build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 26272829>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 15-Dec-2014 at 13:44
ПОЦ ќе вложи два милиона евра во нови паркинзи



Изградба на нови паркинзи за велосипеди секаде каде што е можно, за да се мотивира користењето на велосипедите како превозно средство, најавува претпријатието „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) во програмата за работа за 2015 година, која беше усвоена на последната седница на Советот на Општина Центар во петокот. Освен велопаркинзи, ПОЦ најавува дека ќе гради паркиралишта за возила во делови од општината каде што паркирањето не е регулирано, ќе ги модернизира софтверите за наплата и ќе воведе нов начин на наплата на услугите, по принципот Pay as уоu go, кој ќе биде поедноставен и за наплатувачот и за корисниците. Ќе биде поставена и нова хоризонтална и вертикална сигнализација...

повеќе на: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=E8BA91FF9140E0469B41A1824B7BA8C9
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 15-Dec-2014 at 14:50
Уште да воведе некој квалитетен систем за изнајмување на истите, и ќе биде супер. Да не се лажеме, скопјани имаат велосипеди, ама јас и уште мои 100 пријатели нескопјани немаме, а сигурно не планирам да купам (особено што или сме студенти, или на гости на 7-10 дена). Сакам да си изнајмам кога ќе ми притреба, и да го вратам. А не да ми викаат градски паркинзи „извини празник е, денес не може“, или „немаме тука исправни, оди кај градска болница“.

Edited by гитардемон - 15-Dec-2014 at 14:52
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 18-Dec-2014 at 21:03



utrinski.mk
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 19-Dec-2014 at 17:34
Рампата на паркингот залепен до катната гаража кај стариот цветен пазар уште ја нема!
Не можам да сватам како се толерира ова толку време!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 25-Jan-2015 at 23:40
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 03-Feb-2015 at 13:05
ТРУДНИЦИТЕ И МАЈКИТЕ СО МАЛИ ДЕЦА БАРААТ ЕВРОПСКИ ТРЕТМАН ОД ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

ОБЕЛЕЖЕТЕ ПАРКИНГ-МЕСТА ЗА ТРУДНИЦИ

Мајките и трудниците мораат да вртат кругови низ паркиралиштата или да се качуваат до највисокиот кат на катните гаражи, за да најдат слободно место, се жалат

На ниту еден паркинг во градот нема обележани паркинг-места за трудници и за мајки со мали деца. Ниту на Град Скопје ниту на Општина Центар, кои стопанисуваат со отворените паркиралишта и со катните гаражи, им текнува да обезбедат места за мајки на мали деца и за трудници. Бремените жени и мајките мораат да вртат кругови низ паркиралиштата или да се качуваат до највисокиот кат на катните гаражи, за да најдат слободно место. Обележани паркинг-места за нив има само во болницата "Аџибадем Систина" каде што најпристапните места за паркирање се обележани со розова боја и поставен е знак на трудница и на мајка со дете.
Скопјанки реагираат дека нашите градски власти не водат грижа за нив, и бараат на секој паркинг да се обезбедат вакви паркинг-места.
"Се случува по десетина минути да вртам низ паркинзите за да најдам слободно место. Секаде во големите европски градови местата за трудници и за мајки на мали деца се обележани на почетокот на паркингот или на првиот кат на катните гаражи", се жалат скопјанки.



Од ЈП "Градски паркинг" велат дека тие немаат законски обврска да обележуваат паркинг-места за трудници и за мајки на мали деца.
"Ние немаме ништо против да обележиме паркинг-места и за оваа категорија граѓани, но тоа најпрво треба да се предвидени со правилник и со Законот за безбедност во сообраќајот. Со сегашниот закон ние сме обврзани да бележиме само места за инвалиди, и тоа го почитуваме", вели директорот на ЈП "Градски паркинг" Борче Јакимовски, и додава дека ќе ги разгледаат можностите да го реализираат ова барање.
Од ЈП "Паркинзи Општина Центар" велат дека во нивната програма за работа се предвидени вакви паркинг-места, но чекаат Град Скопје и Министерството за внатрешни работи да им ги одобрат проектите за паркинзите.
"Покрај место за трудници и за мајки на мали деца, на паркинзите со кои ние стопанисуваме, ќе има и места за паркирање на електрични автомобили и на мотори", вели Сашо Богдановиќ, директор на ЈП "Паркинзи Општина Центар".

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=327847671EDDFA48AA06AFBB05D2A748
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 03-Feb-2015 at 20:19
„ние немаме законска обврска“ ...па добро бе мајку ви, сте слушнале ли за морал и општествена одговорност?

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 02-Apr-2015 at 16:24
Конечно одговор на мистеријата зошто после изградбата на катната гаража кај стариот цветен пазар/макпетрол со капацитет од 500 возила (која е далеку од исполнета) се изгради/реконструира паркинг кој зафаќа скоро иста површина како и катната.
Секоја логика и здрав разум укажува на тоа дека не се прави паркинг до катна гаража туку зеленило! Ама како и се друго во државава и тука логика нема, само бизнис интереси за поединци кои се на грб на сите нас.

