build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 01-Nov-2014 at 23:00

Големата депонија од најразличен отпад и секаков вид на ѓубре и смет кој пред извесен период можеше  да се забележи на  локалниот пат кој води кон населбата Боровец и дел кој се поврзува со населбата Лабуништа денеска конечно беше отстранет.

Жителите на овие населени места со негативни реакции ги осудуваа ваквите постапки на некои несовесни жители кои секој ден се повеќе ја загадуваа околината.

Нашата екипа денес присуствуваше на местото каде ЈКП Хигиена од Лабуништа   вршеше  расчистување на депонијата.

Жителите се надеваат дека после целосното расчистување на отпадот нема да се соочуваат со истиот проблем,кој веќе извесен период ги мачи жителите.


http://spektra.com.mk/lokalni/se-rascistuva-divi-deponii-vo-labunishta



Edited by kultuzin - 01-Nov-2014 at 23:02
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1050
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 15-Nov-2014 at 17:32
Ноември 2014
Охридски Комуналец со чистење на паднати лисја од улиците (два пати дневно - во централниот дел и улиците со зеленило до три пати дневно)




Холандски Парк


чистење на патот Охрид - Свети Наум и пристапни патишта




чистење на дел од кејот од надојдени алги, тиња и отпад



корито на реката Грашница


расчистување околу спомениците на народни херои од 2 СВ




И редовни активности по кои пак среќаваме лоши слики (менталитетот)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 08.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.14 „Радојца Новичиќ„.
          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

            Со оваа акција завршува циклусот на годинешните акции за подигање на кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Согласно испланираниот календар за 2014 год. останува да се реализираат уште 4 (четири) акции за подигање на зелен отпад на 15.11.2014 год (нас.Христо Узунов, Горна Влашка мала), 29.11.2014 год. (нас.Воска и нас.Даљан), 06.12.2014 год. (нас.Видобишта) и 13.12.2014 год. (нас.Радојца Новичиќ).

Edited by Тркало - 15-Nov-2014 at 17:52
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 15-Nov-2014 at 17:39

ако се вака агилни и кога снег има, сигурно Охриѓани ќе останат без зборои езерани шчо да праиш
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 15-Nov-2014 at 18:16

шпорињата сигурно ги оставаат пред плажа за тоа камперите да можат да печат пипер и пржат ајвар
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1050
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 15-Nov-2014 at 18:29
Интересно или малку смешно, минатата гарнитура беше поагилна баш за снежните ситуации (значи во поголем број ситуации и директорот лично излегуваше и во 12, 1 по полноќ во обиколка и со вонредни екипи!), а оваа поагресивна е за зеленило и патишта.


Овие се од 2012 и 2013:


Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 17-Nov-2014 at 14:40
ПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска /17.11.2014 година/ го промовираа системот за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на булеварот Јане Сандански, пред ТЦ „Три бисери“.

-       Денеска почнаа градежните работи за инсталирање систем за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Аеродром, што е дел од втората фаза на проектот за поставување Систем за подземни контејнери. Во рамките на оваа фаза ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микро-локации, односно по три контејнери на три-микролокации во секоја од општините: Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. На 3 локации во општината Аеродром ќе се поставуваат вкупно 9 подземни контејнери, од фирмата АТРИКОТ од Република Словенија. За реализација на овој значаен проект се издвоени вкупно 6,6 милиони денари, од кои секоја од трите вклучени страни издвојува по 2,2 милиони денари, односно подеднакво инвестираат Градот Скопје, општината Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“. Со овој проект за поставување подземни контејнери во втората фаза се опфатени 3 општини, а бидејќи проектот е прифатен од граѓаните заради големите придобивки, планираме оваа активност да се прошири и во другите скопски општини – истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи ги информира присутните дека овој систем за складирање отпад е посовремен од претходниот, изменет е дизајнот на надворешните кутии и има поголема заштита на контејнерот за ПЕТ амбалажа, и се надева дека за неколку години градот Скопје ќе има лик на вистинска метропола.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски истакна дека со поставувањето на подземните контејнери на трите локации во неговата општина, кај ТЦ „Три бисери“, кај ТЦ „Бисер“ и во населбата Лисиче, во близина на ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе се придонесе за поголема хигиена во општината.

