build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 05-Mar-2008 at 11:31
Originally posted by lslcrew

Добро бе па ти. Си се запнал како слеп за стап.

п.с. горе пишува "political represion" ова е некој друг вид. Добро како и да е не се слагаме. Нема потреба да се убедуваме. Ставовите ни се спротивни.


абе праиме муабет подобро него да е тапа форумов

п.с. Знаев дека ќе се фатиш за political repression ама не постои друг тип на repression на кој што алудираш. Ако го видиш "stub"-от за repression на википедиа имаш. Почитување закони и казнување ако не се почитуваат не е repression ни под разно.

Repression may refer to:

http://en.wikipedia.org/wiki/Repression



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 05-Mar-2008 at 12:19
Кловер, многу лошо си ме исперцепирал дека сум радикален. Воопшто не сум. Има некои работи во општеството кои заслужуваат радикален пристап, како на пример урбано дивјаштво (темата што ни е). Времето на строги казни е пројдено. Малце поинаку треба денеска да пристапиме. Кај нас има и една друга работа со која си имаме проблем. Кај нас е срамота и може глуп да направат ако платиш паркинг, ако платиш казна, ако плаќаш куќен совет, ако плаќаш придонеси и данок. Па дури кај еден дел од населението (милитантниот етникум) е срамота и сметки да плаќаш. Кај нас е глупо да платиш за софтвер. Прво овој проблем мораме да го решиме, па после можеме да збориме за наплата, без разлика на висината на казната.


п.с. Немојте одма, платите биле мали, тоа е друга тема. Зборам за оној дел од населението, за оние фраерите што ги фаќа инат магарешки, па од инат не плаќаат.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 05-Mar-2008 at 14:08
Originally posted by lslcrew

Времето на строги казни е пројдено. Малце поинаку треба денеска да пристапиме.


Е како да пристапиме? Со наградни игри???

Малце си ми контрадикторен... Точно вака треба да се пристапи, ама да се оди доследно. Кога неколку души ќе се изгорат гадно, тоа ќе биде добар пример и за другите „фраери“ од сите видови.
Back to Top
skywings View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote skywings Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 05-Mar-2008 at 18:00
хмммм... све си мислам дека скапите казни ќе бидат контрапродуктивни. Каков што ни е менталитетот да бараме кривини, штом на некого ќе му репнат казна од 2.000 за фрлање пикавец, одма ќе сврти телефони лево, десно и ќе бара врски да му ја поништат казната, да не збориме дека ако некој за фрлање шут ќе треба да плати 12.000, една македонска плата, сериозно ќе се затрча, па плус се отвара и простор за подмитување на инспекторите......  затоа и ја се слагам со Islcrew дека казните треба да бидат пониски Dunno
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 05-Mar-2008 at 18:10
Па добро идејата е да нема фаќање кривини. Конечно да почнеме да се однесуваме посериозно на сите нивоа. Во голема мерка тоа може да се реши со електронски систем на евиденција. Веќе е многу потешко да се скине сообраќајна казна од порано, мора или да се реагира веднаш или да се има ултрадебела врска инаку кога ќе влезе во електронска евиденција казната џабе е се. Единствена слаба карика би биле инспекторите кои би пишувале казни, тие треба да се добро платени и високопрофесионални.

Ете лцл предложи процент но од принцип мислам дека не треба да се применува нешто такво едноставно е погрешно. Но мора да има начин тие да бидат мотивирани да си ја вршат работата како што треба. Се останато се техникалии.

Не ми е јасно што мислите дека ќе направат поефтините казни. Не само што луѓе повторно ќе фаќаат кривини, чисто од навика туку воопшто нема да ги сфаќаат сериозно правилата ако казните се смешни. Еднашка се враќав од одмор од Хрватска и во Србија не застана полиција за брзо возење (уште беше времето на Милошевиќ). Џандарот ни пиша казна од 150 динари, се скршивме од смеење, се зезавме со него да му дадеме едно 2000 динари за flat rate брзо возење до граница само да не не замараат со запирање.
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 05-Mar-2008 at 18:38
Прво, мое мислење е дека лслкру е во право за тоа колкави треба да бидат казните, односно дека треба да бидат до 500 денари, и така ќе може на лице место да ја наплаќаат. Ако е казната 1000 евра, ќе летаат телефони, врски и што уште не само за да не се плати. Од друга страна замисли колку ќе влијиае ова врз малдите. Ако некој цајкан ти ги земе сабота навечер парите за пиење зашто си ја фрлил кутијата цигари на земја ко кретен некој.

Второ, нашиве кретенски цајкани и „контролори„ ќе се изживљаваат врз народов како за се друго.

