build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање и паркинзи (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 47>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 12-Jan-2010 at 21:23

Изедначени цените за паркирање

Паркирањето на дел од паркинзите во центарот на градот поскапе, а на некои поевтини. Причина за ова е тоа што Советот на Град Скопје одлучи да ги изедначи цените на зонското паркирање со оние на затворените паркинзи. Така, цената на паркинзите во првата зона, која го опфаќа Малиот ринг, ќе чини 45 денари за час на сите паркинзи. Тука спаѓаат паркинзите кај телеком, каде што досега паркирањето чинеше 40 денари од час, на „Максим Горки“, каде што досега се плаќаше 50 денари за еден час, паркингот кај црквата „Свети Димитрија“ и сите затворени паркинзи со кои стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“, како и зонското паркирање.

Во втората зона, која го опфаќа Големиот ринг, односно поширокото централно подрачје, цената е 35 денари за час. Толку ќе се наплаќа на паркинзите кај Градска болница, на булеварот Кочо Рацин, кај Железничката станица и кај Олимпискиот базен. Во третата зона спаѓаат сите останати паркинзи, каде што цената е 25 денари за еден час.

Панче Стојановски, директор на „Градски паркинг“, вели дека причината за донесувањето на новиот ценовник, кој е ист со оној за зонското паркирање, е да се унифицира шаренилото од цени на определени паркинзи.

- За да ги унифицираме цените, по примерот на зонското паркирање, градот го поделивме во зони - прва, втора и трета. Цените се исти како и кај зонското паркирање во овие зони, со таа разлика што кај затворените паркинзи нема временско ограничување на паркирањето. На овој начин им се овозможува на граѓаните што сакаат да се задржат подолго време во строгиот центар да паркираат без временското ограничување од два часа, кое важи за зонското паркирање. На затворените паркинзи ќе може да останат колку што сакаат, за цена од 45 денари од час - вели Стојановски.

Како втора причина за промена на цените тој ја наведува сложената постапка додека паркингот биде ставен во функција.

- Ни беа потребни три месеци додека да се стави во функција паркингот кај Тутунски комбинат и тоа на направен паркинг. Потребна е долга процедура, одобрение од Советот на Град Скопје, а со вака дефинирани цени по зони, паркинзите функционираат веднаш - тврди Стојановски.

Тој најави дека, доколку се намали комуналната такса што претпријатието му ја плаќа на Градот и ако се намали ДДВ, „Градски паркинг“ ќе ги намали цените за ноќното паркирање на 10 денари за час. „Градски паркинг“ на Градот Скопје му плаќа комунална такса во износ од по 10 денари од час паркирање, а данокот на додадената вредност е 18 отсто.

- Ако се намалат овие давачки, паркирањето ноќе ќе поевтини. Во периодот по 22 часот паркинзите се максимално празни. На тој начин, младите луѓе што излегуваат во вечерните часови нема да ги узурпираат тротоарите и зелените површини, туку ќе може прописно да се паркираат по ниска цена - вели Стојановски. (А.П.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B0983C9EE58E0245BBF49803401C6B7C
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 13-Jan-2010 at 12:58
СЕ ТОКМАТ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИСКИ ОДНОСИ
Со стан мора да се купи и гаража

