build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 25>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 24-Jan-2014 at 08:53
Originally posted by marko.kostoff

Државен инспекторат за градежништво и урбанизам - 023226183


Good luck.LOL
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 05-Feb-2014 at 13:56
Клинички центар Скопје





















фотографиите се преземени од off.net.mk

Edited by Џоле - 05-Feb-2014 at 13:57
За сè има вторпат
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 07-Feb-2014 at 23:17
So cute!
Traveling.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1855
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 14-Mar-2014 at 01:13

Подземни контејнери ќе има и во Аеродром, Кисела Вода и во Гази Баба

Вториот дел од проектот ќе чини 19,8 милиони денари, а ќе се реализира со средства од ЈП „Комунална хигиена“, Град Скопје и општините

БОЈАН ШАШЕВСКИ



Втората фаза од проектот за модернизирање на системот за одложување отпад предвидува 27 дополнителни контејнери за ПЕТ-амбалажи и мешан отпад. Подземни контејнери наскоро ќе користат и жителите на Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба. Низ секоја општина поединечно ќе се поставуваат по три платформи со по три контејнери. За проширување на системот, Советот на Град Скопје на наредната седница ќе треба да донесе одлука за субвенционирање на ЈП „Комунална хигиена“ со 2 милиона денари.

„Втората фаза од проектот ќе чини 19.800.000 денари, а ќе се реализира со средства од ЈП ’Комунална хигиена’, Градот и инволвираните општини. Една третина од средствата ќе дојдат од нашето претпријатие. Ние сме презадоволни од целиот проект, бидејќи се работи за најсофистициран систем кој веќе се применува во развиените земји и дава позитивни резултати“, велат од „Комунална хигиена“.

Иако генерално има позитивни искуствата, сепак, претпријатието уочило и недостатоци. Многу често има автомобили кои го блокираат патот до подземните контејнери, па затоа од Градот барале посебна сигнализација околу овие платформи.

„Подземните контејнери не се наменети за големите корисници како што се здравствени институции, клиники, фирми, маркети и слично. Со нив склучуваме договори за посебни, големи садови за одложување на отпадот, бидејќи во спротивно само ги задушуваат подземните контејнери кои се наменети за колективните домаќинства во урбаните станбени единици. Исто така, забележавме и дека има граѓани кои пробуваат да влезат во контејнерите. Веројатно сакаат да дојдат до пластични амбалажи за да ги препродаваат, но треба да знаат дека хидрауличните платформи се опасни и можат да ги смачкаат“, велат од „Комунална“.

Од претпријатието сметајќи дека недостатоците веќе се решаваат, а потенцираат и дека постои и таканаречена екопатрола, која надгледува и ги информира граѓаните за целиот систем. Тврдат дека постепено се губи сликата со расфрлано ѓубре околу контејнерите, дека не се шири ужасна миризба, а се крати и можноста за палење на сметот. Нема простор за индивидуални собирачи на шишиња.

Од Општина Кисела Вода информираат дека на Градот му понудиле три локации за подземни контејнери - на улицата „Димо Хаџи Димов“, на „Христо Татарчев“ во Расадник спроти градинката „8 Март“ и во населбата Драчево во паркот спроти објектот на поштата. Велат, ваквите проекти овозможуваат повисок степен на хигиена и естетско подобрување.

„Отпадот нема да биде расфрлен по улиците и ќе исчезнат непријатните мириси, а ќе се обезбеди и повеќе простор за пешаците на тротоарите. Секогаш имало несовесни граѓани кои ги уништуваат садовите за складирање на отпадот, но наша заедничка обврска е да едуцираме, да советуваме и да ја подигнуваме свеста за придобивките од правилното управување со отпадот“, велат од Кисела Вода.

