build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 112113114115116 124>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2261 Posted: 29-Oct-2008 at 12:30
Еве уште една убава фотографија од постоечкиот терминал.... Од Фликр


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2262 Posted: 26-Oct-2008 at 15:31

Originally posted by my Macedonia

cudno mi e ...... ama sepak ce bide dobro ce trae 1 godina ili 2 godini ... nekoj velat 2 a sefot od tav velit 1 godina ???? stO segA.........

ММ авиони и понатаму ќе летаат, само прашање е дали ќе видиме уште одма преусмерување на компании кон Александар Велики или тоа ќе се случи откако ќе добиеме нови  терминали и писти?!

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2263 Posted: 26-Oct-2008 at 15:22
cudno mi e ...... ama sepak ce bide dobro ce trae 1 godina ili 2 godini ... nekoj velat 2 a sefot od tav velit 1 godina ???? stO segA.........
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #2264 Posted: 26-Oct-2008 at 15:10
aerodromot se rekonstruira i se prosiruva,so znaci niso nema da se uriva tuku na stariot aerodrom ke se raboti....
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2265 Posted: 25-Oct-2008 at 09:57
znaci od 1 januari ce se gradi noviot aerodrom vo skopje  ama dali ce bide vo istoto mesto??
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #2266 Posted: 25-Oct-2008 at 08:20
Па сега со овој инвеститор 100% сум сигурен дека нашти аеродроми ке бидат едни од поатрактивните во овој дел од Европа а мислам дека исто треба да направат и со железницата да се даде на некој под концесија.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2267 Posted: 25-Oct-2008 at 01:06
ТАВ ќе ја прекине агонијата на Охридскиот аеродром


Од 1 јануари 2009 година управувањето со аеродромот го презема концесионерот ТАВ, кој треба да вложи огромни средства во модернизација на Охридскиот и на Скопскиот аеродром.


Со новиот зимски ред на летање на Охридскиот аеродром, кој стартува од недела, седмично ќе слетуваат само четири авиони. Иако Владата се обиде преку намалување на аеродромските такси да привлече повеќе авиокомпании кои во својата агенда ќе го стават Охрид како нивна дестинација, оваа сезона на пистата на Свети Апостол Павле ќе слетуваат само авионите на домашниот авиопревозник МАТ и на швајцарската Хелветик ервејз. МАТ лета од Охрид во сабота и недела за Цирих и Виена, а во петоците на 12, 19 и 26 декември авионите ќе слетуваат во Охрид од Виена. Хелветик ервејз, пак, од и кон Цирих ќе лета во сабота. И покрај тоа што немаат прифаќање на воздухоплови секој ден, вработените мораат да го држат аеродромот отворен бидејќи е алтернатива за многу авиокомпании кога поради магла не можат да слетаат на Александар Велики во Скопје.

Агонијата на вториот македонски аеродром трае со години. Раздвижување има само во летниот период кога има повеќе чартер летови. Така беше и летово кога имаше пораст на сообраќајот и зголемување на приходите за 30 до 40 проценти благодарение на мерките што ги презеде Владата со тоа што авиокомпаниите кои го користат Свети Апостол Павле се ослободени од плаќање за лендинг, АТЦ-услуги и за осветление на аеродромот.

Директорот на Свети Апостол Павле, Борис Стефаноски е оптимист дека веќе од наредната година состојбата со охридскиот аеродром во поглед на неговата атрактивност и приходите, ќе се зголеми.
- Од први јануари 2009 година управувањето со аеродромот го презема концесионерот ТАВ. Тие, согласно концесискиот договор што го потпишаа со Владата, ќе вложат огромни средства во модернизација на Охридскиот и Скопскиот аеродром. Со вложување во нова опрема ќе се подигне безбедноста и функционалноста на аеродромот со што тој ќе стане поатрактивен за странските авиокомпании - вели Стефаноски.

Оптимизмот Стефаноски го гради и на ветувањата на првите луѓе на Турски ТАВ дека имаат намера скопскиот аеродром да го направат регионален центар, како што е аеродромот во Виена.
- Голем дел од летовите што сега гравитираат кон аеродромот во Истанбул кој исто така го стопанисува ТАВ, ќе бидат пренасочени кон Скопје. Од друга страна, Турција е голема држава и Македонија е доста привлечна за тамошните туристи кои верувам дека би сакале да ги посетат местата каде се школувал предводникот на младотурската револуција, Кемал Ататурк - вели Стефаноски.

