build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 21-Sep-2010 at 02:26

Патем, за паркингот под железничка за којшто се сечеше лента, а јас се смеев. Стои празен


A dali znaes zosto stoi prazen? posto mora da se plati zatoa, drugive se gaga parkinzi.

Nie sme naviknati na bez platen parking celo vreme bese taka sea od ednas treba da se plaka i ne im se svigja na lugeto toa. Jas mislam deka naj bolje ke bide da se napravi nekoja simbolicna cena od 20-30 denari i sekade da moze da se parkira cel den. Ako se plaka po 30 denari na saat premnogu e toa, vise dara nego masla pogotovo za tie sto idat na rabota i se parkiraat.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 21-Sep-2010 at 02:38
Може би треба да се иде на некоја тактика со влез 10 денари и ефтини цени, да се привлечат возачите кон паркинзите наспроти досегашното широко толерирање бсправно паркирање, цени релативно скапи и слично. Па после со висината на цената да се регулира некако исполнетост ана паркингот. Да се оптимизира цената до некој баланс полн паркинг наспроти достапна цена. Некој модел на атракција наспроти асимилација.
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 21-Sep-2010 at 10:53
па тоа зборам и јас де, очигледно им беше поважно да сечат лента отколку паркингов да има реална корист и примена. Требаше да биде бесплатен, а добивка ќе беше расчистена улица. Зашто секој паркинг мора да е со плаќање? Местото одговара да биде поплочено и наменето за паркинг, ако се констатира дека има гужви или недостаток на место, тогаш нека воведат плаќање. Дури и ова што веќе неколку недели зјае паркингот празен е многу. Досега надлежните требаше да ја скенираат состојбата и да пратат како се одвива и ако нешто не штима, како сега, веднаш да преземат мерки. Инвестиција како оваа која не наоѓа на оправданост/искористеност е загубена, лоша или пропадната инвестиција. Парите потрошени, дечките сликани, паркингот празен, улицата преполна.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 28-Sep-2010 at 13:35

Катни гаражи куп, паркинг-простор нема

Со секој нов детален урбанистички план се предвидува по едно ново паркиралиште и по една нова катна гаража, а познато е дека деталните урбанистички планови се носат со брзина на светлината, поради што не ни можат да се избројат новите паркинг-места





Во изминативе дваесетина години паркирањето е едно од најгорливите прашања во градот. Се отворија неколку нови паркиралишта на јавното претпријатие „Градски паркинг“, се воведе зонско паркирање, се изградија неколку катни гаражи, а сепак место за паркирање нема. Во досега изградените гаражи има речиси 1.300 места за паркирање, но проблемот е што во секоја има најмалку по 15 отсто деловен простор. Единствена катна гаража којашто нема деловен простор е онаа во населбата Јане Сандански до трговскиот центар „Бисер“, на АДГ „Илинден“, и во неа има 242 паркинг-места. „Зебра“ на Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар, во Капиштец многу повеќе личи на трговски центар отколку на катна гаража. Во неа има 460 места за паркирање, но исто така и супермаркет, хотел, дуќани и кафулиња. Жителите на Капиштец и ден-денес сметаат дека месечниот билет е многу скап. Во трговскиот центар „Веро“, освен дуќани, има и 500 места за паркирање. Катната гаража што ја изгради Ајдован Адемовски до зградата на групацијата НЛБ Тутунска банка, наместо предвидените 550, има само 150 места за паркирање. Гаражата кај Универзалната сала има 136 места за паркирање, но и во неа е предвидено 15 отсто од објектот да биде за деловни простории.


ПЛАНОВИ, ПЛАНОВИ, ПЛАНОВИ



Водени од желба конечно да го решат проблемот со недостигот од паркинг-просторот, градоначалниците со секој нов детален урбанистички план предвидуваат по неколку катни гаражи, но дали и практиката со пренаменување на објектите ќе остане иста останува да се види.


