build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркирање (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 02-Dec-2008 at 11:36
Се враќаат рампите спроти фабриката „Треска“



Скопје
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ повторно почна да монтира електронски систем за наплата на паркиралиштето во населбата Капиштец спроти фабриката „Треска“, откако општината Центар присилно ги отстрани пред околу две недели со образложение дека биле дивопоставени. Љупчо Јованов, директорот на претпријатието, вели дека ќе работат со обична рампа се додека не се договорат со општината како да се реши ситуацијата со паркиралиштата. Општинарите најавуваат дека ќе ги урнат сите рампи на нивното подрачје, бидејќи за ниту една од нив не била обезбедена дозвола. Од градот, пак, одговараат дека за рампи и за монтажни куќички за наплата воопшто не било потребно одобрение за градба.

- Рампата што се поставува сега е привремена, само колку да се знае дека паркиралиштето е наше и дека е легално поставено. Најдоцна до утре треба да имаме состанок со општината, а за неколку дена ќе го вратиме истиот електронски систем што беше отстранет, затоа што не е оштетен - објасни Јованов.

Според некои пресметки, ако Центар ги урне сите рампи на „Градски паркинг“ на своето подрачје, ќе направи штета од околу 160 илјади евра. На општинското подрачје има електронски систем за наплата на паркиралиштата кај плоштадот „Македонија“, до Градската болница, до Цветниот пазар, на улицата Максим Горки, спроти АМСМ, кај Домот на печатот, до Старата железничка станица и паралелно со булеварот Кочо Рацин.

Синдикатите на сите јавни претпријатија и дадоа рок на општината до утре да ги изнесе своите планови во врска со паркиралиштата на претпријатието, а во спротивно најавуваат дека ќе организираат протести пред општинските простории.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=252&ArticleID=12645
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 02-Dec-2008 at 12:29
si igraat ko mali deca,pravi pa rusi i se toa vo krug se vrti,tolku divogradbi ima vo centar na niv do naplatnite rampi na parkinzite im doslo,ama mora da se pokaze deka sepak oni nesto rusat,udri kaj sto mozes,a od drugoto ponastrana.Big%20smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 22-Jan-2009 at 11:25

Нови паркинзи кај Зелен пазар и кај „Трготекстил“

Овој и наредниот месец, Јавното претпријатие за јавни паркиралишта и паркинзи на Општина Центар ќе отвори четири нови паркинзи. Наскоро ќе биде отворено ново паркиралиште кај продавницата на поранашен „Трготекстил“ на улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин, а на 1 февруари кај Зелен пазар и кај Домот на градежните работниците. Во средината на февруари во Центар ќе отворат паркинг кај зградата на „Автомакедонија“.

Паркингот кај Домот на градежници веќе две години е спорен, бидејќи градските власти ги обвинуваат од Општината за узурпација на сервисна улица, иако немаат за тоа никаква законска надлежност. Цените за паркирање допрва ќе бидат истакнати, но неофицијално ќе се движат од 10 до 50 денари за час, во зависност од локацијата на паркингот.

Според извештајот на претпријатието, наредната година 1,2 милион денари од буџетот ќе се потрошат на паушали на членовите и претседатели на управниот и надзорниот одбор. Проекцијата на буџетот предвидува претседател на Управен одбор да зема 8.000, а член 7.000 денари. Членовите на Надзорниот одбор ќе земаат 5.500, односно 4.500 денари. За плати ќе се потрошат околу 8,9 милиони, а за тековно работење (униформи, осветлување, греење, ладење) 1,1 милион денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=732CFCD2A3896444BCC7A699457A6B72

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 24-Jan-2009 at 01:26
Тоа со рампите во центарот на градот може да го има само во Чад, ама ајде да не ги вреѓам и нив понапредни се од нас. Баш ме интересира дали по воведувањето на ваквото паркирање ќе се укинат овие паркинзите со рампи.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 24-Jan-2009 at 01:43
Најголемата мана на паркинзите со рампи се тоа што мораш да одиш да чекаш ред да платиш - особено на паркингот пред Холидеј Ин, и да излезеш. Не звучи страшно ама е страшна гњаважа.


Edited by pbanks - 24-Aug-2009 at 17:30
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 24-Jan-2009 at 20:40
Еве како со доволно врски се поставува легална приватна рампа која ја блокира целата улица (која е јавна) само за нејзините жители во функција на паркинг




Edited by pbanks - 24-Jan-2009 at 20:40
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 24-Jan-2009 at 21:57
Eeek2

А барем се работи за слепа уличка која не поврзува ништо освен тие жители таму?

