build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 05-Mar-2011 at 17:23
Сосема се согласувам со Clover...

Ништо паметно не излезе од кабинетот на градоначалникот Ѓорчев. Тоа е една трома администрација и збир на неинвентивни луѓе што немаат никаква визија за развој на Општина Кисела Вода. Исто така беше и во претходниот негов мандат, но за разлика од него, неговиот претходник (Џорџе Арсов) беше навистина ангажиран.

За човек што секогаш се прогласува за ненадлежен кога и да му е поставено прашање за сообраќајот (па и за други прашања), ова со паркирањево е врв на сите небулози!

Edited by tonikostov - 05-Mar-2011 at 17:25
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 08-Mar-2011 at 02:36

Тротоарите за пешаците, автомобилите во двор


 

Хаосот во сообраќајот ќе се регулира со казни за оние што ги паркираат своите возила на тротоарите, а не во дворовите

 
 
%20  

Општината Карпош воведува ред во паркирањето

Забрана за паркирање на автомобилите пред сопствените домови. Вакво известување им е доставено на жителите од населбите во општината Карпош, кои живеат во индивидуални куќи и имаат гаражи или простор за автомобилите во своите дворови. Некои од жителите од улиците Дрезденска, Женевска, Варшавска, Иван Цанкар, Ванчо Мицков, Демир Трајко, се револтирани од овој потег на општинските власти. Сметаат дека не е фер што им се забранува автомобилите да ги паркираат на тротоарот пред куќата.

- Цел живот си го паркираме автомобилот на тротоарот пред влезот на куќата. Не знам зошто сега да нé казнуваат за тоа. Што треба сега да правиме. Секое доаѓање дома да влегуваме со автомобилите во дворот. Некои од нас немаат места за автомобилите покрај куќите, па зарем сега треба да рушиме нешто во дворовите, да си ги исечеме дрвата. Зошто општината не ни направи и нам јавни паркинзи. Многу куќи се во прашање. И што е најтрагично, не станува збор за фреквентни улици, туку за маалски, по кои нема многу сообраќај - се жали Сузана Б. од Тафталиџе.

Во известувањето од општината Карпош е посочено дека паркирањето на автомобилите на тротоарот пречи за нормално одвивање на сообраќајот.

- Во согласност со правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање имате обврска сопствените возила да ги паркирате, односно оставате во границите на вашата градежна парцела. Паркирањето, односно оставањето на возилата на улица, претставува пречка за нормално одвивање на сообраќајот, движењето на пешаците и велосипедистите, како и за нормалното одржување на јавната чистота. Доколку не се постапува според ова известување, возилата ќе бидат отстранети од страна на стручна служба на сметка на сопственикот на автомобилот - пишува во известувањето од комуналната инспекција на општината Карпош.

Надлежните од општината велат дека е сосема нормално да се донесе ваква забрана затоа што се работи за улици по кои има многу сообраќај.

- Вакво известување им е доставено на сите оние што живеат во куќите покрај фреквентните улици во општината. Пешаците по населбите Тафталиџе или дел од Влае немаа каде да одат, поради тротоарите што се користат како паркиралишта. Или зиме на пример, кога има снег, зимската служба не може да ги расчисти коловозите. Не се работи за споредни улици, туку за оние главните по населбите. На Дрезденска, на пример, се наоѓа Катастарот, каде што и онака има метеж од странките, а хаосот е уште поголем со автомобилите паркирани на тротоарите. По населбите има и неколку училишта, па поради безбедноста на учениците неопходно е да се преземе ваква мерка на претпазливост. За овој потег се решивме и поради тоа што повеќето од посочените улици се реконструирани, вклучувајќи ги и тротоарите - вели Виолета Цветковска, портпаролка на општината Карпош.

Некои жители од Влае, пак, се воодушевени од ваквата одлука на општината.