Наталија Скалова

При купување стан задолжително мора да се купи гаража или паркинг- место. Ова го предвидува дополнувањето на Законот за облигациски односи, што завчера се најде на собраниска комисија, но поради бурните реакции на опозицијата се врати на доработка. Во практика овие измини би значеле значително повисоки цени на становите. - Во центар, на пример, стоквадратен стан чини 120.000 евра, при што гаража од 20 квадратни метри чини 8.000 евра, или седум проценти од вредноста на станот. Сега гаражата ќе биде вкалкулирана во договорот за продажба на стан. Досега ако купуваш стан, купуваш само стан. А сега ќе бидеш обврзан да откупиш или паркинг-место или гаража. Гаражите зјаеја празни бидејќи сите немаа пари да ги откупат, па владееше хаос низ улиците. Сега ќе му се стави крај на тоа - потенцира Сеад Кочан, претседател на Градежната комора при Сојуз на стопански комори. Пресметките покажуваат дека гаражите процентуално многу повеќе ќе влезат во цената на малите станови. Така, ако се купи стан од 30 квадратни метри за 30.000 евра и ако за гаража се дадат 8.000 евра, практично овој износ е речиси 30 отсто од вкупната цена. Измените на законот, според градежниците, се направени на нивна иницијатива. - Градежниците се обврзани да обезбедат барем едно паркинг-место или гаража за секој стан. Ако тие се обврзани да го прават тоа, зошто да им стојат празни гаражите потоа. Вака барем граѓаните ќе бидат обврзани да откупат паркинг-место или гаража - велат градежниците. Досега, како што објаснуваат, еден квадратен метар гаража се продаваше по цена од 50 проценти од вредноста на квадратен метар стан, а паркинг- местото следуваше бесплатно и покрај тоа што се наоѓа на парцела која е откупена од градежникот. Ова значи дека доколку поминат овие измени на Собрание, и овој закон ќе се прави на товар на граѓаните, од кои голем процент се без стан. - Јас не можам да си купам стан со години. Едвај чекам да се поправат состојбите во државата, да паднат каматите за да можам да купам некој помал стан од 35 квадрати, кој би ме чинел максимално 35.000 евра. Ако мора да купам гаража, сигурно ќе треба да дадам уште најмалку 7.500 евра бидејќи гаража под 15 квадрати нема. Од каде ќе ги најдам тие пари - ни рече Магдалена Николова, која вчера одеше во банка во ГТЦ за да си ги плати сметките. Ова дополнително ќе го отежни закрепнувањето на пазарот на недвижности кој минатата година, поради високите цени и камати, западна во голема криза. Цените на недвижностите, како што пресмета „Време“, веќе се повисоки од светските метрополи за најмалку 10 проценти и со ова поскапување на граѓаните повеќе ќе им биде исплатливо да си купат стан во Италија, Франција и Германија отколку тука. Завчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го повлекоа на доработка Предлог- законот за дополнување на Законот за облигациски односи, по едночасовна консултација со министерот за правда Михајло Маневски. Од опозицијата најостро го искритикуваа законот велејќи дека е непотребен. - Со закон за просторно планирање новоизградените објекти треба да им обезбедат паркинг-место на станарите, што сега со Законот за облигациски односи ќе мора да се купи - обвини опозицијата.

Во светот поинакви искуства

Во најголемиот дел од земјите во светот гаражите не се задолжителни да се купат кога се купува стан, говорат искуствата. Меѓутоа, во светските метрополи, како Лондон, паркинг-просторот во урбанизираните места е толку скап што самите граѓани одлучуваат дека им е подобро да купат гаража.
- Во Англија не е задолжително да се купи гаража, но во урбанизирани места сите имаат гаража. Ако немаат гаража, треба да се паркираат на улица, а тоа ги чини многу - вели наша иселеничка, која десет години живее во Лондон.
Во регионот исто така не е задолжително да се откупи паркинг-место или гаража и таму најчесто работите се регулирани со паркинг-зони.
- Во Белград не мораш да откупиш гаража или паркинг-место кога купуваш стан. Имаш опција сакаш или не. Никој не те условува. Кога на пример живееш во некое урбанизирано место каде што не можеш да најдеш паркинг-простор граѓаните од една зграда се собираат и бараат од паркинг- сервисот да им даде неколку паркинг-места за граѓаните. Тогаш на тоа место се става рампа и таму се паркираат само жителите од таа зграда - ни објасни новинарка од Белград.
Во Хрватска како и во другите држави од регионот искуствата се слични и никаде гаражата не е задолжителна.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1914&ArticleID=131014
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 13-Jan-2010 at 13:14
Не е ова ништо чудно. Мојата зграда е изградена рани деведесетти, па подрумот е неделлив дел од станот и во катастар функционираат како еден имот, а не како два посебни, за разлика од постарите згради каде што и подрумите и гаражите се посебни имоти.

