build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 29-Mar-2018 at 13:19
Низ Аеродром-превземено од фб











Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11706
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 06-Apr-2018 at 10:12
Не можев да најдам соодветна тема, па тука нека стои оваа вест - нови јавни тоалети во Белград. Досега се поставени четири, веројатно наскоро ќе се постават уште.











http://www.almaquattro.rs/2018/03/20/novi-javni-toaleti-u-beogradu/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 17-Apr-2018 at 11:59
Во Карпош-превземено од фб

Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 17-Apr-2018 at 17:02
Sto ubavo vaka.. nova fasada a do nea i novo kupiste gjubre... ova e dobar primer na toa ako smestis govedo od stala vo palata, pak ke si bide govedo... 
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 302
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 16-May-2018 at 22:39
Градот е преполн со ѓубре. Не знам што е толку тешко да се чисти ако не секој ден барем преку еден.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11706
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 21-Aug-2018 at 18:55
Република Депонија

Ѓубре, отпад и смет насекаде, Македонија е претворена во дива депонија!

август 21, 2018

Македонија тоне во енормно количество ѓубре, расфрлено и депонирано буквално насекаде. Ова е делот околу Визбегово. Дивите депонии се регистрирани од Инспекторатот за животна средина, на повик на совесни граѓани.



Но, од инспекторатот не кажуваат што ќе преземат, туку само кусо информираат дека излегле на терен по пријава, фотографирале и најавуваат дека трагаат по сторителите?! Дали ќе се преземат конкретни мерки за чистење, предупредување на околните жители и нивно казнување за да не се повтори ова, не кажуваат.

Ова е туристичкиот центар Попова Шапка, во лето. Снег нема , па се гледа целата човечка беда и некултура, и сета негрижа на локалната самоуправа.

Секој фрла каде ќе му текне и никој за тоа не одговара , ниту пак е санкциониран.



Подолу крај патот кон Тетово, пред неколку години уреденото излетничко место со корпи за отпадоци и клупи, е прекриено со смет, во срцето на планината:



Но, за оваа планина, не се само проблем ѓубрето и дивите депонии кои ги има буквално насекаде и во секое планинско село, туку и дивоградбите, сечењето на шумата и узурпацијата на јавен простор. По патот кон Шапка може да се забележат многу пробиени диви патеки за да поминуваат камионите со бесправно исечена шума, околчени и омеѓени големи пространства, на кои потоа никнуваат хациенди надвиснати над планината, како да паднале од небо. На еден од свиоците, некој си направил куќа, ја оградил и истакнал албанско знаме.

Викенд населбата на Попова Шапка е претворена во градилиште. Џамијата се гради бесправно. Куќите стануваат станбени згради, инфраструктурата пропаѓа…



Надлежните институции, почнувајќи од локалните самопуправи, градоначалниците, комуналните претпријатија, па сѐ до Македонија пат која е задолжена за чистењето на патиштата, односно покрај нив, не е доволно да се каже дека потфрлија, туку едноставно не знаат и не си ја вршат работата за која се одговорни. И никој не ги повикува на одговорност, туку без мува да ги лази, си ги тераат своите функционерски мандати. И не само тоа, туку ги ротираат од еден ресор во друг, од една институција во друга. Резултати со минусно салдо, негативни, не се ниту на 0, на мртва точка, туку се штетни за државата, општеството и граѓаните.

Скопје како никогаш досега е валкано и неисчистено. Неодамна група волонтери, на иницијатива на Ирена Ристиќ, го исчистија ѓубрето кај Пошта 2, а камиончиња на општина Центар , ги собраа црните вреќи и никому ништо. Молк.



Си продолжија по старо. Негрижа и некултура насекаде.



Фотелја крај контејнер во Аеродром. Одложувањето на кабастиот отпад, проблем кој не се решава и не се санкционира.



Исто е покрај сите сообраќајници низ целата држава. Од околните села и населени места, буквално сѐ се исфрла покрај патиштата.



Глетките покрај патот од Скопје до Охрид, главниот автопат Табановце Гевгелија, да не зборуваме за регионалните патишта се срам за цела држава, за институциите, а најмногу за луѓето кои фрлаат и немаат основна култура на живеење.