Не дека во таков случај е оправдано, туку во спротивно се работи за уште поскандалозна работа!

Јас колку што можам да претпоставам се работи за оваа локација
41°59'26.26"N  21°26'11.91"E
но не можам на google earth да заклучам какви се сообраќајните врски во околината...


Како и да е, не знам во кој закон нашле основ за приватизација на улица во функција на паркинг Bash


Edited by Cloverstack - 24-Jan-2009 at 21:58
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 25-Jan-2009 at 00:05
ова е на Улица Ленинградска (кое ужасно име, брука!) до зградата на QBI.

Во куќите кои имаат корист од оваа рампа живеат странци на високи функции во меѓународните организации кои оперираат во Македонија и на Косово...рампава е поставена вака веќе бар две години...и никому ништо...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 25-Jan-2009 at 00:11
Да точно ја детектиравте локацијата и Кловер и Дарко
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 25-Jan-2009 at 00:41
Во Загреб функционираат сите паркинзи со автомати или рампи. За Словенија да не зборуваме, мислам дека сме децении наназад.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 25-Jan-2009 at 00:53
Рампи за жал мора да се употребуваат во одредени ситуации, но не гледам на тоа како на напредок. Со исклучок на најпроблематичните локации каде што нема друг начин, би преферирал паркингот да биде добро испланиран и димензиониран како би бил бесплатно достапен за сите, без рампи, часовници, СМС-ови и слични срања.

Факт е дека сме назад, но според мое мислење е сосема погрешно рампите да ги земеме како мерило.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 26-Jan-2009 at 21:02
Во Словенија нема паркинзи со рампи! Освен во катните гаражи каде што се поставени заради разбирливи причини. Иначе во цела Љубљана паркингот е платежен, без никакви рампи, само со self-service автомати. Се користи крајната лента на улиците каде што се обележани парко-места. Ленинградска е одлично име...Се оддава почит на жртвите загинати во Обсадата на Ленинград од 2СВ.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 04-Feb-2009 at 00:31
Нови 24 паркинзи во Карпош


Изградба на нови 24 паркинзи на целата територија на Општина Карпош со цел да им го олесни паркирањето на своите жители, најави локалната власт.
-Како дел од акцијата "Да го исчистиме ѓубрето од Карпош" ги чистевме и осветлувавме подземните гаражи за да можат да се паркираат возилата во нив и да се заштитат од лошите временски услови, информираат општинарите.

Исто така со акцијата треба да се ослободат и надземните паркинзи во Карпош.
-Ќе се зголемува и бројот на надземните паркинзи, а чистењето и осветлувањето на подземните гаражи нема да престане. Сето ова е со цел да се обезбеди повеќе паркинг-простор во општина Карпош и подобри услови за нејзините граѓани, ветија тие.

http://vecer.com.mk/?ItemID=A313158C080E7C4DB451E859704756C7
Back to Top
AlexTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 04-Feb-2009
Location: Македонија
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AlexTheGreat Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 04-Feb-2009 at 00:39
фала богу добра вест, инаку најискрено не се надевам на 24 паркинзи па затоа нека изградат барем по 2 во секој од 4 дела, за колку толку да се реши хаосов 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 04-Feb-2009 at 01:04
Originally posted by AlexTheGreat

фала богу добра вест, инаку најискрено не се надевам на 24 паркинзи па затоа нека изградат барем по 2 во секој од 4 дела, за колку толку да се реши хаосов 


Добредошол АлексТхеГрејт! Вероватно мислиш на 4 дела, на карпош 1-4?! Незнам од каде бројкава дека треба по 2 за секој дел?! 2 паркинга во толкав опфат не се апсолутно нималку приметливи дека нешто се подобрило. Башка и зависи колкави се паркинзите по капацитет!
Back to Top
AlexTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 04-Feb-2009
Location: Македонија
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AlexTheGreat Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 04-Feb-2009 at 01:16
Originally posted by lslcrew

Originally posted by AlexTheGreat

фала богу добра вест, инаку најискрено не се надевам на 24 паркинзи па затоа нека изградат барем по 2 во секој од 4 дела, за колку толку да се реши хаосов 


Добредошол АлексТхеГрејт! Вероватно мислиш на 4 дела, на карпош 1-4?! Незнам од каде бројкава дека треба по 2 за секој дел?! 2 паркинга во толкав опфат не се апсолутно нималку приметливи дека нешто се подобрило. Башка и зависи колкави се паркинзите по капацитет!