Подземните контејнери имаат зафатнина од 3 кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, коишто се специјално надградени за оваа намена. Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина.







http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6968&mid=482&tabId=1
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 20-Nov-2014 at 18:11
Овие на аеродромци барем нови контејнери им ставиле. Свесен сум дека Коце не смее да направи нешто во Центар додека има градоначалник од другиот табор, но можеа барем на "Народен фронт" да ги сменат контејнерите. Кај се смрдливи, тотално се и уништени и дотраени, па нема смисла.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1850
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 21-Nov-2014 at 18:52
Во Аеродром се „утепаат“ од местење нови контејнери...Па и овие подземниве освен сликиве што се направени за во весниците и една табла и зелена ограда (од земјоделска аптека онаа зеленана мрежа) ништо друго нема , всушност има ископан асфалт 1х1м.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 05-Dec-2014 at 17:09
У Аеродром не се прават контејнериве. Ова беше само за Курир, Сител и сл. на нив да објават некоја информација.

Еве што има у Аеродром, "аеродромско блато"...





23ka.wordpress.com
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 05-Dec-2014 at 17:29
Овие кај "Три Бисери" минатиот викенд поминав од таму гледам дупка има ископано.
Сега им заврна тешко дека ќе можат да ги постават.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 21-Dec-2014 at 17:21
Чаир, Гази Баба и Kисела Вода добија контејнери за селекција на пластика

На територијата на општините Чаир, Гази Баба и Kисела Вода се поставени вкупно 100 контејнери наменети за селекција на пластиката од комуналниот отпад од домаќинствата и фирмите. Од јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ информираат дека овие контејнери се донација на „Еуроекопак“ за Скопје и ќе бидат наместени покрај постојните контејнери од 1,1 кубик за мешан отпад.

повеќе на: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=ACD3FEF36DE95844A3C5C8B97838AFB2
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 13-Jan-2015 at 09:12
Битола, 21 век, како се чистат улиците и тротоарите од снег...

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10203373626680667&set=pcb.599780120153422&type=1&theater
За сè има вторпат
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 13-Jan-2015 at 09:34
Јас не можам да ги сфатам општиниве... зошто не земат од тие машини што се за чистење од снег и мраз пешачки патеки... тие рачни што се... ко косилки за трева што се... не коштаат многу... 250-300 евра се...

пример Аеродром:
- Јане Сандански - 2
- Ново Лисиче - 2
- Аеродром - 1
- Стар Аеродром - 2
- Реонски Центар - 1
- Лисиче (новите) - 1
- нас. Лисиче - 1
- Мичурин - 1
- Острово - 1
- 13 Ноември (три Бисери) - 1

13 вакви... еве нека не се 13... 10 нека се... со 10 вакви цел Аеродром ќе биде чист од снег уште првиот ден... а колку ќе не кошта... околу 3000 евра...

Па поарно ќе даам 3000 евра отколку 3 недели да пазам кај газам...

А сигурно ќе ти траат за неколку години... еден мандат ќе истераш како и да е
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 21-Jan-2015 at 13:10
ИЗВАДЕНА МАЧКА ОД ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР

Мачката лично ја извлекол еден од тројцата комуналци, кои во неделата, со специјална опрема, го вадеа заглавеното животно

Комуналците викендов спасија мачка заглавена во подземен контејнер во Драчево. Тие во неделата, сосе опрема, за десетина минути ја извадиле мачката, откако претходно добиле итен повик од здружението за заштита на животните "Анима мунди". Во спасувањето учествувале тројца вработени во претпријатието, од кои едниот успеал со раце да ја извлече надвор.
"Мачката беше заглавена во подземните контејнери кои се целосно непристапни за граѓаните, поради што тие не можеа да помогнат.



