build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 124>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 03-Sep-2008 at 20:53
Ова е најдобро што може




Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 03-Sep-2008 at 21:03
Еве го и сајтот на ТАВ. Да престанеме малце со негативизмот кога веќе победникот е тој сепак има изгледи аеродромот да излезе супер. Некои од аеродромите кои ги менаџира ТАВ се одлични.

http://www.tavairports.com/index_en.asp
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 03-Sep-2008 at 22:26
Еве малце поголема резолуција.




Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 04-Sep-2008 at 09:19
Originally posted by pbanks

Еве го и сајтот на ТАВ. Да престанеме малце со негативизмот кога веќе победникот е тој сепак има изгледи аеродромот да излезе супер. Некои од аеродромите кои ги менаџира ТАВ се одлични.

http://www.tavairports.com/index_en.asp
 
 
Види, лично не изреагирав затоа што ТАВ ја доби концесијата туку поради другите работи (да не се повторувам). ТАВ е озбилна и компетента фирма и ако се иде како што треба можеме да се надеваме на солиден аеродром за 2 години Cheers.
 
 
Иначе ТАВ ја доби концесијата за новиот аеродром во Грузија, изграден 2007
 
 
 
 
 
 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 04-Sep-2008 at 09:27
Originally posted by vardar

Види, лично не изреагирав затоа што ТАВ ја доби концесијата туку поради другите работи (да не се повторувам). ТАВ е озбилна и компетента фирма и ако се иде како што треба можеме да се надеваме на солиден аеродром за 2 години Cheers.


Абе јас 100% се сложив со тебе. И јас ги дадов сличните забелешки со тоа што ти далеку подобро и подетално го елаборираше сето тоа. Само сакам да кажам ако веќе одлучија дека е дефинитивно ТАВ, нашето мислење околу тоа зошто само ТАВ даде понуда ги кажавме, да се фокусираме сега на идниот аеродром.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 04-Sep-2008 at 12:42
Се надевам и нашиот ке личи на тој грузискиот ептен ми се допага eheheh :L)
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 08-Sep-2008 at 09:44
Грузискиот аеродром е супер, ама тоа не значи дека ако ТАВ ќе гради и тука ќе испадне таков!

Прво, треба да видиме колку пари ќе одвои владата за Аеродромот па потоа да зборуваме.

Што би рекле? колку пари, толку музика.

П.С. таа скицата не ми се допаѓа!
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 08-Sep-2008 at 11:33
Па нема да одвои владата пари за Аеродромот , они гледаат да се отарасат од него затоа го дале под концесија , а како услов за Тав е да изгради нов терминал читај ги рендерите 100 милјони треба само за нов терминал и карго центар.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 09-Sep-2008 at 22:40

НА 20 СЕПТЕМВРИ


Турски ТАВ ќе стави параф на концесискиот договор


На 20 септември ќе биде потпишан договорот за концесија помеѓу македонската Влада и турската компанија ТАВ, која беше избрана како најповолен понудувач на тендерот за давање под концесии на македонските аеродроми. Дали новите газди на аеродромите ќе го сменат раководниот тим на аеродромите, од Министерството за транспорт не се информирани, но неофицијално дознаваме дека турските газди планираат во следниве седум години да ја реформираат аеродромската компанија.

Аеродромите ќе бидат дадени под концесија на 20 години. Во овој период тие треба комплетно да се модернизираат со што на скопскиот аеродром се планира во рок од 20 месеци да се изгради нова терминална зграда, да се продолжи полетно-слетната патека, да се инсталира систем за земска навигација, да се изгради и комунална инфраструктура, но и да се догради административната зграда.
На Охридскиот ареродром за една година треба да се реновираат објектите на карго центарот, да се изгради ВИП објект и да има реконструкција на постоечката административна зграда. Новиот карго аеродром во Штип, турската компанија треба да го изгради во рок од три години. Тој ќе биде алтернативен и ќе биде наменет за потребите на цивилната авијација.

http://vecer.com.mk/?ItemID=1385D7007733684E8E10170040B4A8FA
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 13-Sep-2008 at 09:54
Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од Дневник

* Турската компанија ТАВ, како единствен кандидат на тендерот, беше избрана за концесионер на скопскиот и на охридскиот аеродром со обврска да изгради нов аеродром во Овчеполието. Останатите три заинтересирани кандидати не доставија понуди на тендерот. Според нив, роковите за подготовка на документацијата биле прекратки, а како отежнувачка околност било и барањето за изградба на аеродромот во Штип. Дали е точно дека ТАВ бара во договорот за концесија да се измени делот за условите за изградба на овој нов аеродром или тој воопшто да не се гради?