Добронашол, да на 4 дела мислев, инаку најверојатно би требало да се со помал капацитет штом е толку голема бројката 24,  и не 2 туку во секој по 2, ама и  да е така во право си нема да бидат ни малку приметливи, или ќе бидат само на одредени улици, оти еве како пример би го зел делот околу стара телевизија во карпош4, тој дел е очаен за паркинг и не е само тој него го земав за пример 

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 04-Feb-2009 at 02:32


Офтопик ама овие смартојте како шо паркират... Алал му вера! Сите паркират паралелно а смартот, епа под 90 степени од паралелното Друго чаре со овие говедата наши (и тукашни) нема, да не се знаело да се паркира. И да има нови паркинзи, дури нема казни пак ќе има хаос на секој чекор.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 26-Feb-2009 at 00:30

Гаражите заборавени од инвеститорите

Иако со секој стан задолжително треба да биде обезбеден и паркинг-простор, оваа законска обврска не се почитува од градежниците

Становите во новите згради се продаваат без гаража, велат експертите. Иако Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање на Министерството за транспорт и врски, предвидува за секој стан од колективна станбена зграда во централното градско подрачје да биде обезбедено по едно паркинг-место, тој ретко се почитува од инвеститорите. Од април треба да почне новиот систем на паркирање, во кое цената за еден час ќе се одредува според зоната. Во центарот на градот ќе може да се паркира само еден час, и тоа за 45 денари, а предвидени се уште и жолта и зелена зона во поширокото централно подрачје. Со овој систем ќе се оградат многу паркинг-простори во центарот на Градот каде што досега паркираа станарите на зградите.Според Алјоша Шопар, раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот, има пропуст во законската регулатива. Тој објаснува дека инвеститорите на новите згради делумно го почитуваат Правилникот.

- Уште при самиот технички прием општинските инспекции треба да водат сметка за тоа дали се запазени нормативите за објектот што се пушта во употреба. Инвеститорите кај нас гаражите ги продаваат одделно од станот. Дел од станарите не сакаат да купат гаража бидејќи законски не се обврзани, па своите возила ги оставаат на тротоарите. Никој не може да ги натера да купат гаража, вели Шопар.Од Градот објаснуваат дека прашањето на уредување на паркинг-просторите и стационарниот сообракај се врши според овој правилник на Министерството за транспорт и врски, како и според детаљните урбанистички планови што ги носат општините.

- Секторот за планирање на Град Скопје внимава при давањето мислење за плановите. Сериозно води сметка за паркиралиштата како значаен дел од сообраќајниот систем, велат градските власти.

Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање точно дефинира колку паркинг-простор им следува на станарите од централното градско подрачје. Станбените куќи со градежна парцела помала од 600 квадратни метри, како и секој стан до 90 квадратни метри - 1,2 паркинг-место, а тие над 90 метри квадратни - 1,5 паркинг-место. За продавници и дуќани од 40 квадратни метри предвидено е едно паркинг-место.

- Овие правила се применуваат само при проектирањето, но при изведбата на објектот се отстапува од стандардите, потенцира Никола Велковски, поранешен главен градски архитект. Тој објаснува дека во веќе изградените постари објекти, односно згради, како на пример Градски ѕид, тоа е решено со подземно гаражирање.

- И тука навреме не било решено прашањето со обезбедување паркинг-простор. Си можел, но не си морал да купиш гаража. Оние што купиле не ја користат. Ја издаваат на пазарџии, чуваат зеленчук или овошје, ја користат како подрум, а автомобилот го чуваат надвор, потенцира Шопар.Тој истакна дека паркинзите со кои стопанисува Јавното градско претпријатие „Градски паркинг“ им го решаваат проблемот на овие граѓани.

- Единствено во сопственост на станарите во зградите е земјиштето под зградата. Се' останато е државно земјиште и е предмет на јавен интерес. Друга работа е зошто ДУП поинаку не го решава проблемот со паркирањето, вели Шопар. Според Панче Стојановски, помошник-директор во Јавното претпријатие „Градски паркинг“, многу е алармантно тоа што при градба на станбени згради се предвидува паркинг-простор само за станарите.

