build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Аеродроми
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 119120121122>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2401 Posted: 27-Apr-2020 at 12:39
НЕ РЕЗЕРВИРАЈТЕ АВИОНСКИ КАРТИ, НЕ ЗНАЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ ОТВОРАТ АЕРОДРОМИТЕ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Уште е на сила владината одлука за затворање на аеродромите, па не резервирајте авионски карти, ги потсетува граѓаните Министерството за транспорт и врски.

„Би сакале да објасниме во однос на информациите што се објавуваат во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авиопревозниците што оперираат од ‘Меѓународниот аеродром Скопје’ и аеродромот ‘Св. Апостол Павле во Охрид’, дека на сила сè уште важи Одлуката за затворање на двата аеродрома”, соопшти Министерството.

Тоа значи дека сè додека не се донесе друга Одлука, аеродромите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај ќе е запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитарни и карго летови без патници, потенцира Министерството за транспорт.

„Со оглед на настанатата состојба со вирусот КОВИД-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници. Се до донесување на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци“, се вели во соопштението.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/ne-rezervirajte-avionski-karti-ne-znaeme-koga-ke-se-otvorat-aerodromite-veli-ministerstvo-za-transport-i-vrski/
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #2402 Posted: 06-May-2020 at 09:57
https://www.youtube.com/watch?time_continue=82&v=LAF1w184Fqc&feature=emb_title

Del od novite merki koj sto najverovatno treba sekoj aerodrom da gi vospostavi za bezbednosta na patnicite, a i po se izgleda letanjeto ke nalikuva vaka , a mozebi seto ova da trae i do otkrivanje na vakcina , a mozno e i ova da stane veke normalna praksa za vo idnina. A tuka isto taka spagja i merenje na temperatura , pravenje na testovi , nosenje zastitna maska , koristenje na dezinfekciski sprej za race , drzenje na rastojanie pomegju patnicite niz celiot aerodrom...

Edited by WolfLeader - 06-May-2020 at 10:00
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #2403 Posted: 19-May-2020 at 13:48
Qatar Dreamliner pristiga vo SKP https://i.gyazo.com/500bbc22ac3b88d29d685c8a6757c7f8.jpg
Nosi Covid donacii
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #2404 Posted: 21-May-2020 at 19:26
Mislam deka prv pat na skopskiot aerodrom sletuva avion so vakva golemina taka ?
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #2405 Posted: 21-May-2020 at 19:46
Koga beshe Super Cup vo skopje sleta a340-600 so Spanski navivachi ako dobro se sekjavam. A cargo ima i 747-200 sletano.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2406 Posted: 21-May-2020 at 20:25
Originally posted by laziale

Qatar Dreamliner pristiga vo SKP https://i.gyazo.com/500bbc22ac3b88d29d685c8a6757c7f8.jpg
Nosi Covid donacii




од твитер





За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4758
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2407 Posted: 22-May-2020 at 10:59
Ех колку се трудат за позитивен PR, и пак никој нормален не ги почитува низ светот. Мала држава која мисли дека може да го купи цел свет со пари. Почнувајќи од самиот QR па низ целата држава, како ги третираат работниците и странците е срам невиден. Ќе им дојде и нив денот, ќе секнат парите.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 502
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2408 Posted: 22-May-2020 at 11:42
Паметно кажано, или со други зборови "среден век само со технологија". Интересен е моментот дека истурањето огромни пари го гледаат како opportunity да увалат барем малку идеологија во земјите кадешто сакаат да се присутни. Во помала форма се приметува тоа и кај Обединети Арапски Емирати, каде све е супер модерно додека не се залапаш со девојка ти на плажа, тоа нема да ти го простат. А не се свесни колку развој, капитал, луѓе и технологија одвратиле со таквово понаташање и желба да се биде авторитарен и да се навлага во туѓите привати животи. Тоа па со работничките права за странски работници е една сосема друга приказна која се темели на некоја чудновата идеологија која е sugarcoated под плаштот на "различна култура". Затоа recruiteri ширум свет мака мачат да најдат висококвалификуван кадар во било која област, особено IT, од западен свет да дојде макар и на неколку месеци и никој нејќе.

