build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркирање (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 06-Sep-2010 at 14:00

Градот Скопје Ве поканува на официјалното отворање на новото паркиралиште под Транспортниот центар што е закажано за утре /07.09.2010 година, вторник/ во 12:30 часот.

Новиот паркинг-простор ќе го промовираат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3629&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2419
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 07-Sep-2010 at 00:20
Чисто информативно, не гледам дека е евидентирано, паркингот на влезот во чаршијата, ќе му дојде измеѓу Мавровка и стоковната Илинден е (од скоро изгледа) со зонско паркирање. 
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 07-Sep-2010 at 13:58
Originally posted by axel

Градот Скопје Ве поканува на официјалното отворање на новото паркиралиште под Транспортниот центар што е закажано за утре /07.09.2010 година, вторник/ во 12:30 часот.

Новиот паркинг-простор ќе го промовираат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3629&mid=482&tabId=1&tabindex=0
 
LOL 
 
Абе паркиралиште е алоо.. какво свечено отворање со 2јца гардоначалници и директор.. зашто нема свечено пуштање на столпчиња !?
 
И онака тоа највише се прави последниве месеци.. сите столпчиња ги научивме, благодарение на статиите по весници... ејј статија у весник за поставени столпчиња LOL бар да беше катна гаража во прашање во фрекфентна тесна зона, ај ќе разберев али ова... наредиле бекатон и ура
 
Bash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 07-Sep-2010 at 15:02
ОТВОРЕНО НОВОТО ПАРКИРАЛИШТЕ ПОД ТРАНСПОРТНИОТ ЦЕНТАР       









Градот Скопје денеска /07.09.2010 година/ го промовира новото паркиралиште за лесни моторни возила, под Транспортниот центар. Новиот паркинг-простор е со површина од 6.840 квадратни метри и е врамен со две новопроектирани улици коишто ги поврзуваат улиците Беласица и Владимир Комаров. Паркиралиштето и официјално го предадоа во употреба градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски и директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски.

- Новиот паркинг-простор располага со 218 обележани места за паркирање. Со паркиралиштето ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, а цената за паркирање ќе изнесува 25 денари за час, без ограничување на задржувањето. Месечната претплата за користење на ова паркиралиште изнесува 2.000 денари, а годишната – 20.000 денари. Станарите на околните станбени објекти ќе можат да го користат ова паркиралиште за 250 денари месечно. Уредувањето на овој паркинг-простор ќе го олесни паркирањето во овој дел од центарот на којшто има многу деловни и станбени објекти. Новото паркиралиште ќе ги реши проблемите и со непрописното паркирање на зелените и другите јавни површини. За изградба и уредување на овој паркинг-простор Градот Скопје потроши околу 12 милиона денари - рече градоначалникот Трајановски.

Подлогата на паркиралиштето е израмнета, тампонирана и покриена со павер-елементи со дебелина од 6 (шест) сантиметри. Претходно, на оваа површина е изведена мрежа за одведување на атмосферските води и се направени сливници. На терен работеа екипи на градежната компанија „Беграмо инженеринг“ и ЈП „Градски паркинг“.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3632&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 08-Sep-2010 at 03:50
Новиот паркинг кај транспортниот центар пуштен во употреба

Денеска кај транспортниот центар во Скопје беше пуштено во употреба новото паркиралиште со кое ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“. На површина од 6.840 метри квадратни, паркингот има 218 обележани паркинг места кои може да се користат по цена од 25 денари на час но постојат и опции за месечна и годишна претплата по цени од 2.000 и 20.000 денари соодветно. Паркингот се наоѓа помеѓу улиците „Владимир Комаров“ и „Беласица“, веднаш до поштата под транспортниот центар.


Паркиралиштето е превидено да го олесни прашањето со паркинг простор во овој дел од од градот, каде освен големиот број станбени висококатници се наоѓаат и значителен број деловни објекти меѓу кои и седиштето на „One“ а во непосредна близина наскоро ќе се отвори и деловниот центар „Меги“.


Изведувачи на работите се компанијата „Беграмо инженеринг“ и ЈП „Градски паркинг“.


### ###

http://www.build.com.mk/?p=4913
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 08-Sep-2010 at 04:01
Një orë = Влез Question

Добро е што овој простор конечно му се даде смисла додека да се реискористи за некоја наредна содржина доколку има градот потреба. Толку простор да стои така запуштен толку години е стварно нелогично, а може со малку бекатон да се реши и да биде од директна функција. Друга позитивна работа е што ова е практично гаража и ги штити возилата од атмосферски влијанија. Знаејќи дека изнајмување гаража во Скопје месечно може да достигне цена и до 50 евра, ова мислам дека е одличен избор за граќаните од околните згради. За само 4 евра месечно имаат пристап до покриен паркинг на километар од центар, под транспортен центар. Одлична шанса што не се пружа туку така секаде низ поголеми градови. Позитивна работа е што веќе нема да биде депонија како предходно, а може и најбитно од се е тоа.

