build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 17-Jun-2010 at 18:49

Од постата према Вардар
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 17-Jun-2010 at 22:53
супер чим е така. ама овој дел е доста проблематичен за паркирање особено преку зима кога работат 3те клубови. Да не спомнуваме и самата автобуска чиј паркинг е апсурден и на кој неможе никогаш да се најде место. Според мене решение за овој дел е една голема катна гаража спроти паркингот на автобуската, ионака тој дел зјае празен
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12017
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 17-Jun-2010 at 23:06


Со актуелниот детален урбанистички план таму е предвиден верски објект:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=202&PID=6251#6251

Originally posted by La Linea


1. Свети Василиј Велики, НОВА УЛИЦА „БОРИС КИДРИЧ“, НАСЕЛБА МИЧУРИН СПРОТИ ЗГРАДАТА НА „НЕОКОМ“





Edited by Cloverstack - 17-Jun-2010 at 23:08
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12017
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 17-Jun-2010 at 23:25
... а размислувајќи што друго би можело да се направи за овој навистина проблематичен реон за паркирање, мислам дека добро би дошол подземен паркинг на 2-3 нивоа од источната страна на транспортен центар.  Исто така добро би дошла катна гаража и од другата страна, каде што сега се поставуваат циркуски шатори, ама којзнае што е таму предвидено со урбанистичкиот план...

Овој паркингот што сега се гради, како и оној постоечкиот на другата страна на транспортниот центар (кај приградската станица и кај пајак службата) добро би го дополниле капацитетот.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3810
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 18-Jun-2010 at 07:15
luge si citav vo vesnikov deka parkingot kaj spomenikot na skenderbeg kje stane plostad?!
Se prasuvam samo kade kje parkiraat lugjeto???
Back to Top
Sylvester View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Jun-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Sylvester Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 21-Jun-2010 at 13:32
Еве неколку фотографии од паркингот што се прави под железничка станица Скопје.

Овие слики се од самиот почеток:
22.03.2010


29.03.2010


Некако многу долго време им треба да направат паркинг. Првин згрешија почнаа да тампонираат но заборавија да направат атмосферска канализација, па пак одкопуваа за да го средат тоа и сеа конечно почнаа да поплочуваат.
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 21-Jun-2010 at 22:04
Originally posted by Sylvester

Некако многу долго време им треба да направат паркинг. Првин згрешија почнаа да тампонираат но заборавија да направат атмосферска канализација, па пак одкопуваа за да го средат тоа и сеа конечно почнаа да поплочуваат.

LOL

Добро е само да не заборавиле уште нешто па пак да раскопуваат у оваа фаза LOL

Ако фирмата изведувач е килава тогаш нека раскопуваат шо да им праиме. На нивни трошок си е


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 02-Jul-2010 at 15:51

Паркингот кај ТЦ "Бисер" се реконструира

Општина Аеродром работи на реконструкција на стариот паркинг и на изградба на нов, како и на асфалтирање на улиците околу ТЦ "Бисер". Активностите за асфалтирање на улиците, санирање на каналите и пропаднатите делови на улиците се во завршна фаза. Градежните работи ги изведува "Бауер Скопје", а средствата за реконструкција се обезбедени од буџетот на Општина Аеродром.

http://vest.com.mk/?ItemID=6831D302863F8F4BB2F9DD3691D83A11
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12017
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 05-Jul-2010 at 21:01
Веќе долго е фамозна оваа рампа - уште еден пример кога законот го газат токму оние што треба да го чуваат  Bash

Рампата зад Градежниците повторно боде очи

Советникот Идриз Орана од ДПА бара Градот Скопје да ја спроведе сопствената одлука и да го отстрани нелегалниот паркинг со кој две години управува Општина Центар

Рампата на паркингот кај Домот на градежници да се отстрани, бидејќи е незаконска и за тоа има и решение од Инспекторатот на Градот, побара на последната седница на Советот на Скопје членот од ДПА, Идриз Орана. Ова е веќе второ негово барање за отстранување на рампата, имајќи предвид дека решението за незаконско работење на паркингот, со кој стопанисува Општина Центар, градските власти го издале во мај годинава. Рампата е поставена веќе две години и со оглед на тоа дека не располага со целосна документација и согласности, излегува дека цело време остварува приход на црно.

- Овој паркинг нема согласност од МВР, тоа го пишува и во решението. Градот ги има сите законски средства да го реши проблемот, само треба да се има волја. Дрско е како Градот самоволно ги крши законите и не ги почитува своите решенија - смета Орана.

