build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 323334
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #661 Posted: 18-Jun-2024 at 19:16
Originally posted by Galileo

Каде е проблемот на Скопје со градската чистота? Веке неколку години гледам вакви слики и не ми е јасно - претпријатието за jвна чистота има некомпетентно раководство, лоша организација и не си ја врши совесно работата, нема доволно коли за собирање и контејнери за губре,депониите се малку и немаат доволен капацитет за примане и преработка на губрето,нерегулирано отстрануване на отпадот
или што? Или можеби има некои други причини, не знам..


Проблемот е покомплексен има повеќе фактори што влијаат

1.Ниска свест на населението кое буквално фрла отпад на секој чекор.
2.Недоволно контејнери(во одредени населби каде има многу нови згради поставени се помалку контејнери)
3.Не постоење посебни контејнери во кои маркетите ќе го одлагаат отпадот од амбалажа и ги полнат или фрлаат околу постојните контејнери.
4.Нередовно празнење на контејнерите од страна на КХС во некои реони од градот.
5.Неформални собирачи на отпад(претежно Роми кои најчесто собираат картонска и пластична амбалажа но прават неред околу контејнерите).
6.Уништување на канти за ситен отпад речиси низ целиот град а исто така и новите пластични контејнери се покажаа како неквалитетни механизмот и капаците се расипаа за кратко време и веќе најголем процент се нефункционални.
7.Висок надомест за одлагање кабаст отпад на официјална депонија(поради тоа стар мебел и санитарија се остава поред контејнерите)

Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15136
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #662 Posted: 18-Jun-2024 at 22:35
Мислам дека не е само тоа што Стефчо го пиша погоре, уште посложен е проблемот. Најголема вина гледам во самото комунално претпријатие, кое е преполно со партиски паразити на ДУИ, кои очигледно само примаат плата и ништо не работат. Освен тоа, мислам дека постои еден договорен бојкот на градоначалничката од двете македонски партии, бојкот што се одразува и во областа на собирање на ѓубрето. Тука би ја додал и традиционалната мрзеливост, немарност, нефункционалност на јавните претпријатија кои во последно време постигнуваат рекорди во неработење – и крајниот исход е неверојатно валкан и запуштен град.

Edited by Џоле - 18-Jun-2024 at 22:35
За сè има вторпат
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1414
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #663 Posted: 19-Jun-2024 at 11:03
@stef40,@Џоле,благодарам за одговорот. Како што претпоставував, главната вина се пак има компанијата за чистота.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #664 Posted: 22-Jun-2024 at 14:34
(ВИДЕО) Чистотата се подобри, признаваат тетовци, но сега не чинат сметките

Собирањето и одложувањето на сметот во Тетово од пред неколку месеци го презеде словенечката компанија со австриски капитал „Заубермахер“ откако со Општина Тетово потпиша договор за јавно-приватно партнерство
Меѓу промените што дојдоа со договорот е и начинот на пресметка на сметката за собирање смет. Досега било по број на членови во домаќинство, а сега по станбена површина. Дел од граѓаните се незадоволни што сметката им поскапела, други пак велат има многубројни грешки што, пак, се должи на лоши бази на податоци во Катастарот и општината



https://360stepeni.mk/video-chistota-se-podobri-priznavaat-tetovtsi-no-sega-ne-chinat-smetkite/
Carpe diem
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1001
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #665 Posted: 23-Jun-2024 at 21:41
Реално со оглед на тоа колку малку плаќаме на општините за уредување на јавни површини и овој ред и поред што го имаме е повеќекратно над можностите.
Тоа е и една од причините за постоење на урбан хаос, општинските власти се наркомански зависни од еднократните уплати за комуналии од разно разните 'инвеститори'.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #666 Posted: 10-Jul-2024 at 18:19
СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ОПШТИНИТЕ СЕ ЗАТРУПАНИ ВО ЃУБРЕ, ОД „КОМУНАЛНА ХИГЕНА“ ВЕЛАТ СЕ СОБИРА СЕКОЈ ДЕН



Градоначалниците на скопските општини велат дека се затрупани со ѓубре и ја повикуваат градоначалничката Данела Арсовска и „Комунална хигиена“ да си ја вршат работата за која се платени од граѓаните. Од јавното претпријатие кое е под надлежност на Градот и директорот го именува градоначалничката Арсовска, пак, велат дека тоа не е точно и дека секој ден се собира ѓубрето.

