираат документацијата. Според градските власти, без дозволи се паркинзите кај „Холидеј ин“, оној на ГТЦ, кај Олимпискиот базен, МНТ, „Де кока“, „Мавровка“, две паркиралишта кај стоковната куќа „Илинден“, две кај Поликлиника „Бит-пазар“, оној кај Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и кај Националниот албански театар. Паркиралиштата кај Работнички универзитет и ССМ ги стопанисуваат Универзитетот и приватна фирма, но без согласност за вршење на дејноста. Од Градот велат дека почната е постапка нив да ги преземе Јавното претпријатие „Градски паркинг“.

- Како резултат на комбинираните активности преземени од надлежните сектори во Град Скопје, поголемиот дел од контактираните субјекти почнаа со комплетирање на потребната документација за добивање дозволи - објаснуваат градските власти.

Според градската власт проблематични се и јавните паркиралишта со кои стопанисува Општина Центар - кај „Трготекстил“, кај Зелен пазар и еден импровизиран паркинг на крак на Партизанска со Димитрие Чуповски. Оттаму уште не им плаќаат комунална такса.

- Градот Скопје има издадено решенија за утврдување на режимот на сообраќај, а со кои стопанисуваат надлежните служби на Општина Центар. Врз основа на добиена негативна согласност од Министерството за внатрешни работи, Градот нема издадено решение за сообраќајно уредување. Наплатата на комуналната такса за користење простор за паркирање ќе почне по добивањето на дозволата за вршење на дејноста паркирање - се вели во Информацијата за состојбата со паркинзите во Скопје.

Две нови пајак-депоа, возила и ЛЦД-телевизор

Во Инвестициската програма за 2010 година, Јавното претпријатие „Градски паркинг“ предвидува набавка на уште три пајак-возила за сума од околу 300.000 евра, но и преземање нови паркиралишта во Скопје во своја сопственост. „Градски паркинг“ од Градот доби согласност да отвори уште две нови депоа - едното за возилата од западниот дел на Скопје, од Рузвелтова до Ѓорче Петров, а другото - за северниот дел од градот, од левата страна на Вардар.

Иако ова претпријатие минатата година ја заврши со загуба, а во исто време доби 300.000 евра помош од Градот, за годинава планира да потроши 30.000 евра за набавка на лесни возила, 15.000 денари за такси-возила, за телефонски апарати и за репрезентативен материјал околу 600.000 денари, а за службени патувања - 300.000 денари. Планирана е набавка на камери за 600.000 денари. Трошоците за фиксна телефонија и интернет се проектирани на околу 35.000 евра, речиси исто како тие за парно и струја.

Интересно е како „Градски паркинг“, иако загубар, во Инвестициската програма има ставка и за давање донации и спонзорства од 100.000 денари, но и набавка на еден ЛЦД-телевизор од 60.000 денари. Од ова јавно претпријатие планираат да учествуваат и на спортски турнири, па за опремата ќе потрошат 60.000 денари.

И ова јавно претпријатие, исто како и „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ ќе вработува хонорарци преку Агенцијата за привремени вработувања. За таа цел намениле да потрошат околу 50.000 евра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CA23AC6265342B4AB1C82A1A439AE8A7
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 30-Mar-2010 at 01:03
Анкета на станарите ќе го руши паркингот кај последна 23?!

Општина Центар покрај вечните препирки со јавните градски претпријатија и нивните ингеренции на нејзина територија од неодамна посака да го земе зонското паркирање во свои раце


Анкета и јавното мнение на станарите од белите кули на улицата Народен Фронт во населбата Капиштец ќе решава за судбината на засега, според Општина Центар, "дивиот" паркинг на последна 23-ка кој од неодамна почна со стопанисување а е изграден од Јавното претпријатие "Градски паркинг". За ова расправаше Советот на Општина Центар на последната седница посветена на советнички прашања упатени од граѓаните на оваа општина до службите или градоначалникот Владимир Тодоровиќ. На седницата меѓу другото беше спомнато за хигиената околу контејнерите на ноќните локали во Општината како и бучавата која постојано го нарушува мирот на станарите и е неподнослива особено во пролетниот период. На седницата околу паркингот на последна 23-ка се изјаснија и од Секторот за урбанизам при Општината Центар каде потврдија дека засега секторот нема дадено таква согласност за градба бидејќи немаат таква ингеренција.
- Досега немаме добиено никакво барање за градба или поставување на рампа и куќичка за паркингот пред белите кули на улица Народен Фронт. Исто така немаме ни добиено никаква поплака од станарите од зградите. Доколку се соберат потписи или се направи анкета и таа биде во насока да се тргне паркингот, истиот ќе биде срушен изјавија од Секторот за урбанизам при општината Центар.

