build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Аеродроми
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 118>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 17-Dec-2007 at 17:55
Не можам да најдам на нет статија или било што поврзано со ова, ама „Александар Велики“ и Охридскиот аеродром највероватно ќе се продаваат - со цел да бидат „европски“ аеродроми. Ова го соопштил Миле Јанакиевски. Вести на канал 5. Моделот на продавање сеуште не е избран - значи ептен е тазе одлукава, така да допрва ќе дознаваме како би се одвивал цел тој процес.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 17-Dec-2007 at 17:59


Ваљда концесија, не продавање Question
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 17-Dec-2007 at 18:33
Toj збор не го слушнав Confused
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 17-Dec-2007 at 19:11


во овој случај се работи за новинарско глупирање каде концесија=приватизација

За да станат европски скопскиот и охридскиот аеродром ќе се приватизираат
Скопскиот аеродром Александар Велики и Охридскиот Свети Апостол Павле ќе добијат нов лик. Холанѓаните од НАКО – Ерпорт консултант- фирмата која ја изготви стратегијата, деновиве доаѓаат во земјава. На Владата ќе и презентираат по кој модел да ги направи македонските аеродроми поевропски. Стратегијата ќе се разгледува на владина седница. Тогаш ќе се знае дали аеродромите целосно ќе се даваат под концесија или само одредени делови од нив.
 
 Првите процени се дека најдоцна до март идната година аеродромите треба да го добија концесионерот. Новиот газда ќе има обврска на Скопскиот аеродром да ја прошири полетно следната патека и терминалот за 1,5 милион патници, да се изгради административната зграда и да се прошири карго терминалот. За Охридскиот предвидено е да се реконструира пистата, карго терминалот и да се изгради школски воздухопловен центар. Модернизацијата на аеродромите треба да биде завршена до крајот на 2009.


Извор: Канал 5
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 09-Jan-2008 at 00:17
Првата вест на оваа тема годинава . Да се надеваме дека во скоро време во нишкава ќе ги дискутираме и рендерите и ќе го одбележиме почетокот на изградбата Cheers

Скопскиот аеродром ќе се среди со 120 милиони евра

Пистата на „Александар Велики“ ќе се продолжи за 500 метри, а можно е крајот на пистата да го пресече автопатот

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

За да се подобри капацитетот за прием и пречек на поголем број патници, за да се подобри нивото на пистата за слетување и летнување на скопскиот аеродром „Александар Велики“, неопходни се инвестиции од околу 120 милиони евра. Ова е сумата што ја посочува холандскиот консултант „Нако“ за развој на скопскиот аеродром, со цел да се приближи со услугите на другите аеродроми во регионот, односно целосно да одговори на современите светски текови. Овие средства во основа нема да ги даде државата, туку идниот концесионер, доколку Владата и официјално одлучи двата аеродрома да се дадат под концесија, по препораките на консултантот „Нако“, кој веќе ја изработи студијата за развој на авиопристаништата во државава. Скопскиот аеродром моментално се наоѓа во лоша состојба, има мал капацитет за прием и испраќање патници, фришопот изгледа како мало продавница, има недостиг од места за паркирање, нема директна редовна автобуска врска, пистата е несоодветна и слетуваат само мали авиони, така што интерконтиненталните летови се мислена именка. Како што неофицијално дознаваме, иако „Нако“ првично предложи пистата да се продолжи од двете страни по 250 метри, во финалната судија стои дека пистата може да се прошири за 500 метри единствено на крајот каде што се врши слетувањето, односно јужно. Засега не доаѓа предвид за мало поместување, односно свртување на пистата, затоа што голем проблем претставува ридот во непосредна близина на аеродромот, за чие уривање би биле потребни околу 60 милиони евра, сума која е економски неиздржана. Затоа, според препораките на консултантот, пистата ќе се продолжи, иако е можно крајот од пистата да го зафати и автопатот. Доколку се случи тоа, ќе треба да се направи измена на трасата на автопатот во близина на наплатната рампа кај Миладиновци. Евентуалното мало поместување на трасата, според нашите неофицијални извори, ќе биде сигурно обврска на државата, а не на идниот концесионер на скопскиот аеродром. Подобрувањето на нивото на пистата ќе овозможи на „Александар Велики“ да слетуваат и интерконтинентални авиони.

