build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трговски центар Елкос - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Трговски центар Елкос - Штип
    Posted: 15-Oct-2012 at 20:55
Во Штип ќе се гради трговски центар од 14.000 метри квадратни

Општина Штип по пат на електронско јавно наддавање продаде градежна парцела во населбата „Сењак“, на која е предвидено да се изгради трговски центар. Купувач е компанија со мешовит капитал од Црна Гора и од Косово, а според тврдењето на штипскиот градоначалник Зоран Алексов, тоа ќе биде најголемиот трговски центар во источна Македонија. Првиот човек на Штип во изјава за медиумите напоменува дека инвеститорот веќе ги уплатил финансиските средства во износ од околу 20 милиони денари на сметка на локалната самоуправа и во државниот буџет. Идниот трговски центар ќе биде изграден на површина од 14.000 метри квадратни, а во него ќе се вработат околу 50 лица. Изградбата на комерцијалниот објект треба да започне во 2013 година.

Населбата „Сењак“ во моментов претставува најатрактивно место за инвестирање во недвижности во Штип. Во неа веќе се гради станбено – деловниот комплекс на компанијата „Топ инвест“ на површина од 25.000 метри квадратни, додека штипската локална самоуправа во урбанистичките планови зацрта изградба на девет станбени згради од страна на приватни инвеститори, но и на објекти за индивидуално домување, кои треба да се реализираат по пат на продажба на неизградено државно градежно земјиште. Државата на оваа локација веќе подигна станбени згради со 91 социјален стан наменети за социјално загрозени лица.


#
Објавено на 15.10.2012 во категорија Вести.

Тагови: Деловни, Комерцијални, Станбени, Тендери и лицитации, Топ инвест, Трговски центри, Штип

http://www.build.mk/?p=19467



Околу изјавата на штипскиот градоначалник дека ова ќе биде најголем трговски центар во источна Македонија... реално конкуренција ќе му биде само струмички „Глобал“. Но не можев да најдам веродостојна информација за површината на „Глобал“, а податокот од 14.000 m2 за штипскиот не е сосема јасен на што точно се однесува, па засега тврдењето не може да се провери. Во секој случај „Глобал“ е прилино голем - има основа од над 7.000 m2 и прилично нивоа. Доколку оние штипски 14.000 m2 се однесуваат на вкупна површина, тогаш веднаш е јасно дека „Глобал“ ќе остане поголем. А доколку 14.000 m2 се однесуваат на целата парцела, тогаш без дополнителни информации сите опции остануваат отворени. Можноста тие 14.000 m2 да се однесуваат на основата на објектот, не ми делува веројатна, преголема е за штипски услови.

Едит: кога подобро ќе размислам, наведената бројка од 50 вработени всушност наведува на заклучок дека се работи за мал објект и дека Струмица со „Глобал“ ќе си го задржи приматот.


Има ли некој информација за површината на „Глобал“?
(бруто површина или било каква информација е добредојдена)

Или евентуално информација каде на нет може да се најде ДУП-от за Сењак, или тендерот за земјиштето?



Edited by Cloverstack - 15-Oct-2012 at 21:02
Back to Top
Strumica_City View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-May-2012
Location: Strumica City
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Strumica_City Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Oct-2012 at 03:05
По податоците коишто се објавени на офицјалниост сајт на Општина Струмица и wikipedia, трговскиот центар Глобал е опремен со градски пазар од затворен тип со деловни објекти, товарни дигала за дотур на стока по катовите , ескалотори, катна гаража со капацитет од 400 лесни возила кои зафаќат површина од 3.400 м2 или вкупна корисна површина од 40.000 м2.Објектот започнал да се гради на 18 јули 2006 година, а бил завршен во 2008 година.Вкупната инвестиција на проектот чинела 14.000.000 евра.
What we think we become.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Oct-2012 at 22:24


Ако гаражата која зазема речиси 1/3 од основата на целиот објект има вкупно 3.400m2, делува малку чудно „Глобал“ да има вкупна корисна површина од 40.000m2.

Колку вкупно нивоа има гаражата и колку има другиот дел од објектот. Дали има подземни нивоа и особено дали таму има поголем складишен дел кој не се гледа на прв поглед? Исто така ако можеш ти или некој друг што добро го познава „Глобал“ ве молам дајте своја проценка отприлика колкава е површината што е „изгубена“ на овие отвори:




Edited by Cloverstack - 19-Oct-2012 at 22:24
Back to Top
Tiveriopol View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Tiveriopol Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Oct-2012 at 23:26
Originally posted by Cloverstack


Ако гаражата која зазема речиси 1/3 од основата на целиот објект има вкупно 3.400m2, делува малку чудно „Глобал“ да има вкупна корисна површина од 40.000m2.Колку вкупно нивоа има гаражата и колку има другиот дел од објектот. Дали има подземни нивоа и особено дали таму има поголем складишен дел кој не се гледа на прв поглед? Исто така ако можеш ти или некој друг што добро го познава „Глобал“ ве молам дајте своја проценка отприлика колкава е површината што е „изгубена“ на овие отвори:


Струмица не спаѓа во источниот регион затоа сигурно вели најголем Струмица е во југо источен регион.