Засега станарите од кулите поделени околу паркингот на Јавното претпријатие "Градски паркинг". Едни велат дека добро им е со повластените картички за паркинг, а другите тврдат дека е превисока цената за месечната претплата и покрај тоа што паркингот е пренатрупан со туѓи автомобили, на истиот немало место за паркинг на своите.

Инаку ЈП "Паркинзи на Општина Центар" неодамна посака во иднина доколку се создадат финансии и услови за тоа, во скоро време да го преземе зонското паркирање на нејзината територија воведено од ЈП "Градски паркинг" пред повеќе од половина година. Ваквата намера на општинското претпријатие е иницирана од "револтот" од досега веќе "запоседнатите" петте општински паркинзи и трите зонски паркиралишта на улиците "Орце Николов", "Ѓуро Ѓаковиќ" и "Ленинова", од страна на ЈП "Градски паркинг" кој според нив ќарувал од зонското паркирање на општинските улици.

Од општинското претпријатие сметаат дека на тој начин ќе биде исправена грешката што градското претпријатие за паркирање и го нанело на Општината, бидејќи според нив ЈП "Градски паркинг" ќарувал со зонското паркирање на општински улици, на што неколкупати досега укажуваше и Советот на Општина Центар.

http://vecer.com.mk/?ItemID=FDD11CC882631F42819D53D05528F7D8
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 06-Apr-2010 at 12:20

Нови паркинзи, летниковци, клупи и канти за отпадоци ќе се поставуваат пред црквата „Свети Пантелејмон“, а во нејзината непосредна близина ќе се уредува и зеленилото

 

 
%20  
Засега не се знае на колкав простор ќе се прават паркинзите, ниту колку клупи, канти и летниковци ќе се направат. Финанансирањето на двата проекта чини повеќе од 4,5 милиони денари, а парите ќе се обезбедат од општинскиот буџет и од Бирото за регионален развој. Според пресметките, општината за двата проекта ќе одвои околу 2,1 милиони денари.

Со реализацијата на овие проекти ќе се обезбеди доволно простор за паркирање. Црквата „Свети Пантелејмон“ во Горно Нерези е еден од најпосетените локалитети во општината Карпош. Најголем проблем на посетителите е тоа што нема доволно паркинг-места, како и тоа што нема клупи, канти за отпадоци и летниковци. Со реализацијата на двата проекта ќе се придонесе за збогатување на урбаната опрема, уредување на просторот околу локалитетот, зголемување на бројот на туристи, како и за почиста животна средина.                                                                                                                                           http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=46101042133&id=14&prilog=0&setIzdanie=21951
 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 07-Apr-2010 at 18:51

Цени што бркаат од паркинг

Директорот на „Градски паркинг“ вели дека ако се намали таксата што му ја плаќаат на Градот и ДДВ-то, може да поевтинат и нивните услуги

Покачените цени за паркирање во центарот на Скопје ги изреволтира граѓаните, кои сметаат дека поскапувањето е со цел да се покријат загубите на „Градски паркинг“. Од друга страна, не се задоволни од квалитетот на услугите што им се нудат, зашто не им се обезбедени ниту основните безбедносни и хигиенски услови, често има проблеми со рампите, а кога има снег на паркинзите, се чека самиот да се стопи наместо да биде исчистен. За разлика од нив, велат, пајакот не запира, работи турбо дење-ноќе.

Поради високите цени за паркирање скопјани се' почесто се откажуваат од автомобилите. На работа доаѓаат со автобус или пеш.

- Ова што се прави со цените за паркирање е лудило. Ние, вработените во центарот, ги паркираме автомобилите на половина час одење за да не плаќаме скапи тарифи од 4.000 денари месечно - вели продавачка која работи на улица Македонија. 

Други, пак, велат дека претпочитаат да се возат со такси само за да не плаќаат скап паркинг. Велат, така им е поевтино и помирна им е главата.

