build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркирање и паркинзи (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање и паркинзи (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 343536
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1062
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #701 Posted: 01-Apr-2021 at 15:12
Originally posted by zabegan

... со почит према тоа како функционирале до сега работите
Клучниот проблем на Македонија!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #702 Posted: 01-Apr-2021 at 20:09
Originally posted by user8642

Originally posted by zabegan

... со почит према тоа како функционирале до сега работите
Клучниот проблем на Македонија!
ако имаш некакво магично решение каде што се менува инстант се, сподели слободно, само не ме убедувај дека живеење во центар е нешто ексклузивно и привилегија, тоа ти е едно од комунистичките учења за кои збориш
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1062
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #703 Posted: 01-Apr-2021 at 20:36
Привилегија е и ексклузивно право кое доаѓа од можноста да се издржи финансиски тоа.

А баш комунистички е да мислиш дека треба да живееш во центар пошто тоа ете "од секогаш било така" и пошто дедо ти бил заслужен пред 50 години во друга држава и друг систем. И "одозгора на тога" тој комодитет да ти го платат останатите граѓани кои немаат ни саглам јавен превоз да дојдат до центар и мора да плаќаат патарини на секои 10 километра.

Магичното решение се вика Капитализам и Пазарна Економија во секоја пора од општеството, во секоја сулуга од државните органи, секаде на секој чекор. Природно донесува баланс, нормално ако нема редовно будали кои сакаат "да го поправат" природното.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #704 Posted: 02-Apr-2021 at 21:08
Originally posted by user8642

Привилегија е и ексклузивно право кое доаѓа од можноста да се издржи финансиски тоа.

А баш комунистички е да мислиш дека треба да живееш во центар пошто тоа ете "од секогаш било така" и пошто дедо ти бил заслужен пред 50 години во друга држава и друг систем. И "одозгора на тога" тој комодитет да ти го платат останатите граѓани кои немаат ни саглам јавен превоз да дојдат до центар и мора да плаќаат патарини на секои 10 километра.

Магичното решение се вика Капитализам и Пазарна Економија во секоја пора од општеството, во секоја сулуга од државните органи, секаде на секој чекор. Природно донесува баланс, нормално ако нема редовно будали кои сакаат "да го поправат" природното.
супер, тоа го решивме и ај че поминам преку тоа дека сите граѓани ги ставаш во ист кош на предрасуди... сега убеди ме дека центар е нешто поразличен од останатите населби за да има различна доктрина
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9706
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #705 Posted: 03-Apr-2021 at 14:08
МИНИСТРИ, ГРАДОНАЧАЛНИК, ДИРЕКТОРИ И ПОПОВИ СВЕЧЕНО ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА ПАРКИНГ ВО ЛЕШОЧКИ МАНАСТИР

Лешочкиот манастир доби паркинг, што долго време беше значаен инфраструктурен проблем. На свеченото предавање во употреба на паркингот присуствуваа mинистерот за локална самоуправа Горан Милевски, вицепремиерот Љупчо Николовски, градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани, директорот на Бирото за рамномерен регионален развој Рамиз Реџепи, заменик-министерoт за локална самоуправа Зоран Димитровски, директорот на Специјалната болницата за белодробни заболувања Исмаил Ваити, претставници од МПЦ и други гости.

„Изградбата на овој паркинг простор беше по барање на Општина Теарце, владиката Тетовско-Гостиварски Јосиф и жителите на село Лешок. Општина Теарце аплицираше до Бирото за рамномерен регионален развој, а Владата сметаше дека овој проект има значење за развојот на овој регион и одобри средства во висина од 3,5 милиони денари. Со тендерските постапки дури и ја намаливме вредноста на изградбата на објектот. Сега ќе им се овозможи доволно паркинг простор сите туристи кои доаѓаат да го посетат Лешочкиот манастир, а истиот ќе послужи и за потребите на специјалната болницата за белодробни заболувања“, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Паркингот е со површина од 2.300 метри квадратни и има околу сто места за автомобили и неколку за автобуси.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ministri-gradonachalnik-direktori-i-popovi-svecheno-pushtija-vo-upotreba-parking-vo-leshochki-manastir/

------





https://www.facebook.com/Goran-Milevski-
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9706
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #706 Posted: 07-Apr-2021 at 17:20
На местото на старата полициска станица во Ѓорче Петров направен паркинг



На место на поранешната полициска станица која беше срушена пред неполна година направен е паркинг простор со 46 паркинг места, информира денеска општина Ѓорче Петров.

