build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 115>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 03-Oct-2008 at 18:34
Ај најдобро исконтактирај ги и побарај дозвола.

Да не навлегувам во нивните мотиви, сепак доколку решиле да имаат таква политика тоа треба да се испочитува (макар џентлменски, пошто не верувам дека кај нас е можно некој всушност да се потпре на законот за вакви работи)

Додека сум на оваа тема, да ве потсетам дека фотките од build.mk можете слободно да ги користите каде сакате, без разлика дали имаат жиг (тој е само за промоција на сајтов). Само наведете го изворот Wink
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 03-Oct-2008 at 19:34
Originally posted by Cloverstack

Ај најдобро исконтактирај ги и побарај дозвола.Да не навлегувам во нивните мотиви, сепак доколку решиле да имаат таква политика тоа треба да се испочитува (макар џентлменски, пошто не верувам дека кај нас е можно некој всушност да се потпре на законот за вакви работи)Додека сум на оваа тема, да ве потсетам дека фотките од build.mk можете слободно да ги користите каде сакате, без разлика дали имаат жиг (тој е само за промоција на сајтов). Само наведете го изворот Wink



Како прво, еднаш побарав дозвола за објава на слика на мојот блог од сајтов, со уредно објавен извор (можеш да видиш тука: http://enternew.blog.com.mk/node/180980).

што се однесува за аеродромот, стварно не знам како “за година дена нема да го препознаеме, а почнува реконструкција за 90 дена“

ма, нека го прават, нека не брзаат да добиеме квалитетен, а не набрзина направен аеродром.

ми се допаѓа вака, се надевам дека тав не е некоја зафрканција и сериозно ќе си ја заврши работата

Edited by maestro13 - 03-Oct-2008 at 19:35
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 06-Oct-2008 at 02:53
Еве еден стар пропаднат план за проширување и модернизација на скопскиот аеродром. Можеби некои елементи се задржани, како на пример сообраќајното решение. Ако е така, тогаш не се работи за нова клучка која ќе се гради (како што се пишуваше), туку постојната всушност ќе се модифицира и ќе се искомбинира со уште два надвозници. Ова се разбира е само претпоставка, но со оглед на тоа дека локацијата на новиот терминал ќе остане непроменета, искористување на постојната клучка е најлогично решение.



Edited by Cloverstack - 06-Oct-2008 at 02:55
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 07-Oct-2008 at 11:51
А нели пред едно година дена го реновираа Охридскиот аеродром за Нато самитот во Охрид??

Сега што поточно ќе се прави на тој аеродром?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 19-Oct-2008 at 18:59
Originally posted by maestro13

А нели пред едно година дена го реновираа Охридскиот аеродром за Нато самитот во Охрид??

Сега што поточно ќе се прави на тој аеродром?


Dunno

Еве две убави фотки од Петровец превземени од Фликр

1

2



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 23-Oct-2008 at 15:40

каква класична замена на доскорешните тези, скопскиот аеродром со толкав терминал ќе бил воен, а ни помалку ни повеќе штипскиот цивилен Sleepy па ај што тоа го верглаат штипјани па и порта останува рамнодушна на ваквите констатации, небаре така и ќе биде. повеќе од јасно е дека додека да си легнат работите на место ќе се одвлекува вниманието на јавноста од вистината за штипскиот аеродром, па дури и со ваква крајност на замена на веќе реалните факти, а да е уште посмешно се констатира дека покрај криволак во иднина скопскиот аеродром ќе станел воен. иаку по нато стандардите цивилни и воени инфраструктури не смее да се смешани, тоа важи дури и за спортски и за слаткарски муабети, нормално и за резиденцијални области, така да еве уште една магла која дефинитивно ја разбиструва логиката зошто баш во штип а не во струмица карго аеродром... навистина незнам дали овие изјави се тотален лапсуз или темпиран муабет,  за утре пополека самите новинари да би ја “откриле“ вистинската намена на штипскиот аеродром, како не би звучело шокантно кога владата јавно ќе им го понуди аеродромот на отан силите. сепак и МКД има добри PsyOp тимови...       

ЌЕ ПРЕРАСНЕ ЛИ КАРГОТО ВО ШТИП ВО НАЦИОНАЛЕН ПАТНИЧКИ АЕРОДРОМ?