- Дел од нив се пренаменуваат како деловни простори, кои на почеток воопшто не се пријавуваат, туку се прикажуваат како мезанин. На тој начин, всушност се јавува проблем со паркирањето, кое е предвидено само за потребите на една станбена зграда. Доколку неколку такви простори во зградата се пренаменет, тогаш настанува хаос. На пример, речиси во сите згради во Кисела Вода се појавија деловни простори, без притоа да биде обезбеден доволно паркинг-простор, објаснува Стојановски.

ИНФО-За секој стан по едно паркинг-место

За секој стан од колективна станбена зграда во централното градско подрачје треба да се обезбеди по едно паркинг-место. По 1,2 паркинг-место е предвидено за оние подалеку од центарот и за станбените куќи во градежна парцела помала од 600 квадратни метри и за секој стан до 90 квадратни метри. Становите над 90 квадрати треба да имаат 1,5 паркинг-место. За продавници и дуќани, на 40 квадратни метри простор за клиенти - 1 паркинг-место.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=13C6DD3883AB734F85D1DF3003481D0A
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 26-Feb-2009 at 01:26
Овие правила се применуваат само при проектирањето, но при изведбата на објектот се отстапува од стандардите, потенцира Никола Велковски, поранешен главен градски архитект.
Зарем нема механизам што ќе застане на патот на вакви чудесии??? Точно ли е ова воопшто? Се сведува на тоа дека можеш да си градиш како сакаш, без разлика на тоа по каков проект е добиена дозвола...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 09-Mar-2009 at 02:56

Градот врие од бесправно приватизирани паркинзи

Злоупотребата на јавните површини со поставување рампи, блокатори, рекламни паноа се казнува и до 3.000 евра

Јавните површини се претвораат во приватни паркинзи, велат во Јавното претпријатие „Градски паркинг“. Тоа дополнително го зголемува сообраќајниот метеж и проблемот со паркирањето во ситуација на недостиг од легален паркинг-простор. Според надлежните од ова претпријатие, дури 90 отсто од поставените блокатори, популарно наречените „шепи“, се наоѓаат во центарот на градот, односно во реонот на Мал ринг.

- Сите блокатори, поставени на тротоарите, се противправно наместени и ќе бидат отстранети. Казните за ваквото узурпирање на јавните површини се многу високи и се движат до 3.000 евра. Екипи на Градот редовно ги контролираат јавните градски површини и вршат увид во состојбата. Освен блокатори, се поставуваат и рампи на тротоарите пред станбените згради - велат од „Градски паркинг“.
Во 2008 година, Градот спроведе повеќе акции за отстранување на ваквите блокатори и на помалите рампи со столбови. Беа отстранети 200 блокатори и 20 рампи, најмногу во центарот на градот. Деновиве најавува нова акција за отстранување на блокаторите и на рампите во поширокото централно подрачје. Граѓани што работат, но не живеат во центарот на градот, велат дека честопати се соочиле со закани од нељубезни сограѓани ако паркираат пред нивната зграда.

- Живеам во населба Ченто, а работам во близина на Трговскиот центар „Рамстор“, Покрај тоа што цела вечност патувам со возилото до центарот на градот, исто толку време ми треба за да најдам паркинг-место. Не можам да си дозволам да плаќам паркинг, па долго време паркирав на улицата Теодосиј Голаганов. Но, станарите од околните згради неколкупати ми ги дупеа гумите и вербално се пресметуваа со мене затоа што паркирам пред нивните зграда. По извесно време, тие бесправно поставија рампа на јавна површина. Еве, до денес тие се газди на јавна површина, а никој од надлежните не интервенира. Ако тие живеат во Центар, не значи дека се сопственици на јавниот простор, вели Татјана Димовска.

Од Градот велат дека инспекторите одат на терен и по пријава на граѓани за да утврдат каде и зошто се узурпирани јавните површини. Граѓаните, пак, се незадоволни од работата на градските инспектори и велат дека тие со години ги толерираат бесправните узурпатори. Од Градот ги советуваат граѓаните кои сакаат да постават блокатор за резервирање паркинг-место дека треба да поднесат барање до Секторот за сообракај на Град Скопје. Месечната резервација чини околу 250 евра. За оние што бесправно поставиле блокатор или рампа на јавна површина, казните ги наплаќаат комуналните инспектори при Град Скопје. Од Градот објаснуваат дека јавните паркинг-површини вообичаено се надвор од улични паркиралишта, коловози или тротоари. Се води сметка да не бидат и на сервисните и пристапни улици до станбените блокови заради непречено движење на пешаците и велосипедистите.

