build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 13-Dec-2010 at 12:55

Монтажниот паркинг се пресели во Ново Лисиче

Во Аеродром, сепак, ќе се гради монтажен паркинг, иако неодамнешниот обид на општинарите да почнат да градат таков објект во близина на Мајчин дом наиде на отпор од граѓаните. Општината и ЈП „Градски паркинг“ се договорија со жителите на тоа место деновиве да воведат зонско паркирање, додека монтажниот паркинг ќе го преселат во Ново Лисиче.

Планирано е постојниот паркинг покрај зградите кај Прокредит банка во Ново Лисиче да се надгради со челична конструкција со што ќе се добијат дополнителни педесетина места за паркирање. Општината наскоро ќе ја избере и фирмата-изведувач на конструкцијата.

„Деновиве привршува рокот за избор на фирмата и околу 20 декември би започнале со изградбата, која, според процените, би траела не повеќе од 7 месеци. Сметам дека ваквиот тип паркинг е најфункционално и најекономично решение, бидејќи за малку пари се добиваат дополнителни паркинг-места“, вели градоначалникот Ивица Коневски, кој е убеден дека граѓаните за кратко време ќе ги почувствуваат бенефитите од монтажниот паркинг.

Паркингот, чија изградба нема да чини повеќе од 20 милиони денари, ќе биде бесплатен, а за негова изведба нема да се уништи ни педа зеленило. Освен од челична конструкција, паркингот ќе има и бетонски столбови, а ќе се осветлува со посебен тип канделабри. Коневски планира ваков тип паркинзи да гради уште на неколку локации, но тоа, како што вели, пред се', ќе зависи од желбата и одлуката на граѓаните.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4056950B00922C4EBDEA705BE75411F9
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 28-Dec-2010 at 10:13

Во населбата Триангла на улиците „Карл Хрон” и „Анри Барбис”, направени се нови паркинг простори, со вкупна површина од 1150 м², од кои едниот е од 650 м², а другиот од 500 м².

parkinzi_500

Инвеститор на работите е општина Гази Баба, која за овие активности издвои 1.950.000,00 денари.
Изведувач на работите се фирмите „Бауер БГ“ и „Чингар Инженеринг“.

http://kurir.mk/republika/skopje/13256-Novi-parking-prostori-vo-Gazi-Baba
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 30-Dec-2010 at 17:04

Богати и славни










Последна промена: 27.12.2010
 #

http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=4A17B1546A5C3542A726EF4F3ABD3BD7
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 30-Dec-2010 at 21:48

Пред катастар во тафталиџе има сликано некој? Ова ти е стандард во Скопје ќе треба уште добри 10-15 години во едукацијазашто служат тротоари
Да не збориме за тоа дека тој еден што сака да заврши работа и остава кола на улица ради тој еден се кочи цел сообраќај


Edited by Supervisor - 30-Dec-2010 at 21:49
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 03-Jan-2011 at 13:07
Originally posted by Cloverstack

Див Запад   OhnoА нашиве институции хронично збунети околу надлежностите. Кога има да се искористи нешто, сите се тепаат дека надлежноста била нивна, а кога треба да се реши макар и најмал проблем, сите бегаат како од чума.[quote]

Ова особено институциите во Општина Кисела Вода - за ништо не се надлежни тие, туку Град Скопје.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 14-Jan-2011 at 20:58

Монтажниот паркинг во Капиштец ќе чека трета шанса

Општина Центар ќе ги смени условите за избор на фирма која треба да го гради долго најавуваниот монтажен паркинг во Капиштец бидејќи досега ниту една фирма не можела да ги исполни условите на последните две јавни набавки, известуваат од Општината.

