build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 15-Apr-2015 at 16:42
ПОСТАВЕНИ НОВИ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО ДРАЧЕВО

радот Скопје денеска /15.05.2015 година/ ги пушти во употреба подземните контејнери за одлагање комунален отпад на улица Димитрие Чуповски во населбата Драчево, во општина Кисела Вода, што е дел од втората фаза на проектот за поставување Систем за подземни контејнери.

На пуштањето на подземните контејнери присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и директорот на јавното претпријатие „Комунална хигиена", Ракип Дочи.

- Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, коишто се специјално надградени за оваа намена. Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина. За реализација на овој значаен проект се издвоени вкупно 6,6 милиони денари, од кои секоја од трите вклучени страни издвојува по 2,2 милиони денари, односно подеднакво инвестираат Градот Скопје, општината Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“, кажа градоначалникот Трајановски.

Градоналникот Беличанец-Алексиќ изјави дека ова е трета локација на територијата на Општина Кисела Вода каде што се поставуваат вакви подземни контејнери, каде што претходно се поставени пред ОУ „Круме Кепески“ и на улицата „Михаил Чаков", кај ОУ „Невена Георгиева Дуња“, како и дека општината веќе работи на лоцирање на микро локации за поставување нови подземни контејнери.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Дочи изјави дека во првата фаза од проектот за поставување Систем за подземни контејнери во општина Центар се поставени 14 платформи со по 3 подземни контејнери, а во општина Чаир се поставени 2 платформи со по два контејнера, за што беа потрошени вкупно 33,2 милиони денари.

Во рамките на втората фаза од овој проект ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микро-локации, односно по три контејнери на три-микролокации во општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба.

Подземните контејнери имаат зафатнина од 3 кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. На тој начин се намалува и непријатната миризба што се шири од отпадот, како и можноста за негово разнесување во околината.





http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8202&mid=482&tabId=1
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 05-May-2015 at 12:20
НАБАВЕНИ 1 000 НОВИ ПЛАСТИЧНИ КОНТЕЈНЕРИ



Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комуналана хигиена“, Ракип Дочи, денеска /05.05.2015 година, вторник ги промовираа новите пластични контејнери за ЈП „Комуналана хигиена“ во Центарот за селекција на отпад на ова јавно претпријатие, кај бензинската пумпа на Макпетрол на булевар Илинден.

- Со цел да се подобри подигањето на отпадот на територијата на градот Скопје, набавени се 1 000 нови пластични контејнери, секој со зафатнина од 1,1 м3. Овие контејнери ги задоволуваат стандардите EN 840-2,5,6 и се изработени од нерециклиран високомолекуларен полиетилен, отпорни на високи и ниски температури, ув-зраци, и на хемиски и биолошки влијанија. Се надеваме, а воедно и апелираме и ги замолуваме граѓаните коишто ќе ги користат, бидејќи се намените за собирање на комуналниот отпад од колективните домаќинства, да не одлагаат во нив запалив отпад, односно да ги чуваат и да не ги палат. Досега се запалени 90 контејнери и е причинета голема материјална штета. Градот Скопје за да се побри општата хигиена во градот има набавено и 2 големи камиони за миење и чистење на улиците, а оваа година планираме да набавиме уште 2 нови, а намерата ни е за секоја општина да набавиме по еден камион што ќе се користи за одржување на хигиената на улиците. Но, тоа е што е најзначајно и сакам да го потенцирам е што ЈП „Комунална хигиена“ од претпријатие со долг од 7 милиони денари во 2007 година стана самодржливо и од сопствени средства набавува опрема за работа- истакна градоначалникот Трајановски.

Во претстојниот период, овие контејнери ќе бидат поставувани на оние локации во градот каде што досега имаше поставено метални контејнери, а ќе се празнат со постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Директорот на ЈП „Комуналана хигиена“, Ракип Дочи, изјави дека со цел градот Скопје да наликува на другите европски градови секоја вечер 8 цистерни ги мијат неговите улици и се набавени контејнери со рамен капак кој се отвора со механизам што се придвижува со нога.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8250&mid=482&tabId=1
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1539
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 05-May-2015 at 14:00


Starite kontejneri po selata li ke gi sitkaat (kako starite avtobusi na JSP) ili ke zavrsat vo peckite na "Alumina"?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 07-May-2015 at 11:32
„Дрисла 2018“ – депонија со која сите ќе треба да се гордееме

Ако „Дрисла“ во изминатите години беше депонија само за складирање отпад од скопскиот регион, во моментов таму се работи до 2018 година таа да стане една од најчистите, најбезбедните и најекономичните депонии во регионот, во која собраниот отпад се селектира, третира, максимално искористува и само мал дел се депонира. Таа да стане депонија со која сите ќе треба да се гордееме.