- Избегнувам да доаѓам со автомобил на работа зашто ми е скапо. А и кога доаѓам, паркирам подалеку од строгиот центар. Работното време ми е осум часа, а се наплаќа по 45 денари од час. Половина плата треба да дадам само за паркинг - вели Ј.В., вработена во продавница во центарот на градот.

Се жалат и од фирмите.

- За службени потреби имаме службено возило. Кога нема пајак го оставаме на тротоарот спроти фирмата. Кога ќе забележиме дека наидува пајак-возилото, го преместуваме автомобилот на паркингот - вели А.Б., вработена во туристичка агенција.

Директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски, вели дека паркирањето е дури и нереално евтино.

- Во строгиот центар, каде што е првата зона, цената е 45 денари од час, односно 4.000 денари месечно и 40.000 годишно, цената е нереална. Со платена месечна карта возилото може да се остави на паркингот 24 часа. Паркингот се користи најмногу од 7 часот наутро до 19 часот навечер, тоа се 12 часа. Кога 12 часа ќе се помножат со 45 денари и со 30 дена во месецот, тогаш за месечната карта би се добила цена од 16.200 денари, помножено со 12 месеци би се добила цена од 194.400. Тоа значи дека ако паркингот го користат различни корисници, ние би профитирале повеќе. Станува збор за строгиот центар на градот и за ограничени паркинг-места. Оваа цена е стимулативна за да имаме повеќе возила на паркинзите - објаснува Стојановски.          

Директорот најави дека доколку дојде до намалување на таксата што му ја плаќаат на Градот на 5 проценти и дојде до намалување на ДДВ-то, тогаш би можело да се размислува за намалување на цената, и тоа на 10 денари од час во периодот од 22 часот до 6 часот наутро, што би било особено поволно за младите, кои остануваат во локалите до раните утрински часови.

- Освен „Градски паркинг“ и „Улици и патишта“, кои плаќаат по 18 проценти ДДВ, сите градски претпријатија плаќаат по 5 проценти - вели директорот на „Градски паркинг“.

Истовремено Градот не успева да ја наплати таксата од многу „диви паркинзи“ кои го злоупотребуваат јавниот простор. Тоа, исто така, ги револтира граѓаните и се чувствуваат ограбени бидејќи често не добиваат ни фискална сметка за услугата, што потврдува дека поединци или фирми двојно искористуваат, не плаќајќи го обврските кон државата и Градот.

Анела Петрова


Цената според зоната

Цената е одредена според зоната во која влегува паркинг-просторот. Колку паркиралиштето е поблиску до центарот на градот, толку е таа повисока. Затворените јавни паркиралишта што влегуваат во првата зона наплаќаат по 45 денари за час, во втора зона 35 денари од час, а во третата зона 25 денари од час. Исклучок се паркиралиштата што користат механичка рампа, кај кои се наплаќаат 40 денари за влез. Цената на картичката за годишна претплата за користење на сите паркиралишта од затворен тип изнесува 70.000 денари.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=66CFEE0DD7DE7D4C9DD4C0932CBF8C4D
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 12-Apr-2010 at 05:41

Ѓубрето под Железничка ќе се претвори во паркинг

Првиот дел од новиот паркинг под Транспортниот центар, веднаш покрај Поштата, ќе биде завршен за употреба за два месеца. Другиот дел, на потегот од новиот мост кон кејот на Вардар, ќе се уредува во втората половина од годинава. Како што информираат градските власти, во иднина на паркингот ќе се направи и второ монтажно ниво со пристапни рампи. Со тоа ќе се обезбедат дополнително неколку стотини паркинг-места наменети првенствено за жителите на околните згради, но и за младите што ги посетуваат дискотеките и ноќните клубови во околината.

Во моментов локацијата под Железничката станица се чисти од ѓубрето собирано со години, а ќе треба да се пополни и огромната дупка што е полна со вода. Просторот ќе се поплочи со бехатон-коцки и ќе се обележи како паркиралиште. За градежните работи во буџетот на Градот се одвоени 9,5 милиони денари. Остатокот од паркингот ќе се уредува по завршувањето на летото, доколку со ребаланс на буџетот се одделат дополнителни 10 милиони денари.