ТАВ е должен согласно концесискиот договор што го потпиша во Владата на 25-ти минатиот месец, да инвестира 230 милиони евра за постојните два и во изградба на карго аеродромот во Штип. Проекцијата на ТАВ е дека до 2029 година ќе го подигне бројот на патници од сегашните 680.000 на 4,9 милиони годишно, од кои половина милион на Охридскиот аеродром, што е речиси пет пати повеќе од сегашната бројка.

http://vecer.com.mk/?ItemID=909F2D22A2768B4385B028DE2ED6E661

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2268 Posted: 23-Oct-2008 at 18:44

Во текстот има неколку моменти што многу бодат очи:

- 75 километри од Скопје безмалку се спомнува како адут на евентуалниот „главен“ аеродром во Сушево.

- Правецот Миладиновци-Св.Николе-Штип автоматски се зема како некакво идеално решение, што со оглед на оваа дискусија која ја водевме не е точно: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=18023#18023

- Зошто сега би се вложувале толкави средства во цивилниот дел на Скопскиот аеродром, ако наскоро тој сообраќај се планира да се премести на Сушево???

- Зошто толку лесно се занемарува многукратно подобрата местоположба и воопшто потенцијал на скопскиот аеродром да прерасне во регионален мини-хаб?

- Зошто на НАТО повеќе би му одговарал скопскиот аеродром, наместо сосема нов наменски планиран аеродром, каков што може да добие во Сушево или на друга локација?


Инаку преку глава веќе од штипскиот локал-патриотизам...




Edited by Cloverstack - 23-Oct-2008 at 18:45
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2269 Posted: 23-Oct-2008 at 15:40

каква класична замена на доскорешните тези, скопскиот аеродром со толкав терминал ќе бил воен, а ни помалку ни повеќе штипскиот цивилен Sleepy па ај што тоа го верглаат штипјани па и порта останува рамнодушна на ваквите констатации, небаре така и ќе биде. повеќе од јасно е дека додека да си легнат работите на место ќе се одвлекува вниманието на јавноста од вистината за штипскиот аеродром, па дури и со ваква крајност на замена на веќе реалните факти, а да е уште посмешно се констатира дека покрај криволак во иднина скопскиот аеродром ќе станел воен. иаку по нато стандардите цивилни и воени инфраструктури не смее да се смешани, тоа важи дури и за спортски и за слаткарски муабети, нормално и за резиденцијални области, така да еве уште една магла која дефинитивно ја разбиструва логиката зошто баш во штип а не во струмица карго аеродром... навистина незнам дали овие изјави се тотален лапсуз или темпиран муабет,  за утре пополека самите новинари да би ја “откриле“ вистинската намена на штипскиот аеродром, како не би звучело шокантно кога владата јавно ќе им го понуди аеродромот на отан силите. сепак и МКД има добри PsyOp тимови...       

ЌЕ ПРЕРАСНЕ ЛИ КАРГОТО ВО ШТИП ВО НАЦИОНАЛЕН ПАТНИЧКИ АЕРОДРОМ?

Имајќи ја предвид аспирацијата на Македонија за членство во НАТО, важен дел од овој систем е логистиката која државата треба да и ја пружи на Алијансата. Покрај воениот полигон Криволак, во иднина сосема е извесно дека Скопскиот аеродром ќе прерасне во воен, додека цивилната функција постепено ќе ја преземе Штипскиот карго аеродром. Многумина ваквата претпоставка ја поврзуваат со воениот комплекс непосредно до скопскиот аеродром кој не сака многу мешање со цивилниот аеро сообраќај.

Локацијата кај Сушево каде ќе се гради карго аеродромот е идеална за оваа намена. Локалитетот Сушево е еден вид врата кон Овчеполието кое е претежно рамнинско, со идеална клима. Во текот на летото нема дождови, во текот на зимата нема магла. Тоа го прави сосема погоден за цивилен аеродром. Воздушната линија од 30 километри до Петровец и околу 75 километри од центарот на Скопје се дополнителен фактор.

