build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 26>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 04-Oct-2013 at 19:12
Со соодветна механизација, по налог на Локалната самоуправа, денеска екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ го уредуваат просторот кај поранешната зграда на МРТВ.


http://media.ohridnews.com/vesti/2013/10/04/60663/4.jpg

Просторот за кој неодамна пишуваше OhridNews, кој со години е запуштен со искршени прозорци, исчкртани ѕидови и уништена фасада, претставува собиралиште на бездомници и зависници од дрога. Жителите долго време апелираат да се интервенира и да се уреди овој простор, кој според најавите конечно ќе добие урбан изглед. Денеска таму се сечат гранките од дрвјата и се чисти дивата депонија.





Од понеделник екипи на Ј.П. „“Нискоградба“ ќе поставуваат столпчиња со кои ќе се обележи паркот кој хортикултурно ќе го уредува работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“. Простосорот, дополнително ќе биде и осветлен, односно ќе се врши замена на светилките и интервенција на инсталациите на столбовите за улично осветлување, информираат од Локалната самоуправа.



Локалната самоуправа најави дека континуирано ќе продолжи со активностите кои се однесуваат на комуналната уреденост, изградбата и реконструкција на инфраструктурни објекти, јавната хигиена, водоснабдувањето, заштитата на животната средина се додека Охрид не биде уреден според светски стандарди.

http://www.ohridnews.com/vesti/60663
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12316
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 15-Oct-2013 at 10:27
ФОТО: Сточен пазар среде Скопје

Зад комплексот факултети денеска можеше да се видат десетици камиони, разни приколки и импровизирани трла полни со овнови, овци, крави и бикови



Празникот Курбан-барјам распосла стотици продавачи на овци и крави низ градската територија. Дел од скопјани побрзаа навреме да си набават добиток, па можеа да купат во Петровец, Шуто Оризари, во Сарај, но и по должина на булеварот „Никола Карев“. Веднаш зад комплексот факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вчера можеше да се видат десетици камиони, комбиња, приколки и импровизирани трла полни со овни, овци, јагниња, крави, телиња и бикови. Имаше за секој по нешто. Кој колку сака и што може да дозволи да си купи. Но, дел од локалните граѓани од Крњево, иако се работи за наменски пазар, сметаат дека е лоциран на несоодветна локација, на само неколку метри до фреквентна сообраќајница. Сточниот пазар е сместен на само 1-2 километра од строгиот центар на Скопје. Тука минуваат студенти, гости во хотелот „Контитентал“, туристи што одат кон Железничка станица. И самите пазарџии и сточари се согласија дека се ставени буквално до улица, па изразија желба да се преселат на нова локација доколку надлежните им овозможат соодветни услови. „Овде има сточари од скопските општини и села, има дојдени од Арачиново, Боговиње, Брвеница, но и од Гостиварско, Кумановско, Тетовско, Дебарско... Луѓето си бараат овца или овен за колење за Курбан-бајрам, а ние треба да си го продадеме добитокот. Но, гледате во вакви услови мораме да работиме. Нека ни дадат друго место, веднаш ќе одиме таму“, вели сточарот Исмаил. Нијази Рамадани нуди добиток од мини-камионче. Овците се изложени низ решетки, во сено.

Заинтересираните можат да си одберат поголеми, поситни, бели, се наоѓа и по некоја црна. Женките ги продава по 100 и 120 евра, а овните, зависно од тежината и цврстината, од 140, па до 250 евра. Сите се обележани на ушите. „Агенцијата за ветеринарство секоја година ги прегледува животните. Мораат да ги обележат за да можеме да ги продаваме. Овие два дена дадов 9 овни и 6 овци. Тоа е многу малку. Лани со синот ни купија 50-ина овци. Луѓето се вртат околу камионот, гледаат, но не им фаќа око. Тука може да избираат овци од 90 до 120-130 килограми. Оние што ќе останат ги чуваме за в година“, вели Рамадани.Тој потенцира дека вчера беше последен ден за набавка на добиток, кој утре се коле, а продавачите се селат кај Петровец, некои одат и во Трубарево или во Шуто Оризари, а други ги враќаат овците и кравите дома. „Убаво ќе биде да имаме уште некое место, поблиску до центарот“, констатира Рамадани.