Како што напишавме во минатиот број на „Порта 3“, во 2011 година се распиша повик за јавно-приватно партнерство, на кој за концесионер на депонијата „Дрисла“ беше избран италијанскиот конзорциум ФЦЛ „Амбиенте“.

Што сè ќе треба да се направи „Дрисла“ да стане депонија со која ќе треба да се гордееме, како таа ќе изгледа и работи? Најнапред ќе треба да се запечати постоечкото тело на депонијата со капацитет од 2,7 милиони тони депониран отпад. Запечатувањето на телото на старата депонија ќе се изврши во согласност со европските директиви. Од запечатената депонија ќе се црпи депониски гас. Крајниот рок за оваа работа е до крајот на 2016 година.

Во истиот период ќе се работи и на изградба на ново тело на депонијата, кое ќе има 14 секции со капацитет од 5 милиони тони отпад. Новото тело на депонијата ќе се гради според принципот на секции или ќелии. Максималната количина на депонираниот отпад, што ќе остане по селекцијата и третманот, ќе изнесува 29% од вкупно примениот отпад во депонијата. Изградбата на новите ќелии ќе се одвива во текот на целиот концесиски период и ќе биде во согласност со европските стандарди за максимална заштита на животната средина.

До крајот на 2017 година треба да заврши изградбата на систем за црпење и согорување на депониски гас со капацитет од 70 бунари. Во телото на депонијата ќе се вгради систем за црпење на депонискиот гас, во најголем дел метан. Овој гас ќе се транспортира до електраната на гас за производство на 2 MW на час електрична енергија со зелена тарифа и околу 2 MW на час топлинска енергија, што ќе се користи за затоплување на деловните простории и фабричките хали во депонијата.

Изградбата на фабрика за прочистување на отпадни води, исто така треба да заврши до крајот на 2017 година. Постројката ќе го прочистува исцедокот од старото тело на депонијата до доведување на излезната вода со параметри на води од втора категорија. Паралелно ќе се изгради систем за зафаќање на атмосферските води околу целиот периметар на депонијата за да се спречи навлегување на водите во телото на депонијата и нивно загадување. Проектот вклучува и ремедијација на потокот од депонијата до Маркова Река и на околината.
Најскапа инвестиција во проектот ќе биде изградбата на фабрика за селекција на отпад и создавање на РДФ алтернативно гориво со капацитет од 250.000 тони годишно. Таа треба да чини 21,4 милиони евра. Крајниот рок за нејзина изградба е до крајот на 2017 година. Во оваа фабрика ќе се врши третман на цврст комунален отпад. Од примениот отпад, ќе се селектираат повеќе фракции кои може да се рециклираат – пластика, стакло, метал, хартија и дрво. Од останатиот сув отпад се создава сув РДФ – алтернативно гориво.

Остатокот од влажниот – биоразградлив отпад ќе се транспортира во   постројка МАТРИКС. Овој отпад дополнително се обработува. Се стабилизира, суши и повторно се создава РДФ гориво со калориска вредност од околу 4.000 калории по килограм, подготвено за согорување и производство на топлинска или електрична енергија.
Во депонијата ќе биде третиран и инертниот (градежен) отпад. Капацитетот е предвиден на 90.000 тони годишно. Крајниот рок за изградба е не подоцна од септември 2018 година. Во постројката, градежениот отпад прво ќе се дроби, а потоа ќе се врши селекција на железо, бетон, тули и друг градежен материјал. Тој ќе има повторна употребна вредност. Дел ќе се користи за тампонирање на слоевите на ќелиите на новата депонија, дел за изградба на патишта и слични објекти.