Инаку, досега се поставени 17 контејнери во Центар и 2 во Чаир. Од „Комунална“ информираат дека празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што се употребуваат постојните возила на претпријатието кои се специјално надградени за оваа намена. Секој контејнер поединечно собира по три кубици, што значи дека еден таков заменува три класични лимени садови. Не се празнат истовремено и се овозможува селекција и прераспределба на собраниот шут.


http://www.utrinski.mk/?ItemID=782899CFC6E9C34E96FF1105461DA25F

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 15-May-2014 at 09:51
Нови мултифункционални корпи за ситен отпад во Охрид



http://www.ohridskikomunalec.com.mk/2014/novi-multifunkcionalni-korpi-za-siten-otpad-na-gradskiot-kej/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 22-May-2014 at 16:55
Се надевам дека ова ќе се одрази и на јавната чистота...

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ СЕ ПОДНОВИ СО 13 НОВИ СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА













Извор: фејсбук страницата на Град Скопје

Edited by Џоле - 22-May-2014 at 16:56
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 23-May-2014 at 16:01
Се чисти коритото на сушица во Кичево




Од ФБ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 23-May-2014 at 16:04
Овие речни корита со не многу голема инвестиција можат да станат убави шеталишта. Важи за сите градови во Македонија а пример е Штипското шеталиште.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 23-May-2014 at 16:19
Токму така мислев и јас пошто како што гледаш лево десно е за коли.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 23-May-2014 at 16:24
Па да потпорни ѕидови, кандалабри, по некое дрвце, клупи, супер би било. Единствено што мостовите пречат.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 23-May-2014 at 17:04
Ова чистење е по моја иницијатива,го застанав градоначалникот на улица и го замолив да исчистат и во подолниот дел на реката каде јас живеам(одма до градската болница).Се испрати екипа и прво кај нас го исчистија коритото од наноси,и чистејќи утепаа 2 змии.

Денес јас ја утепав и третата,а кој знае колки ги има пошто коритото беше повеќе време запоставено
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 23-May-2014 at 17:21
Originally posted by gjoko

Ова чистење е по моја иницијатива,го застанав градоначалникот на улица и го замолив да исчистат и во подолниот дел на реката каде јас живеам(одма до градската болница).Се испрати екипа и прво кај нас го исчистија коритото од наноси,и чистејќи утепаа 2 змии.

Денес јас ја утепав и третата,а кој знае колки ги има пошто коритото беше повеќе време запоставено


Ѓоко читам и не ми се верува дека толку едноставно поминала оваа акција. Од застанување на улица па до реализација.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 23-May-2014 at 19:08
E тоа ти се вика градоначалник.

Се плашев дека кичевци ќе си добијат градоначалник каков што има Чаир или Куманово, но човекот демантира со конкретни дела.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1855
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 23-May-2014 at 23:35
Алал да му е градоначалникот и на тебе Ѓоко ,се надевам дека вакви едноставни работи ќе се реализираат постојано во Кичево, но и дека останатите градови ќе земат пример.

Инаку пример за убаво корито може да биде и коритото на Луда Мара во Кавадарци (мислам дека на таа река беше).
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 24-May-2014 at 00:26
кај нас проблемот беше што сите градоначалници до сега го чистеа кејот само до мостот кај градската болница,а покрај болницата надолу се до сливот не се чешкаше со години.

41.509927,20.961739

иако досегашниот градоначалник ми е пријател(сум кажал дека јас го наследив неговото поранешно работно место кога тој замина во политика),за чистење на кејот некако не му се слушаше.

значи реката минува покрај самата болница,а баш им беше гајле .да се направи дувло на змии е срамно за еден град
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 20-Aug-2014 at 11:24
Со големо жалење ќе потврдам дека речиси сето она што е наведено во статијата е точно. Има и фотографии, од кои некои се со лоша резолуција, но сепак ќе сфатите за што станува збор. Патем, денес поминав низ чаирскиот парк - и сликата беше поразителна. Тоа веќе не е парк, тоа е депонија. Да потсетам само дека официјално чаирскиот парк е најстариот парк во Скопје.

