build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 121122123124>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 694
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #2441 Posted: 04-Nov-2021 at 16:57
Ubavo so im tekna da se renovira pistata , ne bi bilo loso i da se prosiri i da se izgradi uste edna taka sto bi bile edna za sletuvanje edna za poletuvanje , isto izgradba na nov moderen terminal bi bilo super ako vekje se bori TAV za zgolemuvanje na brojot na patnicite , isto taka sreduvanje na pristapnite patista , malce poveke infrastrukturno ureduvanje , osvetluvanje , mnogu raboti falat na aerodromot vo Skopje , no za zal ne se slucuva nisto .... site aerodromi niz balkanot se renoviraat ili se gradat novi terminali zgradi samo skopskiot tapka vo mesto ... a za ohridskiot da ne zboruvame..
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #2442 Posted: 04-Nov-2021 at 20:52
nema logika da se napravi ushte edna pista so momentalnoto nivo na soobrakaj koj go ima na aerodromot, najprvo treba da se raboti na obnovuvanje i voveduvanje na letovi do destinacii koi koga ke zavrshi koronata (ako toa nekogas se sluci ), bi go zgolemile soobrakajot...
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 694
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #2443 Posted: 06-Nov-2021 at 15:08
Zborot mi e deka TAV vekje nekolku godini se koncesioneri na aerodromot a ne napravija nisto , ne znaci ako e minimaliziran soobrakajot i deka ne treba da cepnat so prst , za da privlecis letovi , turisti i kompanii mora da investiras i da sreduvas , da dograduvas , da implementiras raboti koj sto ke privlecat vnimanie , do 2019 godina imase najgolem broj na patnici se srudi i rekord i nisto ne napravia , fati koronata ajde pak nisto , i ke pomine i koronata i nema nisto da cepnat ,i Ljubljana ne e golem aerodrom ama odi vidi go kakov e ,i dubrovnik ne e , ama moze voda da mu nosime, osven rekonstrukcijata na pistata drugo nemaat najaveno ... a za ohridskiot da ne zboruvame , po los aerodrom momentalno ne sum videl od toj rang na aerodromi..
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2444 Posted: 06-Nov-2021 at 15:44
Охридскиот е ништо друго од бараки. Срамота е, многу мал и се импровизирано.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 694
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #2445 Posted: 07-Nov-2021 at 14:18
Da a sakame da privleceme turisti so takov lik na aerodromot , e ke privleceme se ama samo turisti ne ..... a najmalce kompanii ili destinacii
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2446 Posted: 12-Dec-2021 at 14:46
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1175
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #2447 Posted: 18-Dec-2021 at 18:35
Кога сме веќе кај Охридскиот аеродром, дополнето со воената галерија погоре, еве нешто егзотично од Охрид.
ИЛ 76 на ВВ на Украина (prtscr)




Датумот е отприлика пред десетина дена, уште е на платформа...

https://ms-my.facebook.com/tvm.televizija/videos/ilyushin-il-76-strategic-airlifter/309703997696503/

Edited by Тркало - 18-Dec-2021 at 18:47
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2448 Posted: 11-Jan-2022 at 11:53
Една вчерашна фотка од скопскиот аеродром, преземена од твитер профилот на ТАВ:

За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2126
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #2449 Posted: 11-Jan-2022 at 15:53
Mnogu jako izgleda F-16 na skopskiot aerodrom, pa makar bil i so grcki oznaki
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15066
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2450 Posted: 17-Mar-2022 at 17:56
ОД 28 МАРТ ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ПИСТАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, АВИОСООБРАЌАЈОТ ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД 17 ДО 9 ЧАСОТ

На 28 март почнува реновирањето на пистата на скопскиот аеродром, при што тој ќе продолжи да функционира. Предвидено е реновирањето да трае 50 дена, до 16 мај и во тој период, авиосообраќајот ќе се одвива секој ден од 17 до девет часот.

„Рехабилитација на пистата значи дека ќе го обновиме горниот слој на асфалтот. Од 28 март до 16 мај, секој ден од девет до 17 часот ќе се рехабилитира еден дел од вкупната должина на полетно-слетната патека, со цел аеродромот да остане оперативен, односно да можеме нормално да ги опслужуваме летовите од 17 до девет часот. Аеродромот ќе биде отворен за патници 24/7, како и секогаш“, изјави генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Метин Батак.