Постројката за третман на опасен и неопасен индустриски отпад ќе има капацитет од 150.000 тони годишно. И таа треба да биде изградена до крајот на септември 2018 година. „Дрисла“ ќе биде првата депонија во југозападен Балкан што ќе има постројка за третман на индустриски отпад. Во оваа постројка ќе се третира: пепел од челичарници и железарници, отпад произведен од рафинирање на масло, отпад од третирање на отпадни води, отпад од термоцентрали и други термички постројки.

Новиот инсенератор, постројката за третман на медицински отпад, ќе има капацитет од 1.600 тони годишно, што е повеќе од двојно од она што сега се третира во постоечката печка за спалување на медицински отпад. Во него, на температура од 1650 степени Целзиусови, покрај медицински отпад ќе се согоруваат опасни масла и пакувања од пестициди и хербициди. Од процесот на согорување ќе се добиваат 500 КW на час електрична и топлинска енергија. Инсенераторот треба да биде ставен во функција до крајот на годинава.

Новина е и постројката за третирање на отпад од зеленило, шуми и слична биомаса, со капацитет од 20.000 тони годишно. Краен рок за нејзина изградба е 2018 година. Во оваа постројка отпадот од зеленило, шуми и   слична биомаса ќе се компостира, и тоа дел со аеробна а дел со анаеробна технологија. Краен производ на процесот ќе биде природно ѓубриво, кое ќе се користи во комерцијални цели.

Според концесискиот договор, во наредниот период депонијата „Дрисла“ ќе добие нова механизација и опрема. Делот за пристап до депонијата ќе се рехабилитира, а ќе се изградат и нови работни и административни згради. Договорот предвидува и поставување фотоволтаични   ќелии за производство на електрична енергија со зелена тарифа.

Конечно, ќе се направи и автоматизирана перална за комуналните возила. Нејзиниот капацитет ќе биде 8.000 возила дневно. Сите комунални возила и камиони што ќе влезат во депонијата, задолжително ќе се мијат во новата автоматска перална. Водата што ќе се користи ќе се рециклира, така што со една иста вода ќе може да се мијат повеќе од 100 камиони.

Сè на се, до крајот на 2018 година, вкупната инвестиција во „Дрисла“ на италијанскиот конзорциум предводен од ФЦЛ „Амбиенте“ треба да изнесува 73 милиони евра.

http://www.porta3.mk/drisla-2018-deponija-so-koja-site-kje-treba-da-se-gordeeme/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 07-May-2015 at 11:33
И некои статистики од истиот текст:

Факти за „Дрисла 2018“:

- Запечатување на постоечкото тело на депонијата

капацитет: 2,7 милиони тони депониран отпад

вредност: 14.900.000 евра

- Изградба на ново тело на депонијата

капацитет: 14 секции со 5 милиони тони отпад

вредност: 12.000.000 евра

- Изградба на систем за црпење и согорување на депониски гас

капацитет: 70 бунари

вредност: 1.500.000 евра

- Изградба на фабрика за прочистување на отпадни води

вредност: 2.650.000 евра

- Фабрика за селекција на отпад и создавање на РДФ алтернативно гориво

капацитет: 250.000 тони годишно

вредност: 21.400.000 евра

- Постројка за третман на инертен (градежен) отпад

капацитет: 90.000 тони годишно

вредност: 1.800.000 евра

- Постројка за третман на опасен и неопасен индустриски отпад

капацитет: 150.000 тони годишно

вредност: 7.900.000 евра

- Постројка за третман на медицински отпад

капацитет: 1.600 тони годишно

вредност: 3.000.000 евра

- Автоматизирана перална за комунални возила

капацитет: 800 возила дневно

вредност: 200.000 евра

- Постројка за третирање на отпад од зеленило, шуми и слична биомаса

капацитет: 20.000 тони годишно

вредност: 1.000.000 евра

- Механизација, опрема и нови работни и административни згради

вредност: околу 6.500.000 евра
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 22-Jun-2015 at 10:45
Скопските улици ќе се метат со електрична метлачка

Јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ првпат ќе набави метлачка на електричен погон, за што е распишан оглас на кој заинтересираните фирми своите понуди можат да ги достават најдоцна до 7 јули. Според Добре Босилковски, помошник на директорот за финансиско-правни работи во „Kомунална хигиена“, откако ќе се направи евалуација на пристигнатите понуди, ќе се спроведе електронска аукција за негативно наддавање, односно за спуштање на цената, пишува Дневник.



