build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Аеродроми
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5253545556 122>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #1061 Posted: 10-Apr-2011 at 17:24
10 Miljoni za Ohidskiot, 110 miljoni za Skopskiot i 80 miljoni za Stipskiot, tocno 200 miljoni evra.


Милион патници на „Св. Апосотол Павле“ во Охрид

Охрид, 10 април - Еден милион дополнителни патници ќе допринесат за 1.000 нови работни места на аеродромите и дополнителни 2.000 нововработени во градовите, а тоа го овозможува реновираниот аеродром „Св. Апостол Павле“, во наредните години, беше кажано на денешната свеченост по повод отворањето на охридскиот аеродром.

Извршниот директор на „ТАВ“, Сани Шене, рече дека со отворањето на аеродромот ќе се зголеми бројот на туристи во Охрид и градот ќе стане една многу важна дестинација во Европа.

„Ние веруваме во иднината на Македонија. Охрид е туристички ценатр на Балканот и повторно ќе го добие заслуженото место со многу подобрена инфраструктура на Охридскиот аеродром“, рече Шене.

Тој најави дека реновирањето на Скопскиот аеродром се одвива со забрзано темпо и најави дека ќе биде завршен пред предвидениот рок.

Аеродромот ќе биде пуштен на 8 септември, националниот прзник на мМакедонија, итакнувајќи дека  „тоа чќ биде аеродром што ќе го заслужи името „Александар Велики“.

Премиерот Груевски во своето обраќање рече дека со пуштањето на комплетно реновираниот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе се зголеми бројот на туристи и на сместувачки капацитети во градот, ќе се развие транспортот и ќе се подигне квалитетот на услугите.

Турски „ТАВ“, за реновирање на двата аеродроми има издвоено 120 милиони евра, од кои 10 мимлиони се за Охридскиот аеродром, а 110 милиони евра одат за Скопскиот аеродром..
На Охридскиот аеродром реновирана е пистата и карго центарот, изграден е нов хангар и нов терминал. Реновирана е постоечката административна зграда и продолжена е паркинг зоната.

Колку за потсетување, турската компанија го презеде управувањето со двата аеродроми на 1 март 2010 година и со нив ќе стопанисува 20 години.

http://zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208181242&s=251209112732&ID=10411142242
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1062 Posted: 10-Apr-2011 at 17:32
Abe sto pisuvaat p******** megafoni???
Nikogas 10 milioni evra, never!!!Kakov nov lik, stariot e, mu stavile novi bukvi i slika, asvaltirale parce od pista i parce parking i toa!!Kakov nov lik, srekja sto golem broj od vas ne bile vo aerodromot, da bevte, kje se nerviravte za lagite sto gi donesuvaat mediumite!!
NEMA NOV LIK, ima sliki pred i pota rekonstukcijata, bas sum srekjen sto gi postirav i mi veruvate deka nema nisto napraveno!!WTFFF?

Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #1063 Posted: 10-Apr-2011 at 17:34
Originally posted by my Macedonia


Originally posted by toasumjas

Originally posted by Djole88



Извршниот директор на турската компанија и официјално кажа дека се
преполови првично најавената инвестиција од 200 милиони евра.



Ете си кажале луѓето . 50.000 евра за охридскиот останатите за скопскиот
Ne, 100.000 za ohridskiot, 50 milioni za skopskiot drugite v gjeb!!OhnoSe prasuvam zosto ima tajen dogovor???


