build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Обнова на манастирот Трескавец

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 24-Aug-2013 at 11:43

На 28 август ќе биде пуштен патот до манастирот Трескавец

При крај се градежните активности за асфалтирање на патот до Трескавец.


Градоначалникот Марјан Ристески, денеска ги посети екипите на градежното претпријатие „Гранит“ кои го асфалтираат патот до манастирскиот комплекс Трескавец. Тој изрази задоволство од текот на работите за асфалтирање на патот, за што министерството за транспорт и врски вложи 2 милиона евра.

„Задоволен сум како се одвиваат работите. Минатата година на 28 август, на големиот празник „Успение на пресвета Богородица“, го ставивме камен-темелникот и наместо за година и пол, екипите од „Гранит“ ветија и исполнија дека патот ќе биде готов за една година. Што значи дека на 28 август ќе биде пуштен во употреба.

Сеуште стигнуваат донации од сите страни за обнова на опожарените конаци кои страдаа во катастрофалниот пожар од 4 февруари годинава. Проектот за обнова на конаците е во завршна фаза и надежите се дека напролет може да почнат градежните работи.

regioni.m

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 23-May-2014 at 18:27

ЗАПОЧНАА ДОЛГО ОЧЕКУВАНИТЕ АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО ЦРКВАТА

ДАЛИ%20ЌЕ%20СЕ%20ОТКРИЕ%20ПРИКАЗНАТА%20ЗА%20ТРЕСКАВЕЦ%20СТАРА%20НАД%202%20МИЛЕНИУМИ?

Во манастирот Трескавец кај Прилеп пред 10-тина денови започнаа археолошките истражувања во црквата, кои конечно после долги години треба да дадат одговор на прашањето што крие ова место во своето милениумско постоење. Во наредните 60-тина денови истражувањата ќе бидат насочени во црквата, старата трпезарија и магерницата. Според експертите овие истражувања треба да помогнат и во реализација на проектот за конзервација и заштита на овие три објекти, кој пак треба да биде изработен оваа година, за што пак средства веќе беа одобрени од страна на Министерството за Култура.

22-02

Не станува збор за обични археолошки истражувања туку за заштитни археолошки истражувања, кои се неопходни да се направат за да се добијат податоци при изработката на проектот за конзервација и реставрација на црквата и старата трпезарија. Овој простор е целосно неистражен, неопходно е да се направат овие археолошки истражувања за да конечно се дефинира што се имало на Трескавец, под црквата, старата трпезарија и магерницата. Досега не се направени вакви истражувања, конечно ќе се добијат податоци за сето тоа кои градби ги имало тука, со оглед на градбите и функцијата која ја имал Трескавец во минатото. Значи податоци кои досега никој не ги истражувал“, рече Гордана Данилоска – Спироска, директор на Завод и Музеј Прилеп.

22-03

Со својата мистика ова место, низ вековите и денес привлекувало илјадници посетители. Научно и стручно никој досега не ги образложил тајните кои ги крие ова древно светилиште. Експертите не ги кријат своите очекувања дека можеби ќе се дојде и до некое епохално откритите. Низ годините за Трескавец се плетат голем број мистерии и приказни. Се претпоставува дека тука на овој простор се наоѓала античката населба Колобаиса како и тоа дека ранохристијанската базилика на Трескавец, односно денешната црква е изградена врз темелите на античкиот храм посветен на боговите Аполон и Артемида. Токму овие археолошки истражувања треба да дадат одговор на сите овие мистерии. Според досегашните претпоставки и наоди кои се најдени кај локалитот Гумно, кој се наоѓа веднаш под манастирот, Колобаиса постоела некаде од 4 век п.н.е. до 4 од од н.е. Првата ранохристијанска базилика, врз која се претпоставува дека се наоѓа денешната црква, според наодите била изградена тука кон крајот на 5 и почетокот на 6 век. Со сите овие проекти конечно ќе се врати стариот сјај на Трескавец.