- Планирано е на почетокот на годинава да почне нова постапка, која ќе претрпи одредени модификации во условите за избор на најповолен понудувач за изградба на монтажното паркиралиште за да бидеме во можност да склучиме договор и да се реализира постапката. Монтажниот паркинг ќе се протега над сегашниот паркинг, од почетокот од улицата Народен фронт до кафулето „Интермецо“ и ќе биде со капацитет за околу 500 возила. Со овој двокатен монтажен паркинг очекуваме да се реши големиот проблемот со паркирањето во населбата Капиштец - велат од кабинетот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3E655164AF9C74439D7D7766C0817066
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 25-Jan-2011 at 19:24

ЈП "ГРАДСКИ ПАРКИНГ" ЌЕ СЕ ПОДНОВИ

Три нови пајаци за собирање коли

За да се купат пајаците, ЈП "Градски паркинг" кредитно ќе се задолжи оти во буџетот нема толку пари за да ги плати во готово возилата

Пајак-службата годинава ќе се поднови со три нови возила. За да се купат пајаците, ЈП "Градски паркинг" кредитно ќе се задолжи оти во буџетот нема толку пари за да ги плати во готово возилата. Според првичните процени на надлежните од претпријатието, обновувањето ќе ги чини околу 300.000 евра, имајќи го предвид фактот дека пред две години, кога беа набавени нови пајаци, едно возило чинеше 100.000 евра.
"Сега располагаме со шест пајаци, од кои три се нови, а останатите се стари по дваесет години. Барем еднаш неделно старите пајаци ни се расипуваат, па месечно трошиме по 300.000 денари за поправки. Многу поисплатливо ќе ни биде ако плаќаме месечна рата од кредитот за нови возила по 500.000 денари", вели директорот на ЈП "Градски паркинг" Борче Јакимовски.
Од претпријатието велат дека набавката на новите возила им е потребна за да можат да интервенираат низ сите општини во градот. Дополнителна причини е и воведувањето на зонското паркирање, односно подигање на возилата кои не го почитуваат времето за паркирање што е дозволено во трите зони.
(А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=8CD61DC8FA655344BF10ACB3F8609CF9
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 28-Jan-2011 at 16:46
ЗА ПОВИСОКА ЦЕНА ЌЕ СЕ НУДИ НЕШТО ШТО ТРЕБА ДА Е ВООБИЧАЕНО
Камери ќе има само на ВИП-паркиралишта

Роза Петкова

Паркиралишта што ќе нудат целосна заштита на автомобилите и во кои возилата постојано ќе бидат снимани со камери, се нов проект на „Градски паркинг“, вклучен во инвестициската програма на јавното претпријатие за годинава. Предлогот за таканаречени ВИП-паркиралишта, кои ќе бидат оградени и обезбедени со видеонадзор, како што има во други поголеми градови, беше актуелен уште пред три години. Тогашното раководство на „Градски паркинг“ најавуваше дека ваквите паркиралишта би биле, првенствено, наменети за полуксузни автомобили и за граѓани што ќе можат да издвојат повеќе пари за услугата, а нивната локација би била во централното градско подрачје. Иако граѓаните и сега плаќаат за да си го паркираат возилото, и тоа најчесто на паркиралиштата пред сопствените згради, за парите не добиваат ништо друго освен празно паркинг-место, кое претходно го користеле бесплатно. Истото е наведено и во програмата на „Градски паркинг“ која ќе се разгледува на наредната седница на Советот на Градот каде што се вели дека досега претпријатието ја нудеше услугата паркирање без обезбедено осигурување и надгледување на паркираните возила од евентуални кражби или оштетувања.
Директорот Борче Јакимовски се согласува со констатацијата дека претпријатието што го раководи треба да овозможи безбедност на паркираните возила, а во моментот не ја нуди, но вели дека со понатамошниот развој на „Градски паркинг“ оваа услуга, освен на ВИП-паркиралиштата, ќе ја има и на останатите.
- Се согласувам дека е така. Станува збор за активност која сега би ја почнале од еден проект, а понатаму како што ќе дозволат можностите би ја примениле и на другите паркиралишта. Во секој случај, ВИП-паркиралиштата се само во фаза на идеен проект и не знам дали ќе успееме оваа година да го реализираме, па затоа не можам да ви кажам цена или локација на која ќе се отворат - вели Јакимовски.
Освен во паркинг со видеонадзор, „Градски паркинг“ годинава ќе инвестира и во подобрување на хигиената на просторот за паркирање, во што досега не се вложуваше. Претпријатието планира да набави една цистерна за миење на паркиралиштата и една машина за расчистување снег. - Состојбата со чистотата може да се подобри и затоа ќе ги набавиме машините, но и за да не зависиме од „Комунална хигиена“. Задоволни сме од хигиената на паркиралиштата, но секогаш може и подобро - смета Јакимовски. „Градски паркинг“ годинава планира инвестиции во вредност од околу 1.300.000 евра. Речиси 660.000 евра ќе бидат сопствени инвестиции на претпријатието, 480.000 ќе се земат на кредит, а 160.000 ќе бидат од субвенции од Град Скопје.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2227&ArticleID=155435
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 06-Feb-2011 at 22:44

