build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 31323334>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 398
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #641 Posted: 26-Jun-2023 at 14:04
Индија vibes...
ಠ_ಠ
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15129
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #642 Posted: 26-Jun-2023 at 16:39
Цел град е страшно запуштен.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #643 Posted: 04-Jul-2023 at 13:13
Законот забранува, казни има, но шутот и стариот мебел повторно завршуваат покрај контејнери



Само за еден месец од диви депонии лоцирани на територијата на Скопје се собрани 1600 метри кубни отпад, што говори за фактот дека лошите навики на скопјани не се менуваат лесно. Во периодот кога вообичаено се реновираат домовите и се молерисува, веќе е вообичаено стариот мебел и шутот од градежните работи, наместо да се однесе на депонија или да се побара специјален контејнер за таква намена – да завршат на куп покрај контејнерите за ѓубре или на зелена површина

Од ЈП „Комунална хигиена“ потсетуваат дека нивната основна дејност е собирање и транспорт на комуналниот отпад од домаќинствата и од фирмите, но како што тврдат, секојдневно се ангажирани за извршување вонредни активности како што е расчистувањето диви депонии, кои се создаваат поради непрописно одлагање отпад на јавни и на сообраќајни површини.

Претпријатието апелира до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови – контејнери, канти или корпи за отпадоци. Воедно, неопходна е поголема ангажираност на соодветните институции задолжени за санкционирање на прекршителите на Законот за јавна чистота, бидејќи ЈП „Комунална хигиена“ нема надлежност да изрекува санкции за непрописно одлагање отпад – велат комуналците.

Според Законот за јавна чистота во контејнерите наменети за комунален отпад е забрането да се фрла шут и кабаст отпад и за тоа се пропишани и казни, но досега нема сознание дали некој е казнет за прекршување на законските обврски. И тоа, не само за оваа, туку и за други одредби од овој Закон.

Во член 14 од Законот, меѓу другото е наведено дека е забрането фрлање и оставање градежен шут освен на места определени за таа намена, оставање стари предмети од домаќинство и смет покрај контејнери, како и фрлање и оставање хартија, опушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци освен на местата определени за таа намена. За непостапување по оваа забрана се предвидени казни. За физички лица, за граѓаните, глобата е 50 евра во денарска противредност, а за фирма, која го прекршува член 14, е предвидена казна од 2.000 до 4.000 евра.

За да не се плаќаат казни и да не се загадува животната средина, граѓаните можат да ја искористат услугата што ја нуди ова јавно претпријатие за подигнување на шутот и кабастиот отпад и негово транспортирање до легална депонија. Скопјани коишто имаат потреба да се ослободат од шут, од својот стар мебел и неупотребливи електронски и електрични уреди можат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 да ја нарачаат услугата за подигање и транспорт на отпадот со специјални возила на претпријатието.

Но цените се тие кои најчесто ги одвраќаат скопјани од таквата намера, иако сепак се малку пониски од казната која ја предвидува законот за фрлање отпад на недозволено место. За подигнување на градежен шут со камион на „Комунална хигиена“ и двајца работници се наплаќа 2.310 денари, а без работници 1.890 денари. За подигнување на кабаст отпад со камион и со двајца работници се наплаќа 2.940 денари или 1.680 денари ако самите го натоварите на возилата на претпријатието.

Граѓаните имаат можност и самите да го однесат шутот, стариот мебел или санитарии и бесплатно да ги предадат во пунктот на претпријатието кој се наоѓа веднаш зад бензинската пумпа на „Макпетрол“ во Карпош 3 или на пунктот во Вардариште. Но и во тој случај би требало да се најде возило или приколка за транспорт и тоа да се плати.

Покрај за собирање отпад, екипите на претпријатието во изминатиов викенд, како што информираат од таму биле ангажирани и за санирање на последиците од невремето што го зафати градот, при што се вршеше подигнување на паднатите дрвја, отстранување на лисјата, како и рачно и машинско метење на поголемите улици и булевари во градот.

https://www.slobodenpecat.mk/zakonot-zabranuva-kazni-ima-no-shutot-i-stariot-mebel-povtorno-zavrshuvaat-pokraj-kontejneri/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #644 Posted: 09-Jul-2023 at 11:52
СКОПЈЕ СМРДИ ЗАТРУПАНО ВО ЃУБРЕ-ФОТОГАЛЕРИЈА







Втор ден вработените во ЈП „Комунална хигиена“ не го собираат ѓубрето од контејнерите и кантите. Втор ден главниот град е затрупан во ѓубре и смрди. На температури над 30 степени контејнерите се полни, а ѓубре има и околу нив, на пешачките и велосипедските патеки.

