build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 24>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 302
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Јавна чистота
    Posted: 16-May-2018 at 22:39
Градот е преполн со ѓубре. Не знам што е толку тешко да се чисти ако не секој ден барем преку еден.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 188
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Apr-2018 at 17:02
Sto ubavo vaka.. nova fasada a do nea i novo kupiste gjubre... ova e dobar primer na toa ako smestis govedo od stala vo palata, pak ke si bide govedo... 
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 891
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Apr-2018 at 11:59
Во Карпош-превземено од фб

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11378
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Apr-2018 at 10:12
Не можев да најдам соодветна тема, па тука нека стои оваа вест - нови јавни тоалети во Белград. Досега се поставени четири, веројатно наскоро ќе се постават уште.











http://www.almaquattro.rs/2018/03/20/novi-javni-toaleti-u-beogradu/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 891
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Mar-2018 at 13:19
Низ Аеродром-превземено од фб











Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 891
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Feb-2018 at 18:42
Изгледа таблата ја поставиле покасно откако веќе се создала депонијата па луѓето не биле информирани иначе ни пикавец не би имало а камо ли вреќи со отпад. Фотката е превземена од фб

Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 236
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Feb-2018 at 14:11
Originally posted by Џоле

Една одлична иницијатива!

________________

На иницијатива на здружението на стопанственици на Индустриска зона Визбегово, во координација со Општина Бутел и Град Скопје - генерално чистење на Аквадуктот во среда 14.02.2018 со почеток во 13 ч.

линк до настанот на фејсбук

https://www.facebook.com/events/566260833706985/


Иницијативата е одлична но не и доволна. Сметам дека градот или општината треба види околу правно имотните односи во тој дел и доколку може цела таа околина да ја претвори во парк кој би бил заграден и со тоа би се спречило понатамошното уништување на аквадуктот. Сепак од некаде мора да се започне.

Edited by Влатко - 13-Feb-2018 at 14:11
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11378
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Feb-2018 at 11:20
Една одлична иницијатива!

________________

На иницијатива на здружението на стопанственици на Индустриска зона Визбегово, во координација со Општина Бутел и Град Скопје - генерално чистење на Аквадуктот во среда 14.02.2018 со почеток во 13 ч.

линк до настанот на фејсбук

https://www.facebook.com/events/566260833706985/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 891
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Feb-2018 at 08:25
Во Чаир-превземено од фејсбук

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11378
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Jun-2017 at 19:57
Одличен документарец

За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2318
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 18-Apr-2017 at 13:35
Кичево:

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11378
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Apr-2017 at 12:32
Или подземните контејнери немаат доволен капацитет или граѓаните се премногу мрзливи да фрлаат ѓубре во нив







http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/koga-skopskoto-podzemje-kje-izleze-nadvor
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 02-Mar-2017 at 08:25
Originally posted by fichot

Ако фасадата на владата не кошташе 18м евра колку ли би коштала стрипорна фасада на мтв? Мислам дека сепак не сме до толку богати.
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2389
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 01-Mar-2017 at 18:51
Ако фасадата на владата не кошташе 18м евра колку ли би коштала стрипорна фасада на мтв? Мислам дека сепак не сме до толку богати.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Feb-2017 at 19:39
чекајте да ја сменат фасадата и да го пицнат просторот околу, па да речат како е помалце депресивно со новата фасада []
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2389
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 28-Feb-2017 at 19:20
Апокалиптично грозно.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11378
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Feb-2017 at 15:56
ДА ПРОШЕТАМЕ ОКОЛУ МВР И МТВ

http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/da-proshetame-okolu-mvr-i-mtv



















За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 21-Dec-2016 at 01:25
инаку, знам дека некаде на форумов имаше текст на таа тема, ама кој поминал од таму сигурно приметил во каква очајна состоба е аквадуктот и дека одредени столбови и сводови има опасност потполно да се распаднат... а целосно зачуваните аквадукти од римската империја/византија се бројат на рака во Европа... значи поседуваме не само Македонско наследство, туку и наследство од Европска/Светска важност што треба да биде под заштита на глобални организации и да биде прво на листата на нега кај соодветните државни и приватни институции

Искрено, извинете на јазикот, ама да им се по*ерам на квази-патриотите кои мислат дека инстант штанцани споменици во 21-ви век се врв на култура и историја
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11378
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 20-Dec-2016 at 11:50
Секоја чест за ваквите акции, кога надлежните служби не си ја вршат работата ќе мора граѓаните да се самоорганизираат. Само не знам зошто им даваме плата на тие паразити во јавните служби.
______________________________________

Со „Мрдни со прст“ го исчистија скопскиот аквадукт

Викендов во Скопје во рамките на кампањата „Мрдни со прст“ педесетина граѓани се организираа и собираа отпадоци околу Скопскиот аквадукт во Визбегово, археолошки локалитет кој претставува една од позначајните знаменитости на градот.

На акцијата за чистење на Аквадуктот на граѓаните им се приклучија и Националниот младински совет (НМСМ) и Сојуз на извидници на Република Македонија.