Ако на сето ова се додаде и патниот правец Миладиновци-Свети Николе-Штип, североисточниот дел на Македонија ќе скрати 50-тина километри и дополнителни 30-тина минути за пристап до аеродромот. И на крајот, сите овие претпоставки се вкрстуваат во условите кои Владата му ги поставува на новиот концесионер, а тоа се реконструкција на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во пакет со изградба на карго аеродром во Сушево до крајот на оваа, со евентуална негова надградба во цивилен до крајот на 2009 година.Овој аспект од инвестицијата комплетно би завршил во 2012 година. Градоначалникот на Штип, Панде Сарев за локалните медиуми веќе изјави дека карго аеродромот ќе прерасне во патнички, а Скопскиот во воен аеродром. Тој вели дека станува збор за реализација на неколкудецениска идеја поврзана со патниот правец Миладиновци-Свети Николе-Штип. Откако ќе биде отворен и скратениот патен правец Радовиш-Струмица, целиот источен регион ќе излегува токму на аеродромот Сушево. Владата веќе објави дека карго аеродромот ќе има писта долга 2,4 километри со можност да се продолжи. Откако во првиот период Сушево би било опција за поддршка на Скопскиот аеродром за да се тестира функционалноста, пистата лесно може да се продолжи на три километри колку што е таа за патничкиот сообраќај на аеродромот “Александар Велики”.

Тоа практично значи дека до завршување на проектот во 2012 година, карго аеродромот би се адаптирал во цивилен аеродром. Негодувања се уште има, но јасно е дека Владата го турка проектот слично како оној со Универзитетот, без поголема загриженост од домашните и странските експерти. Најизразена е негативната оценка на холандските консултанти кои по посетата на Сушево напоменале дека теренот не е погоден за патнички аеродром, но сепак оставиле можност со инвестициските зафати да се направат соодветни подобрувања.

Ако странците не вложат во овој проект, постои интерес државата да се јави како вложувач во Штипскиот аеродром. Министерството за транспорт пресметало дека би било прескапо “Александар Велики” да се проширува, па сосема е полесно да се почне од почеток, во Штип. Доволен податок е бројката од околу 200 милиони евра за трите аеродроми од кои за Штип ќе бидат обезбедни околу 90 милиони евра.

Едно е сигурно: во Штип никој не е против, бидејки со секој нов проект градот си ја враќа титулата на центар на источна Македонија. Впрочем, имаше песимисти и за Универзитетот во Штип, за по само две години комплетно да го сменат својот негативен став.
Porta3 - П.Р. - број 92.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2270 Posted: 19-Oct-2008 at 18:59
Originally posted by maestro13

А нели пред едно година дена го реновираа Охридскиот аеродром за Нато самитот во Охрид??

Сега што поточно ќе се прави на тој аеродром?


Dunno

Еве две убави фотки од Петровец превземени од Фликр

1

2



Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #2271 Posted: 07-Oct-2008 at 11:51
А нели пред едно година дена го реновираа Охридскиот аеродром за Нато самитот во Охрид??

Сега што поточно ќе се прави на тој аеродром?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2272 Posted: 06-Oct-2008 at 02:53
Еве еден стар пропаднат план за проширување и модернизација на скопскиот аеродром. Можеби некои елементи се задржани, како на пример сообраќајното решение. Ако е така, тогаш не се работи за нова клучка која ќе се гради (како што се пишуваше), туку постојната всушност ќе се модифицира и ќе се искомбинира со уште два надвозници. Ова се разбира е само претпоставка, но со оглед на тоа дека локацијата на новиот терминал ќе остане непроменета, искористување на постојната клучка е најлогично решение.



Edited by Cloverstack - 06-Oct-2008 at 02:55
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #2273 Posted: 03-Oct-2008 at 19:34
Originally posted by Cloverstack

Ај најдобро исконтактирај ги и побарај дозвола.Да не навлегувам во нивните мотиви, сепак доколку решиле да имаат таква политика тоа треба да се испочитува (макар џентлменски, пошто не верувам дека кај нас е можно некој всушност да се потпре на законот за вакви работи)Додека сум на оваа тема, да ве потсетам дека фотките од build.mk можете слободно да ги користите каде сакате, без разлика дали имаат жиг (тој е само за промоција на сајтов). Само наведете го изворот Wink



Како прво, еднаш побарав дозвола за објава на слика на мојот блог од сајтов, со уредно објавен извор (можеш да видиш тука: http://enternew.blog.com.mk/node/180980).