Ова е прв пат во историјата на Град Скопје кога градоначалничка е Данела Арсовска, а директорка на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ, ѓубрето да не се собира и да се доведат во опасност граѓаните од ширење на заразни болести.

Вработените во „Комунална“ и синоќа останаа во дворот на претпријатието односно не излегоа со камионите да собираат ѓубре. Незадоволни се од раководството на претпријатието, бараат повисоки плати, исплата на К-15 и враќање на работа на колегите кои Мазнева-Николиќ пред неколку дена ги отпуштила.

https://091info.mk/2023/07/09/скопје-смрди-затрупано-во-ѓубре-фотог/
Carpe diem
Back to Top
Magdalena View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Jul-2023
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote Magdalena Quote  Post ReplyReply #645 Posted: 16-Aug-2023 at 12:08
To enormously advance the circumstance, litterers ought to be constantly and diligently rebuffed, and youngsters at school ought to be instructed to deal with their current circumstances. Young people wildly toss anything that they can get their hands on all over the place... it's all over the place, yet here it resembles a design. you know in Japan there schools don't even have a single staff person for cleaning because their student do all the cleaning after school
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #646 Posted: 28-Aug-2023 at 15:47
СКОПЈЕ СМРДИ

Полни канти за отпадоци и контејнери, ѓубре расфрлено околу нив, исцедок по тротоари, пешачки патеки и улици, како и ужасна смрдеа која се шири е сликата од главниот град.

Особено запрепастувачка е состојбата во строгиот центар на Скопје, кој треба да биде лицето на градот. Кога ќе стигнете во центар, на Рекорд прво во обзема смрдеа и неподнослива миризба која се шири. Измешана миризба на ѓубре, исцедок, пцовисани животни и чад од околните дуќани за храна. Луѓето кои чекаат автобус на автобуската станица на Рекорд добиваа нагони за повраќање, ставаат маица или марамчиња преку устата, а дел од нив заминуваа да чекаат автобус на следната станица кај зелено пазарче.



Идентична е сликата и низ улица Македонија, Плоштадот Македонија и Кејот 13 Ноември. Кантите се преполни, плочникот не е изметен, ниту пак измиен и се шири смрдеа. Цело лето низ градот не поминале камионите кои ги мијат улиците, ниту пак рачно се миени Градски парк и плоштадите каде има најголема фреквенција на луѓе.

„Скопје никогаш не било повалкано. Навечер кога се собира ѓубрето миризба се разлева насекаде. Ѓубрарките се скапани и течат и цел град навечер е полиен со исцедокот што тече од нив. Не се вози по улица навечер со отворен прозор, а камоли пеш да се оди“, вели жител на населбата Капиштец.



Од скопските општини велат дека проблемот со ѓубрето во градот е во „Комунална хигиена“ која нередовно собира ѓубре.

„Ние како Општина наредната година размислуваме да ангажираме приватна фирма за чистење оти граѓаните постојано ни се жалат, а ‘Комунална‘ не чисти. Ги празнат само контејнерите, а ѓубрето околу нив останува и така се создаваат депонии“, вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.



Пред еден месец во Скопје за прв пат во неговата историја три дена не се собираше ѓубрето поради кавга на вработените со директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ и градоначалничката Данела Арсовска.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopje-smrdi/
Carpe diem
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #647 Posted: 30-Aug-2023 at 14:15

чинам нишкава треба да добие башка побратимка, оваа за обзервација, а една за идеи, бидејќи истите и во прв прв пост да звучеле теоретски арно во пракса ништо од таквата инвентивност!

Originally posted by skywings


Мислам дека и оваа тема заслужува да биде истретирана на форумов, зашто на сите ни е преку глава од ѓубрето и нехигиената во градот....

претпоставувам слушнавте дека од пред 10-тина дена, потпирајќи се на Законот за управување со комунален отпад од ноември лани, комунални инспектори шетаат по градот со цајкани и ловат "културни" граѓани што фрлаат пикавци, ѓубре кај ќе стигнат...

казна за фрлен пикавец - 30 евра, за фрлена кеса од "стоби флипс" (пример: - 50 евра.... за фрлен шпорет кај Вардар - 100 евра.... фирми што фрлаат градежен шут во дива депонија - 2.000 евра...

е сега, шо мислете... ќе упали ова до некаде или..... секое чудо за три денаWallbash
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #648 Posted: 30-Aug-2023 at 15:12

вакво нешто и' да упали та Џандар и' да ти пише казна, прво можеш лесно да го попишманиш ако е гладен, а дури и' тоа не упалило секогаш бидејќи сите сме си едно големо мало семејство па може да се најде врска пишаното да го попише у рециклирани фасцикли кога ќе доспее во Станица!, конечно на Суд можеш да пробаш на портирот да му пишеш чекче за да ургира, во случај да немаш некој директ драјв семејни релации!, и пак се' по старо!, бидејќи дресура дури и' да е редовна, балкан по дифолт си е валкан, онака како со акало лита слепо фокусиран на евро интеграции, а нали ко ќе олабаи дури тогај за јавна чистота ќе му ја мисли!

