build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 113>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 30-Oct-2008 at 16:59
Oд охридскиот аеродром надвор од сезона летаат само две компании,а некој тука размислува за уште еден аеродром на помалку од 100км!

Тоа не само што е смешно,а и не е достојно за коментирање.

Ја пак се мислам за што битолските гастербајтери се враќаат еднаш во 5 год,а тоа поради аеродромот било Big%20smile
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 30-Oct-2008 at 17:08
Originally posted by beTon

пак ќе кажам логика ќе си најдат инвеститорите зар мислиш неко ќе им забрани доколку веќе е влезено нешто такво во просторниот план, иако како држава ние одлучуваме дали некој ќе добие дозвола или не, но не верувам дека доколку се јави инвеститор дека некој ќе му реше извини бркај работа ние си имаме аеродроми, неоди баш така усогласувањето со европските закони. пр. за БТ не треба да се земе како параметар само населението тука е refuel моментот а и потенцијалот на северниот дел од егејска Македонија, па што мислиш доколку има аеродром во Пелагонија поблиску ќе им биде Охридскиот, цел Лериниски и Костурски округ би се опслужувал од ваков аеродром...


1. Инвеститорите се прилично јасни кога се работи за реализација на нашите проекти кои се без никаква поткрепа. Да имало интерес таму веќе ќе имаше аеродром.
2. За refuel има сосема доволно аеродроми во регионот. Скопје, Охрид, Тирана, Солун. Што ќе им е аеродром во Битола за refuel?
3. Егејска Македонија е во Грција. Грција иако до скоро беше 0 за транспортна инфраструктура во последната деценија многу паметно се развива. Солунскиот аеродром во комбинација со автопатот Егнација и те како ја сервисираат Западна Егејска Македонија која би била ете таргет на хипотетичкиот битолски аеродром. Која е популацијата на Западна Егејска Македонија? Не збориме ни за 500.000 жители кои би биле потенцијални корисници на тој аеродром.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 30-Oct-2008 at 17:15
времето ќе каже дали таму ќе никне и каков аеродром ќе никне, нормално дека refuel ќе биде и побрзо и полесно решение БТ аеродром бидејќи има чист пристап тој простор а нема да биде преблокирано од теоретски идниот хаос на скопскиот, што е до Лерин и Костур исто би го користеле овој заради растеретеноста.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 30-Oct-2008 at 17:22
Бетон, не зборуваме за heathrow, па аргументи да ни се оптовареност и гужва, дури ни во некоја подалечна иднина. Треба да бидеме реални колку патници можат да привлечат и скопскиот и охридскиот и солунскиот аеродром и дека тие можат да се справат со тие патници значително поевтино (со инвестиции во проширување на капацитетот) отколку да фантазираме за целосно нова инвестиција во некаков битолски меѓународен патнички аеродром.
Се слагам - инвеститорите ќе го кажат своето.


Edited by Cloverstack - 30-Oct-2008 at 17:22
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 30-Oct-2008 at 17:22
Originally posted by beTon

времето ќе каже дали таму ќе никне и каков аеродром ќе никне, нормално дека refuel ќе биде и побрзо и полесно решение БТ аеродром бидејќи има чист пристап тој простор а нема да биде преблокирано од теоретски идниот хаос на скопскиот, што е до Лерин и Костур исто би го користеле овој заради растеретеноста.


Патниците не бираат аеродром заради опетеретеност/растеретеност туку заради квалитетот на услуга, бројот на дестинации и цена на билетите. Од Солун може да се лета било каде во Европа и за 20ЕУР (EasyJet веќе некое време оперира таму како за почеток). Зошто било кој би одел во Битола за истото да го чини 200-300-400ЕУР? Битола на глава да дуби не може да даде понуда како Солун. Тоа го може Скопје до некоја мерка и се надевам дека на тоа ќе се работи.



Edited by pbanks - 30-Oct-2008 at 17:23
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 30-Oct-2008 at 17:29
па види карго услуга сигурно ќе биде поевтина во БТ, refuel-от далеку побезбеден и побрз од СК, а за ефтините цени ќе се погрижат и тука такси авионите да ја намал цената, тука се и бизнис секторот и теоретски големиот број иселеници од пелагонискиот дел, се смета дека од WWI до сега од таму имаат заминато над 200илјади луѓе, па ако истите и се множеле таму, а тоа е сигурно, дефинитивно 10% на секои две год. од таа бројка да свраќаат и ете го и патничкиот капацитет...

