build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз - Прилеп

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Јавен автобуски превоз - Прилеп
    Posted: 31-Jan-2013 at 19:59

Општина Прилеп ќе добие градски превоз

Четврток, 31 јануари 2013 15:07



За прв пат во Општина Прилеп ќе започне да сообраќа организиран градски превоз што ќе ја покрива територијата на градот и населените места.
Носител на овој проект е ЈП за ПУП кој воедно и ќе го имплементира, а се очекува да започне во првото тромесечје од оваа година.
Локалната самоуправа има постапка за набавка на пет модерни автобуси кои ќе се движат по планираната траса, а воедно предвидено е и опремување на постојките на кои ќе има електронски табли за информации на корисниците.
Имплемeнтацијата на овој проект подразбира целосна подготовка на сообраќајните коридори, а не е исклучена и опцијата да бидат вклучени и јавните превозници по теркот на јавно приватно партнерство.

Градоначалникот Марјан Ристески рече дека за почнување на градскиот превоз Општината од својот Буџет издвои повеќе од 6.000.000 денари, што ќе бидат употребени наменски, а за доопремувањето и одржувањето кое ќе следи тековно ќе биде обезбедени и дополнителни средства.
Во зависност од потребите на овој проект Општината ќе инвестира и други додатни инвестиции кои етапно ќе бидат предвидени.
Се очекува градскиот превоз во голема мера да ја олесни комуникација на граѓаните и воедно да им овозможи на сите граѓани поедноставно и поекономично решение.

Copyright 2013 makfax
Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.



http://www.tera.mk/aktuel/opshtina-prilep-kje-dobie-gradski-prevoz

ЈП за ПУП = Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови

Не ми е јасно зошто повеќе градови не прибегнат кон ова решение... А, чекај, јасно ми е - бидејќи не се заинтересирани за суштинско решавање на проблемите, туку само сакаат да местат тендери за автобуски линии и да не им ја земаат работата на дивите таксисти! Се надевам дека ќе одат до крај со свои автобуси, а не со некои приватници.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 01-Feb-2013 at 00:28
Еднаш одамна во Прилеп имам видено Санос (претпоставувам С-115) полн со патници и бев под импресија дека во градот барем во минатото имало организиран јавен превоз. Дали имало па бил укинат, или можеби сум видел некој работнички автобус? Или нешто трето
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Feb-2013 at 01:16
Во град во кој такси превозот е бадијала (најчесто 30-50 ден) тешко ќе функционира автобуски превоз (билетот ќе треба да биде 10 ден за некој воопшо да се качи).
Мене ми мириса на опцијата такси превозот за поскапи како во Скопје за едно 150%, па автобусите да бидат полни.

Edited by vlatko.mk - 01-Feb-2013 at 01:17
Back to Top
Vergina View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 01-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vergina Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 01-Feb-2013 at 04:24
Vo minatoto vo Prilep imalo organiziran javen prevoz.
Back to Top
Vergina View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 01-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vergina Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 01-Feb-2013 at 04:36
Toa vsusnost e i poentata na javniot gradski prevoz.  Taxi prevozot e normalno sekade vo Evropa daleku poskap i poudoben. Mnogu se vnimava na standardite koi se vo nego i konkurencijata e golema. Vozilata naj cesto se limuzini so visoko nivo na cistota. Toa za zal kaj nas ne e standard tuku navistina taxi prevozot e najprifateniot javen prevoz. Samoto po sebe e kontradikotorno bidejki vo zemja so niski primanja na gragjanite im e normalno da se vozat so taxi. Masovniot prevoz so taxi vo sporedba so regionot go ima samo kaj nas. Normalno e taxi prevozot da e znacitelno poskap od avtobusot, tramvajot, metroto itn. Na razvienoto opstestvoto ostanuva da im obezvedi kavaliteten, siguren i brz transport na svoite gragjani. Taxito ne ja podrazbira masovnosta koja mu pripagja na ostanatite nacini na transport.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 715
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 01-Feb-2013 at 11:46
Автобускиот превоз во прилеп би бил 10-15ден (во Битола е 15ден, а порано беше 10), додека со такси за 30ден не можеш нигде да стигнеш(цените за нормални локации низ градот се 50-100ден. Прилеп според мене заслужува гратски превоз и помали градови од него во други држави имаат.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 01-Feb-2013 at 13:52
Јас едвај се сеќавам на градски превоз во Прилеп,сигурно сум имал околу 5-6 години кога го прекинаа,што ќе дојди некаде 1991-92.
Инаку и јас се изненадив за ова јавно-приватно партнерство,бидејќи последниот пат кога го гледав градоначалникот кажа оти се свесни за тоа дека од почеток додека се навикнат граѓаните може да има и загуби но општината немало да се откаже макар и како социална мерка.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 01-Feb-2013 at 14:06
Originally posted by ovaj_stariov

Јас едвај се сеќавам на градски превоз во Прилеп,сигурно сум имал околу 5-6 години кога го прекинаа,што ќе дојди некаде 1991-92.
Јас Саносот го видов пред 10-тина години, можеби бил превоз на работници или нешто друго... Се сеќаваш ли да си гледал Саноси (С-115) низ Прилеп?
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Feb-2013 at 15:07

Сигурно било за превоз на работници
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1050
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 01-Feb-2013 at 21:15
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by ovaj_stariov

Јас едвај се сеќавам на градски превоз во Прилеп,сигурно сум имал околу 5-6 години кога го прекинаа,што ќе дојди некаде 1991-92.
Јас Саносот го видов пред 10-тина години, можеби бил превоз на работници или нешто друго... Се сеќаваш ли да си гледал Саноси (С-115) низ Прилеп?


