build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркирање (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 30-Apr-2010 at 19:43

Општина Кисела Вода започна со изградба на паркинг простор за локалитетот “Три Круши”. Површината на паркингот ќе биде 1000 метри квадратни, а е дел од годишната Програма за комунални дејности, со која е предвидено партерно уредување за голем број локации кои се наметнаа како приоритет. Културно-уметничкиот и верски комплекс “Три Круши” се наоѓа над Драчево и претставува рекреативен центар кој е масовно посетен на дневна база. Истовремено, секое лето на овој комплекс се одржува и манифестацијата “Културно лето Три Круши”, на која покровител е Општина Кисела Вода. Со овој потег за изградба на паркинг простор, Општина Кисела Вода излезе во пресрет на барањата на жителите, кои инсистираа за ваков импозантен рекреативен комплекс да се изгради и соодветен паркинг простор.
Паралелно, со акцијата за партерно уредување на општината беа опфатени и останатите населби. Конкретно, се изгради пешачка патека помеѓу ул. “Полог” и ул. “Зеленгора”, се изгради пешачка патека кај црквата во Усје, а во тек е изградба на паркинг простор за станбените згради на ул. “Ѓорѓи Димитров” бр. 48. Средствата за градежните активности се издвоија од општинската каса. 





http://kiselavoda.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=823
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 30-Apr-2010 at 21:02
@lsl, дали можеш да ставиш координати на локалитетов Три Круши? Доста активности читаме за него, и изгледа жителите на општина Кисела Вода масовно го користат но според сликиве немам претстава каде се наоѓа.
Back to Top
The Man View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 135
  Quote The Man Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 30-Apr-2010 at 21:45
41° 55' 43" N, 21° 31' 20" E
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 03-May-2010 at 00:30

Цело Скопје со зонско паркирање

Иако зонското паркирање не е целосно спроведено во центарот на градот, Јавното претпријатие „Градски паркинг“ го воведува во повеќе населби низ општините. Од денеска треба да профункционира на територијата на општината Чаир, на паркингот пред стоковната куќа „Илинден“, со 94 места, а се подготвуваат и затворени паркинзи кај Театарот на народностите и кај Здравствениот дом „Бит- пазар“. Во завршна фаза е проектот за зонско паркирање кај Трговскиот центар „Лептокарија“ во општина Карпош, а нов затворен паркинг се планира и на улицата Илинденска во Гази Баба.

Станарите што живеат во првите три зони, односно во центарот, за месечен билет за зонското паркирање ќе плаќаат по 200 денари, а оние во третата, бела зона, која ги опфаќа сите општини, ќе плаќаат 100 денари месечно. Стопанските субјекти во белата зона ќе плаќаат 750 денари месечно, а сите останати по 25 денари од час.

станарите на прво место

За директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски, не е спорно тоа што не го довршија зонското паркирање во центарот, а побрзаа да го приберат кајмакот во општините. Тој се правда дека вакви примери со зонско паркирање подалеку од центарот има во Белград, Нови Сад и во Загреб.

- Зонското паркирање мора да се спроведе во квартови, а не само во еден дел на градот, бидејќи ако се направи само во еден дел, автоматски сите што не се подготвени да платат бегаат на други периферни паркинзи и ги оптоваруваат - објаснува Стојановски.

Сепак, тој признава дека овој проблем е најизразен во центарот на градот, што за него е нормално.

- Овде дневно има голема фреквенција, бидејќи во централното подрачје се сконцентрирани сите институции, кои не ги посетуваат само жителите од Скопје, туку и од другите градови. Тоа предизвикува проблеми во паркирањето. Скопје е голем и распространет град и многу е тешко да кажеме дека треба да се регулира паркирањето само во центарот. На пример, Аеродром има 100.000 жители, има свои институции и трговски центри и има недостиг од паркинг-места - вели Стојановски.

Тој образложи дека некои деловни објекти малку размислувале за соодветен паркинг.

- Голем дел од нив или не поседуваат доволно места или воопшто немаат паркинзи, како ТЦ „Бисер“ и маркетот „Веро“ во Аеродром. Значи, настана узурпирање на паркинг-местата на самите жители од околните згради, кои имаат страшен проблем. По еден час бараат паркинг, особено налето кога угостителските објекти се многу попосетени. Ако некој од жителите со своето возило го напуштил паркинг-просторот за да заврши некоја работа, многу тешко ќе најде слободно место кога ќе се врати. Поради тие појави се создаде потреба да се имплементира зонското паркирање и во другите делови од градот - дециден е Стојановски.

Според него, и веќе обележаните места околу „Бисер“ не се доволни.

- Обележавме 1.270 места, а постојат 1.350 возила. Зборувам само за станбените делови, без да го земам предвид трговскиот центар, кој има огромна потреба од паркирање. Проблемот ќе се реши со проширување на паркингот со 375 места, како и со монтажни катни гаражи - вели Стојановски.

технички проблеми во центарот

Директорот на „Градски паркинг“ вели дека технички проблеми се причината поради која има застојот во продолжувањето на зонското паркирање во целото централно подрачје.