Edited by beTon - 30-Oct-2008 at 17:30
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 30-Oct-2008 at 17:36
Originally posted by beTon

па види карго услуга сигурно ќе биде поевтина во БТ, refuel-от далеку побезбеден и побрз од СК, а за ефтините цени ќе се погрижат и тука такси авионите да ја намал цената, тука се и бизнис секторот и теоретски големиот број иселеници од пелагонискиот дел, се смета дека од WWI до сега од таму имаат заминато над 200илјади луѓе, па ако истите и се множеле таму, а тоа е сигурно, дефинитивно 10% на секои две год. од таа бројка да свраќаат и ете го и патничкиот капацитет...


За каква карго услуга зборуваме? Скопскиот регион опслужува еден индустриски густ регион па карго параметрите му се смешни иако се во пораст. Големите магацини, логистички центри се најчесто лоцирани околу големите градови. Нека биде и без пари каргото во Битола пак е поскапо од било каде кога треба робата да се домкне после до воз или камион до крајната дестинација бидејќи слетала in the middle of nowhere.

Зошто refuel би бил далеку побезбеден и побрз од Скопје? Можеби Пелагонија има совршени карактеристики за слетување и полетување што не значи дека во Скопје слетуваат само акробати пилоти. Па тука си функционира аеродром со децении и имало само една несреќа ради 10та причина. Авионските такси како и ефтиниот карго се муабет во празно. Еве ги поефтинивме таксите на Петровец и Охрид и се најефтини во аеродромот па ништо од бумот. Без патници џабе... А за иселениците... Повторно се враќаме на цените, иселениците се луѓе кои најчесто отишле со ништо а направиле нешто во животот и знаат да си го ценат заработеното. Сигурно пре ќе летаат со EasyJet и ќе се провозат отколку да плаќаат со суво злато за да летаат директно во Битола.


Edited by pbanks - 30-Oct-2008 at 17:37
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 30-Oct-2008 at 17:46
колку само роднини се премислиле за доаѓање од канада или америка бидејќи нема директен лет бар до ОХ, а ко има за БТ мислам дека ќе доаѓаат на викенд во МКД. за такси мислев на AirTaxi сервисите и компаниите, додека за каргото пази СР имала есап пелагонија ќе нема, само ЗИК потенцијално утре може да го рани овој аеродром, инаку за СК невелам дека е лоша локација за refuel туку попрво заради “евентуалниот утрешен бум“  многу побрзо и полесно ќе се најде место во БТ него во СК, ем пристапот целосно ќе биде слободен од сите страни додека за во СК по секако ќе мора да кружи горе додека да се ослободи коридор, за во магла и муабет да не правиме, во Пелагонија бар знаеш дека и да залуташ нема да завршиш во планина...

Edited by beTon - 30-Oct-2008 at 17:46
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 30-Oct-2008 at 17:50
Originally posted by beTon

колку само роднини се премислиле за доаѓање од канада или америка бидејќи нема директен лет бар до ОХ, а ко има за БТ мислам дека ќе доаѓаат на викенд во МКД. за такси мислев на AirTaxi сервисите и компаниите, додека за каргото пази СР имала есап пелагонија ќе нема, само ЗИК потенцијално утре може да го рани овој аеродром, инаку за СК невелам дека е лоша локација за refuel туку попрво заради “евентуалниот утрешен бум“  многу побрзо и полесно ќе се најде место во БТ него во СК, ем пристапот целосно ќе биде слободен од сите страни додека за во СК по секако ќе мора да кружи горе додека да се ослободи коридор, за во магла и муабет да не правиме, во Пелагонија бар знаеш дека и да залуташ нема да завршиш во планина...


носечкиот момент мора да доаѓа од внатре. Доселеници, refuel.... тоа може да бидат само гарнири. Битола е микрорегион а во макрорегионот веќе има аеродром (Охридски). А тој макрорегион нема потенцијал да држи два аеродрома.

Јас дури сметам дека на пример Скопскиот и Приштинскиот во преголема мера се преклопуваат и дека доколку владееше нормален амбиент во нашиов регион ќе имаше логика еден аеродром да ја опслужува северна Македонија и Косово па каму ли да редиме аеродроми во секое населено место од 100.000 жители.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 30-Oct-2008 at 17:57
Бетон абе зошто цело време трупање вакви апла кафански муабети??? Кои се тие роднини што се предомислиле за доаѓање затоа што немале директен лет? Каде побогу има директни летови до секаде? Зарем очекуваш директни летови на иселеничка релација Питсбург-Битола на пример? За такви релации мора да се поминува низ хабови и да се менуваат авиони. Тоа не го измисливме ние на форумов туку едноставно така стојат работите и не можеме да ги смениме со форсирање на меѓународен аеродром во Битола. И колкав е потенцијалот на точењето гориво за накај Африка? И зошто безпотребно навлегуваш во работи како контрола на летање и навигација, а очигледно немаш ни основни познавања на тие теми? На кого му се од корист овие муабети??? Само се вртиме во круг и го трупаме форумов со прилично безвредна дискусија.
Dunno