Што порано секне, тоа подобро!
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #2409 Posted: 22-May-2020 at 19:18
Ama kako bese narodskata , para busi gde burgija nece taka ? ) E pa nivnoto bogatstvo otvara vrata sekade , deka nekogas ke sekne toa bogatstvo iskreno cisto sumljam , toa so nivnata drzava stranskite rabotnici gi tretiraat kako takvi e primer da pokazat deka imaat mok i deka si otiden kaj niv da rabotis i deka ti si pameten a oni ne se ama so parite izleguvaat deka se popametni od tebe , oni i samite se svesni deka nemaat nitu eden doktor , inziner , sportist , muzicar ili neznam so , i deka ako ne dojde stranec i ne go platat so ogromni sumi svetot nema da cue nikogas za niv.. A usvari naj bedno e toa so ne ti davaat da se lapas so devojkata na ulica a oni imaat po 10 zeni i se redovno po orgii otideni so stranskite prostitutki ))) Ali ajde jbg pomos e pomos dobredojdena od sekogo , toa nemozeme da go odreceme.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 502
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2410 Posted: 22-May-2020 at 19:41
Тоа што западот (Америка пред се) се обидува да го направи на пример со гас од шкрилци или па со истиснувањето на кинеските 5Г производители од европскиот пазар е у суштина многу благородна работа, само овие народчиња по балканов, па и на други места, со пазарски менталитет не го разбираат тоа, а се плашам и дека некои големи домашни политички елити не го разбираат. Не е све во тоа дали некој може да ти продаде поефтина нафта, гас, технологија или штои да е. Прашањето е што доаѓа како непријатен товар под маса со тоа да возиш на поефтина нафта, да користиш поефтина технологија. Подобро западно по секоја цена, макар и малку поскапо, отколку да финансираме тероризам на мала врата без да сме свесни за тоа, да одлеваме капитал у злобни фондови и идеологии кои потоа ни се враќаат како бумеранг у некои извитоперени форми па намесно коридори 8 и 10 или европски автопати ние ќе се радуваме на тоа дали "зелената трансферзала" ќе го ставела или не Скопје на мапата! Мора јасна определна со кого си, тие титоистички позиции што тука се продаваат како политичка умешност, седење на две три столици одеднаш, во денешен контекст не даваат плод.

И мора да кажам, жал ми е што ЕУ каска позади, дозволува да и се разшетиуваат низ дворот вакви терористи злобници у одела. Нема систем кој може да створи повеќе еуроентузијасти, наместо скептици. Па уште и ние малкуте ентузијасти, не остава на само да се бориме против простаклук кои мисли дека први им текнало да свртат глава према исток! Кој погледнал натаму се изгорел, зашто тамо нема ревносни партнери, а и само се направило штета на односите према запад!

Тоа е, едноставно не верувам во искреноста на Катар да и помага на оваа држава, можда има искрена желба да помага во одредени делови од државата, ама за да не биде до толку политички некоректен донира за цела држава па другите да имаат на некој начин колатерална корист.


Ќеиф ми е вака да бидам малку политички некоректен и директен, ама барем точен и прав!

Edited by user8642 - 22-May-2020 at 19:53
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2411 Posted: 06-Jun-2020 at 10:15
Аеродромите во земјава не се очекува да бидат отворени пред 15 јуни

Директорот за Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев смета дека не треба да се очекува аеродромите во земјава да бидат отворени пред 15 јуни. Моментално во земјава, бројот на летови во споредба со претходната година е само 7 до 10 отсто и во нив се опфатени воените летови, специјалните медицински, државните, хуманитарните летови и летовите за репатриација на државјаните кои останале надвор од територијата на земјава за време на избувнувањето на пандемијата и се затворањето на границите во сите европски држави, известува „Порталб.мк“.