- На аукцијата ќе се избере најповолниот понудувач и ако с` тече како што треба и нема жалби, со него во рок од 30 дена ќе се потпише договорот за јавна набавка. Очекувам метлачката на електричен погон да биде набавена до крајот на август - вели Бопсилковски.

Проценетата вредност на оваа машина, според огласот, е 4,5 милиони денари односно 72.815 евра.

Kако што објасни Босилковски, метлачката ќе служи за чистење на улиците. Таа ќе биде со капацитет од два кубни метра, со вакуум-систем за смукање на отпадот и за метење.

- Ова ќе биде еден вид промоција за тоа како треба да се чува здрава животна средина, бидејќи ова ќе биде првата машина на електричен погон во ова јавно претпријатие - изјави Босилковски.

Тој најави дека наскоро ќе распишат и оглас за набавка на ѓубретарка за комунален отпад, исто така на електричен погон. Ѓубретарката ќе биде со капацитет од 2 кубни метри, а проценетата вредност е 4,3 милиони денари.

- Овие машини ќе се користат повеќе во централното градско подрачје, каде што загаденоста на воздухот е најголема, за ние дополнително да не придонесуваме кон уште поголемо загадување - истакна Босилковски.

За тоа дали претпријатието ќе набави уште вакви електрични машини, Босилковски вели дека прво ќе се види како тие ќе функционираат и колку ќе придонесат за намалување на загадувањето. Исто така, набавките ќе зависат и од инвестициската програма на претпријатието за следната година.

Според Босилковски, вакви машини веќе употребуваат повеќе земји како Германија, Италија и Австрија.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1455944269/skopskite-ulici-ke-se-metat-so-elektricna-metlacka
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 23-Jun-2015 at 10:04
„ДРИСЛА“ ПОЧНА ДА СЕ ОСОВРЕМЕНУВА



На депонијата во моментов се во тек подготвителни работи за изведба на инфраструктурата за фабриката за третман на индустрискиот отпад.

Постројките за уништување на медицински и друг опасен отпад и за индустриски отпад се првите две од планираните седум, кои ќе бидат изградени на депонијата „Дрисла“. Со тоа и на терен ќе биде официјализирано осовременувањето на депонијата кое италијанскиот концесионер „ФЦЛ амбиенте“ од Италија треба да го заврши за пет години. Притоа ќе треба да се вложат околу 73 милиони евра и со модернизацијата да се овозможи рециклирање на 70 отсто од вкупното ѓубре што се носи на „Дрисла“. Засега, се' се одвива според планот, со мали незначителни отстапки, велат надлежните.

„Депонијата годинава ќе добие две нови постројки со кои ќе започне процесот на модернизација и трансформација според европски стандарди. Во моментов во тек се подготвителни работи за изведба на инфраструктурата за фабриката за третман на индустрискиот отпад. Се работи и на платформата и на пристапните патеки. Се изведуваат и одводните канали за прием на атмосферската вода, на канализацискиот систем за отпадните води, а истовремено и на целокупната потребна водоводна и електрична мрежа. Генерално, се' тече според планот“, вели директорот на „Дрисла“, Горан Ангелов.

Тој информира дека веќе ја набавиле печката за медицинскиот отпад, а деновиве ќе го добијат и одобрението за градба. Планирано е таа да биде готова до февруари идната година.

„Освен што во неа ќе се согорува овој отпад на температура од 1.650 степени, таа ќе произведува и половина мегават топлинска енергија и 350 киловати електрична енергија. Нејзиниот капацитет ќе биде 2.500 тони годишно“, дополнува Ангелов.

Од годинава на „Дрисла“ ќе се третира и отпадот од различни индустриски процеси, кои се остатоци од согорувања или третман на нафтени деривати. Тој отпад, посочува Ангелов, досега никако не се третирал и најчесто само се складирал на депонија.

Инаку, постројката за индустриски отпад ќе има две машини, едната за неопасен, а другата за опасен отпад. Планирано е таа да биде готова до есен. Паралелно ќе почне да се гради и третата постројка, односно фабриката за преработка на комунален отпад. Во неа ќе се селектираат хартија, стакло, пластика и метал. Тие понатаму ќе одат на рециклирање, а остатокот ќе се преработува во алтернативно гориво кое ќе се користи во индустријата, бидејќи ја загадува околината многу помалку од стандардните горива.