Градоначалникот Коце Трајановски на неговото барање рече дека ќе гледаат да го решат тој проблем со Општина Центар. Ова предизвика низа реакции кај советниците од СДСМ, кои сметаа дека е недопустливо да не се спроведува одлука во законски документ и да се толерира незаконието во име на некаква добра соработка со градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ.

Орана се повика и на извештајот од пред некој месец, во кој беше кажано дека во Скопје незаконски работат 19 паркинзи.

Според градскиот извештај за јавните паркиралишта со кои стопанисуваат разни фирми и институции, 19 паркиралишта, од кои четири на Општина Центар, не стопанисуваат законски, односно им фалат разни дозволи. Меѓу овие четири беше наведен и паркингот зад Домот на градежниците, кој всушност е преградена улица.

Во врска со нелегалните паркинзи, Градот најави дека набрзо ќе ги уреди односите со фирмите или со општините. Оваа рампа беше актуелна и пред две години, кога градските власти ја отстранија куќичката за наплата, оти беше поставена без дозвола. (Ј.И.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=22DF6AD0C4A0A2409063F8A1D3178FBB


Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4433
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 06-Jul-2010 at 01:47
Aбе дечки, ај кажете ми каква улога игра рампата во зонско паркирање?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12017
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 06-Jul-2010 at 10:57
Не е зонско. Каде што можеа ефикасно да затворат со рампа преферираа таков начин. А ова чудо е на општина центар која не ни има зонско паркирање под своја капа (прашање е зошто воопшто има свое јавно претпријатие за паркинг но тоа е тоа)


Edited by Cloverstack - 06-Jul-2010 at 11:02
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3637
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 18-Jul-2010 at 06:14
Струга со нови 250 паркинг места

Струга, 17 јули 2010 (МИА) - Локалната самоуправа во Струга сите слободни површини во централното градско подрачје ги претвори во паркинзи.

Новите паркинг простори се протегаат од потегот на улицата „Маршал Тито“ до улицата „Цветан Димов“, улиците „15-ти Корпус“ и  „Пролетерски Бригади“, до просторот пред градска плажа. Во паркинг простори кои ќе бидат користени само за време на туристичката сезона се пренаменети и просторите пред градското пливалиште и основното училиште „Браќа Миладиновци“. Со ова Струга доби околу 250 нови паркинг места велат од општината.

- Струга добро ќе се офајди од издавањето под закуп на површините за паркинг простор, изјави градоначалникот Рамиз Мерко.

Тој очекува со платените паркинзи да се среди хаосот кој се создаваше изминативе неколку години во екот на главната туристичка сезона кога секој паркираше каде ќе му текне.

Досега во Струга само на три локации се наплаќаше за паркирање.мт/вј/17:59

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=75584547&lId=1&pmId=501
Back to Top
Sylvester View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Jun-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Sylvester Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 20-Jul-2010 at 10:33
Еве денешнa сликa од паркингот кај Железничка станица-Скопје
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3810
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 05-Aug-2010 at 11:11
konecno..............
 
СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ КАЈ МТВ

На иницијатива на корисниците на услугите на Министерството за внатрешни работи во зградата на Македонската радио телевизија, Градот Скопје почна активности за уредување на просторот околу објектот, којшто граѓаните го користат за паркирање на своите возила.

Во моментов се реализираат подготвителните активности со коишто треба да се извршат земјени работи, односно ископ на земја и да се искршат и отстранат старите бетонски подлоги од урнатите бараки.

Оваа подготвителна фаза предвидува и валирање на постелката и вградување тампонски слој од толчаник.

Откако ќе бидат завршени овие подготовки на теренот, ќе се постават бетонски рабници од двете страни на паркингот, машински ќе се асфалтира, ќе се обележат паркинг местата и истиот ќе се поврзе со пристапните улици.

Вкупната површина на паркиенгот е 3.150 квадратни метри, за неговото уредување Грaдот ќе издвои 3.574.072 денари, а работите ќе ги изведува ЈП „Улици и патишта“.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12017
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 06-Aug-2010 at 19:20

Скопскиот „пајак“ месечно заработува 50.000 евра

Горан Адамовски

Сте го паркирале автомобилот каде што не му место, ама мислите дека ќе се извлечете. „Сигурно нема сега да дојде ‘пајакот‘, си викате додека ја заклучувате вратата. Но, по еден или два часа, ве чека шок. Најпрво се прашувате да не ви е украдено, а откако ќе се осигурите дека ви го зел „пајак’“, почнува кавга околу плаќањето. Многу мал дел од возачите признаваат дека погрешно паркирале и без приговор се фаќаат за џебот.