Сега незнам како е точно уредено но вероватно одкупено место во блиска катна гаража ќе се смета за доволен услов да се купи стан без гаража. А од друга страна кој потоа ќе спречи да се шитнат гаражите и да се паркира пак по сокаци.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 13-Jan-2010 at 21:29

СЕ ЧИСТАТ ПОДЗЕМНИТЕ ГАРАЖИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

„Општина Аеродром во соработка со Град Скопје од денеска ќе преземе активности за ставање во функција на подземните гаражи во околината на трговскиот центар „Бисер“, како уште еден придонес во решавањето на проблемот со недостиг на паркиралишта, што долги години ги тишти не само граѓаните на Општина Аеродром, туку и на цело Скопје.

Ова на денешната прес-конференција го најави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, на која присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камиловски.

Како што рече градоначалникот Коневски, за реализација на акцијата за комплетно чистење и целосно осветлување на подземните гаражи ќе бидат вклучени сезонските работници што ги ангажира Општина Аеродром и службите задолжени за одржување на осветлувањето, со цел да се зголеми капацитетот на паркиралиштата и безбедноста во тој дел од општината.

На прес-конференцијата беше најавен уште еден проект за подобрување на условите за паркирање во Општина Аеродром.

Станува збор за изработка на современи монтажни паркиралишта, кои ќе бидат изработени од челична конструкција, со цел значително да се зголеми капацитетот на паркинг места во Општина Аеродром.

„Убедени сме дека изградбата на монтажните паркиралишта ќе биде дел од решението на проблемот со недостиг на паркинг места во Општина Аеродром, се разбира, покрај воведувањето на зонското паркирање и изградбата на катни гаражи“, изјави градоначалникот Коневски.

Тој додаде дека овие решенија се сметаат за најсоодветни, бидејќи на тој начин нема да се градат неопходните паркиралишта на нови површини на сметка на зеленилото, туку како надградба на веќе постојните паркиралишта.

„Со овој проект, како и со сите претходни активности што заеднички ги презедовме со Општина Аеродром, сериозно се зафативме со решавање на овој проблем, затоа што знаеме дека засега голем број граѓани, така што се надевам дека на крајот ќе дојдеме до решение прифатливо за сите“, рече градоначалникот Трајановски.

Претседателот на Советот, Камиловски„ пак, изјави дека “Советот на Општина Аеродром во декември минатата година го донесе Буџетот за 2010 година, со кој се предвидува 700 илјади евра за решавање на проблемот со паркирањето“.

Одговарајќи на новинарско прашање градоначалникот Коневски рече дека „во Општина Аеродром има 5 подземни гаражи со вкупен капацитет од 500 до 600 возила, но нема законска можност да се обврзат сопствениците да ги користат подземните гаражи, но со нивно расчистување и осветлување би сакале да ги подобриме условите за паркирање и да ги поттикнеме да ги користат за таа намена“.

http://aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=1593
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 13-Jan-2010 at 21:35

Одговарајќи на новинарско прашање градоначалникот Коневски рече дека „во Општина Аеродром има 5 подземни гаражи со вкупен капацитет од 500 до 600 возила

 


Повеќе се гаражи, а за капацитетот не знам


Edited by Cloverstack - 13-Jan-2010 at 21:36
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 14-Jan-2010 at 14:12
Колку да имаме забелешки, конечно после 2-3 децении нешто се случува по прашањето на паркирање во Скопје - ми се чини дека наскоро ќе имаме резултати, па макар се правеле и грешки!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 26-Jan-2010 at 11:41

Паркирање за пари кај „Б. Трајковски“

Паркирањето на паркингот на салата „Борис Трајковски“ ќе се плаќа, освен во деновите кога во објектот ќе има организирани спортски или други настани. Моментно, во тек е поставувањето на инсталацијата на рампите на влезовите на паркиралиштата, а наплатата се очекува да започне за два месеца. Цената на паркирањето дополнително ќе биде утврдена, информираат од ЈП „Борис Трајковски“. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C497E6CAC9DF954EA59AC871CE1AE1CD
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 26-Jan-2010 at 11:44
Славка Недиќ, Дебарца и Благоја Давков невозможна мисија за паркирање