е сега, некое креативно чаре би било Народ сам себе да се пази т.е. бар за ваква (ако не антикорупциска) дресура, да постои Ruptly алајк алатка за пријавување контињер табиет [1][1] та бар за Голем Ринг ако не другде!, иако убо би било тоа да е норма за цела метро аера, мислам најубо за цела Македонија, ама се' нешто исцепкано в неа та и ова ќе да го стокмат така ако воопшто некогаш види бел ден!, а за што прво треба дресура за постојано носење Лична Карта во која знаејќи дека има рфид чип треба само локатори да закачат на секоја бандера и во секое време може да биде верифициран антиконтињер табиетџијата!

но нели не е убо да се прават пари на туѓ грб та кај нас ќе замижат за ваквата можност, нали хјуман рајтс енд рискс фром бигбрадер ријалити се хајест приорити кај нас, точно но бар од време на време да се пушта во оптек таков систем какп би се издресирал Народ на домакинско однесување, сепак треба и поагилни клин-ми-ап-скоти од служби, немора инстант [2][2] но бар на саат време да зачистуваат ѓубре наоколу центаро, а паметно би било да ги сторат корпи со вкопано дно та секој еден сограѓанин да може со нога да си шутне отпадок во корпа, колку и ова да делува смешно чинам ќе биде ефективно!

Во Спротивно ...





Edited by beTon - 30-Aug-2023 at 15:15
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15129
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #649 Posted: 06-Sep-2023 at 15:00
ФОТО: Не е до печалбарите, тие си заминаа, а Тетово повторно е како дива депонија



„Со доаѓањето на печалбарите во Тетово на дневна основа се создаваа двојно поголеми количини на комунален смет, затоа и хигиената во градот не е на завидно ниво во летниот период“. Ова е најчестиот одговор од општинските власти зошто во месеците јули и август Тетово се гуши во диви депонии, околу контејнерите има купишта смет, а јавните површини се валкани и има разни отпадоци.



Но ова оправдување на властите очигледно „не држи вода“ оти и сега кога сите гастарбајтери се заминати градот под Шара е налик на дива депонија.



Покрај секој контејнер има мини дива депонија, од мебел, градежен шут, се до комунален смет. Тротоарите и улиците не се метат и чистат со вода, останатите јавни површини запуштени, но и кејот на реката Пена е полн со отпадоци.







повеќе на

https://www.slobodenpecat.mk/foto-ne-e-do-pechalbarite-tie-si-zaminaa-a-tetovo-povtorno-e-kako-diva-deponija/
За сè има вторпат
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #650 Posted: 06-Sep-2023 at 20:25

Судбина да не се кренат тетовчани против ревизијата и рефинансирњето на автопато за Орид за да им сржат на удбалитачари ~ "Ало Не Ни Требаат вашите фракинг клучки Туку Еднаш За Секогаш Купете Еден Регионален Плазма Инценератор!", но и да го сториле тоа сигурно sds+dui ќе ги утешеле еве имаме за пиролитички [1][1] но ко што може да се види од првиве фусои пиролитички и плазма не ет иста работа!, на страна што со пиролитички пак ќе загадуваат екстра воздухо, капак со таков не ни можат да се решат брзо постојните депонии т.е. гајрети ко вардариште [2] хм дали е прекасно незнам но сакате ли Народ конечно и долгорочно да го реши проблемов со отпад друго нема него бар три регионални плазма инценератори во Македонија ...

апансаз цена за амерички плазма инц. ~ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=559&PID=228193#228193
а треба техничка и ценовна споредба со руските и кинеските ...

... и ајде моиве абери во последниов тагиран линк иако логични сепак ко полуписмен немам право да таласам небаре сум работел на проблематиката долгорочно!, сепак не сум единствен кој размислува вака, сепак сеуште немам чуена за некоја јавна дебата а не пак техничка студија како долгорочно да се реши во цела Македонија комуналниот отпад целисходно! ... реално ваков пристап е мултилевел чаре за повеќе еко гајрети кои не закачиле, а воедно во споредба со нивното тимарање тековно и цехот за истото нема друга ефективна алтернатива него Плазма Инценератори!, значи за забораената (до душа затрупана сепак сеуште активна заради метаболички метан процеси) депонија вардариште требало 40 милиона евра за санација (2-рио фус горе), а за то линдано 200 милиони евра, ето комотно со 3 Инценератори (3х100 = 300 милиони евра среден капацитет комотно ќе се решаваат и заостанатите проблеми ем тековниот отпад ...