Глобал со приземјето е на пет нивоа од кои горните две не работат мислам само кабловската телекабел има некои простории таму.
Катната гаража е на три нивоа мислам.
А во Глобал и со овој капацитет работат многу пати по 50 лица.
Ова си е големо па и какви ходници да има.



Edited by Tiveriopol - 19-Oct-2012 at 23:27
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Oct-2012 at 00:06

Да, можеби штипскиот градоначалник под Источна Македонија го подразбира источниот статистички регион кој е доста потесен поим географски гледано, но тогаш нема простор за фалби од таков тип, затоа што освен Кочани (кое е и помало и гравитира кон Штип, а не обратно) нема никаква друга конкуренција на тој географски простор.

Во секој случај податокот дека „Глобал“ има вкупна површина од 40.000m2 ми делува малку нереално. Ако комерцијалниот дел има пет нивоа, тогаш водејќи се од големината на основата на објектот, се доаѓа некоја груба бројка од 22.000m2. Ако на тоа се додадат и оние исто така официјално декларирани 3.400m2 од гаражата (оставам можност тие да се всушност малку повеќе, судејќи според големината на основата на гаражниот дел) се доаѓа до бројка од отприлика 25 до 27 илјади метри квадратни вкупна површина. Значи отприлика колку „Рамстор“ или за нијанса поголем.

Штета што „Глобал“ нема веб-сајт.



Edited by Cloverstack - 20-Oct-2012 at 00:12
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1177
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Oct-2012 at 13:47
Имав некој впечаток дека беа над 5 нивоа на катната во Глобал, знам дека од паркингот најгоре се слегуваше 2 спрата подолу .И барајќи слики, налетав еве баш на слики од форумов:



5 нивоа покриени и едно најгоре без покрив, знам дека најгорното ниво е непокриено.Не знам дали и приземјето е паркинг за посетители или за доставни возила.
Off topic
Скоро секогаш половично наполнет паркингот, а двата булевари пред Глобал преполни со возила).Еве и на слики од мк.википедија и од форумов возилата се паркирани на улица:


Отприлика 30.000 квадрати цел објект.


Edited by Тркало - 20-Oct-2012 at 13:50
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Jan-2013 at 19:25
Знае ли некој што се случува со најавениот нов трговски центар во Штип?Се дигна фама имаше на сите вести за тоа и на крај после тоа ништо


Штип ќе го добие најголемиот Трговски центар во источна Македонија

Во штипската населба „Сењак“ ќе се гради најголемиот Трговски центар во источна Македонија. Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов вели дека продадено е градежното земјиште во населбата „Сењак“ по пат на јавна лицитација.

- На сметка на општина веќе се уплатени над 15 милиони денари, а остнатите над 4 милиони денари се уплатени во буџетот на државата. Сега чекаме да го видиме планот на инвеститорот, односно како ќе изгледа овој Трговски центар, вели Алексов.

Земјиштетото го има купено фирма со црногорско-косовски капитал, која има искуство во изградба на вакви Трговски објекти. Новиот Трговски центар ќе биде изграден на површина од 14.000 м/2, а се очекува во него да се вработат околу 50 лица. Изградбата на Трговскиот центар се очекува да почне во 2013

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=9720

Edited by Cloverstack - 20-Jan-2013 at 14:01
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 20-Jan-2013 at 14:12
Originally posted by avijacijamk

Знае ли некој што се случува со најавениот нов трговски центар во Штип?

И мене ме интересира истото

Бидејќи си од Штип, знаеш ли барем која е точната локација?

Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Jan-2013 at 00:13
Отприлика знам каде е тоа,се работи за парцела речиси на крај од градот предел во кој воглаво се куќи. Во нејзина близина се гради и објектот што го гради Топ Инвест односно највисоката зграда во Штип. Тој мистериозен трговски центар би требало да никне некаде на површина на следните кординати од Гугл мапи 41.752121,22.203155 . Баш се обидувам да го најдам одобрението од Општина Штип бидејќи знам дека го имаше на нивната офицјална страна таму ги пишуваше сите детали,која парцела, локација и роковите но сега ја нема. Не ми е јасно...
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Feb-2013 at 21:58
Црногорско-косовската фирма „Елкос“, најголемиот Трговски центар во источна Македонија ќе започне да го гради за два месеци, во населбата Сењак во Штип. Во мај се очекува да се постави камен темелникот, а во меѓувреме се завршуваат дополнителните правни работи за добивање на градежна дозвола.