„Скопски пазар“ на градската територија има оформено и уредено преку 100.000 квадратни метри затворен и отворен продажен простор, на преку 2.620 места. Компанијата управува со вкупна мрежа од 16 зелени и еден сточен пазар, единствениот од ваков вид, кој е лоциран во Трубарево. <BR><BR>„Пазарот во Крњево не е во наша сопственост, ниту, пак, е некако поврзан со ’Скопски пазар’, па според тоа не би можеле да ви одговориме на прашањата“, ни рече Марија Тасиќ од „Скопски пазар“.

Општинарите од Центар не реагираат околу дозволите за поставување на сточниот пазар, ниту за можноста продавачите да ги дислоцираат на посоодветно место. Ниту, пак, за тоа дали се задржани основните стандарди за поставување сточен пазар во урбана средина. Оттука, се наметнува и прашањето кога сточарите ќе седнат да се договорат со надлежните за локација каде што без проблем ќе си вршат работата, а граѓаните ќе можат без проблеми да си набават овца за Курбан-бајрам. Истовремено, сточниот пазар нема да боде очи на останатите и нема да пречи никому, ниту на оние што живеат во непосредна близина, ниту, пак, на случајните минувачи кои поради грдата глетка сигурно ќе го завртат погледот.



















http://www.utrinski.mk/?ItemID=CD79B986F1A0924EA8247F253706ECE6

Edited by Џоле - 15-Oct-2013 at 10:31
За сè има вторпат
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 15-Oct-2013 at 16:39
За арно за убаво нека е, па здравје божје, наредна година пазарот на Рекорд нека биде.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12316
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 24-Oct-2013 at 08:41
Летото замина, ѓубрето остана (Фото)



Читатели на OhridPress ни испратија фотографии од околината на една од најпопуларните охридски плажи, каде ѓубрето околу улицата е „редовен декор“.



Станува збор за патот над плажата „Немо“, чија околина е полна со ѓубре. Лошата слика е особено непожелна затоа што во непосредна близина се наоѓа хотелот „Инекс Горица“, но и претседателската вила „Билјана“, па голем број видни гости, но и странски туристи се сведоци на истата.



http://ohridpress.com/ohrid/11068-%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0,-%D1%93%D1%83%D0%B1%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12316
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 25-Oct-2013 at 12:43
Вардар во Гостивар претворен во депонија



Гостивар - Реката Вардар во Гостивар постојано е претворена во голема депонија. Само на неколку стотици метри од изворите во село Вруток почнува да се создава непријатната глетка на купишта ѓубре на двете страни на брегот. Ова особено е изразено на местата каде што во непосредна близина има населби. Граѓаните што живеат блиску до реката го фрлаат ѓубрето каде што им е најпогодно: во реката, на брегот, покрај пешачките патеки, без да размислуваат дека прават злосторство на природата. Рекреативците кои ги има во голем број се принудени да ги затвораат носот и устата поради непријатната миризба што се шири низ воздухот.

Грдата слика продолжува и низ градот Гостивар. Кејот е убаво среден, петките поплочени со бекатон плочки, поставени се клупи, просторот е добро осветлен со канделабри, има зеленило и цвеќиња. Тоа би било вистинско место за одмор и рекреација доколку во реката не пливаат пластични шишиња, ќеси со ѓубре, искршен мебел, делови од електрични уреди, па дури и мрши од животни. А, на бреговите и на косините на речното корито се наталожени купишта ѓубре. Деновиве нивото на водата во коритото е значително намалено (не работат мавровските хидроцентрали), па ѓубрето остана на површина.

Грдата слика на Вардар со години е непроменета. Многупати се организирани акции за чистење, но по завршување на акциите, проблемот повторно се враќа. Граѓаните продолжуваат со старите навики. За да се надминат ваквите непријатни состојби вљубениците во реката апелираат до локалната власт да се ангажира не само во чистење на дивите депонии, туку и да ги активира комуналните инспектори да бидат постојано на терен и да почнат да ги казнуваат несовесните граѓани кои со трактори и со камиони го фрлаат ѓубрето покрај Вардар. Гостиварци сметаат дека само на таков начин може да се стави крај на лошите навики на несовесните сограѓани со што ќе се даде и придонес во зачувувањето на животната средина.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=E2D34F2D82E44F4388C7B65DB6F09C6C
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 03-Nov-2013 at 02:21
Статијава е стара речиси месец дена, но нејзината содржина не е застарена.
 