Тој вели дека за чистењето на линданот итно мора да се обезбедат дополнителни финансиски средства и процедурата да се прошири и на другите депонии. Според неговите пресметки зафатот би чинел до 200 милиони евра.
...
https://okno.mk/node/88487


исто гајрет за мислење ет и азбестот (читај следниот цитиран текст), а јас би рекол и многу удбалитичарски глупости од потпишани договори ко то итаљанските рдф (ултра) срања кои ги товареле в скопскио кафез за што кусур ет Козјак [3] плус што долгорочно проблем ќе биде и самоодржливоста на депониите т.е. со сингасот од евентуални идни плазма инценератори ќе се покрива дополнително сервисирањето на комуналните претпријатија!, но овие и тогаш радо би вас да ви шитНат таа струја!, патем плазма инценераторите се најеко опција макар и в сред Скопје има еден таков!

Фабрика за Селекција и Третман на Комунален Отпад
интЕрвју со горан ангЕЛов дирЕКтор на јп дрисЛа
3 јуни 2011 - Порта3 - https://pdfslide.tips/documents/porta3-158.html

Горан Ангелов е главниот човек, кој стои зад Јавното претпријатие „Дрисла“. Исто така, Ангелов е и прв претседател на Асоцијацијата на локални власти на Југоисточна Европа, и поранешен претседател на ЗЕЛС. Со него разговаравме околу депонијата Дрисла, како таа функционира, со каква опрема (механизација) располага и како се справува со предизвикот наречен ОТПАД.

Господине ангелов, вие сте главниот човек кој стои зад ЈП „Дрисла“, единствената локација во Македонија која може да се карактеризира како простор за депонирање на отпад според законските прописи и норми. Кои се карактеристиките на оваа депонија?

Дрисла претставува депонија со која стопанисува Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“ - Скопје, основано од градот Скопје во 1994 година. Регистрирана е за вршење на следните дејности: обработка и отстранување на безопасен отпад, собирање на опасен отпад, како и обработка и отстранување на опасен отпад. Депонијата е лоцирана во југоисточниот дел од градот Скопје на оддалеченост од 14 км од центарот на градот. Се простира на површина од 76 ха, со проектен капацитет од 26.000.000 м3 депониран комунален отпад. Во проектната документација се планира дека ќе биде наполнета за околу 30 години, но во досегашната експлоатација од 16 години, истата е исполнета до 33% од вкупниот капацитет, а тоа укажува на фактот што следните 30 години има начин на депонирање, без претходна селекција и искористување на отпадот што може да служи како секундарна суровина (хартија, метал, стакло, пластика).

Работи ли ЈП „Дрисла“ по пропишаните европски и светски стандарди за заштита на животната средина, и доколку е тоа така, по кои стандарди и прописи?

Депонијата Дрисла работи според Законот за управување на отпад од 2004 година, кој е направен во согласност со законите на Европска Унија и сите пропратни акти кои произлегуваат од тој закон одговараат на европското законодавство.

Како што знаеме, на просторот што е наменет за депонирање на отпад се складира комунален и медицински отпад. Како успевате да се справите со огромните количини комунален отпад, дали преку методите на инценерација и/или пиролиза, или пак се служите со други третмани?

На самата депонија применета е технологија на санитарно депонирање што подразбира планирање и набивање на сметот во слоеви и покривање на истиот со инертен материјал. Процесот на биолошко распаѓање или ферментација на сметот е предвидено да се одвива во две фази: аеробна (со присуство на кислород) и анаеробна (во отсуство на кислород). Овие фази соодвествуваат со фазите на отворен смет (работна фаза) и фазата на покриен смет (завршна фаза). Проектираниот степен на збиеност на сметот изнесува 0,70 т/м3. Складирањето на сметот се врши во слоеви со вкупна висина од 2,50 м. Притоа висината на набиен смет изнесува 2,20 м, а 0,30 м претставува висина на инертниот материјал. По достигнувањето на висината од 2,50 м со помош на градежна машина - компактор се врши набивање на сметот. Ова е централна операција во технолошкиот процес со што се запазуваат следните аспекти: стабилност на телото на депонијата; отстранување на можноста за создавање воздушни џепови каде би се собирал депонискиот гас кој се создава со процесот на разлагање на сметот; оптимално пополнување на депонијата и смалување на можноста за продор на филтратот во подземните води.

Дали се точни гласините дека се планира изградба на дополнителна депонија која ќе служи за складирање/ третман/ обработка на азбест - цемент?

За првпат и на единствено место на територијата на Република Македонија е предвидена локација и е добиена дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ за третман на отпадот азбест- цемент во Дрисла.

