build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 26>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 20-Jul-2008 at 00:38
Во Аеродром поставија нови канти за ѓубре, и тоа по една на секои пет метри од тебе, што поддржувам, кога веќе никој не сака да правам смет нека ми даде канта каде имам каде да го фрлам
патем за паркот, мнислам дека нема доволно канти, а кога ќе ги сретнам сите се полни (можда само така ми се погодуваат)
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9039
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 31-Jul-2008 at 11:35
Стока! После не требало репресија, јавен линч треба за овие работи...

ДИВИ ДЕПОНИИ СО ШУТ ГО ПРЕПЛАВИЈА ГРАДОТ
Нема ни закон ни казна што ќе ги исплаши скопјани

Стари душеци, дрвени ормани, расипани апарати од домаќинството, цигли, тули, малтерисани хартии и друг преостанат градежен материјал се само дел од отпадот со кој граѓани секое лето редовно го полнат Скопје. По секое реновирање на домовите, што обично се прави во лето, покрај контејнерите за комунално ѓубре никнуваат депонии од градежен шут. Ваквиот отпад од населбите на Водно завршува во зелениот појас на парк-шумата, од Аеродром и од Лисиче покрај брегот на Вардар, а депонии има и во периферните делови на Скопје, покрај Лепенец, во Бутел и во Чаир. - Во нашата зграда последниов месец се реновираа четири стана. Тоа е вообичаено за лето, кога луѓето сакаат да си го искористат одморот за да исчистат генерално или да направат некое поголемо реновирање. Но од сите станари само еден постапи како што треба, па си го собра ѓубрето во вреќи и повика луѓе за да го однесат. Некои, пак, остатоците од градежните материјали и непотребните работи ги оставија пред зграда, покрај контејнерот каде што секој ден го фрламе ѓубрето од дома - раскажува еден жител од Карпош. „Комунална хигиена“ на барање на граѓаните може да достави контејнер со потребната големина и да го транспортира отпадот до Дрисла, услуга која се наплаќа во согласност со ценовникот на Јавното претпријатие. - Граѓаните што си го реновираат домот може да се јават на дежурниот телефон на „Комунална хигиена“ - 321 66 44 и да побараат контејнер за да го истовари градежниот шут. За изнајмување стандарден контејнер, со капацитет од еден кубен метар, се наплаќа 700 денари, а за оние со зафатнина од пет или седум кубни метри 1.500 денари. Цената важи за еднократно полнење и празнење на контејнерот, а ако комуналниот сад се изнајми за подолго време, услугата чини 3.900 денари. Ако собирањето и транспортот на шутот до Дрисла граѓаните сами си го организираат, депонирањето е бесплатно - објаснува Југослава Поленак, одговорна за односи со јавност во претпријатието. Но од „Комунална хигиена“ велат дека во практика скопјани речиси никогаш не ги бараат нивните услуги затоа што, и покрај законски предвидените казни, ретко се повикувани на одговорност од надлежните инспекциски служби ако отпадот го остават на дива депонија. - Ова е задача на инспекциите, а тоа го прави и нашата еко-патрола, која ги открива сторителите и прави записници. Се случува дури и ако некој граѓанин самиот плати на превозници да му го однесат ѓубрето, тој најчесто да заврши на некоја лединка или покрај пат како дива депонија, бидејќи луѓето што ги вршат тие услуги повторно никој не ги повикува на одговорност - додава Поленак. Од Градскиот комунален инспекторат велат дека постапуваат во согласност со Законот за управување со отпад и пишуваат казни за прекршителите. - Во последната акција наплативме три глоби од 50 евра за фрлање градежен шут на несоодветно место. Две казни беа изречени во Аеродром, а една во Карпош. Доколку тие се платат во рок од осум дена, казната се намалува за половина. Ваквите акции заедно со полицијата ги спроведуваме двапати неделно, а реагираме и по пријави од граѓани - вели Александар Бошковиќ, од Секторот комунална инспекција на Град Скопје. Според Законот, казните за фрлање отпад се движат од 30 евра до 200 евра.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1465&ArticleID=95600

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9039
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 18-Aug-2008 at 10:53
Неколку добри вести... уште реализација

50 евра глоба за лепење плакати

Казна од 50 евра ќе се наплаќа ако на јавни површини се вршат физиолошки потреби, се фрла хартија, догорчиња, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок, стари предмети од домаќинство. Со 50 евра ќе бидат казнети и тие што ќе палат и ќе уништуваат смет и ќе оставаат фекални остатоци од домашни миленици и мртви животни во контејнери, ќе паркираат возила на растојание до десет метри од контејнер, на јавни места ќе пасат добиток и живина, ќе го растураат сметот од вреќи, ќе фрлаат смет од кат во станбена зграда или куќа, ќе лепат плакати на кое било јавно место... Скопските општини и градот Скопје, пак, се должни да го исчистат снегот најдоцна во рок од шест часа. Во согласност со Предлог-законот за јавна чистота, физичките лица ќе бидат казнети со 50 евра и ако фрлаат отпадоци, догорчиња, мастики... и внесуваат домашни миленичиња без одобрение во ходници на јавни објекти.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1479&ArticleID=96875

НОВИ КАЗНИ ЗА ХИГИЕНА ПО ПРИМЕРОТ НА СИНГАПУР
50 евра за плукање
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека станува збор за нов закон кој веќе е предаден во Собранието