- Проблем се цело Дебар Маало и улиците Ленинова и Рузвелтова. Тоа се тесни и мали улички и многу е тешко да се спроведе зонското паркирање. Се договоривме со Општина Центар за тој дел да се подготви проект за еднонасочен сообраќај. Зонското таму не ќе може да се реализира додека се работи на проширувањето на „Илинденска“ - вели Стојановски.

Како нерешени делови со паркирањето во центарот тој ги посочи уличката што води кон кафе-барот „Тренд“, каде што исто така ќе се воведе зонско паркирање, и кај црквата „Пресвета Богородица“. Се подготвува проект за паркингот пред МВР, а зонско паркирање ќе се воведе и во целиот појас кај Судската палата и спроти Тутунски комбинат. „Градски паркинг“ ќе го контролира паркирањето и на Калето, на барање на тамошните жители.

Директорот не признава дека со претворањето на затворените паркинзи, каде што се плаќаше само за влез, во паркинзи со наплата од час всушност се врши поскапување.

- Не мора да остваруваме од секаде приход. Од 17 затворени паркинзи што ги имаме, повеќето не се доходовни - тврди тој.

Тој признава дека цената од 45 денари од час во првата зона е превисока, но додава дека претпријатието е принудено на таква цена затоа што од секој наплатен билет за паркирање Градот зема 10 денари како комунална такса, а ДДВ изнесува 18 отсто.

- Ако се намали комуналната такса и ДДВ-то, на сите наши паркинзи ќе се плаќа по 10 денари за час. Со таква цена никој нема да има потреба да паркира во зеленило или на други недозволени површини. Во иднина, со целосно имплементирање на зонското паркирање цените ќе паднат - гарантира Стојановски.

 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 03-May-2010 at 10:07
НОВИ АКТИВНОСТИ НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“
Се проширува паркингот спроти последна 23-ка?

Роза Петкова

Купови истурена земја стојат како депонија од градежен отпад до четирите бели згради спроти последната станица на автобусот со број 23 веќе неколку месеци. Жителите реагираат дека неделава биле истурени нови количини земја и искршен асфалт, па брдото сега е уште поголемо и уште повеќе се забележува и дава запуштена слика за местото каде што живеат. Кој ја истурил земјата и од каде е донесена таа станарите засега не знаат затоа што никој не дошол да ги извести дали е во план да се гради нешто. - На местото каде што се истоварува земјата се направени косини кои се симнуваат до улицата Народен фронт и тие треба да бидат зелени површини, како што беа на почетокот, а не да се полнат со земја и да стојат запуштени како сега. Никој не ни кажал дали е во план да се шири паркингот, но сами претпоставуваме дека веројатно тоа е причината - велат жители од зградите. Тие се жалат и за запуштените тревници кои ги разделуваат паркиралиштата пред нивните згради затоа што никој од надлежните власти не се грижи за нив, иако, како што велат, паркинзите им ги презема „Градски паркинг“, па некој треба да поведе сметка и за зелените површини. Од Општина Центар велат дека се запознаени со ситуацијата и дека паркиралиштето ќе се проширува. - Општината има информации дека се пополнува просторот спроти последната автобуска станица на 23-ка, се со цел да се прошири веќе постојниот паркинг кај белите кули. Жителите ќе добијат поголем паркинг-простор и веќе се работи на терен, според информациите што ги добивме од овластени лица, а работите ги изведува „Градски паркинг“. Надлежноста за уредување на тревниците меѓу зградите во населбата Капиштец, пак, ја има „Паркови и зеленило“. Информирани се службите на јавното претпријатие и се надеваме дека во најскоро време тревниците ќе бидат хортикултурно уредени - вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар. Од „Градски паркинг“ не одговараат прецизно дали нивната намера е да се проширува паркиралиштето и велат дека засега само го доуредувале просторот. - На последна 23-ка се планира да се направи уште една интервенција на паркингот кај Дом на печатот затоа што таму ќе се сели Цветниот пазар. Инаку, пред белите згради се санира делот што бил неуреден, а за да се прошири паркиралиштето, треба да се направи проект - вели Панче Стојановски, директор на претпријатието.


Ред кај ТЦ „Мавровка“

„Градски паркинг“ ги обележи местата за зонско паркирање на потегот од стоковната куќа „Илинден“ до хотелот „Арка“, и ќе стартува со работа од оваа недела.
- Повеќе нема да има диви рампи на кои се наплатува за паркирање, а сето тоа ќе го изведеме со голема поддршка од градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити – вели Стојановски.
Тој уверува дека и овде, без исклучок, „Пајак-службата“ постојано ќе биде на терен и ќе ги собира сите непрописно паркирани возила.

  http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2010&ArticleID=139841
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 04-May-2010 at 07:51

КИСЕЛА ВОДА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА КУЛТУРНО ЛЕТО

Нов паркинг за локалитетот Три круши"