Edited by Cloverstack - 30-Oct-2008 at 17:58
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 30-Oct-2008 at 17:57

види пак ќе се вратам на приватните инвеститори, мое мислење е дека тие би нашле оправдани причини а и средства со оглед дека то нема да биде нешто како космодром, туку едноставно - писта + стаклен терминал, не е нешто сложено или неизводливо ниту скапа инвестиција. незнам кој се ги предвидел овие аеродроми во просторниот план најверојатно тие што го работеле имале мозок...

...карта просторен план МКД ’02-’20

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 30-Oct-2008 at 17:58

за Торонто-Охрид(Битола) реално има потреба, а и едно време се размислуваше...

Договорена директна авио линија Торонто - Охрид

Во Торонто министерот Ташковиќ се сретна со претставници на авиокомпанијата „Скајсервис Ерлајнс“. Договорено е во септември тие да ја посетат Македонија, а од 2008 година да биде пуштена директна авиолинија Торонто - Охрид.

Нова Македонија - 05.06.2007

За прв пат чартер летови од Торонто до Охрид

Од годинава за прв пат се воведени чартер летови на линијата Торонто-Охрид. Првиот од вкупно петте лета што се предвидени за сезонава, слета на охридскиот аеродром на 29 јуни. Организаторите велат дека покрај иселениците, од следната година со чартерите ќе слетуваат канадски туристи, за кои Македонија била интересна како неоткриена и атрактивна дестинација


Минатата среда на Охридскиот аеродром слета првата тура на наши исселеници од Канада. Тоа е првиот од вкупно петте чартер лета кои на релација Торонто-Охрид- Торонто во текот на летото ги организираат канадски туроператори, “Макс турс” и “Торонто травел”.

“Ја насетив потребата од воведување на директен лет, бидејќи само во Торонто и околината живеат околу 150 илјади исселеници од Македонија. Од нив дури 85% потекнуваат од охридско-струшкиот, битолскиот, ресенскиот и дебарскиот регион”, ни изјави Дени Ристоски, сопственикот на “Торонто травел “, охриѓанец кој долго време живее во Торонто, кој со првите патници пристигна во Македонија и деновиве се одмора на охридското крајбрежје. Пред да влезе во сопствен бизнис, тој 15 години работел за ЈАТ во Канада.

Ова е прв организиран директен лет помеѓу Канада и Македонија.

Со првиот лет пристигнаа 85 патници, со што капацитетот на авионот беше целосно исполнет. За шести јули, кога доаѓа втората тура, ќе пристигнат 120 патници.

Ристоски вели дека кај нашинците во Канада постои заинтересираност за користење на овие чартер летови, а следната година по успешно завршената сезона очекува многу поголема заинтересираност.

“Чартер летовите се многу позгодна варијанта од редовните авио линии, зашто се одбегнува бркањето на поврзани летови, чекањето по аеродромите, губење на времето... “, вели Ристоски.

Цената е дополнителна предност, бидејќи редовно билетите на чартер летовите се 30% до 40% поефтини од билетите со редовните линии. Цената на чартер летот од Торонто до Охрид е 1.299 канадски долари и 899 долари од Охрид до Торонто.


Превозот го извршува авиопревозникот од Канада “Skyservice airlines”.

Следното слетување во нашиот главен туристички центар ќе биде на шести јули, а потоа и на 27 јули, десети август, а последниот лет ќе биде на 31 август. Истиот ден кога авионот ќе слетува во Охрид, ќе биде и полетувањето кон Торонто.

На доаѓање за Македонија, авиопревозникот слетува и во Сплит, од каде зема транзит патници кои летаат за Торонто.

Следното лето со туристи Канаѓани
Амбициите на “Макс турс” и “Торонто травел” се следното лето да се донесат не само наши исселеници кои доаѓаат во посета на татковината, туку и Канаѓани кои би доаѓале како туристи.

Ристоски смета дека Македонија и регионот како сосема нова и неоткриена дестинација би била привлечна за Канаѓаните. Планираат да започнат со издавање на рекламен материјал и брошури со нагласок на Охридско-преспанскиот регион, но исто така и на алтернативниот туризам, преку организирани посети на традиционалните македонски села, манастирите и македонските планини. Нивниот престој во Македонија би се сведувал на пет до шест дена како дел од подолг туристички престој во овој дел од Европа.