- Конечно да се воведе некој ред. Живеам на улицата Франц Прешерн, во населбата Влае, која дење-ноќе е блокирана од возилата паркирани од двете страни. Тука веќе ниту пеш не се оди, ниту со велосипед, ниту со автомобил. Би било фино кога и на оваа улица би се направил ваков режим на сообраќајот - вели Ненад К. од Влае.

 
   
Автор: Биљана Стојановска   Фотографија: Филип Поповски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3711832363&id=14&setIzdanie=22224
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 08-Mar-2011 at 02:39


Само така! Од мене подршка за конечно да се воведе ред.


Цел живот си го паркираме автомобилот на тротоарот пред влезот на куќата. Не знам зошто сега да нé казнуваат за тоа. Што треба сега да правиме. Секое доаѓање дома да влегуваме со автомобилите во дворот.
Ах мори Сузана Б. од Тафталиџе...

Nuts


Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 08-Mar-2011 at 10:38
Originally posted by Cloverstack

Цел живот си го паркираме автомобилот на тротоарот
пред влезот на куќата. Не знам зошто сега да нé казнуваат за тоа. Што
треба сега да правиме. Секое доаѓање дома да влегуваме со автомобилите
во дворот. Некои од нас немаат места за автомобилите покрај куќите, па
зарем сега треба да рушиме нешто во дворовите, да си ги исечеме дрвата.
Зошто општината не ни направи и нам јавни паркинзи. Многу куќи се во
прашање. И што е најтрагично, не станува збор за фреквентни улици, туку
за маалски, по кои нема многу сообраќај - се жали Сузана Б. од
Тафталиџе.


Браво Сузе, цел живот си праиш како што не треба и многу ти е убаво! Јас воопшто не би пренесувал вакви неиздржани и догматски ставови околу некои толку едноставни прашања...

Делов околу катастарот (на сликата) е погрешен пример затоа што е баш тука станарите не можат ни да пријдат до дворот од корисниците на катастарот, кој има паркинг за 15 возила..

Поздрав за акцијава, баш да видиме што ќе значи во пракса...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 08-Mar-2011 at 23:38
Ајде сега полека и на Орце Николов и на Партизанска и на ред други улички низ центарот.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 10-Mar-2011 at 04:03
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12018
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 10-Mar-2011 at 23:49


Госпожата уште утре повторно ќе се појави на телевизија и ќе не учи на цивилизирано европско однесување, ќе ни соли памет со екологија и со возење велосипеди, а во меѓувреме она ќе беснее со својот џип низ градов и ќе се паркира каде ќе стигне.

Еве баш една денешна вест на тема паркирање што може да биде интересна за холандската амбасада. Нека размислат да набават ваква картичка за госпожата амбасадорка, бидејќи не верувам дека паркира по тротоари затоа што нема пари да плати паркинг, туку едноставно таква фаца ко нејзе не може да се замара и да губи време со чекање во ред и плаќање на паркинг билети 

„ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ СО УШТЕ ЕДНА ЛУКСУЗНА УСЛУГА
За 100.000 денари годишно паркиралиштата на тацна