Но, тие ја користат неспособноста и неефикасноста на заспаните градоначалници и на другите раководители во надлежните државни институции, кои повеќе сакаат да седат по кабинети и да се фотографираат насмеани со високите гости што им доаѓаат, отколку да ја исчистат државата од сметот, ѓубрето и дивите депонии. И да воспостават ред и поредок. Да ги спроведуваат законите што постојат. Да казнуваат за фрлање отпадоци на улица, да ги гонат одложувачите на смет кои создаваат диви депонии, да имаат редовни инспекциски контроли, да ги зајакнат капацитетите на сите нивоа и ова да биде принцип од кој нема отстапување. Систем кој функционира. И кој во иднина ќе им донесе доверба кај гласачите и гласови. Инаку-нема.

Исто така, освен Дрисла, Македонија практично нема ниту една регуларна депонија. Сите други се диви и ако тргнете било каде, еве на пример кон Крива Паланка, ќе видите дека целиот смет од градот и околината се фрла покрај патот во бездна, која сега е претворена во вештачка планина од ѓубре.

Тоа е релната и тажна слика на Република Македонија на полето на (не)хигиената.

Апсолутно алармантно и неприфатливо! Нешто што треба да се казни со граѓанска непослушност и масовни протести во иднина, доколку некој не седне и не сфати дека мора итно и квалитетно да се реши овој проблем.Вчера, а не утре.

Емилија Лазаревска

https://ako.mk/%D1%93%D1%83%D0%B1%D1%80%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B0%D0%B4-%D0%B8-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98/



Edited by Џоле - 21-Aug-2018 at 18:58
За сè има вторпат
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 254
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 22-Aug-2018 at 09:33
[QUOTE=Џоле] Република Депонија

Ѓубре, отпад и смет насекаде, Македонија е претворена во дива депонија!

август 21, 2018

Македонија тоне во енормно количество ѓубре, расфрлено и депонирано буквално насекаде. Ова е делот околу Визбегово. Дивите депонии се регистрирани од Инспекторатот за животна средина, на повик на совесни граѓани.



Но, од инспекторатот не кажуваат што ќе преземат, туку само кусо информираат дека излегле на терен по пријава, фотографирале и најавуваат дека трагаат по сторителите?! Дали ќе се преземат конкретни мерки за чистење, предупредување на околните жители и нивно казнување за да не се повтори ова, не кажуваат.

Конкретно би сакал да елаборирам на делов со Визбегово. Имено, објавата на страната на Инспекторатот на Град Скопје е по моја иницијатива и неколкукратно пријавување. Неколку седмици наназад околу 2 по полноќ почнува да се шири ужасна миризба во Визбегово при што јас не знам дали е од некоја фабрика или пак запалена депонија. Случајот, како што напоменав, неколку пати го пријавив во Инспекторатот и им предочив дека можеби е од дивата депонија за која имам видео запис како гори. Уште поинтересно е тоа што таа дива депонија ја создава КХС бидејќи го одложува ѓубрето таму. Од Град Скопје потврдуваат дека е дива. Ете, вистина испратија инспекција но на крај 'се се сведува само на една објава на фб и неколку портали. Дали ќе има разрешница, не знам, иако се надевам, но јас имам изгубено комплетна доверба во институциите. Не во последнава година, да не бидам погрешно сфатен ами со години наназад. Можам да констатирам дека на нашиве простори живеат монструми а не луѓе кои свесно ја уништуваат природата околу нас.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 26-Aug-2018 at 14:55
Од фб
Локациите се поред кеј кон Карпош и околу СЦ Борис Трајковски и аквапаркот









Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1633
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 27-Aug-2018 at 08:08
Одсекогаш имало диви депонии. Пак ќе кажам проблемот е цивилиѕациски. Живееме со голем број на луѓе кои се цивилиѕациски заостанати и тоа е непоправливо во наш животен век.
Ова власта не треба да го игнорира срамејќи се да не навреди некој. Ѕа ова треба постојано да се реагира. Имаме пренатрупана администрација може да ја организираат и некој постојано да надгледува.
На крја краева постојат дронови денес, на неделна баѕа може да прават надгледување и чистење.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 13-Sep-2018 at 18:07
На паркингот кај Транспортен(фотките се од фб)