Во следниве неколку години во градот е планирано да се изградат 17 катни гаражи и четири монтажни паркинзи. Дури 13 гаражи и еден монтажен паркинг е предвидено да се изградат во општината Центар, каде што проблем со метежот во сообраќајот и со недостигот од паркинг-места е најголем. Втора по ред е општината Аеродром, која сега има една катна гаража, а планира да се направат три монтажни паркинзи. Во другите општини досега не се изградени катни гаражи, затоа што немале проблеми со недостигот од паркинг-места, но од повеќето општини најавуваат дека со новите измени во деталните урбанистички планови е предвидено да се изградат катни гаражи. Така, во Гази Баба се предвидени две гаражи во населбата Автокоманда и една во Чаир до Албанскиот театар.


Од тринаесетте катни гаражи што треба да се изградат во општината Центар, три ќе ги гради општината, кај старата зграда на „Нова Македонија“, на улицата Бихаќка и кај Македонската телевизија. Во овие катни гаражи треба да има вкупно 1.860 паркинг-места, а од општината најавија и дека во објектите не е предвиден деловен простор. Градските власти треба да направат две катни гаражи кај „Автомакедонија“ и на улица Даме Груев со 800 паркинг-места. Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор треба да изгради четири катни гаражи, две кај МЕПСО, една кај Музејот на холокаустот и една кај Работничкиот дом. Со овие гаражи треба да се обезбедат 1.300 паркинг-места. Зад Собранието се гради катна гаража за 225 возила.



НАЧИН ДА СЕ ОДБЕГНАТ ВИСОКИТЕ КОМУНАЛИИ



Скопјани велат дека само прашање на време е кога новопредвидените катни гаражи ќе прераснат во деловни центри. Тие сметаат дека катни гаражи се предвидуваат само за да се избегне плаќањето на високите комуналии за изградба на деловни центри.


- Со целиот простор предвиден за паркирање досега требаше да има по едно паркинг-место за секое семејство во центарот на градот, како и за вработените во институциите сместени тука. Но, и покрај многубројните најави за нови гаражи, како и воведувањето зонско паркирање, ние возилата го оставаме по тротоари, на зеленило, па дури и среде улица. Да имам каде да паркирам, нема да го оставам автомобилот да ми го собира „пајак“, за потоа да плаќам исто како цел месец да сум ја заборавил колата на некој од најскапите паркинзи во градот. Проблемот е во тоа што кај нас секоја катна гаража со деловен простор, по неколку месеци станува деловен простор со места за паркирање - вели Стојан Соколов.


Општината Аеродром е втора по ред со хаосот за паркирање. Иако тука е катната гаража до ТЦ „Бисер“ со 242 места, се воведе и зонско паркирање, се отворија 218 нови паркинг-места под Транспортниот центар, место за автомобилите понекогаш нема ни за лек. Затоа надлежните планираат да се постават три монтажи паркинзи. Но поставувањето на првиот со капацитет од 38 места за паркирање, заврши со протест на станарите на зелените згради на булеварот Јане Сандански.


- Им дадовме време на жителите да размислат дали сакаат монтажно паркиралиште со кое ќе се решат нивните проблеми. Тие се против овој проект, затоа што мислат дека со паркингот ќе се уништи зеленилото. Нивно е да одлучат дали сакаат да се постави паркингот. За десет дена би требало да добиеме одговор што решиле - појаснуваат од општината Аеродром.


Другите две монтажни паркиралишта треба да се направат кај трговскиот центар „Бисер“ и во населбата Ново Лисиче.



Седум милиони евра кредит

Преку задолжување во банките, градот и општината Центар ќе ги градат четирите катни гаражи. Градот ги завршува главните проекти за катните гаражи кај „Лотарија на Македонија“ и кај цветниот пазар, кои треба да се готови идниот месец. Камен-темелникот за овие објекти се очекува да се удри до крајот на годинава.

- Дел пари за изградба ќе се соберат од продажбата на деловниот простор во гаражите, а дел од кредити, кои за двете гаражи треба да се во износ од седум до осум милиони евра - рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

На ист начин и за истите пари и градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, ќе ги гради гаражите кај МТВ, кај новиот кривичен суд и кај зградата на поранешна „Нова Македонија“.