За што се работи -> Отворање на Тинекс маркет во деловните простории на катната гаража па нели до декој маркет треба да има и соодветен паркинг. Истиот паркинг кој е без рампа со месеци (бесплатно се паркира) и кој економски ја уништува и така мизерната економска исплатливост на катната гаража.

Прашање бр.1 - Во чија сопственост е местото на кое е изграден паркингот? Државно или е приватно?
Прашање бр.2 - Од чии пари е обновен паркингот? Државни или приватни?
Прашање бр.3 - Ако е државно зошто државата му гради паркинг на Тинекс? Ако е приватно кој го купил и на кој начин?

Координати:
41.989051, 21.432487
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 07-Apr-2015 at 20:51
паметно



мотика
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 07-Apr-2015 at 21:06
Originally posted by alexsend

Конечно одговор на мистеријата зошто после изградбата на катната гаража кај стариот цветен пазар/макпетрол со капацитет од 500 возила (која е далеку од исполнета) се изгради/реконструира паркинг кој зафаќа скоро иста површина како и катната.
Секоја логика и здрав разум укажува на тоа дека не се прави паркинг до катна гаража туку зеленило! Ама како и се друго во државава и тука логика нема, само бизнис интереси за поединци кои се на грб на сите нас.

За што се работи -> Отворање на Тинекс маркет во деловните простории на катната гаража па нели до декој маркет треба да има и соодветен паркинг. Истиот паркинг кој е без рампа со месеци (бесплатно се паркира) и кој економски ја уништува и така мизерната економска исплатливост на катната гаража.

Прашање бр.1 - Во чија сопственост е местото на кое е изграден паркингот? Државно или е приватно?
Прашање бр.2 - Од чии пари е обновен паркингот? Државни или приватни?
Прашање бр.3 - Ако е државно зошто државата му гради паркинг на Тинекс? Ако е приватно кој го купил и на кој начин?

Координати:
41.989051, 21.432487


Денес поминував од таму и видов дека ставиле рампи кај пристапната улица од катната гаража и излезот од паркингот кон булеварот „Кирил и Методиј“. Најверојатно ќе се постави и рампа од Јужен Булевар. Со поставувањето на рампите доколку некој сака да се приклучи кон улицата од подвозникот, ќе мора да пазари во Тинекс или да си плати паркинг. Нели направија приклучок кон подвозникот. За паркингот колку што знам е на Град Скопје, колку што претходно имам прочитано на форумов, така што колку е легално ова што го прават е под знак прашање.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 18-May-2015 at 22:57
Паметните господа во Општина Охрид донесле одлука за зголемување на цената на паркингот на 40 денари - од 1 јуни.Во меѓувреме таблите со старите цени (20 ден.) уште стојат, а ова е веќе второ поскапување:


Во меѓувреме им се виделе празни паркинзите како овде на сликава, па имало идеи и улицата да ја стават во зонско, иако возилата се на околните станари.За нив ќе имало ‘месечна претплата‘.

Мобилно плаќање, СМС, со картичка и слично уште ни се научна фантастика.Битно катна гаража ни изградија уште пред година и пол.

Edited by Тркало - 18-May-2015 at 23:01
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 18-Jul-2015 at 01:38
Приватен концесионер ќе воведе зонско паркирање во Кавадарци

Општина Кавадарци планира да воведе зонско паркирање по пат на доделување на договор за концесија за давање на услуги за паркирање. Градскиот совет на последната седница ја донесе одлуката за отпочнување на целокупната постапка, која е предвидено да финишира со пронаоѓање на приватна компанија што ќе го спроведе зонското паркирање во градот. Со доделување на постоечкиот паркинг простор, концесионерот ќе преземе обврска за обезбедување предуслови за овозможување на оваа услуга во Кавадарци. Проценетата вредност на договорот изнесува 269.922 евра.



Со зонското паркирање е предвидено да се обезбеди нов и автоматизиран начин на управување и контрола на уличното паркирање, како и да се набави опрема за овозможување на оваа услуга од приватниот инвеститор. Општина Кавадарци планира да го избере концесионерот по пат на отворена постапка. За реализација на овој проект лани беше изготвена и физибилити студија. Во согласност со документот, зацртано е целиот град да се подели на три зони, при што паркирањето во централното градско подрачје би чинело 30 денари за првиот час, 40 денари за вториот час и 50 денари за третиот и за секој нареден час.

Зонското паркирање во Кавадарци ќе го плаќаат и станарите на оние згради што се лоцирани во рамките на просторот што ги опфаќа трите зони. Локалната самоуправа очекува дека со спроведување на проектот да се стимулира алтернативниот превоз, со што би се избегнал постојниот сообраќаен метеж во Кавадарци. Опозициските советници од СДСМ се спротивставија на одлуката за доделување на договор за јавно – приватно партнерство, сметајќи дека Општината треба самата да оформи јавно претпријатие за регулирање на паркирањето во градот.

