build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7418
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 24-Oct-2020 at 17:38

ова се најглупите контејнери во историјата на контејнерите... блокираат цели пешачки/велосипедски патеки
не дека претходно беше поразлично, ама наместо да се донесе решение за соодветни локации за контејнери, они само го забетонираа проблемот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 24-Oct-2020 at 20:59
Точно е дека се масивни и дека зафаќаат доста простор но позитивно што би издвоил е дека се нови,чисти,со капаци и се празнат на начин кој не бара ангажирање работници да се мачат да тегнат смрдливи метални контејнери и да висат отпозади на камиони скапаници од кои пола од ѓубрето истекува под пресата.Што се однесува до поставеноста нека осмислат некој соодветен начин но неспорно е дека ќе зафаќаат јавен простор повеќе или помалку. Тротоарите секако во над 50% од случаите се непроодни што од паркирани возила,од билборди и што уште не така да тој проблем долго ќе го имаме. Добро е да се сочуваат новиве контејнери да не се кршат и спалуваат бидејќи се дефинитивно подобро решение од оние металните.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 24-Oct-2020 at 21:32
Да се надоврзам на муабетов. Пример, нели се бунеа за контејнерите на Партизанска, и само ептен малце ставија асфалт (колку да биде некоја шминка), всушност, се' уште не е решен проблемот. Треба убаво велосипедската патека да ги заобиколува контејнерите, а реално, не е толку тешко да се среди. Сега да ги заобиколиш, треба со огромно внимание за да не паднеш од точак.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1019
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 24-Oct-2020 at 22:09

Само да дополнам, не, не ставија малку асфалт, туку ставија жолта лента бидејќи било „привремено“ решение.

Најголем дел од тие контејнери на Партизанска може да бидат ставени на сервисните улички на посебно предвидени места. Нигде во град во Европа нема контејнери по самите главни булевари, ама тоа е, требаше да помине изгледа тендер за камиони и за контејнери.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 24-Oct-2020 at 23:06
Има на одредени места како малце асфалт ставено.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7418
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 26-Oct-2020 at 00:51
Originally posted by ehrlich


Само да дополнам, не, не ставија малку асфалт, туку ставија жолта лента бидејќи било „привремено“ решение.

Најголем дел од тие контејнери на Партизанска може да бидат ставени на сервисните улички на посебно предвидени места. Нигде во град во Европа нема контејнери по самите главни булевари, ама тоа е, требаше да помине изгледа тендер за камиони и за контејнери.
ова сакав да го кажам и јас, проблемот е глобален
дури и да го прилагодиле времето на работа во согласност со сообраќајниот метеж, пак не е ок како трајно решение
не мора контејнерите и камионите да се масивни, доволно е да се во поголем број и да имаат соодветно место во близина на зградите за кои служат... некаде ќе мора да се импровизира, ама барем да се намали штетата... ем на граѓаните да им се подостапни контејнерите, ем да не се гломазни и тешки за празнење
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 26-Oct-2020 at 12:55
Честа појава на ул.Прашка во Тафталиџе



https://www.facebook.com/groups/883203825068334
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4791
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 14-Nov-2020 at 10:55
Одамна беше ред за нешто вакво! Не ни е рамна ни земја од третиот свет за ова со најлонските кеси.


Иницијатива за забрана на пластични кеси


Група еколошки активисти формираа Иницијатива за забрана на пластични кеси. Екологистите поддржувачи на Иницијативата бараат од надлежните без одлагање да донесат законска одредба за забрана на пластичните кеси за пазарење и да воведат нови, вистински биоразградливи, според европските стандарди, а истовремено, кај потрошувачите да се поттикне создавањето навика за користење на платнени торби за повеќекратна употреба.

– Забраната на дел од пластичните кеси е мерка за која сегашната Влада изрази намера да ја реализира. Забраната ќе се однесува на пластичните кеси што не се биоразградливи, додека во промет би продолжиле да се пуштаат биоразградливи пластични кеси при што нивната цена би се зголемила на 10 денари, велат од Иницијативата.

– Јануари се ближи, а овие мерки не се спроведени. Не само што новиот закон не е усвоен, туку е уште една фаза поназад, односно не е ни испратен до Собранието на усвојување. Новиот состав на Собранието веќе е конституиран, новата Влада е избрана и веќе работи. И покрај неопходните итни мерки што треба да се преземат во однос на пандемијата со ковид-19, сметаме дека е неоправдано во недоглед да се одолговлекува забраната на пластичните кеси која беше најавена за 1 јануари 2021 година, наведуваат од Иницијатива за забрана на пластични кеси.

Посочуваат дека во меѓувреме, количеството пластични кеси останува екстремно високо. Според некои податоци, кај нас секоја година се користат половина милијарда пластични кеси. Откако еднократно ќе се искористат, тие завршуваат на депониите, каде што се горат, при што го загадуваат ионака загадениот воздух, или се фрлаат по улиците. Така, не само што ја нагрдуваат нашата околина, туку и често завршуваат во водните текови каде што го трујат живиот свет што ги консумира, мешајќи ги за храна, нарушувајќи го синџирот на исхрана што несомнено се одразува и на квалитетот на живот.

– Се може без пластични кеси! Бараме од Владата под итно да го заврши она што го најави. Бараме во промет да се пуштаат единствено биоразградливи пластични кеси за пазарење, кои ќе ги исполнуваат еколошките стандарди, се вели во во соопштението од Иницијатива за забрана на пластични кеси.


https://a1on.mk/macedonia/inicijativa-za-zabrana-na-plastichni-kesi/

Edited by гитардемон - 14-Nov-2020 at 10:56
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 18-Nov-2020 at 10:38
Упорно,секое сабајле по ул.Симеон Кавракиров во Мичурин,барем малце вода да прсеа да не се угушиме



https://www.facebook.com/dmiteski/videos/10224882810286654/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.