- Проектот за модернизација на аеродромите во секој негов сегмент се спроведува транспарентно и со однапред определени рокови. Тендерската постапка за модернизација на македонските аеродроми преку издавање долгорочна концесија почна со објавување меѓународен јавен повик за изразување интерес за учество во оваа постапка.

Најповолниот понудувач на тендерот, турската фирма ТАВ, го прифаќа првобитниот договор, испланиран со тендерската документација и ние очекуваме до истекот на законскиот рок, најдоцна пред крајот на месецов истиот да го потпишеме. Владата очекува со спроведувањето на овој проект аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. апостол Павле“ во Охрид да добијат подобрување според светски стандарди на аеродромската инфраструктура и зголемување на капацитетите и авиосообраќајот. Интенцијата, пак, за изградба на новиот карго-аеродром во Штип е да функционира и како алтернативен аеродром за потребите на цивилната авијација, со можност во иднина да прерасне во главен аеродром.На ТАВ во концесискиот договорот ќе му се постават строги услови за целосно завршување на преземените обврски. Покрај одземањето на концесијата, во договорот ќе има клаузула според која ако не го изгради штипскиот аеродром во предвидениот рок од три години, тогаш ќе плаќа парична казна од 5.000 евра за секој ден задоцнување. Владата ќе може да ангажира друг изведувач што ќе ја заврши изградба на аеродромот, а трошоците ќе биде должен да ги плати ТАВ.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EDFC10E50231564A92308E46B17E9ACF
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 19-Sep-2008 at 13:44
Дали турциве се премислија (читај освестија) или пак само тактизираат за штипскиот незнам, али како да ќе треба да почне овој долг процес одново Bash
 
 
 
 
Доколку навистина се случи ова......
 

Министерството најавува нов тендер ако до четврток не се потпише договорот со турската компанија

 
 
.....дали повторно ќе го стават штипскиот во пакет со скопје и охрид или барем ќе научат нешто од резултатот со првиот тендер???
 
 
 
 
 
 

Неизвесно дали ТАВ ќе ја потпише концесијата за македонските аеродроми

Министерството најавува нов тендер ако до четврток не се потпише договорот со турската компанија

Сања Наумовска

Ако до идниот четврток не се потпише договорот со турската компанија ТАВ, која е единствениот понудувач на тендерот за избор на концесионер на скопскиот и на охридскиот аеродром, со обврска да изгради нов аеродром во Штип, Министерството за транспорт и врски веќе следните неколку дена ќе распише нов јавен повик, најавуваат во Министерството. ТАВ доби рок од 14 дена да основа фирма за посебна намена во Македонија, со која ќе се потпише договорот за концесионирање, но до денеска ниту Министерството, ниту пак турската компанија не објавија датум кога ќе се случи тоа.

Со оглед на тоа дека крајниот рок е за помалку од една недела, во јавноста се се' погласни шпекулациите дека до потпишување нема ни да дојде, поради барањата на Турците да се модифицираат делови од договорот кои се однесуваат особено на роковите за изградба на новиот карго-аеродром во Штип. Од Министерството, пак, велат дека работат јавно и транспарентно и дека сите барања биле јавно презентирани во повикот.

Неодамна, министерот Миле Јанакиески најави дека за ТАВ ќе важат сите обврски што се предвидени во договорот, за чие исполнување ќе има и строги услови. Според Јанакиески, предвидено е одземање на концесијата, а во договорот ќе има клаузула според која ако не се изгради штипскиот аеродром во предвидениот рок од три години, тогаш ТАВ ќе мора да плаќа казна од 5.000 евра за секој ден задоцнување. Исто така, на товар на Турците, Владата ќе може да ангажира друг изведувач.

Поради строгите услови поставени во јавниот повик, наспроти, според европските стандарди, неатрактивноста на нашите аеродроми заради малиот број патници, ТАВ е единствениот заинтересиран концесионер. Другите три квалификувани фирми, „Виена интернационал ерпорт” од Австрија, „Хохтиф“ од Германија и ЕГИСод Франција и Велика Британија не доставија понуди, со образложение дека рокот бил прекраток.