Локалитетот Три круши", што се наоѓа над Драчево, доби нов паркинг-простор. Од Општина Кисела Вода информираат дека изградбата е при крај, а во моментов се уредуваат финесите.
- Површината на паркингот ќе биде 1000 квадратни метри, а е дел од годишната Програма за комунални дејности, со која е предвидено партерно уредување за голем број локации кои се наметнаа како приоритет. Со овој потег за изградба на паркинг-простор, Општина Кисела Вода излезе во пресрет на барањата на жителите, кои инсистираа за ваков импозантен рекреативен комплекс да се изгради и соодветен паркинг-простор, информираат општинарите.
Културно-уметничкиот и верски комплекс Три круши" е рекреативен центар кој е масовно посетен, особено на лето кога на овој комплекс се одржува и манифестацијата Културно лето Три круши", на која покровител е локалната власт.
Паралелно со оваа акција општинарите се ангажирани на партерно уредување на делови од неколку населби. Се изгради пешачка патека помеѓу улиците Полог" и Зеленгора", потоа кај црквата во Усје, а во тек е изградба на паркинг-простор за станбените згради на улицата Ѓорѓи Димитров".
Средствата за градежните активности се обезбедени од општинската каса.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E0679FA9853F764384F2997ACAE33447
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 09-May-2010 at 22:17

И кумановци ќе паркираат по зони

Паркирање по зони во Куманово ќе биде воведено од средината на идниот месец. Новоформираното локално претпријатие ЈП „Куманово паркинг“ ќе воведе паркирање по зони, кое за еден час ќе чини 30 денари. Ваква одлука донесе Советот на Општината.

Со воведувањето еднонасочен сообраќај во централното градско подрачје се зголеми бројот на местата за паркирање, по што сега има околу 400. Поради големиот број возила и недостигот на катни гаражи, граѓаните постојано се соочуваат со хаос во сообраќајот.

- Наплатата ќе се врши со СМС-пораки или со картички за гребење, кои ќе бидат во продажба во трговските дуќани, а паркирањето ќе биде обележано по зони - вели Трајче Трајковски, директор на „Куманово паркинг“. (С.А.Ј.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F4A4ED5FA5C0654087FB4FDF1D615DAC
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 10-May-2010 at 20:22

Нова катна гаража под Железничка

Новото паркиралиште ќе биде на површина од 9.000 квадратни метри и ќе обезбеди паркинг-места за околу 200 возила.

09:00 | 10.05.2010 | Автор: Шпиц

За два месеци треба да завршат градежните работи за уредување на новиот паркинг-простор под Транспортниот центар. Другиот дел, од новиот мост кон кејот на реката Вардар ќе се уредува во втората половина од годинава.
Како што информираат од Градот, во моментов под железничката станица се чисти ѓубрето собирано со години и се вршат земјени работи, со изведба на одливни канали, како и корекција на теренот со посипување на тампон. Потоа ќе следува тампонирање и асфалтирање на целата

површина на која е предвидено паркиралиштето. Во завршната фаза ќе се обележи просторот и ќе се уреди за паркирање со поставување соодветна опрема.
Новото паркиралиште ќе биде на површина од 9.000 квадратни метри и ќе обезбеди паркинг-места за околу 200 возила, со сета придружна сообраќајна мрежа за внатрешно маневрирање.
Овде во иднина се планира и изградба на второ монтажно ниво со пристапни рампи, со што ќе се обезбедат дополнително неколку стотици паркинг-места наменети првенствено за жителите на околните згради, но и за младите што ги посетуваат ноќните клубови во околината.
За уредувањето на паркингот Град Скопје потпиша договор со Македонски железници, а земјиштето го доби на неколкудецениско користење. Со новиот паркинг ќе стопанисува градското јавно претпријатие „Градски паркинг”, кое ќе инвестира во монтажната конструкција. Практично, велат од Градот, ова паркиралиште ќе функционира како катна гаража, со рампи за качување и за симнување, само што ќе биде направено од монтажни елементи што се приспособливи и побрзо се изведуваат. Основната монтажна конструкција, веројатно, ќе има украсна ограда, со оглед на тоа дека станува збор за станбена средина.
За изградба на паркингот Градот одвои 9,5 милиони денари од буџетот. Остатокот од паркингот ќе се уредува по завршувањето на летото доколку со ребалансот на буџетот се обезбедат дополнителни 10 милиони денари.

http://www.spic.com.mk/kat/skopje/nova-katna-garaza-pod-zeleznicka.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 11-May-2010 at 00:54

Нов паркинг за триесетина возила

Жителите од Карпош 1 што живеат на улица „Иван Аговски“ ќе добијат нов паркинг-простор. Предвидена е изградба на паркиралиште со површина од 300 квадратни метри со капацитет за паркирање на триесетина возила. Паркингот ќе го гради фирмата „Транс“, ангажирана од Општина Карпош. Овој зафат ќе ја чини Општината околу 10.000 евра. Освен изградбата на паркиралиштето, општинарите планираат со ново зеленило да го уредат околниот простор. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FB5F7A5ACBD164C80CEB56E9D82E42B
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 12-May-2010 at 23:23

ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ ЌЕ ГО ЗАЖИВЕЕ ПРОЕКТОТ РЕНТ А БАЈК


Наем на две тркала - евтино и брзо

Од средината на јуни скопјани ќе можат да изнајмат велосипед за 10 денари од час на еден од петте паркиралишта на ЈП Градски паркинг, Т Мобиле и фабриката Треска, во
Ѓорче Петров и во Аеродром


Од средината на јуни скопјани ќе можат да изнајмат велосипед за 10 денари од час на еден од петте паркиралишта на ЈП Градски паркинг. Се што ќе им биде потребно, е да приложат лична карта или друг документ за идентификација и да потпишат изјава за користење на нивните лични податоци доколку има потреба. Велосипедите ќе имаат сериски броеви, па ќе можат да се изнајмат на еден пункт а да се вратат на друг пункт.