што се однесува за аеродромот, стварно не знам како “за година дена нема да го препознаеме, а почнува реконструкција за 90 дена“

ма, нека го прават, нека не брзаат да добиеме квалитетен, а не набрзина направен аеродром.

ми се допаѓа вака, се надевам дека тав не е некоја зафрканција и сериозно ќе си ја заврши работата

Edited by maestro13 - 03-Oct-2008 at 19:35
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2274 Posted: 03-Oct-2008 at 18:34
Ај најдобро исконтактирај ги и побарај дозвола.

Да не навлегувам во нивните мотиви, сепак доколку решиле да имаат таква политика тоа треба да се испочитува (макар џентлменски, пошто не верувам дека кај нас е можно некој всушност да се потпре на законот за вакви работи)

Додека сум на оваа тема, да ве потсетам дека фотките од build.mk можете слободно да ги користите каде сакате, без разлика дали имаат жиг (тој е само за промоција на сајтов). Само наведете го изворот Wink
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2275 Posted: 03-Oct-2008 at 09:40
е добро де, обележани се Shifty
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2276 Posted: 02-Oct-2008 at 21:59


Имаш дозвола за сликите хехе
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #2277 Posted: 02-Oct-2008 at 21:33
еве нешто што можеби ќе ве интересира, мислам дека може тука да го ставам


Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот “Потез-29”, а превезувал 5 патници.
Како најново и најсовремено превозно средство авионите последни биле вклучени во сообраќај во Скопје. Аеродромот бил наречен “Скопје”, а се наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населба ''Аеродром''. Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда во време. Авионите поаѓале од Скопје во 7ч наутро.



Прв пилот бил М. Јерошенко.

Есента 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи во Зајчев рид и во стариот Аеродром.



Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион.

Како куриозитет старите Скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.



Во 1937 година во договор со авионското друштво “Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот “Правда” од Белград.

Покана од аеродромот “Скопје” до Скопското научно друштво за прослава на славата Св. Илија 1938 година.


http://forum.avijacija.com.mk/viewtopic.php?t=425
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2278 Posted: 02-Oct-2008 at 11:28
Originally posted by vardar

Прво една критика за ТАВ, им пишав пред 3-4 дена за некоја поголема фотка и некоја информација, можеа барем да одговорат Roll%20eyes

 
Welcome to the club LOL

 

 
 
 

Најискрено се надевам дека грешам али ова малце ми звучи ..... незнам некако несериозно, па како ќе ги преселат големите имиња кога ТАВ само управува со аеродромот а не и компаниите, ваљда треба да има некоја логика за компаниите па они сами ќе си дојдат, се надевам дека грешам.  Виена најголем на БАЛКАНОТ LOL
 


малку дилетантски напишано но можно е концесионерот да има до некаде влијание на овакви работи. Нормално главен критериум ќе биде дали ќе има или нема патници.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2279 Posted: 02-Oct-2008 at 11:22
Еве малце за ТАВ

TAV Airport Holding-новиот “газда” на македонските воздушни пристаништа
Дали Александар Велики ќе заличи на Ататурк?
Добитникот на концесијата за управување со македонските аеродроми, холдингот ТАВ, успешно управува со седум аеродроми во Турција и регионот. Годишно на нивните аеродроми поминуваат над 27 милиони патници, услужуваат над 275 илјади летови и во 2007 година холдингот оствари приход од 507,5 милиони евра, што покажува дека компанијата има јасна намера да стане регионален лидер во овој бизнис. Дали оваа референца на турскиот холдинг ќе биде доволна македонските аеродроми конечно да заличат на современите светски аеродроми?


Турскиот аеродромски гигант ТАВ ја доби концесијата да управува на 20 години со аеродромот во Скопје,  Александар Велики и оној во Охрид,  Свети Апостол Павле. Според условите на тендерот, Турците ќе треба да изградат и карго- аеродром во близина на Штип.

