build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 303132
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15610
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #621 Posted: 17-Nov-2021 at 11:05
Originally posted by Џоле

Паркингот спроти Ист Гејт ми се чини не е исчистен едно десет години Утрово кога поминав оттаму не можев да поверувам колку ѓубре имаше, а најјако е што отспротива блешти од Ист Гејт, па дури и ги гланцаат плочниците со машини за чистење


За тој паркинг да биде чист има две решенија

1-пак да дојде папата(мај 2019 го гланцнаа ама тоа траеше 20-дена и пак по старо)
2-Адора да изгради зграда



Шала на страна,проблемот лежи во тоа што сите минибуси и автобуси кои не преноќуваат во Транспортен се на овој паркинг пред ВИП хотел и си ги чистат автобусите плус фрлаат и друг отпад и затоа сликата е таква.А мислам дека слабо стои паркингот и со контејнери и со канти за џебен отпад.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14244
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #622 Posted: 01-Jan-2022 at 17:51
Среќна нова година, дечки (и девојки) За жал, ова што ќе го видите нема да е пријатна глетка, а станува збор за паркингот спроти Ист Гејт кој е во очајна состојба во поглед на чистотата. Не знам само како може да се толерира вакво нешто.







За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15610
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #623 Posted: 01-Jan-2022 at 17:58
Само комунална полиција,камери и казни најчесто за сопственици на минибуси и автобуси кои тука користат да ги исчистат по извозена тура.Слично беше и кај недоградениот Турски Театар ама сега пак почнаа да го градат и ги избркаа од тој плац.
Но колку што знам тука треба да никне нова зграда на Адора и паркингот си е приватен посед па така општинските власти само одвреме-навреме ќе поминат со по некоја акција ама залудно...
И куќаркиве ги оставија во Крњево да се распаднат чекајќи план и инвеститори.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15610
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #624 Posted: 20-Feb-2022 at 11:26
Од едната страна гламурозен свет, од другата ѓубре и смет



ПОГЛЕД КОН КРЊЕВО, СКОПСКАТА ЦРНО-БЕЛА СЛИКА ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО

Неуредно паркирани возила, секаков смет и хаос е сликата што подолго време ги мачи жителите на Крњево, кои живеат спроти новоизградениот трговски центар. Па, така, од едната страна на улицата имаме светски трговски центар, урбана и луксузна средина, а од другата страна, само на неколку метри, врие од ѓубре, смрди на урина и владее целосен сообраќаен хаос. Жителите на овој дел од градот реагираат дека состојбата е веќе неподнослива и бараат начин да се среди овој проблем, кој е причина за голем број други проблеми.

ПРОБЛЕМИ ЗА ЖИТЕЛИТЕ

Хаотично паркирани возила, луѓе од сите страни, ѓубре од храна, кутии од цигари, догорчиња, мирис на урина, па и измет, во изминатиот период може да се забележат на паркингот спроти новоизградениот трговски центар во Крњево.
За да биде иронијата уште поголема, жителите велат дека со паркирањето имаат проблем и на другите улички зад паркингот, бидејќи таму нема место за сите возила што одат на таа локација.
– Одеднаш ни се случи невиден хаос, што од сообраќај, што од ѓубре и неодговорни посетители. Повеќе не се трпи и затоа решивме да реагираме до вашиот медиум, со надеж дека нешто ќе се смени на подобро. Имаме мали деца што трчаа и играа фудбал тука пред да се изнафрлаат еден куп ѓубре и отпадоци и пред да се паркираат десетици возила. Живееме во непосредна близина на централното градско подрачје, а се справуваме со невидена нехигиена и неодговорност – вели Сандра Јовановска.
Како што велат жителите, имаат проблем со узурпирани улички, кои и онака се тесни, па едвај можат да се движат низ нив.
Дополнително, ни се паркираат и возила на тротоарите, па ние што живееме тука немаме како да поминеме со нашите возила, а ги блокираат и нашите места за паркирање – вели таа.