Во иднина отпадот ќе биде суровина од која ќе се црпи депониски гас и ќе се користи за производство на електрична (околу 3 МW) и топлотна енергија за потребите на објектите во депонијата Дрисла. Локацијата што е предвидена за изградба на депонијата за азбест-цементен отпад е во кругот на постоечката депонија. На планираната локација, геомеханичките карактеристики на теренот дозволуваат изведба на ровови за складирање на азбест-цементниот отпад. За објектот - изградба на парцела за складирање третман и/или преработка на отпад (азбест-цемент) во депонија Дрисла, с.Батинци, е изработен Основен проект во кој, согласно проектната програма, се дефинирани следните објекти: планирање на локација со изградба на пристапните патеки, геотехничко проектирање - стабилизација на косини, хидротехнички инсталации - одводнување на локација, електротехнички инасталации - осветлување на локација, и архитектонско - конструктивни објекти. Дефинирана е парцелата на која е предвидено времено складирање на 100.000 м2 кровна површина - азбест-цементни плочи (отпад), како и пристапните и внатрешните патеки во локацијата за пристап до депонијата и придружните инфраструктурни објекти. Предвидено е азбест-цементните плочи да се складираат во заштитни вреќи со димензии 1,00х1,00х0,70м, така што со проектот е обезбеден простор за складирање на 1.000 вакви вреќи, кои ќе се поставуваат во две нивоа - едни врз други, со заштитен земјен слој меѓу нив. Вреќите со азбест-цементен отпад ќе се складираат во вештачки креирани ровови на локацијата на Дрисла од двете страни на новопроектираните пристапни патеки, а како главна заштита на околниот терен од загадување се предвидени фолии - геомембрани со кои се обвиткуваат рововите и се покриваат веќе складираните вреќи азбест-цементен отпад. За целосната реализација на овој проект се предвидени 12.000.000,00 денари, кои ќе се обезбедат од сопствени приходи на Јавното претпријатие

за депонирање на комунален отпад „Дрисла” - Скопје. Со изградбата на депонијата за азбест-цементен отпад ќе се овозможи заштита на животната средина со самото тоа што кога отпадот од азбест ќе се депонира во соодветни ровови специјално изградени за таа намена и се прекрие со земјен материјал, отпадот комплетно се изолира од природните медиуми и не претставува опасност по животната средина.

Што мислите за искористувањето на можностите што ги нуди комуналниот отпад, односно добивањето на топлина и електрична енергија од истиот? Има ли ЈП „Дрисла“ капацитет за вакво нешто?

ЈП „Дрисла“ има капацитет за искористување на комуналниот и медицинскиот отпад, и тоа со набавката на новата печка за медицински отпад и изградбата и монтажата на фабриката за селекција и третман на комунален отпад.

За крај, дали можете да ни кажете нешто повеќе околу тековните и идните планирани проекти?

ЈП депонија Дрисла ги планира следниве капитални инфраструктурни инвестиции: црпење на депониски гас и негово искористување за производство на електрична (околу 3 МW) и топлотна енергија за потребите на објектите во депонијата; изградба и монтажа на фабрика за селекција на комунален отпад со капацитет од околу 500 тони на ден или две линии по 20 тони на час; изградба на класични компостари со дневен капацитет од 50 тони; изградба и монтажа на био дигестор со капацитет од околу 150 тони дневно; монтажа на линија за третман на градежниот отпад; изградба на станица за прочистување на депониски отпадни води.

Никола НЕШКОСКИ, дипл.инж. за жив.средина

Печката за согорување на медицински отпад е стара 30 години На кој начин се справувате со медицинскиот отпад. Дали депонијата поседува посебна апаратура (постројки)?