Tутунски комбинат имаше еден S-115 за превоз на работници, црвен по боја со реклами од цигари, сигурно активен до пред 4-5 години...

Убава работа ова, само да створат Прилепчани навика за користење градски превоз.Не е баш блиску за некој студент од Точила пешки до главната болница, Марино или до Рид, па и до автобуска да не одат со такси и 2 огромни куфери.
Исто и делот до Марфил, Сигурносно стакло па и до Крин можат да го поврзат со јавен превоз поголем дел од градот ако овие фирми немаат сопствен превоз на работници.
Варош - Точила - Железничка - Липа - Автобуска - Стадион Гоце Делчев - Општа Болница би била добра линија низ скоро сите поважни места.

Па и кружна поврзана насока и со обратен смер или сосем друга линија:

(Лукоил/Милина) - Болница - Кире Гаврилоски - Карпалак - Општина Прилеп - Здравствен дом - Тутунски комбинат - СД Орде Чопела - Економски Факултет - Варош
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Jul-2013 at 19:31
Мене не ми изгледаат баш дека се нови, ама ајде
На сајтот има доста слики и од внатрешноста на автобусите, позитивно-налепниците се на Макадонски

Пристигнаа петте нови автобуси за градски превоз





Градоначалникот Марјан Ристески и Претседателот на совет Никола Димески денеска ги презентираа новите пет автобуси. Општина Прилеп првпат за многу брзо време ќе започне со организирање на јавен градски превоз, кој ќе ја покрива територијата на градот и населените места. Носител на проектот е ЈП за просторно и урбанистичко планирање.
„ Денеска пристигнаа новите пет автобуси и со веќе постоечките два имаме вкупно седум кои ќе ја покриваат територијата на градот и населените места - посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Автобусите ќе започнат да дејствуваат од 1 септември оваа година.
Петте модерни автобуси ќе се движат по планираните две траси, а воедно предвидено е и опремување на постојките на кои ќе има електронски табли за информации на корисниците.
Општината за проектот градски превоз, кој се воведува по барања на граѓаните, од Буџетот оддели повеќе од шест милиони денари. За доопремувањето и одржувањето ќе следат дополнителни средства.

http://prilep.gov.mk/news/mk/pristignaa-pette-novi-avtobusi-za-gradski-prevoz/
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Jul-2013 at 23:32
Originally posted by ovaj_stariov

позитивно-налепниците се на Макадонски

Во Прилеп „симнување“, наместо „слегување“? Што се случува?  Big%20smile
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Jul-2013 at 08:28
само едно не ми е јасно. ако дале 6 милиони денари (скоро 100,000 евра) за овие 5 автобуси ман тогаш некој ставил прилично добра сума на пари во џеб. еден ваков ман во германија се наоѓа за најмногу 12,000 евра. значи 5*12,000 = 60,000 евра.
Applause
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 715
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Jul-2013 at 10:12
Мислам дека цената е реална еден ваков МАН е околу 15000 (Еуро4) и плус давачки зацарина и хомологација...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Jul-2013 at 10:40
па ако се додаде провизијата(нормално) од 15-20% цената изгледа си е реална
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Jul-2013 at 13:33
каде стратус ти виде дека овие ман-ови се еуро 4? ова е модел MAN NL2X2 кој се произведуваше до 2000 година што значи дека се еуро2. ако се NL202 цената им е околу 12000 евра од парче, а ако се NL262 цената им е пониска. царина за автобуси нема, ДДВ се враќа Wink
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1050
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Jul-2013 at 19:34
Нека се угоде, за цените нема да коментираме
Ама чоек, професоро по англиски го клале секретар на општина   
Back to Top
Шах View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 26-Apr-2011
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Шах Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-Jul-2013 at 14:17
Originally posted by vlatko.mk

Во град во кој такси превозот е бадијала (најчесто 30-50 ден) тешко ќе функционира автобуски превоз (билетот ќе треба да биде 10 ден за некој воопшо да се качи).
Мене ми мириса на опцијата такси превозот за поскапи како во Скопје за едно 150%, па автобусите да бидат полни.


Така велиш веројатно затоа што очекуваш цената на градскиот превоз да биде иста како во Скопје (25/30/35 денари). Во Битола е 20 денари (пред некоја година беше и 15) и функционира, а градот е со приближна големина и цени на такси превозот.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 17-Jul-2013 at 14:45
И во Куманово е 20 денари за прва зона, а 25 денари за втора.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Шах View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 26-Apr-2011
Location: Битола
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Шах Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 19-Jul-2013 at 15:50
Originally posted by phenomenon

И во Куманово е 20 денари за прва зона, а 25 денари за втора.

Ехааа, дури и зони имате во Куманово? А овде нѐ лажат дека сме биле втор град по големина.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.