build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 26>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 09-Oct-2008 at 09:17
Се е во ред со законот, можеби има пропусти но генерално го оценувам како коректен.
Само проблемот го гледам во проследувачите на истиот. Неможе да се спроведува закон ако претходно не се обезбедат услови за тоа.
Како ќе го научите граѓанинот да фрла отпадоци во корпа ако нема доволно корпи?
Како ќе научите граѓанинот да не паркира покрај контејнер ако истиот не е поставен на соодветно место и соодветно обележан?

Револтиран сум што добив казна од 50 евра (неважечко платежно средство во РМ) зошто бев приморан да застанам на Партизанска покрај контејнер поради телефонски повик, за во исто време да помине полиција покрај мене, се поврати и ме казни со глоба за сторен прекршок по јавна чистота.

Господа, одговорни, во полиција, општина, влада:
ОБЕЛЕЖЕТЕ КАДЕ ТРЕБА ДА СТОЈАТ КОНТЕЈНЕРИТЕ (сигурно не на улица на 3-та лента) И ПОСТАВЕТЕ ЗНАЦИ ЗА ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ.

Во исто време казнете ја комунална хигиена доколку ги остави контејнерите на друго место освен на обележаното и доколку истури и остави ѓубре од истите при нивното празнење.

Ако сакате да спроведувате закони од било која сфера, најпрви ОБЕЗБЕДЕТЕ УСЛОВИ.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 09-Oct-2008 at 09:50

тоа со контињерите на улица треба дефинитивно да се преземе нешто, но тоа е обврска на општинарите кои треба да ги вовлечат контињерите во тротоарите сечјки го  просторот за контињер за да се изнивелира со улицата, но дека треба да се обележат улиците со маркери колку понапред или поназад треба некој да е паркиран до контињер тоа малку е нереално, тоа би довело до смешни казни како ја прегази линијата ајде плаќај, случај што функционира само во лондон но таму не те застанува полицаец да ти пише казна туку ти стига од суд решение за наплата на казна,  доколку имаш нешто против ти пуштаат видео снимка на која си уловен како тркалото заминоло десет сантими вон пропишаното, вака кај нас има простор човек да ескивира доколку е нешто поблиску до контињерот паркиран и со малку учтивост да биде пуштен но доколку има линија тогаш нема оправдувања, а доколку па ептен морал да паркира до контињер тогаш нека глуми дека моторот му замирисал на изгорено или дека го фатило грч при вожња што незначи дека ќе помине со тоа но со малку импровизирана глума може да се извлече, но доколку од мерак глуми каубоец а такви има многу во ск тогаш треба и дупла водка да му дадат за и по дома да се чуди што згрешил... медо ти си бил колатералка на ударниот бран на спроведување на законот кој е супер за во држава каде казната не е колку 1/5 од просечна плата и каде редот се воведува после добро 3 до 6 месечно бомбардирање со флаери и тв реклами, нешто за што беше досега критикувана владата дека многу пари се трошеле на маркетинг, но сега гледаме дека тоа во овој случај ќе беше повеќе од добредојдено...                       

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 09-Oct-2008 at 10:38
Се сложувам со тебе, требаше повеќе да се форсира реклама за ова, а не за секоја ситница да се читаат фермани.
Сепак мислам дека обележување е повеќе од неопходно. Нека си набават и камери и фотоапарати кога излегуваат на улица. Едно од прашањата кон полицаецот беше како утврдил дека сум на помалку од 10 m. Одговорот беше: "немам метро сега, ама се гледа и јас проценив дека е така". Чив збор ќе биде валиден, мојот или неговиот пред суд? Како ќе докажам јас дека сум бил на 7, 8 или 10 метри ако они не сликаат со метро, па да докажуваат на суд.
Вака вика имаш 2 солуции или плати или оди во општина на порамнување (читај метење улици и сл. во висина од казната). Бев и во ПС и таму ја префрлаат топката на општината. Ќе одам и до општина за овој проблем, ама се ми се чини дека ќе ја префрлат топката на друго место. Веројатно Комунална Хигиена. Они ги поместиле 20тина метри. После Комунална ќе префрли на проблем со паркирани коли, оти не можеле да ги стават на правото место од нив, што значи топката се префрла на сообраќајна полиција. И се така, во круг.

А кога пред господата чувари на нашиот ред и мир застана возило на втората лента да остави сопатник без око да му трепне, на прашањето ајде сега казнете ги и нив, добив селективен одговор, ние сме само за законот за чистота, ова е работа за сообраќајна полиција. Па си велам добро бре луѓе ова го нема никаде!

На прашањето зошто останатите возила паркирани до контејнер не ги казнат, одговорот беше нема кого да казнат, го нема возачот, но почитуваниот полицаец рече: "Ќе ги чекаме да дојдат и ќе ги казниме". Можете само да замислите колку си го одржаа зборот.