Според проектот на Владата, концесионерот кој следните 20 години ќе управува со „Александар Велики“ во Скопје и „Св. апостол Павле“ во Охрид, на скопскиот аеродром треба да изгради нова терминална зграда, да ја продолжи полетно-слетната патека што ќе овозможи полетување и слетување на сите типови авиони, да изгради паркинг за автомобили, пристапен пат заедно со изградба на нова клучка, да изврши инсталирање на системите за земска навигација, да ја догради административната зграда и да инвестира во нов карго-терминал, противпожарна станица и паркинг за авиони. На аеродромот „Св.апостол Павле“ во Охрид ќе се реконструираат административна зграда и постојниот паркинг и ќе се градат ВИП-објект и пречистителна станица. Концесионерот ќе треба да изгради карго-аеродром во Штип, кој ќе функционира како алтернативен аеродром за потребите на цивилната авијација.

 


Edited by vardar - 19-Sep-2008 at 13:45
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 19-Sep-2008 at 13:55
А каков мислат дека ќе биде резултатот од некаков нов тендер??? Навистина е „тешко“ да се предвиди... Roll%20eyes

Од друга страна пак не ми е јасно како може тоа откога ќе се избере понудувач на тендер, отпосле да се менуваат условите, и тоа не ситници туку крупни работи.

Значи како што рече вардар, останува да се надеваме дека е само тактизирање и дека тендерот не е под знак прашање.


Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 21-Sep-2008 at 22:32
МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ Е УВЕРЕН


Договорот со ТАВ ќе го потпишеме до четврток


Нема да има промена во суштинските услови на договорот што се однесуваат на тоа што треба да се гради и во кои временски рокови, но можеме да разговараме за некои технички работи, рече Јанакиески на вчерашниот Форум на ВМРО-ДПМНЕ кој се однесува на политиките на Владата во областа на транспортот и врските


Договорот со турската компанија ТАВ, која го доби тендерот за концесионер на македонските аеродроми, треба да биде потпишан до 25 овој месец кога истекува законскиот рок за ставање параф на овој документ. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески очекува денеска или во текот на утрешниот ден да биде информиран од турската ТАВ дека формирале компанија во Македонија за оваа намена и кој ќе биде потписникот на договорот. Претходно, Јанакиески најави дека договорот со ТАВ ќе биде потпишан на 20 септември што доведе до одредени шпекулации во јавноста дека Турците, наводно, бараат да се модифицираат делови од договорот што се однесуваат особено на роковите за изградба на новиот карго-аеродром во Штип.

- Нема да има промена во суштинските услови на договорот што се однесуваат на тоа што треба да се гради и во кои временски рокови, но можеме да разговараме за некои технички работи. Тие го прифатија договорот како таков и нема простор за други дискусии - рече Јанакиески на вчерашниот Форум на ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесуваше на политиките на Владата во областа на транспортот и врските.

Тој ги демантираше шпекулациите дека израелската Индастриал Билдинг Корпорејшн, која влезе во изградба на Сончев Град, се повлекла поради проблеми со земјиштето.
- Проблеми имаше, но од пред три недели се надминати. Земјиштето за изградба на Сончев Град е впишано на нивно име во Катастар што беше услов за почнување на постапката за издавање на градежните дозволи. Израелците имаат рок од шест месеци да почнат со градење бидејќи, во спротивно, договорот ќе им биде автоматски раскинат - нагласи Јанакиески.

Претставувајќи го сработеното во своите области, на Форумот излагања имаа и Љупчо Димовски, Сашо Срцев, Наташа Валкановска, Љупчо Георгиевски, Сотир Костов, Косана Мазнова и Горан Петров.



Edited by pbanks - 21-Sep-2008 at 22:33
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 24-Sep-2008 at 11:51
Потпишан е договор со ТАВ!!! CheersМИА бара логин па неможам да ја прехостирам веста!

Потпишување договор за превземање на македонските аеродроми

Министерството за транспорт и врски денеска во Владата на Македонија ќе го потпише договорот за давање на концесија на аеродромскиот систем во Македонија на компанијата “ТАВ“ од Турција.

Турската компанија “ТАВ“ е новиот концесионер на аеродромскиот систем во земјава согласно со предлогот на Комисијата за давање под концесија и одлуката на Владата за избор на најповолен понудувач.

