build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Аеродроми
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3334353637 118>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3834
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #681 Posted: 16-Sep-2010 at 18:23
Originally posted by <Fresno>

Баш ме интересира каков ќе биде коментарот на Сале кога ќе биде завршен аеродромов Roll%20eyes. За доброто на сите се надевам дека нема да биде во право
 
Covek moze mnogu pati da se laze!Mozebi razbiral nesto pogresno!Mislam deka sale nisto ne ni dolzi, pa mora da dava innformacii ili reakcija!Se e mozno!Mozebi drug pat kje donese sosema druga informacijaRoll%20eyes
Vo momentov veruvam  vo dvete strani!Ima pro i kontra argumenti zosto se gradi ili  mozebi ne se gradi !
TAV si ima rok, spored mene mozaat sega da pijat kafe a poslednite meseci da davaat turbo, ili se poleka!Vazno e rokot da se pocituva!Smile
 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #682 Posted: 16-Sep-2010 at 18:44
moj drugar raboti na izgradba na aerodromot  bas deneska go prasav veli deka se raboti sekoj den pa sega so znam..
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #683 Posted: 17-Sep-2010 at 08:37

Axel, A sto kazuva za Ohridskiot Aerodrom?
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 539
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #684 Posted: 17-Sep-2010 at 11:25
од http://exyuaviation.blogspot.com

1.


2.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Online
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #685 Posted: 20-Sep-2010 at 16:14

Интензивно се реконструира охридскиот аеродром

Од ТАВ изјавуваат дека се' уште траат преговорите со Владата на Македонија за штипскиот карго-аеродром

Мики Трајковски

Охрид - Камиони и друга градежна механизација веќе десетина дена интензивно работат на реконструкција на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Аеродромскиот комплекс е претворен во вистинска градежна зона, бидејки, според најавите од турската компанија ТАВ, работите е планирано да се завршат до крајот на март идната година.

Главниот проект-инженер за аеродромот во Охрид, Јурген Куртај од Тирана, за „Утрински весник“ вели дека охридскиот аеродром има капацитет за многу поголем број авиони. „Во текот на летниот период овде слетуваат петнаесетина авиони неделно, но со новите инвестиции, бројот на летови ќе биде далеку поголем. И бројот на патници планираме да се зголеми за двојно, па и тројно, оти аеродромот располага со таков капацитет. Со новите инвестиции ќе ја забрзаме и постапката околу обработката на багажот, а ќе го олесниме влезот и излезот на патници“, вели Куртај.

Од ТАВ се надеваат дека охридскиот аеродром во иднина ќе биде далеку поконкурентен отсега. Оттаму, очекуваат оти значаен број компании кои сега ги користат аеродромите во Тирана и во Приштина наместо таму, ќе оперираат од Охрид и обратно.

„Во план сме да воведеме и неколку нови дестинации што ги нема на аеродромот во Тирана. Со тоа голем дел од населението кое сега го користи тиранскиот или приштинскиот аеродром, а каде што летовите до одредени држави се редовни, но и поевтини од оние во Скопје, ќе ги придобиеме кај нас. Исто така, се надеваме дека нашите услуги ќе ги користат и жителите на албанските погранични градови Подградец, Корча Либраж и Пешкопеја. Нив им е многу поблиску да дојдат до Охрид отколку до Тирана. Веќе работиме на договарање нови редовни, но и сезонски линии, а голем дел од европските авиокомпании, кои засега не оперираат до Македонија, изразија подготвеност да го прават тоа откако реконструираниот аеродром ќе го пуштиме во употреба“, додава Куртај.

На аеродромот во Охрид веќе е изграден новиот паркинг-простор од 6.000 квадратни метри. Моментно се гради нов хангар со површина од 1.000 и ВИП-салон од 2.000 квадратни метри. Во тек се подготовките за реконструкција на административната зграда, а ќе се интервенира и во терминалот и карго-секторот. Од ТАВ велат дека ќе се инвестира и во пасошката контрола, а од постојните четири, аеродромот ќе добие шест коридори за контрола на пасошите. Нема да се интервенира само на аеродромската писта, бидејќи таму било интервенирано во 1996 година. Од ТАВ засега немаат податок за колку години ќе можат да ја вратат инвестицијата за охридскиот аеродром, која изнесува пет милиони евра.