Владата подготви закон за јавна чистота со кој се предвидуваат ригорозни казни за сите оние што ќе ја нарушуваат хигиената во јавните установи и на јавните површини. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека станува збор за нов закон кој веќе е предаден во Собранието. Тој објасни дека одлучиле да подготват ваков закон, бидејќи хигиената во Македонија е на многу ниско ниво, и како дел од стратешките определби на Македонија за приближување кон Европската унија.
"Законот е направен по примерот на Сингапур, која важи за земја со највисоко ниво на јавна чистота. Со овој закон сакаме да се подигне нивото на јавната чистота и во нашата земја, затоа се предвидени ригорозни казни за сите оние што ќе го прекршат овој закон. Во внатрешноста на јавните објекти забрането е фрлање отпадоци, плукање, фрлање догорчиња, мастики и други предмети, или внесување домашни миленичиња, освен со одобрение на управителот на јавната установа. На јавните објекти забрането е да се испишуваат графити и да се лепат плакати, а сопствениците се должни соодветно да го одржуваат објектот", рече Јанакиески.
Контролата дали се спроведува законот за јавна чистота ќе ја вршат комунални редари, кои ќе работат во општините во земјава и Град Скопје.
"Комуналните редари ќе можат да изрекуваат мандатни парични казни на самото место каде што ќе забележат прекршување на законот, а вакво овластување ќе добие и полицијата. Исто така, контрола ќе можат да прават и општинските комунални инспектори и инспекторите на Државниот комунален инспекторат", рече Јанакиески.
Оние што ќе го прекршат законот, а немаат пари да ја платат предвидената казна или не сакаат да ја платат, ќе можат да ја заменат со општокорисна јавна работа.
"Казните за физичките лица се 50 евра и тие ако сакаат да не платат ќе треба да ја заменат казната со општокорисна работа и ќе треба да одработат 24 работни часа, односно три дена да вршат корисна работа за општината во која го направиле прекршокот", рече Јанакиески.

СЕ КАЗНУВА ЗА:

-Фрлање градежен шут на јавна површина;
-Фрлање и оставање хартија, догорчиња, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци, освен на местата определени за тоа;
-Оставање стари предмети од домаќинство покрај контејнери за смет, освен на места определени од општината;
-Палење, закопување и уништување смет;
-Оставање фекални отпадоци од домашни животни миленици и мртви животни, живина и птици во контејнерите за смет;
-Колење кокошки и друга живина и животни на јавни површини;
-Испуштање отпадни води и други течности од дворните места и објекти;
-Истурање течности во корпите за отпад, на улица, во канали, реки и езера;
-Миење возила и камп приколки на јавни површини;
-Сечење, складирање, цепење дрва и јаглен на јавна површина;
-Паркирање возила на растојание до 10 метри од контејнер и други садови за смет;
-Оставање запрежни коли, трактори, земјоделски алатки и машини на јавна површина;
-Чување и напасување крупен добиток и живина на јавна површина;
-Продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи на јавна површина;
-Превоз на песок, земја, цемент, глина, земјоделско ѓубриво, сено, отпад без да се покриени со капак;
-Поправање, сервисирање на возила и вршење разни занаетчиски работи на јавни површини;
-Оставање нерегистрирани, хаварисани возила, приколки и камп приколки на јавни површини;
-Мешање бетон, малтер, освен на места определени од општината;
-Растурање смет од вреќи, контејнери и други садови за ѓубре;
-Фрлање ѓубре од кој било кат од станбена зграда или од куќа во двор;
-Фрлање или оставање смет до контејнер и до други садови за ѓубре;
-Поставување садови за смет и контејнери надвор од определеното место;
-Палење и уништување на садовите за смет;
-Уништување на урбаната и друга опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта);
-Лепење плакати на кое било јавно место;
-Вршење физиолошки потреби на јавни места.

Физичките лица за овие прекршоци ќе бидат казнети со глоба од 50 евра. Правните лица со казна од 3.000-4000 евра ако фрлаат градежен шут на јавна површина. Казна од 1.000 до 2.000 евра за правни лица е предвидена ако: фрлаат стари предмети од домаќинство покрај контејнери, измет од миленичиња и домашни животни, сечат и складираат дрва и јаглен на јавни површини, испуштаат отпадни води и течности од дворните места, паркираат, мијат и поправаат возила, приколки и камп приколки на јавни места, ако произведуваат јаглен и печат вар и ако складираат градежен материјал на јавна површина без дозвола.
Правните лица ќе бидат казнети со глоба од 2.000 до 3.000 евра ако не постават во објектите исправни санитарни јазли, ако во нив нема тоалетна хартија. Казната за одговорните лица во јавните установи кои ќе ги прекршат прописите од овој закон се движат од 500 до 1.000 евра.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155724&idg=8&idb=2451&rubrika=Makedonija


СО МЕРКИТЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА
Нова давачка за јавна чистота