Шесте возила на „Пајак-службата“ вредно ги чистат скопските улици од непрописно паркираните возила, но и ги празнат џебовите на граѓаните. Едно возило - 2.000 денари. Ако го начекате „пајакот“ додека ви ја качува колата, ќе платите „само“ 1.200 денари.

Вредните „пајаци“ месечно стигаат до 50.000 евра заработка или околу 600.000 евра за една година.

Доколку сте паркирани на зелена површина - уште 1.500 денари, вкупно 3.500 денари. Од нив, претпријатието е должно 1.500 денари да ги префрли на „Паркови и зеленило“, чиј инспектор ја пишал казната, а со тие пари е предвидено да се озеленува околината. Но, и овие 3.500 денари ќе ви изгледаат одлично доколку не сте казнети со 250 евра од сообраќајната полиција, сума што се преполовува доколку платите во рок од осум дена.

Шесте возила на скопската „Пајак-служба“ вредно чистат низ улиците и по џебовите на граѓаните

„Интервенциите, дневни или неделни, зависат од доставените налози до ‘Сектор пајак‘, кои во просек се движат од околу 50 дневно“, велат од „Градски паркинг“, кој ја раководи „Пајак-службата“.

Простата математика вели дека минимум месечно се подигнуваат 1.500 возила што помножени со 2.000, дава вкупна сума од 3 милиони денари, или околу 50.000 евра.

„Нека прават пари, кој ни е крив што паркираме каде што ќе ни текне. Сакаме со кола да влеземе низ врата таму каде што сме тргнале“, велат дел од граѓаните.

Откако сообраќајниот полицаец или комунален инспектор (доколку возилото е паркирано на зелена површина или во близина на контејнер, како и хаварисано возило), а во одредени случаи и граѓани, извршители, фирми, напишат налог за непрописно запрено или паркирано возило, вработените во „Пајакот“ за миг го дигаат возилото. „Пајаците“ напаѓаат во две смени - од 7,30 до 21,30 часот, а во саботите од 9 до 1 часот по полноќ. Благајната, пак, работи без прекин во три смени.

„Во недела се работи само во случаи на повик, односно доколку интервенција на нашите возила е важна за проток во сообраќајот“, велат вработените во Службата.

Најчесто се подигнуваат непрописно паркираните возила во центарот на Скопје, односно делот од градот во кој има најголем метеж. При подигнување, возилата се фотографираат од сите страни како доказ за неправилното паркирање, како и заради можните постојни оштетувања на самото возило (гребнатини на каросеријата и сл.), кои, исто така, се впишуваат во налогот. Ова се прави од превенција во случај сопственикот да тврди дека возилото му е оштетено при транспорт до Депото на Службата.

„Има случаи и кога возилото е правилно паркирано, но, во моментот попречува изведба на градежни работи, бележење, поставување хоризонтална или вертикална сигнализација, поради што возилата се преместуваат од безбедносни причини: на пример, заради чистење траса на странски претставници, дипломати итн...“, објаснуваат од „Градски паркинг“. Возилото најчесто се поместува неколку метри, но има и случаи кога овие возила се носат во Депото. Оваа „услуга“ не се наплаќа.

„Вакви случаи на преместување возила заради безбедносни причини по барање на полицијата или други органи, има од 700 до 1.000 отстранети односно, преместени возила“, тврдат од „Градски паркинг“.

„Пајак-службата“ располага со шест специјални возила: три постари, наследени од ЈП „Улици и патишта“ - Скопје и три нови специјални возила „пајак“, кои претпријатието ги набави со свои пари. Во наредната година се очекуваат нови набавки, што значи дека алармот кај возачите уште сега свети црвено. (Г.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1DE384801F4D9C439FC666F2335C26A5
Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 12-Aug-2010 at 20:32
Како тоа го прават дипломатите во Македонија...



Uploaded with ImageShack.us




Edited by ATC@LWSK - 12-Aug-2010 at 21:30
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3637
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 23-Aug-2010 at 11:29
Нов паркинг во Гази Баба

Изграден е нов паркинг во Гази Баба, кај местото Нова Колонија.
Паркинг местата се обележани на површина од 400 кавдратни метри.
Веднаш до него, уредени се и неколку детски игралишта. Паркингот го гради фирмата "Адра" од Скопје.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=93C0858DE66F9D4EA278A67CD4A3BDBC
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 27-Aug-2010 at 16:23
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9017
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 27-Aug-2010 at 16:35


Барем знаеме како се вика 115 на албански
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3810
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 27-Aug-2010 at 20:09
LOL 15 e na albanski 7LOL
kako bi mozel da prajs greska vo brojite?Istite se, ne se kineskiSleepyBig%20smile
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.