build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 30>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 13-Jul-2020 at 16:29
Излетничките места околу Скопје секој викенд се претвораат во депонии



Ова е сликата по викендoт на едно од омилените излетнички места на скопјани, Марков манастир.

Пластички шишиња, чинии, лимеки, кеси... Наместо во контејнер на скопјани полесно им ѓубрето да го фрлат на земја.

Мештаните велат дека сликата е ваква после секој викенд, особено во лето кога голем број граѓани викендите ги поминуваат на пикник покрај Маркова Река. Дел од ова ѓубре не останува на едно место бидејќи кучињата скитници, но и добитокот знаат да го разнесат наоколу.

-Цело лето кога ќе дојдеш, има ѓубре. Го земаат со камион и го носат ама многу е доцна и секогаш има ѓубре. Многу доцна, по месец два, вели Даут Идриз, локален жител.

Од општина Студеничани велат дека веќе е испратена екипа која ќе го исчисти ѓубрето.

-Во Маркова Сушица имаме поставен голем контејнер каде редовно се подигнува ѓубрето кое се собира и се носи во депонијата Дрисла. Секои две недели организираме собирање на сметот што се остава од луѓето кои одат на пикник, велат од општина Студеничани.

Ѓубрето кое несовесните граѓани го оставаат на земја им прави проблем и на локалните сточари. Често пати се случува добитокот да се затруе од пластиката.

https://sitel.com.mk/izletnichkite-mesta-okolu-skopje-sekoj-vikend-se-pretvoraat-vo-deponii
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 10-Jul-2020 at 10:51
Потегот меѓу напуштената зграда спроти Вип Хотел и МРТВ тотално запуштен и полн со отпад,дивонаселени семејства,импровизирани живеалишта,спалување отпад...











https://www.facebook.com/groups/883203825068334/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 20-Jun-2020 at 12:57

od fb.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 10-Jun-2020 at 15:43
ШИЛЕГОВ: НОВИ ПОЛУПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ СЕ ТЕСТИРААТ ВО КАРПОШ 3

Град Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска одржаа прес-конференција на улицата „Никола Русински“ во Карпош 3 каде што се поставени полуподземни контејнери.

- Станува збор за полуподземни контејнери со капацитет од 3 до 5 кубни метри од реномираниот фински производител Molok Ltd. кој преку своите локални партнери покрена иницијатива за тестирање на овие контејнери во Скопје. За таа цел на ул. Никола Русински, зад ТЦ Лептокарија во Карпош, поставени се 6 вакви контејнери, од кои 2 се со капацитет од 3 кубни метри, а 4 се со капацитет од 5 кубни метри. Овие контејнери имаат извесни предности во однос на другите видови од кои може да се издвојат заради поголемиот капацитет, мал надземен дел, побрзо празнење, можност за заклучување и поголем век на експлоатација – рече Шилегов.

Тој додаде дека овој пилот проектот ја дава и можност за селектирање на отпад и граѓаните покрај селекцијата на комуналниот отпад ќе можат да селектираат и електронски и кабаст отпад.

- Во неколку месечниот тест период во рамките на овој пилот проект ќе ги согледаме сите предности и предизвици од користењето на овие садови за отпад од домаќинствата, по што ќе бидат направени внимателни анализи за исплатливоста на инвестирањето во вакви контејнери барем за оние делови од градот каде што просторните услови тоа го дозволуваат. Граѓаните веќе ги чувствуваат промените со новиот концепт на третманот на комуналниот отпад во Град Скопје. Промените се видливи и мерливи. Градските улици се почисти, сменети се голем дел од садовите за комунален отпад и нивното празнење е сега побрзо и поефикасно, во тек се повеќе активни кампањи за услугите за подигање кабаст отпад и бесплатното подигање на стрништата и отпадот после берба на земјоделските производи. Тоа значи дека се движиме во правилна насока и доколку сите заедно се погрижиме, за релативно кратко време ќе имаме неколкукратно почист град од она што сме навикнале да го гледаме до неодамна – кажа Шилегов.