Трето, кај нас има многу малце канти. Ова сум сериозен. Ако на запад на секој чекор има канта каде можеш да го фрлиш отпадот тука една у Карпош 1 следната у Карпош 3. Принудени сме во контејнери да фрламе ситен отпад, а тоа нигде го нема. Место да глумат лудило сеа со шпиуни кои ќе хараат низ градов нека воведат систем во целава држава за рециклирање ѓубре например и да постават асални канти насекаде.

И четврто, лслкру според мене не ти е добра идејата секој да може да стане контролор, тоа ептен ме потсеќа на старите соработници со УДБА кои го кодошеле народот. Докажано е дека тоа доведува само до недоверба меѓу граѓаните.




Edited by gotsomekicks - 05-Mar-2008 at 18:39
Back to Top
skywings View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote skywings Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 05-Mar-2008 at 18:42
Laugh ова за искуството во Србија... ама тука не мислам на симболични казни, па луѓето со нив да си играат мајтап, нека бидат 300 до 500 денари, колку да им е срам за тие пари да фаќаат врски....
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 05-Mar-2008 at 20:54
И ја сум за ниски казни како што реков, ама не за плаќање на лице место... како можеме ние да им наложиме на граѓаните да носат одредена количина пари со себе секаде? Јас на пример не носам секаде со мене 500 МКД, да речеме сум тркнал по леб... или се враќам од бензинска и сум го испразнил џебот. Не е фер џандар или инспектор да ми рече Давај Пари или Не Мрдај.. 
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 05-Mar-2008 at 21:05
Добро де, се подразбира дека доколку немаш пари би бил да речеме должен да ја платиш казната во некој краток рок. Исто како што смеат џајканите да ти побараат лична карта кога сакаат, така и ќе смеат да ти речат „отвори новчаник да видам дали стварно немаш!„. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 05-Mar-2008 at 21:26
Абе луѓе, вие повеќе давате аргументи за евентуални други проблеми со системот, отколку вивсината на казните. Зборуваме за систем кој што ќе функционира правилно, без корупција и други глупости. Ако не е така, апсолутно е безначајно колкави ќе се казните. Значи мора пред се да се превземат неопходни мерки за системот добро да функционира. Pbanks спомна дека старото добро „кинење“ на казната нема да може веќе да функционира.
Казните може да бидат и пониски, но не премногу, затоа што ако навистина не те здоболи, нема да има влијание. Па нема да можат секој ден да те фатат кога фрлаш  по улица - тоа реално може да се случува многу ретко. Затоа казните треба да се високи (дали до толку колку што ги направиле е друго прашање, но мислам подобро и тоа отколку да е доведен во прашање ефектот на казните)

@ProMKD - Нормално треба да постои можност да не се плати на лице место, мислам дека тоа не е воопшто доведено под прашање. Само мислам дека плаќањето на лице место треба да е стимулирано на некој начин, пред се финансиски. Губење време по судови за жал не е голем проблем за многу луѓе - нашето општество произведе многу такви кои го имаат во изобилие и нема смисла да им се дозволи да го трошат и туѓото. Во тој контекст тоа што се залагаш за ниски казни е уште попроблематично.


Edited by Cloverstack - 05-Mar-2008 at 21:27
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 05-Mar-2008 at 21:48
Originally posted by Cloverstack

Абе луѓе, вие повеќе давате аргументи за евентуални други проблеми со системот, отколку вивсината на казните. Зборуваме за систем кој што ќе функционира правилно, без корупција и други глупости. Ако не е така, апсолутно е безначајно колкави ќе се казните. Значи мора пред се да се превземат неопходни мерки за системот добро да функционира. Pbanks спомна дека старото добро „кинење“ на казната нема да може веќе да функционира.
Казните може да бидат и пониски, но не премногу, затоа што ако навистина не те здоболи, нема да има влијание. Па нема да можат секој ден да те фатат кога фрлаш  по улица - тоа реално може да се случува многу ретко. Затоа казните треба да се високи (дали до толку колку што ги направиле е друго прашање, но мислам подобро и тоа отколку да е доведен во прашање ефектот на казните)


Па добро, таква е нашата реалност, и тешко дека ќе се смени тоа у догледно време. Мое мислење е дека високи казни функционираат во веќе „средени„ општества каде корупцијата и непотизмот ги нема како кај нас. Претпоставувам дека би било сега за сега подобро да бидат казните (малку) пониски, и да се бараат парите на лице место. Со ова најмногу ќе се влијае врз младите луѓе кои се навикнати да фрлаат по земја од проста и едноставна причина што нив најмногу ќе ги здоболи. И да немаш пари, не верувам дека ќе биде пријатно искуство да бидаш посрамотен пред други минувачи.