ВО ПРИВАТЕН ИМОТ НАДЛЕЖНИТЕ НЕ МОЖАТ НИШТО

Според информациите од надлежните, решение за овој проблем, за жал, нема, па граѓаните ќе продолжат да се справуваат како знаат и умеат со секојдневието што им предизвикува главоболки.
Од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ велат дека по ова прашање не можат да направат ништо.
– Со оглед на тоа дека поголемиот дел од паркиралиштето спроти „Ист гејт“ во населбата Крњево е приватен имот, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ нема надлежност да преземе какви било дејства на таа парцела. Непрописно паркираните возила што ги блокираат тротоарите и уличките се одговорност на сообраќајната полиција, која треба да издаде налог за нивно отстранување и преместување. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ не може да преземе никакви активности во овој дел на Центар, бидејќи профилот на улиците, за жал, не дозволува улично паркирање – информираат од ЈП ПОЦ.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/od-ednata-strana-glamurozen-svet-od-drugata-gjubre-i-smet/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15610
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #625 Posted: 13-Mar-2022 at 16:08
Околината на „Ист гејт мол“ далеку од луксузот на трговскиот



Дежурства на градските комунални редари спроти „Ист гејт“, а поднесени се и четири прекршочни пријави за неправилно одложување комунален отпад од страна на Инспекторатот на Град Скопје, информираа од таму.

Покрај засилените контроли се организира и дежурства на градските комунални редари на локацијата спроти трговскиот „Ист гејт мол“, каде што изминатиов период од несовесни граѓани континиурано неправилно се одложува комунален отпад и се создаваат диви депонии.

Градските комунални редари деновиве на самото место затекнале четири сторители и против истите се поднесени соодветни прекршочни пријави.

Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ веднаш го подигнале отпадот, а просторот е целосно исчистен.

Од Градот апелираме отпадот да се одлага во садови наменети за комунален отпад во спротивно ќе следаат соодветни санкции согласно со Законот за јавна чистота. Секое исфрлање на отпад на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува околината.

Дежурствата на Инспекторатот на Градот продолжуваат и во наредниот период на целата територија на град Скопје.

https://nezavisen.mk/okolinata-na-ist-gejt-mol-daleku-od-luksuzot-na-trgovskiot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15610
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #626 Posted: 14-Mar-2022 at 08:21
Кичево, граѓаните се жалат за нечистење на отпад – општината апелира да не се фрла цврст отпад до контејнерите



https://mk.tv21.tv/kichevo-graganite-se-zhalat-za-nechistene-na-otpad-opshtinata-apelira-da-ne-se-frla-tsvrst-otpad-do-kontejnerite/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15610
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #627 Posted: 21-Mar-2022 at 15:02
ТЕТОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КАСАМИ НАЈАВИ ДЕКА СО КАМЕРИ ЌЕ СЕ СЛЕДИ КОЈ ФРЛА ЃУБРЕ НАДВОР ОД КОНТЕЈНЕРИ

На првиот ден на пролетта и по повод Светскиот ден на планетата Земја, тетовскиот градоначалник Билал Касами почна акција за чистење на градот. Заедно со дел од општинската администрација поминаа по неколку тетовски улици и собираа отпадоци фрлени на тротоарите, а посетија и неколку точки во градот кои се сметаат за позагадени.

„Денеска на симболичен начин го одбележуваме Денот на планетата Земја. Ова е една во низата акции за чистење, со цел да ги сензибилизираме и информираме граѓаните дека доколку сакаме да живееме во чист град и чиста средина, треба да се научиме дека е полесно да не фрламе ѓубре, отколку некој тоа ѓубре да го собира од патот. Заедно со сите граѓани можеме да придонесеме да живееме во почиста средина“, изјави Касами.

И покрај ваквите залагања на тетовските општинари, градот и понатаму има проблем со преполните контејнери и сметот што се фрла насекаде околу нив. Касами најави набавка на повеќе контејнери, но и дека на одредени критични точки се размислува да се постават камери за да се утврди кој го расфрла сметот.

„Се обидуваме да обезбедиме контејнери за секаде каде што има потреба, иако и таму каде што ги има луѓето го фрлаат ѓубрето надвор од нив. Првин ни треба процес на сензибилизирање и едуцирање на луѓето, за потоа да дојдеме до казни, но за да казниме некого, ни треба и систем на идентификација. Планираме на некои покритични локации да се инсталираат камери за надзор, а се размислува снимките да одат директно на веб-страницата на општината за да може секој граѓанин да види кој се однесува несовесно и соодветно да се казни“, вели Касами

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tetovskiot-gradonachalnik-kasami-najavi-deka-so-kameri-ke-se-sledi-koj-frla-gubre-nadvor-od-kontejneri/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15610
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #628 Posted: 30-Apr-2022 at 17:24
Едно од убедливо најсмдрливите места во Аеродром,контејнерите кај Вучко во нас.Острово од кога знам за населбава овој дел е највалканиот со најскапаните контејнери.
Најверојатно треба да му обезбедат на локалниот маркет Кипер(претходно Тинекс) да го одлага отпадот во посебни контејнери бидејќи по структурата на отпадот се гледа дека има доста картонска амбалажа од роба за маркетот.