Капитал - Маја Михајловска - број 297



Edited by beTon - 30-Oct-2008 at 18:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 30-Oct-2008 at 17:59
Добро ајде, во очекување сме на инвеститор... Roll%20eyes


Edited by Cloverstack - 30-Oct-2008 at 17:59
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 30-Oct-2008 at 17:59
Originally posted by beTon

види пак ќе се вратам на приватните инвеститори, мое мислење е дека тие би нашле оправдани причини а и средства со оглед дека то нема да биде нешто како космодром, туку едноставно - писта + стаклен терминал, не е нешто сложено или неизводливо ниту скапа инвестиција. незнам кој се ги предвидел овие аеродроми во просторниот план најверојатно тие што го работеле имале мозок...

...карта просторен план МКД ’02-’20



Хехе може ги правел чика глиша со лењир и карта од '63 и утнал Poke Smile




Edited by pbanks - 30-Oct-2008 at 18:00
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 30-Oct-2008 at 18:07
Бетон оваа картава е или погрешна или ти си грешка нешто. Таков исти аеродорм има у у куманово предвидено. Ваљда не е тамо аеродром за суџук да извезуваат. Аеродром захтева расходи и кога не работи, не е тоа аввтобуска станица.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 30-Oct-2008 at 18:12
абе сигурно се работи таму и за школски писти, и за карго или можеби приватни писти, незнам прашај го чика глиша и тој што му го одобрил просторниот план!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 18-Nov-2008 at 04:21
Консултант ќе го контролира ТАВ
Министерството за транспорт и врски преку оглас бара консултант кој за период од три години ќе ја контролира работата на турската компанија ТАВ, која ќе ги реконструира аеродромите. Огласот е објавен во домашните печатени медиуми, а неделава и во Фајненшл тајмс.
- Компаниите што сакаат да учествуваат во изборот за консултант треба да имаат најмалку три договори за развој и трансформација во транспортниот сектор со вредност не помала од 500.000 евра. Од кои и најмалку еден успешно реализиран договор за развој и трансформација на аеродроми со најмалку милион патници во последните пет години, како и да обезбеди искусни и компетентни членови на консултантскиот тим - велат од Министерството за транспорт.

http://vecer.com.mk/?ItemID=410E3C2C5E51514E8EC08844A58C5FD5

Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 14-Dec-2008 at 21:27
Економија
Нерасчистени имотно правни односи го компликуваат примопредавањето на аеродромите на турски Тав

< ="text/">

Овие 450 хектари земја во штипско што државата им ги даде на земјоделци под концесија на 5 години за една недела се очекува да ги преземе турски ТАВ кој ќе го гради карго аеродромот – земјоделците не ја даваат земјата, се повикуваат на договорите што ги склучиле со Владата.

 

Ова позади мене е локацијата каде што ќе се гради карго аеродромот во Свети Николе. Дел од земјоделците кои веќе имаат инвестирано тука во овие ниви бараат замена за земјиштето и надокната за инвестицијата која ја вложиле.

 

Овде инвестиравме, ова е нашата егзистенција, реагираат 80 засегнати семејства.

 

- Не може да се остави овој народ на цедило. Мора да му се најде алтернатива. Решение има. Точно е дека државата располага со земјоделското земјиште, но го дава на користење и мора да се најде замена - вели Никола Шалев, претседател на фондација за развој на Овче Поле.

 

Засега никој не контактирал со земјоделците да им каже дали ќе добијат друга земја за замена или државата парично ќе ги обесштети. Неофицијално турските газди имале проблеми и со имотно правните односи за пистата на аеродромот во Скопје. Дали се комплицира примопредавањето на аеродромите на турската компанија вице премиерот Ставревски смирува и вели дека можеби роковите ќе бидат малку пробиени но договорот ќе се испочитува:

 

-Нема причини да се одолговлекува. Ако се доцни месец или два, во целина тоа не значи дека има значајна промена. Овде станува збор за модернизација која трае со години и која ќе донесе нов изглед на македонските аеродроми.

 

Од Министерството за транспорт велат дека моментално се врши експропријација на земјиштето и откако постапката ќе заврши аеродромите ќе им бидат дадени под закуп.

 

Според договорот што ТАВ го потпиша со Министерството за транспорт двата аеродроми треба да бидат дадени под концесија за десетина дена. Доколку се почитуваат роковите за преземање на аеродромите модернизацијата на скопскиот треба да заврши за 20 месеци, охридскиот за 12 а карго аеродромот да се изгради за три години.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=42754&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
(14.12.2008)
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 19-Dec-2008 at 15:16
Утре летам за Скопје, така да очекувајте ноќни фотки од аеродромот и може би од градот ако нема магла....
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 19-Dec-2008 at 15:20
Thumbs%20Up
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 113>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.