Хаварисаните возила - улични трофеи


 

Колку вакви стари и напуштени лимени миленици на четири тркала има во градот никој точно не знае, општините одвреме-навреме апелираат до сопствениците да ги отстранат возилата, им лепат на шофершајбните предупредувања, но ништо не помага

 
 
%20  
И покрај напорите на надлежните да обезбедат што повеќе паркинг-места, некои наши сограѓани немаат абер да ги тргнат старите и хаварисани возила, од кои, иако не ги возат, со години не може да се разделат. Овие крнтии се своевидни трофеи на паркиралиштата пред зградите, по тротоарите. И никој ништо не им може. Ниту сопствениците ги мрдаат, ниту надлежните организираат како некогаш акции за нивно собирање. Општинските власти одвреме-навреме апелираат до жителите да ги отстранат возилата, им лепат на шофершајбните предупредувања, но ништо не помага. Годинава сé уште не се организирала акција за подигање на овие возила. Најверојатно тоа ќе се случи напролет.

Најголем проблем имаат оние што живеат во станбените згради околу кои има мали паркиралишта, а некои од соседите ги заборавиле своите стари миленици на четири тркала и, наместо да ги однесат на старо железо, му држат некому паркинг-место. Не им е лесно ниту на оние што допрва се вселуваат во некоја зграда, каде што староседелците си имаат свое паркинг-место. За нив нема место на паркингот, ама за автомобилските школки има.

- Пред една година се вселив во зграда во населбата Карпош 2. До ден-денес немам каде да си го паркирам автомобилот. Го оставам на тротоар, па неколку пати ми се случи „пајак“ да ме улови, по што морав да ја платам и казната. Друг пат ми го оштетија возилото, затоа што не беше баш правилно паркирано. Никој не разбира дека нема каде да паркирам, а на паркингот пред зградата со години дремат стари и неупотребливи автомобили. Ниту куќниот совет реагира, ниту надлежните - револтирано вели Стефан К.

Додека другите општини во градот се подготвуваат за собирање на хаварисаните возила, во Гази Баба чекаат советниците да донесат правилник, во кој ќе биде прецизно објаснето што е хаварисано возило и колку време треба да стои на некој паркинг, за да може службите да го подигнат.

- Иако сега за сега не планираме да организираме ваква акцијата, сепак на сите возила што сме забележале дека не се поместуваат со години, им оставаме предупредувања, за сопствениците сами да ги отстранат - објаснија од Гази Баба.

Надлежните од Кисела Вода преговараат со полициската станица „Пролет“ за организирање ваква акција. Точен број хаварисани возила немаат, затоа што допрва подготвуваат предупредувања што ќе ги лепат на возилата. Од општината Аеродром велат дека откако ќе се стопли времето ќе почнат да ги собираат старите возила, а за колку точно возила станува збор не знаат. Во оваа општина првиот тендер за избор на фирма што ќе ги крева возилата пропадна, а вториот е во тек.

Од општината Центар, пак, каде што има најмногу проблеми со паркирањето, велат дека лани подигнале 10 вакви автомобили. Акцијата се одвивала во две фази. Прво ги обележувале со жолти налепници ваквите автомобили, а потоа ги однеле на отпад. Надлежните од општината Ѓорче Петров, пак, ни кажаа дека од 2009 година до денес од јавните површини собрале 95 стари и хаварисани автомобили. И најавуваат дека наскоро повторно ќе одат во „лов“ на овие возила.