https://www.facebook.com/photo?fbid=10158983849113049&set=pcb.692884508662965
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7799
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #629 Posted: 02-May-2022 at 16:43

ова е огромен проблем кај сите маркети во градот, немаат свој систем за отпад па ги преполнуваат локалните контејнери... истото важи и за ресторани/кафулиња... ни требаат закони кај што нема да смеат фирми да се приклучуваат на се што е наменето за локално население
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15610
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #630 Posted: 30-Jun-2022 at 12:55
Не знам дали некогаш ќе се реши овој проблем по цел град и почистите населби станаа затрупани со отпад позади секој контејнер.Конкретно ова е во Мичурин-Аеродром.Скоро на секои 50м има по нешто фрлено зад и околу контејнери.

Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14244
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #631 Posted: 30-Jun-2022 at 14:13


Обично секое лето општините донесуваа контејнери за фрлање кабаст отпад, е сега што некои луѓе не се трпеливи да почекаат – тоа е веќе друга работа. Мислам дека дури и двапати годишно се правеа такви акции, но може грешам.
За сè има вторпат
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 481
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #632 Posted: 01-Jul-2022 at 07:03
Има и тлефонски број за да дојдат да подигнат а има и пункт кај бензинската Макпетрол на Илинденска сами да си го одложат. Е сега, кога ќе го изнесат од дома и престанува да биде нивна грижа, кажува за нивото на урбана култура која ја имаме односно немаме.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 15610
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #633 Posted: 16-Jul-2022 at 17:40
Мини депонии, полни контејнери и нечисти улици – честа слика во Тетово



https://telma.com.mk/2022/07/16/mini-deponii-polni-kontejneri-i-nechisti-ulici-chesta-slika-vo-tetovo/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7799
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #634 Posted: 03-Aug-2022 at 00:04
Инаку ова е во Аеродром и сликата секое сабајле е иста... камионот што ги празни контејнерите се цеди на улица и тоа потоа се разнесува од возила низ целата улица... и тоа истов камион поминува низ цел регион
дури и кога контејнерите се празнат редовно и не се создаваат депонии, комунална хигиена се грижи за тоа што е можно повеќе да се укака просторот

исто така, која е причината што се отстрани просторот за кабаст отпад кај стела? наместо да се постават повеќе такви пунктови, тие го тргнале и тој еден што го имаше
еве на пример пред некоја недела имав да исфрлам скршена фотеља која не беше погодна за контејнер, а премала за да викнеш посебно служба да ја земе







Edited by zabegan - 03-Aug-2022 at 00:05
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14244
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #635 Posted: 03-Aug-2022 at 01:39


Уф, овие слики имаат мирис
Не е само кај вас така, низ цело Скопје е исто, ама сметам дека проблемот не е до возилата туку до навиките на граѓаните кои не секогаш користат вреќи или кеси за ѓубре и директно го истураат отпадот во контејнерите. А овој дел од годината органскиот отпад има специфичен мирис, ако ме разбирате што сакам да кажам
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Online
Posts: 2164
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #636 Posted: 03-Aug-2022 at 09:17
Originally posted by Џоле



Уф, овие слики имаат мирис
Не е само кај вас така, низ цело Скопје е исто, ама сметам дека проблемот не е до возилата туку до навиките на граѓаните кои не секогаш користат вреќи или кеси за ѓубре и директно го истураат отпадот во контејнерите. А овој дел од годината органскиот отпад има специфичен мирис, ако ме разбирате што сакам да кажам
Djole, cela Makedonija se davi vo gubre. Nema mesto kade pominal covek da ne e "obelezano" so otpadoci
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7799
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #637 Posted: 03-Aug-2022 at 15:47
Originally posted by Џоле



Уф, овие слики имаат мирис
Не е само кај вас така, низ цело Скопје е исто, ама сметам дека проблемот не е до возилата туку до навиките на граѓаните кои не секогаш користат вреќи или кеси за ѓубре и директно го истураат отпадот во контејнерите. А овој дел од годината органскиот отпад има специфичен мирис, ако ме разбирате што сакам да кажам
ова не е вина на граѓаните, туку дефинитивно е на Комунална хигиена
кога поминувам буквално можам да видам каде доле камионот е 'рѓосан и каде протекува... ако ништо друго барем можат да го тргнат камионот привремено од употреба

едно време бевме сведоци на тоа како ѓубрето само паѓа од камиони и се разнесува низ улица, па им купија нови камиони, па сега пак... нема ништо полошо и позагубарско од јавно претпријатие во државава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 303132

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.