Во информацијата се наведува дека 42 места се наменети за моторни возила, 1 паркинг место за возило на лица со попреченост и 3 паркинг места за мотоцикли. Изведена е атмосферска канализација и поставено е соодветно осветлување со што е зголемена безбедноста на граѓаните и намален ризикот од кражби.

-Изградбата на паркингот е по барање на околните станари кои со неговата изведба добиваат соодветно место за своите возила а истовремено и зголемена безбедноста во сообраќајот. За три години во централниот дел на Ѓорче Петров изведени се 5 паркинг простори со капацитет за околу 200 возила, со што се решава проблемот со паркирање во општината, наведува општината.

https://skopskoeho.mk/na-mestoto-na-starata-politsiska-stanitsa-vo-gorche-petrov-napraven-parking/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1062
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #707 Posted: 07-Apr-2021 at 18:17
Штета, идентитетот на општината се упропастил. Бараките се традиција на Скопјани.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9706
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #708 Posted: 08-Apr-2021 at 07:39
Секојдневие во Мичурин,паркинзите позади новата црква и околината.Хаосот го генерираат повеќе причини



1.Недоволно паркинг простор(откако почнаа да ги креваат колите што ги оставаа по ул.Симеон Кавракиров околниве паркинзи почнаа да стануваат екстра хаотични

2.Авто Школи(Кекец и Шкорпион) имаат околу 15-тина возила од кои дел ги возат дел не ама како и да е зафаќаат повеќе паркинг места.

3.Голем број на фирми во приземјето од зградите создаваат дополнителна гужва,влегуваат со комби возила па по пола саат оставаат блокирани пролази па се слушаат свирки цел ден.

4.Општинските власти 15 години не сакаат да го оспособат празниот простор близу маркетот Стокомак за паркирање или да изведат монтажен паркинг.

Еве низ извадоци од Google maps поточно за кој дел се работи,хаос е цел Мичурин но овој дел е еден од покритичните





простор за паркинг




Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 602
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #709 Posted: 08-Apr-2021 at 12:23
Катастрофа е просторов поради неорганизираноста. Не знам што е толку тешко да направат паркинг на тој простор пред Стокомак (можеби и подобро монтажна гаража), и да се расчисти просторов. Исто така, и од другата страна на булеварот по тротоари автомобили, застанати по улица итн., а огромна површина каде што може да има паркинг.

Edited by skopskodete - 08-Apr-2021 at 12:23
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 64
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #710 Posted: 08-Apr-2021 at 22:12
Освен изградба на монтажен паркинг, како што наведувате на платото кај Стокомак, Мичурин плаче целосно да се организира во систем на еднонасочни улици, дури и распоредот на улиците е мошне поволен за таква мрежа на еднонасочни улици центриран околу мичуринскиот парк. Додека ул. Симеон Кавракиров исто така треба да е едносмерна во правец на Стар Аеродром со изградба на некаков кружен тек пред вкрстувањето со ул. Фрањо Клуз, иако таму не знам како ќе се амортизира колапсот кој следи со вселувањето на стотици нови станови во околните нови згради, а уште сега е хаос и гужва која е постојана...но, од општина Аеродром спијат и иако од оваа населба собираат огромни приходи од комуналии од изградбата на збутаните зградурини, безсрамно ни денар немаат вложено во решавање на хаосот со улиците и паркирањето во Мичурин! И под итно треба да се тргнат авто школите од оваа населба, едноставно тука нема простор за десетици коли на авто школите кои дополнително го блокираат и онака закрчениот сообраќај во и околу Мичурин.

Edited by antigona - 08-Apr-2021 at 22:24
Back to Top
Phiko View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 69
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #711 Posted: 13-Apr-2021 at 10:27
Нов паркинг во прогрес во Ѓорче, на ул Шидска, Одма позади трафиките на Ул. Ѓорче Петров, сликано денес:

Back to Top
Phiko View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 69
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #712 Posted: 13-Apr-2021 at 10:28
Реновиран и проширен паркингот пред Кам во Ѓорче (спроти СП Планет). Порано собираше 5-6 коли, сликано денес:

Back to Top
Phiko View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 69
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #713 Posted: 13-Apr-2021 at 10:30
Новиот паркинг на место на старата полициска станица:


Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1206
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #714 Posted: 13-Apr-2021 at 12:09
Зашто имало потреба од ограничување на висина на возилата?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5069
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #715 Posted: 13-Apr-2021 at 13:09

Веројатно за да не им дремат камиони и автобуси на паркингот. Многу паметно, треба повеќе маалски паркинзи да го направат истото.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 343536

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.