Проблемот со отпадоци околу Скопскиот аквадукт беше пријавен од страна на неколку граѓани на мапата на веб страницата www.mrdnisoprst.mk, која во последниот месец прими повеќе од 50 пријави за различни проблеми на различни локации низ целата земја. Неколку од проблемите кои беа пријавувани од страна на граѓаните се веќе поддржани во рамките на кампањата „Мрдни со прст“, преку разни акции реализирани во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и локални граѓански иницијативи во градовите низ земјава. Така, во рамките на кампањата, во Битола беше реализирана граѓанска акција за подигање на свеста за загадувањето на воздухот, во Струга беа поставени рачно нацртани корпи за отпадоци во Паркот на поезијата, а во Охрид имаше улична театарска акција преку која младите побараа да има повеќе културни настани.

Во рамките на „Мрдни со прст“ во тек е и уличен караван по плоштадите низ целата земја кој досега помина во 6 градови и вклучува настани на кои граѓаните имаат можност да го искажат својот став и мислење по разни општествени прашања преку неколку интересни активности.

Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

„Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страницата www.mrdnisoprst.mk или на страницата на Фејсбук www.facebook.com/MrdniSoPrst.

http://plusinfo.mk/vest/97149/so-mrdni-so-prst-go-iscistija-skopskiot-akvadukt-
За сè има вторпат
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Nov-2016 at 13:22
Зашто нели населението од тој регион беше многу загрижено за екологија и решително се спротивстави на "бруталните" намери ѕа изградба на езеро на Луково поле. Секако, се' со зел да ја заштитат Радика...



http://utrinski.mk/?ItemID=AEC0CC09720BED41B0BA472BF9EA41E0



ДЕБАРСКО ЕЗЕРО СЕ УДАВИ ВО ОТПАД ОД ПЛАСТИКА



Купиштата ѓубре се последица на нерешените прашања со собирањето на отпадот во општините Маврово - Ростуше, Жупа и Дебар

Сања Наумовска



Дебарското Езеро е затрупано со отпад. Илјадници пластични шишиња кои ги донесе високиот водостој на реката Радика, деновиве ја покрија површината на езерото. Глетката е застрашувачка, еколошката катастрофа е неминовна, но она што најмногу ја загрижува јавноста е фактот што состојбата се повторува неколкупати годишно. И, тоа со години наназад.

Купиштата ѓубре се последица на нерешените прашања со собирање и селектирање на отпадот во општините Маврово-Ростуше, Жупа и Дебар. Еколошките невладини организации алармираат дека најмногу пластичен отпад е собран кај селото Долно Косоврасти, каде што Радика се влева во езерото, како и кај Мелнички Мост. Иако Радика тече низ Националниот парк „Маврово“, заштитено подрачје во кое за третманот на отпадот мора особено да се води сметка, очигледно е дека дивите депонии се проблем кој тешко се надминува.

Градоначалникот на Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди, вели дека општинското јавно комунално претпријатие има поставено контејнери во секое село, како и покрај Радика на излетничките места.

„Комуналното претпријатие редовно собира смет од контејнерите, но ѓубре има и надвор од нив. Реално, имаме проблем со диви депонии, правиме акции за расчистување, но луѓето повторно фрлаат“, вели Мехмеди.

За градоначалникот на Дебар, пак, Ружди Лата, очигледно е дека во Дебар се случува еколошка катастрофа.

„Пластиката е видливиот проблем, но, она што не е видливо, а се случува секојдневно, е вливањето на фекалните води во Радика и во езерото“, вели Лата.

Од ХЕЦ „Црн Дрим“, подружница на Електрани на Македонија, која ги користи водите на езерото за производство на електрична енергија, посочуваат дека при засилени врнежи или топење на снег, кога се зголемува нивото на водата во коритото на Радика, езерото е полно со отпад од пластика. Вработените од хидроелектраната „Шпиље“ неколкупати годишно прават акции за собирање на отпадот, кој од тука заминува на рециклирање.

„Пластиката која опасно се доближува кон турбините и се заканува да го намали протокот на вода кон машинскиот дел, мора да се отстранува. Оваа ситуација се повторува неколкупати во годината и нашите вработени редовно се ангажираат за чистење“, велат од ХЕЦ „Црн Дрим“.

Езерото е богато со риба и позната риболовна дестинација за љубителите на овој вид рекреација. Сепак, актуелната состојба го отвора прашањето дали концесионерот на езерото, струшката фирма „Охридска риба“ има податоци како купиштата отпад влијаат на живиот свет во езерото. Се поставува и прашањето каква е состојбата со загаденоста на езерските води и дали, освен за производство на струја се користи и за други намени.

Еколошките активистите деновиве апелираа итно да се најде решение за отпадот во овие општини.

„Потребна е поголема ангажираност на локалните власти на трите општини Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, за да се најде конечно решение за овој проблем, зашто се повторува. Пред неколку години екологистите од трите општини поведоа иницијатива за поставување челични мрежи кај Мелнички Мост, каде што би се собирал отпадот и секојдневно со чамци би се вадел и фрлал во депонијата во Дебар. Но, се' остана само како идеја“, вели Газменд Цами, претседател на дебарското еколошко друштво „Дешат“.

Од Министерството за животна средина вчера не само што немаа никаков коментар за еколошката катастрофа што во континуитет му се случува на Дебарско Езеро, туку, напротив, се прогласија за ненадлежни.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.171 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.