Роза Петкова

За 100.000 денари годишно „Градски паркинг“ ќе им овозможи на скопјани да се паркираат на кое паркиралиште сакаат од тие со кои управува, кога сакаат и да го користат колку сакаат. Ваквата услуга се наоѓа во новиот ценовник на јавното претпријатие, кој се усвои на последната седница на Советот на Град Скопје. Сумата од околу 1.600 евра за годишна картичка е највисоката ставка во ценовникот досега, а пресметките покажуваат дека граѓаните што ќе сакаат да ја добијат, ќе плаќаат за паркирање по 8.300 денари месечно, односно 270 денари дневно. Таа ќе важи и на паркиралиштата со рампа, како и на тие од зонското паркирање.
Од „Градски паркинг“ велат дека се свесни оти цената е многу висока, но таа била наменета како привилегија само за онаа категорија граѓани што можат да си ја дозволат. - Првиот иницијал дојде од помоќни фирми кои бараат да имаат пристап до сите паркинг-простори. На пример, ми се обратија менаџери на некои од банките кои сакаат да имаат пристап на сите паркиралиште и да не се оптоваруваат со плаќање и слично. Бројот на таквите побарувачи е мал, верувам дека нема да има повеќе од дваесетина, но услугата, пред се, е во функција на граѓаните. Се работи за привилегија за тие што можат да си ја дозволат, но со неа не се гарантира слободно место на паркиралиштето. Загарантирано место има само тој што ќе си резервира, а тоа е посебна услуга - вели директорот Борче Јакимовски. Истата услуга, само на месечно ниво, според ценовникот чини 10.000 денари. Со новата одлука на Советот, поевтинува месечната цена за правни и физички лица кои не живеат или не се со седиште во одредена зона, но се паркираат во неа, па сега тие ќе плаќаат по 4.000, 3.000, 2.000 и 1.000 денари месечно за зоните А, Б, Ц и Д. „Градски паркинг“ додал нови цени и во услугите на „Пајак-службата“, па така отсега ќе се креваат возила и по барање на извршител, што ќе чини 4.000 денари до десет изминати километри на пајак-возилото, а за секој нареден километар ќе се наплатуваат уште по 80 денари. За 2.000 денари „Пајак-службата“ ќе ги крева и возилата на кои претходно им биле ставени блокатори. Пред извесно време ова градско претпријатие најави уште една новина за привилегирани граѓани со длабок џеб. Станува збор за ВИП-паркиралишта, кои треба да нудат целосна заштита за паркираните автомобили затоа што ќе имаат ограда, постојан видеонадзор и чуварска служба, а тоа секако и поскапо ќе го наплатуваат. Оваа заштита „Градски паркинг“ во моментот не им ја обезбедува на граѓаните иако тие и сега плаќаат за да си го паркираат возилото.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2262&ArticleID=157703


Edited by Cloverstack - 10-Mar-2011 at 23:51
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 10-Mar-2011 at 23:58
Originally posted by Cloverstack

Тротоарите за пешаците, автомобилите во двор
 
Хаосот во сообраќајот ќе се регулира со казни за оние што ги паркираат своите возила на тротоарите, а не во дворовите  
 
%20  

Општината Карпош воведува ред во паркирањето

Забрана за паркирање на автомобилите пред сопствените домови. Вакво известување им е доставено на жителите од населбите во општината Карпош, кои живеат во индивидуални куќи и имаат гаражи или простор за автомобилите во своите дворови. Некои од жителите од улиците Дрезденска, Женевска, Варшавска, Иван Цанкар, Ванчо Мицков, Демир Трајко, се револтирани од овој потег на општинските власти. Сметаат дека не е фер што им се забранува автомобилите да ги паркираат на тротоарот пред куќата.

- Цел живот си го паркираме автомобилот на тротоарот пред влезот на куќата. Не знам зошто сега да нé казнуваат за тоа. Што треба сега да правиме. Секое доаѓање дома да влегуваме со автомобилите во дворот. Некои од нас немаат места за автомобилите покрај куќите, па зарем сега треба да рушиме нешто во дворовите, да си ги исечеме дрвата. Зошто општината не ни направи и нам јавни паркинзи. Многу куќи се во прашање. И што е најтрагично, не станува збор за фреквентни улици, туку за маалски, по кои нема многу сообраќај - се жали Сузана Б. од Тафталиџе.

Во известувањето од општината Карпош е посочено дека паркирањето на автомобилите на тротоарот пречи за нормално одвивање на сообраќајот.

- Во согласност со правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање имате обврска сопствените возила да ги паркирате, односно оставате во границите на вашата градежна парцела. Паркирањето, односно оставањето на возилата на улица, претставува пречка за нормално одвивање на сообраќајот, движењето на пешаците и велосипедистите, како и за нормалното одржување на јавната чистота. Доколку не се постапува според ова известување, возилата ќе бидат отстранети од страна на стручна служба на сметка на сопственикот на автомобилот - пишува во известувањето од комуналната инспекција на општината Карпош.