Навистина имаме голем проблем, не можеме на своето паркинг-место да си го паркираме автомобилот. Секој ден сме со истиот проблем, не знаеме каде да бараме чаре за да се реши овој проблем. Навечер имаме проблем со кафе-баровите, бидејќи се е блокирано од други автобомили и не дај боже нешто да се случи, не можеме ниту да излеземе


Жителите од улиците "Благоја Давков", "Славка Недиќ" и " Дебарца" во Дебар маало се жалат дека немаат место каде да си ги паркираат својте автомобили. Тие велат дека некои од нив и покрај тоа што имаат свои паркинг-места не можат да дојдат на ред да се паркираат, бидејќи секогаш им се зафатени.
- Навистина имаме голем проблем, не можеме на своето паркинг-место да си го паркираме автомобилот. Секој ден сме со истиот проблем, не знаеме каде да бараме чаре за да се реши овој проблем. Навечер имаме проблем со кафе-баровите, бидејќи се е блокирано од други автобомили и не дај боже нешто да се случи, не можеме ниту да излеземе. Многу често се случува да ни се скршени ретровизорите. Се надеваме дека општина Центар ќе се потруди да преземе соодветни мерки и да го реши овој навистина голем проблем - ни рече една жителка, која секојдневно се соочува со проблемот за паркирање.

Таа истакна дека во повеќе наврати се случува дури и по неколку недели контејнерите да бидат неисчистени, бидејќи камионот на Комунална хигиена не може да помине, бидејќи приодот е блокиран.
- И по неколку недели не се чистат контејнерите, зашто улиците се блокирани од автомобили, па мораме и смрдеата да ја вдишуваме. Ѓубреџиите некогаш мораат да поминуваат во најраните часови да го соберат ѓубрето, кога ќе се расчистат улиците од паркираните коли - додаде таа.
Од општина Центар информираат дека се запознаени со проблемот на жителите во овој дел на Дебар маало, но велат дека се трудат да им излезат во престрет секогаш кога можат.
- Запознаени сме со проблемот, но сега засега не е предвидено никакво решение. Секој инвеститор кога гради зграда, пред се, треба да им обезбеди и сопствено паркинг-место на станарите за да нема вакви проблеми. Овие проблеми ги има во сите населби, но во иднина се надеваме дека ќе најдеме некое решение - ни рече Јовица Ацковски, портпарол на општина Центар.

http://vecer.com.mk/?ItemID=96A791F97334FC449ADEAB5F9F1DA45E
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 26-Jan-2010 at 12:00


Проблем не се станарите на новите згради (за кои колку толку има обезбедено паркинзи во самите згради). Проблем се деловните објекти кои никој од надлежните „не ги гледа“. И така еден кафич, може навечер да донесе и 200 коли во околината на една зграда. И кај ќе паркираат?

Очајно ни требаат катни гаражи во градов.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 28-Jan-2010 at 13:33
Преку калови до нова лична карта

Целиот простор е неасфалтиран, нема светло на ниту една страна, има дупки на секој чекор кои постојано се полни со вода