Шилегов денеска уште еднаш упати апел граѓаните прописно да го фрлаат отпадот од домаќинствата користејќи ги садовите исклучиво во согласност со нивната намена и да го фрлаат отпадот во пропишаното време, односно од 19 до 22 часот навечер, во затворени пластични кеси, не оставајќи храна и облека надвор од контејнерите и слично.

- Епидемијата на коронавирусот не потсети сите, како граѓани, дека мораме да се грижиме за личната хигиена, хигиената во нашите домови, но и надвор од нашите домови на ист начин, со цел сите заедно да ги користиме придобивките кои ги нуди живеењето во еколошки чистата животна средина – порача Шилегов.













https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 10-Jun-2020 at 15:40
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ТЕСТИРА НОВИ ПОЛУПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ



Град Скопје почна пилот проект за тестирање нов вид полуподземни контејнери. Шест вакви контејнери се поставени на улицата Никола Русински во Карпош 3 од кои два се со капацитет од 3 кубни метри, а четири се со капацитет од 5 кубни метри.

„Овие контејнери имаат извесни предности во однос на другите видови од кои може да се издвојат заради поголемиот капацитет, мал надземен дел, побрзо празнење, можност за заклучување и поголем век на експлоатација. Тоа не значи дека новите пластични контејнери кои лани ги поставивме на главни улици ќе се отстрануваат. Полуподземните контејнери се соодветни да се постават на споредни улици, до паркови и меѓу зградите“, рече Шилегов.

Од Градот велат дека во неколку месечниот тест период ќе се согледаат предности од користењето на овие садови за отпад, по што ќе бидат направени анализи за исплатливоста на инвестирањето во вакви контејнери барем за оние делови од градот каде што просторните услови тоа го дозволуваат.

Контејнерите се произведени од финската фирма „Молок“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-ke-testira-novi-polupodzemni-kontejneri/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 29-May-2020 at 16:23
Низ Бутел...















https://www.facebook.com/SkopjeMoraDaDise
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 24-May-2020 at 12:04
Низ Аеродром...











....

Жители на Аеродром крајно револтирани од ужасната состојба со хигиената

Ниту се чисти и одржува како треба. Ниту се казнува.

Има ли спас од ваквата ужасна состојба, прашуваат жители на Аеродром, кои секојдневно ни испраќаат фотографии што сведочат за ужасната состојба во општината со хигиената.

https://ako.mk/жители-на-аеродром-крајно-револтиран/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 17-Apr-2020 at 19:01
Ако служи за утеха да напоменам дека беше десетпати полошо од ова пред месец дена.
-------------------------------------------------------------
ЉУБАНИШТА
(празнична глетка)

Некои го љубат, други го ништат природното наследство на Охридскиот Регион. Едни објавуваат со желба да се укаже на проблемите, јавни служби, поединци или групи чистат. Некои повторно загадуваат, фрлаат најразличен отпад, се однесуваат неодговорно. И тоа е еден постојан циклус. Не може да запре. Ни со апели, ни со опомени. Можеби со казни. Доколку навистина се казнат тие што го прават ова.
Им благодариме на сите совесни сограѓани, сонародници, кои споделуваат, кои објавуваат, реагираат, кои организираат и најмали акции за чистење. Апелираме на институциите за поригорозен пристап кон овој проблем. Да се љубит природата а да се ништат овие лоши навики.















Фејсбук пост на Охрид СОС

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 13-Apr-2020 at 15:33
Добро, да се надеваме дека после ова, вакво нешто нема пак да има.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 13-Apr-2020 at 15:14
КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЃУБРЕТО ЌЕ ГО СОБИРА ДО 21 ЧАСОТ ОТКАКО ВИКЕНДОВ КОНТЕЈНЕРИТЕ НИЗ СКОПЈЕ БЕА ПРЕПОЛНИ

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од денеска ѓубрето од контејнерите во Скопје ќе го собира до 21 часот. Од средата, кога беше воведен полициски час од 16 до 5 часот наутро, ѓубрето се собираше само во една смена.