Надлежните од општината велат дека е сосема нормално да се донесе ваква забрана затоа што се работи за улици по кои има многу сообраќај.

- Вакво известување им е доставено на сите оние што живеат во куќите покрај фреквентните улици во општината. Пешаците по населбите Тафталиџе или дел од Влае немаа каде да одат, поради тротоарите што се користат како паркиралишта. Или зиме на пример, кога има снег, зимската служба не може да ги расчисти коловозите. Не се работи за споредни улици, туку за оние главните по населбите. На Дрезденска, на пример, се наоѓа Катастарот, каде што и онака има метеж од странките, а хаосот е уште поголем со автомобилите паркирани на тротоарите. По населбите има и неколку училишта, па поради безбедноста на учениците неопходно е да се преземе ваква мерка на претпазливост. За овој потег се решивме и поради тоа што повеќето од посочените улици се реконструирани, вклучувајќи ги и тротоарите - вели Виолета Цветковска, портпаролка на општината Карпош.

Некои жители од Влае, пак, се воодушевени од ваквата одлука на општината.

- Конечно да се воведе некој ред. Живеам на улицата Франц Прешерн, во населбата Влае, која дење-ноќе е блокирана од возилата паркирани од двете страни. Тука веќе ниту пеш не се оди, ниту со велосипед, ниту со автомобил. Би било фино кога и на оваа улица би се направил ваков режим на сообраќајот - вели Ненад К. од Влае.

 
   
Автор: Биљана Стојановска   Фотографија: Филип Поповски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3711832363&id=14&setIzdanie=22224


Е ајде плачат улициве за слободни тротоари. Народот треба да научи дека треба да си плати за да си се паркира на обележано место како во секоја нормална држава. Не може некој за да си заврши работа да блокира ЦЕЛА УЛИЦА вклучувајќи и тротоари. Од паркирање на тротоари во Скопје нема ред и тешко ќе се разбиат примитивциве поради тоа што за сите е лудо тоа да не е дозволено едноставно во гени им е влезено се паркира кај ќе се стигне ХАОС
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 11-Mar-2011 at 15:40

Дивата депонија под Транспортниот центар ќе стане паркинг

Паркинг за автобуси и автомобили ќе се гради под Транспортниот центар

Просторот од левата страна кон реката Вардар, кој во моментов е запуштен и претворен во дива депонија, ќе се среди и на тоа место ќе биде изграден паркингот. Градот веќе распиша конкурс за изведувач, а критериумот за негов избор на фирмата ќе биде најниската понудена цена. Тендерските документации од фирмите треба да бидат доставени најдоцна до 28 овој месец во 14 часот, во бараката број 13 на градот, кога и ќе се одржи јавното отворање на понудите.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31111920444&id=14&prilog=0&setIzdanie=22228
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 12-Mar-2011 at 02:57
според мене малку глупаво е тој драгоцен простор да се троши вака на паркинзи, на тој простор, доколку транспортниот центар би имал поинаква конфигурација, јас да бев, ќе ја сместев меѓуградската автобуска станица
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4434
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 12-Mar-2011 at 14:56
Паркинзите се привремено решение, може по неколку години ако некој добие подобра идеја да го преуреди просторот поинаку.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 12-Mar-2011 at 19:27

Баш така, требаше ова уште порано да се направи. Едниот паркинг што го направија пред некое време масовно се полни со коли на жители од околните згради, така да потреба за паркинг места дефинитвно има. На среден рок добро било на овие локации да има катни гаражи со деловен простор, друго нешто тешко дека би функционирало.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 13-Mar-2011 at 00:38
Originally posted by <Fresno>