На Интернет страницата кон која води наредниот линк е објавен и видео клип поврзан со конкретната статија.
 
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=65&item=31125
 

ТЕТОВО НЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДЕПОНИИТЕ

 
05.10.2013
 

 
Тетовските комунални проблеми никако да се решат. Грдата слика на влезот на градот каде се претоварува отпадот, кањонот на реката Пена кој е преполн со градежен шут и дивите депонии кон месноста Бањиче даваат јасна порака, дека централните и локалните власти не се заинтересирани за животната средина во тетовскиот регион. За најгорливиот проблем претоварната станица се уште не најде решение. Сметот се претоварува само на десетина метри од преработувачки пекарски погон ,а во непосредна близина се наоѓаат и станбени објекти. Граѓаните се револтирани и велат дека не може да се дише, особено во утрата.
 
Од ЈКП Тетово како и многу пати досега, велат дека работат на изнаоѓање решение за дислокација на претоварната станица.
 
Од тетовскиот огранок на партијата ДОМ, апелираат властите да започнат да спроведуваат конкретни мерки за справување со комуналните проблеми. Во спротивно Тетово ќе стане најцрната еколошка точка во Македонија, за која тешко ќе може да се изнајде решение.
 
И во Гостивар проблемите со третирањето на отпадот не се решени. Поради немање на соодветна локација, градежниот шут од овој град се депонира на обработлива
земјоделска површина, која најчесто се узурпира.
 
Властите неместо да ги решаваат, во одредени случаи се и директни загадувачи на животната средина. Пред повеќе од еден месец општина Тетово даде согласнот, ископите од земја и камења кои се вадеа од локацијата каде се пробиваше патот за селото Селце, изведувачот на работите да ги истура во кањонот на реката Пена.
 
[ Зоран Димовски ]

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 03-Nov-2013 at 02:22
И оваа статија е стара речиси месец дена, но нејзината содржина не е застарена.
 
Градоначалникот на Кичево нема магичен стап за да ги реши проблемите со ѓубрето и со дива депонија во првите 6 месеци од неговиот градоначалнички мандат, но затоа немаше никаков проблем во првите месец дена од неговиот градоначалнички мандат за експресно да отпушта пожарникари и ред други лица од македонска националност вработени во општина Кичево.
 
На Интернет страницата кон која води наредниот линк е објавен и видео клип поврзан со конкретната статија.
 
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=65&item=31153
 

ДЕПОНИЈАТА НАВЛЕЗЕ ВО КИЧЕВО

 
06.10.2013
 

 
Кучиња скитници, јата птици, разлетани најлонски кеси,непријатен мирис, кал и прашина и граѓани кои се обидуваат да пронајдат нешто во отпадот, додека со трактори се носи сметот и губрето од градот. Ова беше сликата на
кичевската градска дива депонија што се наоѓа неспоредно до куќите во градот. Жителите незадоволни реагираат и бараат да се смени локацијата на депонијата. Велат политичарите им ветуваат решение за избори, но потоа забораваат на ветеното.
 
Загрижени за своето и здравјето на децата, реагираат и жителите во близина на градската болница.
 
Општинскиот комитет и младите на ВМРО ДПМНЕ од Кичево денеска упатија порака до градоначќалникот Фатмир Дехари, не само да спроведува акција за чистење на центарот на градот, туку да бара решение за градската депонија која е најголем комунален проблем.
Локалните власти велат дека овој повеќедециниски проблем градоначалникот не може да го реши со волшебно стапче.Но, најавуваат проект за кој бараат инвеститори.
 
По вчерашната,локалната администрација пред почеток на зимата според најавите ќе спроведе уште една акција за чистење на Кичево.
 
[ Моника Талеска ]

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 03-Nov-2013 at 04:28
Ова што го гледате е на помалку од 100 метри од градската болница.Има решение за овој проблем.решението е сметот да се носи во кратерите од рудникот на РЕК Осломеј,и да се затрпува со земја.Така слојот изваден јаглен ќе биде заменет со смет.