Трговскиот центар во населбата Сењак ќе биде на површина од 14.000 метри квадратни, а сопственикот на новиот објект имал средба со градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, на кој му го претставил проектот и како ќе изгледа.

Според планот, Штип ќе добие современ трговски центар во кој ќе се продаваат прехранбени производи и бела техника, а во него ќе се вработат 50 лица.

Фирмата „Елкос“ земјиштето во населбата Сењак го купи по цена од 19.700.000 денари, од кои 15.000.000 се инкасираа на сметката на Општина Штип.

Според она што пишува на веб страницата на „Елкос“, станува збор за фирма која веќе има искуство за изградба, но и со работа на трговски центри. Најголемите вакви центри ги има изградено во Косово, а исто така се занимава и со изградба и на други комплекси.


http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/6233-2013-02-06-18-53-26
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 11-Jun-2013 at 20:58
Има информации некој што се случи со овој проект?Пиши пропало или?...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Jul-2013 at 20:42

За три месеци нов трговски центар во Штип, го гради инвеститор од Косово

12/07/2013  //  Пред 22 минути  //  ИНФРАСТРУКТУРА  //  Коментирај

Stip

До крајот на јули ќе почне изградбата на новиот трговски центар во Штип што треба да го гради косовската „Елкос груп” од Косово. Како беше соопштено по средбатана градоначалникот Илчо Захариев и сопственикот на  „Елкос груп”, Рамиз Келеменди сите градежни дозволи ќе бидат спремни до 31-ви јули.

„ Тоа значи дека од идниот месец, „Елкос груп“ може да започне со градба. Штип ќе добие нов трговски центар, на одлична локација која ќе го заокружи целиот комплекс во населбата Сењак. Имено, таму веќе се гради станбен објект, изградени се и социјални згради а наскоро, спроти локацијата за трговскиот центар, ќе се градат мултифункционални и повеќенаменски спортски терени од Агенцијата за млади и спорт“, изјави Захариев кој додаде дека  трговски центар ќе отвори 100 нови работни места.

Косовскиот инвеститор најави дека за три месеца ќе биде готов новиот трговски центар во населбата Сењак кој ќе се протега на површина од 5500 метри квадратни. „Елкос груп” веќе има трговски центри во Косово,  Албанија и во Црна Гора.

http://faktor.mk/archives/58042?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=za-tri-meseci-nov-trgovski-centar-vo-shtip-go-gradi-investitorot-od-kosovo

Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 16-Jul-2014 at 17:11
Инаку офицјално овој проект е пропаднат.Дигнати се само темелите и толку повлечена е целата градежна опрема. Денеска поминав таму штама
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Nov-2014 at 18:21
Se otvara Kosovskiot trgovski centar, ne gledam deka ima ovde zagrizeni kako za Skopskiov Aerodrom ??
http://www.1.mk/grupacijata-elkos-od-kosovo-utre-go-otvora-prviot-trgovski-centar-vo-stip-i-makedonija/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Nov-2014 at 02:10
Косовски „Елкос“ отвори трговски центар во Штип



Штипскиот градоначалник Илчо Захариев и сопственикот на косовската компанија „Елкос груп“ Рамиз Кељмеди денеска свечено го отворија новиот трговски центар, лоциран во штипската населба „Сењак“. Објектот има корисна површина од 5.500 метри квадратни и во него се инвестирани 4 милиони евра, а бројот на нови работни места е 60. Во трговскиот центар се нудат над 30 илјади артикли, првенствено прехранбени продукти, облека, обувки и техника за домаќинствата. Косовската инвестиција почна да се реализира минатото лето на градежна парцела со површина од околу пет илјади метри квадратни, која беше купена во октомври 2012 година по цена од 19,7 милиони денари (320 илјади евра), од кои 15 милиони денари завршија во општинската каса.

Косовскиот инвеститор најави дека во иднина планира да вложи 50 милиони евра во изградба на уште неколку трговски центри и откупни центри за зеленчук и овошје во Струмица, Тетово, Гостивар и Битола. Косовската компанија „Елкос груп“ има над 20 трговски центри во Косово, и по еден во Албанија и во Црна Гора.

http://www.build.mk/?p=40728

Edited by jyvation - 15-Nov-2014 at 02:12
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14321
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Nov-2014 at 13:04
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14321
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 15-Nov-2014 at 13:04
И една постара фотка...

За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Nov-2014 at 17:09
Види како се паркирани. Незнам навистина не ми е јасно која е потребата и зависта за кршење правила
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Nov-2014 at 17:15

Се се гради и се се менува меѓутоа менталитетот сељачки не се менува. За тоа треба едно 100 години.
Инаку браво за инвестицијава.
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 961
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-Nov-2014 at 18:27
Ха ,не съм знаел че Telefunken произвеждат още телевизори.
За последен път съм видел телевизори от тази марка наверно преди 15 години.
Kакви са тези етикети на които пише 20,90 и 24,49? Предполагам не е цената.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.