– Одлуката за отворање на аеродромите е врз основа на податоците од Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб, ние како регулаторно тело немаме влијание врз истата, ние можеме само да им ги дадеме податоците од другите земји во Европа, за аеродромите на другите држави, за одредбите и прописите за летање што ги објави Европската Унија – и ние тоа го правиме секој ден, но одлуката ќе биде донесена врз основа на здравствената состојба во земјата. Одлуката за отворање на аеродромите ќе зависи од другите мерки, пред сè од укинувањето на карантинот и отворањето на меѓународните граници за движење на граѓаните, бидејќи знаете дека во аеродромите границите се меѓународни и важат истите правила како и за другите граници. Моја проценка е дека пред 15 јуни аеродромите сигурно нема да бидат отворени, а во врска со тоа, каква ќе биде ситуацијата овие денови со бројот на заразени и оддржливоста на здравствениот систем, мислам дека во вториот дел од јуни би можело да се донесе одлука, но сето ова е претпоставка – вели Тунтев за „Порталб.мк“.

Тој вели дека аеродромскиот оператор, ТАВ е подготвен да почне со работа, според препораките за заштита од КОВИД-19.

– Начелно сме во комуникација со операторот ТАВ. Тие се подготвени. Конечните подготовки во врска со означувањата, правилата, критериумите, одредбите, сè е во подготовка. Така да сето ова, според мене, зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата кај нас, во кое ниво ќе ни биде здравствениот систем и дали ќе се засилат мерките за задолжителен карантин во текот на влегувањето на странците во нашата земја – вели Тунтев.

Во врска со тоа дали може да се отворат авиолинии за летање во еден правец од Северна Македонија кон одредена дестинација, тој вели дека тоа не е логично, бидејќи не би било профитабилно за авиокомпанијата.

– За летања во еден правец нема можност бидејќи не е профитабилно. Кој ќе лета само во еден правец? Превозникот би требало да се согласи да лета сам во еден правец со патници, а да се врати празен – тоа не е логично. Освен тоа, излегувањето на граѓаните е дозволено во нашата граница, а знак прашалник е дали е дозволено влегување на државјаните на Македонија во другите земји. Пo сè изгледа, Бугарија ќе дозволи или Србија која ги отворила границите, но другите земји имаат услови – вели директорот за Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Од владата изјавија дека е рано да се дискутира за отворање на границите.

– Мислам дека сега е прерано да се отворат границите бидејќи е дополнителен ризик за околните земји, ако луѓе патуваат од региони во кои има многу пациенти во нашата земја и секако кога се враќаат. Со патувањата се зголемува ризикот на случаи што на еден начин, ќе го донесат вирусот од соседството – изјави Филипче на 1 јуни.

Двата аеродрома се затворени од кон средината на март, со цел спречување на ширењето на корона вирусот. Со ова е предизвикана сериозна штета врз воздушниот сообраќај на земјата. До крајот на мај, во воздушниот сообраќај се изгубени околу половина милион патници.

Штетата врз воздушниот сообраќај може и понатаму да се зголемува доколку понатамошното ширење на корона вирусот во земјата не се стави под контрола. Досега, владата нема утврдено датум за отворање на аеродромите во Скопје и Охрид, но и доколку преземе ваков чекор, решавачка улога ќе имаат одлуките на странските влади, доколку тие им дозволат на македонските државјани да влезат на нивната територија.

Веб-страниците на двата аеродроми во Скопје и Охрид не ги имаат објавено распоредите за летните летови, а странските авиокомпании постојано го пролонгираат почетокот на редовните летови кон нашите аеродроми. Неколку авиокомпании продаваат билети за летање за Скопје и Охрид за периодот после 15 јуни, но повеќето од оние кои имаат редовни летови кон нашата земја ги одложиле резервациите за билети за кон крајот на јуни или почетокот на јули.

Воздушниот сообраќај е затворен и во европските земји, со мал број исклучоци.