Со предлог-законот за јавна чистота, што минатата недела Владата го достави во Собранието, се воведува нова давачка. Освен за работата на јавните комунални претпријатија, граѓаните сега ќе плаќаат и сметка за јавна чистота. Министерот за трнаспорт и Врски Миле Јанакиески вели дека всушност нема да се оптовари буџетот на граѓаните, бидејќи и досега се плаќало за јавна чистота во сметките за вода и дека всушност тие пари само ќе се одвојат на посебна смета. Сепак тој не знаеше да каже дека дали оваа сума Ќе остане иста.
"Не се воведува нова давачка, бидејќи досега 30 отсто од тоа што луѓето го плаќале на име ѓубрарина одеа за одржување на јавната чистота. Не можам да кажам дали ќе има зголемување на оваа сума, бидејќи општините ќе треба да кажат дали ќе има потреба од дополнителни средства", рече Јанакиески.
Јавните институции чии тоалети се неисправни, валкани или ако во нив нема тоалетна хартија и апарат за сушење раце, согласно новиот закон за јавна чистота, ќе треба да платат казна од 1.000-2.000 евра во денарска противвредност. Одговорното лице во таа институција пак ќе биде казнето со глоба од 500 до 1.000 евра.
"Со законот ќе ги казнуваме и директорите на јавните институции каде хигиената ќе биде на ниско ниво. За немање тоалетна хартија во санитарните јазли со 2.000 евра ќе биде казнета институцијата, а со 1.000 евра директорот", рече Јанакиески.
За непуштање вода по извршена физиолошка потреба во тоалет на јавна институција, со Предлог-законот предвидена е мандатна казна од 50 евра за лицето кое го сторило прекршокот.
Парична казна во висина од 3.000 до 4.000 евра ќе платат правните лица кои ќе остават или фрлат градежен шут на јавна површина, а одговорното лице во таа фирма ќе плати од 500 до 1.000 евра казна. Со новиот закон за јавна чистота, Владата предвидува казни и за локалната самоуправа ако таа навреме не го исчисти снегот од јавните површини.
"Во зима општините се должни да го исчистат снегот од улиците шест часа по почнувањето на снежните врнежи. Ако тоа не го направат во определениот рок ќе бидат казнети", рече Јанакиески.
Организаторите на јавни манифестации, со новиот закон за јавна чистота, се должни по завршувањето на манифестацијата да го соберат сето ѓубре што учесниците на настанот или посетителите го оставиле зад себе.
"Тие се должни да го соберат сметот и да го остават на место определено за собирање и фрлање смет. Ако тоа не го направат, ќе бидат казнети со 2.000 до 3.000 евра", рече Јанакиески.
Контролата дали се почитуваат одредбите од овој закон ќе ја вршат комунални редари вработени во општините, како и униформирани полицајци, кои ќе имаат надлежност да изрекуваат мандатни казни на самото место. (Е.А.)

***

ПРАВНИТЕ ЛИЦА ЌЕ СЕ КАЗНАТ СО 1.000 - 4.000 ЕВРА ЗА:

- Фрлање градежен шут на јавна површина;
-Ако тоалетите се неисправни, валкани и ако во нив нема хартија;
-Ако организаторите на јавни манифестации не го соберат ѓубрето од јавната површина по завршувањето на манифестацијата;
-Ако хигиената во внатрешноста на објектот не е на задоволително ниво, ако внатре нема канти за отпадоци, и ако фасадата на објектот не се одржува во чиста и добра состојба;
-Фрлање предмети од домаќинствата, лисја, гранки, корења, песок, амбалажа и други отпадоци, освен на местата предвидени за тоа;
-Ако оставаат ѓубре покрај контејнерите и други садови за смет;
-Палење, закопување и уништување смет;
-Испуштање отпадни води и други течности од дворните места и објекти;
-Миење возила, камп приколки, предмети од домаќинствата и од правните лица на јавна површина;
-Сечење, складирање на дрва и јаглен на јавна површина;
-Паркирање возила на јавна површина;
-Производство, печење вар и дрвен јаглен, како и складирање и чување на градежен материјал на јавна површина без дозвола од надлежниот орган;
-Поправање, сервисирање возила и вршење занаетчиски дејности на јавна површина;
-Оставање нерегистрирани, хаварисани возила, приколки и камп приколки на јавна површина;
-Оставање измет од домашни животни и миленичиња на јавна површина.



http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155788&idg=8&idb=2452&rubrika=Makedonija


Edited by pbanks - 19-Aug-2008 at 16:00
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-Aug-2008 at 16:15
Накако во јавноста овој закон се пласираше многу чудно, демек до сега било што било, од сега више нема фрлање ќубре. Ние и досега имавме ваков закон само што казните не беа толку високи и законот воопшто не се спроведуваше, како што и одсега нема пак да се спроведува! Свако чудо три дана!!!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9039
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 21-Aug-2008 at 14:29
ВЛАДАТА ЌЕ ВОВЕДУВА РЕД, А ЃУБРЕТО НЕМА КАЈ ДА СЕ ФРЛА
Во Скопје корпите за отпадоци нигде ги нема
Половина од кантите, кои градските власти пред неколку години ги поставија, се искршени или се затрупани со земја и ѓубре, бидејќи нередовно се чистат