Баш така, требаше ова уште порано да се направи. Едниот паркинг што го направија пред некое време масовно се полни со коли на жители од околните згради, така да потреба за паркинг места дефинитвно има. На среден рок добро било на овие локации да има катни гаражи со деловен простор, друго нешто тешко дека би функционирало.
каде виде да се случува вакво нешто, тој паркинг зјае во најголем дел празен во секое време
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 13-Mar-2011 at 15:34
Погрешно се изразив, мислев на тоа дека се купуваат месечни билети, често и за 2 коли. Барем 30-40% од станарите во мојот влез го направија тоа. А инаку и состојбата со пополнетоста се подобрува, кога би го осветлиле целосно делот под пругата, сигурно ќе има далеку повеќе паркирања.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 13-Mar-2011 at 16:15
Previous
Башка што уште не е постигнат целиот ефект поради тоа што и не беше ни пуштен до пред месец дена официјално. Беше направен но не беше ставен во функција. Ако грешам поправете ме.

А иначе и јас истото сакав да го искоментирам за деловите под пругата. Паркинг лесно се прави, а се добива среден и организиран простор кој утре според потребите многу лесно може да се пренамени во нешто друго. Тоа е најмал проблем.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3637
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 14-Mar-2011 at 12:06

Нова шанса за монтажното паркиралиште во Капиштец


Општината Центар реши да направи уште еден обид за изградба на монтажното паркиралиште, иако жителите на Капиштец повеќе не веруваат дека ќе се реализира оваа идеја

 
 
%20  
Четврти оглас за испорака на монтажна конструкција за паркиралиштето во населбата Капиштец распиша општината Центар. Иако монтажната конструкција, со која треба делумно да се реши проблемот со паркирањето на улицата Народен фронт, требаше да биде еден од приоритетите на градоначалникот на општината Центар, Владимир Тодоровиќ, поминаа три години, а сé уште не е монтирана ниту една прачка од паркиралиштето. Жителите на населбата и натаму се паркираат „едни врз други“ и веќе не веруваат дека некогаш ќе се направи овој монтажен паркинг спроти трговскиот центар „Беверли хилс“, што беше еден од главните предизборни адути на Тодоровиќ.

Општината Центар не може да го реализира овој зафат поради високите цени на понудите за изработка на челичната конструкција. Иако паркингот треба да се простира од почетокот до крајот на улицата Народен фронт, поради нерешени имотноправни односи минатото лето се прошири и се асфалтира само потегот од спроти Охридска банка до карате-клубот Работнички.

Во меѓувреме, додека општината распишува огласи за избор на фирма што ќе ја изработи и ќе ја монтира челичната конструкција, сопствениците на ТЦ „Беверли хилс“ почнаа да наплаќаат за паркирање на нивниот паркинг, што придонесе за поголем сообраќаен хаос во Капиштец. Затоа што ретко кој сака да плати 10 денари за час паркирање, плус 20 денари за секои 60 минути дополнително паркирање. Месечната карта за вработените во трговскиот, пак, чини 700, за жителите од околните згради 1.000, а годишно 10.000 денари. Вработените на паркиралиштето велат дека најголема побарувачка има за месечниот билет.

Дуќанџиите се задоволни од овој потег. За мали пари имаат свое место на паркингот, а и не стравуваат дали автомобилите им се безбедни.

- Кон крајот на минатата година купив нов автомобил. Но бидејќи околу „Беверли хилс“ секогаш е кнап за паркирање, морав да го оставам возилото покрај тротоарот. Сé додека еден ден не ме чукнаа. Чекајќи го монтажниот паркинг на Тодоровиќ, настрадав. За среќа, управата на „Беверли хилс“ реши да воведе ред на нивниот паркинг, и тоа за мали пари. Сега ем паркирањето не нé чини многу, ем знаеме дека колите се безбедни - вели Војче Симов.

Жителите на Капиштец повеќе не веруваат дека на Народен фронт ќе се постави монтажно паркиралиште.
- Само сликата ќе си ја замислуваме. И тоа онаа фотомонтажата што ја направи градоначалникот на Центар во предизборната кампања. Добро е и што ќе биде така, оти општината ќе ни наплаќа за паркирање, а не како во Аеродром, каде што монтажните паркиралишта ќе бидат бесплатни - коментира Мими Величкова.