Директорот на „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани во средата рече дека ќе работат само до 16 часот, бидејќи не добиле дозвола од Министерството за информатичко општество и администрација да работат додека трае полицискиот час. Поради тоа, контејнерите низ Скопје беа преполни со ѓубре, а бидејќи во нив немаше место, расфрлани кеси имаше на тротоарите и улиците околу нив.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека поради состојбата на терен направен е нов режим на работа и од денеска контејнерите ќе се празнат од 5 до 21 часот.

„Пред да биде воведен полицискиот час немавме проблеми ниту поплаки од граѓаните за собирање на ѓубрето низ Скопје. Изминативе денови работевме со намалена динамика поради воведениот полициски час. Вчера имавме состанок со Кризниот штаб на Град Скопје, направивме анализа и нов распред за подигнување на ѓубрето во две смени. Ќе се работи и во сабота. Работевме и оваа сабота, но екипите не можеа да постигнат секаде со оглед на режимот по кој работеа претходните три дена. Од денеска, состојбата ќе се стабилизира“, вели градоначалникот Шилегов.

Во Скопје има 6.000 контејнери од кои секојдневно се собира ѓубрето. Дневно комуналните работници на „Комунална хигиена“ подигнуваат околу 500 тони отпад.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/komunalna-higiena-gubreto-ke-go-sobira-do-21-chasot-otkako-vikendov-kontejnerite-niz-skopje-bea-prepolni/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 13-Apr-2020 at 15:13
Сликата за градот по продолжениот полициски час...тотална некоординација,градежниците имаат дозвола за небитни станбени згради а на КХС не им даваат да работат

















https://www.facebook.com/Урбанизам-во-Македонија
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 12-Apr-2020 at 15:33
Скопје се гуши во отпад, од Комунална Хигиена велат го собирале и вчера редуцирано
Полиицискиот час кој започна во петокот во 16 и ќе трае до утре –понеделник до 05 часот наутро, ги затвори граѓаните по домовите, но и ги преполни контејнерите. При нашата денешна обиколка низ Скопје, најмногу полни контејнери видовме во населбата Аеродром. Од Комунална Хигиена велат дека за разлика од регуларното собирање отпад , кое трае до 5 часот наутро, после четвртокот , тие и вчера –сабота излегле на терен , но собирале отпад само до 14 часот и тоа од индивидуалните домови.

Од ЈП „ Комунална Хигиена“ бараат разбирање од граѓаните за насобраниот смет , зашто како што велат, во ограничени околности за работа, со скратено работно време во втората и со укината трета смена, не можеле да постигнат повеќе.

Ние се потрудивме колку што можеме , во рамките на она овластување што го имаме да го собереме сметот. Секако дека оние критики , што ги добиваме од граѓаните , на нас ни е јасно што се случува. Јасно ни е дека граѓаните се револтирани. Меѓутоа и тие треба да сфатат дека едноставно не можеме да постигнеме во толку краток рок , секаде да поминеме. А , забележавме и појава дека и покрај полицискиот час, одредени испразнети контејнери, повторно се преполнети, во извесна мера- Ана Марија Бранџолица – портпарол во ЈП„ Комунална Хигиена.
Не се прави разлика при собирањето на отпадот, дали потекнува од домовите на здрави или заболени со ковид-19 граѓани, во домашна изолација. Но, ако се работи за инфицирани, важно е отпадот да биде во две кеси, а првата да биде исполнета само 2/3 од содржината, потенцираат од „ Комунална Хигиена“’.