- До крајот на годинава треба да почне изградбата на катната гаража кај МТВ, а до март идната година и втората. Со двете ќе стопанисува нашето претпријатие „Паркинзи општина Центар“ - рече Тодоровиќ.

Владата плаќа за паркирање

Од Службата за општи и заеднички работи на Владата нé информираа дека и нивните возила кога се паркираат на некој комерцијален паркинг си плаќаат регуларно како и другите корисници. Државните возила не плаќаат паркирање само на паркиралиштата на министерствата и на другите институции.

- Нашите возачи ретко чекаат на јавни паркиралишта, но кога ќе се случи тоа како и другите најрегуларно си плаќаат - ни изјави Васе Донев од Службата за општи и заеднички работи.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=928101036192&id=14&prilog=0&setIzdanie=22094
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 30-Sep-2010 at 15:25
Незнам дали и за паркинг простор се дискутира во оваа нишка ако не е префрлете го постот. Многу ми изгледа грдо решенитео колите да се паркираат горе на тротоарот на Партизанска. На некои места буквално како пешак немаш простор да поминеш па мора да се симнуваш на улица. На некои места има простор ама Партизнаска како булевар тој голем простор на траотоарите фино бил порано испоректиран посебно за велосипедска патека и посебно за пешачка патека. Нели може некако да се направи уште една лента каде што има простор на Партизнаска и таму колите да се паркираат паралелно и со тоа фино лепо останатиот простор ќе си биде за пешачка и велозипедкса патека. Вака е многу гадно.
За Орце Николов е уште поголема катасрофа. Зонско паркурање горе на тротоар. Нигде во свет го нема тоа. Мислам дека и таму можат да направат слично решение. Да одземат дал од тротоарот занчи да го направта на ниво со улицата и да има место за паралелно паркирање. Паралелно мислам на паралелно со улицата.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 30-Sep-2010 at 20:24
Проширување на Партизанска ради паркирање би повлекло низа други проблеми. Од друга страна Партизанска колку што знам (барем на хартија) е покриена со катни гаражи на проблематичните локации... само кога навистина на крај би испаднале гаражи, ке процветаме...

За Орце Николов како и тебе истото ме иритираше, иако ми кажале луѓе дека не сме единствени со зонско паркирање на тротоар, мене сепак тоа ми изгледа како лошо решение. Ова што го предлагаш ми се допаѓа, но претпоставувам дека на многу места би пречеле дрвјата за да се изведе такво проширување за паралелно паркирање...


Edited by Cloverstack - 30-Sep-2010 at 20:27
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 18-Oct-2010 at 12:06

Наместо ѓубре, паркинг за автобуси

Градот Скопје идната година ќе ја уредува дивата депонија под Транспортен центар

Ѓубрето под Транспортниот центар во иднина ќе мора да им го отстапи местото на автобусите. Локацијата до новиот мост, која сега е дива депонија и претставува дом на неколку ромски семејства, идната година ќе се прошири со нов паркинг за автобуси и транспортни комбиња. Просторот веќе е пренатрупан со голем број возила, бидејќи постојниот паркинг на меѓуградската автобуска станица е премал да ги прими сите автобуси, кои поради возниот ред, мора да преноќат во Скопје, а некои од превозниците го избегнуваат и поради наплатата.

За новиот паркинг во Градот Скопје моментално се изработува проект, а изградбата би требало да започне напролет. Во буџетот за идната година ќе бидат предвидени 14 милиони денари.

„Примопредавањето на земјиштето со Министерството за транспорт и врски е веќе завршено и очекуваме да започне изградбата до март идната година. Дотогаш ќе биде завршен проектот, а ќе се избере и изведувач“, велат во Градот Скопје.

Со новиот паркинг, сметаат во Градот, ќе се заокружи целината под Транспортниот центар, а воедно и ќе се реши проблемот со создавањето депонии. Паркингот за автобуси се наметнува како потреба во близината на меѓуградската автобуска станица, бидејќи таму нема доволно простор за паркирање за сите автобуси. Со него ќе стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое дополнително ќе треба да ја утврди и цената за паркирање.