- Мислам дека веќе се обележани автомобилите што треба да се отстранат од јавните површини. Доколку сопствениците не ги отстранат сами овие возила, ќе треба да платат казна од 5.000 денари - објасни Момо Николовски, портпаролот на општината.

Бутел и Чаир исто така подготвуваат акција, од општината Бутел велат дека веќе обележале 60 возила што треба да се отстранат од јавните површини.
 
   
Автор: Александра Денковска   Фотографија: Игор Бансколиев
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2511928463&id=14&setIzdanie=22199
Back to Top
zarko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote zarko Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 26-Feb-2011 at 15:14
Монтажен паркинг во Ново Лисиче.



Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3818
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 26-Feb-2011 at 15:29
kONECNO DOBIEVME FOTKICheers
THANKS
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 28-Feb-2011 at 02:08
Ме интересира дали има некој поупатен дали постои некаков проект за да се среди хаосот со паркирање на Партизанска во Скопје ? Има делови каде што буквално цел тротоар е зафатен од возила а луќето мора да се симнуваат на улица да одат. Најчесто тоа се случува во делот меѓу Универзална и почетокот на ТЦ Буњаковец. Мислам за толкав булевар срамота е да нема место за пешаци а за велосипески патеки да не зборувам ?
Мислам дека каде што има доволно простор ОК нека биде дозволно такво паркирање ама сепак нека биде некако обележано најубаво би било со некави препреки. А во деловите каде што нема место едноставно нека биде забрането. Вака сега на ништо не личи.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 02-Mar-2011 at 00:53
Епа јас цел живот се прашувам, зошто цела Партизанска не е како на потегот од Влае до Рузвелтова, односно со пешачко/велосипедски патеки од двете страни. Таму е секогаш чиста и 3тата лента и протокот на возила е одличен. Може решение за хаосот со паркинг таму кај Буњаковец е една катна гаража или монтажни паркинзи позади ТЦ Буњаковец, на местото на сегашниот паркинг и можеби уривање на сите бараки што се наоѓаат на тој потег
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 02-Mar-2011 at 02:23

Па незнам дали е пуштена катната гаража позади Универзална таа може ќе растерети еден дел но сепак мислам дека треба уште некоја катна гаража во делот околу Буњаковец бидејќи тука имаме трговски, пазар и факултет. И нормално да се забрани паркирање во некои делови и господата да научат дека секогаш не мора возилото да е паркирано на еден метар од каде што имаат работа. Кога ќе си плаќаме за паркинг можеби и ќе се потикне на тој начин возење со јавниот превоз и возење на велосипеди.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 03-Mar-2011 at 00:33
Јас одамна слушам/читам приказни дека на местото на пазарчето Буњаковец е предвиден затворен пазар + гаража. Доколку тоа се реализира како што треба, би растеретило значително. Но за жал општина центар го нема поставено тој ДУП на увид на нивниот сајт, па да ги разгледаме деталите.

А за „катната гаража“ позади универзална сала, не сум воопшто оптимист. Се работи за деловен објект кој примарно си го решава својот проблем за паркирање, а дали ќе остане нешто плус, тоа благодарение на транспарентноста на надлежните не знаеме, затоа што немаме поим колку паркинг места преживеале при упадите во урбанистичките планови и којзнае какви други финти.

Не за џабе во пакет со планираното (и бесконечно одложувано) реновирање на универзална сала се обмислува и подземно паркирање на тој колкав-толкав слободен простор што остана од источната страна...