Sigurno. Koa ke zavrsat so skopskiot ke znaeme kolku pari stavile vo dzeb. Vo Skopje e mnogu pogolema investicijata nego vo Ohrid ali siguren sum deka barem 20 milioni poveke ke se prikazat.
Neli kako sto znam jas bese potpisan dogovor so TAV za 200 milioni investicija i bese angaziran konsultant da ja prati investicijata? Moze tuku taka da se namali investicijata na 120 milioni kako sto kaza covekov od TAV?
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #1064 Posted: 10-Apr-2011 at 17:42
Ајде не претерувајте Охрид ионака нема некои позначајни летови а за во иднина да добие до 7-8 лета во ден ова е сосема доволно !
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Skopje View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Skopje Quote  Post ReplyReply #1065 Posted: 10-Apr-2011 at 17:43

Груевски го предаде во употреба реконструираниот аеродром во Охрид

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во присуство на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, извршниот директор на „ТАВ“ Сани Шенер и голем број гости, денеска го предаде во употреба реконструираниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид.

- Она што со години се бараше и се нагласуваше како потреба, сега е реализирано. Реализирани се повеќе градежни зафати и активности, по што аеродромот токму пред почетокот на престојната туристичка сезона го доби својот нов лик. Овој зафат ќе биде од големо значење за Охрид и развој на туризмот во регионот. Со реконтрукцијата на аеродромот очекуваме  зголемување на неговата ефикасност и секако зголемување на превоз на патници, рече Груевски.

Тој истакна дека со влегувањето на „ТАВ Македонија“ како концесионер на аеродромите, зголемен е интересот на големите и  нискотарифни авиокомпании, по што се очекуваат поголем број летови од европските градови кон нашиот главен  туристички центар, како што се најавените чартер-летови од Холандија, Русија, Финска, со очекување интересот во иднина уште повеќе да се зголемува.

Премиерот нагласи дека реконструкцијата на аеродромите во Охрид и во Скопје ќе донесе подигнување на квалитетот на услугите, зголемен интерес на авиокомпаниите, намалување на цената на превозот, зголемен број туристи во земјата, но и поголема можност за граѓаните на Македонија за патување во странство, по поповолни цени.

Вицепремиерот Пешевски потсети на првите резултати од проектот за реконструкција на македонските авиопристаништа, потсетувајќи дека во 2010 година забележано е зголемување на авиосообраќајот во Македонија за 14 отсто. Во првиот квартал на оваа година бројот на патници на скопскиот аеродром е зголемен за пет, а на охридскиот за 70 проценти, споредено со лани.

Министерот Јанакиески рече дека воздушниот превоз претставува значаен сегмент со особена важност за економијата на земјата. Тој појасни дека во рамките на реконструкцијата на охридскиот аеродром, меѓу другото, изграден е нов ВИП-објект, реновирани се објекти во карго-центарот, обновен е паркинг-просторот, изградена е нова пречистителна станица, набавени се нови противпожарни возила, како и техничка опрема, согласно строгите барања за за нормално функционирање на авиосообраќајот.

- Од првиот ден на нашиот мандат бевме заложени за модернизација на нашите аеродроми. Независно големата финансиска криза, Владата успеа и во такви неповолни околности, преку јавен повик да обезбеди инвестиција од околу 200 милиони евра, рече Јанакиески.

Тој очекува по завршувањето на реконструкцијата, двата аеродроми во Скопје и Охрид да привлечат поголем број авиокомпании и зголемена конкуренција што ќе значи поголема понуда и пониски цени на авиопревозот.

Извршниот директор на „ТАВ“ Сани Шанер рече дека подобрените аеродромски услуги и капацитети значат поголем број патници и туристи, што пак од друга страна има директно влијание за подобрување на економските услови во земјата.

- Пресметките говорат дека  милион патници значат илјада нови работни места само на аеродромите, како и две илјади нови работни места во градовите во околината. Навистина се надевам дека во иднина ќе се зголеми интересот на туристите за Охрид, а во таа насока се и активностите што „ТАВ“ веќе ги презема, во насока на негова туристичка промоција, рече Шанер.

Тој нагласи дека во активностите околу реконструкцијата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид, 95 отсто од градената оператива и вградените материјали се од македонско производство, како и оти дури 99 отсто од персоналот на двата аеродроми се граѓани на Република Македонија.