„Засега е познато дека транспортните компании ќе треба да плаќаат месечни билети за автобусите и комбињата, што значи нема да се наплатува од час или од ден. Колкава ќе биде цената, ќе утврдува прво Управниот одбор на претпријатието, па Советот на Скопје. Откако ќе знаеме повеќе детали, ќе испратиме дописи до транспортерите да им понудиме соработка“, велат во „Градски паркинг“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F6AB9E911D52B846A1208326A2FD3820
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 18-Oct-2010 at 22:29

ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН


Се уредува паркинг-простор за тешки товарни возила


Општина Илинден интензивно работи на реализација на пректот Изградба на јавни тоалети и паркинг-простор за тешки товарни возила".
- Со целосната изградба на јавните тоалети се реализираше првата фаза од проектот, со што се интезивираа градежните активности за целосно уредување на паркинг-просторот за тешките товарни возила, кој се наоѓа на влезот на стопанскиот комплекс Илинден, веднаш до автопатот Скопје - Куманово - Белград. Инаку, овој простор ќе можат да го користат сите лица кои транзитираат низ Општина Илинден, односно ќе биде наменет за лицата кои се движат со тешки товарни возила да имаат простор и место каде што ќе можат да застанат да се одморат и освежат и да го продолжат со својот пат, велат од општината.

Исто така паркинг-просторот ќе може да го користат и за граѓаните од општина Илинден, кои досега немаа место за паркирање на своите тешки товарни возила, со што најчесто ги оставаа на јавни површини и простори во општината, со што придонесуваат до намалување на безбедноста како во сообраќајот така и на безбедноста на движењето на пешаците, како и намалување и оштетување на локалната патна мрежа во општината од движењето на тешките товарни возила.
Вкупната вредност на проектот изнесува 2.200.000,00 денари, од кои Министерството за транспорт и врски обезбеди 1.200.000,00 денари, а остатокот од 1.000.000,00 е обезбеден од буџетот на Општина Илинден.

http://vecer.com.mk/?ItemID=22AFFC368DF0D4479ABBE45B83EF16C8
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 18-Oct-2010 at 23:25
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 27-Oct-2010 at 19:36
Паркингот во Капиштец спроти ТЦ Беверли Хилц.

01.


02.


03.

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 28-Oct-2010 at 14:20
Добро што е финтава со бројкиве,не се координираат или?!

РАМКОВЕН ПОПУСТ


http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=AD18FA8CDBA5E84DA6540052DA5A58C1
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3818
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 28-Oct-2010 at 18:06
Ne e prv pat sto pravaat greski!Vlez e na albanski Hyrja a ne cmimi!Cmimi e cenata!
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 01-Nov-2010 at 14:29
НОВ ПАРКИНГ

Градоначалниците на Град Скопје и на општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ денеска присуствуваа на пуштањето во употреба на новиот паркинг-простор што се наоѓа на кејот „Димитар Влахов“, до МТВ.

ParkingMTV4500

Трајановски рече дека овој паркинг е изграден на иницијатива на граѓаните кои ги користат услугите на МВР во зградата на Македонската радио телевизија.

- Паркингот е со капацитет од 115 места за паркирање и дополнително 75 места за паркирање кај Судската палата, рече Трајановски и додаде оти паркингот има површина од околу 3,5 илјади метри квадратни.

Инвестицијата во вредност од 3,5 милони денари, се финансира од Буџетот на Град Скопје.

Трајановски соопшти дека граѓаните ќе може да се паркираат за 25 денари од час, а за вработените во МВР и во МТВ ќе се обидат да го решат тоа прашање и додаде дека за тоа треба одлука на Советот на Град Скопје. Тој потсети дека веќе имале таква одлука за објектот „Нова Македонија“, каде се сместени повеќе министерства. Во секој случај, вработените ќе имаат поинакви цени, рече Трајановски.