Во текот на 2000 година од страна на Владата на Кралството Велика Британија е донирана печка за согорување на медицинскиот отпад (инценератор) со капацитет на инценераторот од 200 кг/час. Овој инценератор е донесен на локалитетот Дрисла во февруари 2000 година, а пуштен е во употреба во април истата година. Во него се согоруваат медицинскиот отпад и лекови со изминат рок од територијата на градот Скопје. Согласно одредените карактеристики (геолошки, хидро - метеоролошки карактеристики, оддалеченост од градот Скопје, сообраќајна инфраструктура, пристапни патишта, можност за искористување на топлинска енергија од инценераторот за околната урбана средина, и слично), депонијата Дрисла е избрана како најдобар локалитет за поставување на инценератор за согорување на опасен отпад. Оваа печка за согорување на медицинскиот отпад работи полни десет години, без никакви поголеми реконструкции, и нејзината состојба е релативно лоша бидејќи е произведена во 1980 година и пред да биде донирана на Република Македонија, таа веќе работела 20 години во Велика Британија. Во тој период таа ги задоволувала строгите англиски законски регулативи од областа на заштитата на животната средина. Оваа година планираме набавка на нова печка за согорување на медицински отпад (инценератор) која ќе ги задоволува строгите еколошки параметри за емисија на гасови, со што ќе ги исполнува барањата утврдени во Европската директива за согорување на отпад 2000/76/ЕС, како и барањата утврдени во постоечкиот Закон за управување со отпад (Сл.весник на РМ бр. 09/11). Новата печката за согорување на медицинскиот отпад би била со капацитет три пати поголем од сегашната или од 1.800 до 2.000 тони на годишно ниво и со моќност од најмалку 600 кв. Новиот инценератор може да биде извор на топлина која може да се користи за производство на електрична енергија, а топлинската енергија да ги затоплува работните простории на ЈП „Дрисла“. Со зголемувањето на капацитетот на инценераторот ќе се воспостави систем за собирање и транспортирање на медицинскиот отпад од внатрешноста на земјата до депонијата Дрисла. Со ова сите медицински установи во Македонија каде што се создава опасен медицински отпад, ќе бидат опфатени со собирање, транспортирање и спалување на овој опасен отпад. Покрај опасниот медицински отпад, новиот инценератор дава можност за третман на опасните масла и отпадоци од пакувања на пестициди и хербициди.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #651 Posted: 09-Sep-2023 at 14:03
ФИРМА ОД СЛОВЕНИЈА ЌЕ ГО ЧИСТИ ЃУБРЕТО ВО ТЕТОВО ОТКАКО ПОТПИША ДОГОВОР СО ОПШТИНАТА ЗА ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО



Проблемите со сметот во Тетово никако да се решат. Преполни контејнери има речиси на сите страни, а тетовските комуналци, иако се трудат, не успеваат навреме да го соберат сметот. Недоволниот број на луѓе, а и малите и нередовни плати што ги примаат, само уште повеќе придонесуваат Тетово да се гуши во смет. За излез од ваквата тешка состојба Општина Тетово се реши да потпише договор за јавно-приватно партнерство со фирма од Словенија за собирање и депонирање на комуналниот смет од градот.
Општината првин направи физибилити студија за оправданоста на јавно-приватно партнерство, а потоа спроведе тендер на кој е избрана фирма од Словенија, а на Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Општината.

„За најповолен понудувач се избра компанијата „Саубермахр Словенија, услуги за заштитна животна средина“ со седиште во Мурска Собота. Предмет на договорот е воспоставување на јавно-приватно партнерство за собирање и депонирање на комунален отпад на цела територија на Општина Тетово до депонија Русино кое се остварува како јавна набавка. Целите што треба да се постигнат со доделување на договорот за јавното приватно партнерство е интегриран систем за управување со отпад кој ќе биде ефикасен во однос на отстранување на целиот отпад, намалување на количините и да се отстранат опасностите по животната средина“, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот.

На седницата мнозинството од советот усвои заклучок со кој се одобрува Општината да направи уште физибилити студии за оправданост за формирање на повеќе јавно-приватни партнерства, за изградба на административна зграда на општината како и за изградба, реконструкција и управување со аква-парк во спортско-рекреативен центар во Тетово.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/firma-od-slovenija-ke-go-chisti-gubreto-vo-tetovo-otkako-potpisha-dogovor-so-opshtinata-za-javno-privatno-partnerstvo/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #652 Posted: 18-Oct-2023 at 17:43
На овие локации со децении е вака,може да се придодаде и просторот зад контејнерите кај Вучко

на ул.Бојмија во нас.Острово-Аеродром





...

Мичурин ул.Борис Кидрич





https://mzaednica.mk
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #653 Posted: 14-Jan-2024 at 15:47
(ГАЛЕРИЈА) Тетово меѓу највалканите европски градови, а не меѓу најчистите, како што вети Касами











https://meta.mk/galerija-tetovo-megju-najvalkanite-evropski-gradovi-a-ne-megju-najchistite-kako-shto-veti-kasami/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #654 Posted: 26-Jan-2024 at 20:18
КОНТЕЈНЕРИТЕ НИЗ СКОПЈЕ ПРЕПОЛНИ, ЃУБРЕТО НЕ СЕ СОБИРА СО РЕДОВНАТА ДИНАМИКА



Ѓубрето низ Скопје не се собира со предвидената динамика па затоа контејнерите низ градот се преполни, а со ѓубре се затрупани и тротоарите. Полни контејнери има низ сите населби во Скопје, но и во центарот на градот.

„Контејнерите на улицата Даме Груев во центарот на Скопје се празнат секој ден, но сега два дена немаше поминато камион. Дури денес дојдоа да го соберат ѓубрето со кое беше затрупана и улицата“, велат вработени во околните објекти.