Меѓу другото, Шанер изрзи задоволство од темпото според кое се одвиваат работите на терен, нагласувајќи дека реконструкцијата на скопскиот аеродром ќе биде завршена пред предвидениот рок, односно дека тој ќе биде предаден во употреба на 8 септември - Денот на независноста на Република ApplauseSmile
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5256
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1066 Posted: 10-Apr-2011 at 17:45
Само да ве исправам сите до еден: никој не пика пари в џеб. Тие се пари на TAV, не кради од некаде ако не ги вложи, само го крши договорот (иако не верувам дека имаше наведено минимални суми во договорот, само услови, кои ако се сеќавам добро беа така лабаво формулирани - без конкретни бројки (освен за должина на писта и слични техникалии)), така што може и да не го крши.

Флагрантно кршење на договорот имаме од Владата, која им даде 10 години за аеродромот во Штип. Да беше тоа наведено на почеток, јаките фирми од северна Европа немаше да се откажат и дефинитивно некој друг ќе го земеше аеродромот. Тоа не смее да се заборави, иако не се сомневам во менаџерските способности на тимот на TAV.

Edited by гитардемон - 10-Apr-2011 at 17:48
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1067 Posted: 10-Apr-2011 at 18:48
eve video od a1, za tie sto sakaat da znat kako izgleda od vnatre
http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=11/nina-10-04.wmv&VestID=136575

Primetiv, deka smenile nesto, ama ne nesto seriozno i vazno, sepak izgleda nesto podobro od pred 1 mesec.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1068 Posted: 10-Apr-2011 at 20:16
Незнам што толку се фативте за цената. Не ги дава државата парите. Ги троши ТАВ. Така да јас може и да се сомневам дека вкупната сума е 200м евра. Они можат и се на се 20м да инвестираат. Ако аеродромите изгледаат добро, ако задоволуваат тендерски услови, тогаш бујрум.

А за квалитетот и за тоа колку е направено сеуште не би коментирал. Искрено во Охрид не ни очекував на почеток нешто многу. Така да се додека не го направат Скопје ќе се воздржам од оценување на инвестицијата. Како што рече гитар. Ако се зголеми бројот на патници, самите ТАВ би размислувале за поголема надградба, бидејќи би било и од нивни интерес. За Штип пак отом потом. Сепак очекувам да си стојат на зборот.

А за парите и воедно колку е остварено од ветеното постои ревизија. Ех има колку таму 20-30 години концесија. Така да мислам дека се ќе биде во ред. Ако во случај нешто не е во ред (барем до тогаш би требало да имаме квалитетна и независна ревизија, ако сега ја немаме, не навлегувам тука) тогаш ако има казнени одредби во договорот, најверојатно ТАВ би требало да си ги сноси последиците, ако не е испочитуван до крај договорот.

Некој ќе рече сега. Ех па не се нивни аеродромите државни се. Епа, не баш, сега се под нивна концесија. Дали можеше подобар инвеститор да се одбере можеби можеше. Во секој случај тоа што го имавме претходно беше заникаде, па сега барем Скопје да го направат како што треба мислам дека ќе биде успешна инвестиција. Но секако не максимално искористена. Тука ќе зависи и како државата ќе одигра, а секако и ТАВ.

Секако ова не треба да биде потполно оправдание за што и да биде. Ако не си стојат до договорено секако дека никој не би ги подржал и оправдал и ќе биде на нивна страна. Но има време, ќе видиме.

Мислата ми беше. Ако ги извршат своите обрски по договореното релативно целосно. Тогаш ако сакаат и со 20м евра нека инвестираат. Ако се е во ред со аеродромите, мене воопшто не ми пречи или ми прави проблем колку пари потрошиле, тоа реално е и нивна работа, бизнис проценка, рационализација на средства (а сепак со оптимален квалитет, ако ништо друго), но добро не навлегувам тука.