Следејќи ги развојните стратегии на ТАВ, во 2006 година, водечката инвестициона банка во Америка Goldman Sachs International, австралискиот фонд Babcock & Brown, Islamic Development Bank (IDB), Infrastructure Fund (EMP) и Global Investment House станаа стратешки партнери на холдингот TAV Airports, а во февруари 2007 година, 18,4% од своите акции ги остави на јавна продажба.
Турскиот холдинг беше избран за најповолен понудувач, откако во последната фаза од тендерот за давање на аеродромите под концесија остана единствен понудувач. Зошто другите заинтересирани компании се откажаа во последен миг никој јавно не сака да каже.

Турците на скопскиот аеродром ветуваат да изградат нова терминална зграда, паркинг за автомобили, нова писта приспособена за слетување на сите видови авиони, да изградат пристапен пат до клучката, да инсталираат системи за земска навигација. Исто така се планира изградба и на нов карго- терминал, нова противпожарна станица и паркинг на авиони.
На охридскиот аеродром, пак, ТАВ треба да го реконструира постоечкиот паркинг, да ги реновира објектите во карго- центарот како и да ја реконструира постоечката административна зграда, да изгради ВИП- објект, воедно и да набави опрема за аеродромот за да функционира согласно меѓунардоните стандарди. Новиот карго-аеродром во Штип кој треба да биде изграден, треба да функционира како алтернативен аеродром за потребите на цивилната авијација, со можност во иднина да прерасне во главен аеродром во Македонија. На овој аеродром се предвидува изградба на писта, нова терминална зграда, два хангари за увоз и извоз, два хангари за гаражирање на авиони, изградба на административни објекти, паркинг на возила и на потребната комунална инфраструктура, а воедно и набавка на патролни и противпожарни возила, како и набавка на целокупната потребна опрема за работа според меѓунардоните стандарди.

Мустафа Сани Шенер претседателот на ТАВ аеродромскиот холдинг
350 милијарди долари ќе бидат инвестирани за обнова на аеродроми во следната деценија

“Во наредната деценија, во светските аеродроми ќе бидат инвестирани 350 милијарди долари. Поради тоа ние ќе се вклучиме во трката за добивање на нови тендери. Знаеме дека надоаѓаат 50 тендери и ние ќе се натпреваруваме на нив. Покрај Абу Даби, тука е и Прага. Оваа година тие ќе го објават тендерот и ние ќе се фокусираме на подготовките за Прага. Постојано има тендери на светско ниво и ние сме квалификувани да се натпреваруваме на тие тендери. Ветерот дува во вистинскиот правец во нашиот сектор, па според тоа ние треба да го следиме", вели Шенер.

Дали турската компанија има капацитет да го реализира ветеното? За каква компанија всушност станува збор? Ова се прашања кои останаа неодговорени од надлежните.
Капитал истражуваше за да дознае повеќе детали за работењето на оваа компанија и за нејзиното искуство во управувањето на другите аеродроми во земјите во кои е присутен.