Со еден збор СРАМОТА!!!!


Edited by medo - 09-Oct-2008 at 10:41
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 09-Oct-2008 at 13:36
да се согласувам дека треба да имаат апарати полицијата и останатите служби ако ништо друго заради сопствена анализа а и за архива, но најдобро решение ќе биде како по светот секое возило да има камера чии снимки ќе бидат валиден доказ на суд, така нема да се случуваат ситуации како таа со своеволната проценка за мандатна која те снашла тебе а дотогаш како и досега  само на суд можеш да ја истераш правдата, а да ја тераш таму може и да те дотоварат и со судски трошоци доколку не успееш да најдеш сведок во твоја корист и да го побиеш исказот на џандарот, колку што знам тоа поминувало досега бидејќи џандарите и баш немаат време ниту сакаат многу да трчаат по судови, но веќе работите се менуваат па така сега и на ова поле најверојатно се исто така ажурни, најдобро е секој да извади во таков случај сопствен апарат доколку го носи со себе што мислам дека е случај со повеќето од билдерите на форумов па да си обезбеди сопствен доказ доколку сака да се тегне по судови чисто од инает кон системот, но како велат каде има сила нема правдина па јал нејал триипол нешто на крај мора да платиш ако ништо друго доста изгубено време по судови...        
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 09-Oct-2008 at 14:30
Така е, кај нас суште правдата бавно доаѓа.
Со ова само сакав да ја споделам маката и да предупредам на можни слични сценарија.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 11-Oct-2008 at 05:36
Medo, Toa sto go kazhuvash i mislam deka si vo pravo jas na tokmu toa se prashev deka ke bide. Neka ima zakoni i kazni ali ne mozhat lugeto da gi kaznuvaat koga nemaat tie samite uslovi da gi realiziraat. Neka pocnat i so zgradite kako prvo, zosto mora sekoj gragjanin da odi od 20 do 50 metri za da frli gjubre?? Lugeto frlaat gjubre nadvor, neka napravat uslovi kade da se frli toa gjubre.

Samo ne razbiram zosto da te kaznat ako se parkirash do Kontejner?? Sto ima tuka veze so higiena?? Pa od kontejnerite site machki i kuchinja jadat zar tuka nema problem so higienata?


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 11-Oct-2008 at 22:56
ја одамна се бунам за ова иако го поддржувам законов, ај некое хартивче или ќесиче можеш да го зачуваш во себе и да го фрлиш, ама пикавец не можеш на пример, а за тоа треба канта со пепелник или песок (најубаво би било покрај клупи, на автобуски постојќи и т.н.)
таму каде што најжестоко се спроведува законот (центар), таму или се уништени или воопшто нема канти и контејнери
на пример ако фрлите нешто во канта на кејот тоа ќе пропадне низ дното на кантата
треба барем во центарот
мој предлог е да се постави сосема нова опрема барем во центарот и да биде и таа заштитена со законот, со што нема да биде уништена
во Аеродром на пример поставија голем број мали канти кои добро си ја вршат работата
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 13-Oct-2008 at 10:13
Кога е веќе така, дали може да направиме да се слушне нашиов глас? Да не веземе џабе тука, туку да делуваме некако. Некој предлог?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 13-Oct-2008 at 10:37


Во кој правец да делуваме? За што поконкретно?
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 13-Oct-2008 at 13:42

Originally posted by medo

Кога е веќе така, дали може да направиме да се слушне нашиов глас? Да не веземе џабе тука, туку да делуваме некако. Некој предлог?

Originally posted by Cloverstack

Во кој правец да делуваме? За што поконкретно?

прво се регистрира здружение на билдери, статут и баш немора зошто форумов е основа Laugh сетне се прават неколку проекти за по фондации и амбасади, па откако ќе се добие нешто пари за кампања и логистика (флаери, спотови,  стап и камен) сетне се удира на бељата со повеќе или помалку инванзивни методи...

шала на страна но доколку немаш некаков печат каков и абер да се прати ќе делува анархистички па и крајно неиздржано(непостојано), здуженија има многу но малку кое од нив се грижи за оправање на некоја работа најверојатно премногу се зафатени со сметководство а и претежно најактивни членови им се пензионери или стечајци, студентите и младите денес се сите презафатени со играње плејка или бркање транс фестивали низ европа, па така и она малку слободно време што останува на располагање се користи претежно за гледање шпански серии на вести или на јади бурек иако вториов вид на трошење време е нешто поинтерактивен... револтот мислам дека најефективно може да се изрази доколку се исцртаат фиктивни канти по тротоарите, како би се свртило вниманието и на јавноста и на надлежните за овој момент, но би било легален таквиот потфат само доколку бојата или аутолакот е разреден поприлично како би се извадил посетне со малку труд. србите пред неколку години имаа сличен пристап за кампањата пишите чирилицом, па на секој тротоар во БГ ја имаа со шаблони испишано паролата, но мислам дека беше правено тоа со обични аутолакови од поандерграунд екипи па и муабетот беше долго по тротоарите - ефективно и без многу теории на млака вода! 