На прашањето што планира општина Центар да изгради до Соборниот храм, на главната крстосница, Тодоровиќ рече дека таму ќе биде поставено спомен-обележје на свети Климент Охридски. Според него, тоа е вистинско место за поставување на таков споменик бидејќи и храмот и булеварот го носат тоа име.

Тодоровиќ рече дека проектот би чинел околу 100 или 120 илјади евра, а скулптор е академик Томе Серафимовски.

ParkingMTV3500



http://www.kurir.mk/republika/skopje/6184-Nov-parking-na-kejot-Dimitar-Vlahov

Edited by OKA - 01-Nov-2010 at 14:30
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 01-Nov-2010 at 16:16




http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3742&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Edited by lslcrew - 01-Nov-2010 at 16:16
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 18-Nov-2010 at 15:01
АСФАЛТИРАН ПАРКИНГОТ КАЈ СОБОРНИОТ ХРАМ    





Екипите на Градот Скопје ја завршија реконструкцијата на паркинг-просторот кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, на булеварот Партизански одреди. Градежните работи на паркиралиштето траеја една недела.

Оштетената површина на паркингот беше машински изгребена, просторот беше исчистен и покриен со асфалтна маса АБ 11. На површина од 630 квадратни метри беше вградена асфалтна маса од 103 тони.

На терен работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“, а за уредување на просторот беа потрошени околу 830.000 денари.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3823&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 19-Nov-2010 at 13:49

НОВ МОНТАЖЕН ПАРКИНГ ВО АЕРОДРОМ

Бесплатна гаража за Ново Лисиче

Постојното паркиралиште во населбата, кое сега има место за 50 возила, ќе се дуплира и тоа најдоцна за 15 дена

Ќе се обновува паркинг-просторот во населбата Ново Лисиче. Промените ќе се прават на постојното паркиралиште, кај Прокредит банка, на кое сега има место само за 50 коли. Планот на градоначалникот Ивица Коневски е да изгради монтажна гаража на едно ниво за да се добие слободно место за уште најмалку 50 возила.
Паркингот нема да се наплаќа, односно тамошните жители ќе можат да паркираат без да платат денар.
"Новиот монтажен паркинг ќе нè чини 20 милиони денари. Ќе почнеме да го градиме најдоцна за десет дена, со што сакаме на граѓаните да им обезбедиме бесплатни места за паркирање", вели градоначалникот Ивица Коневски.
Првичната локација на новиот паркинг беше кај зелените згради во населбата Јане Сандански, веднаш спроти трговскиот центар "Бисер", но по одлуката таму да се воведе зонско, Општината го префрли паркингот во Ново Лисиче.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=8DDD4D2623C71E4BB93A7E575193D590
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 20-Nov-2010 at 19:15
Див Запад   Ohno

А нашиве институции хронично збунети околу надлежностите. Кога има да се искористи нешто, сите се тепаат дека надлежноста била нивна, а кога треба да се реши макар и најмал проблем, сите бегаат како од чума.


Заеднички паркинг, ама за лични потреби

Станари во Расадник си присвоиле паркинг-места поставувајќи метални блокатори

Бојан Шашевски


Да се најде слободно место за паркирање околу новите згради кај салата „Расадник“ во Кисела Вода, е вистинска премија, па дури и луксуз. Особено откако некои станари, па дури и сопственици на деловен простор од зградите, самоиницијативно поставиле блокатори на паркинг-местата. Иако станбениот комплекс на улицата „Сава Ковачевиќ“ располага со придружни паркиралишта, бројот на паркинг-места ни оддалеку не ги задоволува потребите на жителите од населбата.

Заедничкиот паркинг е претворен во приватен, бидејќи со поставените мали железни рампи некој оневозможил да го користат сите. Узурпацијата на јавниот простор законски е недозволива, па оттаму станарите, се чини, со право се прашуваат има ли некој надлежен да го реши проблемот. Тие наведуваат дека овде паркингот е привилегија само за оние што навреме, законски или не, си набавиле блокатори.