За време на летните месеци, кога е сезона на годишни одмори, на скопскиот аеродром се создаваат турканици. Во студијата на „Нако“ стои дека една од приоритетните работи со кои новиот концесионер треба да се зафати е да ја подобри инфраструктурата за прифаќање оптимални 2,5 милиони патници. Студијата опфаќа проект за проширување и обновување на постојниот терминал или изградба на нов терминал за 1,5 милион патници со можност за 2,5 милиони. Како што дознаваме, „Нако“ предлага изградба на нова терминална зграда веднаш до постојната, во правец на хангарите кои се во функција на армијата. Се очекува првата фаза од изградбата на нова терминална зграда да биде готова во 2010 година.

Што се однесува до охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“, за него се неопходни инвестиции од околу 7-8 милиони евра, првенствено технички да се доопреми. Треба да се инвестира во каргото, во набавка на нови противпожарни апарати, машини за прифаќање товар и да се дислоцира на царинскиот терминал. Сегашниот капацитет на охридскиот аеродром е прифаќање 50.000 патници годишно, а „Нако“ смета дека со дополнително вложување бројот на патници може да се зголеми на максимум 130.000. „Свети апостол Павле“, според студијата, ќе се развие доколку државата ја смени земјишната политика, односно доколку им овозможи на странците да купуваат земјиште за изградба на хотели, со што охридскиот аеродром ќе стане привлечен за туристи, а со тоа и атрактивен за странските авиокомпании.

Владата на некоја од наредните седници, според надлежните од Министерството за транспорт и врски, треба да одлучи дали ќе се дадат двата аеродрома под концесија, за концесијата, како и за должината на траење. Се очекува некаде во мај или јуни 2008 година веќе да се знае кој ќе вложува и управува со скопскиот и со охридскиот аеродром.


Извор: Утрински весник
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 09-Jan-2008 at 00:35

Фала богу добивме разумно мислење и разумни цифри (во евра) за Скопјскиот Аеродром. Во секој случај, се плашам да не го направиме тоа во кое што сме најдобри - да прифатиме само оној дел од консултациите кои ни одговараат, па да правиме компилација од проекти, консултации и идеји (нели ние најдобро знаеме) па буџетот за реконструкција од 120 М Евра да се намали на 1,2 М евра и на крај некој локален бизнисмен да го превземе под концесија партизански и дилетантски аеродромот.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 21-Jan-2008 at 16:26
1. Навивав за Струмица. Мислам дека Штип е преблиску до Скопје да има свој аеродром.
2. Се надевам дека "присилбата" за идниот концесионер на Скопскиот аеродром да го гради и Штипскиот нема да има контраефект.

Како и да е... 'Крајот на февруари-почетокот на март' за објавување на тендерите. Доколку се испочитува одличен тајминг. Banana

Владата пресече, Штип ќе добие карго-аеродром

Владата пресече, карго-аеродром ќе се гради кај Штип. Како што јави дописникот на Нетпрес, спортскиот аеродром Сушево кај штипската приградска населба Три чешми е идеалното место за градба. Кон крајот на февруари, почетокот на март, Владата ќе го објави тендерот за давање  под концесија на македонските аеродроми со забелешка, идниот концесионер на скопскиот аеродром, задолжително да изгради и карго кај Штип.

Според премиерот Никола Груевски, во првите години инвестицијата би чинела 60 милиони евра, а проекциите до 2015 година. Инвестициите би пораснале на 80.
        