Паркингот кај зградата на МРТВ каде што се вадат лични исправи е хорор. Целиот простор е неасфалтиран, нема светло на ниту една страна, полно е со ѓубре, а дупки, кои постојано се полни со вода, има на секој чекор. Граѓаните што доаѓаат да извадат нов пасош или лична карта, мораат да паркираат меѓу кратери, калови и вирови до колена. Се паркира кој каде ќе стигне, оти нема означени паркинг-места, па на возачите сe им е дозволено. Тие со коли го блокираат дури и влезот на зградата. Диви таксисти, пак, си го претвориле влезот кај пасошко во такси-станица, па од нив не се гледа единствената патека од бекатон плочки, изградена за да им го олесни пристапот на граѓаните. И просторот околу паркингот е затрупан со ѓубре и обраснат грмушки.
"Ова е за срамота. Па поминаа неколку години откако во оваа зграда почнаа да се издаваат личните исправи, и никому не му текнува да го среди паркингот. Па зар со калови до колена да влегуваме во зградата да вадиме пасоши", велат револтирано скопјани.
Ваквата грда слика на паркингот, според надлежните од ЈП "Градски паркинг", ќе се реши многу брзо. Оттаму објаснуваат дека за еден месец на овој дел ќе се воведе зонско паркирање.
"Во моментов чекаме дозвола од Министерството за внатрешни работи за зонско паркирање. Точно е дека во овој дел владее вистински хаос. За две недели ќе почнеме да го средуваме паркингот, да го асфалтираме целиот простор и да обележиме паркинг-места, со што на овој паркинг, заедно со улицата од кај црквата 'Света Богородица' до пасошко ќе биде воведено зонско паркирање. Овој дел влегува во третата зона, што значи дека нема да биде ограничено времето за паркирање, а за еден час се наплатува по 25 денари", вели Панче Стојановски, директор на ЈП "Градски паркинг".

http://vest.com.mk/?ItemID=E7678C816F7F6E4F90A39D0AAAF20403
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 28-Jan-2010 at 13:34

Вкупно 19 јавни паркиралишта работат без дозвола од градот

Некои доставиле комплетна документација за да добијат одобрение за јавно паркирање, за две во тек е постапка да им се издаде таков документ, а за четири не се знае ниту кој стопанисува со нив




Јавните паркиралишта со кои стопанисуваат разни фирми и институции немаат дозвола за да ја извршуваат таа дејност издадена од надлежен градски орган, од што произлегува дека легални се само тие што ги раководи претпријатието „Градски паркинг“. Ова може да се види од информациите за јавното паркирање што градскиот инспекторат и сообраќајниот сектор ги доставиле до советот на градот, а за кои советниците треба да расправаат денеска.

Станува збор за вкупно 19 паркиралишта, од кои четири се на јавното претпријатие „Паркинзи на општината Центар“, а за исто толку, но во општината Чаир, не се знае ниту кое лице или фирма ги стопанисува, само се гледа дека има рампа и дека се наплатува за паркирање. Тука спаѓаат и паркинзите на големите трговски центри, како ГТЦ, „Мавровка“, „Беверли хилс“, „Рамстор“ и други, кои исто така досега не обезбедиле дозвола за да вршат јавно паркирање, односно да имаат право да наплатуваат за таа услуга.

Во дописот од секторот за сообраќај и од инспекторатот до градскиот совет се вели дека со одлуката за јавни паркиралишта од декември 2008 година било предвидено како да се уредат односите меѓу градот и другите фирми или институции што ја вршат оваа дејност сега или ќе го прават тоа во иднина.

- Согласно тоа, уште во јануари минатата година ги известивме сите што стопанисуваат со паркинг површини или со објекти наменети за јавна употреба дека имаат обврска да ја усогласат својата работа со одредбите од оваа одлука. Поголемиот дел од нив почнаа да ја собираат потребната документација, но тоа се одвиваше со променлива динамика. Само мал дел од нив ги доставиле сите документи до нас и за нив трае процедурата да им се издаде дозвола - велат од овие сектори.

Според табеларниот приказ на паркиралиштата, условите за добивање дозвола досега ги исполниле фирмата „Венекс“ за паркингот на Клиничкиот центар, како и „Импексел“ за своето паркиралиште на улицата Огњан Прица. Паркингот на „Рамстор“ имал само решение за пробен период за сообраќаен режим, а големото паркиралиште спроти „Холидеј Ин“, чиј сопственик е Јавното станбено претпријатие, работело според решение од 1977 година, а немало дозвола од надлежните градски органи. Без такво одобрение е и малото паркиралиште до овој хотел, каде што се наплаќаше 100 денари за влез, подземната гаража на ГТЦ, тоа на „Технометал“, катната гаража на „Сити плаза“ на бизнисменот Ајдован Адемоски во склоп на новиот објект на НЛБ Тутунска банка, подземниот паркинг на МНТ и тој на „Де Кока“ пред стоковната куќа „Илинден“. Паркингот на Олимпискиот базен, со кој стопанисува Пливачката федерација на Македонија, имал само решение за сообраќаен режим, но не и дозвола. Инспекторатот и сообраќајниот сектор не утврдиле кој стопанисува со две поставени рампи кај стоковната куќа „Илинден“ и по една зад и спроти поликлиниката „Бит-пазар“. Без одобрение работеле и паркинзите на општината Центар кај Домот на градежници, кај „Трготекстил“, до „Аутомакедонија“ и во близината на Зелениот пазар.