Како што реков. Не се фаќајте за тоа дали било 20 или 50 или 100 или 200 милиони Евра. Гледајте пошироко. Односно реалната потреба за нешто и како е тоа квалитативно и квантитативно направено. Зборам за вкупно целата концесија, не смао за охридскиот.

А да. И имам температура
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Bobi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bobi Quote  Post ReplyReply #1069 Posted: 10-Apr-2011 at 20:43
ApplauseApplauseApplause
Значи како што веќе напишав!!!!
ТРАЧ ТРАЧ ТРАЧ
Сите во државата знаат колку е градење на квадратен метар во зградите ,па повторно цените се небо испод облаке(се извинувам за српскава фраза).
Нацрти, шеми, цени и детални планови немаат ни во аеродромското претприатие(освен тие кои се директно инволвирани во тоа)нити полиција,нити царина,нити контрола на летање,нити АРМ иако сите овие институции функционираат на аеродромот.
ДА ТОА Е ДЕЛОВНА ТАЈНА!!!!
Цените и изјавите се релативна работа од проста причина што можете да купите компјутер за дома од 150 евра до 5000 евра,а од надвор да изгледаат исти.
Транспарентност нема во оваа држава,така да немојте да очекувате да некој биде транспарентен во било која гранка кога се во прашање пари.И ТОЧКА.
Како што предходно некој погоре напиша добрата работа е што нешто се случува,се носат пари од надвор,се најавуваат нови дестинации, поефтини карти, подобри услови за секој патник.безразлика дали се инвестирани 100м 200м 300м или милијарда.

Поздрав

П.С.Форумот го пратам од муабетите дека договорите се лажни идека немало никој да дојде да инвестира и дека ништо не се случува.Иако тие денови јас веќе ги гледав багерите на терен како копаат дупки.Затоа што лопатарите се појавија после 15-20 дена од почетокот на работата.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #1070 Posted: 10-Apr-2011 at 21:20
Браво за изјавите за предвремено завршување на СКП на 8 Септември. Со оглед на тоа дека карго терминалот, зградата, пожарната и пистата се пред крај сега ќе треба уште комплетирањето на терминалната зграда заедно со мостовите што мислам дека е реално да се очекува отворање на празникот.
Браво уште една за ТАВ и само напред Applause
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5256
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1071 Posted: 10-Apr-2011 at 21:34
Нов слоган што не сме го забележале досега - Live, Smile & Fly





______________

P.S. Еве ги цените за користење на business lounge и VIP lounge:



9€ за greeter. Нема ко нас!

Edited by гитардемон - 10-Apr-2011 at 21:37
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1072 Posted: 10-Apr-2011 at 21:44
Kade e clenot sto pravi sliki od kontrolnata kula na sk aerodrom??Mi nedostignaat vakvi panoramski fotki od aerodromot, se nadevam deka clenot kje bide pak aktiven i kje postira nekoja slika
Back to Top
MKballer View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Nov-2007
Location: Detroit
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote MKballer Quote  Post ReplyReply #1073 Posted: 10-Apr-2011 at 21:57
Originally posted by FoSsiL

Незнам што толку се фативте за цената. Не ги дава државата парите. Ги троши ТАВ.


+1.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #1074 Posted: 10-Apr-2011 at 22:59
Ај вака, пошто иаме оскудни слики од Охрискиот, дали може некој, ако поседува колку толку материјал, да направи споредба, меѓу состојбата од пред почетокот на реновирањето и сеа, мислам дека така најбоље би било во контекст на аргументирано дебатирање?
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #1075 Posted: 11-Apr-2011 at 00:39
Се согласувам и ја дека од Охридскиот аеродром не се очекува многу. Најбитно за сите нас е да се изгради скопскиот(а рака на срце луѓето работат турбо) и што е уште побитно да се зголеми бројот на летови односно дестинации како кај нискотарифните така и кај редовните. Веќе имаме придвижувања во овој правец и тоа ме прави задовелен од првичната соработка со Тав. Џабе и 200 милиони инвестиција ако ни зјае аеродроот празен во тоа сме сите согласни. Утре идам на аеродромот па ќе гледам пак да ве освежам со некоја фотка(специјално за my macedonia. )

