build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 07-Apr-2011 at 14:48
Браво нови паркинг места на сметка на зеленилото. Многу паметен потег Applause
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 07-Apr-2011 at 16:46
Ajde nemojte odma takvi muabeti. Zelenilo e vtororangirana rabota posle parking prostor. Osobeno koga zeleniloto e suva livada.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4391
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 07-Apr-2011 at 17:12
Зеленилото не е второрангирана работа после надземен паркинг простор, ама сува ливада е секогаш последнорангирана работа. Ако веќе немале никаков план да го зазеленат просторот, тогаш ова е подобро решение. Ама ако се двоумеле меѓу двете, ова е грешното решение.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 07-Apr-2011 at 18:18
Аеродром има повеќе од вишок зеленило, ако му ускратат малце нема ништо да му стане
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4391
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 07-Apr-2011 at 18:23
Цела среќа што и во Берлин не размислуваат така. Да се разбереме, за оваа сува ливада навистина не треба да ни биде жал, но да земеме „зелено“ зеленило за паркинг е веќе глупост.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7013
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 07-Apr-2011 at 18:38
Originally posted by гитардемон

Цела среќа што и во Берлин не размислуваат така. Да се разбереме, за оваа сува ливада навистина не треба да ни биде жал, но да земеме „зелено“ зеленило за паркинг е веќе глупост.
берлин е далеку од скопје што се однесува до зеленило, мислам дека Скопје има доста зеленило но никој не го приметува поради неодржаноста, инаку на сите поголеми булевари има средишно зеленило, секаде има дрвореди по улиците, имаме разни паркчиња меѓу кои и огромниот градски парк, а во аеродром 50% од површината е зеленило, тука се работи за само 0,0001% од зеленилото, само веднаш позади зградите имаш огромни паркови
тапа е да го жалиме за толку малку
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Online
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 07-Apr-2011 at 18:38
Не е сува ливада. Зелена трева е. Целиот тој потег по Јане Сандански. Иако не сум против за паркингов, мислам дека подобро би било да се направи монтажен. Можеби? И така им беше во план.

И друга работа. Се додека ги следи линиите на ДУП-от, односно не навлегува во пешачката патека или пак и пречи на некој начин, немам ништо против.

А и се согласувам со забеган. Аеродром има многу зеленило така да ова не е ништо сериозно. 
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 22-Apr-2011 at 13:59
Монтажен паркинг се планираше да се прави во Аеродром спроти терените на Сансет само што незнам од кој причини неколку соседи станаа заложници на сите луѓе кој живеат во тој дел,затоа општината истиот го гради во Ново Лисиче каде што никој не се побуни и со задоволство ние жителите го прифативме проектот.
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 22-Apr-2011 at 14:00

АЕРОДРОМЦИ СЕ ЖАЛАТ НА узурпациЈа на Јавните површини

Паркингот кај „Три бисери“ претворен во салон за автомобили

Паркиралиштето кај трговскиот центар „Три бисери“, кој е јавна површина, наместо да им служи на станарите од околните згради, претворен е во уличен продажбен салон за возила. Станарите од зградите на „Јане Сандански“ 9 и 11, кои инсистираа на анонимност, објаснија дека нивни сосед, со месеци, узурпира дел од паркингот со стари половни автомобили. Тој, оттука, всушност ги продава. Секојдневно може да се видат муштерии како разгледуваат, се пазарат и склучуваат зделки со соседот.

- Ние буквално нема каде да се паркираме. Нашиот сосед располага со десетина автомобили кои потоа ги нуди на заинтересирани купувачи. На автомобилите е истакнат и неговиот телефонски број на кој тие може да го добијат. Тој отворил фирма на улица, остварува профит, а никој од надлежните не презема мерки - се жали Д.Л. станар од зградата со број 9.

Засегнатите граѓани изјавија дека апелирале до Општината Аеродром да ги преземе потребните мерки, но, според нив, без успех, затоа што бизнисот со автомобили си тече непречено. Тие повторно бараат од општинските служби да им се ослободи место за да има каде да ги паркираат своите автомобили.

Од Општината Аеродром одговорија дека нивните инспекциски служби се запознаени со случајот и дека реагирале во рамките на нивните надлежности.

- Сопственикот на возилата е известен, поточно предупреден да ги отстрани, а информирана е и полицијата да ја контролира ситуацијата. Ние не сме надлежни да ги отстраниме тие возила, ниту, пак, да го казниме сопственикот - изјавија од Одделението за односи со јавноста.

Според нив, овој проблем ќе се реши наскоро бидејќи на овој потег ќе се воведе зонско паркирање. Сметаат дека тоа трајно ќе ја елиминира злоупотребата на јавни површини за остварување приватен профит.

Од Секторот за внатрешни работи - Скопје при МВР објаснија дека и тие немаат ингеренции при вакви случаи. Доколку возилата се прописно паркирани на паркингот тие немаат ингеренции да ги отстранат автомобилите.