Кој е ТАВ?
ТАВ е основана во 1997 година, како заедничко вложување на турските компании Тепе и Акфен групациите, следејќи ја нивната успешна понуда за аеродромот во Истанбул, Ататурк Ерпорт Интернешнл. Тие веќе 11 години го зголемуваат бројот на аеродромите со кои управуваат и преставуваат пример за многу компании кои се вклучени во бизнисот со управување на аеродромите.
Станувајќи успешна приказна во аеродромскиот сектор за многу кратко време, ТАВ прерасна во експерт за оперирање со аеродромите во Турција, како и во поширокиот регион.
Главната формула за успех на турската компанија, како што велат на нивниот корпоративен сајт, е човечкиот капитал, а воедно нивните аеродроми се опремени и со најсовремена технологија, од кои истанбулскиот аеродром е најрелевантен пример за модернизацијата на аеродромите со кои управува турскиот холдинг.
Поради своите амбициозни цели, ТАВ во 2006 година ги реструктурираше и групираше своите услуги за операции со аеродроми и изградба, под TAV Airports Holding” и “TAV Construction”, и сега доследно продолжува со своите нови достигнувања.
TAV Airports Holding моментално управува со седум аеродроми, од кои четири се во Турција, два во Грузија и еден во Тунис, со тоа што во Тунис се гради уште еден аеродром кој треба да почне да функционира во 2009 година. Холдингот го презеде оперирањето и изградбата на трите главни аеродроми во Турција (Истанбул Ататурк, Анкара Есенбоџа и Измир Аднан Мендерес), како и аеродромот Анталија Газипаша. Надвор од Турција, ТАВ оперира со аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, аеродромите Енфида и Монастир во Тунис.
По потпишување на договорот со македонската влада, бројот на аеродроми со кои ќе управува холдингот ќе се зголеми за уште два. Нивна главна цел е да обезбедуваат одлични услуги за илјадниците луѓе кои ги посетуваат нивните аеродроми секој ден. Во склоп на ТАВ работат и компании кои се подружници на холдингот, а кои обезбедуваат различни типови на услуги- од превоз во рамки на аеродромот, безцарински услуги, информациони и други услуги.
Следејќи ги развојните стратегии на ТАВ, во 2006 година, водечката инвестициона банка во Америка Goldman Sachs International, австралискиот фонд Babcock & Brown, Islamic Development Bank (IDB), Infrastructure Fund (EMP) и Global Investment House станаа стратешки партнери на холдингот TAV Airports, а во февруари 2007 година, 18,4% од своите акции ги остави на јавна продажба. Последниот стратешки партнер на TAV Airports е водечкиот аеродромски инвеститор во Централна и Источна Европа, австриската Meinl Airports International, кој во ноември 2007 година од Goldman Sachs, купи 10,1% од акциите на турската компанија.
TAV Airports е исто така активен и во други области во управувањето со аеродромите како што е одржување на слетаните авиони, оперативни услуги и услуги за одржување, фришопови, служење на храна и пијалаци, ИТ- услуги и обезбедување.

Аеродромите во Абу Даби и Прага следна цел на ТАВ
ТАВ аеродромите, секоја година услужуваат околу 285 илјади летови на 300 компании, со просечно 27 милиони патници. Со овој капацитет, TAV Airports е меѓу лидерските аеродромски оператори во светот.
Аеродромите на турскиот холдинг живеат со вртоглава брзина 365 дена во годината и 24 часа на ден. Според податоците на Turkish State Airports Authority (DHMI) во 2007 година низ аеродромите на ТАВ поминале 30,4 милиони патници, што е годишен пораст од 9%.
Бројот на комерцијални летови изнесувал над 313 илјади што претставува годишен пораст од 8%.
TAV Airports Holding е лидер во секторот по фрекфенција на патници во Турција со пазарен удел од 45%.
Во 2007 година холдингот остварил приход од 507,5 милиони евра, што е за 26,3% повеќе во однос на 2006 година кога бил остварен приход од 401,8 милиони евра. Растот на приходот примарно е резултат на порастот на приходите во фришоповите, авијацијата, одржување на слетаните авиони и угостителски услуги.
Бизнисот со бесцарински услуги создава најголем дел од приходот на компанијата (39%), следен од приходот обезбеден од авијација и одржување на слетаните авиони (38%) и приход од останати работи (23%).
Минатата година компанијата ја подобри својата пазарна позиција во Турција и во светот, преку преземање на значајни проекти. Договорот за закуп на Antalya Gazipasa Airport на 25 години, што е од големо стратешко значење за турскиот холдинг, беше меѓу нивните најзначајни домашни проекти.
Поради тоа што бројот на патнички авиони се зголемува цело време и се очекува до 2020 година цифрата да се зголеми од 18 на 36 илјади на планетарно ниво, а исто така и бројот на патници кои ќе се превезуваат со овие авиони ќе се зголеми од 4,2 на 9 милијарди, преседателот на ТАВ аеродромскиот холдинг, Мустафа Сани Шенер, во интервју за Њујорк Тајмс, изјави дека постоечките аеродроми нема да бидат во можност да го издржат растот на бројот на патници со постоечките капацитети. Тој истакна дека очекуваат во наредната деценија, во светските аеродроми да бидат инвестирани 350 милијарди долари. Поради тоа и тие ќе се вклучат во добивање на нови тендери.
“Знаеме дека надоаѓаат 50 тендери и ние ќе се натпреваруваме на нив. Покрај Абу Даби, тука е и Прага. Оваа година тие ќе го објават тендерот и ние ќе се фокусираме на подготовките за Прага. Постојано има тендери на светско ниво и ние сме квалификувани да се натпреваруваме на тие тендери. Целото планирање што го правевме со нашите колеги се однесува на ова. Ветерот дува во вистинскиот правец во нашиот сектор, па според тоа ние треба да го следиме" вели Шенер.