Edited by toasumjas - 11-Apr-2011 at 00:40
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1169
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1076 Posted: 11-Apr-2011 at 02:12
Originally posted by N23

Ај вака, пошто иаме оскудни слики од Охрискиот, дали може некој, ако поседува колку толку материјал, да направи споредба, меѓу состојбата од пред почетокот на реновирањето и сеа, мислам дека така најбоље би било во контекст на аргументирано дебатирање?


Доволно е ние често шо поминуваме во близина ,гледаме дека само паркингот е проширен (значи надворешно),а внатрешно кажа како е MyMacedonia;во секој случај не се 10 милиони евра.

Друга работа,тие шо викаат дека Охридскиот Аеродром и не е толку битен...Колку иселеници имаме не само од Охрид,туку од Струга,Дебар,Кичево во Западна Европа и Северна Америка или од Преспа и Битола кон Скандинавските земји,кои логично подобро им било да поминат 20,40 до нецели 80 км.(Бт) ,место да патуваат по 3 сати до Скопје.До минатото лето имаше линија Охрид-Торонто еднаш неделно,со доста пополнети авиони ... па некако прекинаа и покрај патниците;други се тие политики,да не бегаме од темата.
Исто и за Штип,зошто да не го градат,ништо не губиме како земја ниту пак е на товар на Република Македонија.Само позитивно би била неговата изградба,мораме да мислиме напред и да имаме алтернативи за аеродромите,да не одат нашите патници во случај на мала магла во Скопје до Софија,Солун,Ниш зато шо ние немаме добра алтернатива.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #1077 Posted: 11-Apr-2011 at 08:32
А зашто упорно се форсира тој карго аеродром во Штип?

Тотален промашај според мене. Зашто да не се инвестира уште повеќе во Скопскиот, да се поврзе железнички (шините поминуваат на 300 метри од аеродромот), да се направи автопатско решение до Штип и ете ти подобро решение.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1078 Posted: 11-Apr-2011 at 08:41
Originally posted by Тркало

Друга работа,тие шо викаат дека Охридскиот Аеродром и не е толку битен...Колку иселеници имаме не само од Охрид,туку од Струга,Дебар,Кичево во Западна Европа и Северна Америка или од Преспа и Битола кон Скандинавските земји,кои логично подобро им било да поминат 20,40 до нецели 80 км.(Бт) ,место да патуваат по 3 сати до Скопје.


Не, не зборам дека Охрид не е важен. Само зборам за тоа колку авио-компаниите би воспоставиле редовни летови од Охрид до повеќе дестинации? И колкав ќе биде интересот?


Edited by FoSsiL - 11-Apr-2011 at 08:42
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Konstrukt View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 03-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 124
  Quote Konstrukt Quote  Post ReplyReply #1079 Posted: 11-Apr-2011 at 15:18
одлична вест за аеродромите, да се фатеше вака здраво работата на почеток кај ли ке бевме денес, настрана фактот што страм и резил беше главната порта кон македонија, аеродромите се од огромна економско-туристичка важност!

се надевам ке биден до 08.09, па наредна година поефтини летови за повеке дестинации

воопшто не ми се допага дизајнот - но барем ново е- концесионери се правеле повеке за поефтино отколку за своја душа
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #1080 Posted: 12-Apr-2011 at 11:52
Го слуикав вчера на брзина аеродромот и придружните објекти али немав време да ги закачам сликите, вечер после работа ќе гуи закачам. Тавовци работат турбо и аеродромот е сигурно готов до септември ако не и порано. За наши состојби во авијацијата аеродромот е поприлично голем и задоволувачки за мене.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5253545556 122>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.719 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.