build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 262728
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 10-Jun-2020 at 15:43
ШИЛЕГОВ: НОВИ ПОЛУПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ СЕ ТЕСТИРААТ ВО КАРПОШ 3

Град Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска одржаа прес-конференција на улицата „Никола Русински“ во Карпош 3 каде што се поставени полуподземни контејнери.

- Станува збор за полуподземни контејнери со капацитет од 3 до 5 кубни метри од реномираниот фински производител Molok Ltd. кој преку своите локални партнери покрена иницијатива за тестирање на овие контејнери во Скопје. За таа цел на ул. Никола Русински, зад ТЦ Лептокарија во Карпош, поставени се 6 вакви контејнери, од кои 2 се со капацитет од 3 кубни метри, а 4 се со капацитет од 5 кубни метри. Овие контејнери имаат извесни предности во однос на другите видови од кои може да се издвојат заради поголемиот капацитет, мал надземен дел, побрзо празнење, можност за заклучување и поголем век на експлоатација – рече Шилегов.

Тој додаде дека овој пилот проектот ја дава и можност за селектирање на отпад и граѓаните покрај селекцијата на комуналниот отпад ќе можат да селектираат и електронски и кабаст отпад.

- Во неколку месечниот тест период во рамките на овој пилот проект ќе ги согледаме сите предности и предизвици од користењето на овие садови за отпад од домаќинствата, по што ќе бидат направени внимателни анализи за исплатливоста на инвестирањето во вакви контејнери барем за оние делови од градот каде што просторните услови тоа го дозволуваат. Граѓаните веќе ги чувствуваат промените со новиот концепт на третманот на комуналниот отпад во Град Скопје. Промените се видливи и мерливи. Градските улици се почисти, сменети се голем дел од садовите за комунален отпад и нивното празнење е сега побрзо и поефикасно, во тек се повеќе активни кампањи за услугите за подигање кабаст отпад и бесплатното подигање на стрништата и отпадот после берба на земјоделските производи. Тоа значи дека се движиме во правилна насока и доколку сите заедно се погрижиме, за релативно кратко време ќе имаме неколкукратно почист град од она што сме навикнале да го гледаме до неодамна – кажа Шилегов.

Шилегов денеска уште еднаш упати апел граѓаните прописно да го фрлаат отпадот од домаќинствата користејќи ги садовите исклучиво во согласност со нивната намена и да го фрлаат отпадот во пропишаното време, односно од 19 до 22 часот навечер, во затворени пластични кеси, не оставајќи храна и облека надвор од контејнерите и слично.

- Епидемијата на коронавирусот не потсети сите, како граѓани, дека мораме да се грижиме за личната хигиена, хигиената во нашите домови, но и надвор од нашите домови на ист начин, со цел сите заедно да ги користиме придобивките кои ги нуди живеењето во еколошки чистата животна средина – порача Шилегов.













https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 20-Jun-2020 at 12:57

od fb.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 10-Jul-2020 at 10:51
Потегот меѓу напуштената зграда спроти Вип Хотел и МРТВ тотално запуштен и полн со отпад,дивонаселени семејства,импровизирани живеалишта,спалување отпад...











https://www.facebook.com/groups/883203825068334/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 13-Jul-2020 at 16:29
Излетничките места околу Скопје секој викенд се претвораат во депонии



Ова е сликата по викендoт на едно од омилените излетнички места на скопјани, Марков манастир.

Пластички шишиња, чинии, лимеки, кеси... Наместо во контејнер на скопјани полесно им ѓубрето да го фрлат на земја.

Мештаните велат дека сликата е ваква после секој викенд, особено во лето кога голем број граѓани викендите ги поминуваат на пикник покрај Маркова Река. Дел од ова ѓубре не останува на едно место бидејќи кучињата скитници, но и добитокот знаат да го разнесат наоколу.

-Цело лето кога ќе дојдеш, има ѓубре. Го земаат со камион и го носат ама многу е доцна и секогаш има ѓубре. Многу доцна, по месец два, вели Даут Идриз, локален жител.

Од општина Студеничани велат дека веќе е испратена екипа која ќе го исчисти ѓубрето.

-Во Маркова Сушица имаме поставен голем контејнер каде редовно се подигнува ѓубрето кое се собира и се носи во депонијата Дрисла. Секои две недели организираме собирање на сметот што се остава од луѓето кои одат на пикник, велат од општина Студеничани.

Ѓубрето кое несовесните граѓани го оставаат на земја им прави проблем и на локалните сточари. Често пати се случува добитокот да се затруе од пластиката.

https://sitel.com.mk/izletnichkite-mesta-okolu-skopje-sekoj-vikend-se-pretvoraat-vo-deponii
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 23-Jul-2020 at 11:41
СЕ ЧИСТИ СЕВЕРНАТА СТРАНА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР
Екипи на градските јавни претпријатија континуирано работат на терен на чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром.
Оваа акција која започна минатиот месец, Град Скопје ја реализира во соработка со УНДП, кои помагаат со поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад кои недостасуваат од оваа страна на реката.
Оваа запоставена страна од кејот на Вардар, наскоро ќе стане нов добро уреден јавен простор.









https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 01-Aug-2020 at 09:16
Низ Охрид(твитер)









Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 04-Aug-2020 at 13:01
ФОТОВЕСТ: Цело Скопје е со депонии, алишта, кревети, фотелји




Горе-долу во речиси сите скопски населби граѓаните објавуваат на Фејсбук фотографии од депонии што ги направиле некои нивни соседи.
– Цело Скопје е со депонии, расфрлани алишта, кревети, фотелји, на нередот му нема крај. Самите сме виновни, да живееш во својот град и да фрлаш во својот град….само казни и патроли, волонтери, а за награда ваучери за ЈСП, кино, храна – коментира Слаѓана Танчева.

Лиле Живковиќ објави фотографии од расфрлано ѓубре околу контејнерите пред зграда на улица „ 16. Македонска бригада“ (спроти стадионот на Металург).



– Секој коментар е непотребен. Ова ѓубре е расфрлано и вака стои со денови. Со оглед на ниската свест, немањето совест, високиот примитивизам, безобразлук, простотилак… веројатно треба контејнерите да бидат под видеонадзор и под итно да се пропишат строги казни, па можеби и ќе се решат овие проблеми. За жал, ова е слика скоро околу сите контејнери, Имаат ли надлежните идеја, план, стратегија… или само фотелјите ги интересираат – прашува таа.

https://www.vecer.press/фотовест-цело-скопје-е-со-депонии-алиш/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 262728

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.