– Моментално на европското небо, бројот на летови во однос на лани е само 10 отсто. Од кај нас нема, но на пример од Бугарија се лета за Обединетото Кралство, Wizzair започна да работи од Сараево и Тузла од вчера. Turkish Airlines ќе почне од 18 јуни да лета на 6 европски дестинации. Значи, во втората половина од јуни ќе започнат летовите – рече Тунтев.

https://meta.mk/aerodromite-vo-zemjava-ne-se-ochekuva-da-bidat-otvoreni-pred-15-juni/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2412 Posted: 23-Jun-2020 at 15:45
ГРАНИЦИТЕ И АЕРОДРОМИТЕ СЕ ОТВОРААТ В ПЕТОК 26 ЈУНИ БЕЗ НИКАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА

Од петок повторно се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид, а влезот во земјава ќе биде без никакви органичувања. Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека овие одлуки се донесени на денешната владина сседница по препорака на Комисијата за заразни болести.

„Од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови, и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин. Владата денеска донесе Одлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни“, напиша Спасовски.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/makedonija/granitsite-i-aerodromite-se-otvoraat-v-petok-26-juni-bez-nikakvi-ogranichuvana/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2413 Posted: 24-Jun-2020 at 15:21
НА АЕРОДРОМИТЕ ДА СЕ ДОЈДЕ 3 ЧАСА ПОРАНО И СО МАСКА, ОД ТАВ АПЕЛИРААТ ЕЛЕКТРОНСКИ ДА СЕ ЧЕКИРААТ ЛЕТОВИТЕ

Најмалку 3 часа пред летот патниците треба да стигнат на аеродромите во Скопје и Охрид, задолжително да носат маска и да држат растојание. Од компанијата ТАВ Македонија, откако вчера Владата донесе одлука од 1 јули да се отворат аеродромите, информираа за протоколите кои треба да ги почитуваат оние кои ќе патуваат и според кои ќе работат вработените.

„Покрај пристигнување три часа порано и носење маска, патниците треба да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание. На сите патници на влезовите во терминалните згради на двата аеродрома ќе им се мери телесната температура, преку термалните камери кои се поставени во аеродромите. По скенирањето со термалната камера, доколку немаат покачена телесна температура, патниците ќе можат да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација“, вели Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Во аеродромската зграда ќе можат да влезат само лицата кои патуваат, а не и нивните семејства и пријатели кои ги испраќаат или ги чекаат да пристигнат. Не е дозволено седење еден до друг на седиштата во чекалните на аеродромот, туку патниците ќе треба да седат на соодветното физичко растојание, а за таа цел седиштата се посебно обележани.

Како што велат од ТАВ Македонија, информативни знаци во вид на банери, налепници и билборди се поставени насекаде низ аеродромите, со цел да ги потсетуваат патниците да држат физичко растојание, да одржуваат висок степен на лична хигиена и да избегнуваат допирање на површините.

„Уште од првиот случај на КОВИД-19 во земјата, почнавме зачестено да чистиме и дезинфицираме, поинтензивно од вообичаеното. Особено на местата на аеродромот каде што патниците најмногу се задржуваат, коишто се најмногу подложни на допирање. На пример шалтерите за регистрација, рачките од вратите и ескалаторите, екраните, држачите, копчињата за лифтови, пунктовите за саморегистрација и завиткување багаж, количките за багаж и сите други предмети идентификувани како најчесто допирани површини, се дезинфицираат 4 пати дневно. Пред реотворањето на аеродромот, сето ова го срочивме во наши нови интерни правила, коишто точно го пропишуваат начинот на дезинфекција и соодветните средства за таа намена“ вели Ерсој.

Со цел да се избегне создавање непотребен метеж на шалтерите за регистрација, од ТАВ Македонија апелираат патниците што повеќе да ја користат опцијата за онлајн регистрација на патници и багаж за летовите од скопскиот аеродром, најмалку 24 часа пред времето на полетување.