Но за ова се бунат и тоа жестоко,жестоките момци од тој регион
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 03-Nov-2013 at 14:03


Да ти кажам правo: на нивно место и јас би се бунел. Зошто некој да ми го загадува животниот простор? И во данокот за имот квадратен метар да ми го ценат 20 евра, а за експропријација да ми дадат едно евро за метар квадратен како на жителите на Романовце и Лопате.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3838
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 03-Nov-2013 at 14:57
Problemot e vekje neznam kolku godini star. Koj i da go kritikuva gradocalnikot, covekot se grizi za site i za prvite 6 meseci covekot mnogu napravil. E sega sto kade otpustal, se znae, da pravis zlo sekogas e polesno odkako da pravis nesto dobro. Plus toa e druga rabota, tuka treba se da se vidi vo povekje aspekti primer dogovori itn. ili pak drugoto (partisko). Jas sepak imam nadez deka gradocalnikot kje go resi problemot, mislam toj resil mnogu problemi, iako mozebi bea mali, sepak cepak nekade kade so decenii nikoj ne cepkase.
Go pozdravuvam inicijativa za cistenje na kicevo uste ednas, posledniot pat bese pred 1-2 meseci ako ne se lazam.Cheers


Edited by my Macedonia - 03-Nov-2013 at 14:59
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1110
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 03-Nov-2013 at 15:49
Еве каква е работата на новото раководство на ЈП Охридски Комуналец

Контејнерите од „Туристичка“ завршија на паркинг!

Без претходно известување, ЈП „Охридски КОмуналец“ вчера ги дислоцира контејнерите в долж бул. „Туристичка“ од таканаречените џепови направени за таа намена


По реакциите во јавноста јавното претпријатие утрово се огласи со соопштение во кое се наведува дека по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, контејнерите од „Булевар Туристичка“ се дислоцирани заради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека во целата должина на булевар „Туристичка“.

-Контејнерите не се повчени од оваа сообраќајница, туку се дислоцирани во најблиските комплекси и споредни улици околу булевар „Туристичка“.-информираат од Комуналец.




Но, каде всушност се дислоцирани контејнерите. Тие сега се поместени на неуредените паркинзи од блиските згради чии жители со години чекаат локалната сампоуправа да ги асфалтира или поплочи. Граѓаните реагираат дека ваквиот потег е недоволно стручно анализиран и не претставува соодветно решение, посочувајќи дека доколку општината сака да овозможи услови за велосипедистите и пешаците најпрвин мора да изгради или да ја адаптира градската инфраструктура, за што треба да се донесе соодветна стручна студија. Контејнерите, пак, сметаат граѓаните, ако веќе се дислоцираат од велосипедските и пешачките патеки, никако не смеат да ги узурпираат паркиралиштата и другите јавни површини.

-Охрид ионака има проблеми со паркинг просторот уште контејнерите на паркинг фалеа. - реагираат граѓани. Тие очекуваат јавното претпријатие и локалната самоуправа да ја преиспитаат, според нив, избрзаната одлука, и да изнајдат соодветно решение. Охриѓани сметаат дека општината треба да изгради подземни боксови или соодветно да уреди простор за контејнерите како што се прави во целиот свет, а не со половични решенија да решава еден проблем со кој создава друг.

OhridNews



Страшни критики претрпе претходниот директор, а тој период луѓето најдобро работеа (без разлика на општиот хаос во општината и градоначалникот).
Секој ден пред 7 беа излезени на терен по сите побитни улици, а сега со месеци немам сретнато работници (освен по Туристичка).

Лани после секој снег уште ноќта во 1 или 2 излегуваа екипи и чистеа...сега после секоја дипломатска колона добиваме контејнери в двор и закани од надлежните да не ги враќаме на улица

Ако толку им се битни велосипедистите, нека ги тргнат прво непрописно паркираните возила од патеките (со изградба на доволно паркинг места), а не да ги користат како изговор пред комплексите од странските дипломати дека имало полни контејнери по улица.

Edited by Тркало - 03-Nov-2013 at 15:52
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3838
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 04-Nov-2013 at 14:03
Исчистени над 10 тони отпад од депонијата во Балиндол PDF Печати Е-пошта

04%2011%202013%20deponia%20balindoll%203

Гостивар, 4 ноември 2013

Се исчисти дивата депонија помеѓу селата Балиндол и Мало Турчане.

Депонијата беше создадена во главно од градежен шут, каде што според податоците од општинската инспекција, имало над 10 тони отпад.

Работите за превезување и рамнење на градежниот шут, ги изведе претпријатието “Магнум“.
Од општинската инспекција апелираат до граѓаните и до градежните претпријатијата, да не фрлаат отпадоци на оваа локација, бидејќи местото не е депонија.