Кои се аеродромите што ги управува ТАВ?

1. Истанбулскиот аеродром Ататурк
Успешната приказна на TAV Airports Holding започна на истанбулскиот аеродром Ататурк, на меѓународниот терминал, што претставува пример за многу компании вклучени во управување со аеродроми. Најнапредната авијациска технологија се користи токму на тој аеродромот, кој услужува 300 авионски компании од различни страни на светот. Овој аеродром е најрелевантна мерка за модернизација и беспрекорна услуга за ТАВ аеродромите, кој го помина овој тест многу лесно.
Меѓународниот терминал на Ататурк аеродромот беше изграден преку моделот Built-Operate-Transfer во рекордно време од 22 месеци. Терминалот почна да функционира во јануари 2000 година и беше проширен во 2004 година со изградба на дополнителен објект. Меѓународниот терминал опфаќа површина од 268 илјади квадратни метри.
Холдингот ТАВ го презеде оперирањето со домашниот терминал на Ататурк аеродромот во јули 2005 година. Со главната инвестиција во 2006 година, 25 години стариот домашен терминал беше модернизиран со нови технолошки системи и претрпе темелно реновирање, вклучително и на надворешниот изглед. Дневно на овој аеродром слетуваат и полетуваат приближно 650-700 авиони и просечно 64 илјади патници го користат аеродромот секои 24 часа. За време на шпиц- сезоната, дневно поминуваат од 85-90 илјади патници со приближно 850-900 авионски слетувања и полетувања. Вкупно на овој аеродром во текот на 2007 година поминале над 23 милиони патници, што е за 9,12% повеќе во споредба со 2006 година. ТАВ овој аеродром ќе го има под концесија до 2021 година.

2. Аеродромот Анкара Есенбоџа
Аеродромот Анкара Есенбоџа е единствениот аеродром во Турција кој ги комбинира домашниот и меѓународниот терминал под еден покрив. Преставувајќи го новото модерно лице на Анкара, со уникатен архитектонски дизајн и отворениот поглед на терминалот кој им овозможува на патниците полесен пристап до нивните дестинации, аеродромот донесе свеж воздух во турскиот главен град.
Изграден по моделот Build-Operate-Transfer и завршен една година пред предвиденото, Есенбоџа аеродромот се карактеризира со тоа што е најнов и најмодерен аеродром не само во Турција, туку исто така и во Европа. Вкупно на овој аеродром во текот на 2007 година поминале 4,96 милиони патници што е за 9% повеќе во споредба со претходната година. ТАВ овој аеродром ќе го концесионира до 2023 година.

3. Меѓународниот терминал на аеродромот Измир Аднан Мендерес
Терминалот е исто така изграден според моделот Build-Operate-Transfer и завршен од ТАВ осум месеци пред предвиденото и почна да работи на 13 септември, 2006 година. Новиот терминал изграден од страна на ТАВ лежИ на површина од 108 илјади квадратни метри. Служејќи му на градот кој е исто така регионален центар, аеродромот Аднан Мендерес има многу значајна улога во реализирање на туристичкиот и трговскиот потенцијал на Западна Анадолија. На меѓународниот терминал оваа година поминале 1,6 милиони патници, што е за 10.3% повеќе во однос на 2006 година, а компанијата ќе го концесионира до 2015 година.

4. Аеродромот Анталија Газипаша
ТАВ го доби тендерот за концесионирање со аеродромот Газипаша во август 2007 година и им е даден под наем на 25 години согласно договорот потпишан на 4 јануари 2008 година. Аеродромот е изграден во 1999 година, лежи на 21444 квадратни метри, со годишен капацитет од 500 илјади патници со постоечката инфраструктура. Со проширување на постоечката писта, ТАВ сака да го трансформира Газипаша аеродромот во меѓународен центар кој ќе и служи на Аланија и поблиското окружување.