Планот за градба на карго аеродром предвидува и слетно-полента писта од 3.000 метри, а до 2013-та година и старт на градба на автопатот Миладиновци -Штип, како и заокружување на технолошко индустиската зона лоцирана во
непосредна близина на идниот карго аеродром.

Градбата на карго аеродромот се очекува за крајот на годинава или првата половина од 2009-тата, со тенденција истиот да прерасне во патнички аеродром.


Извор: Нетпрес


Edited by pbanks - 21-Jan-2008 at 16:26
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 21-Jan-2008 at 16:29
Ама добро овој е само карго, карго е само товарен аеродром, инаку за цивилен и ја навивам за струмица. И да имаме домашни ефтини линии.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 21-Jan-2008 at 16:37


И Струмица беше само за карго планот. Нема логика уште еден цивилен аеродром, барем не сега. Скопскиот има уште мноооооооооогу неисполнет потенцијал а Охридскиот едвај живурка.

А и само за карго нема логика Штип. Преблиску е Скопскиот стварно. Неам ништо против Штип но мислам дека премногу се форсира од владеачкава гарнитура. За универзитетот немав ништо против, дефинитивно е најсоодветен од Источна Македонија ама за аеродромов мислам дека е утка.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 21-Jan-2008 at 16:50
Добро ја у принцип поддржувам све што се гради, ама кога ќе помислам по кој пат ќе се оди до тој аеродром мислам дека работите се малце помешани по редослед. Патот Велес-Штип е укупно 5 метра широк, а башка лом. На тој пат му треба реконструкција, ама сигурен сум дека владата го има тоа у план.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 21-Jan-2008 at 17:50
Јас уште немам слушнато никакви прави аргументи за изградба на овој карго аеродром во Штип. Толкава инвестиција која ја форсира држацвата, без нејзината потреба да биде добро аргументирана...

Roll%20eyes


Уште повеќе ме буни оној „автопат“ Миладиновци - Штип. Што е сега ова? Се напушта зацртаниот автопат Велес (Отовица) - Штип? На оваа тема има доста да се коментира, ама подобро да почекаме некаква дополнителна информација или објаснување, па ќе продолжиме во нишката за патишта.


@ lslcrew

Абе во суштина убаво е да се гради, ама треба да се гради тоа што е навистина потребно и исплатливо, а како што реков за овој аеродром уште не знаеме каква логика и потреба има.


Edited by Cloverstack - 21-Jan-2008 at 17:53
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 21-Jan-2008 at 18:05
Originally posted by Cloverstack


Абе во суштина убаво е да се гради, ама треба да се гради тоа што е навистина потребно и исплатливо, а како што реков за овој аеродром уште не знаеме каква логика и потреба има.


Точно така бидејќи многу потешко од изградбата е одржувањето (дискусијата за МТВ во нишката за Нова Македонија како пример). Затоа секоја инвестиција мора да е добро испланирана и проектите да се одржливи на подолг рок.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 21-Jan-2008 at 18:08
Тој миладиновци штип мислам дека е патот куманово штип истиот. Поправете ме ако грешам.
Сепак мислам дека велес штип не е некоја долга делница, нема многу екпропријација, може за малце пари да се направи.


Edited by lslcrew - 21-Jan-2008 at 18:14
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 21-Jan-2008 at 18:26
Originally posted by lslcrew

Тој миладиновци штип мислам дека е патот куманово штип истиот. Поправете ме ако грешам.


Веројатно дел, ама од Миладиновци до Свети Николе ќе треба скроз нов пат.


Edited by Cloverstack - 21-Jan-2008 at 18:26
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 21-Jan-2008 at 21:27
    Најчесто сум критичен, ама мислам дека сепак аеродромов се гради во Штип од потреба што не можеме да ја разбереме со нашите знаења. Постојат експерти на овие полиња што одлучуваат за вакви работи.