А ако зборуваме за позападниве општества, дефинитвно паметна мерка им се тие јаки казни за фрлање ѓубре. Се надевам дека постепено ќе им се крева свеста на луѓето кај нас. Криво ми е што се потребни парични казни за да се одвикнат од таа дебилна навика.

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 05-Mar-2008 at 22:03
А зошто воопшто би му пречеле овие казни на оние кои не фрлаат на улица, или било каде воопшто? Зошто би се противел на овие казни ако се стремат кон зачувување на околината и чистота на градот? Се надевам дека инспекторите сериозно ќе си ја сватат работата и дека повеќе нема да гледам пикавци лименки хартии и залепени мастики на тротоарите, веќе ми се гади од тоа колку е нечист градот. Само се надевам дека нема да ги ловат и оние кои сосем несакајќи им паднало компирче или ливче и би се согласиле самите да си го соберат ѓубрето. 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 05-Mar-2008 at 22:09
@ gotso

Веќе реков - ако системот продужи да функционира како и до сега, тотално е излишен муабетов околу висината на казните.
Мора високи казни + добар функционален систем!

Џабе збориш за средени општества и дека вакви работи ќе ни требале кога ќе сме станеле такво. Никогаш нема да станеме како што сме почнале. Вакви мерки ни требаат баш за да станеме!
И доста со муабети за тоа дека у суштина „знаеме какви сме биле“. Има примери по светов каде многу порадикално бил ставан вистински ред и во таа листа може да се најдат многу денеска успешни држави. Менталитетот и лошите навики на народот мора да се менуваат - ако не може милом, тогаш силом.


Edited by Cloverstack - 05-Mar-2008 at 22:11
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 05-Mar-2008 at 22:10
Еве ви инфо од запад: Во Канада (поточно Онтарио - другите провинции имаат свои закони) казната за фрлање ѓубре по улица е 50 канадски долари. Тоа се 2,000 Денари. Овој закон беше донесен пред година и малце.
Затоа мислам за кај нас (каде стандардот на живеење е далеку понизок) да се наплаќа 100 евра е премногу. Ве разбирам што сакате да кажете дека мора да се смени, луѓето да се освестат.. ама тоа нема да се случи со казни што луѓето нема да ги плаќаат. Луѓето се испотепаа заради законот за Радиодофузија, кој како што знам јас, беше да се платат некои си 150 МКД на месец..

Исто: Во онтарио казната за непрописно паркирање возила варира од случајот. Дали си паркиран на "приватен паркинг" без дозвола, или пред хидрант, или пред болница итн. Знам од свое искуство дека паркирање пред хидрант е 50 долари (2000 МКД), паркирање на приватен паркинг без дозвола е 15 долари (600 МКД), а паркирање на специјално место за инвалиди без дозвола е ДО 500 долари (20 000 МКД).
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 05-Mar-2008 at 22:12
Канада е многу мека!

Ја би се угледал на Сингапур! Big%20smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8852
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 05-Mar-2008 at 22:17
Originally posted by gotsomekicks


Па добро, таква е нашата реалност, и тешко дека ќе се смени тоа у догледно време. Мое мислење е дека високи казни функционираат во веќе „средени„ општества каде корупцијата и непотизмот ги нема како кај нас.


Не се сложувам радикални мерки од овој тип се превземени во некои од азиските тигри кои се денеска високоразвиени земји но кога имплементираа вакви ригорозни казнени системи во 80те и 90те не беа многу поразвиени во Македонија.

Ние немаме време на тенане да се развиваме, ни сме во сред Европа. Од кожа се вадам кога на ССЦ некои босанци на пример како БЛ ќе не искритикуваат за нечистотијата но за жал всушност се во право. Кај нив е се далеку посредено а има многу повеќе причини да биде понесредено отколку кај нас.

Единствени места освен Македонија каде екологијата е во слична/полоша состојба се Косово и Албанија, делумно јужна Србија и веројатно делумно Бугарија.
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 05-Mar-2008 at 22:19
Originally posted by Cloverstack

Канада е многу мека!

Ја би се угледал на Сингапур! Big%20smile

Можеби е мека хехе, но сепак тука се почитува тој закон. Дури и индијците и пакистанците што се неписмени што доаѓаат тука ги оставаат дома своите лоши навики (повеќето од нив не џиткаат ѓувришта - за други навики не ме прашувај ) .