Имајќи ја предвид аспирацијата на Македонија за членство во НАТО, важен дел од овој систем е логистиката која државата треба да и ја пружи на Алијансата. Покрај воениот полигон Криволак, во иднина сосема е извесно дека Скопскиот аеродром ќе прерасне во воен, додека цивилната функција постепено ќе ја преземе Штипскиот карго аеродром. Многумина ваквата претпоставка ја поврзуваат со воениот комплекс непосредно до скопскиот аеродром кој не сака многу мешање со цивилниот аеро сообраќај.

Локацијата кај Сушево каде ќе се гради карго аеродромот е идеална за оваа намена. Локалитетот Сушево е еден вид врата кон Овчеполието кое е претежно рамнинско, со идеална клима. Во текот на летото нема дождови, во текот на зимата нема магла. Тоа го прави сосема погоден за цивилен аеродром. Воздушната линија од 30 километри до Петровец и околу 75 километри од центарот на Скопје се дополнителен фактор.

Ако на сето ова се додаде и патниот правец Миладиновци-Свети Николе-Штип, североисточниот дел на Македонија ќе скрати 50-тина километри и дополнителни 30-тина минути за пристап до аеродромот. И на крајот, сите овие претпоставки се вкрстуваат во условите кои Владата му ги поставува на новиот концесионер, а тоа се реконструкција на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во пакет со изградба на карго аеродром во Сушево до крајот на оваа, со евентуална негова надградба во цивилен до крајот на 2009 година.Овој аспект од инвестицијата комплетно би завршил во 2012 година. Градоначалникот на Штип, Панде Сарев за локалните медиуми веќе изјави дека карго аеродромот ќе прерасне во патнички, а Скопскиот во воен аеродром. Тој вели дека станува збор за реализација на неколкудецениска идеја поврзана со патниот правец Миладиновци-Свети Николе-Штип. Откако ќе биде отворен и скратениот патен правец Радовиш-Струмица, целиот источен регион ќе излегува токму на аеродромот Сушево. Владата веќе објави дека карго аеродромот ќе има писта долга 2,4 километри со можност да се продолжи. Откако во првиот период Сушево би било опција за поддршка на Скопскиот аеродром за да се тестира функционалноста, пистата лесно може да се продолжи на три километри колку што е таа за патничкиот сообраќај на аеродромот “Александар Велики”.

Тоа практично значи дека до завршување на проектот во 2012 година, карго аеродромот би се адаптирал во цивилен аеродром. Негодувања се уште има, но јасно е дека Владата го турка проектот слично како оној со Универзитетот, без поголема загриженост од домашните и странските експерти. Најизразена е негативната оценка на холандските консултанти кои по посетата на Сушево напоменале дека теренот не е погоден за патнички аеродром, но сепак оставиле можност со инвестициските зафати да се направат соодветни подобрувања.

Ако странците не вложат во овој проект, постои интерес државата да се јави како вложувач во Штипскиот аеродром. Министерството за транспорт пресметало дека би било прескапо “Александар Велики” да се проширува, па сосема е полесно да се почне од почеток, во Штип. Доволен податок е бројката од околу 200 милиони евра за трите аеродроми од кои за Штип ќе бидат обезбедни околу 90 милиони евра.

Едно е сигурно: во Штип никој не е против, бидејки со секој нов проект градот си ја враќа титулата на центар на источна Македонија. Впрочем, имаше песимисти и за Универзитетот во Штип, за по само две години комплетно да го сменат својот негативен став.
Porta3 - П.Р. - број 92.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 23-Oct-2008 at 18:44

Во текстот има неколку моменти што многу бодат очи:

- 75 километри од Скопје безмалку се спомнува како адут на евентуалниот „главен“ аеродром во Сушево.

- Правецот Миладиновци-Св.Николе-Штип автоматски се зема како некакво идеално решение, што со оглед на оваа дискусија која ја водевме не е точно: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=18023#18023

- Зошто сега би се вложувале толкави средства во цивилниот дел на Скопскиот аеродром, ако наскоро тој сообраќај се планира да се премести на Сушево???

- Зошто толку лесно се занемарува многукратно подобрата местоположба и воопшто потенцијал на скопскиот аеродром да прерасне во регионален мини-хаб?

- Зошто на НАТО повеќе би му одговарал скопскиот аеродром, наместо сосема нов наменски планиран аеродром, каков што може да добие во Сушево или на друга локација?


Инаку преку глава веќе од штипскиот локал-патриотизам...