Со ова, се чини проектот Рент а бајк којшто го почнаа Еко-свест" и Градот Скопје, по многу најави, конечно ќе заживее. Во прво време изнајмувањето на велосипеди ќе може да се врши на билетарите на паркинзите кај Т Мобиле и фабриката Треска, во Ѓорче Петров и во Аеродром, за потоа да се прошири на сите 17 затворени паркинзи во градов.

- Во моментов привршуваат активностите за обезбедување на документацијата и на техничката поддршка, активности кои би требало да завршат до крајот на месецов. Се надевам дека многу скоро ќе добиеме зелено светло и од Советот на Град Скопје, по што официјално почнуваме, информираше директорот на Градски паркинг, Панче Стојанов. Тој вели дека во првата фаза на располагање ќе имаат 100 велосипеди, а до крајот на годинава планираат да набават уште 500-600.

- Крајна цел на проектот е секоја општина да добие по еден ваков пункт, односно секаде онаму каде што Градски паркинг може да обезбеди услови за тоа. Исто така, се планира отворање на пунктови околу факултетите, околу трговските центри, покрај рекреативните центри онаму каде што ќе утврдиме дека има заинтересираност за изнајмување велосипеди, вели Стојанов. Тој додава дека ова е многу амбициозен проект, чијашто крајна цел е намалување на сообраќајниот метеж во метрополава и промоција на велосипедот како најеколошко алтернативно превозно средство.

- Во подоцнежните фази од овој проект, планираме да овозможиме и бенифиција за бесплатен паркинг на секој што ќе го паркира возилото, а ќе изнајми велосипед, вели Стојанов.
Во изминатов период градските власти изградија нови велосипедски патеки на Кејот на Вардар, на улиците и тротоарите кои се обележани со црвена боја. Скопје има одлична конфигурација за употреба на велосипед, но кај нас малку луѓе имаат навика да користат превоз на две тркала. Аланизите на Еко свест покажуваат дека доколку во секоја општина има по два пункта за изнајмување велосипеди, бучавата би се намалила за 4,5 децибели.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 13-May-2010 at 14:27

Ни зонското паркирање не го решава хаосот

Сликата е секаде иста, колите на тротоар, пешаците на коловоз

И покрај тоа што изминативе неколку години се изградија две, а во тек е градењето на уште две катни гаражи, се воведоа зонското паркирање и високи казни за оние што непрописно се паркираат, сепак тротоарите во сите скопски населби се преполни од коли. Пешаците и велосипедистите повеќе немаат каде да се движат, па мораат да одат по краевите на улиците. Сликата е секаде иста без разлика дали се работи за центарот на градот или по населбите. Но се чини како проблемот со паркирањето да е најголем во општината Кисела Вода. Таму возачите ги паркираат своите возила речиси едно преку друго. Од општината велат дека се обидуваат да направат повеќе места, со изградба на нови паркиралишта, но сепак подобрувањата се многу мали. Во Кисела Вода нема можност ниту да се воведе зонско паркирање.

- Имавме некои преговори со јавното претпријатие „Градски паркинг“, но тие не се заинтересирани за опфаќање на нашата општина со зонско паркирање, затоа што сме немале локации погодни за тоа. Колку што може се работи на подобрување на ситуацијата, се градат нови паркиралишта, но сепак не е едноставно, во општината има премногу возила - вели Марјан Спасовски, портпарол на општината Кисела Вода.

Во општината Центар, откако се воведе уличното или паркирањето во зони се воспостави и некаков ред, секако дека сé уште треба да се работи на тоа, но за разлика од претходните години сега е многу подобро. Во општината Аеродром, освен што се воведе зонско паркирање и се гради катната гаража кај ТЦ „Бисер“, почна и реализацијата на проектот за монтажни паркинзи. Жителите во општината негодуваа кога се воведе зонското паркирање затоа што требаа да го плаќаат паркинг-местото, купено заедно со станот. Но сега велат дека зонското паркирање ги ослободило паркиралиштата, па имаат многу повеќе место отколку порано.


ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ ЌЕ СЕ ШИРИ


Паркирањето во зони се најавуваше можеби повеќе од пет години, а ланилето почна прво како пробно на улицата Даме Груев, веднаш зад Собранието, за потоа да се прошири уште на неколку улици. Паркирањето е организирано во три зони. Црвената, најскапа, чини 45 денари од час и тука е дозволено паркирање најмногу два часа. Жолтата зона, каде што возачите може да ги остават своите возила најмногу четири часа, чини 35 денари од час. И третата, зелена, зона каде што паркирањето не е ограничено и чини 25 денари. Од „Градски паркинг“ најавуваат дека деновиве се подготвува проект за воведување и на бела зона, каде што паркирањето за еден час ќе биде 25 денари. Оваа бела зона ќе ја опфаќа општината Чаир, а паркиралиштата ќе бидат кај Театарот на народностите и кај здравствениот дом „Бит-пазар“. За неколку недели ќе се воведе зонско паркирање и кај црквата „Свети Димитрија“, каде што час паркирање ќе се наплаќа по 45 денари, односно улицата е во редот на црвената зона. Од јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое стопанисува со зонското паркирање, велат дека имаат само пофалби за начинот на кој функционира овој вид јавно „згрижување“ на возилата.

- Свесни сме дека треба уште многу работа за да се подобри ситуацијата со паркиралиштата во градов, но зонското паркирање е добар почеток за тоа. Не можеме во сите општини да воведеме улично паркирање, затоа што некои од нив немаат локација каде што би можело да се реализира овој проект. Сега работиме на проектот за белата зона, која ќе се воведе во општината Чаир - објасни Панче Стојановски, директор на „Градски паркинг“.


КАТНИ ГАРАЖИ ВО ИЗОБИЛСТВО


Досега со катните гаражи што почнаа да се градат во изминативе неколку години требаше да се отворат 1.400 паркинг-места. Во првата катна гаража во трговскиот центар „Зебра“ има 460 места. Пред нешто повеќе од две години почна да се гради катната гаража кај трговскиот центар „Бисер“ во општината Аеродром, со 242 места, која сé уште не е готова. Бизнисменот Ајдован Адемовски од катната гаража кај НЛБ Тутунска банка скрати 400 места, па наместо предвидените 550, таму има простор за само 150 возила. Катната гаража што со полна пареа се гради зад Универзалната сала треба да има 136 места. Освен овие, на најновиот детален урбанистички план за Малиот ринг се предвидени и уште осум катни гаражи. Четири од нив ќе ги гради јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, две градот и две општината Центар. Претпријатието за станбен и деловен простор треба да обезбеди вкупно 1.300 паркинг-места во трите катни гаражи што ќе се градат кај МЕПСО и ЕЛЕМ, Музејот на холокаустот и кај Работничкиот дом. Градот ќе изгради две катни гаражи кај „Автомакедонија“, веднаш спроти цветниот пазар и кај полициската станица „Беко“. Во овие две катни гаражи треба да има од 800 до 900 места за паркирање. Општината Центар, пак, планира да гради гаража кај поранешната зграда на „Нова Македонија“, каде што сега се сместени повеќе министерства.

На неколку локации низ градот е предвидено и да се направат монтажни паркинзи. Два во општината Аеродром и еден во Центар, во населбата Капиштец.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=513101033585&id=14&prilog=0&setIzdanie=21982

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 17-May-2010 at 16:33

Нема ниту една гаража наменета само за катна

Кога инвеститорот ќе добие градежна дозвола за изградба на катна гаража, тој може да си направи пренамена во деловен објект, затоа што од деловниот простор ќе заработи многу повеќе отколку од паркиралишта





Трендот за изградба на катни гаражи што го зафати градот изминативе неколку години продолжува и понатаму да ја тресе нашата метропола. И покрај објаснувањата од надлежните дека катните гаражи се градат исклучиво за решавање на проблемот со паркирањето, сé поевидентно е дека тие се прават затоа што се одличен бизнис и можност за заработка. Објектите наречени катни гаражи сé повеќе личат на деловни згради, па на некои од нив не може да се забележи дека се простор за јавно паркирање. Воопшто не е спорно дека во нив има и простор за паркирање, но факт е дека под поимот катна гаража се кријат и други дејности.


АТРАКТИВНОСТА НА ЛОКАЦИЈАТА ГИ ДИКТИРА УСЛОВИТЕ


Во последниве две години се изградени два објекта што на големо беа најавувани како катни гаражи, но ниту еден не функционира исклучиво за јавно „згрижување“ на возилата. Првата е центарот „Зебра“, на сопственикот на маркетите „Тинекс“ и актуелен градоначалник на општината Центар, Владимир Тодоровиќ. Вториот е објектот на „Сити плаза“, сместен кај „Рамстор“, веднаш до деловниот објект на НЛБ-групацијата. Изградбата на „Зебра“ во населбата Капиштец беше проследена со петиции и протести, затоа што објектот од прва катна гаража се пренамени во деловно-трговски центар, како и поради уништувањето на дел од паркот стар 30 години. Како што објаснуваат советниците во општината Центар што имаа мандат токму во времето кога се носел деталниот урбанистички план за таа локација, прво требало да се изгради само катна гаража. Потоа со неколку пренамени на локацијата од катна гаража во катна гаража со деловен центар, се дојде до денешната „Зебра“ - деловен центар со катна гаража. Зградата до НЛБ Тутунска банка, кај ТЦ „Рамстор“, требаше да биде катна гаража со подземни и надземни паркиралишта. Предвидено беше во неа да се паркираат 550 возила, но по изградбата нивниот број се намали на 150 места, во подземниот паркинг. Горните катовите сé уште не се употребуваат.