сепак борбата за слобода од секогаш имала поголем ефект кога се користеле прости и едноставни начини на дејствување, штом истите се канализираат низ некаква институција или здружение повеќе добиваат бирократски призвук (ете тие перат пари) па и одекот на паролите се сведува на уште една вест по медиумите! затоа medo бујрум урбана герила но со раредена боја, за во случај на репресија лесно да може да се оправи револтот, а и заради попитоми мандатни казни наместо кривична за вандализам и хулиганство... Thumbs%20Up

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 13-Oct-2008 at 14:42
Добра ти е идејава, ама мислам дека многу многу нема да се загрижат тие што треба, ако воопшто знаат и дека треба да се грижат!
Навистина незнам како најправилно и најефикасно да се постапи, а да не остане само пополнет коментар на форум на нет.
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 14-Oct-2008 at 01:45
Originally posted by medo

Чив збор ќе биде валиден, мојот или неговиот пред суд? Како ќе докажам јас дека сум бил на 7, 8 или 10 метри ако они не сликаат со метро, па да докажуваат на суд.


pa jas kolku sto znam opsto pravilo e dzandarite pred sud da imaat pojak zbor od eden obicen gragjanin....e sea kolku e toa fer e diskutabilno, sigurno moze da se zloupotrebuva taa mokj da recam, megjutoa taa praktika e pravena i proizlegla od evropa kade sto moralnata svest pogotovo na policijata e na nesporedlivo povisoko nivo....so drugi zborovi tamu skoro i da nema iskompleksirani uniformirani lica koj cepidlacat do perverzija samo da te kaznat i da se osekjaat mokjni...u germanija 1 policaec ima tezina na izjava kolku 5 civili....kaj nas ne znam kako e.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 14-Oct-2008 at 01:57
Не се сомневам дека насекаде има никаквеци, па нормално и во полицијата, но морам да кажам дека моето искуство секогаш било позитивно. До сега секогаш сум наидувал на фер и коректен однос од полицајци, сообраќајци итн без разлика.
Не е добро заради исклучоци (со кои секако треба да се справи), целата полиција да носи некаква дамка.

Еве кај новинариве е обратно, реткост се добрите исклучоци, па пак не е добро ни нив да ги генерализираме хехе.
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 14-Oct-2008 at 02:10
Originally posted by Cloverstack

Не се сомневам дека насекаде има никаквеци, па нормално и во полицијата, но морам да кажам дека моето искуство секогаш било позитивно. До сега секогаш сум наидувал на фер и коректен однос од полицајци, сообраќајци итн без разлика.
Не е добро заради исклучоци (со кои секако треба да се справи), целата полиција да носи некаква дамка.

Еве кај новинариве е обратно, реткост се добрите исклучоци, па пак не е добро ни нив да ги генерализираме хехе.


tocno! apsolutno se slozuvam so tebe....pa na krajot na kraistata kaj nas se pravat milion soobrakjajni prekrsoci u sekunda, taka da policijata ne gleda potreba da kaznuva nekoi treti lica kade sto situacijata e somnitelna....

primer sigurno bi kaznile pre nekoj sto pominal na crveno otkolku da se fatat za nekoj sto parkiral na 9 ipol metri od kontejnerCrazyBig%20smile
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 14-Oct-2008 at 02:26

A sto ako Grckash Sonchogled ili Semki treba da stoish pred kanta i da grickash??
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 14-Oct-2008 at 02:30
Originally posted by Plugger


A sto ako Grckash Sonchogled ili Semki treba da stoish pred kanta i da grickash??


ili toa ili ke si gi sobiras u nesto pa na kraj ke gi frlis.....ama toa e vo sekoj slucaj opravdano...pa da grickas semki i da frlas kaj ke stignes ne biva ni toa
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3834
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 25-Oct-2008 at 11:23
„Комунална хигиена“ ќе ги чисти дивите депонии
Автор:  Б.С.

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ спроведува акција за чистење диви депонии на повеќе локации во населбите Ново Лисиче, Камник, Гази Баба, Шуто Оризари, Нерези и Новоселски Пат. Југослава Поленак, портпаролката на претпријатието, објаснува дека ги расчистуваат овие места и покрај тоа што овие активности не се редовна обврска на „Комунална хигиена“.