Низ Скопје нема канти за фрлање ѓубре, хартија, догорчиња и други отпадоци. Владата пред една недела најави дека ќе ги казнува граѓаните кои ќе бидат затекнати како фрлаат ѓубре на јавни површини, а низ градот едвај ќе најдеш корпа за ѓубре. Половина од кантите, кои градските власти пред неколку години ги поставија, се искршени и од нив се останати само рачките со кои се зацврстени на столбовите од уличното осветлување. Оние пак што се поставени на пешачките патеки крај сообраќајниците, затрупани се со земја или пак се преполни со ѓубре оти навремено не се празнат. На Плоштад Македонија едвај има две-три корпи за отпадоци. Кога се движиш низ центарот на градот ѓубрето треба да го носиш со себе оти корпи негде нема. Од ѓубрето граѓаните можат да се ослободат освен ако по пат наидат на трафики пред кои најчесто има корпи за отпадоци.
Од Градот тврдат дека низ центарот на градот и во сите останати населени места има доволно контејнери и корпи за отпадоци. Од таму објаснуваат дека нови корпи скопјани ќе добијат кога ќе почне обновувањето на автобуските постојки.
" Неделава поставивме 120 корпи за отпадоци во Градскиот парк, на Водно и на кејот на реката Вардар, кои се донација од Прокредит банка. Граѓаните во согласност со новиот закон ќе бидат строго санкционирани доколку го фрлаат сметот на јавна површина. Одредбите во законот се децидни и граѓаните кои сакаат да фрлат смет ќе мора тоа да го направат во најблискиот контејнер или корпа за отпадок, а доколку во нивна непосредна близина нема корпа тоа не ги амнестира од одговорност доколку ѓубрето го фрлат на јавна површина", велат од Град Скопје.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155925&idg=8&idb=2455&rubrika=Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 03-Sep-2008 at 02:17
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FF77113157DBBB49A772BF68823BA8DC


Екопатролата му заштеди на Градот 50.000 евра

За две години, колку што постои, екопатролата на „Комунална хигиена“ успеала на Градот да му заштеди околу три милиони денари, информираа вчера од претпријатието. Заштедата е резултат на интервенциите на екопатролата, која направила 414 записници на сторители кои на свој трошок го дислоцирале отпадот што го исфрлиле на несоодветен начин и на недозволено место. Притоа, биле исчистени 2.341 кубици разновиден отпад.

Од „Комунална“ се надеваат на уште поуспешни резултати од екопатролата, имајќи предвид дека Советот на Скопје неодамна донел одлука за издвојување средства од буџетот за доекипирање на патролата. Имено, таа на почетокот од своето работење имала ангажирано само тројца вработени, сега нивниот број изнесува 12, а со одобрените пари ќе и' биде овозможено да состави тим од 30 теренци.

Инаку, задачата на екопатролата е да ги забележува сите неправилни третмани на отпад, непочитувањето на комуналниот ред, да ги открие сторителите кои несоодветно постапуваат со отпадот и друго. (Дс.Т.)
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 06-Sep-2008 at 17:27
Bash  Puke Освен инспектори на секој 5 метри и високи казни треба и малце основна култура....
 
 

ДРАКОНСКИТЕ КАЗНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА НЕ ГИ УПЛАШИЈА СКОПЈАНИ


Се погани секој агол


Скопските улици се полни со ѓубре, со хартија, отпушоци, мастики, амбалажи, се плука, се уринира, а досега не е изречена ниту една опомена, ниту една казна


Жителите на метрополата не се загрижени поради драконските казни од Законот за јавна чистота според кој загадувањето на улиците, зелените површини, плоштадите, јавните објекти се казнува со глоба до 4000 евра. Скопските улици и натаму се полни со ѓубре, со хартија, отпушоци, мастики, амбалажи, се плука, се уринира на секој агол, а досега не е изречена ниту една опомена, ниту една казна.

Општинарите не се екипирани со стручни лица, ниту пак имаат подготвено услови за казнување иако Законот предвидува глоба од 2.000 до 3.000 евра доколку не обезбедат редовно и квалитетно одржување на јавните површини. Велат дека чекаат на подзаконските акти со кои треба да се допрецизираат ингеренциите и обврските.

- Со новиот Закон се воведе и нова институција комунален редар кој ќе функционира во рамките на локалната самоуправа, но се уште постои дилема дали ќе се формира нова група урбани полицајци или ќе се доекипираат постојните инспекциски служби. Ќе треба да се прецизира и во чија надлежност ќе бидат, на Градот, општините или пак на државата. Се надевам дека набргу сите дилеми ќе се решат - вели Бранислав Поповски, раководител на Одделението за животна средина на Град Скопје. Тој очекува дека ќе се ангажираат и многу поголем број редари. "Во моментов имаме само пет инспектори за животна средина, а за град како Скопје со 700.000 жители потребни се околу 200 лица кои во секој момент ќе бидат на располагање. Само така, во координација со општините ќе успееме да го покриеме секој агол и да ја држиме ситуацијата под контрола што на крајот ќе ни донесе позитивни ефекти - појаснува Поповски. Од Министерството за транспорт, пак, тврдат дека се подготвени сите подзаконски акти и дека на последниот состанок со ЗЕЛС градоначалниците се обврзале веднаш да почнат со обезбедување на услови, со изградба на нови тоалети, а ветиле дека ќе издвојат повеќе пари и за набавка на дополнителен број канти и контејнери.

Голем дел од граѓаните ја поддржуваат владината акција со ригорозни санкции да се спречи зададувањето на јавните површини, но бараат да се створат услови за тоа. "Знаете ли дека на Кејот нема ниту едно јавно веце. Недај боже да имаш мака, треба да издржиш до Плоштад. Нема кај да фрлиш хартија, мастика. Треба да се постават специјални пепелници за отпушоци - вели еден редовен рекреативец од Кејот на Вардар. Тој е еден од оние кои се сомневаат дека балканските навики лесно ќе се сменат.