Аеродромите “Александар Велики“ во Скопје и “Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе и бидат дадени на оваа компанија под концесија на 20 години. Владата очекува со спроведувањето на овој проект аеродромите да добијат подобрување, според светски стандарди на аеродромската инфраструктура, и зголемување на капацитетите и авиосообраќајот. Исто така “ТАВ“ ќе го гради и новиот карго-аеродром во Штип. Во периодот додека се под концесија се очекува инвеститорот “ТАВ“ на скопскиот аеродром да изгради нова терминална зграда, паркинг за автомобили, да се продолжи полетно-слетната патека што ќе овозможи полетување и слетување на сите типови авиони, да се изгради пристапен пат, заедно со изградба на нова клучка, да се изврши инсталирање на системите за земска навигација, како и да се изгради нов карго терминал, нова противпожарна станица и нов паркинг за воздухоплови. Турската компанијата ќе им обврска на аеродромот во Охрид да го реконструира постоечкиот паркинг, да ги реновира објектите во карго центарот како и да ја реконструира постоечката административна зграда, да изгради ВИП објект, воедно и да набави нова потребна опрема за аеродромот за да функционира согласно со меѓународните стандарди.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=40608&kategorija=2




Edited by lslcrew - 24-Sep-2008 at 12:30
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 24-Sep-2008 at 18:53

урски „ТАВ“ ги зеде аеродромите под свое

goran-petreski.jpg Горан Петрески
 
24.09.2008 19:22
 

 

Ставен е потпис за старт на проектот што на аеродромите во Скопје и Охрид треба да им донесе европски изглед. Двете авиопристаништа во земјава, кои повеќе наликуваат на несредена автобуска станица во неразвиениот свет и го даваат првиот впечаток за Македонија, за две години треба да станат модерни регионални аеродроми кои ќе го поврзуваат Балканот со останатиот дел на светот.

Бизнисот го презема турската компанија ТАВ која има богато искуство во оваа дејност. Оперира со три аеродроми во Турција, три во Тунис, два во Грузија.

На многумина македонски граѓани можеби им е познат аеродромот во Истанбул. Ако скопскиот барем малку наликува на него по реконструкцијата, „Александар Велики“ ќе си го заслужи името.

„Ние веруваме во иднината на Македонија и и ветуваме на Владата и на народот на Македонија дека ќе изградиме врвен аеродром во Скопје со кој сите ќе се гордеат“, рече Мустафа Сани Шенер, претседател на УО на ТАВ.

Освен реконструкција на охридскиот и скопскиот, турските инвеститори се обврзани да изградат и карго аеродром во Штип. Инвестицијата се проценува на околу 200 милиони евра.

За возврат Турците ги преземаат аеродромите под концесија на 20 години.




 

„Сите вработени до еден ќе бидат преземени од новото претпријатие што е формирано и што е потписник на концесијата“, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Роковите за реализација на проектот во Македонија се куси. За помалку од две години, „Александар Велики“ во Скопје треба да добие нов терминал, нова писта и нова административна зграда.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98021

Eve prviot izgled na novite aerodromi

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 24-Sep-2008 at 19:35


Го видов клипчето на вести. Терминалот ми прави мерак Big%20smile

Cheers


Edited by Cloverstack - 24-Sep-2008 at 19:36
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 24-Sep-2008 at 19:42
Да ти кажам право и мене ептен ми прави кејф, се надевам нема да го сменат ова што го гледам HEHEH
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 24-Sep-2008 at 19:43

Е ова е веќе мнооооогу подобро!
Генерално ми се допаѓа, па ај ги чекаме резултатите
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 25-Sep-2008 at 11:15
Cheers Yes 
 
Фала богу и ова конечно бидна. Новиот аеродром дефинитивно не ме разочара (како што до негде очекував со оглед на сите заебанции), напротив ми се допаѓа иако од сликите што ги имаме сега за сега и тоа краткото клипче на а1 не може баш убаво да се види и оцени, ај ќе почекам малце пред да го стаам овој смајли (  Drool   )  Big%20smile .
 