Пистата на меѓународниот аеродром „Скопје“ е долга 2.950 и широка 45 метри. Последната реконструкција беше направена во 1996 година, кога аеродромот беше затворен два и пол месеци, а целокупниот сообраќај беше префрлен на охридскиот аеродром.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/od-28-mart-ke-se-renovira-pistata-na-skopskiot-aerodrom-aviosoobrakajot-ke-se-odviva-od-17-do-9-chasot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15066
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2451 Posted: 19-Mar-2022 at 11:16
Батак: Инвестираме 7,5 милиони евра во обнова на пистата на Скопскиот аеродром

Со инвестиција од 7,5 милиони евра ќе биде обновена пистата на Меѓународниот аеродром Скопје. И покрај кризата, влегуваме во оваа капитална инвестиција бидејќи таа уште повеќе ќе го подобри квалитетот на работењето и на услугите што ги нуди Меѓународниот Аеродром Скопје, истакнува во интервју за МИА Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Со оперативниот план што го изработиле, како што вели, рехабилитацијата на пистата ќе има минимално влијание врз летовите и патниците.

Батак во интервјуто споделува информации и за претстојниот нов летен ред на летање што стапува во сила на 28-ми месецов, истиот ден кога стартуваат градежните активности за обновата на пистата.

На авиокомпаниите и на другите чинители во авиосообраќајот им ја најавиле рехабилитацијата на пистата една цела сезона однапред, со цел тие да можат да планираат и да ги адаптираат распоредите на летање навреме.



Од 28 март треба да стартува рехабилитацијата на пистата на скопскиот аеродром. Ова се први активности за обнова на пистата откако го преземавте управувањето на аеродромот. Што опфаќа рехабилитацијата и какви активности се предвидени?

-Обновувањето на пистата, односно нејзината рехабилитација, е процес на градежни активности со кои се обновува горниот слој на асфалтот на полетно-слетната патека на авионите. Континуираниот физички контакт со авионите и изложеноста на различни временски прилики по одреден временски период доведуваат до трошење на секоја писта и се појавува потреба од нејзина санација. Тоа е стандардна активност на сите аеродроми во светот кои преземаат слични активности за реновирање на пистите. Последната реконструкција на пистата на скопскиот аеродром е направена во 1996 година кога санацијата се вршела на поголема длабочина на асфалтот. За разлика од тогаш, сегашните активности ќе опфатат само санација само на површинскиот слој. Кога го планиравме овој зафат, детално ги анализиравме најдобрите светски практики во овој сегмент и искуството од други аеродроми на ТАВ групацијата, како на пример во Грузија и донесовме најсоодветна одлука која е во интерес на сите засегнати страни.

Колку ќе трае зафатот и колку ќе чини?

-По опсежните анализи, одлучивме градежните активности за санација на пистата да траат вкупно 50 дена, почнувајќи од 28 март до 16 мај и ќе чинат околу 7,5 милиони евра. За време на целиот овој период, градежните работи ќе се одвиваат од 9 часот наутро до 17 часот попладне секој ден, кога ќе се санира по еден дел од вкупната должина на пистата која изнесува 2.950 метри. За тоа време нема да има полетувања и слетувања на авиони. Во останатиот период од денот, односно од 17 часот попладне до 9 часот наутро следниот ден, аеродромот ќе биде оперативен и летовите ќе се опслужуваат нормално. Одлучивме градежните работи да се изведуваат само во една половина од денот за да нема потреба од целосно затворање на аеродромот. Можевме да ја завршиме рехабилитацијата и за пократок период од 50 дена, но тоа ќе значеше затворање на аеродромот и целосен прекин на авиосообраќајот. А тоа не сакавме да го направиме.

Дали активностите ќе се одразат на одвивањето на авиосообраќајот, на процедурите за патниците, што треба тие да знаат за овој процес?