Таа преживеа оти луѓето преку отворите и фрлаа вода, а внатре во контејнерот имало и атмосферска вода. Тоа ја спаси да не умре од жед", вели Столе Велковски од "Анима мунди".
Велковски вели дека мачката веднаш му избегала од раце на комуналецот, поради што не можеле да ја проверат нејзината состојба.
Јавното претпријатие "Комунална хигиена" вчера не одговори за спасувачката акција на вработените.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=82E45E2246D759448677D3EC64B13659
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 28-Jan-2015 at 11:20
Ѓубрето посакува добредојде во Скопје

Депонија под мостот кај основното училиште „Наум Наумовски - Борче“ е првата глетка на влезот во Скопје за намерниците што доаѓаат по автопатот. Ѓубриште има и веднаш до самото училиште, а според жителите, така е 30 години., пишува Дневник.



- Се жалевме насекаде, но напразно. Луѓето си фрлаат овде. Срамота е. Овде учат нашите деца и внуци. Ова не е убаво ниту за угледот на нашиот град. Што ќе кажат странските туристи уште на самиот влез во градот. Kакво мислење ќе имаат за нас - реагира Ивана Неделковска од Маџари.

- Сега ѓубрето го фрлаат покрај оградата на училиштето. Има и табла на која пишува дека е забрането фрлање смет, но тоа не се почитува. А покрај автопатот, пак, доаѓаат од подолното Kадриовско Маало и истураат смет со автомобили и со камиони. Има некој што обработува компири, па постојано истура лушпи - вели Асип Сулејман, кој живее на улицата Маџари.

Раководителот на секторот за инспекција во Гази Баба, Трајан Петровски, изјави дека тие повеќепати презеле мерки за оваа депонија.

- Чистено е неколку пати. Сметам дека сега состојбата е многу подобра отколку порано кога имало и многу поголема депонија. Проблем е што несовесните граѓани ѓубрето го фрлаат ноќе, по работното време, кога не можат да бидат забележани од инспекциските служби. Ретко кога може да се фати некој на самото место како фрла смет и шут. Треба да се постават чувари, а не можеме да ангажираме инспектори и редари да останат на едно место. Затоа состојбата не може 100 проценти да се искорени - смета Петровски.

Портпаролот на Ѓорче Петров, Момо Николовски, вели дека многу често исчистените депонии се формираат повторно за само неколку дена.

- Тоа е благодарение на несовесните граѓани кои воопшто не мислат дека е потребно сметот да го фрлат на одредените места, туку најлесно им е да го стават во автомобил и да го истурат на недозволено место, со што создаваат, пред с`, еколошки проблем, но и финансиски бидејќи непотребното подигање на ѓубрето од местото кое не е одредено за тоа општината ја чини пари - вели Николовски.

Тој додава дека успешно се справуваат со проблемот така што на местата што се критични, градат детски игралишта.

Црни точки во Ѓорче се излезот на новиот пат кон клучката за обиколницата во Стопански Двор и влезот во Ѓорче Петров од запад. Лани инспекцијата изрекла 35 казни.

Портпаролот на Бутел, Снежана Kлинчарова, вели дека не се соочуваат со големи депонии, но сe уште се проблем помалите.

Во Kарпош велат дека одвреме-навреме се создаваат мали депонии на одредени критични локации, но комуналните служби на Општината тоа го решаваат на дневна основа.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1826720482/gjubreto-posakuva-dobredojde-vo-skopje
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 28-Jan-2015 at 18:36
Тетово град со два универзитети Ohno

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 10-Feb-2015 at 20:39
„ДРИСЛА“ НАБРЗО ЌЕ ПОЧНЕ ДА ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА ОД ЃУБРЕТО



Печката за медицински и друг опасен отпад на депонијата ќе произведува и половина мегават топлинска енергија

Депонијата „Дрисла“ годинава ќе добие две нови постројки со кои ќе започне процесот на модернизација и трансформација според европски стандарди. Постројките за уништување на медицински и друг опасен отпад и за индустриски отпад се првите две од планираните седум, кои треба, според договорот, да ги изгради концесионерот „ФЦЛ амбиенте“ од Италија. Во рок од пет години, во „Дрисла“ ќе треба да се вложат околу 73 милиони евра и со модернизацијата да се овозможи рециклирање на 70 отсто од вкупното ѓубре што се носи на депонијата.

Во моментов во тек се градежните работи за подготовка на теренот, подлогата и платформата каде што ќе бидат лоцирани постројките. Откако „Дрисла“ ќе ја добие дозволата, постројките ќе бидат монтирани на платформата.