Во документот се наведува дека се наброени паркиралиштата на кои инспекторатот извршил увид, а списокот бил отворен и за дополнувања.

%20


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=128101027476&id=14&prilog=0&setIzdanie=21895
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 28-Jan-2010 at 13:37
Што е со што е така испомешано со јавните претпријатија. Ако Скопје има ЈП за паркинг тогаш јп паркинзи на центар и јпссдп не би требало да стопанисуваат со паркинзи. За јпссдп незнам, ама јп паркинзи на центар вероватно се крши и законот за град Скопје. Со неколку одлуки на влада ова може да се искорегира.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 29-Jan-2010 at 15:22


Тотална глупост е фирмите кои имаат сопствени паркинзи (како Рамстор и други) да го отстапат своето земјиште за ЈПП да стопанисува со него? Ова води кон национализација и никаде во светот го нема.

А дека треба да извадат соодветни дозволи за истото, ок, со тоа се сложувам.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 29-Jan-2010 at 16:54
Не зборам за тие паркинзи приватните, не ни ми паѓа на памет тоа. Зборам за паркинзи кои што се стопанисувани од разни јавни претпријатиа. Имама паркинзи под ЈПССДП, паркинзи под ЈППОЦ, под ЈПП. За тие зборам, за државните. А у тексото горе не се мисли да некои им го одземе паркингот, него се мисли на дозволи за вршење приватни паркинг услуги.


Edited by lslcrew - 29-Jan-2010 at 16:56
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 02-Feb-2010 at 15:41

По десет автомобили за едно паркинг-место

Со најновите најави за изградба на осум катни гаражи, капацитетите за паркирање во централното градско подрачје ќе се зголемат за десет до петнаесет отсто



Јавните паркиралишта во центарот на градот имаат капацитет да примат помалку од една десетина од вкупно 104.008-те возила што се регистрирани во Скопје, според податоците со кои располага МВР. Двете јавни претпријатија за паркинг-услуги имаат одвај пет илјади места, од кои на „Градски паркинг“ се нешто повеќе од четири илјади, а на „Паркинзи на општината Центар околу 850. Нема податоци за тоа колкав вкупен капацитет имаат паркиралиштата со кои располагаат други фирми и институции, како јавното станбено претпријатие, големите трговски центри, Клиничкиот центар и други, за кои неодамна се расправаше и во градскиот совет, бидејќи речиси ниедно немало соодветна дозвола за работа. Но се претпоставува дека и со нив бројот на местата не стигнува до десет отсто од регистрираните возила.

Со проектот за изградба на осум катни гаражи, кој беше договорен завчера меѓу Владата, градот, општината Центар и Јавното претпријатие за стопанисување станбен и со деловен простор, капацитетите за паркирање во централното подрачје ќе се зголемат за 30 до 40 отсто. Оваа инвестиција вредна 25 до 30 милиони евра ќе донесе околу 3.000 нови места. Најголеми ќе бидат двете гаражи што му припаднаа на градот, таа кај „Лотарија на македонија“ со капацитет за 800 до 900 возила и до Старата железничка станица, за околу 1.000 возила. На локациите што ги доби општината, кај Државниот архив до МТВ и кај поранешната зграда на „Нова Македонија“ ќе може да се направат објекти за паркирање што ќе имаат по 400 места. На јавното станбено претпријатие му останаа четири места, двете до Телекомуникацискиот центар и по една кај театарот и кај Работничкиот универзитет. На нив, според директорот Владимир Бахчовановски, би можеле да се направат гаражи со вкупен капацитет за 1.300 возила, но ако се направат лифтови, тогаш ќе се добијат уште 500 места.