Edited by Cloverstack - 03-Mar-2011 at 00:35
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 03-Mar-2011 at 03:47
^
А за паркирањето по Партизнаска од потегот раскрсница со Рузвелтова до кај Тифани мислам дека е неопходно тиа катани гаражи или паркинзи да ги има бар на 2 3 места. А сега за сега некако поинаку да се реши од моменталнава хаотична импровизација. Има некои планови ?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 03-Mar-2011 at 14:41

Јавни паркиралишта во Кисела Вода


Надлежните од Кисела Вода наскоро ќе почнат да издаваат дозволи за изградба на јавни паркиралишта на подрачјето на општината

 

 
%20  
Веќе се подготвува тендерската документација за просторот околу населбата Расадник, а ќе се обележат и други слободни парцели, улици и тротоари, наменети за јавни паркиралишта. Паркирањето на овие локации ќе се наплаќа. Опозицијата се спротивстави на оваа одлука.

- Воопшто не ми се допаѓа ова решение. Ова практично значи дека секаде каде што ќе паркираме ќе треба и да плаќаме - изјави Бранислав Игњатовиќ, советник од СДСМ.

Градоначалникот Марјан Ѓорчев објасни дека иницијативата потекнува токму од недостигот од паркинг-места во општината.

- Некои згради воопшто немаат паркиралишта, некои не ги исполнија условите за изградба на паркинзи, некои немаат доволно место за сите станари. Па затоа решивме на неколку локации да се направат јавни паркиралишта. Сите заинтересирани фирми ќе може да добијат одобренија за градење. Во тек е уредување на земјиштето во Расадник. Ова е можност и за довршување на сите почнати проекти за изградба на катни гаражи или јавни паркиралишта. На овој начин сакаме да го решиме проблемот со паркирањето во општината - изјави Ѓорчев.

Јавно паркиралиште може да бидат површини надвор од улиците или на самите улици и тротоари, а паркирањето ќе се наплаќа од час.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3311940412&id=14&prilog=0&setIzdanie=22221
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12020
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 04-Mar-2011 at 04:11


Какви се овие глупости?!?

1. Ако недостатокот на паркинг места произлегува од тоа што паркинзи во околината кои се предвидени во урбанистичките планови сеуште не се изградени, општината нека повели нека ги изгради, тоа е нејзина обврска.
2. Ако недостатокот на паркинг потекнува од лоши урбанистички планови, или пак од нереализирани обврски на инвеститорите кои обезбедиле помалку паркинг места од тоа што било предвидено за нивните парцели, вината за таквата ситуација целосно паѓа врз општината, па нека повелат нека ги исправат своите грешки, ама не по грбот на граѓаните (а исто така треба да се бара одговорност и од конкретни лица).

Во било кој случај, станари од периферна станбена населба (патем нова населба и демек планска) да плаќаат за паркинг на некакви си приватници, тоа е вон разумот!


На овој начин сакаме да го решиме проблемот со паркирањето во општината - изјави Ѓорчев.
Не, далеку е ова од било какво решение, туку целава работа смрди на тоа дека некои таму веќе предодредени, треба да добијат уште еден механизам да профитираат лесно и сочно, на практично криминален начин! Друго објаснување за овој малоумен концепт нема!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 04-Mar-2011 at 09:28
Se raboti za parkinzi okolu rasadnik salata, predvidenata crkva, bazen, superpmarket, pazar, restoran. Taka da ova ne e nikakvo domuvanje. Ne vikam deka ne treba opstinat da gi napravi no daleku od toa deka na stanarite sega nekoj privatnik ke im naplka. Kj zgradite si ima parkinzi. Ova e sosema drugo. Nekoi zgradi nemaat mesto zashto so nivite ne e resheno koga ke se reshi ke imaat i tie mesto.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 05-Mar-2011 at 16:47
Во контекст на проблемот со паркирање на потег Рузвелтова - крај на Партизанска. Пред некој ден имаше многу написи за проблемот на станарите кои живеат позади пазарчето. Паркинзите кои ионака се премали, се од сабајле до доцните пладневни часови окупирани од пазарџиите. Проблемот бил пријавен во општина и имало префрлање на топка од општина, кој собраќајна полиција за на крај ЈП за градски паркинзи да каже дека нема таму јурисдикција и неможе да се реши тој проблем. Така да хаосот си продолжува
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.