22-04

Не радува фактот дека конечно се започна со реализација на овој проект и дека за брзо време ќе започне целосна реконструкција на црквата, архитектонска консолидација, чистење на фреските и се што значи внатрешно уредување на црквата. Исто така со овие истражувања можеби ќе се даде одговор на приказната за Трескавец која се уште не е раскажана. Ние за Трескавец знаеме само од скромните истражувања кои се случиле во 50-тите години и од тогаш никој посериозно не се позанимавал со ова место. Би рекол дека ќе се открие како функционирал манастирот низ векоите, а археолозите ќе си најдат и свои откритија за оној пагански или антички период од функционирањето на ова место“, вели монахот Калист.

22-05m

Проектот пак за обнова на конаците деновиве треба да се прати на повторно разгледување во Националниот конзерваторски центар и според очекувањата на Заводот и Музеј од Прилеп, оваа година да биде распишан и и тендерот за нивна обнова. Тие според најавите треба да бидат обновувани фаза по фаза, а како ќе тече целиот процес ќе кажат експертите. Инаку со изградбата на патот манастирот станува вистинска туристичка мека во прилепско за верниците и за сите оние кои сакаат да уживаат во неповторливата природа. За само 9 месеци, откако се изгради новиот пат манастирот го имаат посетено над 50.000 гости. Со новите откритија и реновирањето на конаците се очекува тој број да се зголеми за неколку пати.

22-06m

http://www.patokazmagazin.com.mk/patokaz-br-27/item/dali-ke-se-otkrie-prikaznata-za-treskavec-star-nad-dva-mileniumi

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 23-May-2014 at 23:28
ова беше ископано уште пред неколку месеци.

иначе зборував со одговорниот инженер кој го градеше патот до манастирот(сват ми е) и ми кажа податок дека најголемиот успон на патот е 15.64% што е стварно многу
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 06-Aug-2014 at 13:50
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-Aug-2014 at 01:32
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 23-Aug-2014 at 10:10
https://lh3.googleusercontent.com/-CqzRF6uNaG8/Ui2HiUTAw7I/AAAAAAAAAXw/zsWu8jHkias/w1000-h662/treskavec-monastery%2B%25285%2529.jpg
https://lh5.googleusercontent.com/-rmZrPXQuvEM/Ui2HgXPm4lI/AAAAAAAAAXI/x2PvDWPvB94/w1000-h684/treskavec-monastery%2B%252823%2529.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 13-Oct-2014 at 08:32
http://i1029.photobucket.com/albums/y356/satcen/MK%20-%20Brod%20a%20Prilep%20-%202013/15_Treskavec_zpsd2c75fd5.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 14-Oct-2014 at 20:07


Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-Oct-2014 at 20:33
кој не бил обавезно да го посети манастиров.глетката е феноменална
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 29-Mar-2015 at 19:25
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 29-Mar-2015 at 19:26
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 29-Mar-2015 at 19:28


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1356
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 18-Apr-2015 at 13:53
Од колекцијата на султанот Абдул Хамид II, изработена пред 1901 година
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 19-Apr-2015 at 15:15
дали некој планира да се реконструира комплексот воопшто? имам 200 цркви кај мене во маало, ама никој не се потегна да реконстуира конаци на толку стар и познат манастир?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 19-Apr-2015 at 18:22
јас не те разбрав баш најдобро????
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11626
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 19-Apr-2015 at 19:40
Сака да каже дека додека се градат едно чудо нови цркви во скопски Аеродром, не се вложуваат пари во обновата на Трескавец.
За сè има вторпат
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 19-Apr-2015 at 19:44
Добро е што се градат нови цркви, како што е добро што се обезбедени средства за реконструкција на Трескавец. Реконструкцијата ке започне кога ке завршат археолочките истражувања, за да се процени во која насока да оди реконструкцијата, а таму кај што нема да има археолошки активности ке започне пред тоа.
Interceptor design
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4414
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 20-Apr-2015 at 04:35
Богами добро е, без цркви леб нема.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 20-Apr-2015 at 07:14
Originally posted by гитардемон

Богами добро е, без цркви леб нема.


Не, за леб ти треба пекара.
Interceptor design
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4414
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 20-Apr-2015 at 07:35
Ако веруваш доволно, не ти треба.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.