Елизабета АРСОСКА

 
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 07-Sep-2008 at 22:22
ја се бунев за тоа дека нема услови чување на околината (и уште си стојам на кажаното), но кога ќе видам што прават одредени „граѓани“ си викам дека сепак е најдобро да ги удриш по џеб
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 08-Sep-2008 at 21:36
Previous

toa so kaznite e dobar pocetok, no sepak ne moze da ocekuvame deka seljackite naviki na nekoi ziteli ke se smenat preku nokj....toa e proces sto trae i si bara povekje vreme. najvazno e vlastite odnosno nadleznite za sankcioniranjeto na nesovesnite gragjani da si ostanat dosledni na vekje pocnatoto i da ne progleduvaat niz prsti nitu pak da go namalat intenzitetot na kontrola!! dokolku ostane vaka kako sto pocnalo, lugjeto ke bidat primorani da se smenat odnosno da vnimavaat kako se odnesuvaat vo javnosta....pa i "zapadnjacite" ne se ragjaat so bon ton, tuku nivnite naviki se plod na rigorozen i bezkompromisen kaznen sistem za site onie koi se odnesuvaat nesovesno.....zatoa, AKO MOZAT ONI, MOZEME I NIE!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 08-Sep-2008 at 21:46


Мислам погоди точно во суштината Thumbs%20Up

За жал, за промена на меналитетот ќе ни треба многу повеќе напор отколку што на „западњаците“ им треба да го одржуваат веќе воспоставениот ред... Но и доколку казните се единствена работа што ќе ги спречува луѓето да се однесуваат како добиток (без поголема суштинска промена на свеста и менталитетот во блиска иднина), јас сепак ќе бидам задоволен. А долгорочно можеме да очекуваме и поместување во менталитетот, но како што и сам нагласи, само со упорно и доследно спроведување на законов и останатите прописи што ја засегаат оваа проблематика.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 09-Sep-2008 at 05:13
Треба една масовна кампања на телевизија во врста на реклами, програми и емисии, специајлно децките емисии кон младите деца, па барем тие да израснат со некаков почит кон природата и околината. Исто така во исто време една кампања низ училиштата. Сигурно треба да има задоволни услови за фрлање одпад низ Мкаедонија не само Скопје па една ваква кампања да успее. 

"Clean Up Macedonia Day"

Еве еден пример од Австралија.
http://www.cleanup.com.au/au/
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 12-Sep-2008 at 19:45
Денес излегувајќи од школо приметив полицаец на дело како му пишува казна на човек. Претпоставувам беше во врска со овој закон.
другари од школо исто рекоа дека некоја жена која фрлила отпушок ја казниле со 20 или 30 евра, и тоа требало да уплати на уплатница ако добро разбрав.

Значи, законот почнал да функционира
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 22-Sep-2008 at 23:13

Старите телевизори и шпорети се исфрлаат во специјални контејнери

Кабастиот отпад може да се однесе и во рециклажниот центар на улица „Илинденска“

Сања Наумовска

Вчера беше изречена првата казна за фрлање на јавна површина. Скопјанец кој фрли догорче на паркинг во центарот на градот е казнет со 50 евра и е една од првите жртви на примената на новиот Закон за јавна чистота, кој предвидува глоба од 50 евра за фрлање отпад на јавна површина. Законот забранува и фрлање отпад од домот, како што е мебел, бела техника, градежен шут и слично во контејнери или, пак, на јавна површина, што се казнува со парична казна од 50 до 1.000 евра. Но, граѓаните се во недоумица каде и кога можат да се ослободат од непотребните работи од својот дом, а притоа да не го прекршат законот.

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ потсетува дека постојат неколку начини да се исфрли кабастиот отпад од дома. На дежурниот телефон на претпријатието 3216-644 секој граѓанин може да побара и да добие на располагање контејнер со зафатнина од 5 или 7 кубни метри. За тоа ќе треба да плати 1.500 денари. Ако има потреба контејнерот да стои на бараната локација подолго време, на пример додека се гради и руши куќа, цената е 3.900 денари.

Што се однесува, пак, за ситуации кога граѓаните имаат за фрлање мал дел од мебелот, како што се телевизор, столови или други ситници, тие можат да го однесат сами во рециклажниот центар на „Комунална хигиена“, кој се наоѓа на улицата „Илинденска“, зад бензинската пумпа на „Макпетрол“, и да го остават таму. Во „Комунална“ информираат дека на истиот начин се постапува и со градежниот шут, за кој, според законот, казните се многу високи и се движат од 50 до 4.000 евра. Граѓаните, освен нарачувањето контејнер од „Комунална хигиена“, имаат можност градежниот отпад самите да го однесат до „Дрисла“, каде што нема да им се наплати за депонирањето.