Слична е состојбата и со гаражата кај трговскиот центар „Бисер“, која треба да има четири подземни и четири надземни нивоа за паркирање. Сé уште не се знае дали и колку од овој простор ќе биде наменет за канцеларии, а колку за паркирање. Оваа гаража ја гради претпријатието „Илинден“, кое за малку ќе го загубеше земјиштето, затоа што во првичниот проект површината за деловни простории беше поголема од онаа за паркирање. Откако се направи нов проектот, и тоа само неколку дена пред истекот на рокот за почеток на градењето, општината Аеродром им издаде градежна дозвола. Катната гаража, пак, кај Универзалната сала, наместо лек за недостигот од паркинг-места, нема да може да ги задоволи ни потребите на салата, а камоли да служи и за јавно паркирање. Во неа ќе има две подземни и три надземни нивоа, а 35 отсто од просторот ќе биде наменет за деловни простории.

Објектот кај поликлиниката „Идадија“, поради одредени правни проблеми со Министерството за транспорт и врски, сé уште не е почнато да се гради.


ПРЕНАМЕНИ ПОРАДИ КОМУНАЛИИТЕ


Иста е приказната и со катните гаражи планирани да се градат. Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор треба да изгради четири катни гаражи. Две кај МЕПСО и кај ЕЛЕМ, една кај Музејот на холокаустот и една кај Работничкиот дом. Во сите овие објекти, планирано е да има по 15 проценти деловни простории. Во катната гаража на улицата Даме Груев, кај “Лотарија на Македонија“, чија изградба ќе ја финансира градот, а со него ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, исто така, ќе има два ката наменети за канцеларии, и покрај тоа што на презентацијата на деталниот урбанистички план беше нагласено дека објектот ќе биде наменет само за паркирање. Сега за сега чиста е ситуацијата со паркиралиштето под новата железничка станица, како и со гаражата што треба да се прави на местото на дисконтот на „Тинекс“, до цветниот пазар на Јужниот булевар. Оваа локација е премногу атрактивна, па во јавноста се шпекулира дека е можно и тука, наместо катна гаража, да никне станбен комплекс или деловен објект со неколку ката наменети за паркирање.

При купување или добивање некое земјиште под закуп, инвеститорот треба да плати комуналии на градот и на општината каде што се наоѓа земјиштето. Комуналиите што инвеститорот ги плаќа за изградба на катна гаража се многу помали од оние што треба да ги даде за деловен или станбен објект. Кога инвеститорот ќе добие градежна дозвола за изградба на катна гаража, тој може да си направи пренамена во деловен објект, затоа што од деловниот простор ќе заработи многу повеќе, отколку од паркиралиштата. Од општините велат дека не дозволуваат да се прават пренамени на објекти, особено не од катни гаражи во деловни објекти, но практиката во реалноста ни покажува нешто сосема друго. Зошто откако ќе се види дека намената на објектот се менува, градежната инспекција не реагира, сé уште никој не успеал да одговори.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=517101036359&id=14&prilog=0&setIzdanie=21985
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 18-May-2010 at 23:13
Нема абер од паркинзите на Општина Центар

Трите паркинзи кои годинава требаше да почне да ги стопанисува Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ се' уште не се готови. Станува збор за паркинзите пред Општината, со капацитет за 170 возила, зад Трговскиот центар „Буњаковец“, со капацитет за 80 до 100 возила и во населбата Капиштец, спроти „Беверли Хилс“, кој треба да биде монтажен со приземје и кат и со капацитет од над 200 возила. Овие паркинзи, според најавите, требаше да бидат готови во април, мај и последниот во Капиштец - во јуни.

Според надлежните од Општината, сите три паркинзи се влезени во програмата за работа на Општина Центар и во програмата на претпријатието, за што се предвидени 18.500.000 денари.

Директорот на „Паркинзи на Општина Центар“, Тоше Делјановски, вели дека Општината е таа која ја презема активноста околу трите паркинзи.

- Тоа не зависи од нас, како претпријатие, туку од Општината. Се' уште не е завршена целата постапка, односно не се подготвени проектите. Постапката реално се одолжи, бидејќи подолго траеше изборот на фирмите што требаше да ги работат проектите. Уште кога се формираше претпријатието Општината беше таа која ги подготвуваше паркинзите, ги распишуваше јавните тендери и ја обезбедуваше целата опрема. Целата опрема ја попишува Општината, а нам само ни ги предава паркинзите на стопанисување. Наш е капиталот што ќе го направиме во текот на стопанисувањето - вели Делјановски.

Од Општина Центар велат дека се очекува трите нови паркинзи да профункционираат налето. Засега општинското претпријатие стопанисува четири паркинзи - кај „Трготекстил“, кај „Автомакедонија“, кај Зелен пазар и кај Домот на градежниците.