А и за колку е мека (глупа) за примање доселеници исто не ме прашувај!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 18-Jul-2008 at 14:58
Applause
 

ГРАДОТ ГИ ЗАСИЛИ КОНТРОЛИТЕ

Фрчат казни за фрлање ѓубре во Градскиот парк

Последниве две недели имало четири акции при што биле изречени 31 казна за граѓани што фрлале ѓубре, паркирале возила во зеленило и ја уништувале урбаната опрема


Локалните власти се надеваат дека акциите ќе ги дисциплинираат скопјани и ќе ги научат да го чуваат паркот

По жестоките реакции на медиумите и граѓаните за уништување на најголемата зелена оаза во Скопје, градската комунална инспекција почна двапати неделно со ригорозни акции за казнувања граѓани во Градскиот парк. Имајќи предвид дека паркот во изминативе месеци е во вистинска агонија од несовесни посетители, инспектори од Градот во ноќните часови прават обиколка заедно со претставници од единицата „Алфи“. Полицијата ги легитимира несовесните посетители, а потоа им се пишува записник. Во недостиг од казни и редовни контроли од надлежните, во изминативе месеци во Градскиот парк секоја втора светилка е искршена, од клупите се останати само железните делови, а на постаментите за споменици се гази и се седи. Бистите одамна се украдени. Посетителите на дискотеките што се наоѓаат во кругот на паркот своите возила ги паркираат во зеленилото, а младите отпадот од јадењето и од пиењето го оставаат зад себе. „Паркови и зеленило“ секој викенд мора да го изнесува ѓубрето од паркот со камиони.

ГРАЃАНИТЕ НА УДАР,КАФЕАНИТЕ ПОМИЛУВАНИ

Според градските власти, казните најчесто се пишуваат на млади луѓе што ги уништуваат урбаната опрема и зеленилото, односно седат во тревата, ја уништуваат, јадат сендвичи и потоа го фрлаат отпадот во зеленилото, пијат алкохол, фрлаат догорчиња. Казните, во зависност од прекршокот, се движат од 15 до 200 евра, објаснуваат од Градот.Во последниве две недели биле изречени 31 казна на граѓани што не го почитувале комуналниот ред во паркот. Само во изминатиот викенд биле казнети 11 лица поради фрлање смет на јавна површина, а 23 непрописно паркирани возила биле подигнати од зелените површини во паркот. Исто така на четири угостителски објекти во паркот што не се придржувале кон Законот за заштитата од бучава им биле дадени и записници со опомени. Во однос на надлежноста за казнување граѓани што паркираат возила во зеленило, а која Министерството за внатрешни работи во неколку наврата им ја спори, од Градот велат дека грешат бидејќи имаат такво законско право. Ние имаме дискреционо право да подигаме возила што се паркирани во тревни површини. Имаме добра соработка со МВР - рече Бошковиќ.

ДВОЈНО ПОМАЛА ГЛОБА ЗА НАВРЕМЕНО ПЛАЌАЊЕ

Главниот градски инспектор Александар Бошковиќ изјави дека за поздравување е совесноста на младите, имајќи предвид дека од вкупниот број изречени казни -31, досега се уплатени 19. Инспекторите велат дека кога не станува збор за тежок прекршок, често изрекуваат само опомени. Казните се опомена за прекршителите. Мора да казнуваме за да воведеме ред. Се надеваме дека во иднина ќе бидат намалени прекршоците во Градскиот парк - изјави тој. Од Градот објаснуваат дека по пишувањето записник за прекршителите, тие имаат можност веднаш или во рок од осум дена да ја платат казната. Доколку се придржуваат кон тој рок, тогаш ќе платат 50 отсто помалку глоба од пропишаната. Доколку не ја платат во предвидениот рок, тогаш предметот се испраќа на Прекршочна комисија при Министерството за животна средина и тогаш ќе мора да се плати целиот износ. Казните за фрлање отпадок на јавна површина изнесуваат од 30 до 50 евра. За фрлено догорче се плаќа 15 евра, додека за паднат помфрит од сендвич 50 евра. За палење оган на јавно место, како и за истурање шут или масло, казните се движат од 30 до 200 евра.

Јорданка Ивановска

 
 
 
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 18-Jul-2008 at 16:32
Јас сум со pbanks за ова, сега само дали има доволно канти распрскани низ Скопје

Некој ли знае дали тие казни можат да се платат по рати?
Исто така знае ли некој да ли е можно да се продолжи 8 дневниот рок на плаќањето на казните ако некој не е во можност да плати толка сума за 8 дена.

p.s. кога граѓаните ќе го сменат табиетот, си мислам има добра шанса казните да се намалат.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 19-Jul-2008 at 23:33
Нешто малце од темата, но тое е тука

Живеам во населба, секој од нас има двор-травњак кој треба да се коси, дрвја кој треба да се кастрат и лисја да се собират и .... а имам една пластична мала канта која комуналците сто пати ми ја скршија.

И еве една слика па вие кажете, кој е одговорен во населби да постави контејнери за оваков тип на отпад, или табли и ленти, и куп испрани фондациски пари.



И дали секогаш граганите се криви во се ?
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.