Чаир се „дави“ во ѓубре, а урбан хаос поддржан од влатите го „јаде“ зеленилото

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=22&vest=16239
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11812
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 20-Aug-2014 at 11:52
А кога сме веќе кај јавната чистота, и Матка ја упропастивме поради нашата неодговорност... И после ќе сме развивале туризам.

ГАЛЕРИЈА Од дневникот на Матка







Повеќе на http://www.plusinfo.mk/vest/148150/GALERIJA-Od-dnevnikot-na-Matka
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 17-Oct-2014 at 12:50
ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО АЕРОДРОМ, KИСЕЛА ВОДА И ВО ГАЗИ БАБА



По општините Центар и Чаир, подземни контејнери ќе се постават и на териториите на Аеродром, Kисела Вода и Гази Баба. Јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ склучи договор за набавка на овие подземни контејнери со фабриката „Kарпош“, вреден 23 милиони денари, односно 371 илјада евра.

- Се работи за вкупно 27 контејнери. Секоја општина ќе добие по 3 контејнери на три локации, односно во секоја ќе има по 9 подземни контејнери. Еден од контејнерите ќе биде за ПЕТ-амбалажа, а останатите два за мешан комунален отпад - информира Ана-Марија Бранѓолица, портпарол во „Kомунална хигиена“.

Една третина од вкупниот износ на инвестицијата ќе ја плати претпријатието, една третина Градот, а остатокот го плаќаат општините. Според договорот, фабриката „Kарпош“ има рок од една година да ги постави подземните садови за отпад.

Бранѓолица вели дека за поставување подземни контејнери постои интерес и кај другите општини, а целта на претпријатието е овој проект да прошири на територијата на целиот град.

Во Центар се поставени 46 контејнери на 14 локации, а четири контејнери на една локација има и Чаир. Подземните контејнери се со зафатнина од 3 кубни метри.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=28696B55EF7DB544BB0ACBD705FE87FF
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 21-Oct-2014 at 15:57
ПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска /21.10.2014 година/ го промовираа системот за поставување подземни контејнери за одлагање комунален   отпад на ул. Христо Татарчев, општина Кисела Вода.

- Денеска почнаа градежните работи за инсталирање систем за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Кисела Вода, што е дел од втората фаза на проектот за поставување Систем за подземни контејнери. Во рамките на оваа фаза ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микро-локации, односно по три контејнери на три-микролокации во секоја од општините: Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. На 3 локации во општината Кисела Вода ќе се поставуваат вкупно 9 подземни контејнери, од фирмата АТРИКОТ од Република Словенија. На секоја локација ќе се постават по 2 контејнера за мешан отпад и еден за ПЕТ амбалажа. Системот кој ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите, oдносно за нивно празнење, е на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. За реализација на овој значаен проект се издвоени вкупно 6,6 милиони денари, од кои секоја од трите вклучени страни издвојува по 2,2 милиони денари, односно подеднакво инвестираат Градот Скопје, општината Кисела Вода и ЈП„Комунална хигиена“. Со овој проектот за поставување подземни контејнери во првата фаза беа опфатени општините Центар и Чаир, со втората фаза уште 3 општини, но ние планираме оваа активност да се прошири и во другите скопски општини – истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи ги информира присутните дека овој систем за складирање отпад е малку посовремен од претходниот, односно е сменет дизајнот на надворешните кутии и има поголема заштита на контејнерот за ПЕТ амбалажа.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ истакна дека поставувањето на подземните контејнери ќе придонесе за поголема хигиена во општината, бидејќи нема можноста за негово разнесување во околината, што е од големо значење затоа што првата локација каде што ќе се поставуваат контејнерите е спроти градинка.

Подземните контејнери имаат зафатнина од 3 кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата.

Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, коишто се специјално надградени за оваа намена.

Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина.

Рокот за поставување на подземните контејнери е околу 60 дена





http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6888&mid=482&tabId=1
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 23-Oct-2014 at 13:23
Низ цел град ќе има подземни контејнери

Општинските власти, заедно со градот и со комуналното претпријатие, ја продолжуваат втората фаза од проектот, која, освен во Кисела Вода, ќе се спроведува и во Аеродром и во Гази Баба.