За уредувањето на паркингот Градот Скопје потпиша договор со Македонски железници, а земјиштето го доби на неколкудецениско користење. Со новиот паркинг ќе стопанисува градското јавно претпријатие „Градски паркинг“, што ќе инвестира во монтажната конструкција. Практично, велат од Градот, ова паркиралиште ќе функционира како катна гаража, со рампи за качување и за симнување, само што ќе биде направено од монтажни елементи што се приспособливи и побрзо се изведуваат. Основната монтажна конструкција, веројатно, ќе има украсна ограда или, пак, делови ќе се заградат со плексиглас заради естетика, со оглед на тоа дека станува збор за станбена средина.

                                                                                                                                                       http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BC7EA68F8ED0E944867D70E1A249FA64      

Edited by pbanks - 12-Apr-2010 at 08:46
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 13-Apr-2010 at 01:16

„Градски паркинг“ го презеде паркингот на „Технометал“

Ќе важат цените од прва зона, односно 45 денари за еден час

Сања Наумовска


„Градски паркинг“ изминатиот викенд го презема паркиралиштето на „Технометал - Вардар“ во центарот на градот. По неколкугодишно натегање кому треба да му припадне овој фрекфентен паркинг и еден пропаднат обид на поранешниот градоначалник Трифун Костовски да го завладее просторот, неодамна заврши судскиот процес за докажување на правото за стопанисување. Паркингот го доби локалната власт.

Врз основа на пресудата, Градот Скопје од Министерството за транспорт и врски го доби земјиштето на користење на неодредено време. Инаку, земјиштето е во државна сопственост. Паркингот во следните неколку недели ќе биде делумно реконстуиран, со што ќе бидат отворени дополнителни паркинг-места. Ќе важат цените на „Градски паркинг“ од прва зона, односно, 45 денари за еден час паркирање. Вработените од околните фирми за месечна картичка ќе треба да плаќаат по 400 денари, а за возилата на правните субјекти паркирањето ќе чини 4.000 денари месечно.

„Во текот на следните неколку денови ќе биде монтирана нова рампа и ќе се воведе системот на наплата на нашето претпријатие. Сите корисници на паркингот што имаат месечни картички ќе продолжат да ги користат до крајот на април, а од идниот месец ќе треба да склучат договор со нас“, вели директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски.

Во меѓувреме ќе започне и реконструкцијата на делови од паркиралиштето, кое ќе продолжи да работи без прекини. Ќе се измени влезниот дел за да се обезбеди поголема проточност на возила на улицата „Даме Груев“. Стојановски објаснува дека ќе биде направен џеб во тротоарот, бидејќи моментално возилата што чекаат да влезат на паркингот блокираат една од лентите на улицата. Ќе се ископаат и неколкуте островца и преградни тротоари во рамките на паркингот, со што ќе се добијат околу 10 проценти повеќе паркинг-места. Паркиралиштето ќе биде исцртано и нема да се дозволува влез на повеќе возила отколку што ќе има места за паркирање.

Вториот влез на паркингот, покрај зградите на „Југобанка“ и „Лотарија“ ќе биде направен сервисна улица, во согласност со Деталниот план и таа ќе служи за влез во подземните гаражи на „Технометал“. Ќе биде забрането паркирање на улицата, а ако има доволно простор, може да биде исцртана една странична паркинг лента, која ќе влезе во првата зона на зонското паркирање.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4443
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 13-Apr-2010 at 03:33
Ај сега вака. Има човек кој зема плата, за да крева и спушта рампа, и да зема пари. Македонштина до максимум. Е сега јас сум за да се отстранат бидејќи се прегрди за очи и премногу зборуваат за тоа каква држава сме - а богами и каков народ сме. Арно ама се думам дали:

1. човекот што си игра со рампата цел ден да мрдне од газот и да биде мобилен и да си наплаќа при паркирањето на секое ново возило (значи нема потреба од купување на рампа со што се намалува трошокот за ЈП Паркинзи, треба само апаратче кое веројатно чини исто колку компјутерот во кабината на рампаџијата), а нормално да остане и можноста за плаќање преку СМС.

2. да нема присуство на луѓе вработени во ЈП Паркинзи, туку грепки да се продаваат по трафиките, и нормално кој нема грепка (или не испратил СМС) да си биде санкциониран од сообраќајната полиција.