И досега се нудеа земјишта на приватни фирми и на бизнисмени за да градат катни гаражи, но интерес имаше само за огласите каде што маркичките имаа комбинирана намена, најчесто заедно со деловен простор. Потоа тие градби се претвораа во деловни, трговски или административни згради, чиј капацитет за јавно паркирање ги задоволува само потребите на самите нив. Но се поострата борба за слободно паркинг место натера и некои инвеститори да се пријават на тендери и да градат објекти исклучиво за паркирање. Еден од нив е Мите Јовановски, сопственикот на синџирот бензински пумпи „Макоил“, кој победил на две такви лицитации, па ќе гради подземна гаража на три нивоа за 225 возила под паркчето зад Собранието и надземна гаража за најмалку 250 возила наспроти Судската палата.

- Мислам дека изградбата на паркиралишта е добра инвестиција, бидејќи потребите се сé поголеми - смета Јовановски.






Монтажни паркиралишта како можно решение

%20Иако сé уште има слободни места каде што може да се градат катни гаражи, градоначалниците веќе почнаа да размислуваат и за монтажни паркиралишта, со кои барем двојно може да се зголеми капацитетот на постојните отворени паркинзи. Владимир Тодоровиќ од Центар уште во својата предизборна програма предвиде изработка на платформа покрај улицата Народен фронт, по целата нејзина должина. И Ивица Коневски од Аеродром најави дека секаде каде што има зонско паркирање во неговата општина треба да се направат и монтажни паркиралишта. Коце Трајановски смета дека тоа е идеја што треба да ја разгледаат сите градоначалници.

Монтажни паркиралишта кај нас може да прави фирмата „Факом“, која изработува предмети од челик. Златко Симоновски, претставник од оваа фирма, вели дека ќе може да направат десет вида вакви платформи, а тие ќе може да собираат од 40, па сé до 248 возила, а би се поставувале на површини од 1.072 до 6.034 квадратни метри. Според Симоновски, ова решение е многу поевтино и попрактично отколку изградба на трајни објекти, за што би биле потребни и по две години.

- Монтажните паркинзи може да се постават на секое место каде што има доволно простор. Најголемата предност им е тоа што ако дојде до промена на деталниот урбанистички план, тие многу лесно би се демонтирале и би се наместиле на друга локација, а со тоа ќе се заштедат и време и пари. До сите градоначалници веќе испративме елаборати за монтажните паркинзи, па се надеваме дека наскоро ќе почнеме да ги изработуваме - објаснува Симоновски.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22101418346&id=14&prilog=0&setIzdanie=21899
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 04-Feb-2010 at 19:08
Времено паркирање во Битола
ЧЕТВРТОК, 04 ФЕВРУАРИ 2010 17:45



Или престанете недозволено да паркирате или ќе платите високи казни од ценовникот на пајак службата која работи во рамки на ЈП Колуналец.960 денари изнесува казната доколку во моментот кога ви го подигнуваат возилото се појавите на местото, ако дозволите да го однесат во стопанскиот двор на претпријатието ќе си платите 1600 денари, а пак доколку сообраќајната полиција, заедно со пајак службата, вашиот автомобил го затекне на јавна зелена површина, тогаш казната е 2 200 денари.Бројот на прекршители верувале или не од основањето на службата, односно пет години наназад е константен и се движи во просек околу 500 подигнати автомобили, додека изминативе две години, бројот е двојно зголемен.Претпрјатието и Општината во преговори за решение.



„ Можеби во оваа тековна година да се воведи регулација за времено паркирање како во многу големи градови во светот така обртот на паркирања би се зголемил и општината би имала поголеми приходи.- вели Зоран Соклевски технички директор на ЈП Комуналец.