1.    Можеби климата и теренот се по поволни за изградба на аеродром. Кога викам климата, мислам на облачноста, дождливи денови, магла и сите тие променливи што можат да го отежнат летањето.

2. Штип и не е толку блиску до Скопје, а од друга страна, е горе-доле, во средина на  источна Македонија, значи е еднакво оддалечен од другите градови.  Таму веќе има изградено спортски аеродром, што значи не се почнува од нула. + Коридорот 8 е неспоредливо поблиску до Штип отколку Струмица

3. Може да допринесе до развој на Штип, што не видел значајна инвестиција со години. Струмица е меѓу нај развиените општини. Ова не е толку јак аргумент, ама сепак...


Ова е мое гледање на проблемов. Македонија е мала земја, навистина нема потреба од многу аеродроми - а домашни линии со растечкиот тренд на цените на нафтата е крајно неисплатливо. Добра патна мрежа може се тоа да го реши, сепак се работи за релативно мали растојанија.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 21-Jan-2008 at 21:29


добар пост Ла Линеа, држи вода Thumbs%20Up Cheers
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 24-Jan-2008 at 18:10
ja mislam deka ovoj aerodrom e promasena investicija, kako prvo imame 2 aerodroma koi ne znaeme da gi drzime, pa sega ke otvarame tret KARTGO aerodrom, sepak toa e moe mislenje

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 31-Jan-2008 at 00:26
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9FC4A2A775E5CB4D91CD7ECA582F0C09

Три карго-аеродроми на 200 километри – премногу

Капацитетите на каргото на скопскиот и на охридскиот аеродром се минимално искористени

Верче Георгиевска

Оние што добро ја познаваат состојбата во авиосообраќајот тврдат дека изградбата на карго-аеродромот кај Штип нема економска оправданост кога во државава има два аеродрома и кога капацитетите на постојните каргоцентри се минимално искористени. Наместо да се вложува 60 милиони евра во изградбата на карго- аеродромот во Штип, државата може овие пари да ги намени за подобрување на патната инфраструктура во државава, така што и од најоддалеченото место во Македонија до скопскиот аеродром ќе се стигне брзо и сигурно.

Карго-аеродромот во Штип има обврска да го изгради идниот концесионер на скопскиот и на охридскиот аеродром. Треба да биде алтернатива на скопскиот аеродром „Александар Велики“, а според премиерот за околу 20 години тој може да стане цивилен, односно да се превезуваат и патници.

Дел од експертите се скептични дека идниот концесионер на двата аеродрома ќе вложи 60 милиони евра за изградба на карго-аеродромот кај Штип. Во студијата на холандски „Нако“ за развој на аеродромите стои дека ќе бидат неопходни над 120 милиони евра за модернизација на двете авиопристаништа. Оттука, според експертите, неразумно е да се потрошат половина од овие пари за нов карго- аеродром, особено ако се има предвид фактот дека концесионерот нема да ја врати оваа инвестиција. Излузорно е, велат експертите, да се очекува по 20 години аеродромот кај Штип да стане цивилен и да носи приходи од патници, бидејќи прашање е како воопшто ќе се стимулира и зголеми авиосообраќајот на постојните два аеродрома.

Поранешниот директор на јавното аеродромско претпријатие „Македонија“, Орхан Рамадани, смета дека капацитетите на карго-центрите на скопскиот и на охридскиот аеродром не се доволно искористени. Според него, каргото на „Александар Велики“ е искористено само 20 отсто, а на „Свети апостол Павле“ околу два отсто. Приходите од каргото во Охрид не можат ниту да ги покријат трошоците за плата на тројцата вработени. Рамадани оценува дека подобро е да се модернизира скопскиот аеродром, отколку да се гради каргото во Штип.