 
 
Него ај последен пат да го спомнам штипскиот, дека нема никаква логика (барем финансиска ) да се гради овој аеродром ни покажува фактот дека ТАВ ќе го изградат и одма ќе и го поклонат на државата Nuts значи не само што не гледаат шанса да си ја вратат инвестицијата, дури не го сметаат ни за рентабилен па одма се ослободуваат од него, значи нејќат ништо да имаат со штипскиот. Е сега дали ќе добиевме "подобар" скопски да не постоеше условот за аеродром во штип никогаш нема да дознаеме. Ај доста негативност се надевам дека на крај скопскиот во живо ќе биде и поубав од рендериве. Cheers 
 
 

Турски „ТАВ“ ги презеде македонските аеродроми

Турската компанија нема да го стопанисува карго-аеродромот во Штип, туку само ќе го изгради, а потоа Владата ќе процени дали таа ќе оперира со него или ќе бара друг концесионер


Министерот Миле Јанакиески и директорот на „ТАВ“, Мустафа Сани Шенер (десно), најавија инвестиција од 200 милиони евра за модернизација и изградба на аеродромите

Турската компанија „ТАВ“ вчера потпиша договор со Владата со што ги доби под концесија аеродромите во Скопје и во Охрид, „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“ во наредните 20 години и се обврза да изгради нов карго-аеродром во Штип.

Потписниците на договорот, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и главниот извршен директор на „ТАВ“, Мустафа Сани Шенер, најавија инвестиција од 200 милиони евра во модернизација и изградба на аеродромите и подобрување на аеродромските услуги.

- Македонија заслужува ваква инвестиција, која ќе овозможи подобрување на услугите за македонските граѓани и за сите што ќе доаѓаат во државава. Владата нема да биде флексибилна ако концесионерот не ги исполнува навреме условите од договорот. Нема да има простор за одложување, затоа што постојат точно определени рокови - истакна Јанакиески.Модернизацијата на аеродромите треба да почне најдоцна за три месеци, при што за реконструкција на скопскиот аеродром се предвидени 20 месеци, за аеродромот во Охрид 12 месеци и 3 години за изградба на карго-аеродромот во Штип. Турската компанија, според договорот, нема да го стопанисува карго-аеродромот, туку само ќе го изгради. Владата потоа ќе процени дали таа ќе оперира со него или ќе бара друг концесионер.

Министерот за транспорт објасни дека сите вработени од државното аеродромско претпријатие ќе бидат преземени од новоформираното претпријатие „ТАВ Македонија“, кое, покрај компанијата „ТАВ“, како негов стопроцентен сопственик, е потписник на договорот за концесија.

Според Јанакиески, државата во наредните 20 години може да очекува прилив меѓу 30 и 40 милиони евра во буџетот од издавањето под концесија на аеродромите. Надоместокот што ќе го плаќаат турските инвеститори секоја година ќе зависи од бројот на патниците на аеродромите. Сегашната бројка од 500.000 патници годишно, според министерот за транспорт, треба да се зголеми на два до три милиони.Главниот извршен директор на „ТАВ“ вети дека ќе изгради модерни и современи аеродроми, за што во наредните три години ќе инвестира 200 милиони евра, како и дополнителни инвестиции ако биде потребно за успешно оперирање со аеродромите.

- Аеродромите се порти при влез во секоја земја. Патниците што доаѓаат во една земја го добиваат првиот впечаток кога пристигнуваат, а последниот кога си заминуваат. Веруваме во иднината на земјата - рече Сани Шенер.Турски „ТАВ“ беше единствена компанија на јавниот оглас што го распиша Владата за издавање на аеродромите под концесија. „ТАВ“ на скопскиот аеродром треба да изгради нова терминална зграда, да ја продолжи полетно-слетната патека, да изгради паркинг за автомобили, пристапен пат со нова клучка, да инсталира системи за земска навигација, да воспостави комунална инфраструктура, да ја догради административната зграда и да изгради нов карго-терминал, противпожарна станица и нов паркинг за воздухоплови. На охридскиот аеродром за една година е предвидено реконструирање на постјниот паркинг, реновирање на објектите во карго-ентарот, изградба на ВИП-објект, реконструкција на административната зграда и набавка на нова опрема. Карго-аеродромот во близина на Штип треба да биде готов за три години. Намерата на Владата е во иднина да функционира како алтернативен за цивилната авијација.

„ТАВ“ оперира со три аеродроми во Турција, вклучувајќи го и најголемиот истанбулски аеродром „Ататурк“. Во Тунис, исто така, оперира со три аеродроми и со уште два во Грузија. Во тек е изградба и на аеродроми во Катар и во Каиро.