5. Меѓународниот аеродром Тбилиси, Грузија
Лоциран во главниот град на Грузија, се очекува аеродромот да стане значаен мост помеѓу Европа и Азија во блиска иднина. Овој аеродром е управуван од TAV Urban Georgia LLC од 31 октомври 2005 година. ТАВ- Грузија, е подружница на ТАВ во која поседува 60%. Новиот терминал изграден од ТАВ- Грузија, почна да работи на 7 февруари 2007 година, а концесијата е во траење од 20 години. Во 2007 година на овој аеродром поминаа околу 620 илјади патници што е за 8,7% повеќе во однос на 2006 година.

6. Вториот аеродром во Грузија: Меѓународниот аеродром Батуми
Управувајќи со меѓународниот аеродром Тбилиси од 2005 година, ТАВ го продолжи инвестирањето во регионот и го презеде управувањето со меѓународниот аеродром Батуми на 26 мај, 2007 година.
Со новата писта и терминална зграда, на меѓународниот аеродром Батуми управува TAV Batumi Operations LLC., што е 60% сопствена подружница на TAV Airport Holding.

7. Меѓународниот аеродром Монастир Хабиб Бургиба, Тунис
TAV Airport Holding започна уште еден аеродромски проект со аеродромот Monastir Habib Bourguiba, лоциран во Тунис, туристичкиот центар во Северна Африка, кој почна да работи на 1 јануари 2008 година. Турската компанија ќе управува со овој аеродром 40 години. Иако капацитетот на аеродромот е 3,5 милиони патници, тој во 2007 година собра 4,3 милиони странски патници. Истата година приближно 35 илјади авиони слетаа и полетаа од овој аеродром. Операциите во Тунис ги извршува ТАВ- Тунис, подружница која е во целосна сопственост на TAV Airports Holding.

8. Новиот мост меѓу Турција и Тунис: Меѓународниот аеродром Енфида Зине Ел Абидине Бен Али
Турскиот аеродромски холдинг планира да започне со управување на овој аеродром во 2009 година. Овој аеродром е втората операција на ТАВ во Тунис и ќе биде исто така управуван од ТАВ- Тунис, на која и е даден под концесија на 40 години. Моментално тој се гради и се наоѓа на 60 километри од аеродормот Монастир. По завршувањето на оваа инвестиција, годишниот патнички капацитет на меѓународниот аеродром Енфидха Зине Ел Абидине Бен Али се очекува да достигне седум милиони. Турскиот холдинг очекува дека капацитетот на патници ќе биде 22 милиони по завршување на сите фази.



http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=65&EditionID=641&ArticleID=15352
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #2280 Posted: 01-Oct-2008 at 10:08
Прво една критика за ТАВ, им пишав пред 3-4 дена за некоја поголема фотка и некоја информација, можеа барем да одговорат Roll%20eyes
 
 
 

Истанбулскиот ќе биде само урнек за скопскиот.

„Ќе направиме макета на овој во Македонија, но ќе биде помал. Помала верзија на истанбулскиот аеродром, кој е најдобар во Европа“, изјави Сани Шенер.

 
 
Мислам дека ататурк си е супер али треба да се трудат скопскиот да си биде оригинален, не само мал близнак на истанбулскиот.... иначе еве една макета од Ататурк
 
 
 
 
 
„На Балканот...Мислам дека е Виенскиот. Ви реков, ние сме многу амбициозни. Виена ќе ни биде конкуренција. Нема да кажам Тирана, зошто треба да се размислува во пошироки рамки. За Македонија ние имаме големи планови

Во Истанбул летаат најпознатите светски авиокомпании на повеќе од сто дестинации во светот. Турците планираат дел од големите имиња да ги преселат во Скопје. Александар Велики да го направат концесиски трансфер аеродром.

 
 
Најискрено се надевам дека грешам али ова малце ми звучи ..... незнам некако несериозно, па како ќе ги преселат големите имиња кога ТАВ само управува со аеродромот а не и компаниите, ваљда треба да има некоја логика за компаниите па они сами ќе си дојдат, се надевам дека грешам.  Виена најголем на БАЛКАНОТ LOL
 
 
 
 
По една година нема да можете да го препознаете. Реконструкцијата почнува за деведесет дена.

Cheers Thumbs%20Up 
 
 
 
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 112113114115116 124>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.445 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.