Edited by Cloverstack - 23-Oct-2008 at 18:45
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 25-Oct-2008 at 01:06
ТАВ ќе ја прекине агонијата на Охридскиот аеродром


Од 1 јануари 2009 година управувањето со аеродромот го презема концесионерот ТАВ, кој треба да вложи огромни средства во модернизација на Охридскиот и на Скопскиот аеродром.


Со новиот зимски ред на летање на Охридскиот аеродром, кој стартува од недела, седмично ќе слетуваат само четири авиони. Иако Владата се обиде преку намалување на аеродромските такси да привлече повеќе авиокомпании кои во својата агенда ќе го стават Охрид како нивна дестинација, оваа сезона на пистата на Свети Апостол Павле ќе слетуваат само авионите на домашниот авиопревозник МАТ и на швајцарската Хелветик ервејз. МАТ лета од Охрид во сабота и недела за Цирих и Виена, а во петоците на 12, 19 и 26 декември авионите ќе слетуваат во Охрид од Виена. Хелветик ервејз, пак, од и кон Цирих ќе лета во сабота. И покрај тоа што немаат прифаќање на воздухоплови секој ден, вработените мораат да го држат аеродромот отворен бидејќи е алтернатива за многу авиокомпании кога поради магла не можат да слетаат на Александар Велики во Скопје.

Агонијата на вториот македонски аеродром трае со години. Раздвижување има само во летниот период кога има повеќе чартер летови. Така беше и летово кога имаше пораст на сообраќајот и зголемување на приходите за 30 до 40 проценти благодарение на мерките што ги презеде Владата со тоа што авиокомпаниите кои го користат Свети Апостол Павле се ослободени од плаќање за лендинг, АТЦ-услуги и за осветление на аеродромот.

Директорот на Свети Апостол Павле, Борис Стефаноски е оптимист дека веќе од наредната година состојбата со охридскиот аеродром во поглед на неговата атрактивност и приходите, ќе се зголеми.
- Од први јануари 2009 година управувањето со аеродромот го презема концесионерот ТАВ. Тие, согласно концесискиот договор што го потпишаа со Владата, ќе вложат огромни средства во модернизација на Охридскиот и Скопскиот аеродром. Со вложување во нова опрема ќе се подигне безбедноста и функционалноста на аеродромот со што тој ќе стане поатрактивен за странските авиокомпании - вели Стефаноски.

Оптимизмот Стефаноски го гради и на ветувањата на првите луѓе на Турски ТАВ дека имаат намера скопскиот аеродром да го направат регионален центар, како што е аеродромот во Виена.
- Голем дел од летовите што сега гравитираат кон аеродромот во Истанбул кој исто така го стопанисува ТАВ, ќе бидат пренасочени кон Скопје. Од друга страна, Турција е голема држава и Македонија е доста привлечна за тамошните туристи кои верувам дека би сакале да ги посетат местата каде се школувал предводникот на младотурската револуција, Кемал Ататурк - вели Стефаноски.

ТАВ е должен согласно концесискиот договор што го потпиша во Владата на 25-ти минатиот месец, да инвестира 230 милиони евра за постојните два и во изградба на карго аеродромот во Штип. Проекцијата на ТАВ е дека до 2029 година ќе го подигне бројот на патници од сегашните 680.000 на 4,9 милиони годишно, од кои половина милион на Охридскиот аеродром, што е речиси пет пати повеќе од сегашната бројка.

http://vecer.com.mk/?ItemID=909F2D22A2768B4385B028DE2ED6E661

Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 228
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 25-Oct-2008 at 08:20
Па сега со овој инвеститор 100% сум сигурен дека нашти аеродроми ке бидат едни од поатрактивните во овој дел од Европа а мислам дека исто треба да направат и со железницата да се даде на некој под концесија.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 25-Oct-2008 at 09:57
znaci od 1 januari ce se gradi noviot aerodrom vo skopje  ama dali ce bide vo istoto mesto??
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 26-Oct-2008 at 15:10
aerodromot se rekonstruira i se prosiruva,so znaci niso nema da se uriva tuku na stariot aerodrom ke se raboti....
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 26-Oct-2008 at 15:22
cudno mi e ...... ama sepak ce bide dobro ce trae 1 godina ili 2 godini ... nekoj velat 2 a sefot od tav velit 1 godina ???? stO segA.........
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 26-Oct-2008 at 15:31

Originally posted by my Macedonia

cudno mi e ...... ama sepak ce bide dobro ce trae 1 godina ili 2 godini ... nekoj velat 2 a sefot od tav velit 1 godina ???? stO segA.........