Замерка за нефарбаните столбови што се во рамки на паркингот. И за поголема видливост како и неколкуте офарбани столбови, а и за да се покријат тие дамките од веројатно палење оган.


Edited by lslcrew - 08-Sep-2010 at 04:49
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 368
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 08-Sep-2010 at 10:48
8 mesta se ramkovno podelni kako sezonski bileti. Zatoa ima greska vo prevodot he he he

.....   .......
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 10-Sep-2010 at 14:14

Нов паркинг, ама без светло

 

И три дена по официјалното пуштање во употреба на новиот градски паркинг под Транспортен центар, на поголемиот дел од паркиралиштето воопшто нема светло. Осветлен е делот само покрај улицата „Бојмија“, а на паркингот, кој, всушност, е под пероните на Железничката станица, едвај се гледа прст пред око. И малкуте граѓани што почнаа да се паркираат таму велат оти ќе се откажат од можноста што им се нуди, бидејќи местото личело на хорор-филм. Не само што е темно, па стравуваат за својата безбедност туку граѓаните се сомневале во безбедноста на возилото, бидејќи никој не им гарантирал за евентуална отштета.

На свеченото пуштање во употреба на паркингот градоначалниците Трајановски и Коневски информираа дека за уредувањето на паркингот се потрошиле околу 200.000 евра. Екипи на „Бергамо инженеринг“ и ЈП „Градски паркинг“ на подолгата на паркиралиштето поставиле павер-елементи, изградиле атмосферска канализација и нови сливници, но, очигледно, заборавиле на осветлувањето. (Дс.Т.)

Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 10-Sep-2010 at 14:28

Швајцарците да добијат „оскар“ за непрописно паркирање

 

Возило од марката „тојата“, сопственост на швајцарската амбасада, во вторникот ја презгазило живата ограда и се паркирало на зеленилото на објектот на Државниот архив

 

Сите други возила се паркирани на местата обележани за паркирање, само џипот на швајцарската амбасада е паркиран на средината на тревникот. Вработените во Архивот биле многу револтирани од ваквото однесување. Тие прашуваат дали вакви постапки и кршења на законите се прават и во Швајцарија.

- Дали луѓето во Швајцарија се паркираат на овој начин и ако се паркираат, како на тоа реагираат швајцарските власти? Кој сега ќе ја надомести штетата за изгазената ограда и зеленилото - прашуваат од Државниот архив.
 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4443
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 10-Sep-2010 at 15:24
А пази возачот да не е од Швајцарија... Тоа се локални сељаци. Да е само тој...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 10-Sep-2010 at 15:32
Originally posted by гитардемон

А пази возачот да не е од Швајцарија... Тоа се локални сељаци. Да е само тој...
Не е битно тоа! Таблицата е на швајцарска амбасада. По што толку си сигурен дека бил локалец? Нека си обрнат малку внимание кого вработуваат да ги претставува низ странство или нека излезат со информација како сопственици на возилото кој тогаш го управувал.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 10-Sep-2010 at 19:31
lsl, Ako e taka sto ne dojde pajak da mu go sobere voziloto? Ili diplomatski koli ne digaat?
 
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 10-Sep-2010 at 19:33
Јас директор на пајак-служба ли сум да ти кажам?!
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 10-Sep-2010 at 19:49
убаво пишува во статијата - возило на Швајцарска амбасада -  ирелевантно е кој го возел.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 10-Sep-2010 at 19:56
Originally posted by lslcrew

Јас директор на пајак-служба ли сум да ти кажам?!


Like Rollin
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 20-Sep-2010 at 01:06
не ми е јасно која е потребата од вакво нешто?

Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 20-Sep-2010 at 13:17

отворање на врати бе друже, ако е поназад и себе и тој од десно нема да можат да влезат.. иако е лошо паркиран, баш на пролаз..

али ако нема паркинг места јбга... што се чека со обезбедување на истите.. нема ваљда да ги селиме..
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 20-Sep-2010 at 17:22
Originally posted by Swimmer

отворање на врати бе друже, ако е поназад и себе и тој од десно нема да можат да влезат.. иако е лошо паркиран, баш на пролаз..

али ако нема паркинг места јбга... што се чека со обезбедување на истите.. нема ваљда да ги селиме..
е не зезај, не е тоа оправдување, ќе си излезе човекот од кола полека и во многу потесен простор
а ако е за тоа и јас живеам тука и знам како е да се паркираш, па не е оправдување тоа
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 20-Sep-2010 at 21:26
Previous  ок јас дадов моја претпоставка, што мислиш ти, зашто е ?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 20-Sep-2010 at 22:10
Originally posted by Swimmer

Previous  ок јас дадов моја претпоставка, што мислиш ти, зашто е ?
моја претпоставка е дека секој треба да си паркира прописно и да пази колку простор им остава на другите за паркирање Smile
а на овој ако му било тесно тоа место, можел слободно да бара друго
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.