Ова второто личи понормално, ама знаејќи ја нашата сообраќајна полиција, преглупаво. Инаку поентата на зонско паркирање и плаќање по смс и бла бла сигурно не е да има рампи во строгиот центар на градот. Колку само дебилно изгледаат, а колку го кочат сообраќајот тоа е друга тема.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 16-Apr-2010 at 17:22

Нови пешачки патеки и паркинзи во Кисела Вода

16 април 2010, 17:59
Извор: Макфакс
Скопје

Општина Кисела Вода продолжува со акцијата за партерно уредување на јавните површини на нејзината територија.

Во изминатиот период се изгради паркинг на улицата “Огњан Прица” бр. 7, при што се поставија павер елементи на површина од 370 метри квадратни. Истовремено се изградија паркинзи на улицата “Локов” бр. 1 и бр. 3, каде се поставија бехатон плочки на површина од 670 метри квадратни.

Изградени се пристапни пешачки патеки на улицата “Никола Добровиќ“, при што беа поставени павер елементи на површина од 330 метри квадратни.

Во моментов, во завршна фаза на изведба е и паркинг на улицата “Ѓорѓи Димитров” бр. 50, каде се поставуваат бекатон плочки на површина од 680 метри квадратни.

Изведувач на градежните работи е фирмата “Урбан Инвест”, а средствата се обезбедија од општинската каса./крај/со/см


http://www.makfax.com.mk/#104773;jsessionid=E2A2EAFD57A2613392E6BAF78A71851E

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 16-Apr-2010 at 23:34

ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ

Лисици за непрописно паркирање


Јавното претпријатие Градски паркинг-Скопје ќе поставува блокатори за тркала - лисици за неплатен паркинг на јавните површини на кои се користи зонскиот систем на работа.
Со одлуката што треба да стартува од идниот понеделник (26 април), покрај отстранување на возилото со специјално возило Пајак, вработените во Градски паркинг или комуналните инспектори, ќе можат да побараат и блокирање на тркалата со лисици.

Поставувањето на лисици нема да се наплатува посебно, туку граѓанинот на кого му е прикачен блокатор на тркалото ќе треба да си го плати единствено доплатниот билет кој му е издаден.
Казната со блокада на тркалата ќе следи ако сопстевникот на возилото не платил паркинг, го пречекорил дозволеното време за паркирање (два часа во првата односно, четири часа во втората зона) или за непрописно паркирање на место за лица со посебни потреби.
На возилата на кои ќе бидат поставени блокатори за тркала, ќе биде прикачена писмена
опомена во форма на налепница со која сопственикот на возилото ќе биде повикан истото доброволно да го отстрани.

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 29-Apr-2010 at 01:02
По Скопје и Струмица ќе воведува зонско паркирање

Поради порастот на степенот на моторизација и атрактивноста на некои реони, фактори кои доведоа до недостаток на паркинг простор во одредени периоди, Општина Струмица иницира изработка на проект за зонско паркирање. Со цел тој да се реализира без проблеми, општината ќе одржи јавна дебата за проектот и  за проблемите со паркингот воопшто. Јавната дебата ќе се одржи на 03.05.2010 во просториите на Домот на АРМ во Струмица.


http://www.build.com.mk/?p=3135



Edited by pbanks - 29-Apr-2010 at 08:29
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 29-Apr-2010 at 16:24

30 денара час паркинг место

 ЈП "Куманово Паркинг" од средината на летово ќе започне со наплата на постоечките четиристотини паркинг места во Куманово. Цената е утврдена со одлука на Советот на и изнесува триесет денари по час.

 "Наплатата ќе се врши со смс пораки или пак со греб-картички, кои ќе се продаваат во околните дуќани"- вели директорот на ЈП "Куманово-Паркинг", Трајче Трајковски.

И во Куманово како и во останатите градови од државата предвидено е паркирањето да биде зонско. Надлежните од јавното претпријатие, велат дека нема да се чека на изградба на катна гаража. Туку ќе се користат постоечките паркинг места кои се наоѓаат на сообраќајните површини, коловозни ленти и паркинг простори.

Со воведувањето на еднонасочниот режим на сообраќај, се ослободи паркинг простор во централното градско подрачје.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/30-denara-cas-parking-mesto.html
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.312 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.