Во Скопје не се метат редовно ни улиците, ниту се чистат корпите за отпадоци. ЈП „Комунална хигиена“ не може да ги ангажира сезонските работници, бидејќи на Советот на Град Скопје не им е помината програмата за работа. За неа не гласаат советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои откако се скараа со градоначалничката Данела Арсовска не ги поддржуваат нејзините точки и програми. Без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат најмногу советници во Советот, 16, треба сите други советници да гласаат „за“ за да пројде. точката.

Но, контејнерите низ Скопје треба да ги празнат редовно вработените лица во претпријатието, сезонските според договорите се ангажирани само за метење и чистење на улици и празнење на корпите за џебен отпад.

Градоначалничката Данела Арсовска не одговараше на нашите прашања зошто контејнерите се полни и ѓубрето не се собира со предвидената динамика. Директорот на „Комунална хигиена“ Гоце Трајковски вели дека ѓубрето низ градот се собира со редовна динамика, нема никаков застој од нивна страна, а проблемот е поради несовесни граѓани кои фрлаат ѓубре и трупаат отпад.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kontejnerite-niz-skopje-prepolni-gubreto-ne-se-sobira-so-redovnata-dinamika/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #655 Posted: 30-Jan-2024 at 19:28
Ѓубре, отпадни води и лоша миризба, ова е секојдневна глетка на студентите на патот до УМТ





https://mk.tv21.tv/gubre-otpadni-vodi-i-losha-mirizba-ova-e-sekojdnevna-gletka-na-studentite-na-patot-do-umt/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #656 Posted: 03-Mar-2024 at 15:37
Низ Тетово(од твитер)







Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #657 Posted: 10-Jun-2024 at 18:39
НИЕ ГО ЧИСТИМЕ СКОПЈЕ, АМА ГРАЃАНИТЕ ПРАВАТ ДЕПОНИИ ПОКРАЈ КОНТЕЈНЕРИТЕ, ВЕЛАТ ОД „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“



Секој ден се соочуваме со масовно фрлање ѓубре на јавни површини низ Скопје, велат од ЈП „Комунална хигиена“. Од претпријатието велат дека тие редовно ги празнат контејнерите, но секој ден има купишта ѓубре и околу нив.

„Во периодот јануари-јуни 2024 година, екипите на претпријатието подигнаа и транспортираа вкупно 2.500 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. Интервенирано е во сите скопски општини, при што се отстранети приближно 150 диви депонии. Основната дејност на ‘Комунална хигиена‘ е собирањето и транспортот на комуналниот отпад од домаќинствата и правните субјекти, коишто континуирано се реализираат седум дена во неделата, согласно оперативниот план. Покрај своите редовни активности, вработените се секојдневно максимално ангажирани за извршување вонредни акции, како што е расчистувањето диви депонии коишто настануваат како резултат на непрописното и несовесното одлагање отпад на јавните и на сообраќајните површини“, велат од „Комунална хигиена“.

Од претпријатието апелираат до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови, контејнерите, кантите или корпите за отпадоци.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nie-go-chistime-skopje-ama-graganite-pravat-deponii-pokraj-kontejnerite-velat-od-komunalna-higiena/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #658 Posted: 10-Jun-2024 at 18:56
од твитер,

Скоро околу сите нови контејнери сликата е ваква

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #659 Posted: 18-Jun-2024 at 18:07
Скопје смрди на секој чекор, ѓубре насекаде, демне опасност од зарази!



-Имаме енормна појава на фрлање отпад околу контејнерите. Постојано се фрла и тоа кога тие ќе се испразнат. На пример во 8 часот сме ги испразниле контејнерите и сме расчистиле околу нив, во 10 часот повторно има ѓубре околу нив. Се сомневаме дека тоа се прави со тенденција – велат од ЈП Комунална хигиена. Најавуваат пријави до Министерството за внатрешни работи за да почнат постапки за истрага против непознати сторители. Според претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, постојат два начина да се реши ваквата состојба.

-Првиот начин е да се раздвои ЈП Комунална хигиена, односно да се подели по општини, и механизацијата и вработените, а вториот начин е општините дополнително да се ангажираат за одржување на хигиената – вели Ѓорѓиевски



Скопјани знаат и самите да си го загорчат животот, со некултурно и неодговорно однесување, а потоа вината да ја префрлаат на надлежните комунални претпријатија, општински или пак на градското ЈП Комунална хигиена.

Мини депонии од кои се шири неподнослива смрдеа, особено сега кога е жешко, се формираат околу контејнерите, иако овие садови се наменети токму за фрлање на отпадот. Ако се земе предвид дека се работи за комунален отпад, тој на овие високи температури е потенцијална „бомба” за ширење на заразни болести. Граѓаните негодуваат, иако некои од нив и самите се несовесни и го фрлаат сметот таму каде што не му е место. Не сакајќи да ги отворат контејнерите, полесно им е да остават ѓубрето покрај нив. На оваа појава деновиве предупредија од ЈП Комунална хигиена.