„Од економска гледна точка нема оправданост за карго-аеродромот во Штип. Тоа може единствено да биде оправдано доколку Владата размислува во непосредна близина да изгради индустриска зона. Премиерот најави дека аеродромот ќе биде достапен за патнички авиосообраќај, но ние по 20 години ќе немаме потреба од трет аеродром. Треба само да се направат напори да се опремат и модернизираат постојните два аеродрома и да се привлечат повеќе патници“, вели ексдиректорот на ЈПАУ „Македонија“, Орхан Рамадани, кој појаснува дека во претходната судија за развој на двата аеродрома во државава изработена од консултантската куќа „Скот и Вилсон“ не беше воопшто спомната идеја за карго-аеродром во државава. Рамадани вели дека новиот консултант „Нако“, кој исто така изработи студија за развој на авиопристаништата, ја вметна изградбата на карго-аеродромот по барање на Владата.

Актуелниот директор на карго-центарот на скопскиот аеродром „Александар Велики“, Зоран Богдански, не се согласува со бројките на Рамадани. Тој вели дека лани обемот на каргото во споредба со 2006 се зголемил за 11 отсто и биле прифатени и испратени 2.547 тони карго-пратки. Според Богдански, работата на каргото зависи од периодот во годината и дека во основа капацитетот на увозот за карго-пратки е речиси 80 отсто, додека извозот на пратки е една третина од увозот, што зависи, пред се', до домашните компании. Извозот на стоки преку ависообраќај зависи од стопанството во државава, појаснува Богдански.

Според него, капацитетот на скопскиот карго-центар ќе биде целосно исполнет, особено во делот на извозот, доколку се развие економската зона „Бунарџик“. Охридскиот карго-центар е неискористен поради регионалната поставеност и поради малиот број индустриски капацитети.

„Доколку пристапот, односно инфраструктурата до скопскиот аеродром се подобри, тогаш од најоддалечениот град во државава може да се стигне до скопскиот аеродром за два часа, што не е многу за превоз на стоката со камион“, изјавува Зоран Богдански.

Пред дефинитивно да пресече Владата, Струмица беше еден од потенцијалните градови за изградба на карго- аеродромот. Многу енергија и пари во изминатите десет години се вложени во подготвувањето на проектот за карго-аеродром во овој град. Во 1997 година е подготвен проектот, а две години пред тоа била завршена експропријацијата на земјиштето. Струмичките стопанственици, чија главна дејност е извоз на земјоделски производи, реагираат на владината одлука за карго-аеродромот во Штип.

„Не е исто дали карго-аеродромот ќе биде во Струмица или во Штип. Наместо нашето големо земјоделско и градинарско производство веднаш да се извезува преку аеродром во Струмица, треба да се прават дополнителни трошоци и да се носи во Штип“, велат струмичките земјоделци. Локалната самоуправа на Струмица со аргументи ја брани економската оправданост за карго-аеродромот во нивниот град. Карго-превозот е потреба за лесно расипливи производи и затоа се поврзува за земјоделското производство, бидејќи такво е светското искуство.

Претседателот на Советот на Општина Струмица, Зоран Ристов, вели дека се изненадени од одлуката на Владата, особено поради фактот што во Струмичко почнала процедурата за експропријација на земјиштето. Ристов вели дека ако веќе се гради карго во Штип, тогаш за струмичани им е подобро да го користат каргото на скопскиот аеродром, пред се' заради бизнис-контактите во Скопје. Од друга страна, на земјоделците им е сеедно дали ќе возат до Штип или Скопје, ако разликата е само околу 30 километри, доколку патот е добар.

Претседателот на Федерацијата на фармери, Данаил Паланков, оценува дека одлуката за карго-аеродромот во Штип е лоша владина стратегија и дека премиерот прави грешка. Ако веќе земјоделските производи треба со камион да се превезуваат до Штип, тогаш зошто да не се возат и до Скопје.

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 31-Jan-2008 at 01:16
izlegoa moite zborovi
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 31-Jan-2008 at 01:38
Па добро, во текстот иако преовладува противењето, има и спротивни гледишта.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 118>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.