Советот на Општина Центар донесе одлука ова претпријатие годинава да го субвенционира со 1.500.000 денари за подобрување на своето работење, односно за набавка на компјутер, софтвер и униформи на работниците . (А.П.)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 28-May-2010 at 16:38
Прв монтажен паркинг под Железничка

За два месеца ќе биде готов првиот дел од паркингот, веднаш до поштата, а наесен ќе се уредува и останатиот дел, на потегот од новиот мост до Кејот на реката Вардар, по што ќе с е гради и второто монтажно ниво

Градот и ЈП "Градски паркинг" почнаа со изградба на првиот монтажен паркинг во Скопје, кој ќе се наоѓа под Транспортниот центар. Во моментов се расчистува просторот од насобраното ѓубре, се изведуваат одводните канали и се тампонираат дупките, по што ќе следи асфалтирање.
Предвидено е за два месеца да биде готов првиот дел од паркингот, веднаш до поштата, а наесен ќе се уредува и останатиот дел, на потегот од новиот мост до Кејот на реката Вардар. Просторот ќе се поплочи со бекатон коцки и ќе се обележи како паркиралиште за околу 200 возила. Откако ќе се уреди целиот простор, ќе се стартува и со изградба на второто монтажно ниво. Со тоа ова паркиралиште ќе функционира како катна гаража, со рампи за качување и за симнување. Основната монтажна конструкција ќе има украсна ограда или, пак, делови ќе се заградат со плексиглас за естетика, со оглед на тоа дека се работи за станбена средина.
За изведување на првиот дел од паркингот, од буџетот на Градот се одвоени 9,5 милиони денари, а за вториот дел 10 милиони денари ќе се обезбедат со ребалансот на буџетот. Изградбата, пак, на второто монтажно ниво ќе биде инвестиција на ЈП "Градски паркинг".
"Со изградбата на овој паркинг ќе се обезбедат дополнително неколку стотини паркинг-места, наменети првенствено за жителите на околните згради, но и за младите што го посетуваат дискотеките и ноќните клубови. Цената за еден час паркирање ќе биде 25 денари, но ние планираме навечер, кога младите одат во диско, да воведеме повластена цена од 10 денари за час. Но за тоа треба најпрвин да се намали висината на комуналната такса", велат од ЈП"Градски паркинг".
За уредувањето на паркингот Градот потпишал договор со "Македонски железници", за користење на земјиштето без надоместок .

http://vest.com.mk/?ItemID=9049FB42CFD0A4428D71C6D7F24D945F


Edited by lslcrew - 28-May-2010 at 16:38
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 07-Jun-2010 at 00:25

Паркингот под Транспортен готов за еден месец

 

Причина за доцнењето на проектот се поправките на атмосферската канализација

Изградбата на паркингот под Транспортниот центар, непосредно до „Пошта“ ќе доцни еден месец. Причина се поправките на атмосферската канализација кои ги одложија градежните работи околу тампонирањето и поплочувањето на теренот. Како што информираат од Град Скопје, дополнителните работи се веќе завршени, а изградбата продолжува според предвидениот проект.

Моментно се работи на поставување на рабниците на паркиралиштето, по што ќе следува поплочување со бехатон-коцки. Досега се изведени одливните канали и корекциите на теренот со посипување тампон. Во завршната фаза просторот ќе биде обележан за паркирање и ќе се постават потребните уреди.

„Паркиралиштето ќе има 9.000 квадратни метри и ќе обезбеди паркинг за околу 200 возила, со сета придружна сообраќајна мрежа за внатрешно маневрирање. Изградбата чини околу 10 милиони денари“, информираат од Градот Скопје, од каде што најавуваат дека до крајот на годината, исто така, ќе се уреди и вториот паркинг, на потегот од новиот мост кон кејот на Вардар, за кој парични средства ќе бидат обезбедени со најавениот ребаланс на буџетот на Градот.

За уредувањето на паркингот, Град Скопје потпиша договор со „Македонски железници“, а земјиштето го доби на неколкудецениско користење. Со новиот паркинг ќе стопанисува градското јавно претпријатие „Градски паркинг“, кое ќе инвестира во второ монтажно ниво со пристапни рампи. Со тоа ќе се обезбедат дополнително неколку стотици паркинг-места. Практично, ова паркиралиште ќе функционира како катна гаража, со рампи за качување и симнување, само што ќе биде направено од монтажни елементи кои се приспособливи и побрзо се изведуваат.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 16-Jun-2010 at 20:22

Монтажна гаража за спас на паркот

Само монтажна катна гаража може да ги реши сообраќајниот метеж и секојдневните конфликти меѓу граѓаните во Градскиот парк и во Дебар Маало, му предлага опозицискиот СДСМ на градоначалникот Коце Трајановски. Ако не најде сила да го надмине овој горлив проблем, тогаш паркот нека го направи пешачка зона, како што беше пред 15 години, велат од оваа советничка група.

Иницијативата за ставање крај на калабалакот ќе му ја достават неделава и ќе побараат да се стави на разгледување пред Советот на Град Скопје. Тие очекуваат градоначалникот да го проанализира предлогот и да им одговори дали има добра волја за итно решавање на паркирањето во овој дел од градот. Советниците велат дека со отворањето на летните тераси на кафулињата во Дебар Маало и на дискотеките во парк, во овие реони во ноќните часови завладеал башибозук. Секојдневна слика се нервози, конфликти и тепачки меѓу младите, бидејќи постојано се случува некој некого да го блокирал со возилото.