„Таа фабрика треба да биде готова до крајот на идната година. Очекуваме дека кусо време по првите изградени постројки ќе бидат видливи резултатите. Од депонијата нема да се шири мирис, целосно ќе биде отстранета можноста за загадување на животната средина и ќе се зголеми корисната површина на депонијата“, вели Ангелов.

Според договорот, концесионерот „ФЦЛ амбиенте“ има рок од пет години да ги изгради седумте постројки на „Дрисла“. Италијанците ќе стопанисуваат со депонијата 35 години. За тоа време имаат обврска на сметката на градските власти да префрлаат 20 отсто од профитот што ќе го прават на годишно ниво. Проценето е дека тоа ќе бидат околу еден милион евра годишно за Град Скопје.

http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=4B4227FAEEE71C4FBF1CDA30EDF8B4C1
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 25-Jun-2015 at 08:38
ОТВОРЕНА МИНИ ФАБРИКА ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ ОТПАД ВО ШТИП

Штип - Штипското комунално претпријатие „Исар“, во соработка со фирмите „Пакомак“, „Петрев“ и Општина Штип, вчера отвори мини фабрика за рециклирање на отпадот. Директорот на „Исар“, Ангел Бојаџиев, вели дека инвестицијата во машини и другиот дел од инфраструктурата чини 40.000 евра.

„Ние ќе работиме на еден проект со кој волонтери ќе ги посетуваат сите домови со цел да ги поттикнеме граѓаните да почнат да го селектираат отпадот. Бидејќи за влез на Македонија во ЕУ треба секоја општина да почне да го селектира, преработува и рециклира отпадот. Ние започнавме со мал чекор кон оваа цел“, рече Бојаџиев.

Според градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, во фабриката може да се рециклира околу еден тон отпад дневно. Задача на граѓаните ќе биде да ја издвојуваат пластика од органскиот отпад. Тој смета дека со оваа инвестиција ќе се добие поквалитетна животна средина, но и финансиска придобивка за штипското комунално претпријатие.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=BB4259DA181D4A47BF169DA0DF6AE351
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 01-Jul-2015 at 09:33
КОНТЕЈНЕРИ - ЅВОНА ЗА СТАКЛО, ЖЕЛЕЗО И ПЛАСТИКА

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ есенва ќе постави 90 пластични контејнери во форма на ѕвоно за селекција на стакло, железо и пластика. Новите контејнери ќе бидат поставени пред големите маркети и на пофреквентни локации низ градот. Ѕвоната ќе имаат сина, зелена и жолта боја, во зависност од отпадот што ќе се собира во нив. Во жолтите контејнери ќе се селектира пластика, додека во сините и зелените стакло, односно железо. Контејнерите ќе се отвораат на магнетен принцип. Ова ќе биде прв пат да се селектира стакло.

Директорот на „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, вели дека овие 90 ѕвона се најавени како донација на „Пакомак“, која веќе се покажала како општествено одговорна компанија.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=E8A1A8BA462A944D88CDA5894D767301
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 06-Jul-2015 at 13:36
ОД ЕСЕН НА ДРИСЛА ЌЕ УНИШТУВА ИНДУСТРИСКИ ОТПАД

Постројката за индустриски отпад ќе има две машини, едната за третман на безопасен, а другата за опасен отпад

На депонијата "Дрисла" кон крајот на годинава ќе почне да се уништува индустриски отпад. Во моментов во тек се подготвителни работи за изведба на инфраструктурата за фабриката за третман на индустриски отпад. Постројката за индустриски отпад ќе има две машини, едната за безопасен, а другата за опасен отпад. Паралелно, ќе почне да се гради и третата постројка, односно фабриката за преработка на комунален отпад. Во неа ќе се селектираат хартија, стакло, пластика и метал. Тие понатаму ќе одат на рециклирање, а остатокот ќе се преработува во алтернативно гориво, кое ќе се користи во индустријата, бидејќи ја загадува околината многу помалку од стандардните горива.
"Депонијата годинава ќе добие две нови постројки, со кои ќе почне процесот на модернизација и трансформација според европски стандарди.