„Јавното претпријатие размислува и за други опции со кои ќе им излезе во пресрет на граѓаните во новата ситуација. Планирана е есенска акција, во која на повеќе локации низ општините ќе се поставуваат контејнери во кои граѓаните ќе можат да го исфрлат кабастиот отпад“, вели Југослава Поленак од „Комунална хигиена“. Таа објаснува дека претпријатието ја разгледува и можноста за формирање служба која на повик ќе доаѓа во домовите на граѓаните и за исфрлање помали делови од домаќинствата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0B6548F948176741BD23CAD174414881

Цените за контињерите се прилично дестимулативни. Па ја да сакам да купам нова машина за перење ќе ме кошта околу 10000 денари, а за да ја фрлам старата ќе треба да доплатам уште 1500! Апсолутно нелогично. Ова треба да биде бесплатно. Повеќе ми се исплати да чекам да се стемни и да ја фрлам покрај пруги у тоа змијарникот!



Edited by lslcrew - 22-Sep-2008 at 23:14
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 22-Sep-2008 at 23:31

Gluposti pa za toa e opshtinata kaj se videlo da plakash da frlish gjubre, pa tie stari shporeti,frizideri kolku luge gi zimaat za delovi i gi preprodavaat ova e sramota.


Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 22-Sep-2008 at 23:34
Originally posted by zabegan

Во Аеродром поставија нови канти за ѓубре, и тоа по една на секои пет метри од тебе, што поддржувам, кога веќе никој не сака да правам смет нека ми даде канта каде имам каде да го фрлам
патем за паркот, мнислам дека нема доволно канти, а кога ќе ги сретнам сите се полни (можда само така ми се погодуваат)


Podpuno te podrzhuvam so ovie kazni mora da ima i uslovi. Treba da ima korpi za gjubre i kontejneri na poveke mesta toa e tocno ne mozhe da te kaznat a da nema kaj da frlish gjubre. Isto taka na mnogu malku mesta nema toaleti, vo ohrid na primer po plazhite nemaat soblekuvalni,toaleti pa lugeto vo ezeroto se praznat, neka napravat uslovi posle ne po 50 po 100 evra neka gi kaznat ali barem lugeto da imaat moznost da go pocituvaat zakonot.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 23-Sep-2008 at 08:56
На здравје!!!

Паднаа првите казни за фрлено догорче



Автор:  Р.З.

Градските инспектори заедно со полицијата вчера казниле 12 граѓани за фрлање хартија и догорчиња на јавна површина. Тие спровеле акција во центарот на градот, во која биле опфатени паркот „Жена-борец“, плоштадот „Македонија“, Градскиот трговски центар, улицата Македонија, како и трговскиот центар „Беверли Хилс“.

Овие активности на комуналните инспектори се веднаш по стапувањето во сила на новиот закон за јавна чистота, според кој најниската глоба што треба да ја платат граѓаните за непочитување на одредбите изнесува 50, а највисоката 7.000 евра.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=190&ArticleID=7694

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 25-Sep-2008 at 22:38
Казнети тројца што дувале нос и плукале на улица


"Прв пат од нашето досегашно редовно работење имаме видливи резултати. Улиците се почисти, луѓето повеќе внимаваат каде го фрлаат отпадот, хигиената е на едно ниво", вели генералниот директор на скопска Комунална хигиена


Комуналците се презадоволни од ефектите што се добиени само пет дена по примената на Законот за јавна чистота. Првпат од нашето досегашно редовно работење имаме видливи резултати. Улиците се почисти, луѓето повеќе внимаваат каде го фрлаат отпадот, хигиената е на едно ниво, а македонската метропола изгледа почисто од порано - истакна генералниот директор на ЈП Комунална хигиена Скопје, Златко Димовски, на вчерашната седница на Групацијата за комунална хигиена. Тој рече дека ваквите резултати се добиени поради строгите санкции и високите парични глоби предвидени со новиот Закон. За добивање на уште поголеми и трајни ефекти, Димовски ја искажа потребата од што поголема и поинтензивна соработка меѓу јавните комунални претпријатија и локалните власти.
- Општините треба да ни помогнат за поставување на поголем број корпи за отпадоци или други садови, а се разбира неопходна е соработката на комуналните инспекциски служби и полицијата со нашата еко-патрола, додаде Димовски.

Од Секторот за односи со јавност на Владата информираат дека до вчера во 8 часот, во периодот од 24 часа констатирале 537 прекршоци, од кои 508 се платни налози, а 125 граѓани имаат казна општокорисна работа. Надлежните информираат дека казнетите биле главно полнолетни лица, 14 се малолетни, а изречена е и по една глоба на правно лице и на одговорно лице во правното лице. Од нив, 205 се изречени за фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал, градежен шут, 96 за фрлање и оставање на хартија, отпушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци, освен на местата определени за таа намена, а тројца граѓани се казнети поради плукање или секнење нос на јавни површини и за вршење на физиолошки потреби.

http://vecer.com.mk/?ItemID=16BEF30E1467414790DE26517509459F


Cheers Да се надеваме дека е вистина ова што го пишува во текстот!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 26-Sep-2008 at 11:11
Законот за јавна чистота не е применет во сите општини



Автор:  Бојана Стојчевска

И покрај тоа што Законот за јавна чистота е веќе петти ден во сила, од општинските власти во главниот град не е секаде спроведен. Во општините Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром е почната неговата примена и се издаваат казни додека во другите општини процедурата е во тек.

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ОПШТОКОРИСНА РАБОТА

Според информациите на Владата, на територијата на Скопје досега се поднесени 142 платни налози и 52 прекршочни пријави, а најчест прекршок што го прават граѓаните е фрлање и оставање хартија, догорчиња, мастики, амбалажи, земја, остатоци од растенија, песок и други отпадоци. Кај правните субјекти најмногубројните прекршоци се фрлањето и оставањето отпадоци од градежен материјал односно градежен шут.