Нашите вработени не бираат , ниту пак прашуваат дали граѓаните се заболени или не. Тие го собираат отпадот кој што е одложен во садовите , без разлика дали се работи за контејнери или за куќи, каде отпадот се одлага во канти- Ана Марија Бранџолица- портпарок на ЈП„ Комунална хигиена.
За престојната работна недела и православниот Велигден, од „ Комунална Хигиена“ очекуваат да добијат дозвола за работа до прва и втора смена, до 21 часот навечер, со цел непречено да собираат поголеми количества отпад низ Скопје, согласно мерките и препораките. Но, за тоа прецизен одговор се очекува од утре.



https://telma.com.mk/skopje-se-gushi-vo-otpad-od-komunalna-higiena-velat-go-sobirale-i-vchera-redutsirano/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 11-Apr-2020 at 10:46
Која некоординација,зошто за време на полициски час не работат КХС сега до понеделник ќе се чека собирање на сметот...?

Во Карпош...





https://www.facebook.com/groups/883203825068334/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 08-Apr-2020 at 10:45
Никнува огромна дива депонија кај село Орман



Се формира нова дива депонија на територијата на општина Ѓорче Петров. Загрижен граѓанин снимил видео како на локација во близина на селото Орман секој ден се истураат тони ѓубре и градежен шут и дека истата е два пати поголема од онаа во Ново Село.

– И покрај барањата до градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски да преземе сериозни мерки и да ја прекине еколошката катастрофа во Ѓорче Петров, ништо не е преземено на депонијата секој ден се истураат со тони губриште и шут. Бараме, Владата на Република Македонија и инспекторатот за животна средина да преземат мерки бидејки општинската администрација и градоначалникот не преземаат ништо. Еколошката катастрофа во Орман треба веднаш да престане, затоа што утре ќе биде доцна – реагираат загрижени граѓани.

Пред 15-тина дена општината исчисти дел од оваа огромна депонија, ама огромен дел остана.Грашаните велат дека овие луѓе не ги плаши вирусот и неказнето се шетаат и исфрлаат отпад.

– Јасно е дека личниот интерес е пред општествениот, ова е недозволиво и бараме итно да се казнат сторителите и да се престане со уништување на природата во Ѓорче Петров – реагираат тие.

Некои посочуваат дека купишта ѓубре има и покрај пругата од Кисела Јабука до Волково.

https://www.vecer.press/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 03-Apr-2020 at 15:35
Редовна глетка на ул.Прашка во Карпош







https://www.facebook.com/Taftalidze1/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 30-Mar-2020 at 16:39
Originally posted by stef4o

Ова е во Стар Аеродром,често минувам низ населбата и може да се забележи недостаток од контејнери и секако редовно празнење на истите...еве фотки од фб од денешната состојба на ул.Методија Шаторов-Шарло







https://www.facebook.com/groups/787942044967923/


Откако ќе помине низ фб групи се решава проблемот...





https://www.facebook.com/groups/787942044967923/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 30-Mar-2020 at 15:27
Ова е состојбата околу напуштениот и полураспаднат објект спроти ВИП хотел,дијагонално од Сајмиште...веќе со години е вака







https://www.facebook.com/groups/787942044967923/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 30-Mar-2020 at 15:23
Ова е во Стар Аеродром,често минувам низ населбата и може да се забележи недостаток од контејнери и секако редовно празнење на истите...еве фотки од фб од денешната состојба на ул.Методија Шаторов-Шарло







https://www.facebook.com/groups/787942044967923/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 22-Mar-2020 at 12:08
Вака е со месеци кај последна 5ка во Ново Лисиче...асфалтот не се гледа од прашина,киперите возат пребрзо без церада...миење на тркала е мисловна именка.И ова не е само тука денес имав прилика да поминам низ Стар Аеродром улиците се целосно пеплосани,се работи во недела од рано наутро па се до 18 часот...





https://www.facebook.com/groups/787942044967923/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 21-Mar-2020 at 18:13
Во Хром...





https://www.vecer.press
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 30>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.187 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.