И ова е во Мичурин на ул.Симеон Кавракиров



Патем на неколку места низ градов приметувам дека се поставени нови контејнери ама џабе пак капаците се отворени,контејнерите преполни...А незнам зошто во последно време од камионите што ги празнат се повеќе и повеќе се цеди од ѓубрето и остануваат флеки по речиси сите улици што создава ужасна миризба.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11706
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 13-Sep-2018 at 18:24


За паркиралиштето кај Транспортен центар - тука веќе подолго време живеат неколку ромски семејства, велосипедската патека, на пример, е полна со ѓубре што го фрлаат одозгора, затоа не би се зачудил дека и другово ѓубре доаѓа од нив, иако не исклучувам да е дело на несовесни граѓани со кои градов е полн (а и државава исто така). Тоа што никој не го одржува тој простор е веќе друго прашање.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 18-Sep-2018 at 16:10
Незнам што се случува во последно време ама нема контејнер околу кој не е расфрлан отпад,изнесени се цели гарнитури кои скапуваат со месеци,колку и да има акции за чистење и собирање пак неможе да се постигне.Еве во продолжение низа фотки од фб за "чистотата низ централното градско подрачје" за периферијата подобро и да не зборуваме.













А имаме и модерни системи за наводнување,погодно за одгледување ориз во секој случај

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11706
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 19-Sep-2018 at 15:29
Не знам колку е точно, но според некои информации што проструија на интернет, Комунална хигиена има околу 5.000 вработени. Изгледа дека 95% од нив си го дрват ташакот, да ми извините на изразот, а само 5% работат нешто. Прошетајте низ градов, ќе ме разберете на што мислам. А Скопје е посебно нечист за време на викенди, кога и тие 5% не работат.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 23-Sep-2018 at 12:34
На потегот меѓу СЦБТ и Систина,честопати се спалува овој насобран отпад и е една од причините за загадениот воздух во Карпош(од фб)





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11706
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 24-Sep-2018 at 16:37
Конечно една добра вест по подолго време!

„КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГО ПРЕЗЕМА ЧИСТЕЊЕТО И СОБИРАЊЕТО ЃУБРЕ ВО САРАЈ И МАТКА

Од први октомври ЈП „Комунална хигиена“ ќе го собира ѓубрето и ќе ги чисти општина Сарај и Матка. Станува збор за површина од 18.000 метри квадратни во која спаѓаат населените места Љубин, Сарај, Крушопек, Лока, Грчец, Кондово, Шишево, Глумово, Долна Матка, Рашче, Арнакија.

Град Скопје преку неговото јавно претпријатие го презема и овој дел од градот кој досега го чистеше општинското претпријатие бидејќи имало голем број забелешки за чистотата.

„Одлуката за проширување на територијата за дејствување ја донесовме со една единствена цел, зголемување на нивото на чистотата и хигиената на градот на што поголем дел од територијата на град Скопје. Работиме да собереме податоци колку индивидуални домаќинства има да им дадеме канти за ѓубре за да не го носат ѓубрето во контејнерите“, рече директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети кажа дека општинското комунално претпријатие ќе продолжи со подигнување на сметот во другите населени места и за прв во општина Сарај ќе се собира ѓубрето на целата територија.

Покрај тоа што „Комунална хигиена“ ќе го чисти Сарај, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе биде ангажирано во одржување на зеленилото.

Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека и покрај проширување на територијата на работа тие ќе имаа капацитети да интервенираат бидејќи наскоро ќе биде распишан тендер за набавка на нови камиони и контејнери, а дотогаш ќе добијат дел од механизацијата со која располага општинското претпријатие.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/komunalna-higiena-go-prezema-chisteneto-sobiraneto-gubre-vo-saraj-matka/
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 191
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 25-Sep-2018 at 10:09
Го исчистија центарот на градот, па сега и пошироко ќе чистат... нека зафатат и накај Тетово и Куманово
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 22-Oct-2018 at 16:59
Низ Центар и Гази Баба(од фб) не дека на други места е почисто.Незнам дали има недостиг од камиони за празнење на сметот или...





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 05-Nov-2018 at 07:49
Во Гази Баба(од фб)





Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.