-Со оперативниот план што го изработивме, рехабилитацијата на пистата ќе има минимално влијание врз летовите и патниците. Најважно е јавноста да знае дека скопскиот аеродром нема да биде затворен во периодот на рехабилитација на пистата, туку ќе биде отворен за патниците 24/7. Единствено нема да има полетувања и слетувања на авионите од 9 часот до 17 часот, но сите останати сегменти кои се дел од Меѓународниот аеродром Скопје ќе работат без прекин. Нашите шалтери за пријавување ќе вршат проверка на патниците и багажот, нашите копнени услуги ќе се подготват да ги прифатат летовите, нашите транспортни сегменти ќе го товарат и растовараат багажот од авионите итн. Зградата на терминалот, заедно со сите ресторани, продавници и придружните објекти ќе работат според распоредот на летови од 17 до 9 часот за да ги опслужуваат нашите патници. Сѐ уште важи препораката патниците да пристигнуваат на аеродромот 3-4 часа пред закажаното време за лет, со цел да имаат доволно време да ги завршат неопходните процедури за патување

Покрај рехабилитација на пистата што друго може да очекуваме како инвестиција во аеродромите, пред кризата најавувате проширување на терминалите, дополнителни шалтери…

-Рехабилитацијата на пистата е комплексен проект кој бара многу анализирање и оперативно планирање и во моментов целосно сме посветени на неговата реализација. И покрај кризата, ние влегуваме во оваа капитална инвестиција бидејќи таа уште повеќе ќе го подобри квалитетот на работењето и на услугите што ги нуди Меѓународниот Аеродром Скопје. Рехабилитацијата на пистата не е првата инвестиција во кризата, бидејќи за цел период на Ковид-19 криза ТАВ Македонија постојано вложуваше во различни мерки на скопскиот и охридскиот аеродром со цел да ги зголемиме и унапредиме мерките за безбедност и здравје на нашите патници и на вработените. Инвестиравме во имплементација на нов протокол за управување со аеродромите во време на пандемија, инвестиравме во подетални и позачестени мерки во терминалните згради на двата аеродрома, инвестиравме во обезбедување поголем број на персонал за успешно да ги следиме новите правила за патување и сл. А најмногу од сѐ, инвестиравме во натамошна дигитализација на процесите што е клучно за идниот развој на секој аеродром.

Рехабилитацијата ја стартувате во речиси ист период од стапувањето во сила на летниот ред на летање. Што ќе донесе новиот распоред на летање за патниците?

-Да, летниот распоред на летање почнува од 28-ми март и истиот ден ќе почнат и градежните работи за рехабилитација на пистата.

На авиокомпаниите и на другите чинители во авиосообраќајот им ја најавивме рехабилитацијата на пистата една цела сезона однапред, со цел тие да можат да планираат и да ги адаптираат распоредите на летање навреме.

Моментално, летниот распоред на летање од Меѓународниот Аеродром Скопје има 35 дестинации.

Сите дестинации што ги имавме лани ќе продолжат, освен Москва, Санкт-Петербург и Киев. Иако како авиолинии беа пуштени за прв пат во ковид-кризата, во 2020 и 2021 година, во моментов овие три линии не се оперативни.

Во овој летен распоред на летање се враќаат и неколку рути кои ги имавме пред ковид-пандемијата, но во текот на зимската сезона се’ уште не беа вратени.

Друга авиолинија за која се надеваме дека ќе се врати, по завршувањето на рехабилитацијата на пистата, е Варшава, со полската авиокомпанија ЛОТ, која исто како и авиолинијата до Истанбул, се користеше од нашите патници како конекција за патувања до САД.

Најавена е и нова авиолинија за директно поврзување на Скопје и Софија. Дефинирани ли се работите за нејзин старт и какви се проценките за нејзина одржливост? Може ли да очекуваме и други нови линии?

-За жал, последиците од Ковид-19 кризата сѐ уште се чувствуваат глобално и потребни се уште најмалку две-три години за закрепнување на авиосообраќајот на светско ниво.

Новина во летниот ред на летање е авиолинијата Скопје-Софија која веруваме дека ќе им даде уште поголем поттик на туризмот и економијата во земјава.

Секоја авиокомпанија пред воведувањето на некоја линија прави детални анализи и проценки за нејзината одржливост, трошоците и приходите, така што верувам дека и во овој случај тоа не е исклучок.

На здравствената криза се надоврза енергетската, војната во Украина… Во вакви околности какви се вашите очекувања за состојбите во авиосообраќајот во наредниот период?