Меѓународниот аеродром Скопје беше затворен за патнички летови на 19 март, додека аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид на 16 март

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/makedonija/na-aerodromite-da-se-dojde-3-chasa-porano-i-so-maska-od-tav-apeliraat-elektronski-da-se-chekiraat-letovite/
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #2414 Posted: 02-Jul-2020 at 10:40
od vcerasnoto otvaranje na aerodromite:

TAV ocekuval 60 patnici po let (?):
video: https://twitter.com/skopjeairport/status/1278250901640286209

prvite letovi od Turcija solidni (Turkish 104, Pegasus 125)
video: https://twitter.com/skopjeairport/status/1278252658646802432

Zürich-Ohrid so nad 90% popolnetost
sliki: https://twitter.com/ohridairport/status/1278296664869154816


Edited by gorazd - 02-Jul-2020 at 10:44
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2415 Posted: 08-Jul-2020 at 19:31
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #2416 Posted: 13-Jul-2020 at 09:07
Zdravo na site, edno prasanje vo vrska so patuvanjeto sega so novata realnost, od skopskiot aerodrom.
Treba da letam vo cetvrtok za Istanbul so vecerniot let, dali praviloto 3h porano da se bide na aerodrom e zadolzitelno ili preporaclivo? Primer dali nema da mi dozvolat da patuvam ako stignam 2h pred letot? Ako ima letano nekoj ili znae informacii vo vrska so moeto prasanje, bi mu bil blagodaren
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2417 Posted: 14-Jul-2020 at 12:16
Австрија од четврток ги забранува сите летови од Виена и Салцбург кон Македонија и 9 други земји

Министерството за здравство на Австрија ја прошири листата на земји од кои е забрането да пристигнуваат летови на австриските аеродроми. Од четврток, 16 јули, Австрија ги стопира сите летови од и кон сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, а на листата се вклучени и Бугарија, Романија, Молдавија и Египет. На проширената листа од 18 земји веќе се наоѓаат Велика Британија, Португалија, Кина, Белорусија, Русија, Иран, Шведска и Украина.

Ваквата забрана за полетување и слетување од австриските аеродроми кон Скопје и Охрид ќе трае до крајот на јули, а новата одлука на властите во Австрија за повторно воспоставување на воздухопловниот превоз ќе зависи од бројката на активни случаи со ковид-19 во нашата земја.

Одлуката на австриските власти ќе значи дека „Аустриан ерлајнс“ од четврток нема да може да лета на релацијата Виена-Скопје-Виена, додека „Визер“ нема да смее да ги одржува летовите меѓу Скопје и Салцбург, но и меѓу Охрид и Виена.

Според донесената уредба во Австрија, постојат исклучоци, но ова вклучува само „летови во интерес на Австрија“, како и слетување на товарни авиони, авиони што ги пренесуваат болните или ги враќаат австриските граѓани, како и превоз на здравствените работници.

Ваквата одлука на австриските власти доаѓа само неколку дена откако италијанската влада ги откажа сите летови меѓу аеродромите во Македонија и италијанските градови.

https://meta.mk/avstrija-od-chetvrtok-gi-zabranuva-site-letovi-od-viena-i-salczburg-kon-makedonija-i-9-drugi-zemji
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6966
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2418 Posted: 17-Sep-2020 at 06:35
Груби: ТАВ Македонија нема да гради аеродром во Штип, средствата ќе се пренасочат за подобрување на животната средина

Планираната инвестиција за изградба на аеродром во Штип, нема да се реализира, а средствата ќе бидат пренасочени за животна средина, најави вечера првиот вицепремиер Артан Груби во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

„Екологијата ќе биде врвен приоритет на новата Влада. Затоа одлучивме, наместо нов аеродром, средствата планирани за таа инвестиција ТАВ Македонија ќе ги пренасочи за проекти од областа на екологијата“, рече Груби за ТВ21.

https://tv21.tv/mk/grubi-tav-makedonija-nema-da-gradi-aerodrom-vo-shtip-sredstvata-ke-se-prenasochat-za-podobruvane-na-zhivotnata-sredina/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 987
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #2419 Posted: 17-Sep-2020 at 18:55
Читаме иста вест од 2017 г. само сега е сменета намената, браво за Владата на „нашата држава“.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 679
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2420 Posted: 17-Sep-2020 at 19:38
Нели канализација ќе правеа со тие пари?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 119120121122>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.