„За печката за медицински и друг опасен отпад веќе се во тек градежните работи и таа треба да биде готова до крајот на летото. Освен што во неа ќе се согорува овој отпад на температура од 1.650 степени, таа ќе произведува и половина мегават топлинска енергија и 350 киловати електрична енергија“, вели директорот на „Дрисла“, Горан Ангелов.

Опремата за оваа постројка ќе биде набавена од Италија. Нејзиниот капацитет ќе биде 2.500 тони годишно, со што целосно ќе ги задоволи потребите во нашата земја. Во моментов домашните медицински установи генерираат 1.500 тони медицински отпад, а другото претставува различен опасен отпад, како пакувања од пестициди, опасни масла и друго.

Од годинава на „Дрисла“ ќе се третира и отпадот од различни индустриски процеси, кои се остатоци од согорувања или третман на нафтени деривати. Овој отпад, посочува Ангелов, досега никако не се третирал кај нас и најчесто само се складирал на депонија.

„Постројката за индустриски отпад ќе има две машини, едната за неопасен, а другата за опасен отпад. Нејзината изградба ќе биде завршена во јули“, вели Ангелов.

Преработен, дел од овој отпад може да се реупотреби во градежната индустрија како подлога во изградба на патишта. Остатокот, пак, кој нема реупотребна вредност, ќе се складира во посебна ќелија која ќе биде изградена на „Дрисла“, во согласност со ЕУ-стандардите.

Годинава, информира Ангелов, на „Дрисла“ ќе почне да се гради и третата постројка, а тоа е фабрика за преработка на комунален отпад. Во неа ќе се селектираат хартија, стакло, пластика и метал, кои понатаму ќе одат на рециклирање. Остатокот ќе се преработува во алтернативно гориво кое ќе се користи во индустријата, бидејќи многу помалку ја загадува околината од стандардните горива, кои се актуелни во моментов. Таа фабрика треба да биде готова до крајот на идната година.

Од „Дрисла“ објаснуваат дека кусо време по првите изградени постројки ќе бидат видливи резултатите. Од депонијата нема да се шири мирис, целосно ќе биде отстранета можноста за загадување на животната средина и ќе се зголеми корисната површина на депонијата.

Италијанскиот концесионер „ФЦЛ амбиенте“ има рок од пет години да ги изгради седумте постројки на „Дрисла“. Италијанците ќе стопанисуваат со депонијата 35 години и за тоа време имаат обврска на сметката на градските власти да префрлаат 20 отсто од профитот што ќе го прават на годишно ниво. Проценето е дека тоа ќе бидат околу еден милион евра годишно за Град Скопје.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=D3E0AE752930334FA2E4EA843E49F078
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 18-Feb-2015 at 23:25
Се градат нови подземни контјнери во Скопје

ЈП „Комунална хигиена“ продолжува со поставување на подземните контјнери во градов, а во рамките на втората фаза на Проектот планирано е да се изградат уште 27 подземни капацитети за комунален отпад.



По девет подземни контејнери ќе има во Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба кои ќе бидат распределени на по три микролокации. По два контејнера ќе бидат наменети за одлагање на мешан комунален отпад, а еден за ПЕТ-амбалажа. Инсталирањето на контејнерите ќе чини 19,8 милиони денари, при што една третина од средствата ги обезбедува „Комунална хигиена“, една третина - Градот и една третина Општината.

Подземните контејнери имаат зафатнина од три кубни метри, а во нив отпадот се складира на пониска температура и притоа не зафаќа слободна површина над земја. На овој начин се намалува и непријатната миризба што се шири од отпадот, а секако и нема можност ѓубрето да се разнесува во околината ниту од ветер, ниту од човечки фактор или од животни скитници.

Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина, објаснуваат од „Комунална Хигиена“.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/736724333/se-gradat-novi-podzemni-kontjneri-vo-skopje
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 27-Feb-2015 at 18:35
Едни од многуте.



aerodrom.gov.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 14-Apr-2015 at 11:04
Кога јавните служби предолго прославуваат верски празници:



Еве, пример и од Куманово:



Edited by Џоле - 14-Apr-2015 at 11:05
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.