-Изминатите две години беа и се навистина предизвикувачки за авиосекторот. Почна со ковид-кризата, продолжува со глобалните политички и економски случувања. Сето ова влијае врз сите бизнис-сектори, вклучувајќи го и авиосообраќајот, така што брзите прилагодувања на секоја новонастаната ситуација се неопходни и се покажаа како клучни во целиот овој период. Постојат бројни предизвици со кои ТАВ Мaкедoнија успешно се носи, секогаш организирајќи ги процесите и условите за работа според највисоките глобални авијациски стандарди, за што доказ се и меѓународните признанија што ги добиваме.

Колку патници и летови се опслужени од почетокот на годинава и што покажуваат во однос на бројките во изминатите две години?

Во првите два месеца од годинава, ТАВ Македонија бележи вкупно 215.227 патници на двата аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Тоа е пад од 29 проценти на вкупниот број патници споредено со бројките за јануари и февруари во 2019, како референтна година.

Во однос на 2021 година, бројот на патници во првите два месеци оваа година е зголемен за 107 проценти.

Бројот на летови пак, на двата аеродрома во првите два месеци годинава е 1.900 летови, што е 46 проценти повеќе во однос на истиот период лани, но е за 26% помалку во однос на 2019 година.”

Веруваме дека позитивниот тренд на авионски патувања, поддржан од моменталниот процес на кревање на сложените ковид-рестрикции за патување наметнати од различните држави, ќе продолжи и во следниот период.

https://nezavisen.mk/batak-investirame-75-milioni-evra-vo-obnova-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom/
Carpe diem
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2452 Posted: 03-Apr-2022 at 23:05
Тазе од 3.4.2022





Edited by my Macedonia - 03-Apr-2022 at 23:08
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2453 Posted: 11-Apr-2022 at 10:53
Многу мал и без никаков изглед.


Edited by my Macedonia - 11-Apr-2022 at 10:54
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2454 Posted: 12-Apr-2022 at 08:51
Аеродромите на Миконос и Санторини не се ништо поразлични, па пак опслижуваат милиони туристи. Секако дека не е оптимум, ама за карти од 9.99€ на Виз Ер не ни има смисла да се инвестира нешто повеќе.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 694
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #2455 Posted: 12-Apr-2022 at 09:19
Grcija 2019 godina imala 34 milioni turisti posetenost , taka da voopsto nemoze da se sporeduva toa so ohrid .. toa e razlika nebo i zemja , da bideme realni . Ama deka ovoj mal aerodrom vo Ohrid moze da se sred i dotera malce moze i toa e fakt , treba da se investria vo nego , a ne da se vadat od TAV deka poradi koronata toa bilo stopirano , cel svet ima korona pa ete kolku novi gradbi ima vo site drzavi i na patista i na aerodromi i na zeleznica , ne e izgovor toa ..
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 914
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2456 Posted: 12-Apr-2022 at 13:11
Originally posted by гитардемон

Аеродромите на Миконос и Санторини не се ништо поразлични,

Кхм.. Миконос:







Санторини да, како Руле турс да ја менаџира изгледа.

Edited by <Fresno> - 12-Apr-2022 at 13:13
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #2457 Posted: 13-Apr-2022 at 03:32
Па не очекува никој сериозно инвестирање, ама па едни 10к евра можат да се вложат во тоалетите да личат барем минимум дека е 2022, а не Предејане 1994.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2458 Posted: 13-Apr-2022 at 03:40
Еве реновирале😅
Чистотијата е стандарт лошо како скоро секде во македонија

Иначе овај дел беше за VIP порано, сега го отварале за да има повеќе место.


Edited by my Macedonia - 13-Apr-2022 at 03:51
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2459 Posted: 13-Apr-2022 at 03:43
Originally posted by гитардемон

Аеродромите на Миконос и Санторини не се ништо поразлични, па пак опслижуваат милиони туристи. Секако дека не е оптимум, ама за карти од 9.99€ на Виз Ер не ни има смисла да се инвестира нешто повеќе.

Охридскиот е за никаде, цена од 9.99 € нема, тоа е само реклама, без 8 € за изработка на тикет, 12-16€ евра за столче и 30€ за куфер нема шанца
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 901
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2460 Posted: 13-Apr-2022 at 06:11
2/3 од протокот се крепи од гастарбајтери од кичевските и струшките села, вие забегавте со паралели со Санторини и Миконос, дај не се глупирајте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 121122123124>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.719 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.