Продолжуваат инвестициите за решавање на проблемите со отпадот
Поставувањето на подземните контејнери низ градските општини беше најавено уште во 2012 година, како решение за расфрланото ѓубре што ги задушуваше скопските улици. Првите контејнери беа поставени во 2013 година, во општините Центар и Чаир, а сега властите одлучија да го прошират проектот и на територија на општината Кисела Вода. Граѓаните релативно позитивно реагираа на подземните контејнери, иако дел од нив ги уништуваа, шараа, но и влегуваа во нив за да ги соберат пластичните амбалажи за да ги продадат како стара пластика.

Акција во Кисела Вода

Во општината Кисела Вода вчера беше промовиран системот за поставување подземни контејнери за одложување комунален отпад. Со почнувањето на градежите работи ќе му се стави крај на ѓубрето што од разни причини завршуваше на тротоарите и на улиците, сметаат од оваа општина. Граѓаните досега постојано се соочуваа со расфрлани отпадоци, а најголем проблем предизвикуваа вандалите, кои намерно ги кршеа садовите за отпад, па немаше каде да се фрла ѓубрето. За 60 дена жителите на Кисела Вода ќе добијат нов, современ систем за фрлање ѓубре. Општинските власти, заедно со градот и со комуналното претпријатие, ја продолжија втората фаза од проектот, која, освен во Кисела Вода, ќе се спроведува и во Аеродром и во Гази Баба. Од општината велат дека подземни контејнери ќе бидат поставени на три локации.
- Одредивме три локации на кои ќе бидат поставени подземните контејнери. Првата е оваа од каде што симболично почнува овој проект, т.е. улицата Христо Татарчев, во Расадник. Се работи за доста фреквентна локација, во непосредна близина има градинка и големи станбени единици, па и потребите беа поголеми. Втората локација на која ќе се постават подземните контејнери е улицата Димо Хаџи Димов, и третата, во Драчево, на улицата Јанко Мишиќ - истакна градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.
Според неа, предноста на овој начин на собирање на отпадот е повеќекратна, особено ако се има предвид фактот што еден ваков подземен контејнер според капацитетот заменува три од постојните контејнери што се во употреба, па се постигнува повисок степен на хигиена и избегнување на непријатната миризба, која често е присутна во близината на контејнерите.

Поставувањето ќе продолжи

Градските власти што во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и општините пред повеќе од една година го почнаа овој проект велат дека подземни контејнери ќе бидат поставени во сите скопски општини и нагласуваат дека сега почнува втората фаза од проектот.
- Во рамките на оваа фаза ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микролокации, односно по три контејнери на три микролокации во секоја од општините: Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. На три локации во општината Кисела Вода ќе се поставуваат вкупно девет подземни контејнери, од фирмата „Атрикот“ од Република Словенија. На секоја локација ќе се постават по два контејнера за мешан отпад и еден за ПЕТ-амбалажа. Системот што ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите, oдносно за нивно празнење, е на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. За реализација на овој значаен проект се издвоени вкупно 6,6 милиони денари, од кои секоја од трите вклучени страни издвојува по 2,2 милиони денари, односно еднакво инвестираат градот, општината Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“. Со овој проектот за поставување подземни контејнери во првата фаза беа опфатени општините Центар и Чаир, со втората фаза уште три општини, но ние планираме оваа активност да се прошири и во другите скопски општини - истакна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, на промоцијата истакна дека овој систем за складирање отпад е малку посовремен од претходниот, односно дека е сменет дизајнот на надворешните кутии и има поголема заштита на контејнерот за ПЕТ-амбалажа.
Подземните контејнери имаат зафатнина од три кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на комуналното претпријатие, кои се специјално надградени за оваа намена.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1022141136516&id=14&prilog=0&setIzdanie=23304
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 25>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.217 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.