Марјан Блажевски

 
 
 
Ова чисто ради сликичката Big%20smile
 

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ СО КОНЦЕСИОНЕРОТ НА АВИОПРИСТАНИШТАТА


ТАВ Македонија ќе ги стокми аеродромите


Државата во наредните 20 години од наплата на надоместокот за концесија ќе собере до 40 милиони евра


ТАВ Македонија е компанијата која ќе ги модернизира и концесионира аеродромите во Скопје и во Охрид и ќе го гради карго-аеродромот кај Штип. Договорот вчера го потпишаа министерот за транспорт Миле Јанакиески и директорот на турски ТАВ, Мустафа Сани Шенер. Тој вети дека од скопскиот аеродром ќе направи модерно авиопристаниште со кое сите ќе се гордеат.
- Ова е одличен проект за чија реализација македонската влада нема да вложи ниту денар. Аеродромите се сликата за една земја и преку нив патниците го добиваат првиот впечаток кога влегуваат или излегуваат од неа - рече Сани Шенер, по потпишувањето на договорот.
Министерот Јанакиески нагласи дека ова е прва концесија од ваков тип што се дава во земјава.
- Македонија заслужува ваква инвестиција која ќе овозможи подобрување на услугите за граѓаните и за сите што ќе доаѓаат во државата - истакна Јанакиески.

Според него, покрај модерни аеродроми, државата во наредните 20 години очекува од наплата на надоместокот за концесија прилив во буџетот од 30 до 40 милиони евра.
- Износот на надоместокот што ќе го плаќаат турските инвеститори секоја година зависи од бројот на патниците на аеродромите. Од сегашната бројка од 500.000 патници на годишно ниво, проценките се дека за 20 години ќе има пораст од два до три милиони луѓе што ќе поминат низ аеродромите - објасни Јанакиески.

Во првите три години, турски ТАВ ќе инвестира над 200 милиони евра. Најголем дел од средствата ќе бидат вложени во изградба на карго-аеродромот во Штип, но со него турската компанија нема да стопанисува.
- Во документацијата имаше опција со штипскиот аеродром да стопанисува Владата или идниот концесионер. Три години по изградбата на штипскиот аеродром ќе бараме друг концесионер, или пак државата ќе стопанисува со овој аеродром, кој на почетокот ќе биде во функција на слободната економска зона во Штип - појасни Јанакиески.

Акционерското друштво за аеродромски услуги продолжува да функционира, а сите вработени ќе бидат преземени од новото претпријатие ТАВ Македонија.
- За незавршена работа во предвиден рок компанијата ќе плаќа дневни пенали од 5.000 евра и ако во тој рок не ја заврши работата, ќе се раскине договорот - увери Јанакиески.

(С.Бл)
ФОТО: Д. Андоновски



Edited by vardar - 25-Sep-2008 at 11:16
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 25-Sep-2008 at 11:34
Пак протече покривот на Аеродромот во Тбилиси

Во обилните дождови на крајот на минатата недела во Грузија, повторно настрадал покривот на Меѓународниот аеродром во Тбилиси кој го градеше турски ТАВ.
Интернет изданието на "Џорџија тудеј" од 22 септември пренесува:
"Немилосрдните врнежи го оштетија покривот на Меѓународниот аеродром во Тбилиси и ја поплавија железницата во близина на Аеродромот". Теа Табиџи, претставник на државната компанија за аероконтрола "Тав-Грузија", изјави дека штом ќе се подобрат временските услови, во рок од две недели компанијата ќе изврши поправки на покривот на аеродромот, што ќе чини околу 1,2 милиони евра.
"Дождот го оштети покривот и секторот за пристигнувања. Подот беше поплавен. Компанијата планираше да ја заврши изградбата на Аеродромот во август, меѓутоа странските работници не сакаа да дојдат во земјата поради војната, а и временските услови не беа погодни за изведување на градежни работи", изјави Табиџи.
Аеродромот во Грузија е еден од аеродромите кои ги изградил турскиот конзорциум ТАВ. Досега четири пати имал проблеми со покривот. Отворен е на 7 февруари лани. Турската компанија "Тепе- Акфен-Вие" (ТАВ), во соработка со градежната фирма "Урбан", го изградила аеродромот во кој се вложени околу 62 милиона долари. Концесијата
е на 15 години. Конструиран е да опслужи 1.500 патници на саат.
Инцидентите со Аеродромот наскоро по отворањето ги поттикнале
прашањата дали Аеродромот е навистина добивка за
Грузија или, како што проценила опозицијата, скапа грешка. (А.С.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157467&idg=8&idb=2483&rubrika=Makedonija

Crazy

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 124>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.338 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.