Заинтересираните фирми што ќе учествуваат на последниот оглас за избор на фирма за монтажната конструкција, распишан на 9 март, своите понуди ќе може да ги достават до 4 април, за кога е закажано и јавното отворање на понудите. Критериум за избор на фирмата и овој пат е најниската цена.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31411913147&id=14&prilog=0&setIzdanie=22230
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 26-Mar-2011 at 10:44



Голем напредок во изградбата на монтажното паркиралиште во населбата Ново Лисиче.
Доколку продолжат со ова темпо би требало до крајот на месецот да биде готово.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3637
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 28-Mar-2011 at 11:24

Нема рампи, а наплаќаат за паркирање

Наплатните рампи на ЈП "Паркинзи на Општина Центар" се отстранети по налог од Град Скопје, бидејќи тоа нема дозвола од полицијата за сообраќајно решение

Наплатните рампи на паркингот зад поранешниот Дом на градежниците се отстранети, но се наплатува за паркирање. Екипте на ЈП "Паркинзи на Општина Центар" наплатуваат по 50 денари од час, иако овој паркинг нема дозвола од полицијата за сообраќајно решение.
"Ги отстранивме рампите по налог на Град Скопје, но веднаш започнавме со постапката за добивање дозвола за сообраќајно решение. Штом завршиме со оваа процедура, повторно ќе се врати системот на наплата на паркингот и очекуваме тоа да се случи наредниот месец", велат од ЈП "Паркинзи на Општина Центар".
Општина Центар формираше свое претпријатие и почна да стопанисува со три паркиралишта пред две години. Во моментов работат на проширување на својата дејност, односно на воведување зонско паркирање и набавка на пајак-возила за подигање на неправилно паркираните возила.

http://vest.com.mk/?ItemID=B07487A0A0272446ADBFC3419169EF1C
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3637
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 07-Apr-2011 at 11:51
Почна проширувањето на паркиралиштата во Аеродром

Екипите на ЈП “Улици и патишта“ почнаа со реализирање на проектот за проширување на паркинзите во населбата Аеродром со што ќе се обезбедат 170 нови паркинг места  за три паркинзи, информираа од Град Скопје.

Паркиралиштето спроти ресторанот “МекДоналдс“  треба да се прошири за нови 80 паркинг места. По завршувањето со проширување на ова паркиралиште, ќе се прошируваат паркинзите во близина на супермаркет “Веро“ и кај ТЦ “Бисер“.

Проширените паркиралишта  ќе бидат организирани по принципот на зонско паркирање.

http://www.time.mk/read/3a52bb49fe/aebeb2010a/index.html
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 07-Apr-2011 at 13:02
Нови паркинг места во Аеродром

Екипите на ЈП „Улици и патишта” Скопје, по налог на Град Скопје, почна со реализираање на проектот за проширување на паркинзи во населбата Аеродром.
Според проектот, почна проширувањето на паркиралиштето спроти ресторанот „МекДоналд“, кое треба да се прошири за нови 80 паркинг места. При проширувањето на паркиралиштето се врши машински и рачен ископ на земјан материјал, вградување на рабници, вградување на тампон слој од дробен камен на коловоз и на крај ќе се асфалтира со два слоја асфалт БНАС-16 и АБ-11, на површина од 1.284 метри квадратни.

По завршувањето на ова паркиралиште, ќе се прошируваат паркиралиштата во близина на Супермаркет„Веро“ за нови 38 паркинг места и кај ТЦ „Бисер“ во близина на Тобако1 за нови 46 паркинг места.

Проширувањето на паркиралишта ќе биде организирано по принципот на зонско паркирање. Со проширувањето ќе се обезбедат 170 нови паркинг места за сите три паркинзи.

За реализација на овој проект Градот Скопје од буџетот издвои вкупно 3.119.239 денари.

http://kurir.mk/republika/skopje/25333-Novi-parking-mesta-vo-Aerodrom
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.