Интересно е што досега сите казни им биле изречни на полнолетни граѓани, иако очекувањата беа дека младите ќе бидат главните прекршители на овој закон.

Рекордер по казнување е единствениот инспектор во општината Аеродром, кој досега санкционирал 26 физички лица, кои исто така ќе треба да платат глоба од по 50 евра.

Во општината Ѓорче Петров во моментов има тројца комунални инспектори, кои активно соработуваат со полицијата и тие досега изрекле десет казни, од кои осум на физички, а две на правни лица.

Во општината Карпош еден комунален инспектор, кој изрекол исто така десет казни од по 50 евра на полнолетни граѓани.

- Поголемиот дел казнети дојдоа во општинската зграда и побараа замена на паричната казна со општокорисна работа, односно да расчистуваат отпад, да уредуваат зелени површини и слично, но сè уште немаме одлучено дали ќе им се замени казната - изјавија од општината Карпош.

Во Бутел, пак, досега имаат поднесено 12 прекршочни пријави, и тоа четири за изградба на дива фекална канализација и осум за оставање отпад на непрописни места.

- Досега немаме напишано ниедна казна, затоа што тимот со комунални инспектори сè уште не ни е составен. Од пријавените лица добивме барање доколку е можно тие сами да ја санираат штетата. Дали прекршочните пријави ќе преминат во казни сè уште не е одлучено - изјавија општинските власти.

Градските власти досега имаат изречено 20 казни, кои во касата ќе слеат околу 1.000 евра.

ЗАКОНОТ НАБРГУ ЌЕ ГО СПРОВЕДАТ СИТЕ ОПШТИНИ

Во општините Чаир, Гази Баба и Кисела Вода сè уште не се применува, но набргу планираат да ги состават комуналните тимови што ќе дејствуваат на терен.

- Досега немаме изречено ниедна казна затоа што платните налози ги добивме денеска, а знаете дека без нив не можеме да го спроведуваме Законот. Но веќе од утре почнуваме со полна пареа да го спроведуваме Законот - изјавија од општината Кисела Вода.

Општинските власти во Центар беа единствените што не дадоа податоци за тоа дали и колку физички и правни лица се канети на територијата на општината.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=193&ArticleID=7951

Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 01-Oct-2008 at 18:13

ДЕСЕТ ДЕНА ПО АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ, ЃУБРЕТО ОД ТРЕВНИКОТ НА САМУИЛОВА НЕ Е ПОДИГНАТО


Џабе акции, Европејци од нас не бидува!


Законот за јавна чистота предвидува глоба од 2.000 до 3.000 евра за овластените правни лица кои нема да обезбедат редовно и квалитетно одржување на јавните површини, но досега не е казнета ниту една општина или јавно претпријатие


"Ѓубрето кое пред десетина дена сите заедно го чистевме и го собиравме на куп, никој не дојде да го подигне и сега е расфрлано на тревникот. Џабе се организираат масовни акции за чистење, џабе казни, џабе закони. Нам ништо не може да ни помогне за да го видиме Скопје, чисто. Центарот и натаму е преплавен со отпад, диви депонии има насекаде, и коњи и кози, крави, кучиња, а најмногу ги има овде, во околината на Калето - се пожалија жителите на улицата Самуилова. Тие минатата недела неколкупати ги потсетиле надлежните институции да дојдат само да ја довршат работата која некој друг им ја сработил но, иако ветувале никој не го собрал.

Оваа улица околу скопското Кале, навистина се дави од ѓубре. Искршени гранки, пластични шишиња, картонски кутии, весници, ќесиња и други отпадоци се расфрлани на дивата депонија на тревникот спроти новата Американска амбасада. Купишта отпад има околу контејнерите под Француските гробишта, а во непосредна близина на булеварот Никола Карев сеуште стои и депонијата за старо железо. Бувљакот кај полигонот на АМСМ, само ја дополнува грдата слика.
Надлежни за решавање на овој проблем има неколку институции. Една од нив е Општина Центар која уште следниот ден од акцијата "За почиста и европска Македонија" се пофали дека само за еден ден собрала 201 кубици шут и истиот го депонирала на Дризла. Потоа, ЈП Комунална хигиена од каде секојдневно не уверуваат дека редовно ги извршуваат задачите и чистат секаде, па дури и на локациите кои не се во нивна надлежност. И на крајот Паркови и зеленило, претпријатие кое е формирано за да ги одржува парковите и зеленилото во градов.

Новите одредби од Законот за јавна чистота, предвидуваат санкции и за одговорните институции, но досега не е казнета ниту една општина, ниту едно јавно претпријатие. Во законот е прецизирано доколку правното лице овластено од општината не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавните површини ќе се казни со глоба од 2.000 до 3.000 евра, а казни од 300 до 600 евра ќе заработи службеното лице во општината кое не поставило корпи за отпадоци. Ќе чекаат казни или ќе се фатат за метла?