-Имаме енормна појава на фрлање на отпад околу контејнерите. Постојано се фрла и тоа кога ќе се испразнат контејнерите. На пример во 8 часот сме ги испразниле и сме расчистиле околу нив, во 10 часот повторно има ѓубре околу нив. Се сомневаме дека тоа се прави со тенденција – велат од претпријатието.

Вакви случаи се регистрирани на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на ТЦ „Мавровка“, на улиците: „ Џон Кенеди“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“, во општината Чаир, „Народен фронт“, „Даме
Груев“, „Партизанска“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во општината Центар, како и на улиците: „1510“ и „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода…

Од ЈП Комунална хигиена велат дека не можат да преземат ништо, бидејќи освен собирањето и транспортирањето на отпадот немаат други ингеренции.

-Нашата еко-патрола може само да ги едуцира и информира граѓаните на кој начин да го одлагаат отпадот – децидни се од ЈП Комунална хигиена.

Дел од граѓаните вината за мини депониите околу контејнерите ја префрлаат на Комунална хигиена.

-Цело Скопје периодов е претворено во депонија. Очигледно е дека не се чисти навремено и секојдневно. Контејнерите се полни со денови, а смет има и околу нив. Полни се исто така и малите канти. Ѓубре расфрлано насекаде. Срамно е главен град вака да изгледа – реагира Слаѓана Шавкулоска.

Марика Стоименова го повикува ЈП Комунална хигиена да дојде и да го собере ѓубрето.

-Жива зараза, смрди, не се дише, срамота – коментира таа.

Биле Ѓоргиева смета дека за тоа виновни се самите граѓани.

-Вие немате култура, како можете до контејнер да фрлате или има кој да ви го собира ѓубрето – додава таа.

И Дејан Станчевски е со истото мислење.

-Што ви е крива општината, што ви е крив градоначалникот или пак Град Скопје кога вие мештаните ја правите таа глетка која ви е пред очи секојдневно. Претпријатието не може да постигне од несовесноста на граѓаните. И 10 контејнери за кабаст отпад да има вие пак на земја ќе фрлате. Жал ми е за дечињата што ја дишат таа смрдеа, но реалноста е таа – потенцира Станчевски.

Вера Тушевска, пак, вели дека уште 10 пати да го собираат ѓубрето, за два дена ситуацијата би била иста.

-Јас би ја оставила ваквата ситуација еден месец па отпадот да им дојде во двор и на улица да не можат да поминат – наведува таа.

Според претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, постојат два начина да се реши ваквата состојба.

-Првиот начин е да се раздвои ЈП Комунална хигиена, односно да се подели по општини, и механизацијата и вработените, а вториот начин е општините дополнително да се ангажираат за одржување на хигиената. Досега сите средства што ги плаќаат граѓаните за одржување на хигиената одат во ЈП Комунална хигиена, а доколку се раздвои претпријатието по општини и кај нив ќе одат приходи – наведе Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека сето ова што се случува како што вели, не само сега, туку и последниве две години е резултат на нефункционалноста на ова претпријатие и на Град Скопје.

Општина Центар, пак, работите ги презеде во свои раце, со оглед на тоа дека во рамките на ЈП ПОЦ постои посебен Сектор за одржување на хигиената.

Изминатите денови на неколку локации во оваа општина се чистеше просторот околу контејнерите. Се чистеше со цистерна на улица „9 Мај” и „Христо Смирненски” , а се наводнуваше кај Зелено пазарче и Сквер Јадран. Исчистени и освежени се и други локации во општината.

Од општината апелираа до граѓаните да бидат совесни и да го фрлаат ѓубрето во садовите за отпад, а не покрај нив.

-Ваквото однесување го загрозува јавното здравје и претставува опасност од ширење заразни болести – децидни се од Општина Центар.

И од ЈП Комунална хигиена апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини. Уште еднаш потсетија дека секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота, а сторителите подлежат на санкции. Притоа, најавија дека ќе поднесуваат пријави до Министерството за внатрешни работи за да почнат постапки за истрага против непознати сторители.

https://www.vecer.press/skopje-smrdi-na-sekoj-cekor-gjubre-nasekade/
Carpe diem
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1408
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #660 Posted: 18-Jun-2024 at 18:55
Каде е проблемот на Скопје со градската чистота? Веке неколку години гледам вакви слики и не ми е јасно - претпријатието за jвна чистота има некомпетентно раководство, лоша организација и не си ја врши совесно работата, нема доволно коли за собирање и контејнери за губре,депониите се малку и немаат доволен капацитет за примане и преработка на губрето,нерегулирано отстрануване на отпадот
или што? Или можеби има некои други причини, не знам..
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 31323334>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.