- За отпадот во руралните средини се задолжени соодветните општини, а ние не сме обврзани да ги расчистуваме ниту тие во градот, но решивме да ја спроведеме акцијата. Досега само од десетина места во Ново Лисиче собравме околу 120 кубни метри ѓубре, од кое 90 отсто е градинарски отпад - додава Поленак.

Според надлежните од претпријатието, продолжуваат и активностите за селекција на отпадот, кои се спроведуваат во општината Карпош. Досега таму се собрани 10,5 тони пластична амбалажа, 55 тони хартија и 290 килограми ќеси. Од понеделник селектирањето ќе се прошири и во други општини. Ќе се постават 87 нови жичени контејнери за пластични шишиња во урбаните населби. Контејнерите се донација од американската агенција УСАИД.

За поуспешно да се спроведе рециклирањето на отпадот, „Комунална хигиена“ организира и едукативни предавања за децата од основните училишта. Досега тие завршија во училиштата во општините Карпош, Ѓорче Петров и Центар, а неделава се одржуваат во Кисела Вода.

Во изминатиов период, поточно на 7 и 8 октомври, претставници од „Комунална хигиена“ учествувало и на конференција во Брисел за бездомни животни. Ова претпријатие е единственото во земјава што спроведува заловување и хуман третман на уличните животни, со вакцинација, стерилизација и враќање на местата од каде што биле заловени. Стационарот што го поседува има капацитет да прими до 60 кучиња.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 25-Oct-2008 at 13:00

колку за инфо еве една кампања од 2003 за која нема повратна информација какви ефекти има од истата или дали е воопшто и спроведена...

Во Сарај казни за ѓубре од 5.000 до 20.000 денари

Општина Сарај следната недела ќе организира кампања за подигање на еколошката свест кај месното население. Муамеди Бекир, директор на ЈКП"Сарај", најави дека од понеделник во секое населено место ќе организираат предавања и работилници, на кои треба да им се укаже на жителите дека ѓубрето и градежниот шут не смеаат да го фрлаат на јавните површини. Тој објасни дека ако во разумен рок не успеат да ги спречат граѓаните да создаваат диви депонии ќе воведат парични казни.
"Луѓето мора да сфатат дека не можат ѓубре да го фрлаат каде ќе стигнат. Прво ќе делуваме едукативно, но ако и тоа не биде ефикасно ќе воведеме и парични казни, кои ќе се движат од 5.000 до 20.000 денари", вели Бекир.
Тој вели дека со редовно собирање на сметот од домаќинставата засега се опфатени само населбите, Сарај, Крушопек, Глумово, Шишевво и Долна Матка, при што дневно собираат околу 10 тони ѓубре.

Вест - Е.А. - 3/27/2003

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 25-Oct-2008 at 14:34
Originally posted by beTon

колку за инфо еве една кампања од 2003 за која нема повратна информација какви ефекти има од истата или дали е воопшто и спроведена...

Со сигурност можам да ти потврдам дека ни К од КАМПАЊА не е ни почнато.

Губре насекаде, а да зборувам дека нигде нема контејнери а камоли корпи

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 05-Nov-2008 at 00:25

Депонија среде Градски парк

Според проектот за новиот дел од паркот, на местото на депонијата треба да има уште едно езерце

Огромна депонија преполна со најлон кеси, хартии, пластика, облека, чевли и друго ѓубре, подолго време постои во новиот дел од Градскиот парк. На ѓубриштето има и купишта лисја, гранки и други остатоци од растенија. На местото каде што, според проектот за новиот дел од паркот, требало да има уште едно езерце, пред повеќе години е ископана дупка, која никогаш не била наполнета со вода. Денес, таа се користи за фрлање ѓубре и го нагрдува паркот.

Депонијата се наоѓа веднаш до патеките и е на дофат на рацете на децата кои секојдневно го посетуваат паркот. Од неа демнат опасности на зарази, бидејќи не е исклучено да има шприцеви од употреба на дрога.

Во ЈП „Паркови и зеленило“, кое стопанисува со Градски парк, велат дека дупката со години ја полнат со лисјата што ги собираат и од нив произведуваат природно ѓубриво за своите потреби. Во неа до скоро имало само лисја и гранки, но сега, велат во претпријатието, несовесни граѓани дупката ја користат и за фрлање секаков друг отпад.

Вработените неколку пати им укажувеле на лицата кои биле фатени на самото место како фрлаат ѓубре, но тоа очигледно не дало плод. Заради тоа, нагласуваат во „Паркови и зеленило“, во текот на неделава ќе побараат помош од „Комунална хигиена“ да се расчисти целата депонија. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2BE75F7BDA2D984BA78A8F46FBB145D5


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 26>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.