Елизабета АРСОСКА
Фото:Д.АНДОНОВСКИ

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7F6F61D1EBF59147A3EE38CCD3398881
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 06-Oct-2008 at 08:00
Thumbs%20Up
 

високите казни за фрлање отпадоци Ја подобриЈа хигиената

Метлата спасува 50 евра

Новиот Закон за јавна чистота предвидува можност на замена на казната со вршење општокорисна работа, што е прифатено од граѓаните

Се' повеќе граѓаните што го прекршиле Законот за јавната чистота претпочитаат да фатат метла и да чистат отколку да платат 50 евра. Новиот закон предвидува можност на замена на казната со вршење општокорисна работа. Од скопските општини потврдуваат дека поголем дел скопјани што треба да платат глоба бараат да вршат општокорисна работа.

- Се нафатив да работам во паркот „Опатија“ бидејќи немам да платам 50 евра, а и не ми е срам од оваа работа бидејќи ме одмора. Токму овде ме фатија, во Градскиот парк, како фрлам догорче и ме казнија. Метам веќе трет ден, уште еден и ќе ја одработам казната. Забавно ми е и воопшто не е напорно. Ќе ми биде поука во иднина поинаку да се однесувам кон животната средина - вели Б.Р., студент на Филолошкиот факултет. Полицајци, комунални инспектори и редари во улога на комунални инспектори ловат несовесни граѓани што фрлаат догорчиња, хартија или друг отпад на јавна површина, наместо во контејнер или во сад за отпадоци.

- Би вршела општокорисна работа, зошто да не, секако немам можност да платам толкава сума. Јас сум екологист и сум имала можност да чистам паркови. Студирам биологија на Природно-математичкиот факултет. Јас лично го почитувам Законот за јавната чистота и се трудам да влијаам и на останатите граѓани така да се однесуваат - вели Јулијана Бежоска.

ИНСПЕКТОРИТЕ ВО АКЦИЈА

Во изминатите две недели, во Општина Центар за општокорисна работа се пријавија 19 лица. Од нив, 4 лица работат на чистење и на уредување на дворот на Општината, а останатите работат во општинските паркови, поточно на локациите парк „Опатија“ и Урбан парк. Само пет лица ги платиле налозите.

Слично е и во Општина Карпош, каде што за вакви прекршоци досега се изречени 35 казни, од кои само четири се платени.

- За собирањето смет им се плаќа 80 денари од час, а за метење јавни површини 50 денари од час. Тоа значи, за да отплатат казна од 50 евра, треба да одработат 5 до 7 дена за доброто на сите - велат од Општина Карпош. Оттаму објаснуваат дека надзорот го вршат полициски службеници, четири комунални редари и еден комунален инспектор. Во Ѓорче Петров, четворица казнети граѓани ја метат улицата на која живеат и им помагаат на општинските комуналци. Според Момо Николовски, портпарол во Општината, за непочитување на Законот за јавната чистота се изречени 10 казни, од кои осум на физички и две на правни лица.

Општина Кисела Вода досега казни 19-мина за непочитување на Законот за јавната чистота: за фрлање догорчиња, за паркирање возила на растојание помало од 10 метри од контејнер, за продажба на земјоделски и индустриски производи, фрлање хартија на места што не се определени за таа намена, оставање нерегистрирано хаварисано возило, како и за плукање на јавна површина. Според Славица Јовановска, комунален инспектор во Општината, четворица од казнетите граѓани се препратени до Градот, бидејќи се' уште немаат формирано сопствено јавно претпријатие. Од Градот велат дека поради административни пречки се' уште немаат вработено редари. Министерството за животна средина ќе набави и дополнителен број контејнери.

- Бев сведок кога мајка што хранеше дете фрли хартија, а кога ја опоменав, таа ми рече дека тоа не е моја грижа. Треба да бидеме упорни и да чистиме постојано, така ќе проработи чувството на грижа кај граѓаните. Кога шетав по една долга патека во парк во Лондон фрлив догорче, но кога видов дека 300 метри нема никаков отпадок, се вратив и го зедов моето догорче - вели Кирил Ларески.

ДОБРЕДОЈДЕНИ зА КОМУНАЛЦИТЕ

Ако граѓанинот сака да врши општокорисна работа, ги известува инспекторот и полицаецот, по што се упатува во одредено јавно претпријатие, каде што е под надзор. Општокорисната работа може да се изврши и во местото на живеење, независно каде е направен прекршокот. Во рок од еден месец се дава потврда на полицијата дека е платена казната или дека е одработена. Во спротивно, се упатува на суд, каде што казната може да е тројно поголема и не може да се замени со општокорисна работа. Ако се плати во рок од осум дена, казната се намалува за половина.

Од Министерството за транспорт и врски е утврден ценовник за еден час општокорисна работа. Прекршителите се упатуваат во градските јавни претпријатија. - Сите што сакаат да вршат општокорисна работа се добредојдени, бидејќи и така немаме доволно работна сила - вели Југослава Поленак, портпарол во „Комунална хигиена“.

ИНФО-Казнувањето во практиката

За собирање смет се плаќа 80 денари од час, а за метење - 50. За да се отплатат 50 евра, треба да се одработат 4 до 5 дена. Најчести прекршоци: фрлање догорчиња и хартија, паркирање возила покрај контејнер, продажба на земјоделски производи, оставање хаварисано возило, плукање... МВР на 1 октомври напишало 359 казни за само 24 часа во целата Република, од кои 136 биле подготвени на општокорисна работа. Најголемиот дел од прекршоците - 333, се однесуваат на јавни површини, а 26 се пред јавен објект.

Анела Петрова

 

dnevnik

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 26>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.