Како дел од напорите за ублажување на проблемот со паркирање во градот, минатата година Општината пушти во употреба модуларен паркинг со капацитет од околу 80 возила, лоциран до паркот „Алеја на великаните“.

http://www.build.mk/?p=45407
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 644
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 17-Jan-2016 at 18:52
Во Скопје околу паркирањето најмногу ме нервираат дивите паркиралишта кои сеуште преовладуваат во централното градско подрачје.Ги има во близина на Веро Центарот кај турскиот театар.Ги има и низ Аеродром.Секојдневно се изнесува кал,прашина на тротоарите и улиците ко од нива да искачаат.Незнам кога и дали некој ќе го реши тој проблем.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 644
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 03-Feb-2016 at 16:01
Див паркинг веднаш до Веро Центар
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 14-Jun-2016 at 23:03


Master   Big%20smile

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 14-Jun-2016 at 23:26
Ima mnogu ubavi idei vo svetot. No toa e za LUGE ne e za nas.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 15-Jun-2016 at 00:47
вакви системи има многу, обично се со светлечка сигнализација како примерот погоре... мислам дека и кај нас во некоја од катните гаражи ставија таков систем ако не се лажам
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11028
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 15-Jun-2016 at 09:01


Викендов бев сведок на еден таков систем со светилки во подземната гаража кај МОБ.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11028
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 15-Jun-2016 at 20:48
ВО ФИНАЛНА ФАЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ДО ТУТУНСКИ КОМБИНАТ
           




Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ изминатиов период работеа на реконструкција на паркинг просторот на аголот на улицата 11 Октомври, до Тутунски комбинат.

На паркиралиштето е изгребан горниот асфалтен слој и е нанесен нов асфалт од типот АБ-11. При реконструкцијата на просторот нивелирани се шахтите и сливниците, а во наредниот период ќе се изврши бележење на паркинг местата. По завршувањето на бележењето на паркинг местата, ЈП „Градски паркинг“, на паркингот ќе постави куќичка за наплата и автоматска рампа.

Ова паркиралиште е со површина од 3 283 квадратни метри и ќе има 134 паркинг места, од кои две паркинг места се наменети за лица со посебни потреби.

За реконструкцијата на овој паркинг простор беа потрошени околу 4 милиони денари.

http://skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=9007&mid=482&tabId=1
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11028
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 16-Nov-2016 at 10:02
ПАРКИРАЊЕТО КАЈ ГРАДСКИ СТАДИОН ЌЕ СЕ НАПЛАЌА 50 ДЕНАРИ ОД ЧАС

За десетина дена ќе биде воведен зонски режим на паркирање кај Градски стадион, што значи дека паркирањето ќе почне да се наплаќа по 50 денари од час. Вака одлучиле од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) од каде што сметаат дека единствено со наплаќање за паркинг-место ќе се регулира хаосот што се создава секојдневно на тоа место, особено за време на јавни настани во Градски парк, на натпревари и слично. Бесплатно паркирање ќе има само за жителите на Центар, а без надомест ќе се паркира и во сабота по 15 часот, како и во недела и за државни празници.

„Свесни сме на реакциите од јавноста, но не постои друг начин за регулирање на метежот. Се паркира кој каде ќе стигне, се блокираат возила, пристапи. Ниту ‘пајакот‘ не е спас во одредени ситуации, бидејќи, всушност не може ни да пристапи до некои места. Од друга страна, насекаде во светот на вакви локации паркирањето не е бесплатно“, вели директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ.

Тој објаснува дека регулирањето на паркирањето ќе се одвива фазно. Поточно, освен што ќе се почне со наплата, ќе се обезбедат, изградат и обележат дополнителни паркинг места во зоните за слободно паркирање во непосредна близина.

„На пример, за време на натпревари ќе биде во сила привремен режим на сообраќај, како и сега кога има натпревар во салата на ‘Работнички‘, односно забранет е пристап на возила до салата. Гледано долгорочно, сегашниот метеж со паркирањето ќе се реши и со изградба на монтажна катна гаража предвидена во тој дел“, додава Богдановиќ кој е убеден дека граѓаните ќе имаат разбирање за одлуката, а со тек на време и самите ќе ги почувствувале бенефитите од неа.

Инаку, на терен активно се работи за примена на одлуката. Поставени се неколку информативни табли, а се обележува и поставува и другата неопходна сигнализација. Веќе неколку дена на паркираните возила им се оставаат флаери со кои се апелира „паркирање на прописен начин и на местата предвидени за таа намена“.

http://utrinski.mk/?ItemID=76BD23EE4932CF4685694A2329D45B0B
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 26272829>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.