- Јавно место за паркирање е дел од површина која е во сопственост на државата или е во приватна сопственост. Таа треба да е утврдена, организирана и обележана согласно со Детаљниот урбанистички план (ДУП) и со сообраќајниот проект како површина за паркирање на моторни возила од одредена категорија. Јавно паркиралиште може да биде површина која со ДУП не е наменета за паркирање. Во тој случај, паркиралиштето има привремен карактер, се' до реализацијата на содржините, утврдени со планот. Паркирањето на јавните паркиралишта може и не мора да се наплаќа. Кога станува збор за паркинг-површини во состав на станбените зони, тие првенствено им служат на станарите, но и на нивните посетители. Во случај на високо оптоварено јавно паркиралиште, по барање на жителите можно е да се воведе наплата на ваквите паркиралишта, со цел да воведе контрола на користење. Ваков е случајот со јавното паркиралиште „Булевар Кочо Рацин“ каде што жителите на станбените објекти во непосредна близина поведоа иницијатива паркингот да го преземе ЈП „Градски паркинг“, велат од Секторот за сообраќај во Град Скопје.

Градските власти напоменуваат дека наплатата за паркирање на јавна површина се практикува ако во случај кога јавните паркиралишта се во непосредна близина на објекти од јавен интерес - административни, трговски, здравствени или услужни содржини, особено во централното градско подрачје. Но, додаваат дека во случај кога се наплаќа за паркинг се воведува контрола да не се пренатрупува со паркирани возила. По правило, високооптоварените градски подрачја , каде што треба да се излезе во пресрет на паркинг-потребите на што поголем број посетители, наместо паркирањето да биде ексклузивитет само на оние што први ќе заземат паркинг-место. Ваквите паркинг места, се нарекуваат јавни, бидејќи кај нив не е ограничен пристапот на можните корисници. Секој што има потреба од паркинг место и е подготвен да плати, може да паркира. Автобусите, во принцип, треба да се паркираат на периферијата, велат од градското одделение за односи со јавноста.

Најскап паркинг „Максим Горки“

Според ценовникот на „Градски паркинг“, најскапо паркиралиште е на улицата Максим Горки. Таму се плаќа по 50 денари од час, 5.000 денари за цел месец, а 50.000 денари - за цела година. Може и да се резервира место за 15.000 денари.

Паркирањето на плоштад Македонија чини 40 денари од час, 3.000 денари месечно, 30.000 годишно и 10.000 денари за резервирано паркинг-место. По 40 денари за влез се плаќа и на новоотворените паркиралишта кај хотел „Бристол“ и на улицата Даме Груев, кои во моментов се со механичка рачна рампа. Кога ќе влезат во состав на зонското паркирање, ќе се промени и цената за паркирање.

Паркиралишта со цена од 30 денари за влез има кај зградата на „Кјуби-Македонија“ и кај АМСМ (500 денари за месец и 5.000 денари годишно), Кај Градска болница чини 30 денари од час, 2.000 за месец и 20.000 денари за цела година.

СТАВ
„Не паркирај, бушам гуми

Оваа позната фраза од пред скопските станбени објекти во последно време е видоизменета. Сега кој стигне, поединци, куќни совети и фирми и ставаат столпчиња, рекламчиња, синџирчиња да си присвојат дел од јавните површини. Што е важно дали другите граѓани се принудени да плаќаат паркирање од час!

Иако дел од просторот пред зградите е наменет токму за станарите и за нивните гости, тоа секако не се однесува на фирмите и институциите што си земаат ексклузивитет на тротоарите. Градските власти се закануваат со акции и казни, но се' уште не сме слушнале некој да е казнет. А три илјади евра не се малку. Може да се наполни градската каса од казните за узурпирани јавни површини.

Денес никој не се осмелува да оди така лесно против законот, ако нема грб, политички или партиски, да биде заштитен од евентуални казни. Нека не не' разубедуваат инспекторите дека граѓаните се виновни, нека се фатат за работа.Да почнат од себе. И тие имаат резервиран паркинг пред нивното работно место.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2B6BE6136076074CA5FA338284F0A0CE
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.