Од вкупно десет аеродроми во светот со кои управува и менаџира турски ТАВ, охридскиот е најмал. Реконструкцијата на аеродромот во Охрид и неговото осовременување ќе значи нов импулс во развојот на туризмот. Слабата авионска врска со европските и светските метрополи е главна причина што туристичките работници ја посочуваат како виновник за се' помалиот број гости од година на година. Со ова, велат, долгогодишниот проблем, конечно, ќе биде минато, а нашите најголеми туристички центри Охрид и Струга ќе свртат нова страница со развојот на туризмот.

Што се однесува до изградбата на штипскиот карго-аеродром, од ТАВ за „Утрински весник“ изјавија дека се' уште траат преговорите со Владата на Македонија. Проблеми има од аспект на усогласување на начинот на менаџирање со него, а за тоа кога ќе почне и кога ќе заврши неговата изградба не можеме да кажеме, велат од компанијата. Вкупната инвестиција за модернизација на македонските воздухопловни пристаништа е проектирана на 200 милиони евра. Ревитализацијата на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид ја раководи компанијата „ТАВ констракшн“, а повеќе македонски градежни фирми се ангажирани како подизведувачи.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=455CB0C6D6476447B2E09B87ABBB9263
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #686 Posted: 23-Sep-2010 at 15:17
Еве чисто за евиденција да се види дека моментално се работи на продолжување на пистата. Фотките се направени од слетување на Аустриан деновиве.





Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #687 Posted: 23-Sep-2010 at 15:25
Јас мислев дека ќе се продолжува од другата страна према Бунарџик, а не од оваа према Чојлија. Колку што може да се заклучи од сликава се работи за сегмент од 500 метри бидејќи се работи за половина од заштитината ливада пред пистата, а таа е долга километар. Пистата сега е 2,5 км. Колку треба да биде кога ќе се продолжи? Ако треба да е 3 км тогаш толку е продолжување. Ако треба повеќе од 3км тогаш најверојатно и од другата страна ќе се работи.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #688 Posted: 23-Sep-2010 at 15:30
Браво за пистава ме радува напредокот.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #689 Posted: 23-Sep-2010 at 15:33
@ lslcrew

Само од оваа страна кај Чојлија ќе се продолжува...

3 километри се ионака полна капа, и да имавме простор без ограничување, пак ќе беше непотребно да се оди на подолга писта.


Edited by Cloverstack - 23-Sep-2010 at 15:33
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #690 Posted: 23-Sep-2010 at 18:01
Big%20smileBig%20smileМоже А-380 да слета на 3 км писта? Ако може, тогаш доста ни се... Big%20smileBig%20smile
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #691 Posted: 23-Sep-2010 at 18:30
Строго забрането користење техника при слетување ????

Edited by toasumjas - 23-Sep-2010 at 18:31
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #692 Posted: 23-Sep-2010 at 18:33
Previous
на А380 му е потребно околу 2000м писта за слетување отприлика минимално, но сепак тие работи зависат од многу фактори
подолга писта е полезна ког има кварови во кочници, мотори и т.н. па не може да се запре, ама и за тоа, на сите писти има по некои 200-300 метри рамна тревна површина
инаку на нашава писта можат да слетаат повеќето најкористени авиони кои постојат, плус, многу имаат STAL особини, многу побитно е да се има повеќе писти, поголеми и помали, за да не се прави гужва, само кај нас сеуште е рано за такво нешто

а инаку да прашам, ако се продолжува пистата, како ќе се премине патот што поминува нормално на неа?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #693 Posted: 23-Sep-2010 at 18:38
Најверојатно ќе се оди под пистата, а и нема друг начин.... затоа можеби и градежните работи се концентрирани моментално таму
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #694 Posted: 23-Sep-2010 at 18:54
Originally posted by FoSsiL

Big%20smileBig%20smileМоже А-380 да слета на 3 км писта? Ако може, тогаш доста ни се... Big%20smileBig%20smile