Во моментов во тек се подготвителни работи за изведба на инфраструктурата за фабриката за третман на индустрискиот отпад. Се работи и на платформата и на пристапните патеки. Се изведуваат и одводните канали за прием на атмосферската вода, на канализацискиот систем за отпадните води, а истовремено, и на целокупната потребна водоводна и електрична мрежа", вели Горан Ангелов, директор на "Дрисла".
Според договорот, концесионерот "ФЦЛ Амбиенте" има рок од пет години да ги изгради седумте постројки на "Дрисла". Италијанците ќе стопанисуваат со депонијата 35 години. За тоа време имаат обврска на сметката на градските власти да префрлаат 20 отсто од профитот кој ќе го прават на годишно ниво. Проценето е дека тоа ќе бидат околу еден милион евра годишно за Град Скопје.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=A7EEF750FDF89A488654950FA01C419E
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 06-Jul-2015 at 20:04
Охрид




23ka.wordpress.com
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 29-Jul-2015 at 11:07
Скопје, ГТЦ и околина на Дом на АРМ













За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3787
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 29-Jul-2015 at 11:34
Не е само до граѓаните. Институциите се грижат малку. Ако шеташ во базел петок ноќе ќе најдеш се и сешто хаос ѓубре се АМА во 4ноќе почнува да се чисти градот и кога ќе излезиш во 6 науто гланц како ништо да не се случило. Кај нас во мкд дури малку има ѓубре кога се зема во предвид дека се чисти неделно па дури 1 во месец во некој населби.
Скопје треба да се дели и секој дел а им припаѓа една група на хигиенчари и да се контролира како е направено работата.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 29-Jul-2015 at 11:54
За сè има вторпат
Back to Top
long123 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 04-Aug-2015
Location: hefei
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote long123 Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 07-Aug-2015 at 08:46
Кај нас евентуално некој шеријатски закон со јавно сечење на рака ако се фрли пикавец би запалил. Се друго е гола вода.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 13-Dec-2015 at 15:40
Не е проблем што се фрла ѓубре, луѓето секогаш ќе фрлаат зашто се идиоти, но проблем е што не се собира и претставува грда, но реална слика за нас:

Св. Пантелејмон, етно село, туризам... како да не бе











извор: https://twitter.com/Jane_Sk/status/675999469566038016
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 13-Dec-2015 at 15:48
и може барем малце да се уреди просторот околу паркинзите, да не биде таква дивинина од грмушки, нешто слично како што е уредено кај жичарата на средно водно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11622
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 22-Dec-2015 at 12:13
Ваквите акции се секогаш за поздрав!

Активистите од „Чист Охрид“ светнаа уште две улици во градот

Неформалната граѓанска иницијатива „Чист Охрид“ викендов реализираше уште една акција за чистење на локации низ градот Охрид. Овојпат се чистеше зелената површина на пресекот на улиците „Ѓорче Петров“ и „Даме Груев“.



На втората по ред акција на групата младите ентузијасти беа собрани 12 големи вреќи со најразличен отпад, во кој имаше многубројни пластични кеси, шишиња и пакувања за различни видови храна, парчиња синтелон, како и пегла за алишта. Можеше да се види дека отпадот намерно бил фрлан длабоко во грмушките на зелената површина.



Локалните жители пристапија кон активистите на позитивен начин, со одобрување и поттик, при што понудија освежување и услови за одржување на личната хигиена по акцијата, што секако е за поздрав. По чистењето на означената локација, волонтерите со собраниот отпад се упатија кон најблиските контејнери, при што беа исчистени и две други, помали локации со сличен отпад.



Ваквите акции ќе продолжат наредниот викенд на нова локација.

-Преку директна акција, можат да се постигнат резултати, затоа што е ослободена од бирократски процеси, од барање на дозвола и ослободена од очекувања дека друг ќе се бори наместо нас. - порачаа активистите од „Чист Охрид.



Волонтерите упатија благодарност до фирмата „Гумно“ која им донирала специјални ракавици за многукратна употреба со што значително ја олесни работата на активистите на „Чист Охрид“.

http://www.ohridnews.com/vesti/91473
За сè има вторпат
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 27-Dec-2015 at 10:51
браво!!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3787
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 10-Apr-2016 at 17:28
Еве и во кичево
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.