„Навистина сум револтирана и не ми е јасно како некој може своеволно да постави блокатор на место што е слободно и предвидено за паркинг за сите станари. И додека ние останатите ’смртници‘ вртиме кругови околу зградите во обид да најдеме слободно место, што е речиси невозможно по 16,30 часот, други имаат простор резервиран само за нив во секое време од денот. Многупати досега морав да го паркирам автомобилот во кал или на некои невозможни места, по ќошиња, на тротоари, додека местата со рампи зјаат празни. Се прашувам, кој им дал право и дали секој поединец може да си постави блокатор каде што ќе му текне“, изјави станарка од зградите на улицата „Сава Ковачевиќ“.

Од Општина Кисела Вода се прогласија за ненадлежни за поставувањето на металните блокатори. Тие не биле одговорни за такво нешто, туку Градот Скопје, кој ги регулира ваквите прашања.

„Доколку се работи за паркиралиште што е јавна површина, никој не смее да постави пречки за обезбедување паркинг-простор без одобрение од Секторот за сообракај, а легалноста ја испитува Општинската комунална инспекција. Ако просторот е приватен, рампи може да се постават само со одобрение на сопственикот, но тој не смее да бара месечен надомест затоа што треба да има одобрение за дејност од Град Скопје, за што се плаќа комунална такса. Секторот за сообраќај ниту добил барање ниту, пак, издал одобрение за поставување пречки на паркиралиштата кај ’Расадник’“, велат од Одделението за односи со јавност во Градот.

И во Секторот за сообраќај неофицијално ни потврдија дека блокаторите се ставаат без никаква дозвола, но велат дека градските инспектори воопшто не се задолжени за општинските паркинзи, туку вршат надзор на магистралните и сообраќајните улици низ Скопје.

Главниот комунален инспектор, Љубе Стојановски, појасни дека 90 отсто од просторот околу салата „Расадник“ е приватна сопственост, па засега немало потреба од интервенција. „Во Законот за домување е објаснето што, всушност, им следува на жителите на една зграда и со купопродажните договори треба точно да се одреди дали некој купува двор или паркинг-место“, вели Стојановски.

Префрлањето на одговорноста од едни на други не носи конкретно решение на проблемот. Металните рампи никнуваат пред очите на станарите на зградите и остануваат во асфалтот пред очите на надлежните, кои и да се тие. Повеќето сопственици на станови воопшто не се запознати со своите права, па некои локални дуќанџии, но и станари го искористуваат тоа колективно незнаење, си одбираат идеално место за автомобилот и ставаат блокатор за некој да не им го украде просторот. Останатите се снаоѓаат како што знаат и умеат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=41D3F5943AC8774B90CA2BF089476D25
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 20-Nov-2010 at 19:21
Не ми е јасно зошто има потреба да се наплаќа паркингот кај МТВ т.е. пасошко/лични карти? Луѓе одат да си завршат работа за лични документи и пап пари за паркинг? Тие институции треба да имаат сопствен паркинг кој е бесплатен. Башка ај во околина да има нешто друго трговски центар или не знам нешто без врска па да се наплаќа а вака се знае тој паркинг за што е - за работа.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 20-Nov-2010 at 19:28
Originally posted by Observer

Не ми е јасно зошто има потреба да се наплаќа паркингот кај МТВ т.е. пасошко/лични карти? Луѓе одат да си завршат работа за лични документи и пап пари за паркинг? Тие институции треба да имаат сопствен паркинг кој е бесплатен. Башка ај во околина да има нешто друго трговски центар или не знам нешто без врска па да се наплаќа а вака се знае тој паркинг за што е - за работа.
Апсолутно. Едноставно кол центарот за лични документи, покрај апликациониот број, на апликантите треба да им соопшти и паркинг код за бесплатно паркирање.
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 20-Nov-2010 at 19:35
Луѓе секаде каде што има гужва природно се наметнува прашањето за наплата, нема ништо тука спорно. Без разлика што работа имате да звршите, мтв, суд, полиција, ману, мкц правилата за секого важат. Демек ако идам да си ја завршам обврската кон државата нека ми обезбеди паркинг место. Ништо со таков пристап.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.