- Градоначалникот, наместо да гради плажи на Кејот, редно би било да се ангажира на младите да им овозможи пристојно место за забава, а воедно и да го заштити паркот, единствената скопска оаза. Не знам дали размислува каде би се паркирале оние што ќе излегуваат на неговата нова градска плажа, на која исто така ќе има кафулиња. Во вечерните часови Дебар Маало и паркот личат на Бејрут. На насипот на Вардар се паркираат големи џипови, кој како стаса се паркира на тротоари и во тревници, без никаква грижа, а полицијата спие - рече советникот Александар Наумовски.

Предлогот на советничката група опфаќа или монтажна катна гаража или обележување на бесплатни места за паркирање. За Дебар Маало велат дека треба да се најде решение што ќе ги задоволи ем станарите ем посетителите.

Сметаат дека ако секторот за сообраќај во Градот изготви решение, паркирањето ќе биде регулирано, при што секој што ќе се паркира надвор од стандарди, да биде казнет од полицијата.

Сега паркирањето за младите што одат на забава во паркот е овозможено од другата страна на Вардар, под Калето. Според Наумовски, секоја вечер може да се види дека тоа е непрактично и нефункционално решение.

- Имајќи го предвид нашиот менталитет, никој не се паркира од другата страна на Вардар, за потоа да пешачи по мостот. Ако се земат пак предвид девојките, факт е дека тие немаат намера со штикли да поминуваат повеќе од 2 метра, а камоли да го преминуваат мостот - сметаат од СДСМ.

Од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски изјавија дека уште лани поставиле рампи од двете страни на Градски парк, кај хотелот „Александар палас“ и кај стадионот, со цел да се оневозможи влез на возила и сообраќаен метеж. Воедно има и знаци за регулирање на сообраќајот. Проблемот е што годинава вандали ги оштетиле и ги скршиле рампите. Најавуваат дека набрзо повторно ќе ги обноват, а со полицијата ќе преземат соодветни мерки против несовесните возачи.

Во врска со иницијативата на СДСМ, рекоа дека ќе ја почекаат, ќе ја разгледаат и ќе одговорат.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9B2EE0AAA4296F4ABBCEBFEBF1C485C9
Back to Top
SpaceAge View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 11-Dec-2009
Location: SWEDEN
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SpaceAge Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 16-Jun-2010 at 21:54
"Vo vecernite casovi Debar Maalo i parkot licat na Beirut",dali e ova standardna fraza vo Balkanov sporedbata so Beirut ,ne ednas tuku bezbroj pati go imam slusnato.Malku se imaat zeznato Beirut e svetski grad nie ....aj da si premolcam.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 16-Jun-2010 at 22:53
Јас Либан го знам како место со најубави плажи во светот т.е. како одличен светски туристички центар.. е арно ама после тоа имало војна и се било уништено.. е сеа муабетов ме инспирираше да чепнам малце па да направам апдејт (и на личниве сознанија)..
 
мислам дека новинарчињава ќе имаат највише корист..
 
 With%20Israeli%20Responses,%20a%20Debate%20Over%20Proportion
2006
A scene of destruction in southern Beirut on Tuesday. According to the U.N., about 500,000 Lebanese are thought to have left their homes to escape the violence.
 
 
 
2009
 
 
Beirut%20%28Image:%20Jaume%20dUrgell%29
 
Lebanon: a tourist’s Mecca
 
28 September 2009
 
Over the past few years Lebanon has been defined by the conflicts that have torn it apart. But in 2009 The New York Times ranked Beirut first on its “44 places to go” list and Lonely Planet named it one of the top 10 liveliest cities. It seems the veil has been lifted and the city, dubbed the Paris of the Middle East, is alive once more.
 
 
 
 
СЛЕДУВААТ УШТЕ НЕКОЛКУ ФОТКИ А НАЈДОЛЕ ВИ СПРЕМАМ НЕШТО ПО ШТО КОМОТНО МОЖЕМЕ У ФЕКАЛИИТЕ НА БЕЈРУТ ДА СЕ ИСКАПЕМЕ (ме инспирираше плажата на вардар за реченицава Big%20smile)
 
 
ЖИЧАРНИЦА !!!!
 
 
 
 
 
 
plane-lands-at-beirut-international-airport.jpg
 
ЛЕТНА ТЕРАСА Big%20smile
 
The%20Paris%20of%20the%20East%20-%20Beirut%20is%20a%20charming%20city%20with%20all%20the%20trappings%20of%20a%20global%20metropolis
 
 
кого го занима повеќе еве линк за урбани дешавки http://www.skyscraperlife.com/117-projects/
 
 
 
И    З А   К Р А Ј  !!
 
The world's most expensive and biggest 10-stars hotel, and it's going to cost around $3.6 billion. DroolDroolDrool
 
И изгледа вака !!
 
 
 
 
 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 17-Jun-2010 at 14:16
Паркингот под железничка станица


2010-06-16
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 17-Jun-2010 at 18:32
кој е овој дел од железничката? читам кај поштата, па би требало да биде делот од поштата до под мостот?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.218 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.