ММ авиони и понатаму ќе летаат, само прашање е дали ќе видиме уште одма преусмерување на компании кон Александар Велики или тоа ќе се случи откако ќе добиеме нови  терминали и писти?!

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 29-Oct-2008 at 12:30
Еве уште една убава фотографија од постоечкиот терминал.... Од Фликр


Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 29-Oct-2008 at 14:46


мислиш автобуска станица бишкек, киргистан?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 29-Oct-2008 at 15:01


Не се заебавај со Бишкек, има две главни автобуски станици (источна и западна) и двете се поголеми од Аеродромот Скопје

1

2


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 30-Oct-2008 at 15:10

пред некој ден со еден од пилотите на мат разговарав за тоа каде во МКД најдобро би легнал аеродром, на што добив уверување дека најпристапно место во МКД е Пелагониската рамница, од аспект на воздушен пристап, а и како најатрактвна дестинација за луѓето од северниот дел на егејска Македонија... па еве најдов и нешто на нет за тоа иако тука се зема БТ како најдобро одредиште, додека пилотот со кој разговарав вели дека за таков аеродром најдобро место е некаде меѓу ПП и БТ...

Желбата на битолчани за aеродром прерасна во фраза за подбив
Политичарите премногу ветија, а не беа подготвени да го одврзат ќесето, а аеродромот е скапа работа

.                                                       
УСЛОВИ Стручњаците оцениле дека пелагониската рамница е исклучително место со идеални услови за изградба на аеродром

БИТОЛА - Битола нема аеродром. Оваа реченица повторувана безброј пати од новинари, политичари, општинари, па и пилоти, од сериозно размислување за развој на регионот прерасна во фраза за подбив. Mоже ли градот на конзулите навистина да има аеродром? Според елаборатот изготвен уште пред три децении од Сообраќајниот институт при Белградскиот универзитет за изградба на ваков објект, битолскиот аеродром требаше да биде лоциран во близина на селото Вашарејца, Битолско, или, пак, до Мало Коњари, Прилепско. Тој ќе служеше за цивилен сообраќај, а истовремено ќе се употребуваше и како алтернативен аеродром за дополнување гориво за оние авиони што патуваат кон Африка. Меѓутоа, како што отсекогаш биле поважни политичките од економските интереси, пелагониските политичари не се согласија и проектот за аеродром пропадна.
„Кога ќе се потсетам зошто немаме аеродром, ме фаќа бес. Навидум проблемот беше во тоа дали главниот терминал да биде во Прилеп или во Битола. Но, вистинската причина беше нешто друго. Политичарите премногу ветија, а не беа подготвени да го одврзат ќесето и да вложат. Аеродромот не е играчка. Тој чини многу пари и за тоа се потребни големи инвестиции“, раскажува битолскиот пилот Благоја Ристевски, еден од ретките кај нас кој има лиценца за обука на професионални пилоти.
Стручњаците, пак, оцениле дека пелагониската рамница е исклучително место со идеални услови за изградба на аеродром. Тука не постојат природни пречки. Рамницата е отворена, ружата на ветрови поволна, исто како и бројот на сончеви денови. За аеродромот Пелагонија беше предвидена асфалтна писта од 2.100 метри, која е стандардна за авиони од типот „ДЦ-9“ и „туполев 134“. Од друга страна, пак, аеродромот ќе беше целисходен и токму поради фактот што Битола и Битолско е најпечалбарскиот крај во Македонија. Дури една третина од иселениците се од овој регион. Така што нашите гастарбајтери наместо скопскиот или охридскиот, ќе го користеа битолскиот аеродром, а тоа наедно ќе подразбираше и најмалку 20.000 патници во сезона.
Политичарите уште повеќе ја подгреаја желбата наречена аеродром кај битолчани во 2002 година кога во селото Логоварди, каде што е лоциран спортскиот аеродром, изградија центар за обука на воздухопловни кадри и организирање пилотска школа во Битола. Но, повторно ништо од проектот. „Битола понуди најдобри услови школата за пилоти да биде стационирана тука. Ги имавме објектите. Управата за цивилна воздухопловна пловидба го зеде просторот под закуп, изврши реконструкции така што добивме хангари, контролна кула, спални, училници за обука на близу 40 пилоти. Владата на Георгиевски во заминување потроши 1.800.000 евра за оваа намена, купи три авиони од типот „злин“, но се пропадна за брзо време. Власта се смени, а актуелната ја прекина целата работа. Авионите отпатуваа за Скопје. Но, така е тоа кога во воздухопловството раководат политички кадри, а не луѓе од фелата“, вели Васко Михалчев, наставник по летање и управник на аероклубот „Мирко Тодоровски“.
Експертите велат дека аеродромот и школата за пилоти во овој град им се потребни на државата. Особено центарот за обука на пилоти, бидејќи во Македонија нема таква институција каде што младите кадри можат да се образуваат, а школувањето во странство чини премногу за еден просечен Македонец. „Иако школата за пилоти беше политички маркетинг на генералот Миле Манолев, идејата беше преубава. И покрај се, ќе вложевме во сопствената држава, бидејќи со школувањето на еден професионален пилот во странство се одлеваа 40.000 евра, а моментно десетмина Македонци учат за пилоти. Предвидено беше државата да ја финансира школата првите две-три години, а потоа самата да се снаоѓа. И така ќе беше добро“, вели пилотот Ристевски.
Несудениот центар за обука на пилоти располага со писта кај селото Логоварди долга 1.200 метри, со ширина од 100 метри и со затревена површина. Проектот предвидува асфалтирање на 600-метарска писта. Во хангарите сега има два авиона од типот „утва 75“ и „утва 66“ и четири едрилици. Битола и во моментов уште еднаш е пред неповторливата шанса да добие аеродром и, конечно, да профункционира школата за пилоти. Партијата на власт во градот ја искористи оваа идеја како маркетинг за локалните избори, а сега спроти парламентите го тврди истото тоа дека битолчаните треба да го добијат ветеното. „Аеродромот не беше наша цел, но сметаме дека не е тешко да се реализира школата за пилоти. Постои желба и реални услови, бидејќи во Логоварди имаме се што ни е потребно. Единствено што ни недостасува е Владата да ни ги врати трите авиони од типот ’злин’ што ги зеде на користење“, вели Зоран Коњановски, претседател на Советот на Општина Битола.
И покрај сите ветувања и фрустрации на битолчани, очигледно е дека железото се кова додека е жешко. Времето го направи своето, па битолчани можат само да сонуваат за аеродром.