- Онаму каде што има прописно паркирани возила, а нема зонско паркирање, тогаш нема основа за казна. Но, доколку се паркирани на места, на пример каде попречуваат некој влез, тротоар, или зафаќаат зелена површина, тогаш можеме да го казниме сопственикот. Казната во таков случај изнесува 45 евра или 5 казнени поени - појасни Лиза Бендевска, портпарол во СВР Скопје.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CE4BE4807F6CFE48A2F49921E7A18C96
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 11-May-2011 at 20:44
Завршен со изградба монтажниот паркинг во населбата Ново Лисиче

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

11.

12.

13.

14.

15.

16.

17.

18.

19.

20.

Oва според мене е добар пример за решавање на недостатокот на паркинг места во населбите.Според мене вакво нешто одговараа и во многу други населби за решавање на паркинг просторот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8776
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 11-May-2011 at 20:57
Обично сум љубетел на вакви груби конструкции, но мислам дека ова изгледа малку чиресто.

Во секој случај се надевам дека ќе си ја врши функцијата.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 11-May-2011 at 21:11
Само се надевам дека ова ќе стане практика на вакви улички и долги и тесни паркинзи(исто како и во Капиштец), зошто досегашната практика со „катни гаражи“ не се покажа баш најдобра. Е сега интересна работа е ако може некако да се даваат локации за вакви паркинзи на приватни фирми/лица кои ќе ја вадат инвестицијата преку поставување на реклами на тие паноата, само под услов да не се плаќа паркингот. Така ем место за паркинг ем економска исплатливост за инвеститорот
Back to Top
Ljubopitko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ljubopitko Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 11-May-2011 at 21:53
вакви катни паркинзи му требаат на цел Аеродром, само мислам дека згрешија што ги ставија тие паноа - лимови или пластика што и да се.
Пред да ги постават паркингот изгледаше многу поубаво само со оградата.
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 11-May-2011 at 22:20
Иста вакво монтажно паркиралиште се планираше спроти Бисер,но неколку т.н шерифи и заложници на повеќе станари не дозволија изградба на монтажно паркиралиште.И на крајот општината одлучи да изгради во Ново Лисиче каде што проектот беше дочекан со огромна подршка.
Back to Top
Ljubopitko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ljubopitko Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 12-May-2011 at 11:10
Originally posted by dule

Иста вакво монтажно паркиралиште се планираше спроти Бисер,но неколку т.н шерифи и заложници на повеќе станари не дозволија изградба на монтажно паркиралиште.И на крајот општината одлучи да изгради во Ново Лисиче каде што проектот беше дочекан со огромна подршка.

Истите тие шерифи се бунеа и за зонското паркирање, па дури и протестираа за после 2-3 месеци сами да побараат во општина зонско паркирањеPoke
Работата е само да се критикува -  се кладам дека тие сами ке поднесат иницијатива за монтажен паргинг после некој месец кога ке видат како добро функционира во Н.Лисиче
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 12-May-2011 at 11:19
Него дали знае некој ЗОШТО и ДО КОГА ќе биде празна катната гаража до бисер?
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 12-May-2011 at 19:54
Originally posted by krale

Него дали знае некој ЗОШТО и ДО КОГА ќе биде празна катната гаража до бисер?


Пред некое време цената за паркирање во катната гаража спроти Бисер изнесуваше 50 денари и плус 40 денари за секој изминат час.Тоа е предмногу за нашиот стандард и поради тоа беше празна.Од пред неколку месеци цената изнесува 30 денари што ипак е пониско заразлика од претходната цена.Секојдневно поминувам покрај неа и сепак можат да се забележат едно 10-20 возила паркирани (негде до вториот кат) но сепак тоа не  е ништо во споредба колку требаше да биде полна гаражата.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 12-May-2011 at 20:18
Originally posted by dule


Originally posted by krale

Него дали знае некој ЗОШТО и ДО КОГА ќе биде празна катната гаража до бисер?
Пред некое време цената за паркирање во катната гаража спроти Бисер изнесуваше 50 денари и плус 40 денари за секој изминат час.Тоа е предмногу за нашиот стандард и поради тоа беше празна.Од пред неколку месеци цената изнесува 30 денари што ипак е пониско заразлика од претходната цена.Секојдневно поминувам покрај неа и сепак можат да се забележат едно 10-20 возила паркирани (негде до вториот кат) но сепак тоа не  е ништо во споредба колку требаше да биде полна гаражата.


Тотална глупост.

Паркирањето треба да биде 20 денари од саат, или 100 денари за 8 саати. Подобро да им е полна гаражата, отколку вака. Значи лакомство ееееј.
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 12-May-2011 at 22:21
Потполно си во право
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 12-May-2011 at 23:04

И јас така мислев додека не ја посетив. Гаражата изгледа прилично европски за наши услови, така да некоја цена од 20 денари е тотално деградирачка за самата катна гаража, затоа што ондак се деградира и самиот инвеститор. И јас да би бил инвеститор би го ценел својот влог, особено што ова е ПРВА катна гаража, прва во стил дека единствена дејност и е паркирање и некое рекламирање. Сметам дека 30 денари е најефтино што може да биде во оваа катна гаража. Ќе дојде време да се учиме да паркираме у катни гаражи.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.