Вчера, градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски кажа дека состојбата во општината е алармантна, бидејќи повеќе од десет дена екипите ЈП „Комунална Хигиена“ кои се под директна команда на Данела Арсовска се немаат појавено на поголемиот дел од територијата.

„Сликите се заштрашувачки, ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата. Додека не е доцна, апелирам слижбите на Комунална веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните. Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините за да не трпат граѓаните“, рече Кoстовски.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, поднесе прекршочна пријава во износ од 1.500 евра против „Комунална хигиена“ поради ненавремено и нередовно собирање на отпадот во Општината, соопшти тој на Фејсбук.

„Постапувајќи по реакција на граѓани на Општина Кисела Вода, комуналниот инспектор на Општина Кисела Вода изврши увид на целата територија на Општината при што е констатирано дека давателот на услуги кој врши собирање комунален смет и безопасен отпад, спротивно на член 13 од Законот за комунални дејности, не го врши редовно собирањето на територија на Општина Кисела Вода за што е предвидена глоба согласно член 41 од Законот за комунални дејности. Од страна на комуналниот инспектор ќе биде издаден прекршочен платен налог во висина од 1.500 евра во денарска противвредност согласно член 41 став 1 алинеја 1 за правно лице од Законот за комунални дејности“, се вели во записникот од извршениот инспекциски надзор во Кисела Вода кој Ѓорѓиевски го објави на Фејсбук.

Општина Аеродром вчера објави слики од канти преполни со ѓубре и во соопштението наведe дека по пауза од две недели, од утре повторно ќе почне да го собира отпадот од кантите за домаќинства во Долно Лисиче.

„Ова следува по упатената реакција од страна на Општина Аеродром до јавното претпријатие од каде што нè известија дека ќе ја активираат механизацијата и од утре ќе излезат на терен“, рекоа од Општина Аеродром.

И градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу обвини дека на температури од 40 степени ѓубрето не се собира.

Од „Комунална хигиена“ вчера и денес испратија соопштение во кое како што велат ги демантираат изјавите на градоначалниците Костовски и Ганиу.

„На територијата на општините Бутел и Чаир, комуналниот отпад секојдневно се собира и транспортира без никаков застој, според динамиката утврдена со оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје. Само во текот на месец јуни 2024 година, од подрачјето на општината Чаир се подигнати и транспортирани вкупно 1.500 тони комунален отпад. Во Бутел пак само во текот на изминатите десет дена се подигнати приближно 100 кубни метри отпад од повеќе диви депонии, лоцирани на булеварот Босна и Херцеговина, во близина на СУГС ‘Зеф Љуш Марку’ и кај социјалните згради, на улицата Радишанска. ЈП ‘Комунална хигиена‘ во никој случај не прави селекција според политичката определба на граѓаните, туку редовно и навремено ги спроведува своите активности подеднакво во сите скопски општини“, се вели во соопштението на „Комунална хигиена“.

Од претпријатиеот дека одредени граѓани намерно создаваат депонии.

„Апелираме до несовесните поединци да престане тенденциозното непрописно одлагање отпад на јавни површини со коешто масовно се соочуваме во текот на последните неколку месеци, а го повикуваме и градоначалниците да ги активираат на терен инспекциските служби на Општината коишто се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота“, велат од „Комунална хигиена“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopskite-gradonachalnitsi-se-zhalat-deka-opshtinite-se-zatrupani-vo-gubre-od-komunalna-higena-velat-se-sobira-sekoj-den/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15136
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #667 Posted: 10-Jul-2024 at 18:41
Градов никогаш не бил понечист.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #668 Posted: 12-Jul-2024 at 18:06
ВИДЕО | Бит-пазар потона во ѓубре, каде се комуналците?



https://www.slobodenpecat.mk/video-bit-pazar-potona-vo-gjubre-kade-se-komunalcite/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 323334

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.