Утрински - 2006.06.12

   

http://galerija.avijacija.com.mk/picture.php?/215/categories



Edited by beTon - 30-Oct-2008 at 15:15
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 30-Oct-2008 at 16:16
Originally posted by pbanks

Слична дискусии имаме водено на форумов и за автопати и за аеродроми. Неможе да се исшара цела земја со автопати и да се насадат 10 аеродрома, мора да има економска логика за тоа.
Планирањето навистина не ни е јака страна дури и за очигледни работи.

па види економската логика е конкуренција и ништо повеќе, се случува во свет да има навистина луди примери некаде десет аеродроми во една област некаде ниеден... ако една писта стандард минумум да треба да 2км а и радарската опрема веќе не е толку изгор скапа, сега плус се оди на gps контрола негледам нешто скапо да му изгледа на некој инвеститор да си го ангажира капиталот, па уште доколку истиот е и предвиден во просторниот план, скоро сите врати му се отворени уште му останува да добие градежна дозвола

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 30-Oct-2008 at 16:24
Конкуренција за што? Неможе да се мериш со области каде има огромна густина на население и тоа многу мобилно население со рурални македонски области, прилично ретко населени и со многу статичен карактер.

Спрема мене и покрај аргументите за техничките параметри кои се веројатно на место аеродром во Битола нема ама баш никаква логика. Охридскиот е тука за опслужување на тој регион.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 30-Oct-2008 at 16:52
пак ќе кажам логика ќе си најдат инвеститорите зар мислиш неко ќе им забрани доколку веќе е влезено нешто такво во просторниот план, иако како држава ние одлучуваме дали некој ќе добие дозвола или не, но не верувам дека доколку се јави инвеститор дека некој ќе му реше извини бркај работа ние си имаме аеродроми, неоди баш така усогласувањето со европските закони. пр. за БТ не треба да се земе како параметар само населението тука е refuel моментот а и потенцијалот на северниот дел од егејска Македонија, па што мислиш доколку има аеродром во Пелагонија поблиску ќе им биде Охридскиот, цел Лериниски и Костурски округ би се опслужувал од ваков аеродром...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 115>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.