Скопје овој проблем го регулира со времно паркирање за кое си платите преку мобилен телефон, колку време ќе бидете паркиран, годинава ќе се дознае која од овие мерки ќе се спроведи во Битола.Бројот на прекршители дали е висок поради недостатокот од паркинг простор?

„ Никаде во светот во ниеден град нема паркинг места колку што има моторни возила."- вели Зоран Соклевски технички директор на ЈП Комуналец.



Свеста на граѓаните за паркирање е на ниско ниво поради конфигурацијата на сообрќајниците, но во јавноста кружи информација дека богатите и славните граѓани може да паркираат каде сакаат.

„ Апсолутно тоа не е точно, полицијата има една добра рестриктивна и селективна политика, при подигнувањето на возилата." - вели Зоран Соклевски технички директор на ЈП Комуналец.

Целат на пајак службата била да се намали бројот на прекршители, но како што тргнале работите најверојатно Комуналец ќе треба да си набави пајак возила плус.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17487&Itemid=106

Каков град е тој со едно пајак возило не знам. Баш имав пријател кој сакаше да купи пајак камион од Германија и да оперира во Битола, т.е. да го изнајмува на Комуналец или било како, му рекоа не ни треба, доволно имаме...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 04-Feb-2010 at 19:14
Серенади да, но не и паркирање пред балкони
ЧЕТВРТОК, 04 ФЕВРУАРИ 2010 17:44



Законот за јавна чистота не дозволува паркирање на возила на зелени површини. Кај нас реагираа жители на Улицата Ружа Делчева кои во близина на зградите немаат паркинг простори, но комуналната инспекција објаснува дека овој случај постоеше покрај на таа улица и на тротоарите на Васко Карангелевски поради што беше поведена управна постапка против прекршителите на законот:



,,Откако се открија сторителите следуваше записник, изјава од сторителите и рок за постапување. Мандатните казни за физичко лице изнесуваат 50 евра, за правно лице 1000 до 2000 евра, а за одговорното лице во правното лице 500 до 1000 евра, вели Ариф Мехмедали, советник комунален инспектор

Од комуналната инспекција, велат: Законот е јасен:

,,Според законот за јавна чистота не е дозволено паркирање пред згради каде што има зелена површина, како и во дворови, вели Мехмедали



Каде станарите жители на овие згради можат да ги паркираат возилата?

,,Лицата треба да ги паркираат возилата на места дозволени за паркирање, а во спротивно ќе интервенираат комуналната инспекција и полицијата, вели Мехмедали



Процентот на почитување на законот за јавна чистота е зголемен. Граѓаните избегнувале паркирање на недозволено, како и фрлање отпадоци. Но, за да се стигне до ова ниво биле поднесени повеќе опомени, како и мандатни казни.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=17486:2010-02-04-16-45-31&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 04-Feb-2010 at 19:28
Па нема многу Скопски коли низ Битола, доста е еден пајак!

Малку шала не е на одмет!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 04-Feb-2010 at 20:09
А ако ти кажам дека не е шала? Не само скопјани, се не-битолско, а особено не-македонско сечат. Нормално не само во Битола, низ цела држава. А и во другите држави не се баш нешто подобри. Тргни од Грција, од 100 коли паркирани кај што не треба, само тие две со не-грчка таблица ќе јадат казна.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
yarre View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote yarre Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 16-Feb-2010 at 13:28
Дали во Македонија постои норматив за паркинг место и норматив за пристапен пат до истото, во подрумски дел од Зграда?
Молам кој знае да ми го посочи нормативот за димензиите на истите.
 
Јас имам купено стан од формата Линеа од Скопје, каде што во пред договорот стоеше паркинг место без одредени димензии и само цена. По финализацијата на зградата видов дека паркинг местото е со димензија 2,35 х 4,7 метри, што е доволно за паркирање на Тико/Марути, и истотака приодниот пат е многу тесен па мора да се прават повеќе манипулации за да се паркира.
 
ИМал ли некој ваков педерски случај до сега, и дали постои некакво законско право за решавање на оваа ситуација?
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 47>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.