Многу релативно прашање, но краткиот одговор е ДА, може. Всушност скопскиот аеродром сигурно ќе има редица други вистински фалинки (и по реконструкцијата) за да може елегантно да се справи со А380, но тој авион ионака е наменет за релативно мал број најсатурирани глобални линии, какви што ни еден од аеродромите во регионов практично извесно никогаш нема да има, па не му се секирај многу
Инаку листата на аеродроми сертифицирани за редовен сообраќај со А380 е прилично кратка, а најголем дел од нив баш мораа да прават разноразни модификации (ако добро се сеќавам најмногу за операциите со авионот кога е на земја). Исто така добар дел од нив немаат писти подолги од 3 километри, па ти види сега
А доколку за чудо се најдеме во ситуација да ни треба аеродром кој ќе може рутински да се справува со А380, ќе направиме и ние модификации, ама веројатно многу други пред да стигнеме до прашањето на должината на пистата.


Edited by Cloverstack - 23-Sep-2010 at 18:56
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #695 Posted: 23-Sep-2010 at 18:57
со А380 најголеми проблеми се јавуваат при таксирање и превземање на патници, поради големината на авионот и поголемиот број на врати за влез и излез
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #696 Posted: 23-Sep-2010 at 19:02
За А380 се градат посебни гејтови ама како и да е тоа не е проблем,бидејќи кај нас во следниве 30 години реално нема потреба од А380 ниедна компанија што поседува вакви авиони нема да лета до Скопје.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #697 Posted: 23-Sep-2010 at 19:05

Чисто ме интересираше, од технички аспект....

Воедно, А380 е авион за долги релации, преку-океански итн. кои ни за сега ги немаме, а и да ги имаме, многу веројатно е дека нема да се случи да биде користен нашиот аеродром, најповеќе и поради идеологијата на самиот авион и опслужување....

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #698 Posted: 23-Sep-2010 at 21:20
Па затоа е и продолжувањето, да може поголеми авиони прекуокеански да слетуваат. Сигурно дека директна линија за почеток Сиднеј, Њу Јорк ќе прилечат голем дел од иселениците кога ќе имаат поевтини карти поради помалкуте застанувања по пат и скратеното време за патување. Тоа беше и една од идеите за зголемување на сообраќајот.

А за патот немора баш од тука да пројде. Слободно може да се прекине и ќе се заокружува од околу по локалниот пат низ Чојлија, под автопатот на постојниот подвозник и покрај автопатот до клучката. Нормално со мало реновирање и шминкање на овој локален пат одлично ќе го надомести прекинатиот сегмент. Или па може да се изгради нов сегмент што ќе ја заокружува пистата. Начини има, не е тоа проблем.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3834
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #699 Posted: 29-Sep-2010 at 17:58


АВ:Модернизацијата на аеродромите во предвидените рокови

published - 29/09/2010 18:25:00
Големина на текст: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Градежните работи за модернизација на аеродромите во Македонија се во тек a  сите активности ќе завршат во предвидениот рок во договорот за концесионирање, односно на 20 октомври 2010 година. Според сопственикот на ТАВ, реалната инвестиција ќе чини околу 200 милиони евра заедно со другите трошоци. ТАВ гради нова терминална зграда како и нов административен и пожарникарски објект. Турците работат и на проширување на пистата за 500 метри квадратни.

„За разлика од другите земји каде градежните работи сме ги завршувале до шест месеци порано, не можам да ветам дека такво нешто може да се случи и тука. Но иако имаше правни пречки и многу административни процедури можат да ветам дека сите работи ќе завршат во предвидениот рок во договорот“.Мурат Орнекол -   извршен директор на ТАВ Холдинг

http://alsat.mk/ekonomija/1328869.html

dO 20 OKTOBVRI NEMAT NIKOGAS da zaversat!Alsat pokazuvase snimki, nisto nemase, samo stolnobi(visoki  kolku 2 kata i nisto drugo)

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #700 Posted: 29-Sep-2010 at 18:04
Грешка е во текстот, треба октомври 2011
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3334353637 118>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.