Во случај да поединци или компании бидат затекнати од општинската инспекција, ќе бидат казнети согласно важечките закони, односно Законот за заштита на животната средина и Законот за управување со отпад.

Казните за физички лица се од 500 до 1500 евра, а за претпријатијата до 5000 евра.

Центар за информирање

04%2011%202013%20deponia%20balindoll%20104%2011%202013%20deponia%20balindoll%20204%2011%202013%20deponia%20balindoll%20304%2011%202013%20deponia%20balindoll%20404%2011%202013%20deponia%20balindoll%20504%2011%202013%20deponia%20balindoll%20604%2011%202013%20deponia%20balindoll%207

  http://www.gostivari.gov.mk/web/index.php/mk/lajme-na-komuna/213-pastrohen-mbi-10-ton-mbeturina-ne-deponine-ne-balindoll
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12316
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 04-Nov-2013 at 14:13
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12316
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 05-Nov-2013 at 12:11
Неодговорни лица фрлаат ѓубре на патот кон Коњско



Читатели на OhridPress ни испратија фотографии од ѓубрето кое е „украс“ на патот кој води до селото Коњско, во близина на Рача.

Се фрла најчесто градежен шут, но и ѓубре кое неодговорни поединци го одлагаат веднаш до патот.



Од септември оваа година, од 50 на 100 евра се зголеми казната за фрлање градежен шут на недозволени места, што е насекаде освен на организирана депонија. Со измените на Законот на јавната чистота, се зголеми и казната за уништување урбана и друга опрема, исто така, од 50 на 100 евра. Се очекува дека измените на законот ќе доведат до поголема дисциплина кај граѓаните, особено кога е во прашање фрлањето на градежниот шут.



настрада и патоказот на НП „Галичица“

Многу граѓани при реновирање на домовите искршените плочки и останатиот материјал, ги собираат во вреќи и ги фрлаат покрај или во контејнер или го товарат во приколки и го истураат на ливадите, во реките, на бреговите и на дивите депонии, што е забрането. За да се ослободат легално од шутот, граѓаните треба да платат за негов превоз и депонирање во депонија, што веројатно ги мотивира да прават прекршоци и шутот да го фрлат каде што ќе им се види згодно и безбедно од комунални инспектори.

http://ohridpress.com/ohrid/11330-%D0%BD%D0%B5%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D1%84%D1%80%D0%BB%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%93%D1%83%D0%B1%D1%80%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D1%9A%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE
За сè има вторпат
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 12-Dec-2013 at 12:32
Одма под крстот.

За жал поради сонцето, не може да се види целиот смет, ама и Водно е доказ за погубната политика на градот за одржување на јавната чистота. Од една страна континуирано се градат нови објекти со цел да се "збогати" содржината на градот, а од друга страна уво не ги заболе дали е горе прљаво. Вчера само во рок од 1 саат со жичара се качија преку 20 странски посетители. И ние вака
ќе правиме туризам? Прво "бифето" е прича за себе, а има европски цени, второ почнале и клупите малку да се оштетуваат и трето, има ѓубре расфрлено долж целиот тој простор. Денес ќе пишам на страната на Град Скопје и баш ме интересира дали во најбрзо време ќе го решат овој проблем, па макар само врвот на Водно го исчистиле.
23ka.wordpress.com
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 14-Dec-2013 at 15:53
Originally posted by N23

Одма под крстот.


Vidis, ne e samo do tie sto treba da odrzuvaat - tuku do lugjeto e da ne frlaat. Stoka narod!

Mi se gadi od primitivstina.

Edited by Џоле - 14-Dec-2013 at 16:02
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12316
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 20-Jan-2014 at 11:30
Градски парк, Скопје

За сè има вторпат
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 23-Jan-2014 at 11:42
Вака се гради у Аеродром. Со цокули од дома да искочиш :@


23ka.wordpress.com
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 23-Jan-2014 at 16:20
Previous
еднаш се за*бав да поминам по таа патека, која патем води до дворниот простор на некои од зградите... само еднаш... два дена чистев чевли после тоа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
marko.kostoff View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 104
  Quote marko.kostoff Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 23-Jan-2014 at 17:41


Edited by marko.kostoff - 29-Jan-2014 at 20:09
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 26>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.